СДСМ

Нема фотографија

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

„Скандалозно и истовремено комично е што Мицкоски за „пет минути“ ги проверил доказите кои СДСМ ги достави за Изет Меџити. Повеќе од јасно е дека тој го штити Меџити и се прави слеп на докази кои се јасно потврдени од институциите на државата“, вели СДСМ и додава:Со ова јасно се потврдува дека Мицкоски е заложник на Изет Меџити и неговите политики. Прво криеше дека Меџити има планирано 3.000 партиски вработувања додека списоците за вработувањата веќе на големо се споделуваат по социјалните мрежи. Сега го крие и штити за скандал и прекршување кое го потврдил со документи Државниот управен инспекторат.Мицкоски, кој тврдеше дека ќе бара одговорност од секој функционер кој се огрешил, денеска по кој знае кој пат си го погази ова ветување. СДСМ му даде шанса да докаже на дело дека се залага за владеење на правото и почитување на процедурите и да побара одговорност од Изет Меџити, но тој реши да го штити. Со што го задолжил Меџити Мицкоски за вака да се брука? При јасни докази наведени од Државниот управен инспекторат Мицкоски се прави слеп.Непобитен факт докажан од државна институција е дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети надвор од своите надлежности. Повеќе од јасно е дека со ова сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните кои побаруваат дозволи и лиценци од министерството кое го води.СДСМ бара ДКСК да поведе постапка и ќе ја достави целата документација. СДСМ бара обвинителството да постапи по допрен глас итно и неодложно за овој голем скандал.

Македонија | пред 11 месец

grubi-vlada1

„СДС да каже до каде се со Груби, му кажаа ли да се врати или му сугерираат да се крие, како што дозволија да краде?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС да каже до каде се со Груби, му кажаа ли да се врати или му сугерираат да се крие, како што дозволија да краде?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ и додава:„СДС не може со ништо да се испере за криминалот на Груби кој тие го дозволија.Ниту една измислена кованица за Изет Меџити, не може да направи паралела, ниту да ги ослободи од вината, дека не го апсеа Груби од страв да не им падне владата.СДС беа исплашени за своите фотелји, и од желба да крадат ден повеќе го гледаа Груби како ја краде државата.СДС се до толку потонати во криминал и корупција и не можат да исчистат зад себе со ништо што ќе исфабрикуваат“.

Македонија | пред 11 месец

sednica-co-sdsm-3

Аматеризам во надворешната политика ни донесе двојна штета за стратешките партнерства со САД и ЕУ, обвини СДСМ

„Вчерашното позиционирање на делегацијата на Северна Македонија во ОН во однос на гласањето по резолуциите на САД и ЕУ е скандалозно. Северна Македонија гласаше „воздражно“ за резолуцијата на ЕУ и беше единствена држава од Европа покрај Унгарија која не ја поддржа оваа резолуција. Дополнително, за декларацијата на САД, на која што нашата Влада и Мицкоски одлучија да бидат коспонзор, повторно Северна Македонија гласаше „воздражно“. Ваквите одлуки, укажуваат на целосен аматеризам во воедењето на надворешната политика на земјата. Со само еден потег, Владата направи двојна штета кон стратешките партнерства со ЕУ и САД“, вели СДСМ и додава:Ставот на СДСМ во однос на војната во Украина е јасен, цврст и усогласен со ЕУ: Русија е агресор и изврши неоправдана и непредизвикана инвазија врз Украина која е суверена и независна држава. Овој став е принципиелен и непроменет. СДСМ останува доследен на принципите за поддршка на независноста и територијалниот интегритет на Украина, во согласност со меѓународното право и заедничките позиции на Европската унија.За СДСМ, стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави е од суштинско значење и треба постојано да се гради и зајакнува. Истовремено, македонската дипломатија мора да остане фокусирана на нашиот клучен државен интерес – европската интеграција. Соединетите Американски Држави се еден од најважните страатешки партнери и тоа партнерство треба да биде во функција на забрзување и успешно завршување на евроинтегративниот процес.Мицкоски ја води меѓународната политика без поширока координација и консултации на важни прашања и прави огромни грешки. Неприфатливо е одлуки кои се од стратешко значење за иднината на земјата да се носат избрзано и своеволно. Одлуките за меѓународната позиција на државата мора да се носат транспарентно, со координација на сите релевантни институции и во согласност со нашите стратешки партнери.СДСМ инсистира на јасна, конзистентна и усогласена надворешна политика која ќе ги почитува и зајакнува нашите меѓународни партнерства, а истовремено ќе ја води државата кон нејзината примарна стратешка цел – членство во Европската унија.Најавуваме дека во текот на утрешниот ден, претседателот Филипче ќе одржи прес конференција на која ќе ги соопшти во детали ставовите на партијата по однос на овие прашања.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-25-at-11.31.56

Кузеска му однесе документи на Мицкоски за Меџити: Предаваме документи до самопрогласениот обвинител, кадија и врховен судија

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, достави документи до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Таа го отвори и прашањето за земање мито со вакво постапување. За Мицкоски пак, рече дека постапувал и како обвинител и врховен судија.„Предаваме документи до самопрогласениот обвинител, кадија и врховен судија. Денес ќе му ги доставиме документите на премиерот Мицкоски за скандалот со вицепремиерот Меџити. Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако тој јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, рече Кузеска.Според неа, документите се релевантни бидејќи се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.„Овде е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола, за да има простор да ги уценува фирмите и граѓаните? Според наведеното во документите во Министерството имало систем за потпис, и одлулучување спортивно на законите и административните процедури, што отвора сомнеж за корупција и мито. Очекуваме Мицкоски да ги прчоита и разгледа и да одговори на сите сомнежи за можна корупција. Да видиме дали ќе преземе нешто Мицкоски или ќе продолжи да ги штити“, рече Кузеска.

Македонија | пред 11 месец

20112024-Mickoski-15

СДСМ денеска ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за скандалот со Меџити

„Ве известуваме дека денеска, во 11.00 часот, во Владата на Република Северна Македонија СДСМ ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за скандалот со Меџити“, велат од СДСМ и додаваат:„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“.Опозициската СДСМ со документи добиени од свиркачи тврдеше дека поради злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на вицепремиерот Изет Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.„Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Со тоа, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните. Поради тоа Државниот управен инспекторат ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Костовски додаде дека ова не бил прв скандал во кој Меџити е вмешан и ги наведе најавите за 3.000 партиски вработувања до крајот на годинава. Јавно го прашуваме Христијан Мицкоски: до кога ќе го штити Изет Меџити?“, рече организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на прес-конференција.

Македонија | пред 11 месец

market-pari

Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

Пратениците на СДСМ поднесоа предлог-законот за намалување на ДДВ-то за струја и основните прехранбени продукти и бараат поддршка тој да се прифати, со што ќе се намали ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5%, како и за основните прехранбени производи, од 5% на 0%. Со ова ќе им се помогне на граѓаните, а секое одложување и неприфаќање значи финансиски товар врз семејствата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница.Тој потенцираше дека намалувањата на ДДВ за струја и основни прехранбени производи се системски одговор на скапотијата, која со секој изминат ден станува се потешка. Според последните податоци граѓаните во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот со просечна цена од 6,08 денари за киловат-час, а зголемена е и потрошувачката кошница која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец.- Индексот на трошоците на животот во јануари е за 4,9% повисок во споредба со истиот месец, од лани, додека индексот на цените на мало бележи раст од 5,2%. Ова е реалност што граѓаните ја чувствуваат при секое одење во маркет, при секоја платена сметка за струја. Затоа замрзнувањето на цените на нивото од 1. февруари не е целосно решение, затоа што цените се зголемија па се одлучи да се замрзнат. За тоа што се случува во реалниот живот зборува вредноста на потрошувачката кошница која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец. Денес, за да се задоволат основните потреби, едно семејство треба да издвои 2,9 минимални плати, што е јасен показател дека просечниот граѓанин едвај врзува крај со крај, рече Битиќи.Намалувањето на ДДВ-то за електричната енергија, потенцираше Битиќи, ќе значи конкретно финансиско олеснување за над 600 илјади домаќинства, кои во јануари мораа да платат од 20 до 30% повисоки сметки за струја. Владата во делот на енергетиката потфрли.- Податоците се поразителни. Во ноември, официјално планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реалноста беше поинаква – увезени беа 351,3 GWh. Истото се случи и во декември – повторно планиран увоз од 0 GWh, а фактички беа увезени 425,7 GWh. Граѓаните се изложени на милоста и немилоста на увозните цени на струјата. Затоа и сметките растат. Поради што и овие измени и дополнување се неопходни. Со нивното усвојување за сметка од 3.000 денари за струја, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно, а за сметка од 5.000 денари, заштедата ќе изнесува околу 700 денари, рече Битиќи.Со предлогот за укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи најголема корист ќе имаат домаќинствата со ниски примања, кои трошат најголем дел од своите приходи на храна. Наместо несоодветни и половични мерки, како што е замрзнувањето на маржите само на 102 групи на производи, ова решение ќе ги опфати сите 238 групи на производи. Ќе имаме поевтинување на над 3.000 основни прехранбени продукти – леб, брашно, млеко, јајца, шеќер, масло и многу други. Предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност не се за СДСМ, не е за власта, не е за опозицијата – тие се за граѓаните. Нивното усвојување ќе значи пониски сметки за струја, поевтина храна и помала инфлација, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи

Македонија | пред 11 месец

VenkoFSDSM-1

Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира, вели СДСМ

„Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат“, вели СДСМ и додава:Се потврдуваат намерите со скандалозната најава на Меџити за историски најголема партизацијата на јавната администрација.Очигледно има веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор. Прашањето е смее ли Мицкоски да побара одговорност од Меџити? Или дилот им е заеднички, пред локалните избори да има робусно полнење на администрацијата со партиски послушници?Овој огромен, робусен скандал со најголема партизација на институциите мора да биде целосно расчистен.ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити. Сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал.

Македонија | пред 11 месец

filipce-mickoski-apasiev-medziti-

Партиски преписки и препукувања во недела

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Вреди утрово преку соопштенија се обратија до јавноста. Сите, со различни теми. Додека Вреди се пофали со поевтини цени на производи, Левица упати барање за укинување на двојазични декларации. ВМРО-ДПМНЕ го нападна СДСМ, а пак опозициската СДСМ го нападна премиерот Христијан Мицкоски.СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски кон САД и претседателот Трамп, побара ВМРО-ДПМНЕ„Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС. На сите јавни и медиумски настапи, Сашо Орданоски секогаш поддржувал и промовирал ставови и политики на СДС. Орданоски е перјаница на СДС и секогаш бил на иста линија и во нивна поддршка. Работел на проекти, програми и кампањи како социјалдемократите да ги донесе на власт. А, за време на СДС на власт, Орданоски на јавните настапи и во своите писанија ги бранеше нивните погубни и предавнички политики и ги величеше шефовите на таа партија. И за тоа, СДС на власт, на Сашо Орданоски дословно му се оддолжувале, како што е примерот од 350 илјади евра за неговиот брат од Фондот за иновации за технолошки развој и тоа за плагијат проект. Значи, Орданоски нема ниту еден настап или писание што не се на иста линија и што не ги поддржува СДС. Затоа, со оглед на фактот што СДС и Венко Филипче не се оградија и јавно не го осудија, легитимно се покренува прашањето дали го поддржуваат и го делат истиот став со Сашо Орданоски за САД и претседателот Доналд Трамп?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри а Мицкоски молчи„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи. Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите. Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност. СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, велат од СДСМ.Левица: Пратениците да го поддржат предлог - законот за укинување на двојазичните декларации„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите! Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза. Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, велат од Левица.Вреди: Доброто владеење има име ВЛЕН, 1.000 производи по поевтини цени„Коалицијата ВЛЕН продолжува да се обврзува да им гарантира на граѓаните подобра социјална и економска благосостојба и посоодветно да си ги дозволи високите трошоци што ги практикуваше претходната влада. Во ова време кога не само кај нас туку и во целиот регион се соочуваме со поскапување на основните производи, Владата на ВЛЕН презеде иницијатива да го ограничи профитот на трговците за да ги заштити граѓаните од изнуда и сиромаштија. Во таа насока, Владата на ВЛЕН отсега ја ограничи профитната маржа на 5% на млеко, леб, брашно од типот 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и павлака. Додека на 10% профитната маржа е ограничена на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тесто. Додека средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчук, детергентите, детската храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија се ограничени на 15 отсто. Преку овие мерки ние како ВЛЕН ја докажуваме нашата посветеност на граѓаните и нивната социјална благосостојба. Заедно со постојано ангажираните експерти креираме политики за заштита на граѓаните од високите трошоци кои ги оштетуваат нивните џебови и ви гарантираме безбедност и економска стабилност“, велат од Вреди.

Македонија | пред 11 месец

administracija

Пак караница за тоа кој ги партизира институциите, а по најавата на Меџити за вработување Албанци

Изјавата на Изет Меџити дека Владата ќе вработи 2000 до 3000 партиски кадри на Меџити во државната администрација во најкус рок е скандал без преседан, смета СДСМ.„Масовната партизација на администрацијата пред изборите е јасно договорена со Мицкоски. Прашањето е – дали списоците за вработувања веќе се кај него на маса? Откако Таравари изјави дека прво требало да се решат етничките прашања, па потоа да се зборува за економијата, сега Меџити има нова стратегија – прво да се вдомат партиските кадри, а потоа ќе зборуваме за вработување на квалитетните и способните. Мицкоски во целата оваа ситуација молчи, како и секогаш кога е во криза. Ова е најголемата отворена најава за партизација на институциите во историјата. Станува збор за класичен партиски клиентелизам – вработување на партиски кадри, луѓе блиски до владејачките партии, без јасни критериуми и без гаранција за квалитет во јавните институции. Ова е истата практика што ја гледавме за време на режимот на Груевски – полнење на администрацијата со партиски послушници, додека компетентните луѓе остануваат без шанса“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.На ова врати ВМРО-ДПМНЕ.„СДС повторно шири бесрамни лаги со цел да ја прикрие катастрофалната состојба во која ја остави државата. Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина и очаен обид на СДС да најде оправдување за сопствениот политички неуспех. Ако некој создаде армија на неспособни партиски војници и ја претвори државната администрација во штаб на Бихаќка, тоа е токму СДС! Дополнително, ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите, а не по партиски список како што правеше СДС. Смешно е што СДС денес држи прес-конференции наместо ДУИ против Влен. До толку се зависни од ДУИ што еден ден природно ќе си го исполнат стариот договор и ќе се спојат во една партија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

market-pari

Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните, вели СДСМ

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување на сметките за струја на над 600.000 домаќинства“, велат од СДСМ и додаваат:За сметка од 3.000 денари, заштедата за граѓаните ќе изнесува околу 400 денари месечно.Во услови кога животот станува сè поскап, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии мерката на СДСМ за намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе директно финансиско олеснување за граѓаните.Евростат измери дека граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.Владата на Мицкоски покажа голема неспособност и незаинтересираност, наместо да им помогне на граѓаните ги остави сами.Граѓаните се жалат дека јануарските сметки за струја им се зголемени од 20% до 30%, со што им е зададен уште еден сериозен удар врз нивните семејни буџети по серијата поскапувања на цените на производите, на храната но и на парното.СДСМ ја повикува Владата и сите пратеници во македонското Собрание, да го прифати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ на струја од 18% на 5%, за да им се помогне на граѓаните да го прребородат овој тежок период.

Македонија | пред 11 месец

market-pari

СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

СДСМ денеска ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓанитеДенеска во македонското Собрание СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните.За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата.Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за 30%, поскапе и парното за 5% а платите стагнираат. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и едвај врзуваат крај со крај борејќи се огромната скапотија.И останатите економски параметри се влошени, индустриското производство е намалено за 1,4%, извозот е намален за 5,9% а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава.Неспособноста на Владата на Мицкоски ја води земјата во економска криза, додека граѓаните се оставени без никаква помош. Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема одговор на растечката скапотија и сирoмаштија.СДСМ има 7 мерки, пакет решенија за спас на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики.Ги повикуваме сите пратеници во Собранието да ги поддржат овие мерки и да застанат во заштита на граѓаните!

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Филипче е против менување на републичкиот обвинител Коцевски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека не треба да се отстрани републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски од чело на Републичкото јавно обвинителство. Ова доаѓа по најавата на Владата за интерпелација.„Сметам дека тука станува збор за партизација. Не сакам да коментирам ничија експертиза и знаење, особено во судската власт. Апсолутно, се што отстапува од агендата за раст, не е реформа. Замена на едни луѓе со други - не е реформа, туку ризик за партијзација“, рече Филипче.Промената на Коцевски од челната позиција доаѓа во период кога Обвинителството има ниска доверба. Во јавен настап, тој се пофали само дека од 2%, сега 5% од граѓаните им веруваат на обвинителите. Владата пак, обвини дека Обвинителството е партизирано.

Македонија | пред 11 месец

filipce

„Дали се разговара и за измена на химната?“, праша Филипче и кажа дека ќе се спротистават за промена на државниот грб

Најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, запрашан за новата иницијатива која се појави во јавноста. Тој пак, јавно праша, дали ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН разговараат и за промена на химната заедно со државниот грб.„Тој е уште еден од низата на никаде испланирани, најавени предлози на ВМРО-ДПМНЕ. Тој предлог беше на маса пред повеќе години, за време на минатата Влада со ДУИ. Тоа беше еден пакет на мерки кој требаше да се донесе. Меѓутоа, конретно.. Сметам дека првата дилема која се поставува - дали внатре во коалицијата со ВЛЕН, давајќи го овој предлог, се разговара и за измена на химната? Ние сметаме дека грбот го отсликува ова поднебје, јасен е континуитетот на антифашистичката војна, нема поделба на етнички групи и ако има таква иницијатива, најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб“, рече Филипче.

Македонија | пред 11 месец

filipce-sdsm-co-5

Македонија станува заложник на тате-бате-сине непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

„ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја претвори Македонија во приватна компанија за семејни и партиски вработувања. Државните институции се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата“, вели СДСМ и додава:Семејството Андоновски е само врвот на ледениот брег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер – сè во владините институции кои служат на интересите на ДПМНЕ. Ова е дрзок непотистички систем кој покажува дека способноста и квалификациите се неважни во Македонија под нивна власт.И додека партиските функционери си ги вдомуваат семејствата, младите и образованите луѓе се оставени на милост и немилост – со минимални можности за работа и достоинствен живот.Наместо да ја користат својата енергија и потенцијал за напредок на земјата, тие се принудени да заминуваат во странство, бидејќи тука има место само за роднините на функционерите од ДПМНЕ.ДПМНЕ не нуди правда, ни еднакви шанси, туку создава систем кој ја убива надежта. Непотизмот и судирот на интереси кои ги практикуваат директно ги удираат граѓаните – од институциите, од економијата, од безбедноста. Владата не работи за народот, туку за „своите“.Младите во Македонија заслужуваат правда, еднаквост и можности, а не партиска диктатура. Доста е од овој трул систем кој гуши таленти и го поттикнува иселувањето. Време е за промени! 

Македонија | пред 11 месец

07012025-Mickoski

Мицкоски со саати од 60.000 евра не може да разбере што е синдикална кошнишка за достоинствен живот, вели СДСМ

„Минималната синдикална кошничка којашто ја пресметува Синдикатот е пресметана сума на пари која го одразува минимумот за достоинствен живот на едно четиричлено семејство. Премиерот со луксузни саати од 60.000 евра и лукзузна гардероба од неколку илјади евра тоа не може да го разбере“, велат од СДСМ.„Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна, леб, месо, млеко, за сметки и основни потреби.Во македонските семејства каде што двајцата родители примаат минимални плати, макотрпната работа е неопходна само за да се покријат основните месечни трошоци а парите не им стигнуваат.Додека цените постојано растат, владата не презема ништо за да им помогне. Овие семејства немаат луксуз да купуваат часовници од 60.000 евра како Мицкоски – тие едвај врзуваат крај со крај за да преживеат.Владата има обврска да им обезбеди услови за достоинствен живот, а не да ги убедува дека не треба да бараат повисоки плати.Затоа, минималната плата мора да се зголеми и не смее да биде под 500 евра, како основен праг што ќе им овозможи на граѓаните да ги покријат своите основни потреби и да не живеат во сиромаштија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања