СДСМ

sednica-co-sdsm-1

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија.Во неколку месеци Мицкоски успеа да искомбинира катастрофални економски резултати, со бесцелни патувања во странство иако државата е комплетно изолирана дури и од нашите НАТО и ЕУ партнери со кои имавме децениска одлична соработка.На сето ова треба да се додадат и гоштевањата со народни пари, милиони потрошени за бејби-биф, папаја, манго, октоподи, додека власта се противи на барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, а синдикалната кошничка и трошоците за живот се зголемуваат секој месец.Им нема крај ниту на скандалите во општините со кои „скандинавски“ раководат градоначалниците на Мицкоски, на кои приоритет им е единствено местење на тендери, а граѓаните се оставени сами да се снаоѓаат во хаос.Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да излезат од Владата и да се вратат заедно со народот. Ова е потврда дека доскорешните партнери на Мицкоски се евакуираат откако во јавноста беа споделени низа на скандали за власта.За прв пат во 35 години независност и плурализам се случува за толку кратко време најголемиот коалиционен партнер да ја напушти Владата, и тоа оваа на Христијан Мицкоски.На крајот, Мицкоски ќе остане осамен и опкружен само со неговите клиентелисти и амбицирани криминалци. Граѓаните јасно гледаат низ прозирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 8 месеци

filipce

Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне владејачката коалиција, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека тоа што се случува во владејачката коалиција укажува дека единствено што ги води се финансиските интереси, а не вредности. Според него, тие немаат идеја ниту визија како да ја водат државата напред.„Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне. Како ќе се одвиваат работите тоа не е наша работа. Се подготвуваме за локалните избори, бараме партнери, каналите за комуникација се отворени“, рече Филипче.Тој додаде дека е подготвен и за парламентарни избори.Филипче вели дека има пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го утврдиле преку теренска анкета.„Дојде на власт со лажна патриотска кампања, ја заглави државата. Граѓаните ја кажаа пораката на претходните избори, ние како ново раководство ги имплементиравме насоките“, додаде тој.

Македонија | пред 8 месеци

sednica-co-sdsm-1

СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и во време на власт и во време на опозиција секојдневно со скандали за криминал, дрога, корупција“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци.Партиските функционери на СДС блиски до Заев и Филипче повторно во скандал со користење на дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрга и криминалци и зошто постојано настојуваат да се опкружени со нив и на приватни настани и забави.Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче пред три дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога.Дали за партиските функционери блиски на Заев и Филипче користењето на забранети психотропни супстанци е честа појава и пракса?Аздисаноста на партиските функционери на СДС нема крај.Додека народот нема леб да јаде партиските функционери на СДС користат психотропни супстанци, таков беше случајот и со ексдиректорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, кога во јавност излегоа фотографии на кои се гледа тој со бела прашкаста материја пред него на работно биро.На виделина излезе вистинското лица на СДС и нивните партиски функционери.Пред очите на јавноста со факти и докази излезе вистина за СДС и нивните функционери кои постојано се опкружени со криминалци и корисници на дрога.СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал.

Македонија | пред 8 месеци

272643859_231847399072949_1916634926903834340_n

ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, медиумите мета на притисок, вели СДСМ

„Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ“, велат од СДСМ и додаваат:Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и напади“ и констатира дека владините функционери имаат тенденција да имаат “лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.Наместо да работат на унапредување на демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ се враќа на старите методи на контрола, притисоци и страв.Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се ставаат под притисок, а медиумскиот простор се затвора. Оваа тенденција повторно се потврдува.Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и СДСМ ќе продолжи да се бори против оваа регресија што ја спроведува ДПМНЕ.Медиумските слободи не смеат да бидат жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_6605

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на сериозни проблеми со јавните финансии и економската политика на Владата.„Реалноста е таа дека ние сме влезени во циклус од 6 до 9 месеци на невраќање на ДДВ и неплаќање на обврски кон стопанството, коешто Владата не го кажува, а што го кажуваат самите стопанствениците“, изјави Битиќи, притоа нагласувајќи дека кога Владата станува најголем должник, било по основ на поврат на ДДВ, било по основ на договорни обврски, тоа е сериозен проблем за економијата затоа што предизвикува неликвидност во стопанството и намалување на активноста.„Факт за ова е податокот за индустриското производство за февруари од минус 0,8%“, рече Битиќи и појаснувајќи дека доцнењето на повратот на ДДВ кон стопанството е незаконски.Битиќи истакна дека економскиот раст кој Владата го најавува не се заснова на индустрија и стопанство, туку на јавни инвестиции, кои исто така потфрлаат.„Нормално е проекциите на Светска банка да бидат такви какви што се, а тоа е да кажат дека годинава ако завршиме на ниво од 2,6% можеме да бидеме среќни како држава“, рече Битиќи, додавајќи дека проекциите се базираат на реалната можност за спроведување на инвестициите, а не на пропаганда.Во врска со доцнењето на исплатата на платите во дел од јавниот сектор, Битиќи рече: „Ако сакаме пред јавноста само да кажеме дека само се случил административен пропуст со доцнењето на исплатите на плати, реалноста е дека еден од инспекторатите, кој е под Министерство за економија, четири месеци нема земено плата.“Тој потсети дека законски рок за усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа е шест месеци и праша: „Не ли оваа Влада работи законски, како по 10 месеци уште ќе се усогласуваме и заради тоа не се исплатени платите?“Тој исто така нагласи дека кога се зборува за јавни финансии мора да се гледа што се случува во секој сегмент – платите, пензиите, социјалните давачки и функционирањето на стопанството.Во однос на задолжувањето, Битиќи посочи на зачестената динамика на задолжување на Владата кај домашните банки.„Да земеме еден сегмент кој никој не сака да го збори – од 8 октомври 2024 година кога е потпишан договорот во Будимпешта за една милијарда задолжување, од тој ден до денес се издаваат 17 државни обврзници, нивната вкупна вредност е 27,9 милијарди денари или 453 милиони евра. Дополнително, само во март од Шпаркасе банка земени се и 70 милиони евра,“ рече Битиќи.Битиќи заклучи дека буџетот се полни преку нови задолжувања, а не преку здрави приходи, предупредувајќи дека годинешниот дефицит според долгогодишната стратегија за управување со јавни финансии и фискалната консолидација не укажува, што е една од забелешките на ММФ, дека како земја доцниме во фискалната консолидација затоа што во суштина буџетскиот дефицит го надминува тоа што треба да го имаме.

Македонија | пред 9 месеци

sednica-co-sdsm-2

СДС е последната партија што може да зборува за правда и култура – тие се симболот на неправда, партизација и криминал, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Кога СДС зборува за правда, тоа звучи исто како крадец да држи предавање за чесност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Кога СДС зборува за култура, тоа звучи како пироман да се фали дека го изгаснал пожарот.СДС, како и секогаш, кога институциите конечно почнуваат да работат професионално, после хаосот што го оставија зад себе, се обидува да шири лажни вести, страв и дезинформации. Тоа не е ништо ново, тоа е нивна стара стратегија – кога немаат аргументи, измислуваат афери.Меѓутоа, јавноста добро памети.Во време на СДС:- се гасеа истраги и се уценуваа обвинители;- криминалци од врвот на власта беа заштитени како свети крави;- граѓаните беа сведоци на политички прогон на неистомисленици;- Врховниот суд беше партиски штаб, а Советот на јавни обвинители нем набљудувач на криминалот.Министерството за култура, во нивно време, беше претворено во каса за партиски трансакции и награди за блиски личности. Грантови се делеа без критериуми, по телефон, по пријателски врски и по заслуги кон партијата. Уметниците кои не беа лојални, беа игнорирани или санкционирани. Установите беа блокирани, а културата сведена на приватен бизнис за избрани поединци.Културните работници, вистинските уметници и институциите денес конечно здивнаа. Заврши времето кога маички XXL и авионски карти за егзотични дестинации се купуваа од државни пари, додека проекти од национална важност беа одбивани.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи притисоци врз обвинителството, но ниту ќе дозволи заштита за било којшто се огрешил пред законот – без разлика на партиска, етничка или друга припадност.Тоа е разликата меѓу нас и нив!Ние се бориме за држава на еднакви, не на привилегирани!Тие се борат да се вратат на власт за повторно да ја контролираат правдата и да продолжат со грабежот.Но времето на криминалците заврши.Македонија е во рацете на чесните граѓани.

Македонија | пред 9 месеци

ljutkov-sobranie-1

СДСМ бара оставка од Љутков оти вработените во културата немаат земено плата

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија“, велат од партијата и додаваат:„Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство.Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира?Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?СДСМ е на страната на граѓаните и нема да дозволи разнебитување на културното наследство.СДСМ бара:- Оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата.- Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство- Итна исплата на мартовската плата за сите културни работници.Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава“.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-19-at-16.17.04

Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани, вели СДСМ

„Паничните постови во кои Тошковски ѝ држи лекции на опозицијата да не го критикува, се ништо друго туку доказ за одговорноста што тој и неговите началници ја имаат за Кочани. Тошковски многу добро знае дека, покрај моралната, постои и кривична одговорност кај неговите началници против кои не се водат постапки. Добро знае дека има одговорност и кај низа други актуелни функционери против кои, исто така, воопшто не се водат постапки“, вели СДСМ и додава:Тошковски стигна до 2012 година барајќи виновници, но никако не сака да ги види одговорните кои му се пред носот. Правда за Кочани нема да има ако оние кои вечерта можеле да ја спречат трагедијата, а не го направиле тоа, не одговараат.Патетични се изјавите на Тошковски кој прашува каде биле Артан Груби и Перпарим Бајрами. Па токму тој ги пушти да избегаат. До кога ќе глуми опозиција? Откако е на власт повеќе од една година, Тошковски има само скандали – со избегани терористи и челници на ДУИ.Тошковски имаше шанса да биде херој, да го смени системот со тоа што ќе обезбедеше неселективна правда. Но, наместо тоа, реши да биде трагичар и да долее сол на раната на луѓето и семејствата од Кочани.Бркање вештерки од минатото и селективна истрага не е правда за Кочани. Со ова, Тошковски докажа дека тој е системот против кој се борат граѓаните.

Македонија | пред 9 месеци

puls-11

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

„И покрај тоа што поминаа речиси четири недели од трагедијата во Кочани, јавноста сè уште нема добиено одговори на клучните прашања: кој е одговорен за пожарот што се случи во „Пулс“ и кој е одговорен за серијата безбедносни пропусти?“, вели СДСМ и додава:Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле.Не е повикан ниту еден актуелен функционер на распит, не е отворена постапка за никого од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ кои денот на трагедијата, 16 март, биле на позиции.Зошто не се повикуваат оние кои биле на позиции кобната ноќ?Зошто не е проширена истрагата за Кочани иако јавно беше најавено дека ќе се случи?Не смее да има заштитени. Одговорност мора да има – од највисоките па до најниските нивоа. Ова не е политичко прашање. Ова е прашање на правда, доверба и достоинство.Граѓаните, семејствата на жртвите, сите, имаат право на вистина. Имаат право да знаат што точно се случи и кој ќе понесе одговорноост. Одговорност мора да има, и тоа на сите нивоа.СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна, транспарентна и неселективна истрага. Правда за Кочани мора да има. А таа правда мора да стигне – да биде јасна, видлива и неизбежна.

Македонија | пред 9 месеци

puls-6

Наместо неселeктивна правда за Кочани- МВР гони млади за Фејсбук статуси, обвинува СДСМ

„Изминува четвртата недела од страшната несреќа во Кочани во која згасна 61 живот а 200 луѓе беа повредени“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ и додава:Истрагата за најголемата несреќа во поновата македонска историја сè уште не дава одговори на клучните прашања:Кој е одговорен за пожарот во „Пулс“ и за сериозните пропусти на безбедносните институции?Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле.Ниту еден функционер од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ не е повикан на распит, ниту опфатен со постапка.Наместо тоа, МВР поднесува кривични пријави против граѓани за објави на Фејсбук кои јавно бараат правда и неселективна истрага.Дури и на младите кои протестираа во Кочани и го изразуваа својот револт за загубените животи на нивните другари и другарки МВР им поднела кривични пријави.Не се повикуваат оние кои биле на функции, нема кривични пријави, ама затоа се гонат младите кои пишуваат на Фесјбук и кои бараат одговорност и неселективна правда.Дали МВР смета дека на овој начин некој треба да биде замолчен?Слободата на говор не е закана за истрагата. Младите не се непријатели – тие се совеста на ова општество.СДСМ бара од МВР веднаш да престане со притисоци и гонење на граѓани поради ставови и јавно изразено мислење.Ги повикуваме и Хелсиншкиот комитет и другите организации за човекови права да реагираат.Јавноста со право бара одговори за трагедијата и го поставува прашањето – зошто истрагата е селективна и не ги опфаќа сите инволвирани лица и актуелни функционери?Граѓаните, семејствата на загинатите и целата јавност заслужуваат вистина и правда – не молк и страв.

Македонија | пред 9 месеци

Venko-Brisel-1-1

(Видео) Филипче во Брисел побара европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, туку и процес од геополитичко значење. Ова го истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел.Филипче, во својот говор, нагласи дека во период на динамични геополитички промени, повеќе од било кога е потребна социјалдемократијата како идеологија која нуди приоритет на трансатлантската солидарност, социјалната еднаквост и демографскиот интегритет.„Никаде оваа визија не е повитална како на Балканот и во Северна Македонија, која претставува раскрсница на европските аспирации и современата геополитичка ранливост. Затоа, потребна е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување. Процесот на проширување не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, тој е прашање на надворешно политичко и геополитичко значење“, рече Филипче.Во својот говор, Филипче нагласи дека е неопходно ПЕС и групата СД во Европскиот парламент да преземат активна улога во процесот на проширување на Европската Унија. Според Филипче, социјалдемократските партии треба да предложат целосна и амбициозна агенда која ќе го забрза процесот на интеграција, обезбедувајќи демократска стабилност и напредок во регионот.Тој подвлече дека сеашниот застој за проширување не е само техничко или административно прашање, туку има многу пошироки и опасни последици по демократскиот развој на земјите кандидатки.„Застојот само ги зајакнува авторитарните тенденции и ги зајакнува десничарските и екстремно десничарските политички сили во нивните земји, што оди на штета на демократскиот развој на овие земји. Сега е вистинско време социјалдемократите да го засилат процесот на проширување, во кој предолго беа заложници. Ако Европа и социјалдемократите не го пополнат постоечкиот вакум, тогаш тоа ќе го сторат антидемократските и антиевропските сили“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека социјалдемократските партии треба активно да ја поддржат и убрзаат агендата за проширување на ЕУ, како и да се залагаат за политики кои ќе го зајакнат демократскиот развој во регионот.Говорејќи за евроинтеграцискиот процес во Северна Македонија, Филипче истакна дека Владата не е подготвена да го продолжи процесот, што сериозно ја загрозува иднината на државата.„Се соочуваме со Влада во Северна Македонија која не е подготвена да продолжи со уставните измени, неопходни за започнување на преговарачките поглавја со ЕУ. Македонската влада е пример за немање стратегија, особено во однос на прогресијата на евроинтеграциите. Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени за да продолжи со пристапниот процес“, изјави Филипче.Конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д ,,Вили Брант" за проширување на ЕУ“, во Брисел, се одржа во организација на прогресивната Алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент.

Македонија | пред 9 месеци

filipce

Филипче: Лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.„Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, за 10 месеци само покажа дека не знае, не умее, и што е најстрашно – не сака да се справи со реалните проблеми на луѓето. Понеспособна Влада државата немала никогаш досега. Нема ниту една област и сфера во којшто нешто добро се случува. Гледајте што се случува со платите на работниците, ги убедуваат дека можат да живеат со 400 евра месечно. Видете што се случува во земјоделството, сите субвенции се намалени. Видете какви катастрофални политики се воведуваат во образованието. Видете што се случува во здравството. Здравството е на колена.“, рече ФилипчеФилипче најави силна и консолидирана СДСМ подготвена за борба на сите нивоа: „Ќе бидеме гласни, ќе бидеме искрени и ќе покажеме дека постои алтернатива. Да ја вратиме државата на вистинскиот пат, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани.?si=Nyyy0iK-JR8fB-VF

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-06-at-21.17.50

Филипче по победата во СДСМ: Почнуваме со анкети за локални, но и борба со најнеспособната Влада

Старо-новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче, се заблагодари за довербата на членовите и посочи дека се подготвуваат за локалните избори, како и за борба со Владата. Тој посочи дека Владата е неспособна, а за локалните избори најави лица кои ќе имаат кредибилитет.„Ова не е само моја победа, туку заедничка победа, на сите членови на СДСМ кои искрено веруваат во правичноста, напредокот, еднавкоста. Тоа што добив дупло повеќе гласови од претходниот пат е потврда дека нашата интензивна работа дава резултат. Ова е доказ дека изборниот процес не е технички организиран, туку членовите веруваат во нашите политики. И така ќе продолжиме, секојаидеја ќе биде добро анализирана, скеој ќе биде слушнат, а ако е добра ќе биде вградена во нашите политики“, рече Венко Филипче, реизбраниот претседател на СДСМ.Тој рече дека првата борба се локалните избори, па најави дека почнуваат со анкети помеѓу членството, но и граѓаните. Прашан дали ќе има коалиција со ДУИ, Филипче рече дека засега немаат разговори.„Во следниот период почнува сериозната припрема за локалните избори. Ќе ги избереме луѓето кои најдобро ќе нѐ претстават, луѓето кои ќе имаат кредибилитет да излезат во своите средини, пред своите пријатели и познаници, луѓе на кои ќе може да се верува дека ќе ги исполнат програмите. Ќе се бориме во многу општини со политичкиот противник ВМРО-ДПМНЕ. За жал, нивните градоначалници не ги водат општините како што треба, нема проекти за доброто на граѓаните. Тоа го гледаме преку Градот Скопје, видете на што ни личи метрополата. Нема редовен превоз, нема чисти улици, нема проекти“, рече Филипче.Посочи дека втората тешка борба е борбата со Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ.„Понеспособна Влада државава немала никогаш до сега. Затоа имаме обврска кон граѓаните да покажеме дека сме спремни, дека умееме и знаеме да се бориме за доброто на државата, дека ќе ја вратиме на европскиот пат. Нема ни една област и свера во која добро се случува“, додаде Филипче.Тој и порача на Владата дека СДСМ е силна, спремна и консолидирана, дека се враќаат на победничите патеки.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-06-at-21.13.59

Филипче добил 18.001 глас за претседател на СДСМ, немало никој против, а има 139 неважечки ливчиња

18.140 члена гласаа за нов претседател на СДСМ, со единствен пријавен кандидат, актуелниот лидер, Венко Филипче. Тој добил 18.001 глас, а имало 139 неважечки ливчиња, соопшти Бранко Георгиевски – претседател на Централната изборна комисија од партиското седиште, по што ова беше поздравено со долг аплауз.„Му честитам претседателот Венко Филипче за четири годишниот мандат“, рече Георгиевски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

(Видео) Со Тошковски на чело МВР е во хаос, бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад!, велат од СДСМ

„Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и поредок. МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Скандалот во Дебар Маало по којзнае кој пат го потврди нефункционирањето на МВР ама го покажа и каубојското аздисување на бодигардите на функционерите на власт.Двајца полициски службеници, обезбедувачи на претседателката на државата лажно тврделе дека погрешни паркираното „порше“ на Срѓан Керим е службено.Тие барале „поршето“ на Керим да не биде кренато од пајакот, тие поттикнале неказнивост.Да не беше реакцијата на младите и овој случај ќе беше заташкан. Но по бурните реакции МВР беше принудена да поведе дисциплински постапки.Но, факе е дека во последниве 9 месеци, како на лента се редат скандал по скандал со телохранители на највисоките државни функционери:Од обезбедувањето на премиерот Мицкоски, едниот оддавал државни тајни другиот нападна полицаец попречувајќи акција против дрога.Обезбедувањето на Гаши направи инцидент на скопскиот аеродром, извади пиштол, турна и нападна полицаец.Сега обезбедувањето на претседателката вмешана во скандалот во Дебар Маало.Ова не се изолирани инциденти – ова е системски распад на безбедносниот апарат! Полицајци кои треба да не чуваат – работат за интересите на криминалци, моќници и тајкуни.На чело на сите нив е Панче Тошковски – како министер кој го дозволи овој распад во МВР.Сите овие инциденти отвораат сериозни прашања за целосна нефункционалност за безбедносниот апарат, за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.Нема ред и поредок, нема одговорност.Вака не може! Одговорност мора да има и таа мора да започне со најодговорниот а тоа е министерот Панче Тошковски.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања