СДСМ

Martin-K-1

Селектитвност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани, вели Костовски од СДСМ

„Пред точно една недела, Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти, како партија одлучивме да молчиме и да не политизираме. Решивме да не додаваме сол на раната на семејствата на починатите. Тоа беше одговорно и човечки“, вели Мартин Костовски - организациски секретар на СДСМ и додава:Оставивме седум дена органите на правосудството да покажат дека спроведуваат независна, темелна и пред сè неселективна истрага за овој стравотен настан. Од првиот ден СДСМ бара сите одговорни, поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари, да одговараат согласно законот. СДСМ дава поддршка на независна, темелна и неселективна истрага и ги поддржуваме институциите во тоа. Ова гласно го бараат и граѓаните.Но денес, седум дена подоцна, сме должни да ги поставиме вистинските прашања кои се наметнуваат за кои за жал, нема одговор од надлежните институции. СДСМ и понатаму нема да политизира и печали поени на овој настан. Но СДСМ е должен како опозиција да ги постави сите прашања на кои и обвинителството и МВР не даваат одговор. Од денес натаму, ќе поставуваме бројни прашања и ќе изнесуваме низа информации исклучиво засновани на факти и закони.Почитувани граѓани,Од досегашниот правец на истрагата и информациите кои се соопштени во јавноста, СДСМ стравува дека оваа истрага ќе биде селективна. Откако министерот Тошковски извести дека првата фаза од истрагата е завршена и се сомничат 32 лица, денес тој и обвинителот Коцевски мора да одговорат на следните легитимни прашања кои се наметнуваат.Дали е точно дека:Ниеден од командирите, инспекторите, и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип, кои мора да знаеле што се случува, не се во притвор?Дали и против кој од нив се води истрага? И ако не се води, како е возможно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции, со должност и овластување да реагираат – но не го сториле тоа?Дали е точно дека сите седум вработени во МВР, кои се моментално во притвор, не биле на функции во денот на пожарот во дискотеката?Почитувани граѓани, законот е следен.Законот за јавни собири јасно упатува на тоа за кои јавни собири е одговорна полицијата. Според информациите на овој настан имало 650 луѓе. Согласно законот, полицијата била должна да има оперативни сознанија за настанот и соодветно да го обезбеди овој настан дури и во случај ако тој не е пријавен од организаторот. МВР во Кочани тоа не го направиле. Ако МВР постапеле согласно законот, ќе имало обезбедено на Противпожарна бригада, Брза помош, соодветен број полициски службеници и сите пропратни безбедносни мерки за ваков тип настани, со што несреќата можела дури и да се превенира.Од снимките вечерта се гледа дека полицијата била присутна во објектот. Ова значи дека знаеле за настанот, но не го обезбедиле соодветно.Со ова се поставува прашањето, дали сите надлежни од МВР таа вечер сториле кривично дело со несторување односно непостапување? Дали се изземени од одговорност службеници, началници и командири кои вечерта биле на должност? Доколку истрагата во продолжение не ги опфати и нив, СДСМ со својот правен тим ќе поднесе соодветни кривични пријави.Почитувани граѓани,Ова е последен повик до институциите: направете го она што ви е должност. Немојте да терате селективна правда. Токму тоа е она против кое се борат граѓаните.СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите детали и да ги поставува сите правно издржани прашања, кои укажуваат на сериозни пропусти и кривични одговорности за лица за кои во моментов нема информации дека се дел од истражната постапка или се во притвор. Целта е една – правда и вистина.

Македонија | пред 10 месеци

filipce-sdsm-co-4

Поради огромната трагедија во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за претседател

„Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот“, велат од СДСМ и додаваа:Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување.Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа.

Македонија | пред 10 месеци

kapusevski-kovacevski-jahoski

Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, тераа бизниси изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ, вели СДСМ

Опозициската СДСМ се огласи за скандалот и корупцијата со набавка на мазут.„Подобо е ВМРО- ДПМНЕ ДА молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ“, велат од СДСМ.Капушевски посочуваат е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури, а Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат.,,Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ.СДСМ дава поддршка на истрагата и очекуваме целосно расветлување на случајот. Секој кој се огрешил треба да одговара.Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега“, соопштија од СДСМ.

Македонија | пред 10 месеци

sednica-co-sdsm-4

ДПМНЕ да одговори кој од Белата палата се јави за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол?, прашува СДСМ

„ДПМНЕ наместо да си ја ишка мувата на капата треба да одговори дали откако бил поднесен предлог за притвор по интервенција од Белата палата следувало препавање на решението во куќен притвор?“, вели СДСМ и додава:Зошто надлежните судови досега не го преиначиле ова решение за куќен притвор иако имаат надлежност за тоа?Или ДПМНЕ е над сите закони и судови и што ќе каже белата палата тоа е?Јасно е зошто има само куќен притвор за осомничениот Асмир Јахоски, од Пуцко Петрол.Старо-новата коалиција на ДПМНЕ и ДУИ очигледно си функционира одлично.Коалицијата ДУИ и ДПМНЕ го пушти и Артан Груби да избега преку граница и да биде недостапен за правдата. Поминаа цели 3 месеци власта не презема ништо да го врати.Кога Бојан Стојановски ќе држи прес конференции следен пат нека одговори што и должи ДПМНЕ на ДУИ. За колкави провизии станува збор?

Македонија | пред 10 месеци

fatmir-limani-2

Скандал, на министерот на Мицкоски му е забранет влез во САД, вели СДСМ

СДСМ обелодени дека на Фатмир Лимани, која е дел од коалицијата “Вреди“ и е министер за социјална политика, му е забранет влез во САД.Еве што стои во соопштението на СДСМ:,,Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука.Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори.Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата?Мицкоски не може да остане без одговор. Доколку навистина е посветен на транспарентноста и партнерството со САД, мора веднаш да го разреши министерот Лимани. Секое одолговлекување само ќе покаже дека премиерот ја става партиската лојалност пред државните интереси.Ги повикуваме Лимани и Мицкоски веднаш да излезат пред јавноста и да одговорат:Зошто министерот има забрана за влез во САД?Дали ќе биде разрешен или Владата ќе продолжи да го штити?Ова не е случај што може да се премолчи”.

Македонија | пред 10 месеци

sednica-co-sdsm-1

Пари за луксуз има, за плати нема – вистинското лице на оваа власт, вели СДСМ

„Неверојатна е хипокризијата и лицемерието на ДПМНЕ. Според изјавите на претседателот на ССМ, Трендафилов, ДПМНЕ, додека беа во опозиција, постојано имале тајни средби со синдикатот со цел да ги издејствуваат своите политички цели за напад на тогашната власт предводена од СДСМ. Лицемерната ДПМНЕ тогаш беше и за работниците и за синдикатот, даваше силна поддршка на протестите на ССМ пред Собранието. ДПМНЕ ги поднесуваше барањата на ССМ во Собранието како закон“, вели СДСМ и додава:„Но, денес се потврди дека работниците им биле потребни само за да ги остварат своите лични политички амбиции. Сега, кога дојдоа на власт, никој не им треба, но граѓаните ова ќе го казнат.Ваква измама и понижување на граѓаните, кои чесно работат и со право бараат поголеми плати, никој никогаш не направил. Оваа влада е влада против граѓаните и работниците, против сите кои бараат подобар живот. Пари има за папаја, манго, аспарагус и приватни летови, но нема за оние кои едвај врзуваат крај со крај.Неспособното ВМРО-ДПМНЕ не може да ги намали ниту цените во маркетите и ги остави трговците да се збогатат за три генерации на грбот на народот, но нема пари заповисоки плати. Ваква ненародна власт немало во историјата и ќе биде казнета за ова“.

Македонија | пред 10 месеци

filipce

Филипче: Сакам да им се обратам на работниците, ВМРО-ДПМНЕ со оцрнувања бега од одговорноста да обезбеди повисоки плати

„Сакам да им се обратам на сите граѓани и посебно на работниците, во моментов, ВМРО-ДПМНЕ се служи со секојдневни оцрнувања на прес конференции за да избега од одговорноста да ви овозможи вам работниците повисоки плати. Сведоци сме на гнасна кампања на ВМРО-ДПМНЕ против секој кој чесно работи, заработува и заслужува достоинствен приход“, објави Венко Филипче, претседател на СДСМ и пратеник и додава:„ВМРО-ДПМНЕ има проблем со вас работниците, не со синдикатот. Вие со право барате пристојна плата со која може да се живее, а тие смислуваат подмолни приказни за ве обивнат дека сте политички мотивирани.На ВМРО-ДПМНЕ му пречи секој што бара праведен приход. Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати во услови кога ни три минимални плати не се доволни да се покријат основните трошоци за живот. Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати кога владата не прави ништо да го спречи ненормалниот раст на цените. Ова не е политичко прашање, но ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи токму тоа, партиска пресметка за да избегне од одговорност.Но, зошто кога беа во опозиција, го поддржуваа синдикатот? Зошто тогаш беа за работниците, а сега се против нив? Одговорот на секој од вас му е јасен – тогаш им беше политички згодно, а сега веќе не сте им потребни.Ова е битка на ВМРО-ДПМНЕ со која конечно ќе стави крај на сите барања, ќе ве замолчи и ќе ве фрли во апатија. Тоа е целта на овие напади и ништо друго.СДСМ е доследна по ова прашање. И како власт и како опозиција силно се боревме за правата на граѓаните и за достоинствен живот. И ниедна негативна кампања на лаги на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поништи вистината.СДСМ ќе продолжи да ги поддржува граѓаните кои бараат достоинствен приход, ќе продолжи да поднесува закони во Собранието и да стои цврсто во заштитата на граѓаните. Попусто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да не замолчи. А не смее да ве замолчи ни вас, работниците.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-17-at-08.50.54

СДСМ бара оставка од Андоновски за скандалот „со тендерските мрежи во министерството“

„СДСМ бара оставка од министерот Стефан Андоновски за сакданлот со тендерските мрежи во неговото Министерство“, велат од СДСМ и додаваат:Државната комисија за спречување на коруција и Јавното обвинителство треба веднаш да постапат за целосно расчистување на случајот.Министерот Стефан Андоновски отворено призна дека два тендери од неговото Министерство завршиле кај сопругот на неговата Државна секретарка, Клинчарова.И наместо да поднесе оставка тој дрско ги брани договорите доделени на сопругот на државната секретарка дека биле “заштеда на пари“!Ова е очаен обид за манипулација, но фактите се јасни: Државната секретарка Клинчарова, како највисок административен функционер, раководи со целата администрација во Министерството и е директно надредена на сите кои работат на тендерските постапки.Секој обид да се минимизира нејзината улога е груба лага и навреда за интелигенцијата на граѓаните!Овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција – заштитен знак на ДПМНЕ!Министерот Андоновски не може да се извлече со изговори, бидејќи не станува збор за еден, туку за два договори склучени со истата компанија на сопругот на Клинчарова.Зарем мисли дека граѓаните ќе го премолчат ова?Тендерските мрежи на ДПМНЕ продолжуваат да се шират, но институциите мора итно да реагираат!

Македонија | пред 10 месеци

sudski-sovet-1

За СДСМ за интерпелациите за Судски Совет се насилнички и пакосен влез во авторитаризам, за ВМРО-ДПМНЕ злоупотребите на СДС мора да се расветлат

Утре на пленарна седница ќе се расправа за интерпелациите за работата на петтемина членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.Власта и опозицијата со различни ставови и обвинувања за состојбите во правосудниот систем.За интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет, но и постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се незаконски, противуставни, насилнички, и се отворен и пакосен влез на земјава во авторитаризам.Брзањето со интерпелациите на петтемина членови на Судскиот совет, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело, според потпретседателката Ана Чупеска, ги обелоденува вистинските намери на власта, а кои, како што кажа, воопшто не се поврзани со реформските процеси, туку со воспоставување целосна партиска контрола на правосудството.Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ активно борејќи сè да го задржи своето влијание во судството преку корумпирани судии и обвинители, ја поткопува независноста на судството и го нарушува принципот на еднаквост пред законот.,,За да се обнови довербата на граѓаните во судството, потребно е да се воспостават механизми кои ќе осигураат дека судиите ќе донесуваат одлуки во согласност со правото, без политички или економски притисоци. Злоупотребите кои се поврзани со СДС мора да се расветлат, а виновниците да се повикаат на одговорност“, рече Драган Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-10-at-16.07.00

Нов скандал во Министерството на Андоновски, жената Државен секретар а мажот добива тендери, вели СДСМ

„Денес продолжуваме со објавување на серијата скандали поврзани со тендерските мрежи на ДПМНЕ“, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ и додава:Пред граѓаните ќе покажеме документи и факти, со кои основано се сомневаме за постоење систем на корупција и испумпување на парите на граѓаните преку јавните набавки во државните и општинските институции кои ги води ДПМНЕ.Очигледно, не постои СЛУЧАЈНО избрана фирма кога се работи за тендерите на ДПМНЕ.Денешниот скандал е пример за ДИРЕКТЕН конфликт на интерес, НЕПОТИЗАМ и основано сомнение за корупција во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски.Во Министерството на Андоновски, каде втор човек е Државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров.Еве ги фактите.Ова се два договори, склучени помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчаров.Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари.Само од овие два тендери, преку Министерството на Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото министерство.Ете каде завршуваат парите на граѓаните. Во семејните фирми на функционерите од ДПМНЕ.Ова е еклатантен пример за конфликт на интерес и непотизам од страна на ДПМНЕ. Но и сериозен сомнеж за корупција.Прашањето е каква е улогата на министерот Андоновски во овој скандал? Дали бил и тој соучесник?Бидејќи неговото име и презиме стои на договорите како потписник!Почитувани, со овој скандал се потврдува нашето тврдење дека ДПМНЕ ги испумпува парите на граѓаните преку мрежа на фирми и тендери.Но се потврдува и фактот дека на голема врата ги враќа изведувачите на Скопје 2014 во нивните сегашни бизнис шеми.Истата оваа фирмата на Мартин Клинчаров била дел од изведувачите на проектот Скопје 2014, за поставување на мермер и изведба на мостот Гоце Делчев.Близината на кадрите на ДПМНЕ и Маето Дизајн оди дотаму што фирмата се јавува и како донатор во Општина Аеродром, во перид кога градоначалник е, Тимчо Муцунски.И повторно, истиот Тимчо ја поставил Гордана Клинчарова за Раководител на секторот финансии за време на неговиот мандат.Традиционално, секаде каде што Гордана Клинчарова е поставена од ДПМНЕ на одредена позиција, нејзиниот сопруг развива тесна институционална соработка.СДСМ бара:-Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет и да постапи за овој скандал.-Сите надлежни институции да се вклучат во негово расчистување.СДСМ ќе ја продолжи борбата против злоупотребата на парите на граѓаните.Шемата е страотна и ќе биде целосно презентирана во јавноста со сите докази за лица кои се директно поврзани со ДПМНЕ и со компаниите кои земале милионски тендери.

Македонија | пред 10 месеци

Ana-Cupeska

Чупеска: Уставниот поредок на удар, неместо реформи власта право упад во правосудството

„Оваа прес конференцијата ја посветуваме на одбрана и на заштита на уставниот поредок на нашата држава. Не делат само 24 часа од еден од најголемите упади на една власт во трета независна власт чија самостојност е гарантирана со УСТАВОТ“, вели Ана Чупеска - потпретседателка на СДСМ и додава:Наместо неопходни реформи ќе бидеме сведоци на операционализција на еден груб, и многу нападен удар врз правосудниот систем кои ќе се одвива во законодавниот Дом.Преку незаконската интерпелација на поединечните членови на судскиот совет за која нема ниту законска можност ниту пак ќе има правно дејство.Вака како што е поставена оваа интерпелација е школски пример за директно и грубо кршење на уставниот принцип за владеење на правото и за поделбата на власта на законодавна, извршна и судска.Власта предводена од Мицковски само ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.Наместо, да ја гарантира нејзината незавиност.Тоа е отров, високо токсичен отров за демократските принципи и вредности, затоа што претставува отворен и пакосен влез во авториратирам.Гледаме како власта ја упорно сака да ја демонтира секоја инстицтуционална брана од авторитаризам, преку нелегалните и неуставните постапки, преку исилените и силеџиски разрешувања, преку сатанизации и јавни линчувања на судии, на обвинители.Таа, всушност подготвува терен за своите послушни инсталации.Брзањето со интерпелациите на членовите на Судскиот совет, на ваков начин, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело, ги обелоденува вистинските намери на власта.Намери кои не поврзани со реформските процеси туку со воспоставување целосна партиска контрола.Да беше намерата за суштински реформи немаше вака на сила и спротивно на закон да се турка.Зошто не почека власта да се финализира новото законското решение и во нормална и редовна постапка се избере пакет на нови членови, согласно новото законско решение?Зошто упорно ги игнорира постоечките законски одредби и извршната власт, на чело соПремиерот се става над уставот и над законите?Затоа што јасна е намерата да нема никакви реформи туку инсталирање на партиски лојалисти во правосудните органи.Ова не е случајност.Станува збор за смислен, ситематичен и координиран напад врз правосудниот систем.Ако Судскиот совет биде срушен на ваков начин, следни се судиите што не се по волја на власта. Потоа ќе следуваат и нарачни пртесуди, како што сме гледале во минатото.Ако обвинителот биде сменет на ваков начин, без почитување на законите, следни ќе бидат сите што не се подготвени да работат по инструкции на Мицкоски.Во таа смисла, ужасни, невидени до сега, се изјавите на премиерот во врска со судството кои не може да ги сместиме никаде освен во дијапазонот од скандалозно до шокантно.Замислете, премиерот ноншалатно, но крајно деспотски, си изјавува дека ќе му зададе удар во чело на судството.Изјавите пак дека ќе се игнорира мислењето на Советот на јавни обвинители во врска со разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител, се исто така фрлање на шок бомби.ВМРО-ДПМНЕ сака тотална контрола.Токму затоа се брзаат, токму затоа го игнорираат законот и токму затоа СДСМ никогаш нема да го поддржи ова насилно уништување на правната држава и на уставниот поредок.Ние и стручната јавност ваквите појави ги сметаме за неприфатливи, оти јасно е дека се спротивни на Уставот и на Законите, на демократскиот поредокДраги новинари и граѓани,Оваа власт нема решение за реформи во правосудството.Таа само ги проектира своите интерни манири на авторитаризам и апсолутизмот кои го спроведува во својата партијата спрема државата.Згора на тоа, сега истата проекција ја насочува и спрема третата, СУДСКА власт, која мора да биде независна. Тие, бахато и силеџиски сакаат и неа да ја узурпираат, да го инфицираат.На најгруб и превратнички начин.СДСМ во претстојниот период, јасно и недвосмислено ќе се спротивстави на овие насилнички и недемократски дејствија.Наместо ваквото недемократско однесување, ние бараме за судските реформи да се создадее национален консесус и да се осигура темелен реформиски процес во правосудните органи.Ги повикуваме сите политички партии, сите засегнати страни да се вклучат во процес кој ќе овозможи суштинска а не примитивно водена, половична и персонализирана, партиско-лојалистичка квази реформа.Ние ќе продолжиме да се бориме за вистински и суштински реформи во правосудството, кои ќе ја гарантираат неговата независност и ефикасност.Затоа, НАЈВАЖНО, бараме од власта веднаш, да престане со овие незаконски и неуставни дејствија.Да се спроведат вистински реформи, во согласност со препораките на меѓународните институции, и да ги следи чекорите предвидени во Планот за Раст, оние од Оценската Мисија, укажувањата на ММФ.Во овие процеси мора, повторувам, мора да се штити и гарантира Уставот – посебно начелата за поделбата на власта и владеење на правото.Конечно, ова не е битка за неколку членови на Судскиот совет – ова е битка за зачувување на демократијата и уставниот поредок.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на Ѓока констракшн?, вели СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот центар“, вели СДСМ и додаваИзјавите на Таравари и Мицкоски за давањето на паркингот на Клинички на стопанисување на „Ѓока Констракшн“, со што 99% од добивката ќе оди кај албанската компанија, а само 1% ќе остане за државата, се контрадикторни и јасно укажуваат на тоа дека зад оваа зделка се крие сомнителен договор.Прво, како е можно Таравари да тврди дека договорот ќе биде на 7-8 години и дека потоа Клиничкиот центар нема да биде таму, кога само пред неколку недели Владата потврди дека нов Клинички центар нема да се гради? Тоа значи дека Клиничкиот центар ќе остане на истата локација. Зошто Таравари ја лаже јавноста и се обидува да ги ублажи критиките со вакви изјави? Ова јасно покажува дека тој добро знае дека договорот е штетен, но сака да помине што полесно во јавноста.Понатаму, дали Мицкоски намерно остава простор за потпишување на договорот кога вели: „предвид ја земаме тендерската спецификација и, се разбира, фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и тука сето тоа завршува“? Дали тоа значи дека, ако фирмата има бонитет и кредибилитет, овој скандалозен договор треба да се потпише? Зошто Мицкоски не го отфрли веднаш, туку се двоуми? Дали и тој е дел од целата оваа зделка?Дополнително, како е можно тендерската процедура да е завршена, а сè уште да не се знае дали фирмата ги исполнува критериумите за бонитет, кредибилитет и реноме? Што правеле во Министерството за здравство за време на тендерската постапка? Зошто Владата не ја објави физибилити студијата? Што крие? Владата мора да го објави и официјалниот повик за тендерот – ако договорот сè уште не е потпишан, јавноста треба да види како точно било формулирано барањето од Министерството за здравство и дали веќе во оваа фаза се подготвувал овој штетен договор.СДСМ бара:Итно објавување на повикот од страна на Министерството за здравство.Итно објавување на физибилити студијата според која е распишан тендерот.Целосна транспарентност за тоа дали штетниот договор со „Ѓока Констракшн“ бил однапред подготвуван.Ова не смее да биде забошотено!

Македонија | пред 10 месеци

Foto-3

И Пендаровски од СДС забега, се сврте против САД и се занимава со рекла-кажала муабети, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДС си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава, вели ВМРО-ДПМНЕ и додаваОсвен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски од СДС, а воедно и поранешен претседател на државата предложен од СДС, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека се сврте заедно со СДС против стратешкиот партнер на Македонија, САД.Ова говори дека СДС и на планот на меѓународната политика лажеле дека САД е стратешки партнер или дека сега целосно забегале.Стево Пендаровски уште еднаш и покажа на јавноста дека е само аналитичар, поточно импровизатор и оговарач.Ни помалку ни повеќе, во своето појавување во јавноста по десет месеци откако беше сменет од граѓаните почна да раскажува приказни и да оговара, односно што би рекол народот да се занимава со рекла-кажала муабети.   И не само што се занимава со озборување, тој влезе и во зоната на недозволено однесување кога станува збор за дипломатија и меѓународна политика. Па така, Пендаровски од СДС говореше како разбрал за време на средби со дипломати што се зборувало со владини претставници нешто што е национален интерес на Македонија. Со ова Пендаровски од СДС влезе и во сферата на откривање на државни позиции.Исто како неговата СДС и Пендаровски треба да се освести и како поранешен претседател да престане да се однесува како личност која анализира и оговара.Ако СДС и Пендаровски не и помагаат на Македонија, барем нека не и одмагаат!

Македонија | пред 10 месеци

filipce-sobranie3

Од вазалство до хистерија – политичка хипокризија на Филипче и СДС на дело!, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Договорот за катните гаражи на Клинички не е од сега – туку од времето на вазалската влада на СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Тогаш, како послушен вазал, Филипче молчеше и климаше со глава. Сега, кога веќе не е на таа позиција, одеднаш вреска и глуми борец за правда. Вака отприлика може да се опише венковото дејствување.Институциите веќе се изјаснија дека нема одлука на Влада за катните гаражи во комплексот клиники!Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи поинаку од досегашниот принцип и одлуките кои оваа Влада ги носи се исклучиво во интерес на граѓаните.Ова не е ништо друго освен хистерија и политичка хипокризија – лајтмотив на една вазалска кариера!Среќа што граѓаните веќе го виделе ова сценарио и не паѓаат на евтини трикови.

Македонија | пред 10 месеци

Zaev-25

Со очајните спинови за Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ само ги потврдува сопствените скандали, врати СДСМ

„Тажни и очајни делуваат соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ секој пат кога ќе бидат фатени во скандал. Наместо да одговорат зошто се луксузираат на грбот на граѓаните, кои тонат во сиромаштија, тие се обидуваат да манипулираат и да го пренасочат вниманието“, вели СДСМ и додава:Мицкоски тврди дека нема пари во буџетот за плати, нема средства за субвенции за електрична енергија, нема средства за минимална плата, нема пари за ништо – освен за приватни летови, тропско овошје и луксуз за Владата. Само за тоа има пари во буџетот.Оваа стратегија на пренасочување на вниманието и лажни тврдења кога се во тесно, одамна е прочитана. ВМРО-ДПМНЕ не ја смени својата тактика повеќе од дваесет години. Како и што работи поранешниот претседател на СДСМ, не е од интерес за граѓаните – тој не е претседател на партијата веќе четири години.Граѓаните сакаат одговори – дали и кога оваа Влада ќе направи нешто за да им го подобри животниот стандард?Додека СДСМ беше на власт и премиер беше Зоран Заев, платите се зголемија за речиси 100%, се субвенционираше струјата за граѓаните, цените се држеа под контрола и имаше рекордни субвенции за земјоделците. Овие факти не можат да бидат избришани со манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања