Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

РУСИЈА

h_57503169

Русија тргнува кон нова ера во нуклеарната енергија со пловечки централи

Рускиот претседател Владимир Путин најави револуционерен развој во областа на мирнодопската нуклеарна енергија и најави дека Русија наскоро ќе започне со масовно производство на пловечки нуклеарни електрани. На Глобалниот атомски форум во Москва, Путин рече дека, според проекциите, ресурсите на ураниум ќе се исцрпат до 2090 година, но потенцираше дека тоа може да се случи и порано.Тој истакна дека до 2030 година во Томската област ќе биде воспоставен првиот светски нуклеарен енергетски систем со затворен циклус на гориво, што ќе овозможи делумно решавање на проблемот со недостиг на ураниум и акумулација на радиоактивен отпад.Ова е навистина револуционерен развој на руските научници и инженери. Речиси 95 отсто од истрошеното гориво повторно ќе се искористи во реакторите. Овој механизам ќе овозможи речиси целосно решавање на проблемот со акумулирањето радиоактивен отпад и ќе ја обезбеди достапноста на ураниумот“, рече Путин.Тој додаде дека Русија наскоро ќе започне со масовно производство на пловечки нуклеарни електрани.Благодарение на безбедноста и отпорноста на надворешни влијанија, нуклеарните централи изградени според руските проекти се најбарани во светот. Само Русија денес располага со експертиза во целиот синџир на нуклеарни енергетски технологии, нагласи Путин.Путин рече дека тестирање на напредни материјали за системите со затворен циклус е планирано во Меѓународниот истражувачки центар што ќе биде основан во Уљановската област и повика научници од различни земји да соработуваат во развојот на технологии кои ќе отворат нова ера во нуклеарната енергија.Рускиот претседател истакна дека Русија веќе гради центри за податоци во нуклеарните електрани и предвиде дека нивната потрошувачка на електрична енергија ќе се зголеми повеќекратно во наредната деценија.Москва е домаќин на меѓународниот форум „Светска атомска недела“ од 25 до 28 септември, наменет за нуклеарната и сродните индустрии и одбележување на 80-годишнината на руската нуклеарна индустрија. На отворањето присуствуваа претставници од 118 земји.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-kiev-13

Русија без план за водоснабдување на окупираните територии во Донецк

Центарот за национален отпор (ЦНО) информира дека Кремљ нема стратегија за решавање на критичниот недостиг од вода на привремено окупираните територии во Донецката област. Единствениот „план“ бил да се почекаат есенските и зимските врнежи, пренесува агенцијата УНН.Според експертите, во Старокримскиот резервоар останале само 15% од залихите вода – околу 7 милиони тони наместо потребните 45 милиони. Дополнително, девет резервоари се целосно пресушени, а истото се случува и со бунарите и бушотините.„Кремљ уште еднаш докажува дека жителите на привремено окупираните територии се осудени на голо преживување, додека Москва се занимава само со извоз на ресурси и со пропаганда“, велат од ЦНО.Градското собрание на Мариупол во август објави дека водата во градот се испорачува само еднаш на два дена, и тоа најмногу по четири часа. Во услови на ваква хуманитарна криза, цената на увозната флаширана вода нагло скокнала – од 50 на 80 рубли (0,51 до 0,81 евро) за пет литри за само неколку дена.

Свет | пред 5 месеци

media-library11d3idkik4k82AMk2iL

Украинска база срамнета со земја: Русија користела балистички проектили

Руските сили изведоа комбиниран напад врз просториите на една од единиците за обука на Украинските Копнени сили, при што биле употребени и два балистички проектили од типот „Искандер“.Денес, на 24 септември, непријателот изврши комбиниран удар врз просториите на една од нашите единици за обука. Меѓу искористеното оружје беа и два балистички проектили „Искандер“, се наведува во официјалното соопштение.На местото на настанот се распоредени сите надлежни итни служби, а повредените добиваат неопходна медицинска помош. Од Украинските Копнени сили соопштија дека континуирано се вложуваат напори за опремување на центрите за обука и другите воени објекти со сигурни засолништа, со цел заштита на животите и здравјето на персоналот. Дополнително, се преземаат и мерки за поголема безбедност на војниците за време на ракетни и воздушни напади.

Свет | пред 5 месеци

media-library5j54hmpcua9ubZyCUod

(Видео) Ова е моментот на страшниот напад врз Запорожје, врз градот се струполија нови и најопасни руски дронови

Русија во вторникот изведе неколку последователни напади со беспилотни летала врз украинскиот град Запорожје, во кои беа повредени најмалку 12 лица, а едно лице загина, соопштија локалните власти на Телеграм.Во нападот биле користени дронови од типот Shahed, а според снимките од социјалните мрежи, се работи за Geran-3 — руската верзија на Shahed-238 со турбомлазен погон, најопасниот дрон кој може да достигне брзина од речиси 375 km/h и потешко се пресретнува.Украина уште минатиот месец соопшти дека Русија користи млазни дронови од типот Geran-2 (руска верзија на Shahed-136), чиешто движење е со брзина од околу 185 km/h и имаат дострел од околу 1000 километри.Според информациите на Државната служба за итни случаи (ДСИС), руските сили пет пати го гаѓале Запорожје во рок од 20 минути, а при еден од нападите била погодена локална фирма. Според претходно објавените извештаи, во гранатирањето загинал свештеник.Киев тврди дека веќе располага со пресретнувачки дронови кои можат да уништат Shahed со млазен погон. Павло Палица, заменик шеф на претседателскиот кабинет, изјави за локалниот медиум Novine Live дека Украина ги модифицира своите дронови паралелно со Русите.– Имаме одговори и заштита од нивните млазни мотори во нашите FPV-дронови. Тие можат да придонесат за оптимален систем на противвоздушна одбрана кој покрива различни височини и далечини – рече Палица.Спротивставувањето на Geran-3 би можело да претставува нов голем предизвик за Украина, која веќе се соочува со тешкотии во борбата против Geran-2, бидејќи Русија истовремено лансира стотици борбени дронови и мамки со цел да ја пробие противвоздушната одбрана.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп во ОН: „Срамота е што НАТО работи со Русија, Европа оди кон пропаст“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа обраќање на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, зборувајќи речиси четири пати подолго од предвиденото. Неговиот говор беше препознатлив по лични пораки, остри критики кон европските држави, напад врз климатската наука и обвинувања на сметка на самата организација.Трамп го отвори говорот со шега за технички проблем со телепромптерот, по што тврдеше дека под негово водство САД влегле во „златна ера“, со пониски трошоци за енергија, храна и кредити, победена инфлација и рекордни нивоа на берзата. Тој ја обвини претходната администрација на Џо Бајден за „четири години слабост, беззаконие и радикализам“.Голем дел од говорот беше посветен на Русија и Украина. Трамп ги обвини европските држави, дури и членки на НАТО, дека продолжуваат да увезуваат руска нафта и гас, додека истовремено ја поддржуваат Украина.„Финансирате војна против самите себе. Тоа е срамота“, рече тој, најавувајќи нова рунда американски царини против Москва доколку не се постигне мировен договор, но нагласувајќи дека тие мерки ќе бидат ефективни само ако и Европа ги прифати.Трамп ги нападна европските држави и поради миграциските политики, велејќи дека„Европа е преплавена од илегални имигранти какви никогаш досега не се виделе“ и дека „земјите одат кон пропаст“.Посебно се обиде да ја дискредитира климатската наука и обновливите извори на енергија, нарекувајќи ги „зелена измама“.„Ако продолжите со оваа превара, вашите држави ќе пропаднат. Климатските промени, тоа е најголемата измама направена врз светот“, изјави Трамп, наведувајќи ја Европа како пример за последици од „погрешни зелени политики“.Обраќањето заврши со предупредување дека САД ќе останат лидер во борбата против развојот на биолошко оружје, но и со нова порака кон ОН дека „празните декларации не го менуваат светот“.Трамп зборуваше речиси еден час, иако правилата на Генералното собрание предвидуваат ограничување на говорите до 15 минути. Неговиот настап го следеа бројни светски лидери, меѓу кои италијанската премиерка Џорџа Мелони, украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Меланија Трамп.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Полска и Шведска најавија употреба на сила против руски летала

Полска ќе соборува сè што ќе го наруши нејзиниот воздушен простор, порача полскиот премиер Доналд Туск, додека шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон изјави дека и Шведска ќе употреби сила доколку биде потребно. Овие остри предупредувања доаѓаат поради сè почестите повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија.Минатиот петок, три руски борбени авиони „Миг-31“ влегоа во естонскиот воздушен простор и таму останаа најмалку дванаесет минути. Неколку дена претходно, Полска и Романија исто така мораа да реагираат на руски дронови кои се приближуваа кон нивната територија.„Ќе ги собориме сите летала што ќе го нарушат нашиот териториј и ќе прелетаат над Полска. За тоа нема апсолутно никаква дилема“, изјави Туск, но предупреди дека ваквите чекори секогаш носат ризик од ескалација на конфликтот.Тој додаде дека е клучно сите членки на НАТО да постапуваат идентично за да се избегне недоразбирање или раздор меѓу сојузниците.На ситуацијата реагираше и британската министерка за надворешни работи Јвет Купер, која истакна дека Обединетото Кралство и НАТО се подготвени за директна воена конфронтација доколку руските авиони или дронови навлезат во воздушниот простор на алијансата.Сличен став има и Шведска.„Ниту една држава нема право да го нарушува шведскиот воздушен простор. Шведска има право да го брани, со сила ако е потребно, и тоа и ќе го направи“, изјави министерот за одбрана Пал Јонсон, кој потврди дека вооружените сили имаат јасни упатства за вакви ситуации.Со ова се согласи и поранешната премиерка и лидерка на социјалдемократите Магдалена Андерсон, која порача дека НАТО мора да биде подготвен да го брани секој сантиметар од територијата на своите членки.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryfl25dnu73rpkfp86SRy

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва – небото над градот затворено, летови откажани

Москва вечерва беше цел на масовен напад со дронови, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин. Според првичните информации, руските противвоздушни сили успеале да соборат вкупно 11 беспилотни летала – прво девет, а потоа уште две. Жителите на московската област пријавиле силни експлозии на приодите кон градот, но засега нема информации за повредени лица или за значителна материјална штета, јавуваат руските медиуми.Нападот предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. На московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково повеќе од 35 летови беа одложени или откажани.„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беше одложен, а еден откажан на Шереметјево. Во Домодедово имаше девет одложени и два откажани лета, додека на Внуково беа одложени четири лета“, пренесуваат медиумите. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат патнички авиони како летаат на исклучително мала висина над станбени згради во Москва.Руските власти најавија дека по нападот ќе следи истрага од страна на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Истражниот комитет. Според најавите, ќе биде покрената кривична постапка за тероризам. Во моментов, оперативни служби го пребаруваат теренот, ги собираат остатоците од соборените дронови и проверуваат дали има дополнителни оштетувања.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

САД: Ќе ја браниме секоја педа од НАТО-територијата

САД потврдија дека ќе го заштитат територијалниот интегритет на НАТО по серијата случаи кога Русија го наруши воздушниот простор на европски членки на Алијансата.„САД стојат рамо до рамо со своите сојузници во НАТО во справувањето со овие нарушувања на воздушниот простор. Сакам да ја искористам оваа прва прилика да повторам и нагласам дека САД и нашите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“, изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц, на денешната вонредна седница на Советот за безбедност во Њујорк.Тој оцени дека Русија мора веднаш да престане со „опасното однесување“ и наместо тоа да бара начини за деескалација. „Очекуваме Русија да избере пат на преговори, а не ризици кои можат да доведат до проширување на конфликтот“, додаде Волц.Амбасадорот потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп вложил „огромно време и напор“ за ставање крај на „ужасната војна меѓу Русија и Украина“, и дека Москва треба директно да преговара со Киев за запирање на војната.Во петокот, Естонија објави дека три руски борбени авиони 12 минути го нарушувале нејзиниот воздушен простор, што Москва го негира. Само една недела претходно, десетици руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на нападите врз Украина, а дел од нив беа соборени од полската армија и сојузничките сили на НАТО. Останки од дроновите беа пронајдени во источниот и централниот дел на Полска.Сличен инцидент регистрира и Романија, откако руски дрон навлезе во нејзиниот воздушен простор. Полска, Естонија и Романија се членки на НАТО.

Свет | пред 5 месеци

media-library11d3idkik4k82AMk2iL

Украина тврди: уништени илјадници руски дронови во еден удар

Украинските вооружени сили тврдат дека во два одделни напада во август и септември уништиле огромни руски резерви на беспилотни летала и муниција на окупираните територии. Како што соопшти Генералштабот на Украина на 22 септември, целта била да се нарушат офанзивните планови на руските сили кои се обидуваат да напредуваат на источниот фронт, пренесе Kyiv Independent.Според украинската оперативна група „Дњипро“, на 29 август бил изведен напад врз центар за дистрибуција на дронови, при што биле уништени „огромни залихи“ беспилотни летала. Од таа локација, Русија планирала да распореди повеќе од 19.000 дронови – меѓу кои модели Молнија, Бумеранг, Вандал Новгородски и Горинич – заедно со припадната опрема за своите сили во окупираниот дел од Доњецката област.Во одвоена акција, украинската армија и Службата за безбедност (СБУ) погодиле складиште за муниција во претежно окупираната Луганска област. Нападот уследил по пристигнувањето на руски камиони кои носеле илјадници мини, гранати, тенковски проектили и друго вооружување наменето за 17. тенковски полк од 70. мотострелачка дивизија.„Руските возила беа уништени заедно со муницијата“, соопшти Генералштабот, без да наведе какво оружје било користено во нападите.Украинските сили во текот на војната редовно напаѓаат руски воени цели и стратешки објекти со далекуметно вооружување, со цел да го нарушат снабдувањето и офанзивните операции на Москва.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Руски МиГ-ови во естонскиот простор: НАТО активира консултации, Трамп предупредува на „голем проблем“

Три руски борбени авиони МиГ-31 во петокот навлегле во естонскиот воздушен простор над Финскиот залив, каде што останале 12 минути без дозвола, соопштија естонските власти.Москва ги демантираше наводите, но Талин го оцени инцидентот како сериозно нарушување на суверенитетот и првпат во последниве 34 години побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Естонија, истовремено, активираше консултации со НАТО според Член 4 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува вонредни разговори кога држава-членка смета дека и е загрозена безбедноста.Министерот за одбрана на Естонија, Хано Певкур, изјави дека реакцијата на НАТО покажала ефикасност и спремност дури и за крајни мерки.„Видовме дека НАТО функционира многу ефикасно... до точка на подготвеност за употреба на сила, доколку сме принудени“, рече тој.Певкур додаде дека руските провокации имаат цел да го одвлечат вниманието на Западот од поддршката за Украина.Портпаролот на НАТО потврди дека земјите-членки ќе одржат состанок оваа недела. Освен во Естонија, слични инциденти се пријавени и во Полска и Романија. Полските сили неодамна дури соборија руски дронови кои навлегоа во нивниот воздушен простор, што беше прв директен пресрет на НАТО над територија на алијансата.Истовремено, во Полска два руски авиони се доближиле до платформа за дупчење во Балтичкото Море, а Романија крена ловци Ф-16 поради навлегување на дрон кој потоа се вратил да бомбардира цели во Украина.Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженост.„Не ми се допаѓа кога тоа се случува. Тоа може да биде голем проблем“, изјави тој.Чешкиот претседател Петр Павел предупреди дека на „руските провокации мора да се одговори цврсто, вклучително и со воена опција доколку биде потребно“.Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека Кремљ тестира колку НАТО е подготвен да продолжи со поддршката за Киев: „Русија ги испитува границите и одлучноста на алијансата.“Министерот Певкур нагласи дека настаните не можат да се гледаат изолирано.„Ова е дел од поширок план – од дроновите во Полска до руските авиони над нашите води. Се работи за систематски обид да нè исцрпат и поделат“, порача тој.Со тоа, НАТО се соочува со тешка одлука – како да одговори на руските акции што постојано се движат на тенката линија меѓу провокација и отворена ескалација.

Свет | пред 5 месеци

ekplozija-rusija

Русија: Украински напад врз Белгород, убиени две лица

Две лица загинаа, а четири се повредени во украински напади врз руската Белгородска област, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков преку „Телеграм“, пренесува Ројтерс.Според информациите, една жена загинала откако граната погодила семејна куќа во населбата Шебекино, а еден маж бил убиен при напад со дрон во Ракитњe.Белгородската област редовно е цел на напади од Украина откако Русија во февруари 2022 година започна целосна инвазија врз украинска територија.

Свет | пред 5 месеци

peskov-putin1

Песков: Путин и Трамп имаат интерес за мирно решение на украинското прашање

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, како и американскиот претседател Доналд Трамп, задржува интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение.„Русија очекува дека САД и претседателот Трамп лично ќе вложат напори за да помогнат во ова прашање. Потоа ќе видиме што ќе произлезе од тоа,“ рече Песков во интервју за телевизијата Русија 1, пренесува ТАСС.Тој додаде дека за време на официјалната посета на Трамп во Велика Британија оваа недела, Лондон детално го информирал за своите планови да продолжи со притисокот врз Русија и дополнително да ги заостри санкциите.„Тоа не е нешто што ќе придонесе за решение,“ оцени Песков, кој ја нарече Велика Британија еден од лидерите на „проратниот табор“.Според него, претседателот Трамп во Британија веројатно слушнал многу за плановите за продолжување на притисокот врз Русија, за зајакнување на, како што ги нарече, „незаконските санкции“ и за обиди да се спречи Русија на секој можен начин, пренесува РИА Новости.

Свет | пред 5 месеци

w_57602642

Дали НАТО е подготвен за модерната ера на војување?

Речиси две недели по ноќта кога сирените за воздушна опасност и бучавата на НАТО-авионите ја прекинаа тишината на истокот од Полска, клучното прашање во Европа не е само дали Москва намерно испрати повеќе од 20 дронови во воздушниот простор на НАТО, туку и што воениот одговор открива за долгорочната способност на Алијансата да се справи со ваквата закана.Според полските власти, остатоците од дроновите што паднале се евтини модели „Гербер“, изработени од шперплоча и стиропор, со цена околу 8.500 евра по парче. Истовремено, НАТО реагирал со авиони Ф-16 и Ф-35 вредни милиони, што значи дека акцијата чинела десетици илјади евра само за гориво и одржување.„Асиметријата на трошоците едноставно не функционира,“ предупредува Роберт Толаст од британскиот тинк-тенк RUSI.Иако НАТО покажа ефикасност против масовниот напад со ирански дронови врз Израел во април, експертите предупредуваат дека долгорочната цена на ваквата одбрана е неодржлива.„Повеќето западни армии пред Украина воопшто не ја разгледуваа асиметричната закана од дронови,“ вели Толаст.Дека технологијата постои сведочи британската компанија MARSS, која веќе произведува пресретнувачки дронови управувани со вештачка интелигенција. Но, директорот Јоханес Пинл тврди дека НАТО системите за набавка се „заглавени во осумдесеттите“.„Во Европа сè уште пишуваат спецификации за систем кој ние веќе со години го користиме во операции,“ нагласува тој.Војната во Украина создаде забрзани процедури за набавка, кои им овозможуваат на државите директно да купуваат опрема за Киев.„Ако опремата е за Украина – добивате веднаш. Ако е за вашата армија – ќе чекате процедура,“ објаснува Сијете Хаминга од Robin Radar Systems, чија технологија детектира ирански „Шахед“ дронови на 12 километри.Пример за ваква трансформација е португалскиот стартап Tekever. Од 2022 година, британската влада инвестираше речиси 300 милиони евра во нивните извидувачки дронови AR3 за Украина. Почетоков на годината, RAF најави дека ќе ги интегрира во својот нов електронски систем StormShroud – за само шест месеци од тестирањето до оперативна употреба.Текевер неодамна отвори нова фабрика со илјада работни места во Велика Британија, четврта по ред, најавувајќи масовно производство на дронови.„Ризикот мора да се дели меѓу индустријата и владата,“ вели Карл Бру од одделот за одбрана на компанијата.Со оглед на тоа што Украина стана вистинско тестно поле за нови технологии, јасно е дека НАТО мора да се приспособи многу побрзо отколку досега. Прашањето што останува е: ќе успее ли Алијансата да го направи тој чекор пред да биде предоцна?

Свет | пред 5 месеци

media-librarypg7pu9dtc8n29LA4U7I

НАТО потсетува на 2015: Дали Естонија може да стане нова Турција за Русија?

НАТО и Европа остро реагираа на вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на три руски авиони МиГ-31, кои според Талин останале вкупно 12 минути над територијата на земјата. Министерот за надворешни работи Маргус Цахкна го оцени инцидентот како „невидено дрзок“ и четврто вакво прекршување годинава. Русите биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 стационирани во базата во Естонија.Најострата реакција стигна од литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која порача дека овој случај е уште еден доказ за потребата од операцијата „Источна стража“ и додаде:„Североисточната граница на НАТО се тестира со причина, мора да го сфатиме тоа сериозно.“ Таа потсети и на 2015 година, кога Турција постави преседан со уривањето на руски авион.Инцидентот на кој се повика литванската министерка се случи на 24 ноември 2015 година, кога турски Ф-16 урна руски авион Су-24 на турско-сириската граница. Анкара тврдеше дека авионот навлегол во турскиот воздушен простор и бил предупреден 10 пати во рок од пет минути, пред да биде погоден со ракета воздух-воздух. Според Турција, рускиот Су-24 влегол два километри внатре во нејзиниот простор и таму останал 17 секунди. Москва, пак, инсистираше дека авионот летал исклучиво над сириска територија и не примил никакви предупредувања.Од двочлената посада, пилотот потполковник Олег Пешков беше убиен од сириски бунтовници додека се спушташе со падобран, додека навигаторот Константин Мурахтин беше спасен и вратен во руската база Хмејмим во Латакија. Во обидот за спасување загина и руски маринец, кога хеликоптер Ми-8 беше погоден од оган.Инцидентот предизвика голема дипломатска криза меѓу Москва и Анкара, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека американската војска била запознаена со локацијата и времето на летот. Вашингтон го демантираше тоа, нагласувајќи дека постојат докази оти авионот навистина накратко влегол во турскиот воздушен простор.Потсетувањето на тој случај денеска е предупредување дека НАТО би можел да реагира остро ако руските прекршувања продолжат, што дополнително ја зголемува тензијата на источниот фронт на Алијансата.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryssab59jq7gv13DjUjOn

(Видео) Експлозии и пожар по напади со дронови врз руски рафинерии

Украинските сили во текот на ноќта со дронови нападнаа рафинерии во Саратовската и Самарската област во Русија, пренесуваат руски „Телеграм“ канали повикувајќи се на изјави на жители. Нападите доаѓаат во момент кога Киев ја интензивира кампањата против руската нафтена и гасна инфраструктура.Во градот Саратов, дрон погодил нафтена рафинерија на периферијата, предизвикувајќи силна експлозија. На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од голем пожар кој бил видлив и од центарот на градот. Според украинската армија, оваа рафинерија учествува со 2,54% од вкупниот капацитет за преработка на нафта во Русија.Гувернерот на Саратовската област, Роман Бусаргин, не го спомна директно нападот врз рафинеријата, но изјави дека дрон погодил станбена зграда во градот, при што едно лице било повредено. Саратов се наоѓа околу 150 километри од границата со Казахстан и речиси 600 километри источно од линијата на фронтот во Украина.Во Самарската област, пак, украински дронови погодиле рафинерија во градот Новокујбишевск, кој се наоѓа повеќе од 900 километри од руско-украинската граница. Жители пријавиле голем пожар во близина на градот, но засега нема информации за точниот степен на штетата.Украинците тврдат дека погодиле и производствено-отпремна станица на Самарската линија (ЛПДС), каде што се меша сурова нафта со различен процент на сулфур за да се добие извозната „Уралс“ нафта.Руската авијациска управа во текот на ноќта соопшти дека привремено бил прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Самара поради нападите.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања