Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Tежок пораз за Белата куќа: Трамп незаконски вовел глобални царини

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди дека претседателот Доналд Трамп го прекршил федералниот закон кога еднострано вовел широки царини на глобално ниво, оценувајќи дека ги надминал своите уставни овластувања.Одлуката претставува значаен удар за Белата куќа по прашање кое е клучно за надворешната и економската политика на претседателот. Според американските медиуми, станува збор за најсериозниот пораз што втората администрација на Трамп го претрпе пред највисоката судска инстанца.Мнозинското мислење, поддржано од шест од деветте судии, го напиша главниот судија Џон Робертс. Во образложението се наведува дека претседателот презел „вонредна моќ“ еднострано да воведува царини со неограничен износ, времетраење и обем, без јасно конгресно овластување.Судот заклучи дека повиканото вонредно овластување не е доволно за ваков обем на мерки и дека за нив е потребна експлицитна согласност од Конгресот.Одлуката доаѓа по серија претходни случаи во кои Врховниот суд застана на страната на претседателот, вклучително и во прашања поврзани со имиграцијата, раководењето со независни агенции и намалувањето на федералните трошоци.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryt20qb9lkkkob3MFYgta

Белорусија остана надвор од Одборот за мир – не добиле визи за патување во САД, и покрај официјалната покана

Белоруски официјални лица не добиле визи за патување во САД на основачкиот состанок на Одборот за мир, и покрај официјалната покана.Белоруски официјални лица соопштиле на 19 февруари дека не успеале да добијат визи за патување во Соединетите Американски Држави на основачкиот состанок на Одборот за мир, и покрај официјалната покана да присуствуваат.„Визи за нашата делегација на состанокот на Одборот за мир не беа издадени, и покрај тоа што сите документи беа поднесени навреме и процедурите беа почитувани“, напишало Министерството за надворешни работи на Белорусија на социјалните мрежи.Министерот за надворешни работи Максим Риженков требало да присуствува, иако поканата била формално упатена до белорускиот лидер Александар Лукашенко.„Ако дури и основните формалности не се почитуваат, за каков ‘мир’ зборуваме?“, соопштило Министерството.Одборот за мир, кој го основа поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, првично бил замислен како механизам одобрен од Обединетите нации, кој би го спроведувал планот за мир во Газа. Иницијативата подоцна била опишана како обид за проширување на мандатот на Советот.Се очекува Трамп да биде прв, а потенцијално и единствен, претседавач на Одборот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп ги продолжи санкциите против Русија за уште една година

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, ги продолжи американските санкции против Русија за уште една година поради војната во Украина.Официјалната порака на Трамп, објавена во Федералниот регистар, предвидува продолжувањето да стапи во сила на 6 март.Во документот е наведено дека вонредната состојба, прогласена со Извршна наредба 13660, се продолжува за дополнителна една година во согласност со член 202(д) од Законот за национални вонредни состојби (50 USC 1622(д)).Вонредната состојба поврзана со ситуацијата во Украина и натаму овозможува санкции воведени во март и декември 2014 година, како и во септември 2018 и февруари 2022 година со укази на претходните претседатели.Санкциите и вонредните уредби на САД важат една година, по што претседателот може да ги продолжи со посебна наредба.

Свет | пред 2 седмици

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп ја блокираше поддршката за договорот за Чагос, Британија не даде зелено светло за напад врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече поддршката за договорот на британскиот премиер Кир Стармер за предавање на архипелагот Чагос на Маврициус, откако Лондон не дал зелено светло за користење на британските воени бази во случај на американски напад врз Иран, објави „Тајмс“.Според весникот, Белата куќа разработува детални воени планови што би ја вклучиле базата на островот Диего Гарсија и воздухопловната база РАФ Ферфорд во Глостершир, каде што е стационирана американската флота тешки бомбардери за Европа. Долгогодишните договори меѓу Лондон и Вашингтон предвидуваат овие капацитети да се користат само со претходна согласност од британската влада.Обединетото Кралство сè уште не дало одобрение, поради правни дилеми и загриженост дека евентуална интервенција би можела да го прекрши меѓународното право. Според правните толкувања, држава што обезбедува поддршка за напад може да сноси одговорност доколку има сознанија за околностите на евентуален противправен чин.Уште во 2021 година, сегашниот министер за одбрана Џон Хили побара појаснување за правилата околу користењето на британските бази, при што беше нагласено дека секоја операција мора да биде во согласност со британското законодавство и со домашното толкување на меѓународното право. Во пресрет на војната во Ирак, тогашниот државен правобранител Лорд Голдсмит тврдеше дека употребата на сила е дозволена само во самоодбрана или при непосредна закана, став што подоцна беше ревидиран по резолуцијата на Обединетите нации.Трамп и Стармер разговарале за американскиот ултиматум поврзан со нуклеарната програма на Иран, по што американскиот претседател јавно го критикуваше договорот за Чагос. На својата социјална мрежа Трут Соушал, Трамп наведе дека САД можеби ќе мора да ги искористат Диего Гарсија и Ферфорд за да спречат потенцијален напад од „нестабилен и опасен режим“, кој, како што посочи, би можел да биде насочен и кон Обединетото Кралство.Британската влада претходно тврдеше дека договорот со Маврициус, проценет на околу 35 милијарди фунти, е неопходен од безбедносни причини и за да се избегне скапа правна битка околу суверенитетот врз архипелагот. Министерката за жртви Алекс Дејвис-Џонс изјави дека премиерот ќе го исполни ветувањето и повторно ќе го врати законот во парламентарна процедура, нагласувајќи дека националната безбедност останува врвен приоритет.Сепак, високи владини извори неофицијално признаваат дека договорот тешко може да продолжи без американска согласност, а актуелната ситуација ја опишуваат како „мрачна“, што дополнително ги комплицира односите меѓу Лондон и Вашингтон во чувствителен геополитички момент.

Свет | пред 2 седмици

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Америка воведува ограничувања за патување за 18 ирански официјални лица

Соединетите Американски Држави најавија воведување визни ограничувања за 18 ирански официјални лица и водечки личности од телекомуникациската индустрија, во рамките на најновите мерки насочени против Техеран, соопшти Државниот департмент. Овој потег доаѓа во време кога односите меѓу Вашингтон и Техеран дополнително се заоструваат, додека паралелно се одвиваат нуклеарни преговори и се засилува американското воено присуство на Блискиот Исток.Американските официјални лица предупредуваат дека евентуален неуспех на дипломатијата би можел да доведе до голема воена операција, која, според порталот Axios, повеќе би личела на отворена војна отколку на ограничени удари како што беа забележани во претходни кризи. Советниците на Доналд Трамп истакнуваат дека претседателот сака да постигне договор, но црвените линии околу иранскиот нуклеарен програм засега остануваат непроменети.Во меѓувреме, американската војска интензивно ги распоредува силите во регионот. На Блискиот Исток се распоредени два носачи на авиони, повеќе воени бродови, дополнителни системи за противвоздушна одбрана и стотици борбени авиони, вклучувајќи F-35, F-22 и F-16, додека голем број транспортни летови доставиле оружје и опрема. Преговорите во Женева меѓу американските и иранските претставници траеја часови, но не донесоа значителен напредок, а Белата куќа му постави рок на Техеран за доставување детално предложение.Доколку дипломатијата не успее, во Вашингтон предупредуваат дека воената опција брзо би можела да стане приоритет.

Свет | пред 2 седмици

media-library6qmvh4b2mk857CeoDBO

Јапонија вложува 36 милијарди долари во американски проекти за нафта, гас и минерали

Јапонија најави инвестиции од околу 36 милијарди долари во американски проекти за нафта, гас и клучни минерали, како прв бран договори со администрацијата на Доналд Трамп. Договорот го објавија Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи, со цел зајакнување на економската безбедност и намалување на зависноста од Кина. Најголемиот проект е гасна електрана во Портсмут, Охајо, која се најавува како најголема во историјата на САД, со капацитет од 9,2 гигавати годишно. Со неа ќе управува компанијата SB Energy, подружница на јапонската групација СофтБанк груп. Предвидени се и вложувања во терминал за извоз на сурова нафта во Тексас и во фабрика за синтетички индустриски дијаманти.Проектите се дел од поширок пакет од 550 милијарди долари што Јапонија се обврза да ги инвестира според трговскиот договор со САД, во замена за намалување на американските царини за јапонските производи, вклучително и автомобилите. Фабриката за индустриски дијаманти во Џорџија, вредна околу 600 милиони долари, треба да обезбеди американска самостојност во клучен материјал за напредно производство и полупроводници. Трамп изјави дека со тоа ќе се намали зависноста од странски извори, пред сè од Кина, која доминира во производството и преработката на ретки метали.Американскиот министер за трговија Хауард Латник истакна дека Јапонија обезбедува капитал, а САД добиваат стратешка инфраструктура и засилена енергетска позиција.Договорот доаѓа во период на тензии меѓу Токио и Пекинг околу Тајван. И покрај тоа, Јапонија објави раст на извозот од речиси 17 проценти во јануари, делумно благодарение на зголемената трговија со Кина, додека Трамп порача дека „огромниот трговски договор со Јапонија стапи во сила“.

Свет | пред 2 седмици

makedonija-sad

Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави: „Во рамките на мандатот на оваа Влада, во овие 20 месеци, не цели, постигнавме Договор за стратешко пријателство со Велика Британија. Повторно од опозицијата настапуваа со лажни тези, дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју, ги демантираше. Нема поголем демант од тоа. Но, Договор за стратешко пријателство не е само договор, туку и порака. А таа порака, ние можеме и ефектите на таа порака да ги видиме и во нашата економија, па дури ако сакате и во условите со кои се издаде Еврообврзницата, затоа што тоа е силна порака. Тоа е еден стратешки документ. Вториот документ е документот со којшто ние имаме, за први во регионот, а тоа е заедничка усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија. Третата важна дипломатска работа којашто нас нѐ стави во друштвото на функционални демократии, зрели демократии каде што владее правото, каде што се почитуваат човековите права е стопирањето на пост мониторинг мисијата на Советот на Европа. И ние сме единствената земја во регионот. Сите коишто се дел од Западен Балкан 6 групата или се во мониторинг или се во пост мониторинг. И овој договор којшто потенцијално ќе го потпишеме со Соединетите Американски Држави, во рамките на параметрите коишто се содржани во заедничката изјава, ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија, помеѓу 62 и 64, отприлика царински броеви, да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5%.Инаку, вреди да се напомене дека во 2025 година, билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари. Мислам дека ближиме докај 600 милиони долари во којшто имаме благ суфицит како држава. Македонија има повеќе извоз, отколку увоз во Соединетите Американски Држави. И очекувам преку овој договор, билатералната соработка и трговија да се зголеми. Но повторни ќе кажам, самиот договор по себе  е единствен надвор од Европската Унија со тарифи исти какви што има Европската Унија и Обединетото Кралство. Но пораката е силна. Пораката е силна, односно порака на Високиот трговски претставник на Соединетите Американски Држави, кој што е на ниво на Секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија. Значи многу и за инвеститорите и за економската состојба во државата“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryak0cvuqdm6r841W3u71

Трамп ја менува бојата на Air Force One, за да ја додаде неговата омилена

Американското воено воздухопловство најави нова палета на бои за својата флота за воздушен транспорт, која ќе се применува и на авионите од следната генерација што ќе ја носат ознаката „Air Force One“. Новиот дизајн, покрај црвената, белата и темносината, ќе вклучува и златна боја.Со ова се прави отстапување од актуелната бела и двотонска сина шема што датира од времето на администрацијата на John F. Kennedy. Новиот изглед ја оживува претходната идеја на Donald Trump за понагласена црвено-бело-сина комбинација, која во 2022 година беше отфрлена поради проценки дека потемните бои можат да предизвикаат проблеми со прегревање на леталото.Редизајнот ќе се применува на моделот VC-25B, воена ознака за авионот „Боинг 747-8i“, кој ќе служи како нова генерација претседателски авион. Програмата предвидува пренамена на два авиона 747-8 во специјализирани летала со напредни комуникациски и одбранбени системи. Проектот доцни четири години, а испораката се очекува во 2028 година.Во меѓувреме, во 2025 година Трамп прифати луксузен патнички авион „Боинг 747“ како подарок од Катар, со барање тој да биде што побрзо пренаменет за претседателски потреби.Новата палета ќе се применува и на четири модифицирани авиони „Боинг 757-200“, кои се користат за превоз на потпретседателот, членови на кабинетот, конгресмени и други високи функционери. Засега не се објавени детали како ќе се надминат претходно утврдените топлински предизвици поврзани со потемните бои, поради кои администрацијата на Џо Бајден ја отфрли првичната верзија.Редизајнот доаѓа во контекст на пошироката естетска трансформација што Трамп ја спроведе по враќањето на функцијата, особено во Овалниот кабинет, каде доминираат позлатени елементи. Претседателот повеќепати јавно истакна дека златната боја, според него, симболизира квалитет и престиж, а новиот изглед на „Air Force One“ се вклопува во таа визија.

Свет | пред 2 седмици

media-librarytaoe498noibs5irqa7o

Американски авиони слетаа во Обединетото Кралство пред можен напад врз Иран

Два клучни американски авиони за рано предупредување и командување, што се користат за управување со бојното поле, слетаа во Обединетото Кралство во услови на засилено распоредување на американски воени сили кои би можеле да бидат искористени за евентуални напади врз Иран, објави Би-би-си.Станува збор за авиони од типот Боеинг Е-3 Сентри, познати како АВАКС, кои утринава слетале во воздухопловната база РАФ Милденхол во Сафолк. Нивното пристигнување било забележано и фотографирано од воздухопловен ентузијаст, а според податоците од следење на летови, леталата полетале од Енкориџ на Алјаска.Натамошното движење на овие стратешки значајни авиони внимателно ќе се следи, бидејќи дел од аналитичарите нивното пристигнување го сметаат за еден од последните „делови од мозаикот“ потребни за можен американски удар врз Иран.Истражувачот Стефан Воткинс, кој со користење јавно достапни информации ги следи движењата на бродови и авиони, претходно за Би-би-си Verify изјави дека доколку настаните се одвиваат по истиот образец како операцијата „Миднајт Хамер“, кодното име за американските напади врз ирански нуклеарни постројки во јуни 2025 година, тоа би значело дека ударот е неизбежен.

Свет | пред 2 седмици

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Америка од Европа го добива она што долго го бараше, но Трамп можеби нема да биде задоволен

На хартија, Соединетите Американски Држави го добиваат она што долго го посакуваа – Европа што значително повеќе вложува во одбраната и што станува сè помалку зависна од Вашингтон кога станува збор за сопствената безбедност. Но, според пишувањето на Politico, американскиот претседател Доналд Трамп можеби нема целосно да биде задоволен од насоката во која се движат настаните.Еден по друг, европските лидери говореа на Минхенска безбедносна конференција за зголемување на воените буџети и за преобликување на трансатлантскиот сојуз во таканаречен „НАТО 3.0“. Но, паралелно со пораките за зајакнување на Алијансата, следуваа и повици за европски патриотизам и јакнење на сопствената воена, вселенска и технолошка индустрија, со цел континентот да стане помалку зависен од надворешни актери – вклучително и од САД.Германскиот канцелар Фридрих Мерц, обраќајќи им се директно на американските претставници во салата, порача дека членството во НАТО не е само конкурентска предност за Европа, туку и за САД. Тој повика на обновување на трансатлантската доверба и нагласи дека Европејците ќе го преземат својот дел од одговорноста. Истовремено предупреди дека меѓународниот поредок заснован на правила повеќе не функционира како порано и дека ни САД нема да можат самостојно да делуваат во новата ера на големите сили.Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека Европа мора да ги испорача сите компоненти на геополитичката моќ – одбрана, технологија и намалување на ризиците во односите со големите сили. Тој порача дека Европската Унија треба да има повеќе самодоверба и оцени дека е „голема грешка“ да не се верува во европскиот проект.Од американска страна, заменик-министерот за одбрана Елбриџ Колби изјави дека САД сакаат енергични, способни и посамостојни европски сојузници, додавајќи дека Америка предолго носела несразмерен дел од товарот. Тој особено ја пофали Германија за, како што рече, историскиот и значаен пресврт во одбранбените трошоци.Ваквиот тон претставува забележлива разлика во однос на минатата година, кога американскиот потпретседател Џеј Ди Венс предизвика тензии со остра критика на европските вредности. Во меѓувреме, изјавите на Трамп за можна анексија на Канада и повторените повици за преземање на Гренланд дополнително ги оптоварија односите.Европските лидери сега настапуваат со, како што велат, нов реализам: ако САД ги почитуваат како рамноправни партнери, Европа ќе ја зајакне својата одбрана, ќе го подели безбедносниот товар и ќе стане поверодостоен воен сојузник во сè поопасен свет. Воедно, тие нагласуваат дека ќе продолжат со финансиската и воената поддршка за Украина, иако американската помош под водство на Трамп значително се намалува. „Денес само Европа ѝ дава пари на Украина“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека без Европа не може да има договор за крај на војната.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека токму притисокот од Трамп ја поттикнал Европа на поголеми вложувања и преземање водечка улога во Алијансата. Американскиот државен секретар Марко Рубио, пак, изрази уверување дека сојузот ќе опстане, но најави потреба од искрен разговор за неговата иднина.Сепак, можни се нови жаришта на тензии. Европските лидери јасно се спротивставија на трговските царини и на обидите движењето „Make America Great Again“ да влијае врз европската политика. Мерц порача дека културната војна на МАГА не е европска и дека Европа верува во слободна трговија, а не во протекционизам. Макрон, пак, нагласи дека Европа ќе биде добар и почитуван партнер на САД, но само ако и самата биде третирана со почит.

Свет | пред 3 седмици

media-library08fm70coif6f6WywHwR

Рубио: Извештајот за труењето на Навални е вознемирувачки, немаме причина да го оспориме

Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека извештајот на пет европски сојузници, со кој Русија се обвинува за убиството на покојниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, со токсин добиен од отровни жаби, е „вознемирувачки“, додавајќи дека Вашингтон нема причина да ја доведува во прашање таа проценка.Говорејќи на прес-конференција во Братислава за време на посета на Словачка, Рубио изјави дека САД се запознаени со извештајот и дека немаат основ да го оспорат.„Свесни сме за извештајот. Тој е вознемирувачки. Свесни сме за случајот со господинот Навални и без сомнение немаме причина да го доведуваме во прашање“, рече Рубио.Во заедничка изјава, Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија соопштија дека анализите на примероците од телото на Навални потврдиле присуство на епибатидин – токсин што се наоѓа кај одредени видови отровни жаби во Еквадор и кој во вообичаени околности не се среќава во Русија.Руската Влада, која и претходно негираше каква било одговорност за смртта на Навални во арктичката казнена колонија во февруари 2024 година, ги отфрли најновите обвинувања оценувајќи ги како „западна пропагандна измама“, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.На прашањето зошто САД не се приклучиле на заедничката изјава, Рубио одговори дека европските земји самостојно дошле до таквиот заклучок врз основа на сопствени разузнавачки информации.„Тие земји го направија тоа координирано. Ние донесовме сопствена одлука, но тоа не значи дека не се согласуваме со исходот. Понекогаш одредени земји преземаат чекори врз основа на податоците што ги поседуваат“, изјави тој.Навални почина во затворска колонија во Арктикот во февруари 2024 година, откако беше осуден за екстремизам и соочен со повеќе други обвиненија, кои тој ги негираше. Неговата смрт предизвика остри реакции во меѓународната заедница и дополнително ги заостри односите меѓу Москва и западните држави.

Свет | пред 3 седмици

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Американските демократи од Минхен: „Трамп е привремен, партнерството со Европа останува“

Додека европските лидери на Минхенската безбедносна конференција со неизвесност го очекуваа обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, истакнати претставници на Демократската партија испратија сопствена порака за смирување на трансатлантските тензии. Иако говорот на Рубио не ги отстрани целосно загриженостите, во дипломатските кругови беше протолкуван како сигнал дека односите меѓу САД и Европа, и покрај нарушувањата во мандатот на Доналд Трамп, нема да бидат прекинати.Покрај Рубио, во Минхен настапија и повеќе американски гувернери и сенатори, меѓу кои и потенцијални кандидати за претседателската номинација на демократите во 2028 година. Тие настапија со поумерена реторика, без критики за европските вредности, испраќајќи порака дека стратешкото партнерство со Европа останува клучно.Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека Доналд Трамп е „привремен“ и дека неговиот мандат ќе заврши за три години, алудирајќи дека американската политика не е трајно врзана за сегашната администрација. Демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин, нагласи дека САД разбираат колку европските сојузници се важни, а републиканскиот сенатор Том Тилис додаде дека меѓу САД и Европа не постои „граѓанска војна“, повикувајќи на воздржаност од вклучување во американската внатрешна политичка реторика.Во исто време, дел од демократите го искористија форумот за критика на внатрешната политика на администрацијата на Трамп. Сенаторот Марк Ворнер предупреди дека најавите за федерални правила за избори и строги услови за идентификација на гласачите може да го загрозат интегритетот на изборниот процес. Администрацијата, пак, ги брани овие мерки како неопходни за спречување изборни злоупотреби.Конгресменката Александрија Окасио-Кортез ја поврза растечката економска нееднаквост со подемот на авторитарни режими, нагласувајќи дека западните демократии мора да обезбедат конкретни придобивки за работничката класа доколку сакаат да понудат одржлива алтернатива.Иако пристапот на Трамп кон надворешната политика, со фокус на „Америка на прво место“ и редефинирање на меѓународниот поредок, предизвикува резерви кај европските партнери, дел од американската делегација во Минхен се обиде да испрати порака дека американската демократија е поширока од една администрација.Сенаторот од Аризона, Рубен Гаљего, изјави дека конференцијата помогнала во намалување на тензиите, додавајќи дека Европа треба да биде потсетена дека САД не се сведуваат исклучиво на политиката на Доналд Трамп.Минхенската конференција така стана место каде што паралелно се судираат две визии за иднината на трансатлантските односи – онаа на актуелната администрација и онаа на опозицијата која настојува да увери дека партнерството со Европа останува трајна стратешка определба на Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 3 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Си-Ен-Ен: Рубио и се закани на Европа од Минхенската безбедносна конференција

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остра порака до Европа на Минхенската безбедносна конференција, повикувајќи ги долгогодишните сојузници на суштинска промена на вредносниот систем, со предупредување дека во спротивно ризикуваат да бидат оттурнати на маргините на новата геополитичка реалност. Иако говорот беше обвиен во пријателски тон и потсетување на заедничката историја, суштината на пораката беше недвосмислена – Вашингтон очекува реформа не само во одбранбените буџети, туку и во идеолошката и политичката ориентација на европските држави.Рубио нагласи дека Соединетите Американски Држави се „дете на Европа“ и дека нивните судбини се нераскинливо поврзани, изјава која беше поздравена со аплауз од присутните. Но зад реториката за заедништво се наѕираше пораката дека Соединетите Држави се подготвени за „обнова“, но исклучиво во согласност со сопствените вредности.Меѓу нив ги навел заштитата на христијанското наследство, построга гранична политика и напуштање на одредени климатски стратегии. Според Си-Ен-Ен, пораката кон европските либерални лидери била јасна – нивниот светоглед е доведен во прашање, а политичкиот притисок може да се засили.Пораката беше интерпретирана како директен предизвик за либералните европски влади, особено во контекст на засилените внатрешнополитички турбуленции и подемот на популистичките движења.Говорот на Рубио дојде во момент кога неколку европски лидери претходно ја нагласија потребата од автономна европска безбедносна политика. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека културните конфликти од американската политичка сцена не се битки што Европа треба да ги води, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја потенцираше важноста на територијалниот суверенитет и правото на државите самостојно да ги уредуваат прашањата поврзани со демократијата и дезинформациите.На конференцијата силен впечаток остави и обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој говореше за тешката состојба во својата земја и за цената што Украина ја плаќа во одбрана на својот суверенитет. Тој потсети дека енергетската инфраструктура е постојана цел на напади и дека, според украинските податоци, секој освоен километар од страна на Русија чини човечки животи. Зеленски укажа дека притисокот за отстапки премногу често се насочува кон жртвата, а не кон агресорот.Во исто време, Рубио само накратко се осврна на Украина, навестувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не е уверена дали Русија навистина е подготвена за траен мир. Таа изјава делумно се разликува од претходните ставови на Трамп, кој тврдеше дека постои волја за договор.Општата атмосфера во Минхен откри дека Европа се соочува со ограничени финансиски ресурси и внатрешни политички предизвици, што дополнително ја усложнува нејзината позиција во односите со Вашингтон. Иако се најавуваат зголемувања на трошоците за одбрана, конкретните резултати сè уште изостануваат.Перспективата за наредната година останува неизвесна. Во неколку европски држави се очекуваат изборни процеси, а и во Соединетите Американски Држави политичката динамика ќе продолжи да влијае врз надворешната политика. Во таков контекст, иднината на трансатлантските односи ќе зависи од тоа дали ќе преовладаат компромисот и соработката или ќе се продлабочат разликите во визиите за улогата и вредностите на Западот.

Свет | пред 3 седмици

media-library458mbat9568r5lWvJBW

Гувернерот на Калифорнија: Ќе треба време, но трансатлантското партнерство не е мртво

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, изјави дека нападите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз Европа ги поттикнале европските земји да се зближат.На панелот на Мунхенска безбедносна конференција, Њусом оцени дека Трамповото однесување кон сојузниците — од заканите за присвојување на Гренланд, преку доведувањето во прашање на НАТО, до воведувањето остри царини — ги поттикнува европските држави на посилна соработка околу важни прашања. „Верувам дека Европа денес се чувствува поединствена отколку во последните години. И можеби тоа е единствениот придонес на Доналд Трамп“, рече Њусом, за што доби гласен аплауз, пренесува Politico.Критиката на Њусом следеше додека учесниците на конференцијата анализираа говорот на американскиот државен секретар Марк Руби, кој имаше попомирлив тон кон напнатите трансатлантски односи и повика на обнова на врските меѓу сојузниците.Њусом оцени дека Америка денес е „изолирана и послаба“ отколку кога Трамп дојде на власт, спротивно на тврдењата на американски официјални лица, вклучувајќи го и амбасадорот при НАТО, Метју Витакер, дека Трамповиот пристап ја направил САД посилни и побезбедни.Тој наведе како пример трговскиот договор на Канада и Кина за електрични возила, потсетувајќи дека порано САД биле водечка сила во слични меѓународни договори. „Тоа некогаш бевме ние, и ми се крши срцето заради тоа“, изјави Њусом.Гувернерот ја смета изјавата на Руби дека „САД и Европа припаѓаат заедно“ како знак дека Трамповата администрација реагира на европската „упорност и карактер“.Со оглед на ограничувањата на мандатот, Њусом не може повторно да се кандидира за гувернер, па многумина негови настапи ги толкуваат како проба за претседателските амбиции во 2028 година. Во јануари учествуваше на Светскиот економски форум во Давос, а вчера во Мунхен оцени дека трансатлантските тензии се „привремени“ и не се поврзани само со заминувањето на Трамп од Белата куќа во 2029 година.Њусом предвиде дека Демократската партија ќе ја преземе контролата на меѓуизборите во ноември и дека Врховниот суд наскоро ќе ги ограничи претседателските овластувања за воведување царини. За трансатлантското партнерство заклучи: „Не е мртво, туку спие. Можеби треба да спиете со едно око отворено. Ќе треба време, но сигурно не е мртво.“

Свет | пред 3 седмици

media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Зеленски: САД премногу бара отстапки од Украина, а премалку од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави премногу често бараат отстапки од Украина, а не од Русија, но нагласи дека и понатаму се надева оти продолжението на мировните преговори ќе биде сериозно и суштинско. По минатонеделната средба на руски и украински воени претставници во Абу Даби, разговорите меѓу Украина, Русија и САД следната недела се селат во Женева.Според изјавите на сите страни, усогласени се речиси 90 проценти од договорот, но најсложените прашања сè уште остануваат отворени, меѓу нив територијалниот статус и нуклеарната централа „Запорожје“.„Искрено се надеваме дека трилатералните состаноци следната недела ќе бидат сериозни и содржински и дека ќе ни помогнат. Но, искрено, понекогаш имам чувство дека страните зборуваат за сосема различни работи“, изјави Зеленски на Безбедносната конференција во Минхен.Тој додаде дека чувствува одреден притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го повикал да не ја пропушти можноста за постигнување мир во блиска иднина.„Американците често се враќаат на прашањето за отстапки и премногу често тие се разгледуваат само во контекст на Украина, а не на Русија“, истакна Зеленски.Сепак, украинскиот претседател изрази надеж дека САД ќе останат активно вклучени во процесот, како и дека Европа, која во последниот период е маргинализирана, ќе добие позначајна улога во разговорите.Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека САД ќе продолжат да работат на постигнување мировен договор за Украина, но дека останува отворено прашањето дали Русија навистина е подготвена да го заврши конфликтот. „Не знаеме дали Русите се сериозни во однос на крајот на војната. Ќе продолжиме да го тестираме тоа“, рече Рубио во Минхен.Тој нагласи дека во меѓувреме Вашингтон продолжува да врши притисок врз Москва преку нафтени санкции и преку поддршка на Украина со испораки на оружје преку НАТО, со цел да се зајакне позицијата на Киев во преговарачкиот процес.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања