СДСМ

koneski

Конески: Лицемерно е СДСМ да зборува за младите откако претходно 7 години ги заборавија, ВМРО-ДПМНЕ е партнер на младите

„Лицемерно е после ветувањето за студентските градови и домови низ државата, СДС да зборува за младите. Ниту со прст не мрднаа, ниту еден проект не реализираа за младите. Единствено одредени млади купуваа трговци центри, а останатите си заминуваа“ , вели Тодор Конески и додава:СДСМ ги остави младите и студентите понижени и посрамотени, откако им ветуваа брда и долини на истите. Од студентски градови и домови, до покачени стипендии и поддршка. Не само што ништо не исполнија, туку и дел од овие ветувања и ги укинаа.Затоа младите и не им даваат поддршка на СДСM и јасно ќе го повторат тоа на претстојните локални избори. Младите знаат кој е нивниот вистински партнер, а тоа е Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.250 евра ваучери за електронски уреди за сите студенти, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис, 10 илјади евра за млад земјоделец, во текот на мандатот ќе бидат реконструирани 9 студентски домови низ државата, реконструкција на ФИНКИ и на ФФК, како и спортската сала во кругот на УКИМ. Се покачуваат стипендиите за студентите, се прошири опсегот на субвенциониран студентски оброк, нов факултет во Штип и студентски дом, се дел од проектите кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презема по само една година владеење, за поддршка и стимулирање на младите.Ова е само дел од огромната разлика која ја правиме во однос на младите. Ако претходно младите гледаа излез од оваа држава, сега имаат надеж дека може подобро и дека можат да останат и да творат тука.

Македонија | пред 5 месеци

petrusevski

Петрушевски: Кога СДСМ повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

„Кога СДСМ повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и го држат на функција“ , вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и додава:СДСМ и главниот обвинител Коцевски, играа пинг-понг во јавноста, се до моментот кога тој требаше да си замине од позицијата, па СДС мораше јавно да истапи и да го брани, за да се спасат себе си.Кога граѓаните се прашуваат до каде е случајот, треба да знаат дека е на линија помеѓу главниот обвинител Коцевски и СДСМ. Вторите лажно го напаѓаа првиот, за да создадат привид во јавноста, операција која не им успеа затоа што мораа да го бранат во Собрание, да не останат без него.На фолирањето на СДСМ му дојде крај. Не додржаа ниту еден месец, па СДСМ мораше да се соголи, и да покаже дека ќе направат се само главниот обвинител, Љупчо Коцевски, да остане на позиција.Сега е многу очигледно и зошто СДСМ држеше пресови за Кочани, каде со лажно душегрижништво го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, а всушност договорени со нивниот обвинител Коцевски, сакаа да креираат хаос.Сите обиди за хаос и сценарија на СДСМ се изјаловија.Секој може да види каде е вистината, а таа е дека СДСМ го спаси главниот обвинител Коцевски, кој има задача да ги спасува нив од одговорност, но и да им креира наративи за политички прес-конференции, како во случајот со Кочани.

Македонија | пред 5 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Нашата мирновременска борба не е завршена, порача Филипче за Илинден

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Крушево упати честитка по повод Илинден, подвлекувајќи ја историјата и обврската што произлегува од двата Илиндени – 1903 и 1944 година.„Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, борбата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме двата Илиндени – и Крушевскиот и АСНОМ-скиот“, рече Филипче.Тој се поклони пред жртвите вградени во темелите на македонската држава и потенцираше дека нивната жртва не смее да биде заборавена. „Од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја, денес живееме во модерна држава. Но, нашата мирновременска борба не е завршена“, предупреди Филипче.Според него, клучната задача сега е Македонија конечно да стане полноправна членка на Европската Унија: „Припаѓаме таму – цивилизациски, културно и географски.“Филипче повика на надминување на поделбите и вештачките етикети на „патриоти“ и „предавници“:„Вистински патриотизам денес е да се унапредува државата. Само заедно можеме да го продолжиме патот што нашите претци го започнаа со Илинден.“

Македонија | пред 5 месеци

sukova-kaja

Шукова: Поголема поддршка на независната културна сцена во Скопје- тоа е инвестиција во креативната иднина на градот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена.Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество.„Како кандидат за градоначалник на Град Скопје, чувствувам одговорност да најавам поголема поддршка за работата на независната културна сцена. Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град – во неговата креативност и човечност“, рече Шукова.На средбата, Шукова посочи дека за развојот на независната културна сцена е важно да се создадат слични вакви културни јадра и во другите општини, а дополнително се отвори и прашањето за можноста за зголемување на финансиската поддршка.„Независната културна сцена претставува важен двигател на културниот и општествениот развој на Скопје и затоа сметам дека заслужува поддршка. Потребно е да се обезбедат услови за проширување на просторните капацитети но и да се размислува за отворање на слични културни јадра и во другите општини. Затоа и ќе се заложам за обезбедување поддршка не само во простор, туку и зголемена финансиска поддршка за програмските активности на независната сцена која активно твори и придонесува за културниот живот во градот Скопје“, рече Шукова.Културно-социјалниот простор – Јадро е професионална, отворена и инклузивна платформа која во континуитет ги поддржува уметниците, културните работници, граѓанските организации и граѓаните. Со повеќе од 100 културни настани во текот на годината, оваа установа е модел за успешна соработка помеѓу локалната власт во општина Центар и културната сцена.

Македонија | пред 5 месеци

mitreski

СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на јавниот обвинител: „Одлуката е на обвинителот, а не на Собранието“

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на јавниот обвинител, бидејќи, како што изјави пратеникот и потпретседател на Собранието, Јован Митрески, интерпелацијата не мора да има правни последици и одлуката за натамошните чекори е во рацете на самиот обвинител.– Интерпелацијата во принцип значи барање политичка одговорност, но тука зборуваме за човек од третата власт, судската власт, која по Устав треба да биде независна – рече Митрески на денешната прес-конференција.Тој појасни дека интерпелацијата не претставува одлука за разрешување, туку политички чин кој не е задолжително обврзувачки.– Дали ќе има правни последици зависи од самиот обвинител, дали ќе поднесе оставка или не. Ако точката беше одлука за разрешување, ќе отворевме дебата дали сме задоволни или незадоволни од работата на обвинителот, согласно членот 63 став 3 од Законот за јавно обвинителство, каде јасно стои дека Советот на јавни обвинители мора да даде позитивно мислење за разрешување – потенцираше Митрески.Од СДСМ повторуваат дека остануваат на ставот за независност на обвинителството и ослободување од какво било политичко влијание.– Јавното обвинителство мора да биде независно и сите одлуки мора да се носат согласно законот – изјави Митрески.Осврнувајќи се и на изјавите на премиерот Мицкоски, Митрески рече дека во јавноста се отвораат легитимни прашања за конзистентноста на неговите ставови.– Премиерот порано тврдеше дека постапката за разрешување е започната и нема запирање, а потоа по трагичниот настан во Кочани изјави дека нема да има разрешување додека не заврши истрагата, па дури и рече дека е задоволен од тоа како се води истрагата. Се поставува прашањето дали е навистина задоволен, кога во истрагата не се опфатени началници од Тошковски – рече Митрески.Тој го искористи обраќањето и за директна порака до обвинителот.– Господине јавен обвинител, вие го водите најтешкиот предмет за најголемата трагедија во поновата историја – пожарот во Кочани. Очекуваме вистинска, не селективна правда. Од вас зависи дали после гласањето за оваа интерпелација ќе бидете со штитот или на него. Одлуката е ваша – рече Митрески.СДСМ, како што додаде, нема да учествува во постапка која нема обврзувачка правна тежина.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

Политички судир поради пожарите: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за негрижа и саботажа

Пожарите што последниве денови зафатија делови од државата станаа причина за нова пресметка меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии преку официјални соопштенија се обвинија за негрижа, политичка манипулација и прикривање на одговорноста за состојбата со противпожарната заштита.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ за време на своето владеење оставила противпожарните единици без опрема, дека не е набавено ниту едно летало или возило за гасење пожари, додека функционерите, како што велат, оделе на одмори на грчки плажи во време кога низ државата беснееле пожари. Според нив, наместо загриженост, СДСМ се радувала на секој нов пожар за да може да обвинува.Во реакција од СДСМ се вели дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога нема одговор за, како што наведуваат, „катастрофалното водење на државата“, вината ја префрла на опозицијата. Потсетуваат дека Стојанче Ангелов, поранешен директор на Центарот за управување со кризи, за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ја уништил системската способност за заштита од пожари, е сега директор на Дирекцијата за заштита и спасување, поставен од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со зголемена плата од 30%.СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги објави имињата на лицата за кои тврдат дека подметнувале пожари, а секое одбивање, според нив, ќе значи соучесништво. Дополнително, посочуваат дека во последните две години изгорела површина каква што не изгорела во изминатите три децении.ВМРО-ДПМНЕ повторно упатува сомнежи дека дел од пожарите се намерно подметнати од лица блиски до СДСМ и ДУИ, и прашува која е нивната корист од тоа. Од партијата велат дека намерното предизвикување штета со цел да се наштети на актуелната Влада, во суштина претставува штета за целата држава.

Македонија | пред 6 месеци

SukovaAcevski1

Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ, ја најавија реализацијата на еден од најважните инфраструктурни проекти за општината, решавање на проблемот со водоснабдувањето.„Денес во Ѓорче сме со Каја Шукова за да заеднички го адресираме еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на нашата општина, проблемот со водоснабдувањето,“ изјави Ацевски. Тој нагласи дека „проблемот со притисокот на водата е алармантен“ и дека „во голем дел од Ѓорче, притисокот е до толку слаб, што граѓаните буквално добиваат вода капка по капка.“Шукова посочи дека решавањето на овој проблем ќе биде врвен приоритет веднаш по преземањето на функцијата. „Како идна градоначалничка на Скопје, решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Ѓорче Петров ќе биде еден од моите врвни приоритети,“ рече Шукова.Таа потенцираше дека решението е веќе подготвено: „Проектот 'Оризарски рид' веќе постои. Изготвен е од Градежниот институт на Македонија и има позитивна ревизија од ЈП Водовод и канализација.“ - посочи Шукова.Проектот, според Ацевски, чини околу 3 милиони евра и опфаќа директен убод во главната водоводна линија со профил Фи 1600, изградба на пумпна станица и резервоар и поставување на потисен и повратен цевковод. „Ова е сериозен технички зафат што еднаш засекогаш ќе го реши проблемот со слабиот притисок на вода во нашата општина,“ изјави Ацевски.Тие нагласија дека досегашното неажурирање на овој проект е директна последица на блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-26-at-19.09.41

Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари, ова е еден од моите проекти за градот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош.„Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова.Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури.„На вакви пеколни температури тешко се седи цел ден на тезга, немаат услови, но мораат да бидат таму. Работат напорно, чесно, и заслужуваат подобри услови за работа.“Клучното барање кое било истакнато од страна на продавачите е јасно:„Најчестото барање што го слушнавме беше едноставно – затворен пазар со нормални услови за работа.“Во таа насока, Шукова истакна дека решението е веќе дел од нејзината програма.„Во мојата програма имам конкретни проекти за затворање и модернизација на градските пазари. Пазарите ќе бидат живи, безбедни и функционални простори и за продавачите и за купувачите.“ - изјави Шукова.

Македонија | пред 6 месеци

Kaja-SDSM-1

Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска испрати силна и емотивна порака до скопјани, по повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот во 1963 година.Шукова потсети на солидарноста и заедништвото со кои Скопје беше изградено одново и порача дека токму тие вредности мора повторно да го поведат градот напред.„Скопје беше повторно изградено со срце, со волја и пред сѐ со солидарност. И токму заедништвото и искрената љубов кон градот се двете сили кои единствено можат да го водат овој град напред. Денес, ни се потребни повеќе од било кога“, изјави Шукова.Кандидатката за градоначалничка остро се осврна на изминатите четири години од актуелното локално раководство, обвинувајќи го за неспособност и занемарување на интересите на граѓаните.„Скопје изминатите четири години беше силно погодено од неспособност, лични интереси и негрижа. Духот на Скопје се рушеше и обезличуваше секој ден, оставајќи ги скопјани немоќни пред партиските интереси“, рече Шукова.Таа истакна дека како иден градоначалник ќе работи со чесност и одговорност, посветена на граѓаните.„Никогаш како градоначалничка нема да дозволам личните, партиските и било кои други интереси да го уништат градот. Ветувам дека во работата ќе ме водат двете сили кои во 1963 го издигнаа Скопје под рушевините – силата на љубовта кон градот и силата на заедништвото со секој од вас“, порача таа.Шукова заклучи дека Скопје заслужува повеќе и повика на нов почеток.„Градот што го преживеа најтешкото, заслужува повеќе. Ние сите заслужуваме повеќе бидејќи го сакаме овој град. Скопје може подобро и ќе биде подобро. Затоа што Скопје сме сите ние. Време е да му дадеме нова сила. Време е да ги земеме работите во свои раце“, истакна Шукова.СДСМ најавува кампања што ќе понуди реални решенија за сите предизвици со кои се соочува Скопје и визија за град кој им припаѓа на своите граѓани.

Македонија | пред 6 месеци

jovana-trencevska-SDSM

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ лаже, со СДСМ пензиите пораснаа за 30%

Тренчевска потсетува дека во периодот од февруари 2022 до мај 2024 година, благодарение на Методологијата за усогласување на пензиите што ја донесе Владата на СДСМ, пензиите пораснаа за 29,7%. За тој период, најниската пензија порасна од 9.900 денари на 13.200 денари, а ниту едно покачување не било симболични 50 или 100 денари како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.Освен редовните покачувања, во два наврати беа доделени социјални мерки за сите пензионери:3.000 денари за сите пензионери,15.000 денари за оние со пензија до 14.000 денари,10.000 денари за пензии од 14.001 до 16.000 денари,7.500 денари за пензии од 16.001 до 19.000 денари.„Во мај 2024 година дупката во ПИОМ изнесуваше 32,5%. Денес таа е 47,8%. Со системски политики ја чуваме стабилноста на фондот, ВМРО-ДПМНЕ го загрозува и неговиот опстанок“, истакнува Тренчевска.СДСМ уште еднаш ја потврдува посветеноста кон пензионерите – со одговорни, системски решенија за подобар стандард, стабилен пензиски фонд и реална поддршка, а не со манипулативни трошки и лажни ветувања како што денес им се нуди

Македонија | пред 6 месеци

Ljupco-N-SDSM

Љупчо Николовски: Само една нова мала винарија за една година – катастрофален резултат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

„Шокантен пад во поддршката за малите производители. Според официјални податоци, во една година под Владата на ВМРО-ДПМНЕ е регистрирана само една нова мала семејна винарија. За споредба, во една година под Владата предводена од СДСМ беа отворени 101 мали семејни визби – тоа се 101 нови семејни бизниси, 101 можност за локален развој и работни места“, реагираше пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски и додава:Ова е директен резултат на укинувањето на реформите и програмите што СДСМ ги воведе за поддршка на малите производители, винари и земјоделци. Наместо да ги надградат успешните политики, ВМРО-ДПМНЕ ги укина без почит кон трудот на земјоделците.Ваквата безидејност и неспособност имаат сериозни последици го уништуваат локалниот агро-бизнис и ја враќаат државата чекор назад.СДСМ останува на страната на малите производители и ќе продолжи да се бори за политики што носат реална поддршка, развој и просперитет за секое семејство и секоја општина.

Македонија | пред 6 месеци

Penzioneri

СДСМ тврди: Владата им подготвува историска измама на пензионерите

СДСМ реагира на новото законско решение кое го подготви Владата за линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари во септември и март.Со ова решение, смета опозицијата, Владата практично ги излажала и им ускрати од пензиите на пензионерите двапати.Тие пресметале колку губат пензионерите.,,Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%.За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување.Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари.За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку.За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000.И така редоследно секој пензионер губи од пензијата.Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон.Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото“, тврдат од СДСМ.Адвокатот Валентин Пепељуговски предлага, Владата како што сака линеарно да ги зголеми пензиите, да донесе Закон со кој покачувањата за државните службеници и за сите функционери исто да биде линеарно.

Македонија | пред 6 месеци

786367c7-87e4-4fe8-b797-16cb121c00c1

Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година.Битиќи, во своето излагање истакна дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари, или 4% од БДП.-„Но тоа е веќе над законски дозволената граница од 3%, односно максимум 3,5% во исклучителни случаи – а денес немаме ниту катастрофа, ниту глобален шок. Она што го имаме е криза во планирањето, криза во отчетноста и криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава“, посочи Битиќи.Тој додаде дека дефицитот само од крајот на април до средина на јули е зголемен повеќе од двојно – од 13,4 на над 30 милијарди денари, што е јасен знак дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно.Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува задолжувањето, и домашно и надворешно, со што се создава товар за идните генерации, а секоја нова обврзница и секој нов кредит значи помалку пари за училишта, здравство и инфраструктура.„Со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, надворешниот за 1,38 милијарди, а најавено е и ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината. Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1% од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови кои не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста“ , нагласи Битиќи.Toj истакна дека се дуплира ставката за набавка на автомобили, капиталните расходи, наместо да одат за болници, училишта или зелена инфраструктура, се пренасочуваат за набавка на возила.„Се купуваат автомобили во вредност од речиси 900 милиони денари, во време кога капиталните инвестиции бележат ниска реализација од 28%, истакна Битќи, додавајќи дека Владата троши 1,8 милиони евра за 134 метри квадратни штанд на ЕКСПО 2027 – што значи 5.550 евра по метар квадратен, а со тие средства може да се обезбедат над 12.000 сензори за дијабетичари осносно да се опслужат 460 пациенти со дијабетес тип 1. Се кратат средствата за животна средина за 868 милиони денари, како и економската поддршка за мали и средни претпријатија, на кои и скромните 18.5 милиони денари им се ускратени на 11.5 милиони денари“ , рече Битиќи.Битиќи нагласи дека владата најавува зголемување на пензиите, но реалноста е дека 92% од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе.„Проекцијата за инфлацијата останува фиксирана на 2,8%, но реалноста е поинаква – минималната кошница се зголемила за 3.443 денари само во последните четири месеци, и за 7.000 денари во текот на една година“ , рече Битиќи,.Животот поскапува, а платите и буџетските мерки не го следат тој тренд. Наместо мерки за заштита на куповната моќ – добиваме буџет без визија, без развојна насока и без слух за реалните потреби на граѓаните, нагласи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, од собраниската говорница на расправата за ребаланост на буџетот за 2025 година.

Македонија | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Полемика околу Законот за полиција: СДСМ обвинува за партизација, ВМРО-ДПМНЕ враќа со критики за манипулации

Новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција предизвика силни политички тензии, откако од СДСМ го оценија како опасен чекор кон целосна партизација на МВР и узурпација на безбедносниот систем, додека од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека станува збор за намерни манипулации и дефокус од реалните успеси на Владата.На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро го критикуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го дека преку предложените измени сака да го претвори МВР во „партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ“.„Станува збор за скандалозен предлог со кој се урива кариерниот систем, се бришат професионалните критериуми и се отвора вратата за поставување партиски кадри без образование и искуство“, рече Кузеска. Таа предупреди на шест клучни точки кои, според СДСМ, го загрозуваат функционирањето на полицијата: намалување на критериумите за вработување, укинување на условите за раководни функции, укинување на регионалните центри за гранична контрола, можност за бришење податоци од евиденции, подигање на старосната граница за вработување и – како што го оцени – „најскандалозно“, бришење на членот 19 што овозможува амнестија за осудени лица.„Ова е директен атак врз безбедносниот систем и државниот суверенитет. Ако овој закон биде усвоен, полицијата ќе биде инструмент за политички прогон, а не заштитник на граѓаните“, порача Кузеска.Одговорот од ВМРО-ДПМНЕ следуваше веднаш, преку реакција во која се вели дека СДСМ, наместо да понуди аргументи, продолжува со манипулации и фабрикување на тези.„СДСМ ја изневери секоја категорија на граѓани. Сега, преку прес-конференции, се обидува да ја манипулира јавноста и да дефокусира од фактот дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе ги зголеми пензиите за 5.000 денари во една година, а премиерот најави ново зголемување од 2.000 денари во наредниот период“, се вели во реакцијата.Од партијата посочуваат дека пензионерите ја препознаваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, што, според нив, се потврдува и со преминувањето на Партијата на пензионерите на страната на новата влада.Додека власта тврди дека спроведува реформи и ја враќа државата на прав пат, опозицијата предупредува на сериозно разградување на институционалниот интегритет. Предлог-законот е во собраниска процедура, а јавноста останува поделена – меѓу обвинувањата за враќање на режимски практики и тврдењата за нова стабилност.

Македонија | пред 6 месеци

sanja-bozinovska

Колапс во ЕСМ – ова се резултатите од 'дрим-тимот' на Мицкоски и Божиновска во енергетиката, вели СДСМ

СДСМ ја обвини Владата и раководството на ЕСМ дека ја довеле најголемата енергетска компанија во државата до катастрофална состојба. Според партијата, ЕСМ за само три месеци во 2025 година направила загуба од 45 милиони евра, што е за 11 милиони евра повеќе од истиот период лани.„Ова се резултатите од 'дрим-тимот' на Мицкоски и Божиновска во енергетиката. Ова е реалноста, а не манипулациите и лажните трибински говори“, стои во реакцијата на СДСМ.Партијата предупредува дека компанијата првпат во историјата потфрлила со дури 35% во планираното производство во првиот квартал, што се одразило и врз целокупната енергетска стабилност.Како дополнителен показател за слабоста на менаџментот, од СДСМ посочуваат дека повеќе од три месеци нема назначено директор за правни работи, а претседателот на Надзорниот одбор си поднел оставка, што, според нив, укажува на целосен управувачки колапс.„Овие 45 милиони евра загуба се резултат на неспособност, а доказ за безидејноста се и дополнителните 110 милиони евра кредити што ова раководство ги зема за помалку од една година.“СДСМ особено остро ја критикува министерката Сања Божиновска, обвинувајќи ја дека наместо да се справува со енергетските предизвици, се занимава со продуцирање видеа и самофалби на социјалните мрежи.„На место акција – селфи. Наместо резултати – објави со фрази како 'Македонија со јасна енергетска визија'. Единствен успех ѝ се видеата, можеби чека филмска награда.“Партијата обвинува и за поставување на директор без никакво искуство во енергетиката, додека, како што тврдат, се отвораат вратите за странски приватни инвеститори да ја преземат инфраструктурата.„Ова не е реформа, туку енергетска пародија. Никогаш досега немало ваков колапс на ЕСМ.“СДСМ порача дека граѓаните не ги интересираат „смешните соопштенија“ од раководството, туку резултати кои, како што велат, оваа гарнитура не е способна да ги испорача.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања