СДСМ

sednica-co-sdsm-4

„Скандал на власта: Инспекторите работат на црно, сите контроли се незаконски“, вели СДСМ

„СДСМ денеска открива уште еден скандал кој покажува до каде ја доведе државата и институициите оваа неспособна власт на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ“, вели СДСМ и додава:„Во овој момент, Државниот инспекторат за труд практично не постои! Од 28 февруари, државните инспектори од Трудовиот инспекторат се одјавени од Агенцијата за вработување.Инспекторите кои треба да се борат против работата на црно, самите работат на црно! Веќе цела недела не се вработени, односно се отпуштени од работа.Владата на Мицкоски ги доведе во ситуација тие да работат без правен основ, што е скандалозно и апсолутно недозволиво.Но скандалот е уште поголем затоа што ова значи дека сите инспекциски надзори кои ги спроведуваат се апсолутно нелегални, незаконски.Сите акции што се спроведуваат со Министерството за внатрешни работи во изминатите денови се правно неважечки.И тоа не е сè. Инспекторите ја добиле својата плата за декември 2024 година дури на 12 февруари оваа година, а за јануари и февруари 2025 година – платите сè уште не им се исплатени!Тоа значи дека тие немаат ниту здравствено осигурување, што е директен напад врз нивните основни работнички права.Замислете, тие што треба да ги штитат работниците власта ги остави незаштитени, без работа, без плата и без осигурување. Парадокси на новото нормално на ДПМНЕ.Ова се резултатите од избрзаните и непромислени измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, против кои СДСМ предупредуваше уште минатата година.Иако два пати се носеа законски измени проблемот не е решен. Неспособната Власта доведе до хаос во администрацијата, што денеска го гледаме со сопствени очи.Бараме власта веднаш да го реши проблемот, сите инспектори да бидат повторно пријавени и да им се исплати платата.За овој хаос во Државниот инспекторат за труд, мора да има одговорност“.

Македонија | пред 10 месеци

480604994_1178362884296679_3547417140927990935_n

Гордана Кочоска дискриминира ама и живее во паралелен универзум, економијата и стандардот тонат, вели СДСМ

„Во недостиг на економски успеси, Кочоска осве што дискриминира други жени, тргна да се фали со БДП во еден квартал на крајот на минатата година, без да ги каже реалните индикатори за економијата и кризата во која таа и Мицкоски ја донесоа државата. Смешен е податокот за БДП од 3,2% во последниот квартал, кога инфлацијата е 5%, а кај храната од 10 до 15%. Ова значи дека нема никаков раст, туку, реално, граѓаните осиромашуваат“, вели СДСМ и додава:Со неверојатна леснотија, Кочоска прикажува економски победи, додека 83.000 работници не земале плата за јануари, додека цените постојано растат, а таа не презема ништо, додека платите стагнираат, а таа лично е против нивно покачување. Ова е потценување и исмевање на маката на граѓаните од страна на министерката, која, освен навреди кон пратенички, досега нема сработено буквално ништо во интерес на граѓаните.Секојдневно компаниите отпуштаат работници, што е најдобар индикатор за тоа во која насока се движи економијата во државата. СДСМ постојано нуди конкретни решенија за подобрување на животот на граѓаните, се бори за стандардот преку понудени мерки и закони, но Владата нема интерес за тоа. Затоа, економијата и животниот стандард тонат и ќе продолжат да тонат додека оваа Влада ја води државата. ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска реално немаат интерес да го подобрат стандардот на граѓаните и се фалат со лажни и половични економски индикатори.

Македонија | пред 10 месеци

siljanovska-davkova-4

СДСМ: Сиљановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието. Наместо јасно и недвосмислено да ја осуди навредата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, Сиљановска се задоволи со блага и беспомошна констатација дека 'не е лошо човек понекогаш и да се извини'“, вели СДСМ и додаваОваа изјава не е ниту осуда, ниту порака за заштита на жените од дискриминација – напротив, тоа е релативизирање на проблемот и обид да се заташка скандалот. Од Сиљановска очекувавме да покаже истата жестина во одбрана на женските права каква што покажуваше пред изборите, но очигледно дека тогашната борба била само празна реторика за политички поени.Фактот што министерката Кочоска не само што не се извини, туку во интервју дополнително ги продлабочи навредите, е доволен показател дека оваа Влада нема ниту основна политичка култура, ниту чувствителност кон дискриминацијата врз жените.СДСМ прашува – каде е сега борецот за женски права Гордана Сиљановска? Ако дури и претседателката не смета дека една ваква навреда заслужува јасна и силна осуда, тогаш таа го губи секој кредибилитет да зборува за родова еднаквост и заштита на жените.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-03-at-13.21.40

„Неморал и аздисаност“, вели СДСМ објавуваќи сметки за кои тврдат дека се од „гозбите на Кочоска и Мицкоски“

„Неморалот на Кочоска не е само во навредите и дискриминациите кон жените туку и во аздисаното трошење на народни пари“, вели СДСМ и додава:Денеска ќе објавиме сметки и фактури од времето кога Кочоска била директор за финансии во ЕЛЕМ а Мицкоски директор на истата државна компанија. Јавноста ќе види како со народни пари се плаќале гозби по кафани и ресторани, со потписи на Кочоска и Мицкоски.Одиме по ред.1. Ова е фискална сметка од ресторан во Белград, соседна Србија, вредна околу 100 евра, потпишана од Кочоска и Мицкоски. Што се јадело и пиело на сметка на народот: Џони вокер - блек, Дуњовача, Поховани јагнешки шницли, Купус салата, ќебапи, Крвав бифтек, чоколадно суфле, крем пита, „И као да си Анџео“. Потпишани Кочоска и Мицкоски. Кафана во Белград.Понатаму 2. Ова е фактура за кетеринг услуги, 110 илјади денари во еден ресторан во Скопје. Исто така потпишано од Кочовска и Мицкоски.3. Еве уште една фактура, 38.000 денари, од еден ресторан во Брвеница. Потпис, Кочоска и Мицкоски.4. Една минимална плата, едно седнување, 21.270 денари во истиот ресотран.Истата Кочоска која заедно со Мицкоски не даваат да се покачи минималната плата, им кажуваат на граѓаните и работниците каков грашок да јадат, дали треба цреши и грозје да си купат. Гозби, ручеци, кетернзи. Како да не знаеле да сопрат од кафани и ресторани.5. Продолжуваме понатаму, нова фактура, 10.500 денари на ЕЛЕМ, сектор финанции, од познат ресторант во Скопје.6. Уште една, 8.500 денари, ресторан во Брвеница.7. Па уште една, 9.200 денари. Сите, во време кога со ЕЛЕМ управува Мицкоски а Кочоска е директор за финансии.Ова е расипничко трошење на парите на граѓаните и аздисано однесување. Лажните “домаќини“ и моралисти парите на народот за по кафани и ресторани ги фрлале. Не им било гајле ниту колку пари ќе потрошат. Ако како први луѓе на ЕЛЕМ вака аздисувале, можеме само да претпоставиме што се случува сега. Кочоска нема морал ниту совест. Кочоска не може да им кажува на работниците дека нема пари за миниминална плата, што може а што не може да јадат. Единствено што не може е Кочовска да води министерството и треба да биде разрешена.

Македонија | пред 10 месеци

sednica-co-sdsm-2

ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и политичка структура заробена во минатото, вели СДСМ

„ДПМНЕ е партија со најголем број осудени криминалци во историјата на државата, вклучително и членови на највисоките раководни тела. Денес, истите тие луѓе се во врвот на партијата, а некои од нив заземаат клучни раководни позиции во државата“, вели СДСМ и додава:ДПМНЕ е криминална структура што никогаш не се откажа ниту од Груевски, ниту од Јанакиески, Јанкуловска, а осомничениот криминалец Игор Јанушев им е еден од главните во Владата. Тоа е вистината. Затоа, кога повикуваат СДСМ да се откаже од некого, најпрво треба да се погледнат себеси. Ако се откажат од сите обвинети и осудени во нивните редови, во „белата палата“ ќе им останат само чуварите.Во недостаток на политики и идеи, во време на драстичен пад на животниот стандард и економијата, ДПМНЕ повторно посегнува по единственото што знае – политички прогон и етикетирање на опозицијата. Нема ниту почитување на презумпцијата на невиност, ниту на уставните права на граѓаните. Полека, но сигурно, режимот се враќа.Им порачуваме: граѓаните веќе го препознаваат ова однесување, и добро знаат како заврши тоа минатиот пат. Ниту ќе не заплашат, ниту ќе не одвратат од намерата да ги разобличиме сите нивни скандали, криминали и неспособност што ја уништуваат државата и животот на граѓаните.Затоа, нивните секојдневни, папагалски повторувања и соопштенија се залудни. ДПМНЕ е прочитан буквар, а нивните политички стратегии – неефикасни и веќе видени.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-27-at-20.23.18

СДС да го исклучи Филип Андов Сокол од Централниот одбор на партијата, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, е синоним за начинот на функционирање на СДС и ДУИ“, бара ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филип Андов Сокол кој е исто така поранешен советник на Заев е доказ за криминалното владеење на СДС во изминатите 7 години.СДС соработувала со криминалци а преку Филип Андов Сокол стигнале до ниво и државата да работи за криминалци. Сокол трошел државни ресурси и народни пари за да се рашетуваат криминалците од Шутка.Филип Андов Сокол од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат и каде сакаат а униформирани лица тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и трошеле службени ресурси.СДС и Филип Андов Сокол наместо да се борат против криминалот преку нив државата работела за криминалците.СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол.Правда и одговорност мора да има.Време е корумпираните носители на јавни функции да бидат онеспособени и спречени да го корумпираат општествениот систем.Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството.

Македонија | пред 10 месеци

filipce

Филипче: „Први сме во регионот“ само во поскапувања и пад на стандардот, економијата тоне

Владата не прави ништо, го запре процесот на зголемување на платите, не прифаќа никакви предлози кои се во интерес на граѓаните за да се намалат цените и сметките за струја, граѓаните страдаат од нивната неспособност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во Крива Паланка.„Излегува премиерот и вели дека сме одлични во економијата, први сме. Одлични и први сме во што? Во тоа што струјата поскапе за 30%? Во тоа што цените во маркетите растат неконтролирано?„, праша Филипче.Тој потенцираше дека Владата не прави ништо за да ја спречи економската нестабилност.„Во една тешка економска ситуација, треба да растат платите, да има контрола на цените, да има поддршка за компаниите, да се спасуваат работни места. Но, оваа Влада ништо не прави. Немаат желба да седнат ниту на економско-социјален совет, ниту да примат било каков совет за да направат нешто во интерес на граѓаните„, нагласи претседателот Филипче.Неспособноста на владејачката гарнитура е очигледна а граѓаните страдаат поради таа неспособност.„Ниту премиерот, ниту некој од министрите, ниту било кој од неговиот најблизок тим има искуство во менаџирање на големи системи. Ништо никогаш не менаџирале. Сега се учат, ама лошо се учат и тешко дека ќе се научат,“ заклучи Филипче.СДСМ ќе продолжи да се бори за економски мерки што ќе ги заштитат граѓаните и ќе обезбедат подобар животен стандард.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-12.03.21

СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.На прес-конференцијата, пратеничката Јована Треневска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство.„Министерка која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискриминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во влада која тврди дека работи за сите граѓани. Затоа, денес сме тука, гласно и јасно да побараме – Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Оставка ќе бараме секој ден додека не си оди од функцијата. Само така може да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација“, рече Тренчевска.При тоа посочи дека оваа осуда не смее да трае само еден ден, туку тоа ова мора да биде пресвртница во борбата за достоинство и еднаквост.„Вчера бевме сведоци на нешто срамно, нешто што не смее да помине како „обична политичка дебата“. Министерката за финансии, Гордана Кочоска, упати навреда која погодува длабоко – не само кон пратеничката Славјанка Петровска, туку кон секоја жена, секој човек кој некогаш бил дискриминиран, омаловажен или повреден. Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас. Тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нечовечност“, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Македонија | пред 11 месец

Oliver-Spasovski

Спасовски: Недолична и дискриминаторска изјава, Кочоска јавно да ѝ се извини на Петровска

Координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски бара јавно извинување од министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска за, како што вели, дискриминаторската изјава кон пратеничката Славјанка Петровска.„Како координатор на пратеничката група на СДСМ, но пред сѐ како човек, најостро ја осудувам денешната неизмерно срамна, навредлива и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, упатена кон колешката пратеничка, Славјанка Петровска.Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на граѓаните, министерката Кочовска не се двоумеше да го покаже вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, па така се впушти во лични навреди, коментирајќи го приватниот живот на Петровска.Ова е крајно недолично, дискриминаторско и понижувачко однесување кое не смее да има место во политичкиот дискурс, а особено не во македонското Собрание.Со оваа изјава, Кочовска уште еднаш го потврди лицемерното „демо-христијанско” однесување на ВМРО-ДПМНЕ - секогаш прибегнување кон дискриминација и омаловажување на жените кога нема аргументи. Зборовите на министерката претставуваат груб напад врз секоја жена во Македонија која се бори за свое место во општеството и политиката.Бараме министерката Кочовска веднаш јавно да се извини за овој недостоинствен чин. Истовремено, ја повикуваме целата јавност, сите граѓани и организации, да се спротивстават на ваквиот говор на омраза и да испратат јасна порака дека дискриминацијата и навредите врз жените нема да бидат толерирани”, напиша Спасовски.

Македонија | пред 11 месец

filipce-51

Филипче: Згрозен сум од навредата на министерката за финансии кон Петровска дека не може да знае колку троши 4 члено семејство зошто нема деца

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи реагираше на денешната изјава на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска упатена кон пратеничката Славјанка Петровска.,,Шокиран сум од денешната навреда што министерката за финансии, Кочовска, ја упати кон пратеничката Славјанка Петровска. Нејзината дрска и понижувачка изјава – дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца ме згрози.Наместо аргументи и дебата во Собранието, сведочиме на лични дискредитации што е добро познат начин на одбрана на ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш кога се соочени со критика, нивниот одговор не е дебата, туку омаловажување.Жалам што Славјанка повторно е мета на напади. Не така одамна беше жртва на дискредитации и лаги од страна на пратеникот Ковачки. Често сме сведоци и на јавни исмевања и навреди од поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, дури и на нејзиниот изглед. Тоа е нивната политичка култура – навреди, дискредитации и насилна реторика.Но, Славјанка е силна жена и врвен професионалец, човек кој секогаш се однесува со почит кон сите – за разлика од оние што ја напаѓаат.Од ден во ден, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, сведочиме на пад на политичката култура и голема нетолеранција кон критиката. Ако ова е нивното однесување на самиот почеток, во првите моменти на нервоза, можеме само да замислиме што ќе следува.Барам сите граѓани кои веруваат во демократските вредности да го осудат овој срамен чин. Не смееме да дозволиме омаловажувањето и навредите да станат новата нормалност. Ова не е само напад врз Славјанка – ова е напад врз сите жени”, напиша Филипче.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Петровска до Мицкоски: Неодлучноста со Резолуцијата во ООН ја маргинализира земјата на меѓународен план

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски, кое се однесуваше на негласањето, односно недавањето поддршка на резолуцијата за мир во Украина, поддржана од ЕУ во Обединетите Нации.„Премиере, ако на новинарско прашање да го објасните негласањето или недавањето на поддршка на резолуцијата за мир во Украина, поддржана од ЕУ, дадовте темелен и издржан одговор, наместо арогантниот ’така одлучивме‘, денес ќе ве прашував за инвестициите и економската иднина на оваа држава.Ама, бидејќи така одлучивте и сè уште живеете во еуфоријата на последните парламентарни избори, моето прашање ќе се однесува логично, токму на последните случувања согласно со гласањето или негласањето во Обединетите Нации, кои за жал, уште еднаш потврдија, дека меѓународната политика која ја води оваа Влада, е бес компас и е хаотична.И да биде пострашно, таа не е усогласена со европските партнери и политика.Наместо да се движи земјата во рамките на доследна меѓународна политика, сведоци сме на импровизации кои ја ставаат Македонија во неизвесна позиција на глобалната сцена.Додека другите европски држави тактички балансираат во сложените геополитички односи, вие, со својата недоследност ризикувате да ја маргинализирате земјата во европските и меѓународните политички кругови.Негласањето ЗА европската резолуција за Украина дополнително ја разобличи оваа хаотичност. Со воздржаното гласање, Македонија се најде во несоодветно друштво со земји како Гана, Бангладеш и Замбија.Додека сите наши соседи, како и земји со силни трансатлантски врски, гласаа „за“.Ова ја отвора дилемата: дали Северна Македонија останува на европскиот пат или се движи кон геополитичка изолација? Нешто што за ВМРО-ДПМНЕ, од минатото не е непознато. Премиере, да се гласа воздржан, значи да се нема став или да се нема стратегија. Вие изјавивте дека сте тргнале во дипломатски поход, за да му објасните на светот какви неправди и се нанесуваат на Македонија.Три пати бевте во САД, и лично јас тоа го поздравувам. За мене САД, се наш стратешки партер исто како и за вас. Има една разлика, за мене и за СДСМ, САД се наш стратешки партнер и кога сме власт и кога сме опозиција.За вас тоа не е така. И затоа, моето прашање до вас е: Дали, при вашата дипломатска офанзива во САД, го соопштивте вашиот предизборен став, дека Преспанскиот договор е предавнички и дека треба да се менува, затоа што тој беше потпишан под покровителство и поддршка на сегашниот и тогашниот претседателот на САД, господинот Доналд Трамп и дали добивте гаранција за возврат на неодлучноста која ја демонстриравте во Обединетите Нации?“, рече Петровска

Македонија | пред 11 месец

soopstenie-sdsm

СДС фејк њуз, денес не им е денот, видеото од Викторија Трајков е критика на нивната дипломатија пред 2 години, а не од сега, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС фејк њуз, денес не им е денот, видеото од Викторија Трајков е критика на нивната дипломатија пред 2 години, а не од сега“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ и додава:@Не е денот на СДС. Филипче го извадија со погрешна прес конференцика пуштија соопштение за снимка стара 2 години.Снимката е од 2023 година и критиката е за патлиџан дипломатијата на СДС.Само СДС очајна може интервју старо 2 години, во кое се зборува за дипломатијата на СДС и посетата на Димитар Ковачевски, а не за дипломатијата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, да се обиде и спинува како денешно.СДС манипулативна, ако пробаа да го вадат Филипче кој денес излезе со погрешна прес конференција сега со лажно соопштение од стара снимка го дозакопаа.Ајде совет од нас, подобро сокријте се, и не правете ништо, народот очекува од вас да се засрамите и да се извините за сите криминали и грешки што ги направивте, а што не чинат животи, пари и иднина.Во прилог принт скрин од соопштението на СДС кое го повлече#.

Македонија | пред 11 месец

sednica-co-sdsm-2

СДСМ се извини за соопштение пратено до медиумите

„Упатиме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка, беше споделена стара содржина која не е релевантна за тековните случувања“, велат од СДСМ и додаваат:Нашата намера никогаш не е да создадеме погрешна слика за актуелните состојби. Веднаш по согледувањето на пропустот ви го испраќаме ова извинување.Ви благодариме на разбирањето и ве уверуваме дека транспарентната и точна комуникација останува наш приоритет.Соопштението:

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-26-at-14.43.42

СДСМ со соопштение за Викторија Трајков, па се извинија

„Додека ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува преку соопштенија да ги побие фактите дека дипломатијата под водство на ВМРО-ДПМНЕ е во хаос и без компас, заменик министерката во Министерството за европски прашања, Викторија Трјаков го потврдува она што го денес го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, вели СДСМ и додава: Љупче Златев, дека очекувал поконкретни средби во Америка или можеби изјава од некој американски политичар дека ја поддржува Македонија во однос на Бугарија, Трајков вели дека тоа е проблем на нашата дипломатија која не се ангажира доволно.Потоа, се извинија:

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-08-at-22.48.26

ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за животната средина и здравјето на граѓаните, вели СДСМ

„На првата надзорна расправа „Ефекти од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ ДПМНЕ ја покажа вистинската вистина, или новото нормално – дека воопшто не се грижат за животната средина и здравјето на граѓаните. Лицемерието го покажаа и ВЛЕН и ЗНАМ кои исто така не ја удостоија расправата барем со по еден свој претставник. Владејачкото мнозинство ја бојкотираше дебатата за еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Покажаа дека не се одговорни за ништо“ вели СДСМ во соопштение и додава:Поканети беа премиерот Мицковски и министрите Меџити и Божиновска, како и градоначалниците на Град Скопје, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари. Никој не се појави.На расправата присуствуваа пратениците на СДСМ и Левица, и гости, пред се од невладиниот и научниот сектор и само еден претставник од државната администрацијата, кои беа конструктивни и отворија ред прашања и дискусии кои на јавноста и ги предочија проблемите со кои се соочуваме со аерозагадувањето, но и начините за надминување на истите.Во македонското собрание се отвори конструктивен дијалог чија цел беше да се подигне на повисоко ниво и политичката култура во државата за еден од најголемите проблеми со кој денес се соочуваме – загадувањето на воздухот.Аерозагадувањето не е прашање на политика или партии, и не прави разлика по ниеден основ. Загадениот воздух го дишат сите, а најзагрозени се децата, хронично болните и најранливите категории. Загадениот воздух е директна закана по квалитетот на животот на секој граѓанин во државата и бара брзи мерки за надминување на состојбите, но и долгорочно системско решение кое ќе ни помогне да ги надминеме сегашните состојби. Потребна ни се инвестиции во обновливи извори на енергија, итно решавање на проблемите со отпадот, постојана замена на нееколошките системи во јавните објекти и домовите, намалување на загадувањето од индустријата. И на централно и на локално ниво.Секој граѓанин има право на чист воздух, а власта има обврска истото да им го обезбеди. Потребни се одлуки кои ќе донесат позитивна промена, а оваа власт очигледно за тоа не е способна.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања