СДСМ

mitskoski-filipche

Филипче: Очекувам сериозен план за евроинтеграциите од ВМРО-ДПМНЕ, не предлози од прес-конференции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.„Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од обични прес - конференции.Премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно политички партиски интерес од страна на ВМРО ДПМНЕ.Сметам дека треба да се направи како предлог во Собранието бидејќи е нешто во што треба да учествуваат сите политички партии. Доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го ќе го поддржиме“, рече Филипче.При тоа, Филипче посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.„ВМРО ДПМНЕ треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

Filipce-2-SDSM-1

СДСМ објави уште 16 кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Филипче:„Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски. Во Валандово – актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница – претседателот на општинската организација Гоце Милевски. Во Зрновци – исто така претседателот на општинската организација, Ванчо Митев, во Кавадарци – регионалниот партиски координатор Виктор Велевски. Во општина Карпош – д-р Маја Мојсова Мијовска, во општина Кисела Вода – Горан Трајковски. Во општина Маврово и Ростуше – Анес Ахмети. Во општина Ново Село – Петар Спасов, во Петровец – Елизабета Зелениковска. Во Прилеп – претседателката на општинската организација, Петра Лукароска, во Радовиш – исто така претседателот на општинската организација, Ристо Спасов. Во Свети Николе – Дејан Гичев, поранешен директор на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во општина Чашка – актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во општина Брвеница – Светлана Митреска Анџелковска, и кандидат за градоначалник на СДСМ за Град Скопје ќе биде партиската потпретседателка и поранешна министерка, Каја Шукова.“

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-16-Jul-2025-08-47-AM-585

СДСМ со свој кандидат за Скопје, се разгледуваат четири имиња: Ралев и Шукова во најтесен избор

Социјалдемократскиот сојуз ќе влезе во трката за градоначалник на Скопје со свој кандидат, а официјалното име ќе биде објавено најдоцна до крајот на јули. Засега, како најсериозни опции се споменуваат Мишко Ралев и Каја Шукова, но според изјавата на претседателот на партијата, Венко Филипче, во комбинација се и уште две други личности.Филипче, гостувајќи во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, нагласи дека не сака однапред да зборува за проценки во однос на поддршката што би ја добиле на изборите – ниту за бројот на гласови, ниту за очекувани советници и градоначалнички позиции.– Даваме максимум за да ги претставиме најквалитетните кандидати и да ја добиеме довербата на граѓаните. Важно е нашите кандидати да имаат интегритет и да покажат дека можат да работат чесно и одговорно. Скопјани ќе добијат кандидат кој ќе обединува, порача Филипче.

Скопје | пред 6 месеци

apasiev-filipce-5

Левица со свој кандидат за Скопје, СДСМ сѐ уште во изборна проценка – битката за локалните избори започнува

Партијата Левица на претстојните локални избори ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник на Скопје, потврди лидерот Димитар Апасиев во интервју за ТВ24. Со оваа одлука, Левица се откажува од стратегијата од минатите избори, кога ја поддржа независната кандидатура на музичарот Петар Георгиевски – Камиказа.„Овој пат ќе имаме свој партиски кандидат за Скопје. Сметаме дека сме доволно политички профилирани и дека нашата кандидатура ќе биде препознаена како вистинска алтернатива на досегашните елити“, изјави Апасиев.Според него, Левица ќе има советнички листи во над 50 општини низ државата, а интересот за градоначалничките позиции е голем – на јавниот оглас пристигнале над 20 апликации. Процесот на селекција, вели тој, ќе биде транспарентен и базиран на јасни критериуми.Апасиев најави тешка изборна кампања, предупредувајќи на можно „валкано сценарио“:„Очекуваме силни удари, особено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се истурат многу пари, но ние сме подготвени и нема да отстапиме.“Во однос на можните коалиции со партии на Албанците, тој истакна дека ќе се разгледуваат партнерства во мешани средини, но само врз основа на принципиелност, заемно почитување и компатибилност на кандидатите со заедниците.СДСМ, од друга страна, сѐ уште не објавила официјален кандидат за Скопје. Претседателот на партијата Венко Филипче вели дека финалната одлука ќе биде соопштена до крајот на месецот, а во игра се четворица кандидати – меѓу нив архитектот Мишко Ралев и поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.„Нашата цел е да понудиме човек што ќе обединува и што ќе внесе доверба и чесност во управувањето. Сакаме скопјани да видат дека нудиме кредибилитет, не само политички маркетинг“, рече Филипче.Во однос на внатрепартиските тензии, најексплицитен е примерот со Струмица – каде што СДСМ го поддржа Марјан Даскаловски наместо актуелниот градоначалник Костадин Костадинов. По таа одлука, Костадинов го замрзна членството во партијата, барајќи смена на раководството.Филипче за тоа вели дека изборот бил направен според внатрешните анализи и поддршката која ја имаат кандидатите во партиското членство.Во однос на евентуална соработка со Албанските партии, лидерот на СДСМ потврди дека разговори со Таравари се веќе започнати, но дека одлуката ќе ја донесе општинската организација.

Македонија | пред 6 месеци

filipce22

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски, популизам и поделби наместо реформи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше за реалноста со која се соочуваат граѓаните под власта на ВМРО-ДПМНЕ и за штетните политики кои директно го влошуваат животот на сите.„Граѓаните чувствуваат како живеат во изминатата година дена, полошо од тоа што беше претходно. Намалена е куповната моќ, инфлацијата е зголемена, нема раст на платите, пензискиот систем е доведен во ризик и тоа според официјални лица во Владата,“ рече Филипче.Тој потсети дека СДСМ уште пред една година предупредувал дека линеарното зголемување на пензиите ќе го стави фондот во дефицит и ќе ја загрози иднината на пензионерите. „Предупредувавме дека не треба да има линеарно зголемување, ако продолжиме со нашиот систем практично истите пари ќе ги земеа пензионерите, меѓутоа дефицитот во пензискиот фонд ќе се намалеше,“ истакна Филипче.Во однос на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче оцени дека не постои систем кој создава подобар живот за граѓаните, туку напротив, се гледа само продолжение на штетните практики од времето на Груевски.„Не гледаат луѓето и граѓаните дека било каков систем се воспоставува. Што се гледа? Гледаат практично продолжение на тоа што како систем го воспостави Никола Груевски во неговото владеење во 2016 година, а сега ова ВМРО-ДПМНЕ практично тоа го продолжува,“ рече Филипче.Претседателот на СДСМ посочи дека сегашната влада не носи никакви реформи, туку само манипулативни кампањи и поделби меѓу граѓаните. „Сметам дека оваа влада практично владее на истиот начин како што тогаш владееја. Нема реформи има само кампањи за да ја сменат перцепцијата на граѓаните, да прикажат едно светло коешто практично не постои, да го разубават животот за граѓаните, а тоа граѓаните го гледаат,“ истакна Филипче.„Сметам дека тоа е еден систем којшто е популистички начин на владеење — да се поделат граѓаните на патриоти и предавници и конечно ништо да не се случува,“ додаде тој.

Македонија | пред 6 месеци

filipce

Филипче од Националниот совет: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се осврна на безбедносните предизвици со кои се соочува Македонија, а поврзани со странски влијанија и дезинформациски кампањи. На седницата, Филипче побара од амбасадорката на Кралството Данска, Н.Е. Перниле Деилер Кардел, сериозно да се земе предвид делот од Извештајот на Европскиот парламент, каде што стои дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание.„Би сакал данската амбасадорка да каже дали ова го земаат предвид и дали се анализира овој дел од Извештајот, кога се зборува за зајакнување на безбедносната политика. Тоа дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание, вклучително напори за поделба на општественото ткиво на земјата и искористување на антиевропските чувства, особено преку таблоидите и медиумите на српски јазик кои функционираат како регионални засилувачи на наративите на Кремљ и уживаат значително влијание“, рече Филипче.Во обраќањето на Советот, Филипче воедно го нагласи значењето на двата клучни приоритета на данското претседателство – безбедна Европа и конкурентна зелена Европа, посочувајќи дека тоа е од исклучителна важност во актуелниот геополитички контекст.„Уверен сум дека Данска ќе работи силно на решителна Европска унија, која презема одговорност за сопствената безбедност и зајакнување на конкретности. Двата главни приоритети се многу важни во денешниот геополитички контекст, тоа е безбедна Европа и конкурентна зелена Европа. Искрено се надевам дека и ние како зелен кандидат за членството во Европската унија ќе го најдеме своето место во поставувањето на данските приоритети на данското претседателство – безбедна и конкурентна зелена Европа“, рече Филипче.Во тој контекст, Филипче ја потенцираше и важноста на политичките договори што се направени во минатото, кои, како што кажа, не се само договори коишто решаваат политички проблеми.„Имено, во Преспанскиот договор има еден сериозен дел кој укажува на развој на потенцијално партнерство со Република Грција во делот на обновливите извори на енергија, и тоа е нешто што во овој контекст Европа, сметам, треба да го има на ум и да го вгради во сопствената стратегија. Вака како што го именувала и Данска – конкурентна зелена Европа, но особено имајќи ја предвид потребата Европа да стане што понезависна од руските извори на енергенси, нешто што се покажа како многу кризно прашање во изминатиот период“, истакна Филипче.Во однос на безбедноста, тој ја поздрави одлуката на ЕУ за зголемување на инвестициите во воената индустрија и градење на автономна безбедносна политика, независна од трети актери. Во обраќањето на Советот, Филипче стави акцент и на проширувањето на Европската унија, кое, според извештајот на данското претседателство, добива нова тежина, особено со вклучувањето на земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина во заедничката безбедносна политика.

Македонија | пред 6 месеци

galetanovski

Продолжува трката во СДСМ за Скопје: Шукова и Галетановски на маса, Ралев – се отпиша?

Трката за кандидатурата за градоначалник на Скопје полека се заострува, особено во редовите на СДСМ, каде сѐ уште не е донесена конечна одлука, но неколку имиња веќе добиваат на тежина.Како најсериозни потенцијални кандидати се споменуваат Каја Шукова, актуелна потпретседателка на партијата и поранешна министерка за животна средина, како и Ѓорѓи Галетановски, претседател на градската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина во Скопје. Двајцата веќе неформално добиваат поддршка од различни партиски струи. Во телевизиски настапи тие навестија дека сакаат да се видат на таа функција.Мишко Ралев, кој важеше за речиси сигурен избор и фаворит во првичните калкулации, според партиски извори, најверојатно се отпиша од натамошна процедура. Од извори во СДСМ, неофицијално „Скопје1“ дознава дека Ралев имал кандидатура од општински организации, па според тоа морал да поднесе и биографија до партијата.Во трката е споменуван и Андреј Жерновски, поранешен градоначалник на Центар.За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ веќе ја формализираше кандидатурата – актуелниот градоначалник на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ќе ја брани партиската боја во главниот град. Со таа одлука, партијата доби временска предност за теренска подготовка и почеток на кампањата, иако Ѓорѓиевски кампањата ја почна уште многу претходно.Според партиски извори од СДСМ, конечната одлука за скопскиот кандидат се очекува до крајот на наредната недела.Изборите за Град Скопје, по се изгледа, ќе бидат една од најжестоките битки есенва.

Скопје | пред 6 месеци

sednica-co-sdsm-1

Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните, велат од СДСМ

„Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија. Мицкоски, по примерот на неговиот ментор Никола Груевски, троши 400.000 евра народни пари за платени анкети и измислени рејтинзи, надевајќи се дека со лажна слика ќе ја прикрие реалноста“, велат од СДСМ и додаваат:Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за настраданите од несреќата во Кочани, наместо борба со криминалот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во својот очај сервира политички спин и пропаганда.Анкетата на „Маркет вижн“ е дел од кампањата со која Мицкоски се обидува да ја прикрие неспособноста и отсуството на било каква визија. Имено, Маркет вижн во март 2025 година склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра за да прави анкети и го мери мислењето и задоволството на граѓаните од работата на Владата. Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ.Замислете, оваа е таа агенција која склучи договор со Владата по само три дена од несреќата во Кочани каде што починаа 63 млади животи, а над 200 беа повредени. Ова е доказ за нивниот морбиден политички карактер, кој дури и трагедиите ги користи како можност за бизнис и пропаганда, срамно.Колку и да се трудат да создадат лажна слика за поддршка, вистината е очигледна: граѓаните секојдневно гледаат хаос, неработење, скандали, неспособност, расипништво, криминал и корупција во врвот на Владата. Додека народот се справува со пожари, инфлација, ниски плати, нефункционални институции и секојдневни убиства по улиците, Мицкоски се занимава со нарачани анкети и политичка самореклама.СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе продолжиме да се бориме против манипулациите и лажните наративи и ќе ги разобличуваме сите обиди за дефокусирање од реалните проблеми.Граѓаните заслужуваат одговорна власт, вистина, а не евтини трикови и прескапи анкети. Вистинските анкети ќе се видат на локалните избори, кога незадоволството на народот ќе се претвори во јасна порака против оваа неспособна и расипничка власт.

Македонија | пред 6 месеци

Replika-Jovana-Trencevska

Тренчевска: Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани заслужуваат и финансиска помош и правда

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не во светот во кој живеат граѓаните на Кочани, особено семејствата на настраданите.„Чувство на одговорност немате, чувство за поддршка и помош немате, а одговорно излегувате арогантно да забранувате да се зборува за најголемата трагедија што ѝ се случила на Македонија. Тоа е навистина безобразно, навистина срамно. Таа забрана за зборување и забрана за пристап на медиумите ја покажува вашата ароганција и покажува дека единствено на што сте спремни е да си го зачувате рејтингот“, нагласи Тренчевска.Тренчевска додаде дека доколку власта водеше барем малку грижа немаше да го блокира предлог-законот за настраданите во Кочани и ќе го прифатеше овој амандман што ветува поддршка и помош за настраданите и нивните семејства.„Шеесет и два млади животи згаснаа за миг, една школска генерација во едно населено место ја снема. 200 повредени, од кои најголем дел со траен инвалидитет, а вие зборувате дека она што СДСМ и коалиционите партнери го предлагаат во форма на предлог-закон и сега со амандмани, е квази политика. Вашето е квази политика, затоа што, 30 милиони денари имавте во буџетот за настраданите во Кочани“, нагласи Тренчевска додавајќи дека сето она што е дадено на семејствата и на повредените е направено од Црвениот крст и од Супорт Кочани, а не е направено од владата, не е направено од буџетот на државата.Тренчевска нагласи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа невидена ароганција, покажа негрижа за настраданите и за семејствата од Кочани.„Семејствата бараат правда, бараат поддршка, бараат помош. Во овој момент им е потребна правда, меѓутоа им е потребна и финансиска помош и поддршка. Меѓутоа, тоа вас не ви е приоритет. За вас, Кочани и семејствата на настраданите не се приоритет“, нагласи Тренчевска.

Македонија | пред 6 месеци

Нема фотографија

Талевски: Потребна е сериозна и одговорна политичка волја за помош на семејствата на жртвите во Кочани

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Миле Талевски на денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, истакна дека наместо реална помош за семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, власта води квази политика врз грбот на овие луѓе.„Ситуацијата со ВМРО е комплетно забегана и нема допирна точка со реалноста. Жртвите и повредените секојдневно бараат помош од сите нас, и треба да им се излезе во пресрет. Наместо тоа, се води квази политика врз грбот на овие нови луѓе, и слушаме некакви објаснувања дека Собранието нема надлежност и не треба да биде вклучено во овој процес. Заменик-министерот дури ни кажува дека не треба да има политика во ова прашање. Кој води политика? Власта, која бара начин како да се извади од оваа цела ситуација“, рече Талевски.При тоа, Талевски посочи дека постојано од почетокот на истрагата до сега , владата бара начин како да се амнестираат оние кои директно се одговорни за последиците од случувањата во Кочани.„Самите тие полицајци, кои имале обврска дента да постават оперативен план по Законот за јавни собири и да постапат, не постапиле. По голем број реакции, имаме само обиди за заштита на одговорните“,рече Талевски.Тој потенцираше дека јавноста заслужува транспарентност и решавање на овие проблеми:„Очекуваме јасни одговори, решенија и поддршка за повредените и нивните семејства, како и за сите граѓани кои се соочуваат со сериозни проблеми. Ние, како пратеници, имаме обврска да ги слушнеме и поддржиме овие луѓе преку законски решенија и амандмани. Предлогот за ребаланс на Буџетот е чекор во таа насока, но, за жал, нема слух за тоа. Секој ден родителите бараат да им се помогне. Ние предлагаме начини како полесно да се справат семејствата на жртвите и овие 200 повредени. Затоа, свестете се малку. Потребна е сериозна и одговорна политичка волја, не кампања. Граѓаните очекуваат решенија и помош, а не празни зборови – рече Талевски

Македонија | пред 6 месеци

kaja-sukova

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ - граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се помалку за живот. За 20% е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20% помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес конференција потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре."Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија.70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра",рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива."Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да ја сокрие - релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа", нагласи Шукова.При тоа, потпретседателката Шукова порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски мерки и реформи, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани.

Македонија | пред 6 месеци

spasovski

Спасовски: Со ребалансот власта ја признава економската катастрофа – 0 проекти, 0 резултати

Предложениот ребаланс на буџетот претставува обид на власта да ги прикрие сериозните пропусти во управувањето со јавните финансии и непланираните расходи, што отвора пат за дополнително задолжување и загрозување на економската стабилност. Ваквата политика ќе го отежне економското функционирање на граѓаните и бизнисите, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот.Тој потенцираше дека ова е прв ребаланс на буџетот кој се прави на буџет што го создаде ВМРО-ДПМНЕ и со него имаме ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината, што претставува дополнителни 4% од бруто домашниот производ (БДП) и што ќе ја пробие критичната граница од 60% јавен долг во однос на БДП, поставувајќи во ризик иднината на државата и граѓаните.„Власта се обидува да ја прикаже состојбата во државата како идеална, особено во пресрет на локалните избори, но реалноста е далеку од тоа. Без јасна и долгорочна економска стратегија, само се продлабочуваат проблемите, а ребалансот претставува краткорочно решение кое ја зголемува неизвесноста кај граѓаните и стопанството“, рече Спасовски.Тој додаде дека нема конкретни мерки кои би ја стимулирале инвестициите и би ја подобриле животната состојба. Наместо тоа, се продолжува со политика која создава конфузија, ризик од поголемо задолжување и сериозна финансиска нестабилност.Во однос на капиталните инвестиции, Спасовски посочи дека реализацијата до 12 јуни изнесува само 23% од планираните расходи, што не гарантира ветениот инвестициски циклус и развој на економијата.Покрај тоа, нема видливо зголемување на средствата за реформи во правосудството и институциите задолжени за борба против корупцијата, а независноста на институциите е сериозно загрозена.„Финансиската поддршка за малите и средните претпријатија е скратена за 900 милиони денари, а неплатените буџетски обврски се околу 700 милиони евра, што ја зголемува финансиската нестабилност и создава дополнителни ризици“, потенцираше Спасовски.Тој постави и клучно прашање: дали во ребалансот се обезбедени средства за исплата на финансиската поддршка и како ќе се сервисира тој долг? Владата и Министерството за финансии треба јасно да дадат одговори за тоа како ќе ги сервисираат долговите, како ќе ја подобрат реализацијата на капиталните инвестиции и како ќе го зајакнат правосудството и институционалната независност.„Без конкретни и долгорочни решенија, економската стабилност и развојот на земјата остануваат загрозени. До крајот на годината нема да има никакви значајни промени, затоа што ребалансот е само обид за одржување на илузијата за развој. Политиката на ‘купи ден, продади ден’ останува доминантна, а резултатите се 0 проекти, 0 резултати и 100% изговори“, потенцираше Спасовски.

Македонија | пред 6 месеци

kostadinov1

Костадин Костадинов го замрзна членството во СДСМ: „Ова не е крај, туку почеток на нов тек“

Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на Струмица, објави дека ја замрзнува својата партиска активност во СДСМ, откако не беше избран за кандидат на претстојните локални избори. Во обраќање полно со емоции и политички пораки, тој порача дека нема да се кандидира повторно, иако никогаш досега не загубил избори.„Ова не е крај. Ова е момент кога човек мора да зборува чесно и од срце. Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена“, изјави Костадинов.Тој упати директна критика кон актуелното раководство на СДСМ, обвинувајќи за безидејност, недостаток на храброст и отсуство на вистинска понуда за граѓаните. Сепак, подвлече дека останува социјалдемократ „не по книшка, туку по вредности“.Во објавата најави и создавање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Според него, тоа ќе биде „доволно прецизно за да обедини авторитети, но и доволно забавно за да ги привлече младите“.„Не сакам да бидам градоначалник по инерција. Сакам да бидам избор по потреба, по убедување, по визија“, вели Костадинов, истакнувајќи го неговото досегашно портфолио како едно од најсилните во Македонија – со проекти како електричен јавен превоз, нов урбанистички план и зелени пазари.Костадинов порача дека својата конечна одлука дали ќе остане во СДСМ или ќе дејствува надвор од партијата ќе ја соопшти во две фази – првата во септември, а втората по изборите.„Да се повлечеш кога си најсилен е најголема храброст“, заклучи тој.

Македонија | пред 6 месеци

Bisera-1

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите

Ребалансот на буџетот за 2025 година, иако навидум не менува многу во клучните макроекономски параметри како вкупни приходи, расходи, дефицит и економски раст, претставува јасен показател за владините приоритети и стратегии, особено во пресрет на локалните избори, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната расправа посветена на ребалансот на Буџетот за 2025 во комисијата за финансирање и буџет.Костадиновска Стојчевска нагласи дека 14 милиони евра не се за зголемени плати, како што рече и самиот заменик министер се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пензии, програмски, проектни активности со едновремено искористување на средства од претходни години.Ова најверојатно е заради претстојните локални избори, па тактиката е добро позната - нови вработувања на партиски кадри пред изборите, што е долгогодишна практика која го оптоварува буџетот и ја нарушува професионалноста на јавната администрација, наспроти најавите на министерот за јавна администрација, истакна Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека за тоа зборува и зголемувањето на ставката „стоки и услуги“, за околу 30 милиони евра во однос на 2024 година, која е недоволно транспарентна и вклучува договори на дело како форма на квази-вработување во јавната администрација.Костадиновска Стојчевска нагласи дека истовремено со зголемувањето на расходите за пензии и плати, владата прави кратења кои директно ја погодуваат економијата и најранливите категории граѓани.Кратењето на социјалните надоместоци е најголема критика за владата. Намалувањето на парите за „социјалните случаи“ е антисоцијална и антисоцијалдемократска политика. Недозволиво е да се крати од најсиромашните слоеви на населението, а во исто време да се вработуваат партиски кадри пред избори. Ова покажува висок недостаток на емпатија и социјална одговорност, рече Костадиновска Стојчевска.Таа го истакна и очајното ниво на реализација на капиталните инвестиции од само 22,5%, кое е за 13,6 процентни поени помалку од истиот период во 2024 година, а признанието дека претходната влада била подобра во реализацијата на капитални проекти е силна критика за неефикасноста на сегашната влада во спроведувањето на развојни проекти.Во своето излагање пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, особено се осврна на состојбите во министерството за култура и туризам, каде е намалена ставката за плати, што значи дека заложбите за поголеми плати за вработените во министерство за култура останаа само предизборни ветувања а и додатокот на плата за 30% денес во министерство за култура се прави по партиски клуч.Не се предвидени средства за зголемувањето на платите на културните работници. Иако некои од нив два месеци немаат земено плата и добиваат само закани дека нема да земат плата, не се предвидени средства за исплата на 700 тужби за неисплатените проценти согласно колективниот договор, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека културните работници го добија достоинството во 2019 година со потпишувањето на колективниот договор, а во 2025 година им го ускратува еден од нив.Костадиновска Стојчевска наведе дека Буџетот на инспекторатот за употреба на македонски јазик е намален за 2/3, се крати од ставката за културно наследство, не е помрднато со прст за завршување со изградбата на центарот за промоција на макеоднски јазик во село Љубојно, првото училиште по македонски јазик, се намалува и сумата за реконструкција на Музеј на Македонија и покрај тоа што министерот наследи готов проект и завршена процедура.Во буџетот на самото министерство зголемена е ставката за патувања. Тука ништо не не изненадува. Осака чинеше 90.000, а само за министерот и неговата шефицата на кабинет беа платени 10.000 евра трошоци, рече Костадиновска Стојчевска.Она што е најевидентно се средствата за инфраструктурни објекти во општините коишто од 275 милиони сега со ребалансот изнесуваат 335 милиони. За користење на овие средства оваа година нема распишан конкурс па така не е јасно како овие и така зголемени средства ќе се користат, рече Костадиновска Стојчевска.Таа истакна дека финансирањето на дејностите од областа на култура е зголемено, во средствата овој јануари беа распределени на најнетранспарентен можен начин, без јавно објавување на резултатите од конкурсот, така и овие зголемени средства ќе одат во нечии џебови а не таму каде треба.За жал заложбите на министерот за зголемен буџет за култура останаа само предизборни ветувања и остварувања и зголемени суми ќе гледаме само кога има избори, порача пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот за 2025 година.

Македонија | пред 6 месеци

Fatmir-B-SDSM

Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница за ребаланс.Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.„Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ - рече Битиќи.Наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика – розово на хартија, а црвено во реалноста. Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели.„Новото задолжување од 500 милиони евра и скриените долгови од над 700 милиони евра создаваат дополнителен фискален товар што ја загрозува економската стабилност и ќе мора да се решава во иднина.“Разочарувачки е и нискиот степен на реализација на капиталните инвестиции – само 23%, далеку од ветениот „рекорден инвестициски циклус“. Реториката со алтернативни пресметки не го заменува вистинското отчетување.Буџетот се користи како предизборно оружје: зголемувањето на пензиите и платите во јавниот сектор, растот на трошоците за договорни услуги и тројното зголемување на буџетските резерви укажуваат на непотизам, партиски вработувања и нетранспарентна потрошувачка, потенцираше Битиќи.Во услови кога јавните финансии се загрозени, ова не е одговорно управување со државните пари, туку краткорочна партиска кампања со ризик за економската иднина на граѓаните.„Во структурата на расходите се открива политичката агенда на Владата, која сè поотворено го користи буџетот за предизборна мобилизација. Зголемувањето на пензиите за околу 40 милиони евра укажува на ново предизборно зголемување кое не е резултат на одржлива реформа. Зголемувањето на платите за 14 милиони евра во јавната админстрација отвора простор за партиски вработувања, што ја поткопува институционалната професионалност и генерира долгорочни трошоци без развоен ефект. Особено вознемирувачки е скокот на расходите за договорни услуги за 30 милиони евра без зголемена отчетност, што отвора сомнежи за нетранспарентна и потенцијално коруптивна потрошувачка.“, рече Битиќи.Сето тоа се дополнува со зголемени трансфери од 3,8% до локалната самоуправа и тројно зголемени буџетски резерви (од 200 на 595 милиони денари) без прецизни и таргетирани програми.Во изборна година, ваквиот тренд повеќе наликува на финансиско вооружување за политичка потреба отколку на одговорно управување со јавните средства.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања