ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

РУСИЈА

putin-tramp

Белата куќа размислува да го покани Зеленски на средбата меѓу Трамп и Путин

Белата куќа разгледува можност украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде поканет на планираниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска, јави NBC News.Иако поканата сè уште не е официјално испратена, висок претставник на американската администрација изјавил дека ваков троен состанок е „апсолутно можен“ и дека во Вашингтон се надеваат дека ќе се реализира.Трамп претходно тврдеше дека САД се „блиску до договор“ за прекин на војната, со „размена на територии на корист за двете страни“. Зеленски, пак, предупреди дека Украина нема да прифати предавање на окупираните територии на Русија, потсетувајќи дека анексијата на Крим во 2014 година не ја спречи понатамошната руска агресија.Москва и натаму инсистира Крим и уште четири украински региони да станат дел од Руската Федерација.Во заедничка изјава објавена во неделата, лидерите на Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Полска, Финска и Европската комисија порачаа дека „за патот до мир во Украина не може да се одлучува без Украина“. Тие истакнаа дека дипломатското решение мора да ги заштити клучните безбедносни интереси на Украина и Европа, со силни и веродостојни гаранции за украинскиот суверенитет и територијален интегритет.„Тековната линија на контакт треба да биде почетна точка за преговори“, наведуваат европските лидери, додавајќи дека меѓународните граници не смеат да се менуваат со сила.Средбата меѓу Трамп и Путин е закажана за 15 август во Алјаска.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-10-at-10.07.22

(Видео) Осум експлозии во Русија – прекинати летови, загинато едно лице

Едно лице загина, а неколку станови и индустриски објекти беа оштетени во украински напад со дрон врз јужноруската Саратовска област, соопшти гувернерот Роман Бусаргин.На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа густ црн чад над она што изгледа како индустриска зона. Според украински медиуми, меѓу кои и РБК-Украина, во пожар е зафатена нафтена рафинерија во градот Саратов, административен центар на регионот.„Неколку жители добија лекарска помош, едно лице беше хоспитализирано, а за жал едно лице почина“, изјави Бусаргин, додавајќи дека дел од жителите биле евакуирани откако остатоци од соборен дрон оштетиле три стана.Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта уништиле 121 украински дрон, од кои осум над Саратовската област. Не е прецизирано за каков индустриски објект станува збор, но извори за Ројтерс потсетуваат дека рафинеријата на „Росњефт“ во Саратов претходно годинава била принудена да прекине со работа поради напади со дронови.Локалниот Телеграм канал SHOT објави дека биле чуени осум експлозии над Саратов и Енгелс – градови разделени од реката Волга.Руската воздухопловна управа „Росавијација“ соопшти дека летовите во и од Саратов биле прекинати околу два часот по полноќ поради загрозена безбедност на воздушниот сообраќај.И Москва и Киев тврдат дека не таргетираат цивили. Украина наведува дека нападите во Русија се насочени кон енергетска и воена инфраструктура, како одговор на руските напади од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

Свет | пред 5 месеци

volodimir-zelenski003-830x0-1

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ја отфрли можноста за какви било територијални отстапки кон Русија во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на земјата е неприкосновен, пренесува Pravda.Неговата изјава е реакција на најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.„Одговорот на украинското територијално прашање веќе стои во Уставот на Украина. Никој нема да отстапи од тоа – и никој нема ни да може. Украинците нема да ја подарaт својата земја на окупаторот“, порача Зеленски.Тој додаде дека Киев е подготвен за вистински решенија што можат да донесат мир, но само под јасни услови.„Сите партнери мора да разберат што значи достоинствен мир. Овој војна мора да заврши – и Русија мора да ја заврши. Таа ја започна и ја развлекува, игнорирајќи ги сите рокови, и тоа е проблемот, а не нешто друго“, рече украинскиот лидер.Зеленски предупреди дека сите договори постигнати без учество на Украина се „мртви одлуки“ што нема да донесат вистински мир. Тој изрази подготвеност за соработка со Трамп и другите меѓународни партнери за постигнување мировен договор „што нема да пропадне поради желбите на Москва“.Изјавата доаѓа по коментарот на Трамп од петок, кога во Белата куќа изјави дека мировниот договор за руско-украинската војна би требало да вклучува „некои разменувања на територии“. Средбата меѓу Трамп и Путин е закажана за 15 август на Алјаска, а двете страни го потврдија датумот и локацијата.

Свет | пред 5 месеци

putin

Русија и Индија потврдија стратешко партнерство и покрај американските трговски притисоци

Русија и Индија во Москва одржаа безбедносни разговори на кои ја потврдија посветеноста на своето стратешко партнерство, само ден по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни царини на индискиот извоз поради купувањето руска нафта.Индискиот советник за национална безбедност Аџит Довал се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу, при што двете страни ја истакнаа важноста на билатералните односи и заедничката борба против современите безбедносни закани.„Посветени сме на натамошна активна соработка за создавање поправеден и поодржлив светски поредок, како и зачувување на меѓународното право“, изјави Шојгу. Довал оцени дека односите меѓу двете земји претставуваат „многу добро воспоставено стратешко партнерство“.Состанокот се одржа во контекст на зголемени трговски тензии со Вашингтон. Трамп најави зголемување на царините за уште 25 проценти на индиската стока, што од 28 август ќе ја зголеми вкупната тарифа на 50 проценти. Кремљ ги обвини САД за „нелегален трговски притисок“ врз Индија и порача дека Њу Делхи има право да тргува со кого сака.Очекувањата се дека Довал за време на посетата ќе разговара и за енергетски и одбранбени теми, вклучувајќи ја набавката на руска сурова нафта и испораката на ракетните системи С-400. Индија во 2018 година потпиша договор вреден 5,5 милијарди долари за пет системи со долг дострел, но испораките повеќепати беа одложувани. Последните единици треба да пристигнат во 2026 и 2027 година.Иако во последниве години се повеќе соработува со западни добавувачи, Индија и понатаму одржува значајна воено-техничка соработка со Русија. Истовремено, приватните индиски рафинерии – меѓу кои „Reliance Industries“ и „Nayara“ – остануваат главни купувачи на руска нафта, и покрај тоа што државниот увоз е намален поради послабите попусти и американските предупредувања.

Свет | пред 5 месеци

ursula

Трамп планира средба со Путин и Зеленски, ЕУ: „Нас никој не нè повикал“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги информирал дел од европските лидери за планот да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и за можен трилатерален состанок со него и украинскиот лидер Володимир Зеленски.Од Европската комисија потврдија дека претседателката Урсула фон дер Лајен не била во директен контакт со Трамп и не учествувала во координација со западните лидери. Неколку лидери на земји-членки ја информирале за иницијативата, но официјална покана од Вашингтон нема.„Го поддржуваме праведниот и траен мир за Украина. Што се однесува до самитот, допрва треба да се види дали ќе се одржи – прерано е за детали“, изјави портпаролката на ЕК Ариана Подеста, одбивајќи да потврди дали ЕУ ќе биде поканета.Брисел повтори дека не постои решение за Украина без согласност на Киев, и дека за улогата на ЕУ во поствоената реконструкција мора да има консултации.„Никој не сака мир повеќе од Украина и Европската унија. Русија во моментов не е заинтересирана за мир. Поддржуваме секој чекор кон примирје, но во меѓувреме ѝ помагаме на Украина да биде силна – и на бојното поле и на преговарачката маса“, порачаа од ЕК.Иако ЕУ не е вклучена во актуелните американски дипломатски напори, европските држави ќе го понесат најголемиот товар по завршувањето на војната – и финансиски, и со евентуално присуство на теренот. Трамп веќе порача дека САД нема да имаат активна улога, освен во инвестиции за експлоатација на стратешки минерали, а трошоците ќе паднат на ЕУ. Киев, пак, се надева на брзо отворање на првите поглавја во пристапните преговори за членство.

Свет | пред 5 месеци

tramp-putin

Трамп и Путин подготвуваат директна средба – можно и присуство на Зеленски

Вашингтон и Москва постигнаа прелиминарен договор за средба на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во следните денови, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на изјава од советникот на Кремљ за надворешна политика, Јури Ушаков.„На предлог на американската страна, постигнат е прелиминарен договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво. Работиме со нашите американски колеги за да ги утврдиме деталите и местото на средбата“, изјави Ушаков.Потврда дојде и од Белата куќа, каде портпаролката Керолајн Ливит информираше дека Трамп е отворен за средба не само со Путин, туку и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се разгледува можноста веднаш по билатералниот состанок со Путин да се одржи и трилатерална средба со учество на Зеленски.Информациите следуваат по вчерашната посета на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, на Москва. По неговото враќање, Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за директен контакт меѓу Путин и Зеленски, но не прецизираше временска рамка.Средбата би можела да се одржи непосредно пред истекот на ултиматумот што Трамп јавно му го постави на Кремљ – Русија да стави крај на војната во Украина до 8 август. Во спротивно, Трамп се закани со нов бран санкции, вклучително и кон државите што продолжуваат да купуваат руска нафта, како што се Кина и Индија.Ова би била прва директна средба меѓу претседателите на САД и Русија по онаа во Женева во 2021 година, кога тогашниот американски лидер Џо Бајден разговараше со Владимир Путин на неутрален терен.Средбата Трамп–Путин се очекува да предизвика големо внимание во меѓународната јавност, особено во услови на влошени односи меѓу Русија и Западот и неизвесна перспектива за крај на војната во Украина.

Свет | пред 5 месеци

rusija-raketa

„Орешник“ – руската хиперсонична ракета што ја менува рамнотежата на моќта?

Ниту Украина ниту нејзините западни сојузници во моментов немаат ефикасна одбрана против новата руска хиперсонична ракета „Орешник“, тврди поранешниот безбедносен аналитичар на Пентагон, Мајкл Малов. Според него, ова оружје би можело драматично да го наруши стратешкиот баланс, особено во тековниот конфликт во Украина.„Поседувањето ракета за која во моментов не постои противмерка е извонреден технолошки пробив. Украинците немаат одбрана против тоа“, изјави Малов за „Russia Today“. Тој посочи дека ракетата се движи со брзина над 11.000 км/час и може да погоди цел за само неколку минути.Хиперсоничниот проектил, кој според Москва веќе бил успешно употребен при напад на украинскиот воено-индустриски комплекс „Јужмаш“ во ноември 2024 година, може да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави. Рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека при тој напад „Орешник“ достигнал брзина поголема од 10 маха, што го прави недостижен за постојните противракетни системи.Путин потврди и дека масовното производство на „Орешник“ е веќе започнато, а воената опрема е веќе дел од арсеналот на руската армија. Најави и можен трансфер на технологијата во Белорусија до крајот на 2025 година.Иако САД работат на надградба на својот систем THAAD за справување со вакви закани, Малов предупредува дека тие програми сè уште се во фаза на развој и не нудат реална заштита во моментов.Хиперсоничниот „Орешник“ веќе се наметнува како нова пресвртница во воената технологија, со потенцијал да ја редефинира геополитичката рамнотежа – особено ако други земји почнат да се вооружуваат со истото.

пред 5 месеци

Нема фотографија

Дим и експлозии близу најголемата нуклеарната централа во Европа – расте ризикот за безбедноста

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) предупредува на сериозен ризик по нуклеарната безбедност откако нејзин тим утрово забележал дим и слушнал експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје – најголемата ваква централа во Европа.Според соопштението на генералниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси, нападот започнал околу 9 часот со употреба на дронови и артилериско гранатирање, при што мета била помошна инфраструктура на околу 1.200 метри од главниот енергетски блок. Во текот на целото претпладне, димот од погодената зона бил јасно видлив.„Секој напад во близина на нуклеарна електрана – без разлика на целта – претставува потенцијална закана по нуклеарната безбедност и мора итно да се избегне“, изјави Гроси, додавајќи: „Повторно повикувам на максимална воена воздржаност околу нуклеарните објекти, за да се спречи ризикот од катастрофална нуклеарна несреќа.“Нападот се случува во услови на продолжена воена ескалација во регионот, а Запорожје останува под контрола на руските сили од 2022 година, што редовно предизвикува загриженост кај меѓународната јавност поради блискоста на воените дејствија до нуклеарната постројка.

Свет | пред 5 месеци

rusija-pozar

Украински дронови предизвикаа пожари и повреди во Русија – нападнати Вороњеш и Сочи

Во најновите прекуноќни напади со дронови, Украина погодила неколку цели на руска територија, при што е повредена најмалку една жена, а предизвикани се пожари во домови и инфраструктурни објекти во Вороњеш и Сочи, јавуваат руските власти.Гувернерот на Вороњешката област, Александар Гусев, соопшти дека руските сили за противвоздушна одбрана уништиле околу 15 украински беспилотни летала над регионот, но кршотини предизвикале запалување на неколку куќи и комунални објекти. Тој додаде дека „опасноста од нови напади сè уште постои“.Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека вкупно 41 дрон бил соборен во саботата до полноќ над неколку региони гранични со Украина, како и над Црното Море. Во градот Сочи, нападот резултирал со голем пожар во нафтено складиште со капацитет од 2.000 кубни метри, потврди гувернерот на Краснодарскиот крај, Венјамин Кондратјев. Повеќе од 120 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот. Според руската авијациска служба „Росавијација“, аеродромот во Сочи привремено ги суспендирал летовите поради безбедносни причини.Овие напади доаѓаат по неколку слични украински операции на руска територија, особено насочени кон објекти кои Киев ги смета за клучни за руските воени напори – како складишта, рафинерии и логистички центри. Украинската страна, засега, не ги коментираше нападите.Иако двете страни негираат дека намерно ги таргетираат цивилите, Москва и Киев постојано разменуваат обвинувања во војната што Русија ја започна во февруари 2022 година со инвазија на Украина.

Свет | пред 5 месеци

vulkan

Прва ерупција по 600 години: Вулканот Крашениников на Камчатка се разбуди по силниот земјотрес

По речиси шест века мирување, вулканот Крашениников на рускиот полуостров Камчатка доживеа ноќна ерупција, прва во историјата што е документирана. Рускиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека ерупцијата може да биде поврзана со силниот земјотрес што минатата недела го погоди рускиот Далечен исток и предизвика предупредувања за цунами сè до Француска Полинезија и Чиле.„Ова е прва историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников во последните 600 години“, изјави Оља Гирина, раководителка на мониторинг тимот за вулканска активност. Таа додаде дека последната ерупција се проценува дека се случила околу 1463 година, со можни отстапувања од 40 години.По ерупцијата, регистриран е облак од вулкански пепел што достигнал височина од 6.000 метри, пренесе руското Министерство за вонредни ситуации. Вулканот, висок 1.856 метри, моментално не претставува закана за населени места – пепелниот облак се движи кон исток, во насока на Тихиот Океан.Инцидентот доби „портокалов“ авијациски код, што укажува на зголемен ризик за воздушниот сообраќај во регионот.Паралелно со Крашениников, еруптираше и најактивниот вулкан на полуостровот – Клучевски, што дополнително ги засили сеизмолошките стравувања на Камчатка. Научниците продолжуваат да ја следат ситуацијата и потенцијалните последици од новата фаза на вулканска активност.

Свет | пред 5 месеци

ukraina

Нови обвинувања: Русија со намерни напади врз цивили во Харкив – цел се и амбулантни и хуманитарни возила

Руските сили спроведуваат тактика на намерни напади врз цивилни цели во Харкивската област, предупреди регионалниот гувернер Олег Синехубов, пренесува локалниот медиум Gwara Media.„Непријателот директно цели врз цивили, амбулантни возила, евакуациски средства и возила на итните служби. Тоа се приоритетни мети“, изјави Синехубов.Само вчера, Русија изврши ракетен напад врз складиште во селото Васјишчеве, на периферијата на Харкив. Во нападот загина едно лице, а седум беа ранети, меѓу кои и припадници на противпожарната служба. Целосно се уништени објекти со цивилна стока.Ист ден, руските сили нападнаа и два реона во Харкив – Шевченковски и Слободски – при што беа повредени три лица. Нападите предизвикаа пожари на возила и згради, а итните служби интервенираа цела ноќ.Во Купјанск, град со висока логистичка важност за областа, руските напади усмртија едно лице, а две други беа повредени. Градот е речиси целосно уништен – само 5% од објектите се останати недопрени.Во вторникот, руските сили ја нападнаа Новоплатонивка (општина Борова), при што загинаа седум лица, а двајца беа повредени. Неколку од жртвите починале во болница. Нападот се случил додека луѓето чекале хуманитарна помош.Харкивската област, која се наоѓа на североистокот на Украина, на самата граница со Русија, е постојано изложена на напади од север, исток и југоисток.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-31-at-11.21.59

(Видео) Кличко: Најголем број повредени деца за една ноќ во Киев – последици од најсилниот напад досега

Најмалку девет деца се повредени во ноќешниот руски напад врз Киев – број кој, според градоначалникот Виталиј Кличко, претставува најголем број повредени деца во еден ден од почетокот на руската инвазија.„Има жртви меѓу населението во Соломјанскиот округ. Една од станбените згради е значително оштетена од непријателскиот напад“, соопшти Кличко, објавувајќи и видео од местото на трагедијата.Според последните информации, најмалку седум лица загинале, а повредени се 82, откако Русија синоќа изврши комбиниран напад врз Украина, користејќи над 300 дронови и осум ракети, потврдија украинските власти.Градоначалникот на Киев и началникот на воената управа Тимур Ткаченко потврдија дека Киев претрпел најголеми штети, особено во западниот дел од градот, каде дел од урнатините се уште се расчистуваат.Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека нападот е „одговор на Русија на нашата желба за мир, споделена со Америка и Европа“.Ова е еден од најжестоките напади врз главниот град на Украина во последните месеци, со силни последици по цивилното население, вклучително и деца, што предизвика нови осуди и реакции од меѓународната заедница.

Свет | пред 5 месеци

Dmitry-Medvedev-2016

Медведев го исмејува Трамп: „Нека се сети на мртвата рака – може да биде опасна“

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, одговори на обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп преку објава на социјалната мрежа Телеграм.Трамп претходно го нарече Медведев „пропаднат поранешен претседател“ и му порача „да внимава што зборува“ откако најави нови царини од 25% на индиски производи поради блиските економски и воени односи меѓу Индија и Русија.Медведев, пак, саркастично коментираше дека „Трамп ѝ забранил на својата платформа Truth Social да работи во Русија“, а потоа продолжи со оправдување на руската инвазија врз Украина и прикриено се закани со нуклеарен удар: „Ако зборовите на еден поранешен претседател предизвикуваат толкава нервоза кај, наводно, најмоќниот претседател во светот, тогаш тоа значи дека Русија е во право и ќе продолжи по својот пат“, напиша Медведев.Потоа, осврнувајќи се на Трамповите зборови за „мртвите економии“ на Русија и Индија, Медведев го искористи терминот „мртва рака“ – ознака за автоматизиран руски систем за нуклеарен одмазден удар:„Нека се сети на своите омилени филмови за зомби и колку опасна може да биде измислената ‘мртва рака’“, додаде тој, со емотикон што се смее.„Мртвата рака“ (или „Dead Hand“) е вистински советски систем развиен за да обезбеди автоматски нуклеарен одговор во случај руското воено раководство да биде елиминирано – симбол на крајната закана во услови на глобален конфликт.Претходно, Трамп најави воведување царини за Русија доколку Кремљ не го прекине воениот конфликт во Украина во рок од 10 дена. Медведев одговори и на тоа:„Трамп си игра со ултиматуми. Треба да запамети две работи: Русија не е ниту Израел, ниту Иран. Секој нов ултиматум е закана и чекор поблиску до војна – не со Украина, туку со сопствената држава“, порача Медведев на мрежата X.Конфликтот меѓу двете светски сили сѐ повеќе се префрла и на полето на остри јавни изјави, закани и меѓусебни обвинувања, што дополнително ја заострува меѓународната политичка клима.

Свет | пред 5 месеци

tvrdina-ukraina

Москва тврди: „Го освоивме Часив Јар – тврдината на украинската војска, елиминирани се илјадници војници“

Руското Министерство за одбрана објави дека руските сили го зазеле градот Часив Јар во Доњецката област, кој важи за едно од најсилно утврдените украински упоришта во источна Украина. Според соопштението, „офанзивата на единиците на Јужната група на сили резултирала со ослободување на градот“, пренесе новинската агенција ТАСС.Министерството дополнително тврди дека во текот на операцијата е уништена „најголемата група украински војници во историјата на специјалната воена операција“, посочувајќи дека станува збор за „буквално илјадници“.За овие тврдења засега нема независна потврда, а украинските власти сè уште официјално не се огласиле за состојбата во Часив Јар.Падот на Часив Јар, заедно со евентуалното губење на логистичкиот центар Покровск, може значајно да ја отежни украинската одбрана во регионот.Украинските сили со месеци се бранеа од утврдените позиции во градот, одолевајќи на руските напади. Часив Јар беше една од клучните точки за задржување на руското напредување во Донбас.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп му се закани на човекот на Путин: „Кажете му на пропаднатиот поранешен претседател на Русија да внимава што зборува!“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до Дмитриј Медведев, поранешен претседател и еден од блиските соработници на Владимир Путин, обвинувајќи го за „опасна реторика“ во контекст на влошените односи меѓу САД, Русија и Индија.„Кажете му на Медведев, пропаднатиот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека сè уште е претседател, да внимава што зборува. Влегува на многу опасна територија!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, откако Медведев му возврати со жестока порака за неговата надворешна политика.Изјавата на Трамп доаѓа во време кога САД најавија нови царини за Индија поради нејзините блиски односи со Русија, вклучително и набавка на руско оружје и енергенси. Напнатоста дополнително ескалираше со предупредувањата кон Москва за рокови поврзани со војната во Украина.Медведев му возврати преку платформата X (поранешен Twitter), оценувајќи дека ултиматумите на Трамп не се закана само за Русија, туку и за САД: „Не оди по патот на Поспаниот Џо“, му порача, алудирајќи на Џо Бајден.Реториката меѓу поранешните и актуелните светски лидери повторно ги вжештува тензиите во нестабилен геополитички момент.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања