СДСМ

Madic-Tribina-SDSM

Аврамовска Мадиќ: За една година МВР од заштитник на граѓаните стана партиски инструмент на ВМРО ДПМНЕ

Во време кога граѓаните очекуваат стабилност, безбедност и професионализам од институциите, Министерството за внатрешни работи e синоним за скандали, злоупотреби и партиска послушност, за една година наместо заштитник на граѓаните, МВР е претворено во партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Викторија Аврамовска Мадиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.На панелот посветен на правдата и безбедноста, односно на полтиките на владата на ВМРО ДПМНЕ за овие два клучни сектори, Аврамовска Мадич се осврна на истрагата за трагедијата во Кочани и потенцираше дека од страна на владата во ниту еден момент не се виде дека се преземаат мерки што ќе обезбедат безбедна и сеопфатна истрага, што ќе обезбедат инструмент за вакво масовно убиство никогаш повторно да не се повтори.„Има ли поголем доказ за сервилноста кон партијата на полицијата од оној дека ниту еден полициски службеник не беше виновен за кобната ноќ, се додека протестите на граѓанската иницијатива од Кочани, семејствата и родителите на жртвите не го искажаа својот гневот на улица. Секојдневие ни стана СКАНДАЛ - МВР“, рече Аврамовска Мадиќ.Говорејќи за неселективна правда и за односот на власта кон полициските службеници кои се во нејзина закрила кои наместо заштитници на граѓаните, се претворени во сервис на патијата, Аврамовска Мадиќ нагласи дека дека владата е мајка за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, но за сите други останати е маќеа.„За какви заштитници зборуваме дали се полициски заштитници или полициски соучесници?Ќе зборуваме за бодигардот на премиерот дека тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје а министерот го заштити и го ослободи од одговорност. Зборуваме за заштитници кои бодигардот на премиерот беше фатен во скандал со 50.000 евра за издавање на службена тајна. Другиот бодигард на претседателот на Собранието не само што направи скандал на меѓународен аеродромот, туку тој истиот наместо нас да не заштити, тој полициски службеник ја нападна својата колешка полицајка“, рече Аврамовска Мадиќ.При тоа таа посочи дека не може да се говори за професионализација на безбедносните инстутиции, кога власта ги партизира - Не може да говориме за професионализација на институциите кога првите најважни началници едниот на Биро за јавна безбедност кој наместо да се грижи за нашата безбедност е незаконски назначен, а другиот началник има фалсификуван документ сертификат.Во своето обраќање Аврамовска Мадиќ предупреди дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, немаат сменето ниту еден закон, ниту правилник за да се справат со корупцијата, додека свесно ја враќаат државата во едно мрачно време на изолација и страв.„Не верувавме дека е можно во 2025 година да ни се врати заробеното општество, заробениот ум. Секојдневно констатираме дека државата се врати назад, во времето на заробена и изолирана држава, без пријатели во регионот и светот. Безбедна држава е Европска држава. На каков пат беше Македонија. Членство на НАТО , СДСМ обезбеди само со 2 години владеење. Немаше непотизам, немаше селективност, имаше живот за сите. Сега, селективноста ја руши довербата во институциите и потврдува дека се уште живее духот на тефтерчињата“, рече Аврамовска Мадиќ.

Македонија | пред 7 месеци

Tribina-SDSM-1-2

Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира белиот мантил и пациентите

Оваа власт потполно го урниса здравствениот систем и тоа само во една година. Ние имаме нефункционален здравствен систем со заостанати реформи и апсолутен политички марктинг, истакна д-р Елена Радеска, од комисијата за здравство на СДСМ, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.Радеска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма имаше напишано 13 страни проекти за здравство, кои останаа само на хартија.ВМРО-ДПМНЕ им ветуваше вработување на младите специјализанти, но тоа заврши сосем нетранспарентно, ветуваше децентрализација на здравствто, но го стори спротивното, во однос на недостигот на лекови и терапии добро ни е познато дека имаше недостиг на инсулин, а онколошките пациенти сé уште имаат проблем и ја чекаат својата терапија, рече Радеска, додавајќи дека тоа зборува само за прикривање на проблемите и никакво идејно решение.Радеска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше огромни проценти за зголемување на платите во здравството но за жал дадоа само 2.500 денари порамнување.За разлика од владата на СДСМ, кога министер за здравство беше претседателот Венко Филипче, имавме историско покачување на платите на лекарите специјалсти, здравствените соработници и средно медицинскиот персонал, исто така и реформа со која може да се пофалиме, а ВМРО-ДПМНЕ ја преипишува на свое конто е платата на специјализантите, прв пат вреднувани за својот труд, рече Радеска.Таа посочи дека во време на СДСМ се направи систем за трансплантација на ткива, на органи и матични клетки, а сега има една или две трансплатнации, се пушти во употреба хибридната сала на државна кардиохиругија, а сега таа клиника, за жал, е со одборени денови на постоење, сега има недостиг од терпаии, а за време на СДСМ се донесоа иновативни терпации за болни од мултипла склероза, за цистична фиброза.ВМРО-ДПМНЕ се потруди да го деградира белиот малнтил и пациентите. Тоа беше и во владеењето на Никола Тодоров, а да бидам искрена не очекувам ништо поразлично ни сега, особено со изборот на министер, кој е доктор по инфоратички науки, порача д-р Елена Радеска, од комисијата за здравство на СДСМ, од трибината на СДСМ под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Македонија | пред 7 месеци

Venko-tribina-SDSM-1

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не само што не ја рационализираше администрацијата, туку ја претвори во продолжена рака на партиските штабови. Вработувањата се политички награди, не резултат на квалитет и труд. Ова го истакна Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“.– Ветуваа ред и рационализација во администрацијата. Ветуваа мерит-систем. Што добивме? Нови министерства, илјадници нови партиски вработувања, листи за вработување по штабови кои се споделуваат на социјалните мрежи, рече Филипче.Тој нагласи дека партизацијата на институциите е официјализирана, а партиската книшка е главна квалификација за работа во државата.– Нивните функционери отворено кажуваат дека вработувањата во болниците и секаде на друго место се само по партиска заслуга. Тоа го кажуваат гордо, без срам – како да е нормално, посочи Филипче.Според него, администрацијата денес не е сервис на граѓаните, туку огледало на системот на ВМРО-ДПМНЕ.– ВМРО-ДПМНЕ ја претвори администрацијата во огледало на нивниот систем: хаос под контрола, сервилност наместо компетентност, заклучи Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Tribina-SDSM-Trajan-1-1

Димковски: За една година 136 професионалци си заминаа од Министерството за земјоделство, земјоделството тоне

За ВМРО ДПМНЕ е својствено да лажат, лажеа пред избори за нови мерки, за повеќе пари за субвенции, лажат и сега, ги манипулираат земјоделците, а земјоделството тоне, потенцираше претседетелот на Комисијата за земјоделство,шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димковвски, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“. Димковски посочи дека за една година владата на ВМРО ДПМНЕ покажа тотална безидејност во делот на политики за развој на земјоделството и мерки за поддршка на земјоделците.„ВМРО ДПМНЕ ниту знае што прави со државата, ниту со земјделството. Ветуваа загарнтирани цени, сигурен откуп, повисоки субвенции. Но работите не се одвиваат така. Што направија, го сменија новиот модел што го воведуваме за субвенционирање кој беше базиран на исплата по учинок. Три години работевме на овој модел за да се воведе за да се исплати авансно. Најавуваа големи реконструкции на водоводни системи изградби, а денес гледаме дека тутунот се суши во прилепско. Ги скратија субвенциите за лозарството. Ги суспендираа програмите за мали земјоделци, што ги воведе СДСМ. Субвенциите за мерките што ги скратија опфаќаат околу 20.000 земјоделци. Ветуваа агенција за државно земјоделско земјиште, и тоа ветување им избледе“, рече Димковски.Но, не само во делот на мерките за земјоделство, Димковски потенцираше дека и ресорното министерството за земјоделство врши непромислени измени на законите, кои се прават под диктат на партијата и според партиските потреби.„Може да потенцираме само две работи зошто тоа би се правело- едната силно политичко влијание во владата на ВМРО ДПМНЕ на поединци. Сите измени беа потпишани од пратеници, тоа укажува дека Министерството за земјоделство нема никаков капацитет да подготви ниту три реченици или да предложи на еден член за измена во одредени закони“, рече Димковски.Катастрофалната состојба во ресорот земјоделство, како што рече Диимковски, доведе тоа да луѓе го напуштат министерството со што слабее капацитетот на институцијата.„Во последната година 136 луѓе го напуштија министерството. Со тоа се ослабна капацитетот, имаме борба за бркање на неистомисленици, мобинг деградација на вработените“, рече Димковски.Говорејќи за лошите земјоделски политики на ВМРО ДПМНЕ, Димковски потенцираше имаме комплетно потфрлување со ИПАРД европските фондови, како и со земјишната политика бидејќи не е објавен ниту еден оглас за распределба на земјоделското земјиштето.

Македонија | пред 7 месеци

Tribina-SDSM-Agron-3

Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување, вели член на СДСМ

Како млад човек, јас најпрво што очекував е дека за една година Македонија навистина ќе стане горда држава. Но, за жал, наместо горда, станавме понижени – и тоа е факт. И денес зборуваме за тоа. Кога СДСМ се бореше за зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ се бореше за вработување на роднини во институциите. Денес, Македонија е претпоследна во Европа според висината на минималната плата. Единствената држава зад нас е Албанија, а таа напредува кон ЕУ со сите кластерски поглавја – факт потврден од европските претставници, рече Агрон Демири, член на СДСМ, од трибината „Македонија понижена – Една година Влада“.Тој потенцираше дека минималната плата во Македонија изнесува 360 евра и дека овие 360 евра се резултат на политики кои СДСМ ги спроведуваше чекор по чекор.– И денес, со настапи и предлози во законодавниот дом, продолжуваме да се бориме за повисока плата, но за жал – политичка волја од ВМРО-ДПМНЕ нема. 70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра. Сите ние дома правиме калкулации – со 500 евра не можеш да преживееш месец дена, ни за основна кошничка, – истакна Демири.Тој потенцираше дека македонските граѓани од ДПМНЕ не може да очекуваат зголемување на минималната плата, кога поддржуваат гувернер кој не верува во нејзино зголемување.СДСМ поднесе предлог во Собранието за покачување на минималната плата и не се работи за недостаток на пари, туку за недостаток на волја.Куповната моќ на граѓаните е опадната за над 20%. Цените растат, платите мируваат. Според податоци, трошоците за живот во последните 12 месеци пораснале за 3,3%, додека реалната куповна моќ е падната за над 20%. Ова не се бројки – ова е секојдневието на нашите граѓани.– Во 20 минути можеме да зборуваме само за 0,1% од штетата која ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја нанесе на економијата. А фактите говорат: преку ноќ донесуваат закони во свој интерес, а ја задолжија државата со над 7 милијарди евра за само една година – сума која го надминува државниот буџет. „Како ќе ги вратиме тие пари? Ќе ги врати ли мојот внук?“ – потенцираше Демири.Годинава беше година на молк – прво за економијата, потоа за сè. Но ние, СДСМ, не молчиме. Зборуваме со бројки, со аргументи, со факти. СДСМ не се плаши – ни од ВМРО-ДПМНЕ, ни од никој. Тука сме да се бориме – за достоинство, за еднаквост, за подобра економија.

Македонија | пред 7 месеци

Tribina-MK-ponizena-SDSM-1-4

Димитријевиќ: За една година ВМРО-ДПМНЕ ја понижи, осиромаши и изолира Македонија

По една година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ветената горда Македонија е само празен слоган во еден докажано лажен ПР-наратив на ВМРО-ДПМНЕ, гол, популистички памфлет зад кој се крие суровата реалност на нашата држава – Македонија е понижена, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.Димитријевиќ во своето обраќање посочи дека за една година колку што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, работниците се понижени работници, граѓаните осиромашени, економијата задолжена, се случија еколошки катастрофи, институциите се партизирани институции, правдата е селективна, на улиците се случуваат секојдневни пресметки, има политички реваншизам, нарушен е соживотот, а државата е изолирана. ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа Димитријевиќ, со лаги дојдоа на власт, со лаги владеат цела година.„Ветуваа дека работниците ќе бидат горди со европски плати. Но, за една година работниците не само што не се горди, туку нивниот труд е понижен како никогаш во историјата на нашата држава. Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата. Со бедни 360 евра минимална плата, македонскиот работник е второ најсиромашен во Европа. Животниот стандард е на дното. Не употребија ниту еден механизам за ставање под контрола на цените кои вртоглаво растат на дневно ниво, а платите стагнираат“, рече Димитријевиќ.Тој потенцираше дека на ВМРО-ДПМНЕ им е поважен сопствениот комодитет и луксуз, па затоа и велат дека државата напредува, што е далеку од реалната катастрофална состојба во државата„Лесно им е од нивна перспектива да нè убедуваат дека државата оди напред и дека добро се живее, дека сме биле четврта економија во Европа. А реалноста е погубна – БДП кое расте само на хартија, сиромашни граѓани со долгови, закочени капитални инвестиции, скапи задолжувања со заеми кои ја туркаат државата во должничко ропство“, рече Димитријевиќ.Говорејќи за лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ, Димитријевиќ нагласи дека за една година ВМРО-ДПМНЕ уништи сè што беше изградено и во секоја област во државата се случува распад„Наместо ефикасна администрација – за една година, имаме гломазно партизирана администрација, со нови министерства за партиски вработувања. Во образованието, наместо револуција како што ветуваа, донесоа хаос. Наставниците демотивирани и понижени, децата збунети, реформите запрени. Во надворешната политика – евроинтеграцискиот процес е закочен. Свесно ја ризикуваат иднината на цели генерации. Сè е разорено, деградирано и претворено во политички инструмент за лични интереси“, рече Димитријевиќ, додавајќи дека СДСМ како вистинска државотворна партија нема да отстапи од борбата да ја вратиме државата на вистинскиот пат.

Македонија | пред 7 месеци

glasanje-makedonija

Локалните избори го кристализираат теренот: ЗНАМ самостојно, СДСМ се повлекува од неколку општини

Политичката сцена пред претстојните локални избори почнува да добива појасни контури. Партијата ЗНАМ најави дека ќе настапи самостојно на овие избори, и со советнички листи и со кандидати за градоначалници, додека СДСМ ќе се повлече од трка за градоначалници во неколку доминантно албански општини.Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, потврди дека партијата преговара со ВМРО-ДПМНЕ за заемна поддршка на кандидати за градоначалници, но дека ќе настапат со сопствени имиња, а не во коалиција.„Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат свој кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка уште во првиот круг“, изјави Мемов.Преговорите, според него, се во завршна фаза и се водат за повеќе општини – веќе е дефинирано Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе помали низ земјата.Од друга страна, СДСМ, под водство на Венко Филипче, нема да настапи со кандидати за градоначалници во седум општини со мнозинско албанско население: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино. Партијата ќе има само советнички листи, додека прашањето кого ќе поддржи во трката за градоначалници останува отворено.Партиски извори брифираат дека одлуката е донесена од Извршниот одбор, но не се исклучува можноста за понатамошни преговори – било со ДУИ, било со Вреди. Особено бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе најави поддршка за Вреди уште во првиот круг.

Македонија | пред 7 месеци

makraduli

Макрадули: Не лидерски средби, СДСМ да повика на општа мобилизација во која ќе водат тие со срце, а не тие што им аплаудираат

Јани Макрадули, поранешен пратеник од СДСМ , во објава на ФБ вели дека Кочани бара помош а не поделби. Тој вели по изјавите на Мицкоски, СДСМ треба да престане да повикува на лидерски средби, туку на општа мобилизација.„Секогаш кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, при тоа мислам на ДПМНЕ, а не на ВМРО (кое впрочем е симбол на сите), за жал, има поделба на општеството.Иако мислев дека политиката на Груевски е врв на таа поделба, деновиве сме сведоци на уште пооштра поделба. Па така, и покрај “стандардните” поделби - дали се живее подобро или полошо, про или контра ЕУ, дали е повкусна охридска цреша или владина папаја, за жал, имаме поделба и околу изборите во МПЦ, и што е најстрашно - околу Кочани.Денес, со политиките на власта се доподели општеството околу трагедијата во Кочани, за која мислев сите сме обединети во тагата, грижата и емпатијата да се помогне.Замислете, има граѓани на Македонија кои ги напаѓаат родителите што го загубиле најмилото. Па, зарем има минимум човечност во тоа?Време е власта да сфати дека Кочани бара помош, а не поделби. Бара разбирање, а не рамнодушност. Да се покаже човечност, а не да се зголемува болката која и веќе е премногу голема за носење.Ретките медиуми укажуваа токму на ова - опасноста од погрешната политика на централната власт во однос на Кочани. Но, Тешките муабети власта не ги чу, и затоа, сега, како бумеранг им се враќаат.И на крај, лажните тези не менуваат факти, и евентуална победа на ВМРО ДПМНЕ во некоја општина, и покрај очигледното неспроведување на проекти и отсуството на резултати, не само што нема никаква врска со Кочани, туку само зборува за авторитарниот и антиемпатичниот дух на власта.П.С. Иако очекував реакција уште по заканите упатени кон пратеник од собраниската говорница од страна на министерката, ама денес верувам уште повеќе – по изјавата на Мицкоски дека СДСМ „нема да постои“, актуелното раководство ќе престане да повикува на лидерски средби и конечно ќе повика на општа мобилизација. Мобилизација во која ќе водат тие со став, а не тие што аплаудираат, тие што знаат како, а не тие што калкулираат, тие со срце, а не со градежна поддршка…Со народот, а не зад компромисите“, напиша тој.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-19-at-13.57.01

Политички пресметки по инцидентот во Советот на Кочани: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања

По инцидентот на денешната седница на Советот на општина Кочани, при што една вработена во општината заврши со повреди откако беше погодена со шише, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со меѓусебни обвинувања за одговорност и политички манипулации.Социјалдемократскиот сојуз најостро го осуди инцидентот, опишувајќи го како резултат на „провидно сценарио“ од ВМРО-ДПМНЕ насочено кон дестабилизација на општината. „Советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромска партија беа директно инволвирани, а повредена е вработена од администрацијата. СДСМ не стои зад инцидентот – тоа не е наш член туку коалициски партнер“, наведуваат од СДСМ, потенцирајќи дека токму советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ бил најгласен со навреди на етничка и лична основа во изминатите седници.Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ со обвинување дека токму СДСМ и в.д. градоначалникот Венко Крстевски стојат зад поттикнување на насилството. „СДСМ го користи насилството за да ја води општината. Советникот кој предизвика физички напад е нивен сојузник и поддржан од нив“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи на итна оставка на Крстевски и јавно извинување од СДСМ.Во меѓувреме, полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветна пријава.Инцидентот го отвори прашањето за влошениот политички амбиент во Советот на Кочани, каде седниците сѐ почесто се одвиваат во атмосфера на тензии, обвинувања и – очигледно – насилство.

Македонија | пред 7 месеци

sednica-co-sdsm-2

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, вели СДСМ.За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски - најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-filipce

(Видео) Има сериозна опасност дали СДСМ ќе продолжи да постои по локалните избори, вели Мицкоски

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа партија ќе продолжи да постои по локалните избори.,,Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а Филипче со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, тоа не е конструктивност, тоа е рушење и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои сериозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои”, изјави Мицкоски.Во врска изјавите дека Филипче по примерот на Заев, кодоши и ги поткопува државните интереси, Мицкоски смета дека не треба подетално да навлегува во анализа на нешто каде го забележува предавничкиот, поданички и кодошки однос.

Македонија | пред 7 месеци

kocevski-1

(Видео) СДСМ ја критикува истрагата, но ќе го разреши ли Коцески?

За трагедијата во Кочани директна вина немам но сите чувствуваме вина кои сме биле дел од системот, рече ексминистерот за транспорт и врски и актуелен пратеник на СДСМ, Благој Бочварски.Тој во ,,Претрес со Ландов” рече дека треба заеднички да се решаваат сите прашања.,, Откако ВМРО-ДПМНЕ и Владата излегоа со прес-конференции и обвинувања за трагедијата во Кочани, СДСМ излезе со став”, рече Бочварски.Не бил вклучен во изборот на Љупчо Коцевски за државен обвинител.,, Лаички е од оваа позиција и мојата професијата да дискутирам за обвинителни одлуки. Не плукам по се и сешто. За обвинението за Кочани има сериозни пропусти. Но на крајот ќе се види”, рече Бочварски, кој не сакаше да даде конкретен одговор каков ќе биде ставот за тоа дали Коцевски е добар обвинител и дали треба дз биде разрешен.Емисијата следете ја на линкот:https://youtube.com/live/s4c8dKk-vsE?feature=share

Македонија | пред 7 месеци

filipce

Филипче со жестоки обвинувања за Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро го нападна премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го симбол на неисполнети ветувања, политичка хипокризија и опасни амбиции за авторитарно владеење. Во своето обраќање на Фејсбук, а откако Мицкоски го нарече предавник, Филипче го оцени слоганот „Најдоброто допрва доаѓа“ како навреда за интелигенцијата на граѓаните.„Што допрва доаѓа? Не беа доволни четири години локална и една година централна власт за да се види барем еден резултат?“, праша тој, обвинувајќи го Мицкоски за лаги и неспособност.Филипче се осврна и на економијата, велејќи дека Македонија, според Евростат, има најлош животен стандард во Европа, со стагнирани плати и инфлација, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ, според него, ужива во луксуз и непотребни трошоци.„Се лета со приватни авиони, се јаде папаја и манго, а народот едвај врзува крај со крај“, истакна лидерот на СДСМ.Тој го прозва Мицкоски и за, како што рече, „тајниот договор со Бехтел и Енка“, прашувајќи зошто уште нема тужба, и кој се вградил со проценти, откако Трајко Славески признал дека цената ќе порасне од 1,3 на 2 милијарди евра.Во најостриот дел од настапот, Филипче го обвини премиерот за авторитаризам и нарушување на демократскиот поредок:„Мицкоски сака да воспостави диктатура. Тоа не е ‘кодошење’, туку патриотизам – борба против врховизам и предавство.“Во обраќањето, тој не го поштеди ни начинот на кој се третира културното наследство, прашувајќи „нели му беше срам на Мицкоски да се вози по дупките до Хераклеја“ и посочувајќи на запуштеноста на локалитетот во Битола, каде, според него, ВМРО-ДПМНЕ владее веќе четири години.Филипче најави дека јавноста ќе слушне имиња на финансиери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, се поврзани со трагедии и криминал, а кои досега биле чувани во тајност.

Македонија | пред 7 месеци

22012025_Mickoski_SAD_8

За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза само кога треба да договара проценти од 7 милијарди евра, велат од СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското ВМРО“, велат од СДСМ и додаваат:Историското ВМРО преку НОБ и АСНОМ е код на секој Македонец, а ова денешно ВМРО-ДПМНЕ е блед израз на апсолутното непознавање на Македонската историја, манипулирање со чувствата на граѓаните и анти-патриотска агенда која владее во ДПМНЕ.Ако нешто е ова ВМРО-ДПМНЕ, тоа е континуитет на врховизмот кој ја уништи Македонската идеја.За Мицкоски, Македонија е кауза само кога треба да договара проценти од 7 милијарди евра, кога треба да прави тендери за 10 поскапи од реалната цена, и тогаш кога треба да се вози со приватен авион, да јаде папаја и да ужива во скапи хотели низ светот на сметка на Македонскиот народ.Мицкоски е врховистот во ВМРО-ДПМНЕ. Ова ДПМНЕ ја киднапира славната историја на ВМРО за своја лична корист и полнење на џебови.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-sdsm-co-1

Вината за Кочани е во врвот на МВР, бараме оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност, вели СДСМ

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани“, вели СДСМ и додава:Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат.Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.Под притисок од СДСМ и од јавноста, конечно беа отворени постапки против неколку началници во МВР.Вистината излезе на виделина.Полицијата имала обврска да го затвори објектот кој работелен нелегелно а не да спроведува контроли спротивна на оперативните процедури.Понатаму полицијата била надлежна за безбедноста, имала законска обврска да спречи внес и употреба на пиротехнички средства, што се покажа дека е главна причина за пожарот.Јасно е дека одговорноста лежи токму во врвот на МВР. Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја сноси целата политичка и морална одговорност и затоа треба да поднесе оставка.И двајцата мора да се повлечат за да не ја попречуваат истрагата и да не влијаат.Без одговорност за раководството на МВР – нема вистинска правда за жртвите и нивните семејства.СДСМ ќе продолжи да ја бара правдата за Кочани до крај.Ги повикуваме ОЈО ГОКК и Јавното обвинителство да постапуваат непристрасно и решително – да не се штити ниту еден функционер.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања