СДСМ

filipce-51

Филипче: Прво одбиваат лидерска, а потоа обвинуваат за моноетничност, ги повикувам повторно сите заедно на средба

Јас повикав на средба со сите претседатели на политичките партии, и да ве потсетам, претседател на една албанска партија рече дека тоа би било губење на време, а сега нè обвинуваат за некаква моноетничка средба.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање поврзано со обвинувањата од албанскиот блок на политички партии дека вчерашната средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски е план за моноетничка соработка.„Јас на тој состанок го претставував СДСМ, а премиерот Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ и ние се состанавме како лидери на двете најголеми партии во македонскиот блок. Притоа, премиерот Мицкоски беше првиот којшто без забелешка и единствен кој ја прифати поканата за средба“, истакна денеска Филипче од Струмица.Тој уште еднаш упати јавен повик до сите политички партии за организирање на лидерска средба.„Апсолутно сметам дека треба да продолжиме во следниот период во насока на организација на средба на лидерите на сите поголеми политички партии. Ова нека биде уште еден мој повик до сите партии бидејќи јас тука не гледам никаква потреба да се делиме на македонски или албански блок кога станува збор за интересите на државата“, потенцираше претседателот на СДСМ.Филипче истакна дека никој нема право да го обвинува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за етнички или националистички политики или пристап имајќи предвид дека во извршниот одбор на СДСМ има Албанец, Македонка муслиманка, а во следниот период ќе има и Ромка.Претседателот на СДСМ повтори дека вчерашната средба со премиерот била конструктивна и на неа било договорено формирање на заеднички тела или групи кои ќе работат на подготовката на законите од реформската агенда, со фокус на правосудството, енергетиката и стратешките проекти во здравството, а кои треба да стигнат во Собранието.

Македонија | пред 9 месеци

filipce-kostadinov

Филипче: 118 семејства ќе добијат дом

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов, ја посетија локацијата во Струмица каде што е изградбата на социјалната населба и за која започнува втората фаза на реализација. Станува збор за еден од поголемите капитални проекти во оваа општина, во рамки на кој ќе се изградат вкупно 118 куќи со кои трајно ќе се реши проблемот за домување на социјално ранливите граѓани од турското маало во Струмица.„Ова ќе биде една цела нова населба, еден мини град, каде градежните работи се почнати од нула. На локацијата немаше ништо, а сега веќе има канализација, има струја, има улица и во следната односно последна фаза ќе почне изградбата на објектите. Ова ќе биде наслба во којашто ќе се сместат луѓе од ранливи категории кои сега живеат во супстандардни и небезбедни услови. Во овие 118 станбени единици со соодветни стандарди, квалитетот на животот на тие граѓани значајно ќе се подобри и дополнително ќе се решат инфраструктурните проблеми во близина на оваа населба, како што е водоснабдувањето“, рече Филипче.При тоа Филипче посочи дека овој и сите други проекти на локалната самоуправа на Струмица ги отсликуваат социјалдемократските вредности за еднаквост и грижа за сите граѓани.„Ова е само еден во низата на крупни проекти на општина Струмица. Ќе ги споменам новиот пазар, автобуската станица, електричниот јавен превоз со кој Струмица е прв град на Балканот со ваков превоз“, изјави Филипче, додавјаќи дека општина Струмица е пример како со дела се развиваат и имплементираат проекти кои суштински менуваат работи и го подобруваат животот на граѓаните.

Македонија | пред 9 месеци

Mitko-T-SDSM

Обезбедување на премиер оддава државни тајни за пари - безбедносниот систем е решето, рече Трајчулески

Зборуваме за безбедносен систем во кој најблиското обезбедување на премиерот Мицкоски е документирано кај што оддава државни тајни за пари. Ако тој оддал државна тајна за 50.000 евра, што бил спремен да направи за 500.000 евра, рече пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24.Трајчулески нагласи дека безбедносниот систем е решето и потсети на случувањата на северната граница со Африм Гаши, Блерим Рамадани, Артан Груби, потоа со другиот член на обезбедувањето на премиерот итн.Државата мора да води сметка за својот безбедносен систем за граѓаните да се осеќаат безбедно. Ако премиерот нема загаранитрана безбедност, како граѓаните, обичните луѓе ќе се осеќаат безбедни во своите домови Ако највиоските функционери не се сигурни, што остана за обичните граѓани, нагласи пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24.

Македонија | пред 9 месеци

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

Филипче влезе на состанок со Мицкоски: Јас сум внимателен оптимист

Во овој состанок нема етничка основа, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој отиде на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Тој од пред Владата посочи дека очекува конструктивен разговор.„Очекувам конструктивен разговор, навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш. Жалам што одредени политички партии уфрлија етничка димензија. Повикот за меѓупартиска средба е за сите партии. Ќе поразговараме за темите кои сметам дека заеднички треба да се менаџираат. Темите ги нафрлив вчера, денеска ќе се обидам подетално да му ги објаснам, така како што мене ми е размислувањето. Отворен сум да разговараме за сите опции. Внимателен оптимист сум“, рече Филипче.Иницијатор на средбата беше Филипче, кој претходно истакна свои барања и рече: „Системот очигледно на многу места не функционира како што треба, јавните сервиси немаат прерформанс каков што граѓаните навистина заслужуваат и за тоа вина имаме сите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии на Албанците и останатите партии. Сметам дека, слушајќи го овој аларм и барањата од граѓаните, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички и општествен дијалог во кој ќе се вклучат сите политички партии пред сè најголемите и секако други чинители во општеството со цел да се изготват стратешки документи врз основа на кои ќе се направи стратегија врз основа на која државата ќе функционира повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении – многу повеќе од мандатот на која било влада и партија или коалиција која ќе ја води. Во некои области очигледно мора да знаеме каде одиме“.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-01-at-11.25.51

Филипче: СДСМ не стои зад протестите на синдикатите, но ги подржува барањата на работниците

СДСМ не стои зад протестите на синдикатите но ги подржува барањата на работниците, истакна на денешната пред конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека платите се ниски и луѓето не можат да преживеат затоа потребни се промени и раст на платите па оттука рече Филипче и прифаќање на барањето да минималната плата се зголеми и да биде 30 000 денари.„Апелирам Владата да излезе во пресрет на барањата на работниците, платите се ниски цените се надвор од контрола, луѓето едноставно не можат да преживеат. Рационално и реално е барањето да минималната плата биде 30 000 денари. Има како да се воспостави точно е дека има Методологија меѓутоа секогаш со политичка интервенција може и законот да се смени со цел да се излезе во пресрет на барањата“, рече Филипче.Притоа тој потсети на амандманите и предлог законите на СДСМ за зголемување на минималната плата, за зголемување на платите во јавниот сектор, понатаму предлог законот за зголемување на платите во приватниот сектор преку системот на ослободување од дополнителните давачки на платите со цел работодавачите од приватниот сектор да се растеретат. Сите овие предлог закони од кои ниту еден не беше прифатен од власта,  напомена претседателот Венко Филипче.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-01-at-11.34.23

Сите пратеници да го поддржат законот на СДСМ за покачување на платите до 15.000 денари, бара опозициската партија

„Животниот стандард на граѓаните е на дното. Цените растат, а платите тапкаат во место. Власта одбива да ги покачи платите и работниците ги држи со најниски плати во регионот“, вели Јована Тренчевска - пратеничка од СДСМ и додава:Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари, за 100 евра е зголемена во споредба со лани. Две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство.И наместо покачување на платите, покачување на минималната плата и грижа за стандардот на народот, власта ги турка погрешните политики на ДПМНЕ.За прв пат, минималната плата е договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите.Резултатот? Покачување од срамни 1.800 денари, далеку од потребното и далеку од она што го заслужуваат работниците.Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%.Додека народот се дави во сметки и трошоци, ДПМНЕ троши за папаја, манго, рејтинзи и медиумски мониторинг.За само девет месеци, оваа влада покажа што ѝ е важно – неработниците, туку бизнис интересите и личниот Пи-Ар.СДСМ не отстапува! Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати за работниците.На денешната собраниска седница е Законот за ослободување од плаќање придонеси за зголемени плати поднесен од СДСМ.Со оваа мерка:Платите може да се зголемат од 3.000 до 15.000 денари,Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси за зголемениот дел,400.000 работници со плата до 65.380 денари ќе добијат повисоки примања.Ова е ударна економска мерка за поголеми плати – за работниците, за стопанството, за економијата!Ги повикуваме сите пратеници кои се на страната на граѓаните, на страната на работниците, да гласаат и да го поддржат ова законско решение!Платите мора да растат. Ова не е само економија – ова е борба за работничко достоинство, сигурност и подобар живот.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-30-at-12.46.07

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се скараа, овојпат за сечењето ленти од премиерот Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се скараа, овојпат за шечењето на ленти од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Први кои „нападнаа“ беа СДСМ кои го обвинија Мицкоски дека се кити со туѓи перја.Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде да се накити со туѓи перја и да ги промовира инвестициите на СДСМ како свои. Гордо Мицкоски наајави дека оваа недела започнува со работа фабриката на канадската компанија „Магна“, најавувајќи ја како „нова странска инвестиција“. Но, штипјани имаат подобра меморија од него – тие знаат дека оваа инвестиција беше најавена уште во мај 2023 година, од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ. Фабриката на „Магна“ е резултат на стратешките економски политики на СДСМ. Обидот на Мицкоски да ја претстави оваа инвестиција како сопствен успех е евтин ПР трик – очајнички обид да се прикаже некаква работа, откако речиси една година не успеа да донесе ниту една нова значајна странска инвестиција. Реалноста е дека Мицкоски и неговата Влада речиси една година тапкаат во место кога станува збор за економијата. Единственото нешто што го „промовираат“ се проекти започнати од претходната Влада, а граѓаните гледаат сечење ленти на проекти кои биле целосно реализирани од претходната влада. СДСМ беше и останува партија што носи реални резултати за граѓаните и економијата. Во време на нашето владеење, Северна Македонија беше препознаена како стабилна и атрактивна дестинација за странски инвестиции. Не со лажен ПР на веќе започнати проекти, туку со вистински нови фабрики, вработувања и економски раст“, велат од СДСМ.Веднаш, вратија од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат „И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот“.„И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи. Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата. И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-17-at-08.50.54

(Видео+документи) Дали има нов скандал во министерството на Андоновски – тендер добиле родители на негов вработен?, прашува СДСМ

„По објавувањето на скандалот за судир на интереси во Министерството на Стефан Андоновски, каде тендер доби сопругот на Државната секретарка, ДКСК отвори предмет“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:Граѓаните сеуште чекаат да постапи Јавното обвинителство за случајот, за истиот да добие разрешница.Додека целата јавност беше во тага и болка за несреќата во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе а речиси 200 беа повредени, на само три дена по трагичниот настан Андоновски побара извинување од СДСМ.Шокантно е што барањето за извинување пристигна на 19 март на самиот ден на погребот на загинатите од несреќата кога целата нацијата беше во шок.Тоа го покажува степенот на загриженоста на министерот за трагичниот настан.СДСМ е одговорна партија која се бори секогаш да излезе вистината на виделина, и да зборува во насока на заштита на јавниот интерес пред се!Токму затоа, наместо извинување До Министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал.Се работи за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје.Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство.Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно?Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во министерството?Индикативен е називот на меилот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи borce002@gmail.comСДСМ се обиде го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сеуште тој документ е во изработка.Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски?Селективноста и селективната правда е потребна за сите други случаи на власта кои ги прави, а не само за трагедијата во Кочани.Институциите не смеат да молчат за тендерските мрежи на ДПМНЕ бидејќи станува збор за пари на граѓаните.Одговорност мора да има!“.

Македонија | пред 9 месеци

kaja-shukova

Здравјето на луѓето е во ризик, СДСМ бара кривична одговорност за еколошоката катастрофа на Крива Река, вели Шукова

„За еколошка катастрофа со излевање на отрови, тешки метали и цијанид во Крива Река мора да има кривична одговорност“, вели Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и додава:Се работи за институционални пропусти кои довеле до директна закана по здравјето и животот на граѓаните.Земјоделски површини, бунари, води по теченијата на Крива Река, Пчиња, Вардар се загрозени. Прашањето е: колку граѓаните се изложени на контаминирана храна опасна по здравјето?Сите пазари во Скопје, Куманово, Велес, Паланка – се снабдуваат со производи кои се наводнуваат токму од овие води.Ова е огромен скандал за кој мора да им одговорност. Екоцидот е кривично дело согласно македонските закони.Односот и непостапувањето на државните институции е катастрофален и мора да има одговорност.Инспекторатот за животна средина затаил, ја минимизирал хаваријата со тврдења дека се излеала „само вода“.Нашите последни информации кои ги проверуваме говорат дека директорката на Инспекторатот за животна средина можеби не ги исполнувала ниту условите за 6 години работно искуство за што бараме одговори.Дали кога била назначена ги исполнувала законските услови или не?Целиот систем е погрешен и наместо да работи во заштита на граѓаните системот ги штити бизнисите на блиските до ДПМНЕ ризикувајќи го здравјето на луѓето.Тони Тоневски, директорот на Булмак е истакнат партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник од нивните редови.Уште посрамно – наместо да бара одговорност, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Емил Спасовски, ја го напаѓаше градоначалникот кој единствено што направи – беше да ја објави вистината.Очигледно ДПМНЕ свесно го штити рудникот Булмак 2016 и дозволено ми е да прави што сака.СДСМ бара:-Темелна, независна и итна истрага со утврдување на кривична одговорност.-Комплетно испитување на водите во Крива Река, Пчиња и Вардар.-Јавно објавување на сите инспекциски извештаи за рудникот Тораница.-Оставка на пратеникот Емил Спасовски кој свесно ширеше дезинформации.-Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016 поради сериозни и повторени прекршувања.Ова не е локален проблем. Ова е прашање на јавна безбедност и здравје. Ова е аларм за целата држава.Или ќе има правда, или ќе има соучесништво. Средина нема.

Македонија | пред 9 месеци

sdsm-novo-rakovodsvo

СДСМ: Кога истрагата е селективна а Обвинителот станува подобен за Мицкоски, правда не може да се очекува

„Страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 луѓе, повикува на неселективна и темелна истрага за лоцирање на одговорност“, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ и додава:За жал, од досегашниот тек на истрагата гледаме дека се води селективно и не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата.Како тоа тие што се директно одговорни за безбедноста на самиот настан, во БЈБ и МВР, во ОВР Кочани и Штип како е можни тие да не се опфатени со истрагата?Законот за јавни собири јасно определува кога и за какви настани полицијата има обврска да постапи и да превенира.Доколку институциите постапеле согласно своите законски обврски, на терен ќе имало присуство на Противпожарна бригада, Брза помош, адекватен број полициски службеници и сите неопходни безбедносни протоколи за ваков тип јавен собир.Се поставува прашањето како е можно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции со законска должност да постапат – но не го сториле тоа?Понатаму, зошто актуелните директори на ДПИ и на УЈП не се опфатени со истрагата?Истражниот процес, кој мора да биде непристрасен и целосен, се претвора во инструмент на политичко калкулирање.Се заштитуваат позиции, се менуваат стратегии.Пред само неколку недели, јавниот обвинител беше под притисок за разрешување и тоа директно од Мицкоски.Владата започна постапка, се вршеа јавни напади, се создаваше јасен наратив за негова недоверба.Одеднаш пресврт, станува „потребен“ – постапката е стопирана, Советот за јавни обвинители не заседава, а Мицкоски повикува да му се даде шанса.Кога обвинителот од неподобен станува подобен, а истрагата ги допира само оние од минатото тогаш е јасно дека неселективна правда не може да се очекува.СДСМ нема да молчи. Ние нема да го оставиме јавниот интерес во рацете на политичари што правдата ја испорачуваат според нивната политичка потреба.Повторуваме – секој што има одговорност, мора да одговара. Без оглед на политичка припадност или моментална функција.Мицкоски треба да знае, граѓаните на улиците се борат токму протви овој систем, против овие влијанија, неодговорност и селективна правда. Ова е сржта на проблемот.Семејствата на загинатите не заслужуваат таква истрага. Македонија заслужува вистина и целосна одговорност за сите. Се друго ќе значи доуништување на и така малата доверба на граѓаните во државата.

Македонија | пред 10 месеци

CO-3

Седница на ЦО: СДСМ ќе ги искористи сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се разговараше за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи.Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства.Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно и е насочена само кон минатото, само кон поранешни функционери и службеници додека воопшто не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата.Селективноста не е правда туку неправда и ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите и во правосудството. Имајќи ја предвид сериозноста на трагедијата и тешките последници со огромен број жртви и повредени, недозволиво е да води истргата на селективен начин.СДСМ инсистира на неселективна, независна и темелна истрага во која сите ќе одговараат согласно законите. На било каква селеквтивност, штитење на актуелни функционери, на поединци блиски до власта СДСМ ќе се спротивстави. Пред законот сите мора да бидат еднакви.Во оваа насока СДСМ ќе ги искористи сите институционални и демократски механизми, вклучително и во македонското Собрание, преку Анкетна комисија во соодветен момент, за утврдување на фактите, но и политичката одговорност за трагедијата којашто се случи во Кочани.Во однос на внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ, кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, Централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти април.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-26-at-14.29.30

Јон Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ по обвинувањата дека користел кокаин

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ. Фала на семејството и пријателите за поддршката во целава гнасна хајка во која ме втурнаа платениците на ДПМНЕ“ напиша Фрчкоски.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35

Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?, вели СДСМ

„Продолжуваат да излегуваат нови, загрижувачки детали за институционалните пропусти кои можеби довеле до најстрашната трагедија во поновата историја на Македонија, во која животот го загубија 59 млади луѓе“, вели СДСМ и додава:Објектот познат како дискотека „Пулс“ во Кочани, каде се случи трагедијата, работел нелегално – тоа веќе е документирано и потврдено. Тоа е дел од активната истрага која треба да даде одговори, но и да утврди одговорност кај институциите чии пропусти се сѐ поочигледни.Денес, отвораме нов и мошне сериозен аспект од оваа трагедија – улогата на Управата за јавни приходи.Според податоците објавени во Бизнис мрежа, фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена. Евидентирана блокада, која сѐ уште не е тргната, била заведена на 16 август 2024 година.И тука се поставува суштинското прашање:➡️ Дали Управата за јавни приходи требала да го затвори клубот уште во септември 2024 година?Според член 117 од Законот за стечај, ако фирма има блокирана сметка повеќе од 45 дена и не исплаќа плати и придонеси подолг период, УЈП има законска обврска да поднесе барање за отворање стечајна постапка и да предложи мерки за обезбедување на имотот.Ако блокадада била заведена на 16 август 2024 година, тоа значи дека веќе до крајот на септември Управата требала да постапи, а клубот „Пулс“ требал да биде затворен.Но, клубот продолжил да работи. И 59 животи беа загубени.Почитувани,Ова не се технички грешки. Ова се системски прашања. Затоа, денес, СДСМ поставува неколку директни, но неопходни прашања до истражителите, до МВР, до Јавното обвинителство:🔴 Дали е точно дека Управата за јавни приходи не постапила по своја законска обврска согласно член 117?🔴 Кој во УЈП бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено?🔴 Дали некој ја стопирал постапката? И ако да – зошто? Со каква цел?🔴 Дали ова е уште еден случај на неажурност, или станува збор за заштита на нередовности и политички врски?СДСМ не изнесува заклучоци. Но СДСМ бара одговори.Трагедијата во Кочани не е последица на една грешка – туку на ланец од институционални пропусти. Секој пропуст мора да биде идентификуван. Секој виновник мора да биде повикан на одговорност.Државата мора да покаже дека законот важи за сите. И дека никој – ама баш никој – не смее да биде над него“.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35-1

Селективна правда не е правда, зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата?, прашува СДСМ

“Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на одговорност.Секој за кој што ќе се утврди дека има одговорност – без разлика дали се работи за поранешен или актуелен функционер – мора да одговара пред лицето на правдата”, вели СДСМ и додава:Сепак, со загриженост гледаме на досегашниот тек на истрагата. Сите анализи упатуваат на впечаток дека досегашниот тек на истргата е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери и службеници.Досега, ниту еден актуелен функционер не е опфатен, иако трагедијата се случи токму во време кога тие биле на одговорни позиции.Селективна правда не е правда. Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани?Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на ДПИ се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Но, логично се наметнува прашањето: зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски, не е дел од истрагата? Зарем не е должен да одговори за надлежностите на ДПИ и работата на инспекциските служби пред и во моментот на трагедијата?Дополнително, зошто не се испитуваат одговорните лица кои биле на позиции од МВР, односно командирите, инспекторите и раководството на ОВР Кочани и СВР Штип, кои по закон биле обврзани да го обезбедат настанот?Како е можно да се игнорираат оние кои вечерта биле на дежурство, на позиција и со законска обврска да дејствуваат – но не го сториле тоа?Нема одговори на прашањата дали е точно дека сите седум приведени вработени во МВР не биле на функции во ноќта на трагедијата?Овие прашања се легитимни и надлежните институции – Јавното обвинителство и МВР не смеат да молчат.Вистинска правда не може да има без целосна и неселективна истрага.

Македонија | пред 10 месеци

drzaven-pazaren-inspektorat-480x270-1

СДСМ: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?

„Сериозноста на трагедијата во Кочани која ја погоди цела Македонија и во која заубивме 59 млади животи гласно повикува на непристрасна истрага за лоцирање на одговорноста од сите, без исклучок“, вели Јон Фрчкоски – директор на Центарот за истражување и анализа од СДСМ и додава:Од првиот ден СДСМ дава силна поддршка на независна, темелна и неселективна истрага која ќе лоцира одговорност за сите поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари.Државата, институциите, мора да покажат капацитет да ја спроведат правдата до крај.Тоа им го должиме на семејствата на жртвите, на граѓаните и на иднинте генерации. Ваков ужас, вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат.Од она што досега се случува со текот на истрагата и за што имаме информации изразуваме длабока загриженост дека истрагата се води селективно и дека е насочена само кон поранешни функционери и службеници.Досега, може да заклучиме дека целосно се игнорираат тие кои биле на функции токму во времето кога се случила трагедијата во Кочани.Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се опфатени со истрагата поради наводно непостапување.Логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата?Иако носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за време на кривично-правниот настан.Државниот пазарен инспекторат има надлежност да врши надзор над примената на законите а има и законска обврска да одреди и забрана за работа од 30 дена доколку не се исполнети законските услови.Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Или некој свесно не постапил?Ова се легитимни прашања на кои истрагата треба да даде одговор.Јавноста има право да знае зошто, ако се гони поранешни директори на ДПИ, актуелниот директор е се уште амнестиран, иако ја носи директната надлежност во критичниот период.Селективната правда не е никаква правда. Доколку се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните во правосудниот систем ќе биде целосно урната, а чувството на неправда – уште подлабоко.СДСМ бара целосна, независна и неселективна истрага. Правдата мора да биде задоволена и да биде еднаква за сите!

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања