СДСМ

vmro_dpmne

Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на СДСМ.Тие додаваат:Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС.Нивната тактика е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази. Се расфрлаат со бројки и воопштени квалификации со цел да внесат сомнеж иако за своите тврдења немаат никакви докази.Распишувањето на тендери не е криминал, но провизиите од тендери за вакцини против корона какви набавуваше Венко Филипче е криминал.Веројатно се работи за потсвест и меморија уште кога СДС беше власт па во секој тендер гледа криминал, но Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во согласност со законите и процедурите, штитејќи го интересот на граѓаните.Вистината е дека тендерите за кои збори СДС генерално се истите и со истата тематика како и во времето на нивната влада. Разликата е тоа што тогаш исклучиво сите тендери ги добиваше омилената агенција Рејтинг на Спасов, агенцијата која и сега го работи ПР на СДС, а денес има конкуренција и цените паѓаат. Да потсетиме дека СДС беше партијата која потроши милиони евра за измислен настан во Борис Трајковски.Главното прашање денес не е зошто се распишуваат тендери, туку што има незаконско во нив?Одговорот е дека се е законски.Овие прес-конференции на СДС се обид за ширење на хистерија за оттргнување на фактот што тие се безидејни и синоним за криминал, неспособност и предавства.

Македонија | пред 7 месеци

Нема фотографија

780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски, вели СДСМ

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на граѓаните. Летаат тендери, јавни набавки, власта на големо троши пари ама за лична промоција и политички маркетинг“, вели Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ и додава:На ангро се перат пари.Каде завршуваат народните пари? Во чии џебови?Денеска ќе објавиме уште еден скандал.Додека семејствата на загинатите во Кочани немаат никаква поддршка од владата, додека болниците немаат никакви услови, кочанската болница е во хаос, Владата предводена од Мицкоски троши милиони од државниот буџет за да си го „билда“рејтингот!Владата склучила договор со бугарска фирма за фотографирање, снимање видеа и спроведување кампањи. Не за граѓаните, туку за промоција на Мицкоски и неговите „успеси“. И тоа – не било каде, туку преку бугарска компанија.Додека во Македонија граѓаните едвај преживуваат, не можат да наполнат цела кошничка во маркет, Владата ќе фрла астрономски суми, 1.500 денари за една фотографија и над 15.000 денари за едно видео.Вкупно 380 илјади евра!Претходно Владата склучи договор вреден 400.000 евра за анкети за мерење на рејтигнот на Мицкоски. Анкети, спотови, слики – 780.000 евра народни пари за да се продава лажната слика.Пари за реални проблеми нема. Пари за болници нема. Пари за семејства од Кочани – нема.Но затоа има пари за „спотче“, сликичка и комуникациски кампањи за Мицкоски!780 илјади евра за маркетинг на владата само со две јавни набавки!Ова е класичен грабеж и перење на народни пари и ништо друго.СДСМ бара итна истрага за начинот на кој се трошат државните пари. Ги повикуваме Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да отворат постапки за овој случај. Доста беше молк и амнестија!Македонија не смее да стане заложник на тендерски шеми на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат правда, поддршка и вистински проекти – не пропаганда!

Македонија | пред 7 месеци

modul

Тетово и Кочани – две вистини, две трагедии, а каква правда: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со прес-конференции денес

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе открива која е вистината за запалената модуларна болница во Тетово, каде живи изгореа пациенти и нивни блиски кои биле на посета. Во исто време, СДСМ соопшти дека ќе ја објавува вистината за Кочани оти се штителе функционери од власта. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе за започне денеска на пладне.„Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. „Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово. 14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше? ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Еден час подоцна, прес за Кочани ќе одржи СДСМ.„СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани. Во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери! Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат. Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 месеци

BKuzeska2

СДСМ: Скандалозна одлука за Христовски - Обвинителството како партиски инстриумент на ВМРО-ДПМНЕ

„Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се претвора во пртиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Наместо целосно независен орган ослободен од прангите на политиката се става во одбрана на незаконското назначување за директорот на АНБ.Селективниот пристап и бројните недоследности фрлаат црна дамка за целата постапка која е контрадикторна со веќе завршени постапки со судска разрешница.Зошто Обвинителството не побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите?Зошто не е постапено исто како со двете директорки на училишта и директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени токму за користење лажни ТОЕФЛ сертификати од истото место како Христовски?Има судски пресуди за кои одговорите се обезбедени директно од ETS и тоа за само неколку денови. Сега, кога станува збор за партискиот кадар на ВМРО-ДПМНЕ, оваа постапка е игнорирана.Шест месеци Обвинителството чека одговор од Бугарија, при што признава дека тој одговор е нецелосен. И врз база на нецелосен одговор како се носи одлука?При тоа целосно се игнорираат и јавно достапните истражувања, документи, снимки и изјави кои јасно укажуваат на тоа дека ова јазично студиот не издава ТЕОФЛ сертификати.Дополнително, има и други отворени контрадикторности: Христовски тврди дека полагал во Пловдив, а Обвинителството вели дека полагал од дома. И сè тоа треба да веруваме дека е во ред?Или ако си кадар на ВМРО-ДПМНЕ се може?Ова е селективна правда, ова е политичка одбрана за спас на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.Оваа скандалозна одлука не само што ја руши довербата во институциите, туку и потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски.Се потврдува дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, нема и не може да има правда.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-29-at-12.42.05

Спасовски: Дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Чаир?

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а се однесуваше на најновите случувања со утврдените дивоградби, во општина Чаир, дали тие ќе се отстрануваат и како тоа би се реализирало.Во продолжение интегрален текст на прашањето:Третото прашање сакам да го поставам до министерот за транспорт и врски. Се однесува на најновите случувања кои се однесуваат на утврдените дивоградби, да речеме во општина Чаир.Меѓутоа, тоа не е само случај во една општина. Според најавите, според информациите – особено по случајот во Кочани – постојат многу објекти, дивоградби, за кои се утврдени, издадени решенија и слично, но не се извршени. Навистина сметам дека ова се многу сензитивни прашања, во однос на дивоградбите, особено по случувањата во Кочани, бидејќи една од клучните работи е да видиме што и како понатаму.Дали ќе се решаваат на некаков начин, дали ќе имаме одредено решение?Знаеме дека беа засегнати и угостителите, бидејќи еден добар дел од тие објекти се издадени со некакви одлуки за времени објекти, урбана опрема итн. Но, сигурно дека постојат и објекти кои се изградени без никаква дозвола, или сè уште се градат без никакви одобренија за градба.Знаеме дека, сега неколку пати дојде до промени на законското решение – во делот на Законот за градење, токму во делот на издавањето на дозволите.Имаше промена во која, ако се издаде незаконска дозвола или не се исполнат условите, тој што ја издава ќе носи одговорност – и тоа е така и треба да биде.Меѓутоа, другата промена е: доколку ги исполнува сите услови апликантот, а не му се издаде дозволата – да нема никаква одговорност од страна на градоначалникот или оној што ги издава.Моето прашање е конкретно во однос на овие ситуации:Сега кога знаеме дека дојде до промена на законската регулатива, според која сите државни инспекторати преминаа под надлежност на соодветните министерства, дали – по овие најави и случувања, не мора само генерално за една општина, има одреден план?Дали Државниот инспекторат за градежништво, под надлежност на министерот, извршил контроли на нови објекти?Дали постои план што и како ќе се прави во однос на овие градби?Дали тие градби имаат можност да се легализираат – дали се вклопуваат во деталните планови? Дали ќе се оди кон отстранување на дивоградбите и како тоа би се реализирало?Мислам дека е добро да знаеме – и ние, и македонската јавност.

Македонија | пред 8 месеци

bogdanka-SDSM-1

СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

„Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта“, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ и додава:Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот.Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фаном фирма ли е?Како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата?Ова е огромен скандал поврзан со Панче Тошковски кој бара итна институционална реакција.Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата, да побараме итно постапување по овие сериозните сомнежи за корупција.Ќе и предадеме документи. Да се истражи до крај, дали станува збор за местен тендер, однапред договорен?Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра?ДКСК мора да отвори предмет, да ги истражи сите факти и конечно – да обезбеди одговорност.Време е ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес.

Македонија | пред 8 месеци

filipce-sdsm-co-1

Се најавува затварање на истрагата за Кочани без обвинение за ниеден актуелен функционер, вели Филипче

Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче го осуди начинот на кој се води истрагата за трагедијата во Кочани и го предупреди институционалниот молк околу одговорноста.„Ситуацијата во Кочани е многу сериозна. Револтот на родителите е огромен. Тие имаат сериозна забелешка за тоа како се води истрагата. Еве се најавува затворање на истрагата – ниту еден од актуелните функционери во МВР не е повикан“, рече Филипче.Тој праша зошто нема одговорност во редовите на полицијата и политичарите: „Каде е тој што беше одговорен од МВР во Кочани, во Штип? Дали ќе го повикаат пратеникот Лефков? Никаде ги нема“, истакна тој.Филипче вели дека семејствата бараат правда, а државата се обидува да ја затвори темата: „Семејствата на загинатите правда бараат луѓето. Немојте да мислите дека овој пристап на владата со којшто проблемот сака да го стави по страна дека ќе им успее“, рече Филипче.Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да се бори низ сите достапни институционални механизми: „Ние немаме друг механизам освен да се бориме со официјалните механизми моментално во Собранието“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 8 месеци

Kuzeska

Нов скандал на Тошковски, тендер од 4 милиони евра за фирми основани пред тендерот, вели Кузеска од СДСМ

„Системска корупција ја јаде земјата“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Се е бизнис интерес, на мала група луѓе околу центрите на моќ на ВМРО-ДПМНЕ.На поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ полека им станува јасно. Нема ништо од гордоста, нема ништо од националните интереси, лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ бил само за лично богатење на поединци. Додека тие се удираат в гради нивните шефови се богатат.Денеска објавуваме нов скандал во Министерството за внатрешни работи водено од Панче Тошковски. Нов сомнителен случај вреден речиси 4 милиони евра, кој ги носи сите обележја на скандалозните тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ.Договори од милионски износи се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки за вакви или за други слични потреби!Некои од нив се отворени буквално 20 дена пред тендерот.Фирмата „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, модно студио со просечен годишен приход од едвај 20.000 евра и само двајца вработени, добива тендер од над 2 милиони евра за шиење специјални полициски униформи.До вчера двајца вработени шиеја фустани, денес со двајца вработени треба да опремат специјални единици! Кој е овде наивен?Фирмата „Памитекс Тим“ е регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без веб-страница, без историја на набавки, без транспарентност.Ете ваква фирма добива тендер од 1.710.000 евра.МВР ги отстранило сите критериуми што би овозможиле транспарентна и правична конкуренција – нема услов за претходно искуство, нема минимум приходи, нема проверка на реални капацитети.Тендерот е шиење по мерка – ама не за полицијата, туку за партиските и бизнис интереси блиски до ВМРО-ДПМНЕ.Ова не е случајност. Ова е дел од тендерските шеми на ВМРО-ДПМНЕ и системската корупција која го јаде општеството.Го прашуваме Тошковски:• Кој навистина ќе ги шие униформите? Каде ќе завршат парите на граѓаните? Кој ќе одговара ако униформите не стигнат, не бидат со потребниот квалитет, или ако бидат неупотребливи за полициските специјалци? Кој ќе одговара?СДСМ бара:• Итна постапка од Јавното обвинителство за сомнежи за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари.• Поништување на скандалозниот тендер.• Отворање нова, транспарентна постапка со објективни критериумиОва е системска корупција која мора да биде истражена до крај.Граѓаните не заслужуваат криминал, туку правда. Ова мора да биде последната капка. СДСМ ќе се бори до крај – за вистината, за одговорност и за казна за сите вмешани![pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Le-brand_250524_130045.pdf" title="Le brand_250524_130045"][pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Pamiteks_250524_130132.pdf"]

Актуелно | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-21-at-19.34.57

Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција, критикува СДСМ

„СДСМ остро ќе се спротивстави на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка“; велат од опозициската партија и додаваат:Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер.Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се „многу пари“. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата.Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како ефтина работна сила.Како претседател на Советот на Град Скопје, ќе остане запаметен како лицето кое го уништи градот. Славески ги водеше битките на Мицкоски со Арсовска, откако им пропаднаа бизнис-зделките.СДСМ е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Силјановска. Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна, ниту пак во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Нема фотографија

Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово, вели СДСМ

„Општина Куманово е само алатка за остварување на приватните бизнис интереси на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски“, вели СДСМ и додава:По скандалот со продажбата на земјиштето кај поранешен ЧИК, излегува нов сомнителен случај – нов скандал, шеми со станови вредни околу 140.000 евра.Одиме по ред.Во 2010 година, Максим Димитриевски купува 10.000 м² земјиште за 10.000 евра. Односно по едно евро за квадрат.Тогаш не е градоначалник, но токму ова земјиште подоцна, кога станува градоначалник, е клучна алатка за оваа сомнителна шема.Во меѓувреме компанијата „Евгенија план ДОО увоз-извоз Куманово, добива дозвола за градење и гради зграда. Но, подолг период од непознати причини, оваа компанија не можела да добие технички прием.Димитиевски станува градоначалник, компанијата не добива дозвола за технички прием, сè до моментот кога кумот на Димитриевски купува два стана во зградата од по 97 кавдрати. Потоа, техничкиот прием е одобрен.Еве го купопродажниот договор за двата стана од по 97 квадрати на кумот на Максим од август 2022 година.Само неколку месеци потоа, истата 2022, еден од тие станови кумот му го префрла на Масксим Димитриевски со размена на недвижност. Ама не за реалната цена од околу 70.000 евра, туку за 2.500 евра.Како е можно стан во Куманово од 97метри кавдартни да го добие Димитриевски за само 2.500 евра?Преку размена за една четвртина од ливадата купена во 2010 година, за едно евро по квадрат.Значи Димитриевски се стекнал со стан во Куманово од 97 кавдарти вреден 70,000 евра за само 2.500 евра.Овој скандал отвора сериозни прашања за можна корупција, перење пари и судир на интереси кои мора да бидат расчистени целосно.-Дали станува збор за перење пари?-Дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на згрдата?-Дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит?СДСМ бара итна истрага од надлежните институции. Куманово заслужува чесно раководство, а не станбени афери и злоупотреби!Јасно е дека Димитриевски не работи за Куманово, туку за себе и за блискиот фамилијарен круг. Но, Куманово не е негова семејна компанија.

пред 8 месеци

300165679_364144309252857_1103966724647570933_n

Синдикалната кошничка поскапува-народот осиромашува а власта не презема ништо, вели СДСМ

„Поразителни се последните податоци, за само еден месец, синдикалната кошничка е поскапена за 1.217 денари. Само за храна и пијалоци, трошоците се зголемени за 954 денари. Денес, на едно четиричлено семејство му требаат речиси 64.000 денари месечно – само за преживување“, велат од СДСМ и додаваат:Ова е директна последица на неспособноста на власта која не презема ништо. Дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.Цените растат, платите стојат, мерки – нема!Додека граѓаните се борат со скапотијата и бројат денари за да обезбедат леб до крајот на месецот, владата троши за октоподи, школки и лосос. Само во април и мај, СОЗР склучила милионски договори вредни 2.2 милиони денари за луксузна храна – додека народот преживува со кредити и одрекувања.Ова не е политика, ова е грабеж!СДСМ бара веднаш владата да ги прифати мерките за:-Покачување на минимална плата на 500 евра-Зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор-Укинување на ДДВ за храна за реално намалување на цените.СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе се бориме за достоинствен живот, за реални плати и економија што работи за народот, а не за министрите.

Македонија | пред 8 месеци

lefkov-semejstva

Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок, вели Тренчевска

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, остро реагира на срамната и небулозна изјава на Миле Лефков, кој по два месеци молк излезе со став дека со предлог-законот за поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани се рушел правниот поредок.„Преслушај се уште еднаш, Лефков, верувам ќе се засрамиш од вакви изјави.“ – реагира Тренчевска.„Закони за интервенција во случаи на вакви трагедии постојат насекаде во светот. Тоа е суштината на законодавството – да се создадат механизми за брза реакција и институционална поддршка за семејствата кои се соочуваат со ваква голгота. Да потсетиме, постои и Закон за бранителите кој предвидува конкретни поволности за одредена категорија граѓани – и никој тогаш не зборуваше за „рушење на правниот поредок“. - пишува на својот Фејбук профил Тренчевска.Таа вели дека очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту чувство за срам, ниту одговорност. Лефков ја отвори вратата, а сега сите по ред од ДПМНЕ ќе ја повторуваат истата мантра.„Ништо не научивте од трагедијата во Кочани. Не само што не понудивте решение, туку не успеавте ниту да се соочите со болката на семејствата, ниту да му помогнете на градот. Наместо поддршка – навреди. Наместо одговорност – политички игри. Дното одамна е пробиено“ - завршува Тренчевска.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_6411

Талески: За жал ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од партиските интереси и да го поддржи законот за Кочани

Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од тесно партиските интереси и да го поддржи законот за помош на настраданите во трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во дебатната емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.Талески нагласи дека целта на овој закон е веднаш да им се излезе во пресрет на граѓаните, на семејствата, на повредените, на сите коишто настрадаа во оваа трагедија и никому не му паѓа на памет да го политизира или да лови некакви политички поени на целиот овој настан.-Предлог законот предвидува да им се помогне на семејствата кои изгубиле член, да им се помогне на повредените со сериозни средства од 1,5 милиони до 5 милиони денари, врз основа на степенот на инвалидитет, да им се помогне на семејствата полесно да се справат и во делот на работните обврски, предвидува 6 месеци платен одмор, да им се помогне на учениците кои подолго време отсуствуваат од настава, рече Талески.Пратеникот на СДСМ уште еднаш упати апел да се донесе законот додавајќи законското решение во собраниска процедура може да се допрецизира со амандмани, бидејќи на овие граѓани подршката им е потребна час поксоро.-Не треба да има некакво политичко надмудрување. Без разлика дали сме власт или опозиција, треба да се излезе надвор од тие теснопартиски интереси, на оние граѓани им е потребна помош и поддршка, рече Талески.Талески го запраша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Левков дали сега може да им погледне во очи на сограѓаните од Кочани откако не го поддржа ова законско решение.-Безобразно евие да седите во Собрание, да се предлага закон за Кочани, да им се помогне на семејстава, на кои им настрадале најблиските и 200 повредени, а вие да молчите. Беше потребна мала човечка доблест од ваша страна да го поддржите законот, не да чекате наредби од Бела палата, нагласи Талески.Во врска со истрагата за трагедијата во Кочани, Талески истакна дека сите бараат правда и правдата колку и да е спора мора да излезе на виделина.-Џабе декларативни заложби од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ја пропуштија шансата да им веруваме, нагласи пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Македонија | пред 8 месеци

filipce-sdsm-co-2

Не се свесни за револтот и гневот кај луѓето, граѓаните ќе го кажат резултатот на локалните избори, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека граѓаните ќе кажат каков ќе биде резултатот на локалните избори, а откако, премиерот Христијан Мицкоски им прогнозираше дека нема да освојат ни еден градоначалник. Филипче смета дека има револт кај граѓаните.„Чаурата на власта каде се наоѓа, е сѐ потесна. Не се свесни за револтот и гневот кој луѓето го чувствуваат. Заради платите, трошоците, притисокот кој го прават на фирмите, немањето на поврат на ДДВ, револтот кој се излива на улиците по трагедијата во Кочани каде загинаа 62 деца. Никој не ги примил и сослушал родителите кои имаат што да кажат и побараат“, рече Филипче.Тој додаде дека не бил поддржан ниту законот на СДСМ за Кочани, во кој немало политика, туку само помош.„Каков ќе биде резултат на локалните избори, може да кажат граѓаните. Дали сакаат да живеат во ваква, на периферија во Европа, задолжена до гуша, со камати или проспритетна и европска“, додаде Филипче.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-19-at-11.39.47

Можеби нема да освојат ниту еден градоначалник, иако се конкурентни во четири општини, вели Мицкоски за СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски, прогнозира СДСМ да не освои ниту еден градоначалник, а вели дека засега се конкурентни во четири општини. Тој посочува дека опозициската партија води политика преку која критикува сѐ што Владата прави, а за него, тоа не е во ред, и вели: „Не може да не чини сѐ што ние правиме. Не може сѐ по било која основа да се критикува, вклучувајќи го договорот со Обединетото кралство“.„Јас очекувам врз основа на бројките, убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Јасен бев вчера, можеби таму каде е конкурентен СДСМ се максимум четири општини, иако да бидам искрен, ако вака неодговорно се однесуваат, можеби и да нема да освојат општина на следните локални избори“, рече Мицкоски.На крајот од месецов, односно на 28 мај е закажана седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Ќе направиме листа со десетици имиња кои ќе ги претставам на Извршниот комитет, а ако добијат зелено светло одат на Централен комитет за да се одобри кандидатурата на идните градоначалници“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања