СДСМ

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност поради „Пулс“

„Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден“, вели СДСМ и додава:Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“.Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче Тошковски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги заштитат и да ја прикријат одговорноста.Тие бранеа и криеја свои функционери, лажеа јавноста и вршеа притисоци врз Обвинителството за да не се постапува против нивните кадри кои се докажано директно одговрни за пожарот во кој изгореа 62 деца.Александар Јанев, како прв човек на БЈБ, има директна одговорност за своите подредени. Тој ги поставил, тој давал наредби – и затоа мора да понесе оставка и да следи кривична одговорност.Истото важи и за Панче Тошковски, кој целиот период ја штитеше структурата во полицијата и тврдеше дека нема вина.Христијан Мицкоски, пак, со недели ја користеше трагедијата за политички напади, обвинувајќи ги сите освен оние што ги поставил на функција. Ги лажеше родителите, ја манипулираше јавноста и се обидуваше да ја задуши вистината.Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски – нема целосна правда. А правда за Кочани мора да има.

Македонија | пред 7 месеци

sednica-co-sdsm-1

По апсењето на полицајците од Кочани, СДСМ пак бара оставки

„СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани“, вели СДСМ и додава:Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани.Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ.Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани.Време е за одговорност, време е за оставки.

Македонија | пред 7 месеци

trajko-slavevski-pretres-2

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, вели СДСМ

„Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, уште на почетокот го покажа својот вистински лик – надмен, без допир со реалноста и на страната на крупниот капитал, а не на граѓаните“, вели СДСМ и додава:„Славески изјави дека минималната плата не гарантира пристоен живот и дека „не е срамота да се работи по две-три работи“. Тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, земал плата над 3000 евра, и сега ги поучува граѓаните дека не треба да очекуваат повеќе – туку да се распарчуваат на три фронта за да преживеат.Трајко Славески очигледно не знае дека не се сите како него. Не се сите на државна плата, не се сите родени со функција и поврзани со елитата. Народот што секој ден се бори со инфлација, со скапа храна, со растечки трошоци, не може да живее од советите на Славески. На граѓаните им треба реална плата и заштита од кражбата на маркетите.Отпорот на Славески кон замрзнување на маржите и цените значи едно: поддршка за профитите на трговските ланци, а не за интересите на граѓаните. Со вакви изјави, јасно е дека Трајко Славески ќе биде гласноговорник на богатиот слој што живее во паралелна реалност. Македонија не смее да има гувернер кој со презир зборува за оние што живеат од минималец.Дали Мицкоски ги дели ставовите на Славеси или токму тој го инструира вака да зборува и ги потценува граѓаните? Дали поддржува гувернер кој мисли дека борбата за достоинствен живот е „извртување на значењето“?Како претседател на Советот го уништи градот Скопје, сега како Гуверер очигледно ќе ја уништува и моинетарната политика.Трајко Славески не е човекот што и треба на Народната банка, а уште помалку на македонскиот народ.

Македонија | пред 7 месеци

zaev-filipce-1

Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче - Заев - Зобек мининг, бара Петрушевски

„Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Венко Филипче сега кога е претседател на СДС е сè уште и управител на бугарска фирма.Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија со фирмата на Заев која наплатила 9 милиони евра за ископ на јаглен во Грција од фирмата која го продавала на ЕСМ.Фирмата која го продавала јагленот на ЕСМ е фирмата која му го купи луксузниот џип ауди Q8 на Венко Филипче.Овој криминален круг, Заев, Филипче, Зобек мининг мора да биде растурен.Очекуваме ЈО да отвори постапка. Премногу очигледни и на тацна се сите давања и земања, и многу лесно се гледа политичкото влијание. А наградата, џипот за Филипче е крунски доказ, од каде почнува се.ЈО да не молчи. Постапка веднаш. Во спротива ќе се испостави дека се само заштитници на криминалците од СДС.

Македонија | пред 7 месеци

puls-35-1

Апсењето на Нацев предизвика политичка војна: „Правда за сите“ или „жртвено јагне за ПР“?

Апсењето на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување поврзана со трагедијата во Кочани, денеска предизвика лавина реакции и отвори нов политички фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Двете најголеми партии со сосема различни толкувања за потегот на институциите – едните го нарекоа „доказ дека има правда за сите“, а другите „закаснето апсење и ПР-фасада“.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека апсењето на нивниот член е потврда дека институциите функционираат без разлика на партиска припадност:„Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите. Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија.“Од таму ги повикаа СДСМ да престанат со, како што велат, „секојдневни пресуди без докази“ и додадоа дека првпат во историјата на државата, одговорност има за сите.Но, СДСМ го оцени апсењето како задоцнето и режирано, со цел да се заштитат повисоките ешалони на власта:„Три месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ негираше секаква вмешаност на Нацев. Сега, кога веќе не може да се скрие вистината, ВМРО-ДПМНЕ го користи Нацев како жртвено јагне.“Според СДСМ, вистинската правда ќе дојде дури кога ќе се отвори истрага и за луѓето кои, како што велат, денес се под заштита на лидерот Мицкоски. Укажуваат и дека дел од поранешни полициски функционери поврзани со настанот се дел од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.Во контекстот на трагедијата што ја потресе јавноста, политичката дебата добива сѐ поголема тежина, а граѓаните – особено семејствата на жртвите – бараат вистинска, а не селективна правда.

Македонија | пред 7 месеци

puls-35-1

Се случува организирано прикривање на одговорните во Кочани, велат од СДСМ

„За најголемата несреќа во поновата историја на нашата држава, на семејстата, жртвите, на граѓаните, државата им ја должи целосната вистина, им должи правда и одговорност на виновниците“, велат од СДСМ и додаваат:Од прв до последен.Но, наместо истрага која ќе ги опфати сите актуелни функционери и полициски службеници, наместо правда – гледаме селективност и заштита на виновниците.Наместо институционално расчистување – се случува организирано прикривање од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ.Од што се плаши власта, од што се плаши премиерот Христијан Мицкоски?Дали главната причина е дека одговорноста води директно до врвот на власта?Како е можно да нема одговорност кај полициските службеници кои на денот на пожарот биле на позиции и биле задолжени за безбедноста и одговорни за постапувањето на полицијата?Како е можно надлежните да не одговараат за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 деца го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?Дали ВМРО-ДПМНЕ е над сите закони во земјава?Тоа што се партиски членови и блиски до ВМРО-ДПМНЕ или тоа што се блиски до Мицкоски и Тошковски е причината?СДСМ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде заташкана. Ќе се бориме сè додека не бидат изведени пред лицето на правдата сите одговорни.За загинатите деца, за нивните семејства и за иднината на оваа држава – мора да има правда за Кочани.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Вработените во МЗ знаеле дека договорот и анексот на Филипче се коруптивни и криминални, одбивале да ги потпишат, вели Манасиевски за модуларната во Тетово

„Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека Венко Филипче направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:„Ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Венко Филипче, кој тој го изготвил по пожарот во модуларната болница и смртта на 14-те лица во Тетово, со цел да се спаси од одговорност.Венко Филипче и СДС ги потцениле вработените во Министерството за здравство, кои одбиле да го потпишат анексот на договорот кој го направил Филипче, бидејќи во ревизорскиот извештај се констатирани пропусти и противзаконски дејствија.Имено, по заминувањето на Филипче од МЗ, се прави извештај со правно мислење за анексот кој Филипче го има потпишано, и во извештајот стои дека договорот најитно треба да се раскине, а анексот на Филипче да се прогласи за ништовен – со цел да се спречат идни незаконски, правни и фискални импликации.Лицето кое ја обавувало функцијата проектен менаџер, не постапило по извештајот на проектната единица и на своја рака продолжувало да комуницира со изведувачот. Истото лице врши притисок да се продолжи реализацијата според основниот договор и да се наплаќа по тие цени, но вработените, свесни дека овој договор е коруптивен и криминален, одбиваат да се потпишат.По долг период на непостапување, проектниот менаџер не го раскинува договорот, и до септември 2022 година не презема ништо – со што го става изведувачот во поволна состојба за поднесување тужба за надомест на штета.Тогашниот министер Беким Сали бара внатрешен ревизорски извештај, кој е подготвен кон крајот на јануари 2023 година. Тој заминува од Министерството за здравство на почетокот на февруари 2023, а на негово место доаѓа Фатмир Меџити, кој го игнорира извештајот како да не постои.Министерството, поради тужби за камати, доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите. Владата носи одлука на 11.07.2023 година со која се одобрува исплата преку спогодба.Е сега тука е клучниот момент:Никој од проектната единица не сака да ја потпише спогодбата.Зошто?Затоа што знаат колку е корумпирана и криминална оваа работа, со 20% провизија која завршила во нечиј џеб.Почитувани, ова е вистинското лице на Венко Филипче, кое го штити Јавното обвинителство. Наместо да се отвори постапка против Филипче, целиот овој процес стои во некоја фиока и не се постапува.

Македонија | пред 7 месеци

puls-35-1

Правда за Кочани, зошто нема одговорност за полицискиот врв по пожарот во ‘Пулс’?, прашува Костовски

„Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени?“, прашува Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ и додава:Дали обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе по наредба на Христијан Мицкоски?Зошто Христијан Мицкоски лично и директно ја попречува истрагата за Кочани?Дали се плаши дека доколку обвинителството постапи соогласно закон, истрагата за пожарот ќе доведе до него?Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од година дена е началник за криминалистички работи во Кочани?Дали и Донев како и останатите полициски функционери на ДПМНЕ во Штип и Кочани е дел од параполициските партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ кои рекетираат и аминуваат криминал во Источна Македонија?Дали Томо Донев е изоставен само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и редовно ги посетувал состаноците на партијата во Кочани?Како е можно и покрај сите информации кои ги имала полицијата, службени белешки од полициски службеници, објави на социјални мрежи дека во дискотеката нелегално се користат пиротехнички материјали, началникот за криминалистички работи кој е надлежен над сите инспектори во Кочани да не одговара за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 лица го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?Како е можно да нема одговорност кај полицијата за нелегалната употреба на пиротехнички материјали?Токму Томо Донев е по херархија надреден над Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи во Кочани кој морал по Закон да врши надзор над употребата на пиртотехника во градот.Како е можно и покрај сите јавно објавени фотографии од дискотеката Пулс на кои се гледа нелегално се користи пирхотеника никој да не направи надзор и контрола дали оние кои управувале со пиротехниката имаат дозвола за ракување со истата?Дали партијата е пред правдата?Дали личните интереси на Христијан Мицкоски се поважни од солзите на мајките во Кочани?До кога обвинителството ќе молчи пред фактите и доказите кои упатуваат на кривична одговорност кај голем број актуелни полициски функционери?СДСМ нема да запре со име и презиме да ги именува оние кои ја завија Македонија во црно. Правда за Кочани мора да има. СДСМ продолжува со серијата на прес-конференции насловени „Вистината за Кочани“.

Македонија | пред 7 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Политичка војна по трагедиите: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за „Пулс“ и модуларната болница во Тетово

Неколку дена со ред, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се напаѓаат за тоа кој е виновен за трагедијата во дискотеката „Пулс“, но и за пожарот во модуларната болница во Тетово. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се во насока дека вина за објектот кој изгоре, а во кои имаше пациенти, има претседателот на СДСМ, а тогашен министер за здравство, Венко Филипче.„Немаат крај скандалите на Венко Филипче. По досега изнесените информации во Аферата – Провизии кои чинат животи, од кои се утврди дека на Филипче како министер за здравство важни му биле само профитите, на површина излегуваат дополнителни скандали. Венко Филипче е директно одговорен и виновен за набавката на модуларните болници, со лош квалитет и леснозапалив материјал, поради што тетовската, во која животот го загубија 14 луѓе, целосно изгоре за само две минути. Според информациите кои стигнаа до нас, тогашниот министер за здравство, Филипче лично ја подготвил спецификацијата за тендерската постапка, каде што модуларните болници биле набавени како стоки. Лично тој ја дал готовата техничка спецификација во одделот на Министерството за здравство задолжено за спроведување на набавката. Ова го потврдува одговорното лице од Министерството за здравство кое се потпишало на спецификацијата дадена од Филипче лично, во исказ пред Јавното обвинителство. Лицето кое Венко Филипче го назначил за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници, во исказот вели дека не ја изготвило техничката спецификација, туку само сум ја проследило по налог на министерот, до министерот за труд и социјална политика“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Еден час подоцна стигна соопштение и од СДСМ. Тие велат дека власта ги штити виновниците.„Нема правда за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 деца, а над 200 беа повредени. Поминаа речиси три месеци, а Обвинителството не покрена ниту едно обвинение против актуелни функционери на власта кои биле на функции. Тоа не може да биде случајно. Тоа е организирана заштита од власта. Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани? Дали се плаши дека ако истрагата ја следи вистината, таа ќе стигне до врвот на власта? Дали затоа се штитат вистинските виновници? Началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, и покрај тоа што била на функција за време на трагедијата, остана недопирлива. Зошто не одговара за тоа што не постапила по службените белешки за незаконското работење на „Пулс“? Зошто не одговара за затворената врата – клучен фактор за смртта на десетици млади? Зошто не е обвинет сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого има индиции дека бил директно инволвиран во незаконско затворање на дискотеката? Иако има сведочења за негов контакт со сопственикот и контроли надвор од процедура – Петрушев не се гони. Можеби затоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ? И Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, е недопирлив“, велат од СДСМ.Ваквите преписки придружени со прес-конференции траат со денови.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-sobranie3

Без одобрение, Филипче пушта во употреба модуларни болници од леснозапалив материјал, од кои најверојатно профитирал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Аферата „Провизиите кои чинат животи“, го разобличи и го покажа вистинскиот Венко Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Јавноста можеше да види како на Филипче како министер за здравство, профитот и провизиите му биле на прво место, наместо безбедноста и здравјето на пациентите и на граѓаните, воопшто.Таквата негова лакомост за провизии доведе до пожар во модуларната во Тетово која целосно изгоре за само две минути, во која живи изгореа 14 македонски граѓани кои во болницата дојдоа по лек.Во корона периодот, само заради профит и провизии, Филипче дозволил изградба на модуларни болници низ државата, во која не смеело да се извршува здравствена дејност.За изградбата на овие болници со заем од Светска Банка, не се почитувале ни Законот за градење, ни Законот за здравствена дејност, а не се почитувале ни минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.Болниците биле набавени како стоки, која резултираа од леснозапалив материјал, а ваквата спорна тендерската спецификација ја подготвило лице во Министерството за здравство, поставено лично од Филипче.Бидејќи болниците се набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, Катастар одвивал изврши упис, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат ниту одобрение за употреба по правилник за простор, опрема и кадар.Токму поради ова, директорите на болниците низ државата одбивале да ги примат и да ги стават во употреба.Таков е и примерот со Артан Етеми, поранешниот економски директор на Тетовската болница, кој е осуден на 1,5 година затвор за трагичниот настан, одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба бидејќи и таа, како и останатите, немале приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци и да ангажираат фирми.Во моментот на трагичниот настан во модуларната во Тетово, каде загинаа 14 луѓе, нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство, туку тие се пуштени во употреба со лична одлука на Венко Филипче.И ова не е се. За да се спаси од одговорност, но и дополнително да профитира, после трагедија во модуларната во Тетово, додека Македонија се уште беше во шок и во тага, Филипче склучува анекс на договор со фирмата која ги гради модуларните болници и ја зголемил цената за 20%, за да се променат материјалите во другите болници низ државата.Член 2 од Анексот бр. 23-1431/63 од 20.12.2021 е во целост спротивен на Основниот договор и истиот е ништовен согласно член 116, 117 и 119 во врска со член 39 и 41 од ЗОО.Филипче, со противзаконски и ништовен Анекс му овозможува на изведувачот на модуларните болници зголемување на цената за 20%, наместо да му наложи на сопствен трошок да ги направи модуларните огноотпорни.Дали причината за пожарот на модуларната во Тетово се 20% и каде завршиле тие?Јавноста мора да ја дознае вистината за Модуларната болница.

Македонија | пред 7 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има, а се штитат виновниците, вели СДСМ

„Вистината за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 деца а над 200 беа повредени излегува на виделина!“, вели СДСМ и додава:Вистината за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 деца а над 200 беа повредени излегува на виделина!Власта свесно и организирано ги штити вистинските виновници. Обвинителството ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта.Нема одговор зошто не се опфатени клучни луѓе кои биле на високи позиции од актуелната власт.Зошто не е опфатена началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, која била на позиција кога се случил пожарот, и која не презела никакви мерки и покрај службените белешки дека дискотеката работи незаконски?Зошто Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?Зошто Драган Казак Петрушев, сменоводител во МВР, за кого има индиции дека лично учествувал во затворање на вратите на дискотеката спротивно на процедурите исто така не е опфатен?Не се го гони Петрушев, иако според сведочењата имал контакт со сопственикот на дискотеката и спроведувал контрола надвор од стандардната процедура?Дали Петрушев е заштитен затоа што е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани?За Дејан Салтировски, началник на СВР Штип и покрај информациите за неговата улога кобната вечер, и покрај сомнежите за фалсификати во документацијата за акциската контрола, нема никакво обвинение?Дали Салтировски е заштитен поради кумовската врска со Орце Тодоровски – Ефто, близок човек на Мицкоски?Родитетелите, мајките и татковците завиени во црно најмалку што заслужуваат е правда, одговорност од сите, а не политичка заштита на виновниците.Обивнителството мора да се оттргне од власта и да делува. Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Македонија | пред 7 месеци

puls-40

(Видео) Дали постои снимка на која се гледа дека Петрушев ги заклучува вратите на „Пулс“? Тој е втор кој е заштитен, вели Илиевски

„Мицкоски и Коцевски ја продолжуваат голготата на родителите од Кочани кои речиси три месеци бараат правда за нивните починати деца“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:Христијан Мицкоски не може да ги погледне овие луѓе во очи затоа што прави се за вистинските виновници за смртта на нивните деца да ги заштити и никогаш да не го видат лицето на правдата.Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта ниту еден актуелен државен функционер не е опфатен со истрагата на обвинителството.Коцевски и Мицкоски им должат одговор на родителите од Кочани зошто досега нема обвинение против Драган Казак Петрушев сменоводител кој вечерта раководел со акциската контрола во дискотеката Пулс?Дали е точно дека постои снимка на која се гледа дека лично Драган Петрушев спротивно на стандардните оперативни процедури ги заклучува вратите на дискотеката Пулс и не дозволува никој да го напушти објектот?Ако обвинителството поседува ваква снимка од безбедносните камери на дискотеката зошто досега нема обвинение против Петрушев?Дали Драган Петрушев има објаснување зошто акциската контола на објектот Пулс не ја прави во 12:30 часот на почетокот на забавата туку спротивно на добиената наредба прави контрола во друг објект, па дури при крајот на забавата во Пулс прави контрола во објектот кој бил должен да го контролира согласно наредбата уште во 12:30 часот?Мицкоски и Коцевски мора да им одговорат на родителите дали постоела комуникација помеѓу сопственикот на дискотеката и Драган Петрушев и дали барањето од газда Деко било да се прави акциска контрола пред крајот на забавата со цел да го зголеми профитот?Дали е точно дека против Петрушев се води уште една постапка за издавање на службена тајна и контакт со криминалци кои наместо да ги гони ги информирал за постапките кои се водат против нив?Дали Драган Казак Петрушев е заштитен затоа што е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и ги врши валканите работи на партијата во градот со години?Дали можеби Петрушев е заштитен затоа што поседува компромитирачки материјали за истакнати функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и пратеници?Зошто Петрушев присуствува на речиси секој протест во Кочани во формален капацитет како полицаец, дали целта на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски е да ги заплашува родителите на починатите од Кочани да не говорат за што се случувало кобната вечер?Колку време е оставено на вистинските виновници за трагедијата во Кочани да прикриваа и уништуваат докази?Колку време им е оставено вистинските виновници да прават притисок врз сведоците и оштетените, да им се закаануваат на родитиелите на починатите во Пулс?СДСМ остави повеќе од доволно време институциите да донесат правда за жртвите на ова власт, но по се изгледа залудно.СДСМ нема да дозволи да нема правда за 62 починати млади деца и 200 повредени кои се директни жртви на институциите со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ!СДСМ на целата македонска јавност ќе и ја обзнани вистината за трагедијата во Кочани.Продолжуваме со објавување на Вистината за трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 7 месеци

rabotnik-gradezen-

(Видео) Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир, вели СДСМ

„Урбаната мафија не спие ниту за викенди“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје и додава:Наместо да се бара одговорност и да се спречат сите компромитирачки дејствија во врска со 150 дивоградби во Чаир, ситуацијата добива нови размери, а мрежата на инволиврани во овој мега скандал се проширува.Последните информации покажуваат фрапантни работи.Катастарот за недвижнини донел решение со кое ги избришал претходно впишаните нелегални „легализации“ за над 150 дивоградби во Чаир, за кои од јавноста дознавме дека биле впишани во Катастарот врз основа на фалсификувани документи.Според информации, доставени до нас од свиркачи, Катастарот донел решение за бришење на решение за впишување на објект, по барање, кое било доставено на 2.мај 2025 година, а архивирано на 25. мај 2025 година.За да биде ситуацијата уште потрагична, општина Чаир носи документ дека на локацијата каде што е изградена зградата било предвидено изградба на улица, но и покрај тоа на тоа место се изградила зграда. Ова решение на општина Чаир потоа исчезнало во општинските лавиринти.Прашуваме, дали во оваа спрега на урбаната мафија е инволвиран и директорот на Катастарот Иван Живковски?Живковски претходно беше претседател на Советот на општина Кисела Вода и претседател на. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кисела Вода.Каква корист имаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од 150 дивоградби во Чаир?Зошто од ВМРО-ДПМНЕ ги штитат подобните од нивниот коалициски партнер ВЛЕН?Недозволиво е институциите да молчат и да го покриваат криминалот на урбаната мафија.ВМРО-ДПМНЕ ветуваше де-ДУИзација, само за да ја промени со ВЛЕН-изација.СДСМ бара институционална разврска за овој мега скандал.Како советничка група во Советот поднесовме и барање за свикување на седница на Советот на Град Скопје.Советот има обврска за вака важно прашање да дискутира, да видиме дали и во други општини под власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ има вакви криминали со дивоградби. Недозволиво е членовите на Советот за вакви прашања да дознава од медиумите.Ги повикуваме сите советници да го поддржат нашето барање. Да покажат одговорност и да ги надминат политичките игри.Граѓаните го бараат тоа од нас, од сите членови на Советот кои со својот глас во Советот одлучуваат за нивните судбини.?feature=shared

Скопје | пред 7 месеци

puls-35-1

Тешки обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип, има снимка кај што се гледа пред „Пулс“ ноќта пред трагедијата

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени“, вели Каја Шукова“, потпретседателка на СДСМ и додава:Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата која го снајде Кочани, а тоа се актуелните функционери на власта.Токму обвинителот Љубомир Коцевски кој беше под закана дека ќе биде сменет од актуелната власт, вчера ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Со што ли го држи Мицкоски Коцевски под своја целосна контрола?СДСМ остави простор истрагата да биде завршена целосно и се надеваше дека ќе има правда. Денес е јасно дека правда нема. Ниеден од актуелните финкционери не е обвинет!Од денес ги поставуваме клучните прашања и ги изнесуваме клучните докази кои очигледно се кријат за да се заштитат оние од власта. Прво заштитено лице е Дејан Салтировски.Обвинителството мора да одговори:Дали постои пишана наредба за акциска контрола во која стои дека вратите на дискотеката Пулс треба да бидат затворени? Ова е спротивно на стандардните операциски процедури. Прашуваме кој бил потпишан на таквата наредба?Зошто ако обвинителството поседува ваков документ нема ниту еден обвинет актуелен полициски функционер од таа вечер?Понатаму, Обвинтелството и Власта мора да одговорат зошто нема обвинение против тогаш актуелниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски? Тој знаел или морал да знае дека во наредбата за акциска контрола спротивно на СОП стои дека ќе бидат затворени вратите во дискотеката Пулс?!Понатаму, зошто обвинителството не го објави јавно видеото на кое се гледа началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски во периодот 12:30 до 01:20 част пред дискотеката Пулс во Кочани.Дали обвинителството го запраша Салтировски што барал во овој период пред дискотеката и зошто полицијата не влегла да врши акциска контрола како што било предвидено во 12:30 часот кога започнува забавата наместо на крајот од истата?Дали Дејан Салтировски во меѓувреме фалсификувал документација дека вечерта не бил на работа или за тоа постојат конкретни докази?Дали Дејан Салтировски е заштитен од кривичен прогон затоа што ее во кумовска врска со Орце Тодоровски - Ефто еден од најблиските соработници и бизнис партнери на Христијан Мицкоски со кој градеше хидроцентрални и кој беше обвинет за милионски криминал во случајот Делчевски ниви?Дали Дејан Салтировски е заштитен лично од Панче Тошковски кој што бил негов адвокат и не само што правно го застапувал туку како вработен во гранична полиција на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски со цел да испумпуваат пари од буџетот на државата?Дали е точно дека Дејан Салтировски подолго време не можел да добие безбеносен сертификат и ако е така како е можно да биде поставен на една така висока позиција во МВР?Мајките завиени во црно и стотиците повредени најмалку што заслужуваат е правда!Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!Вистината за трагедијата во Пулс мора да излезе на виделина! Јавно го повикуваме обвинителството да се ослободи од стегите на властазатоа што селективната правда е неправда!Во меѓувреме СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои ги има поврзани со трагедијата во Кочани се додека нема одговорност за актуелните функционери на власта.Ова е само првиот во серијалот пресови за она што се случувало во кочанската дискотека Пулс.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност, вели Манасиевски

„Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија, кои не исполнуваат минимални стандарди“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:За време на КОВИД кризата, Светска Банка дава 30 милиони евра на МЗ за справување со КОВИД кризата, односно набавка на лекови, опрема и меѓу другото, изградба на нови 16 модуларни болници.Светска банка, проценила дека МЗ нема капацитети да ги менаџира овие пари, па парите се даваат на проектна единица во МТСП, да ги спроведе сите набавки согласно меѓународните правила за потребите на МЗ.Спроведувањето на набавката го прави МТСП, а техничките спецификации и усогласеност на постапка според законски и подзаконски акти за здравствени објекти, го прави лице од МЗ, назначено од Венко Филипче.Е сега, што е тука спорно почитувани,Спорна е техничката спецификација, која ја прави одговорното лице назначено од Венко Филипче, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност, и не се почитувале минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.Исто така многу важно за овој случај, е што овие болници се набавени и поставени како стоки, а стоки во ниту еден случај не можат да бидат користени како објект во кој се обавува здравствена дејност!Пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на Владата, го промениле законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче.Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.За овие работи, има евиденција во проектната единица во МЗ и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023.Почитувани,Од сето ова произлегува дека,Модуларните болници се бесправно и противзаконски поставени и не смеат да бидат користени за вршење на било каква здравствена или медицинска дејност.Оттука, го прашуваме Филипче, дали провизиите чинеа повеќе од животот на граѓаните? Зошто одобрил изградба на модуларни болници противзаконски? Зошто модуларните болници ги квалифицирале како стоки, во кои никако не смее да се обавува здравствена дејност?Вистината за модуларната болница, јавноста мора да ја дознае!Утре во исто време продолжуваме со нови детали од Аферата „Провизии кои чинат животи“.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања