СДСМ

SDSM

СДСМ со жестоки критики за ребалансот на Буџетот: Власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

СДСМ обвинува дека предложениот ребаланс на Буџетот е показател за, како што велат, целосен економски неуспех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, наместо подобрување на состојбите, овој ребаланс ги открива вистинските приоритети на власта – луксуз и расипништво на грбот на граѓаните.„Овој ребаланс ја разоткрива вистината – дека економијата тоне, граѓаните се оставени сами на себе, а власта продолжува да се луксузира додека ги задолжува идните генерации“, се наведува во соопштението на СДСМ.Според партијата, во ребалансот нема средства за зголемување на платите во здравството и образованието, ниту за социјална поддршка, а изостанува и финансиска помош за семејствата настрадани во Кочани.„Со овој ребаланс нема пари за соодветно и заслужено покачување на платите на работниците, за поголеми плати во образованието, здравството. Нема пари за повредените и семејствата на настраданите во Кочани. Нема пари за нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните, за намалување на цените. Граѓаните се оставени сами на себе.“СДСМ обвинува дека власта ги намалува субвенциите и социјалните трансфери за 30 милиони евра, што директно ќе ги погоди земјоделците, работниците и ранливите категории. Истовремено, се зголемуваат трошоците за стоки и услуги на Владата – што партијата го оценува како расипничко трошење за „папаја, манго, приватни авиони и скапи авантури“.„Ова е срамно понижување. Владата избра да го штити својот луксуз, а не стандардот на народот.“Дополнително, СДСМ предупредува дека Владата ќе повлече 70 милиони евра од профитите на јавните претпријатија, што, според нив, ќе значи удар врз нивниот развој, врз економијата и услугите што ги нудат.„За Фондот за ПИОМ власта одвојува дополнителни 35 милиони евра. Ова значи дека придонесите не се наплаќаат доволно, дека дупката во Фондот за пензиско се зголемува. Ако вака се продолжи, идните пензии се доведуваат во прашање.“СДСМ посочува и дека до мај се реализирани само 22% од планираните капитални расходи – што е за 14% помалку во споредба со истиот период лани, година која, како што потсетуваат, актуелната власт самата ја нарекуваше „катастрофа“.„Со овој тренд не може да се исполни ни половина од тоа што се проектира. Празни ветувања, без реална имплементација.“Во делот за растот, СДСМ критикува дека Владата се фали со 3% економски раст, иако сами проектирале 3,7%. „Тоа е ползење, не развој“, велат од партијата, потсетувајќи дека во 2021 година, растот изнесувал 4,5%.Истовремено, предупредуваат и дека во 2024 година јавниот долг е зголемен за 1,1 милијарда евра, што ја доведува државата до рекордни 62,4% долг од БДП.„Во ребалансот ги нема 7 милијарди евра од Британија. Тоа значи дека нема договор за изворите на парите, не се знае каматата, не се знае ништо. Како тогаш се лицитира со проекти ако нема извори на финансирање и камати?“Поради сите овие причини, СДСМ поднесе вкупно 160 амандмани, со цел – како што наведуваат – да се поправат грешките во ребалансот. „Денеска објавуваме дел од нив“, се наведува во соопштението:„– 934 милиони денари за финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани– 60 милиони денари за реновирање на болницата во Кочани и 20 милиони за нова опрема во болницата во Кочани– Апарати за магнетни резонанци, 20 дефибрилатори, 10 вентилатори, 50 кислородни боци, инсулински боци, за здравството и брзата помош– Зголемување на студентски стипендии и поддршка за студенти од ранливи семејства– Бесплатен превоз за ученици во руралните средини– 10% зголемување на платите на наставници во основно и средно образование– Пари за колекторски систем во Дојран, Дом за стари лица во Штип, откупен центар за земјоделски производи во Охрид, Жичарница на Пелистер, поликлиника во Кисела Вода, градинка во Крњево– Повеќе пари за реконструкција на училишта, градинки, патишта, канализации, водоводи низ различни општини во државата, за Сојузот на борци од НОБ.“„Ова се реални и одговорни предлози за кои има простор во буџетот, но треба да се намали луксузирањето и расипништвото на власта“, нагласуваат од СДСМ.На крај, партијата упати апел до сите пратеници да ја поддржат иницијативата, независно од партиската припадност:„Ова не е момент за партиска калкулација, туку за солидарност, одговорност и праведност. Време е за економија која им помага на граѓаните, на земјоделците, работниците, наставниците, лекарите, на повредените и семејствата од Кочани. Македонија заслужува повеќе! Не за луксузирање на власта, ДА за повеќе пари кај народот и конечно поддршка за Кочани“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 6 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во одговор на новинарско прашање, посочи дека посетата во Берлин ја искористил како можност да лобира и да разговара со присутните европратеници за да остане неутралната дефиниција за македонскиот јазик – а не, како што е наведено во амандманот на извештајот на Европскиот парламент за Македонија, каде се предлага зборот „современ“ да се додаде како квалификација за македонскиот јазик.Тој потенцираше дека со неактивноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се влошува преговарачката позиција на Македонија во однос на ЕУ.„Јас лично лобирав и во име на партијата, меѓутоа и во име на државата. Жал ми е што не гледам дека тоа го прави Владата, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ го прави – да остане неутралната дефиниција за македонскиот јазик. Сметам дека со оваа неактивност и со сè што Владата прави, практично нашата преговарачка ситуација и позиција во рамки на ЕУ се влошуваат. И еве сега, овие работи што се наведени во извештајот, практично укажуваат и го отвораат прашањето, зошто е тоа така, и зошто Владата навистина не сака видливо да лобира тоа да не се случи“, рече Филипче.Притоа, тој ја посочи дека констатацијата на европратениците кои биле присутни во Берлин е дека ваквите додавки во однос на македонскиот јазик се резултат на провокациите од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.„Сите констатираат една работа – дека таквите додавки на македонскиот јазик доаѓаат како резултат на провокациите што доаѓаат од нашата Влада. Тоа е сериозно влошување на нашата положба во ЕУ“, изјави Филипче.Во одговорот на прашањето, Филипче ги повика ВМРО-ДПМНЕ да лобираат заеднички за амандманот да не помине.„Сакам да упатам уште една директна порака,апелирам до ВМРО-ДПМНЕ заеднички да лобираме тоа да не се случи, да нема таков амандман во ЕП, туку да помине неутралната дефиниција македонски јазик, без никакви додавки. Затоа што тоа е и заслуга на политиките на нашата Влада изминативе седум години- јасен, чист македонски јазик, потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ. Не гледам ниту една причина, освен тие провокации, зошто сега таа позиција би била загрозена“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

Jordan-Nasev-Karbinci

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари, вели СДСМ

„Ja алармираме јавноста и надлежните институции за скандалозното, коруптивно и расипничко трошење на јавните пари во општина Карбинци, под раководство на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов“, вели Јордан Насев – претседател на ОО Карбинци СДСМ и додава:Денеска го објавуваме првиот скандал, малверзации со превозот на ученици.За неполни четири години, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалнкот Паунов потрошила речиси 500.000 евра за превоз на ученици во основното образование.Скандалот е во тоа што превозот се врши по цени 20 пати повисоки од реалните.Одиме по ред. Нека види јавноста каков грабеж се случува во Карбинци.Превоз со Јавното претпријатие Стипион на релација од село Нов Караорман до село Карбинци чини 50 денари, дневен билет во двата правци. Еве го тој документ.А во тендерот за превоз на ученици распишан во учебната 2023/2024 година од општината превоз на едно дете дневно наплаќаат 1.013 денари! 20 пати поскапа од реланата цена.За одредени релации, еве на пример од Горни Габер до Радање општината наплаќа 1.878 денари или 30 евра дневно. Повторувам, за еден ученик, дневно.За 30 евра истиот превозник обезбедува превоз до Црна Гора во двата правци.Годишно, за еден ученик тоа се 332.640 денари или околу 5.000 евра. 20 пати над реалната сума.Ова е мега скандал. Ова е класичен грабеж на народот од страна на градоначалникот и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.Овие милионски суми завршуваат во фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во што жителите на Карбинци сѐ почесто препознаваат класична злоупотреба на функцијата.Прашањето е во чии џебови завршува разликата?Почитувани,Ова е слика за едно нефункционално, корумпирано, партизирано и крајно неодговорно локално владеење. Наместо чесна и одговорна власт – граѓаните добија корупција и расипништво.Жителите на Карбинци се изневерени, излажани и изманипулирани од една ненародна локална власт, која не работи за граѓаните, туку за тесен круг на блиски луѓе околу ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ бара сите надлежни институции да отворат постапки за за основа сомневање за криминал и корупција во Карбинци.Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција не смеат да молчат туку да делуваат.Граѓаните заслужуваат отчетна и домаќинска власт. Граѓаните заслужуваат почит и вистинска грижа, а не локална власт која гледа само како да ги ограби.

Македонија | пред 6 месеци

vozacka-1

Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, вели Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и додава:МВР, под раководство на министерот Панче Тошковски, доделил милионски тендер за лиценца за организирање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснована фирма „Супер Возач“.Зад оваа фирма стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ и советник во советот на Општина Кичево, Филип Митрески. Преку фирмата „Стрит рајд“ којашто е сопственик на „Супер возач“.Во пракса, ова значи дека МВР доделила монопол од 5 години врз доходовен бизнис вреден милиони денари – сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен ќе одат преку оваа фирма блиска до власта.Скандалот е уште поголем, затоа што фирмата е регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот за прв пат.Прашањето е дали однапред е договорена оваа милионска зделка?Како знаел дека за неколку месеци ќе се распише тендер па функционерот од ВМРО-ДПМНЕ отворил фирма токму за ова намена?Случајно? Не веруваме. Ова е пример за корупциски и тендерски шеми на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски тендери по мерка на власта и ништо друго.Ова не е прв случај. Напротив.По скандалозниот тендер за униформите, ова е уште еден случај на сомнителен коруптивен тендер во МВР.Основани се сомневањата дека МВР спроведува корупција во живо, наместо да се бори против криминалот и корупцијата.Ова е моделот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски и лични бизнис интереси врз грбот на народот.Ова е огромен скандал кој мора да биде расчистен до крај и да има одговорност.СДСМ бара Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да постапи.Основното јавно обвинителство да отвори предмет по допрен глас.Институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности.Граѓаните заслужуваат институции што работат за нив, не за бизнисите на партиски советници.Македонија не смее да стане плен на организиран партиски грабеж кој го прави ВМРО-ДПМНЕ.Одговорност мора да има и ќе има!

Македонија | пред 7 месеци

filipce

Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, присуствува на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), порача дека на планираните билатерални средби со претставници на социјадемократските партии во Европа, ќе го пренесе ставот на СДСМ за извештајот на Европскиот Парламент за Северна Македонија.Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Филипче:„Денеска сум во важна посета на Берлин, каде што ќе имаме повеќе билатерални средби со високи претставници на социјалдемократските партии во Европа. Клучната средба е со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и ко-претседател на СПД, нашата сестринска партија од Германија.Една од поважните теми е извештајот на ЕП за Македонија. СДСМ во минатото, со мудра дипломатија, успеа да ги отфрли сите обиди за какви било одредници на идентитетот и јазикот во преговорите и извештаите. СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки. Ова беа нашите црвени линии од кои никогаш не отстапивме.По само една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ, оваа позиција е нарушена. Се појавува сериозен ризик за носење извештај во кој јазикот ќе биде со додавка „современ“, а ние тоа не смее да го дозволиме. Тоа Владата не смее да го дозволи, и меѓу другото, сметаме дека е резултат и на погрешната надворешна политика во целата измината година.Денес на средбите ќе ги пренесам ставовите на СДСМ и ќе ги бранам позициите на Македонија. Извештај со амандман за додавка „современ“ пред јазикот не смее да помине. СДСМ од почетокот силно лобира и се бори амандманот за јазикот и идентитетот да не бидат дел од извештајот, и во следните две недели ќе дадеме максимални напори да го повториме успехот од претходните години кога ваквите обиди успешно ги сопревме.Јазикот и идентитетот не биле и никогаш не смеат да бидат предмет на допрецизирање. Тие се јасно дефинирани во сите документи на Европската Унија, а македонскиот јазик е веќе еден од јазиците во Унијата – чист, без додавки – и ова мора да остане така.ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партија силен заштитник на идентитетските прашања, но не гледам дека на дело тоа го покажуваат.Владата оваа битка мора да ја постави како приоритет. Времето е кратко и потребни се заеднички, максимални напори да го отфрлиме амандманот, за кој од ден во ден има сè поголем ризик да се донесе.И сакам од тука, од Берлин, да потенцирам уште една работа – дека стоиме целосно отворени и спремни за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, да ги обединиме силите и конечно заеднички да укажеме и јасно да покажеме кои се црвените линии за Македонија.“

Македонија | пред 7 месеци

Venko-Sobranie-SDSM-2

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик.„Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче.Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот јазик како рамноправен, без какви било условувања.„Ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од францускиот предлог, и од документи од Европската унија, и заклучоци донесени тука, во Собранието, во 2022 година. Првиот документ се заклучоците на ЕУ за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, без никакви услови за јазикот и идентитетот.Понатаму, самата Преговарачка рамка, каде македонскиот јазик е експлицитно наведен, без никакви додавки, ѕвездички или фусноти. И потпишаниот договор со ФРОНТЕКС – на чист македонски јазик,“ рече Филипче.Тој предупреди дека за првпат постои реален ризик во Европскиот парламент да помине извештај со нејасно означување на македонскиот јазик.„Во Европскиот парламент, за првпат има сериозен ризик да помине извештај во кој што јазикот некако дополнително се означува. Ние направивме силна кампања во 2022 година. Тогаш беше едностран, напишан тој извештај од тогашниот известувач за Македонија – тоа беше бугарскиот европратеник Ќучук, кој што го запревме,“ рече Филипче.Тој подвлече дека било какви измени што би довеле до нови условувања или дополнувања пред македонскиот јазик се директно спротивни на собраниските заклучоци.„Поради тоа што таква додавка пред македонскиот јазик и нација оди спротивно на заклучоците кои што ова Собрание ги донело – а тоа е дека во ниту еден контекст, во ниту еден момент, ниту за јазикот, ниту за културните, ниту за историските одредници – никој нема право да преговара. За јазикот никогаш не се преговарало. Тоа биле нашите црвени линии. И затоа е таков – чист – јазикот: без фусноти, без додавки, без ништо. И таков е и така е во буквално сите документи,“ рече Филипче.На крај, тој апелираше до премиерот за итна институционална реакција и координација.„И последната работа – во однос на тоа што сега се случува во Европскиот парламент: тогаш, премиере, ни треба сериозна координација на ниво на Парламентот. Сите институции да ги обединиме силите за таков амандман да не помине во Европскиот парламент. Поради тоа што веќе се содржи во сите документи кои што ги гласало ова Собрание – дека таква работа не смее да се случи,“ истакна Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-09.14.53

Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси.„Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе дојдело. По четири години локална власт и една централна, ВМРО-ДПМНЕ порачува: не гледајте што правевме досега, туку гледајте кон иднината“, рече Филипче пред присутните.Тој реагираше на, како што истакна, обидите на власта да го релативизира сопствениот неуспех.„Но јас имам една порака до Мицкоски – денот по утрото се познава. А утрото кое требаше да донесе надеж, гордост и перспектива, донесе само понижувања, негрижа, ароганција и своеволие. Додека Мицкоски држи прес-конференции за „успеси“ што никој не ги видел, земјоделците се оставени без денар поддршка, економијата е заглавена во место, со негативен раст. Нема поврат на ДДВ за фирмите, нема раст на платите. Нема реформи во судството. Нема мерки за цените. Има само долгови – 7 милијарди евра нов долг за една година. Има и галопирачка инфлација, во време кога властите нè убедуваат дека сме економски „тигар““, додаде Филипче, потенцирајќи ја апсурдноста на владините наративи во споредба со реалноста.Во завршницата на своето обраќање, тој ја истакна директната реакција на граѓаните од теренот.„Манипулациите не поминуваат кај граѓаните – денес тоа јасно го почувствував во Кавадарци. Сите се свесни дека не може ништо добро да се очекува од оваа власт. Напротив, како што тргнале состојбите, најлошото допрва доаѓа“, рече Филипче.Завршувајќи го обраќањето, тој ја пренесе пораката на СДСМ:„СДСМ останува таму каде што власта одамна не е – меѓу народот. Битката што следи не е само изборна – таа е борба за нормалност“, заклучи Филипче во Кавадарци.

Македонија | пред 7 месеци

Нема фотографија

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството, посебен акцент на отсуството на развојни мерки од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на лозарството како извозно оринетирана гранка.Во обраќањето пред лозарите, Филипче посочи дека за една година ВМРО ДПМНЕ ги понижи и осиромаши сите земјоделци вклучително и лозарите. Во делот лозарството и винарството, не само што не се донесоа развојни мерки, туку се скратија и постоечките добри мерки донесени од Владата на СДСМ, како авансната исплата, стопирана е и програмата за мали винарии и дестилати, укината е субвенцијата за високо квалитетно грозје и намалена е поддршката за саемски манифестации за промоција.„ВМРО ДПМНЕ беа гласни за земјоделците пред изборите, ветуваа се и сешто, а само за една година покажаа дека не го вреднуваат ниту трудот на земјоделецот, ниту ги интересира развојот на земјоделството особено на стратешките гранки како што е лозарството и винарството. Ги стопираа програмите за финансирање на мали семејни винарии. Ланската 2024 година е прва година кога немаше субвенции за килограм предадено винско грозје, додека претходните години беше по 2 или 3 денари за килограм во зависност од приносите на грозје во тековната година. Во програмата за субвенционирање на лозарството укината е и мерката за субвенционирање на хектар лозов насад во висина од 60.000 денари по хектар за производство на грозје за високо квалитетни вина, што како мерка беше во програмата за субвенционирање во 2024 година“, рече Филипче.Говорејќи за потребата од поддршка на лозарството и винарството како наши извозни се стратешки гранки, Филипче потсети дека Владата на СДСМ во својот мандат, заедно со лозарите, со винариите, донесе низа мерки и нови политики за поголема поддршка на овој сектор.„Со Законот за вино се загарантираа најниските откупни цени на грозјето, и како резултат на овие измени во 2024 година се постигна највисока просечна откупна цена кај сите вински сорти. Се олеснија условите за формирање на мали семејни винарии кои дотогаш не беа во можност да се формираат и регистрираат како такви. Воведовме нови програми за поддршка на малите винарии, беа доделени над 150 грантови од по 10 илјади евра, за набавка на опрема и за модернизација на малите семејни винарии. Лозарите беа опфатени и со мерката за субвенции за зелена нафта и со моделот за авансна исплата на субвенциите“, рече Филипче.На средбата, Филипче посочи дека благодарение на успешноста на мерките на СДСМ се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот. При тоа, Филипче порача дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на сите земјоделци и ќе нуди мерки не само за вреднување на нивниот труд, туку и за зголемување на домашното производство на земјоделски производи. Тоа како што кажа, подразбира и силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-51

Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

„Собранието во јули 2022 година има донесено заклучоци со кои што тогашната, но и секоја следна влада ги обврзува дека за јазичните, културните и идентитетски одредници ниту една влада не смее да преговара, ниту пак да се преговара за македонскиот јазик така како што е веќе прифатен во преговарачката рамка во рамките на францускиот предлог, а е потврден од сите земји членки на Европската Унија и, впрочем, е потпишан договорот со ФРОНТЕКС. Значи, чист македонски јазик без никакви забелешки, без никакви фусноти“, рече Филипче, додавајќи дека ова е една борба којашто и премиерот и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја прикажат како своја борба за македонски јазик, меѓутоа таа борба е завршена.Притоа, Филипче посочи дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ сериозно ги загрозува нашите преговарачки позиции. Тој потсети на заклучоците донесени во 2022 година од страна на Собранието, за кои што, впрочем, ВМРО-ДПМНЕ тогаш во тогашниот состав не гласале против.„Тука јасно пишува дека се задолжува Владата на Република Северна Македонија и целокупниот тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со Европската Унија. Понатаму во текстот, дека Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во преговарачката рамка, а таму јасно стои чист македонски јазик. За жал, сметам дека ова што го прави и премиерот и Владата предводена од него, во која учествуваат и ВЛЕН и ЗНАМ, сериозно ги нарушува нашите преговарачки позиции. Оваа борба Владата на СДСМ ја доби – го потврдивме македонскиот јазик, чист македонски јазик“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, фактот што Владата дозволува воопшто да има дебата за македонскиот јазик, и дополнително што тие амандмани кои што денеска на Комитетот не се поминати, но според најавите ќе бидат поднесени на пленарната седница на почетокот на јули, доаѓаат од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, е еден сериозен пораз за нашата дипломатија и за Владата.„Ние и во текот на изминатиот период, претходните денови, нормално и на пленарната седница сме целосно координирани со европарламентарците од групата на социјалисти и демократи, коишто се свесни што Владата сака да направи, каков ПР да прикаже – едноставно, таа борба којашто е залудна и целосно непотребна за нешто што ние сме го обезбедиле целосно претходно, а Собранието тоа го потврдило, сега сакаат да ја прикажат како некоја нивна победа“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

BKuzeska3

Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста

„СДС кои 7 години беа на власт и тоа само до пред една година, се однесува како никогаш да не биле владејачка партија, а уште помалку се чувствуваат виновни за она што го направија во тие години владеење“ , велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ и додаваат:Најверојатно, СДС секојдневно ќе држи прес-конференции, на кои без аргументи, издржани критики и факти, ќе зборува дека полошо се живее.Точно е дека се живее тешко, но граѓаните знаат кој ги донесе до питачки стап и денот да го поминуваат со 150 денари. Заради СДС, задолжени сме како никогаш досега, па кредитите и каматите кои тие ги оставија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги враќа сега и во следниот период.Навистина е апсурдно СДС да говори за економија и плати, кога во нивно време инфлацијата беше над 20%, платите и пензиите стагнираа, јавниот долг растеше, сметките се покачуваа, а тие не понудија никакво решение.Им порачуваме на СДС, да го слушнат говорот на претседателот Мицкоски, на вчерашната свеченост по повод една година Влада, и ќе дознаат и научат многу од него. За тоа како се води чесно, државнички и достоинствено држава!Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените.

Македонија | пред 7 месеци

MarinaImage-2025-06-24

Кусакатска: Митески да одговори каде се ветените нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром?

„Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ветуваше нови 100.000 метри квадратни паркови и зеленило“, вели Марина Кусакатска, СДСМ Аеродром, и додава:Нашите сограѓани се сведоци, ниту еден нов парк во Аеродром не е подигнат за 4 години.Наместо тоа, неискосени и пожолтени тревници полни со ѓубре и искршена урбана опрема, се последиците од управувањето на Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со Општина Аеродром.Паркот „Радост“ на 5.000 метри квадратни во Реонски центар кои требаше да биде готов во првата година од мандатот, уште не е готов.Градежни маркици наводно се бришеа, а Мицкоски се појави уште во 2022 година на почетокот на активностите за уредување на овој парк.Нов парк на 5.000 метри квадратни ветија дека ќе подигнат и кај касарната „Гоце Делчев“. За ова немаат ниту проект.Уште еден нов содржински парк на 5.000 метри квадратни требаше да биде подигнат во срцето на Ново Лисиче, со нови реквизити и содржини за сите возрасти на деца.Нема ништо од тоа. Само неискосена и пожолтена трева го дели Реонски центар од Ново Лисиче.Ветија паметен систем за наводнување на тревниците меѓу зградите, а не можат да ги поправат ни постоечките системи за наводнување.Паркот Авионче требаше да прерасне во мал луна парк, а паркираните возила на патеките и во тревниците требаше да биде минато.Нови паркови за миленици ветија во секој нов и во секој постоечки парк. Ниту еден не е направен во последните 4 години.Дејан Митески и Тимчо Муцунски беа неспособни да ги одржуваат ни парковите подигнати од нивните претходници, а не да подигнат нови.Аеродром важеше најзелената општина во Скопје до пред само 4 години.Денес Аеродром е општина со најзапуштени паркови полни со отпадоци и паднати суви гранки на секој чекор.Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат во Аеродром?Имаат ли господата од ДПМНЕ трошка срам?Времето на Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истече!

Македонија | пред 7 месеци

Zernovski-SDSM

Жерновски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ стана тажна приказна во друштвото на Орбан

Од моето досегашно искуство на политичката сцена, ова е најлошото владеење што сум го видел, а верувам и општеството во Македонија, од времето на плурализмот – со најлоши перформанси. Сведоци сме на драматичен пад на квалитетот на владеење на сите нивоа – од централната власт, преку локалната, па сè до дипломатската мрежа, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на гостувањето во студиото 10 на 24 телевизија.Жерновски посочи дека и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има власта во своите раце со апсолутно мнозинство во Собранието, претседателска функција, влада и доминација на локално ниво, резултатите се – катастрофални.„Имаме целосен пад во економијата, социјалната политика, функционирањето на институциите, слободата на медиумите и надворешната политика. Тоа се реални критики, а не изолирани слабости“, нагласи Жерновски.Осврнувајќи се на состојбата со дипломатијата, Жерновски рече дека државата е во фаза на сериозна изолација.Имаме министер кој е најизолиран во историјата на плуралистичка Македонија – со 2-3 средби тука, на министри за надворешни работи. Верувале или не, за 365 дена имаме нула посети од министри од соседството – ниту еден сосед не дошол во посета. Нема никакви дипломатски иницијативи, визии, постулати. Немаме амбасадор во Данска – земја која за неколку дена го презема претседателството со Европската Унија. Немаме амбасадор ниту во НАТО. Ова не е интеграција, ова е изолација!“, рече Жерновски.Жерновски потсети дека во времето на СДСМ, земјата беше препознаена како позитивен пример и носител на стабилност во регионот.„Имавме активна дипломатија, добрососедски односи и јасна евроатлантска перспектива. Денеска, сме сведоци дека дури и еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече Македонија ’тажна приказна’ на ЕУ. Тоа е сигнал до сите нас“, додаде тој.Жерновски истакна дека Македонија денес не е во друштвото на земјите кои напредуваат, туку дека сме дел од блок кој е отворено критикуван.„Меѓутоа, да бидам до крај отворен, ние сега сме во друштво на Орбан – во Унгарија. Антонио Милошевски, кој несомнено има искуство – какво и да е – во меѓународната политика, во домашните и меѓународни гледања на ситуацијата, отворено изјави дека нашите позиции кон ЕУ и НАТО се идентични како на Орбан. Од успешна приказна, Македонија под раководство на оваа влада стана земја без кредибилитет и визија. Од европска агенда, до коридори кои водат единствено до Будимпешта и Белград – тоа е реалната надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Жерновски.

Македонија | пред 7 месеци

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија излегува од досегашната коалиција со СДСМ. Во иднина ќе делува независно на македонската политичка сцена. Стратегиската определба на партијата е создавање на нова "Зелена коалиција" во партнерство со граѓански организации.Промените ги донесе Централниот одбор на ДОМ, со цел да се постави нова програмска насока ориентирана кон развој на еколошки, фер и инклузивни политики. "Кога процесите се затворени, потребно е самостојно и доследно политичко дејствување", велат од партијата.Партијата на локалните избори нема да коалицира со политички партии, туку со граѓанскиот сектор.„Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите само за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, стои во соопштението

Македонија | пред 7 месеци

Venko-tribina-SDSM-3

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа борба не е само за власт, туку за вредности, вистина и еднаквост.– Сакам да им се обратам на оние кои велат „сите се исти“ или „во СДСМ нема промена“. Не сме исти. Не се исти оние кои вртат глава кога ќе се пожалите на тешка живеачка и оние кои понудија решенија за повисоки плати и пониски цени. Не се исти оние кои ветуваа правда, а испорачаа селективна правда – и оние кои секојдневно нудат решенија и реформи со кои секој политичар или функционер еднакво ќе одговара пред законот. Не се исти оние кои понудија решенија за траен развој на Македонија интегрирана во Европа – и оние кои решија да фрлат сè на буниште заради сопствените политички и бизнис интереси. За крај, не се исти оние кои кога беше најтешко во изминатите седум години искрено стоеја пред вас и ги решаваа проблемите – и оние кои за секој проблем ја обвинуваат опозицијата или манипулираат дека проблемот не постои, истакна Филипче.Тој нагласи дека СДСМ стои на истата страна каде што стоел и пред 80 години – на страната на луѓето.– Затоа, денес, како и пред 80 години, кога хероите на АСНОМ ја запишаа основата на македонската државност, СДСМ стои таму каде што отсекогаш стоел – на страната на граѓаните.Се бориме за Македонија на еднакви луѓе, со еднакви шанси. За слободна земја, каде правото важи за сите, а достоинството не се мери со партиска книшка. Се бориме за идентитетот кој не се злоупотребува за евтин политички профит, туку се чува, се унапредува и се промовира во светот. СДСМ е гласот на оние кои не се слушнати. Потпора на оние кои се оставени по страна. СДСМ е партија што не калкулира со вистината, туку ја брани и кога таа е тешка и болна. Нашата борба е борба вредности, за Македонија која е праведна, солидарна и слободна. СДСМ е таму каде што секогаш сме биле – меѓу луѓето. Со корени длабоко втемелени во историјата, но со поглед кон иднината, заклучи Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Frckoski-tribina-1

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ се случува парадокс.Имено, ВМРО-ДПМНЕ е ретко силна партија, со оглед на пратениците и позициите во парламентот, но парадоксот е дека таа практично не владее на надворешен, но и на внатрешен план. Не носи одлуки, нагласи Фрчкоски.Тој истакна дека политиката дефинира две акции, од кои една е реашавње на конфликти а втората е операционализација на опцијата за развој, за благосостјба на граѓаните.Во тие две акции ВМРО-ДПМНЕ не функционира, нагласи Фрчкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не решава конфликити, не прави чекори кон хармонизација во таа антагонистичка политичка сфера, туку отвора конфликти, преку прогони, прогонува политички противници, менува, произведува некакви судири, создава меѓуетнички тензии, функционира она што премиерот го вика „нас со Албанците ќе ни треба второ полувреме“, а опцијата за развој ја менуваат со хистерична пропаганда, со хистеричен ПР, прават потемкини села на развој, што на крајот на краиштата завршува со генерално назадување.Ние назадуваме во сите линии, политичките елити се послаби, образованието назадува, НГО секторот е растурен и назадува, не функционира, медиумите се во страшна ситуација. Во сите точки назадуваме во ситуација кога регионот напредува. Ние го немаме тој луксуз, ние не можеме да го издржиме тоа назадување долго, практично ќе имплодираме внатре по меѓуетнички основи по една линија, меѓутоа и по социјални основи. Ние генерално осиромашуваме и тоа е една ситуација, која не може долго да се издржува, рече Фрчкоски.Во однос на неспособноста на власта, Фрчкоски нагласи дека досега немало влада со полош рејтинг во првата година од владеењето.Тоа е најлош старт, независно силата во парламентот. Резултатот од тоа не значи дека она лесно ќе падне, нема да се случи промена додека нема издржана алтернатива, додека луѓето не видат дека тоа е возможна алтернатива, и дека таа е таа, рече Фрчкоски, додавајќи дека тоа значи дека опозицијата има една неверојатна крупна улога да се консолидира и тоа не може да се прави само со критика на власта, туку и преку поврзување со своите линии и значајни историски потези што партијата или групацијата на партии ги направила, а не дистанца од нив.Ние не смееме да се срамиме од тоа како е направен договорот од Преспа, како се водени преговорите со Бугарија, независно од тоа што мислиме, како тоа се одразило на изборните резултати. Не е важно тоа, треба да се издржи јасно на тие позиции на кои СДСМ историски ја изгради оваа држава, рече Фрчкоски.Тој смета дека се возможни понуди за големи коалции, бидејќи не е јасно како ќе излезе со БугаријаИмам впечаток дека на некој начин ќе свијат грб секако по таа линија и некаков контакт ќе бараат. Тука е процена, која е многу важна да се направи. Поддршка од опозицијата на тој принципиелен став со Бугарија треба да има. Бидејќи решението, независно како ќе го цените францускиот предлог е исклучително во национален интерес на Македонците, тука да нема дилема никаква. Кој го правел, како го правел. Тој е направен во две точки кај јазикот и кај националниот идентитет апсолутно 100% во наш интерес, рече Фрчкоски.Тој посочи дека владата е тотално без никаков план и тоа е застрашувачки.Значи вие имате една структура, во која ние сме прирепок на Орбан, Вучиќ и линијата до Солун и коридорот 10, за кој нашиот министер се радува дека ќе го изгради. Може да биде во наш интерес некаков, но не повеќе од коридорот 10. Тоа е затоа што Кинезите отвраат дел во солунското пристаниште и на Орбан му е важно таа линија да функционира заради Кинезите. Ние сме последен прирепок на таа линија. Нашите се радуваат како деца, што функционираат во тоа оро. Таква една неспособна, да ја оцени сопствениот интерес политика, ние не сме сретнале досега. И тоа скапување е голем ризик, не може да не радува тоа, таквата неспосбност на владата која не функционира. Прогони и ПР симулакрум дека нешто се пррави, ништо друго, се е празно поради тоа, истакна професорот Љубомир Фрчкоски, на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања