СДСМ

janevska

Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование, вели СДСМ

„Предложената Концепција за гимназиско образование на министерката Јаневска е на директна штета на учениците, наставниот кадар и иднината на образовниот систем“, вели СДСМ и додава:Јавноста, учениците, професорите и стручната фела со право реагира и недвосмислено нагласуваат дека предложената Концепција за гимназиско образование е несоодветена и неприфатлива.Иако се најавува како реформа во суштина е катастрофално лоша и ја загрозува суштината на еден воспитно-образовен процес.Концепцијата ги маргинализира основните општествено-хуманистички дисциплини како Филозофија, Социологија, Логика и Етика, кои се клучни за развојот на критичката мисла и интелектуалните способности на учениците.Наместо модернизација и унапредување на образованието, предложените реформи ја загрозуваат неговата суштина. Укинувањето или маргинализацијата на овие предмети значи дека ќе продуцираме генерации на ученици кои нема да знаат како да размислуваат критички и рационално.Дополнително, неприфатливо е да се сведува етиката на „пример од личното однесување на наставниците“. Ова укажува на крајно несериозен пристап кон научната мисла на етиката, логиката и другите дисциплини кои ги едуцираат младите да бидат одговорни и слободоумни личности.Ја повикуваме министерката Јаневска, веднаш да ја повлече предложената Концепција и итно да отворат јавна дебата.Да ги вклучат мислењата и анализите на стручната фела, професорите, учениците и експертите.Реформите да се темелат на детални и транспарентни анализи, а не на онлајн анкети.Образованието мора да ги подготвува младите за справување со комплексноста на современиот свет, да ги поттикнува да размислуваат критички и да бидат морално храбри личности. Само преку квалитетно образование ќе создадеме генерации кои ќе бидат столб на едно понапредно и праведно општество.

Македонија | пред 1 година

VF-press-Izvestai-1

ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи се фатени со криење документи за Онкологија, обвинителството да постапи, вели СДСМ

„Откако јавноста ги виде документите што Венко Филипче ги презентираше, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од вистината. Наместо да ги признаат сопствените лаги, повторно гледаме обиди за спин и манипулација. Им пропадна кампањата кон Филипче и сега немаат каде фатени на дело во сопствените лаги“, вели СДСМ и додава:Фактите се јасни:Документите покажуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле.Шестмесечните извештаи постоеле и биле подготвувани.ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи свесно манипулирале со јавноста тврдејќи спротивно.Вистината не може да се сокрие зад партиски спинови. Додека Филипче со факти ја расчистува сликата и помага во истрагата на Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да ја скрие својата злоупотреба.СДСМ очекува дека Обвинителството ќе покрене истрага зошто овие докумен ти досега се криеле. СДСМ очекува дека целсонта истрага на Онкологија ќе покаже кој е точно виновен и сите инволвирани во скандалот ќе одговараат.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги оставија граѓаните гладни, сега глумат поддршка!

Македонија е сведок на уште едно класично понижување на граѓаните! Со месеци цените растеа до небо, граѓаните едвај преживуваа од плата до плата, а власта на ВМРО-ДПМНЕ немо стоеше и гледаше како трговските ланци ги цицаат парите на луѓето. Сега кога граѓаните сами се кренаа, тие глумат дека се на негова страна!Колку пати кажавме? Колку пати алармиравме? Опозицијата со месеци ги повикуваше властите да преземат мерки, да ги сопрат маркетите во нивната бескрупулозна алчност, да донесат конкретни решенија што ќе го олеснат животот на граѓаните. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ молчеше и ги лажеше со шарени ПР кампањи, а сега, кога граѓаните се бесни и решија самите да се борат, тие сакаат да се вклучат во борбата како некакви спасители?! Ова не поминува.Овој бојкот не е само бојкот против маркетите! Ова е бунт против нечесната власт која со својата неспособност и алчност дозволи народот да биде ограбен! Колку и да се обидуваат да се преправаат, луѓето знаат која е вистината – ВМРО-ДПМНЕ стоеше со скрстени раце додека цените одеа во облаци, додека луѓето броеја денови до следната плата, додека пензионерите не знаеја како да ги платат сметките.СДСМ ја поздравува храбрсота на граѓаните да се самоорганизираат и ги преземат работите во свои раце. СДСМ уште еднаш ја повикува власта да ги прифати мерките кои со сигурност ќе го решат проблемот: да се укине ДДВ на храна, да се покачи минималната плата и да се покачат платите во другите сектори.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-3

Граѓаните се спремаат за бојкот на маркетите затоа што Владата не ги заштити, вели СДСМ

„Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи“, вели СДСМ и додава:Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за кошничките и негрижата за граѓаните, доведуваат до тоа граѓаните сами да се справуваат со проблемот.СДСМ со месеци апелираше и нудеше конкретни решенија за проблемот со цените. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати веќе проверените мерки со кои СДСМ се бореше со ценовните шокови, тие решија да го остават проблемот и да го менаџираат со лажни кошнички. Резултатот го гледаме денес, осиромашени граѓани кои треба да бираат кој од основните производи да го купат.Повикуваме на тоа Владата итно да донесе мерки за заштита на граѓаните кои ги нуди СДСМ. Време е Мицскокси да сфати дека треба да работи во итерес на граѓаните, економската состојба е крајно алармантна.

Македонија | пред 1 година

taravari-1

Со донации за лекови не се менаџира кризата на Онкологија - Клековски, Таравари и Стојковски да поднесат оставки, вели СДСМ

„Десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија“, вели СДСМ и додава:Наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови власта ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да обезбеди системско решавање на недостатокот на лекови.За хуманитатната катастрофа на Онкологија и голготата низ која поминуваат пацинетите мора да има одговорност од оние кои не управуваат со Клиниката и со здравството а не презеле мерки да се обезбедат лекови на време.Бараме директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки.

Македонија | пред 1 година

VF-press-Izvestai-1

Мизрахи и ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, сите нивни лаги за Филипче се разобличени, вели СДСМ

„СДСМ продолжува да ја информира јавноста за вистината во врска со лажните обвинувања кои ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи ги пласираа за случајот со Клиниката за онкологија“, вели СДСМ и додава:Документите кои вчера беа презентирани јасно покажуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле согласно законските процедури, а шестмесечните извештаи од Клиниката за онкологија биле редовно подготвувани.Обвинувањата на Мизрахи кон Филипче дека е одговорен за тоа дека „никогаш не биле формирани стручни комисии“ и дека „недостасувале шестмесечни извештаи“ не се само неточни, туку и намерни обиди за манипулирање со јавноста.Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес-конференција презентираше материјали кои ги побиваат сите наводи. Тие документи се веќе доставени до Обвинителството и очекуваме да бидат предмет на натамошна истрага. Очекуваме истрагата да покаже зошто овие документи не биле доставени до надлежните органи во моментот кога биле побарани и зошто се дозволи јавноста да се доведе во заблуда дека Филипче е одговорен во случајот.СДСМ ја повикува Рашела Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ на јавно извинување за пласирањето на лажни и неосновани обвинувања. Наместо да се водат деструктивни кампањи, треба да се поддржи транспарентноста и вистинската борба за здравјето на граѓаните.Фокусот на СДСМ останува на вистината, одговорноста и јакнењето на здравствениот систем. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината, а сите политички манипулации кои ја загрозуваат довербата во здравството мора да бидат разобличени.СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и истрага за овој случај.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-27-at-21.22.08

Филипче тврди дека разобличил голем скандал: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција разобличи голем скандал поврзан со случајот за биолошката терапија на Клиниката за Онкологија, од страна на власта и вистината излезе на виделина.Филипче посочи дека вистината за Клиниката за онкологија која треба да ја знае јавноста е директно поврзана со анкетната комисија за Клинката за онкологија која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, а ја водеше Рашела Мизрахи и сите тврдења дека не постојат извештаи за работењето се чиста лага.„Мизрахи, од тогаш па до денес, тврди дека јас имам одговорност во тој случај. Да ја потсетам јавноста, обвинувањето беше дека како тогашен министер за здравство, сум требал да водам сметка за тоа што биле обврски на Министерството за здравство кон Клиниката за оноколигија и обратно, а се однесува на редовните шестмесечни извештаи за работата на клиниката и стручните комисии. Сите извештаи добро и уредно пополнети и заверени беа доставени. Дури и во најтешките ковид времиња, кога имаше рестрикции во движиња ниту еден онколошки пацинет и тоа пациентите го знаат, не беше оставен без терапија, сето тоа било редовно соработувано во министерството за здравство “ рече Филипче.При тоа, Филипче ги покажа извештаите потенцирајќи дека е срамно тврдењето на Мизрахи дека немало никакви извештаи.„Мизрахи тврди дека такви извештаи немало од клиниката кон министерството, дека немало стручна контрола од стручините комисии и сите овие изминати месеци.Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден таков грозоморен случај за политички поенни, па згора на се да се кријат докази од истражните органи?“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ за хаосот на Онкологија бара оставки од Клековски и Таравари

Опозициската СДСМ во соопштение посочува дека поради катастрофалниот недостиг на лекови на Онкологија се загрозени човечки животи, кои директно зависат од терапија која што власта не ја обезбедила.„Изговори или оправдувања се неприфатливи кога станува збор за човечки животи и за хаосот на Онкологија мора да има одговорност.Директорите на Клиниката за онкологија, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски и министерот за здравство, Арбен Таравари мора да поднесат оставки и да се повлечат. Нивната неспособност е животно загрозувачка. Воопшто не бил преземен соодветен план и не биле навремено набавени лековите, не бил направен систем, не бил направен регистар, ништо не направено а пациентите се оставени да страдаат. Дури и сега, власта сака да го решава проблемот со донации додека најавува купување на авион. Срамно, неодговорно и тажно.Хуманитарната катастрофа на Онкологија е директен резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт и за тоа мора да има одговорност”, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

onkologija-terapija

СДСМ: Пациентите на онкологија немаат терапија, а Владата троши на авиони и мебел

Онколошките пациенти во Македонија седум дена се без биолошката терапија што им е неопходна за спас на животот. Според опозициската СДСМ оваа состојба е вистинска хуманитарна катастрофа и директен резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта.,,Наместо решенија за пациентите, за граѓаните ја слушаме власта со изговори“, истакнуваат од СДСМ. Тие укажуваат на серија оправдувања кои доаѓаат од надлежните институции.системот.СДСМ го посочи прстот кон директорот на Фондот за здравствено осигурување, кој велат, ја оставил Клиниката за онкологија неподготвена за набавка на лекови.,,Клековски се правда дека една од причините за недостигот на биолошките лекови е укинувањето на дозволата на директорите да ги набавуваат овие лекови на реверс. Но, ако цела 2024 година не се земале лекови на реверс, што се чекало до сега?Ваквите изговори се недозволиви во услови кога е во прашање човечки живот. Дали власта знае дека животот на пациентите со метастатски канцер е загрозен и зависи токму од оваа терапија?“, прашуваат од партијата.СДСМ директно ги обвинува и премиерот Мицкоски и министерот Таравари за неспособност да управуваат со здравствениот систем.„Лекови од донации, а владата авион сака да купува и илјадници евра за шетање по странство да троши, пари на граѓаните.Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој функционира превентивно, одговорно и во интерес на нивното здравје. Никој и ниту една влада нема право да го ризикува здравјето на граѓаните”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

BogdankaSDSMpres

СДСМ: Скандал во СОЗР, роднини на директорот Томовски се дел од тендер од 3,5 милиони евра

СДСМ се огласи за, како што велат, голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, за што пишуваа и дел од медиумите.„Тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма, во ек на самата тендерска постапка.СОЗР, орган во рамки на Владата, склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата „Праеториан ДООЕЛ“, вреден 3,5 милиони евра. Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева.Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во „Праеториан ДООЕЛ Скопје“.„Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски. Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер. Ова е класичен пример за злоупотреба на функцијата и директен конфликт на интереси. Владата на ДПМНЕ овозможува коруптивни шеми за лични интереси на функционерите од власта.Ова е синдром на еден коруптивен систем на ДПМНЕ кој работи за испумпување на парите на граѓаните, само за богатење на мал круг луѓе блиски до власта.Со вакви криминални шеми, Владата на Мицкоски го уништува правото и ја нарушува довербата на граѓаните во системот.СДСМ бара итна реакција од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и сите надлежни институции. Неопходно е целосно да се истражи случајот и да се утврди одговорноста за овој скандал.Ваквите скандали мора да завршат. Граѓаните заслужуваат власт која ќе работи во нивни интерес, а не за лични и фамилијарни профити”, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-4

Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните, обвинува СДСМ

„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, обвинува СДСМ и додава:Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци.Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови.Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-18-185014

Кузеска да ги праша Филипче, Заев, Спасовски и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС пред било што да каже треба да се извини што дозволи Артан Груби да прави милионски криминал со години. Нека ги праша Кузевска Филипче, Спасовски, Заев и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„СДС и ДУИ 7 години ја уништија државата и системот, Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните.Економијата на СДС и ДУИ граѓаните ја видоа на дело изминатите 7 години, која го уништи животниот стандард на граѓаните и ги остави со празни џебови.7 години СДС и ДУИ ги осиромашија граѓаните, ја испразнија буџетската каса и ја задолжија државата и идните генерации.СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години, а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на системот.СДС и ДУИ недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопансто и ЈП Македонски Шуми без плати а здравството руинирано.Сега за прв пат во македонската историја се покачија пензиите за 2500 денари и годинава за уште 2500 денари, со тоа во првата година од мандатот пензиите се покачени за 5000 денари.За прв пат се договори стабилен раст на платите во образованието и се договори како тие ќе растат во следниот период.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите работници, а вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години.Покрај зголемувањето за 10 % во 2024 година за плати, 2025 во март месец ќе има дополнителни 5 % зголемување, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027 година, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија се трансформира.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки.Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните и достоинсвен живот на секој поединец.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат, платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се редовни и навремени, а и се подобрува бизнис климата.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа кој ја предизвика владата на СДС и ДУИ.Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните.Владата на ВМРО-ДПМНЕ годината ја започна со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти како експресниот пат Куманово-Крива Паланка.Се пушти во употреба железничката делница Куманово-Бељаковце дел од пругата кон Бугарија.Имаме 9 нови авионски линии за 6 месеци.Покрај проектите поврзани со коридорите 8 и 10д и проектите на општините, приоритет се и проектите за финансирање на енергетската ефикасност како и модернизација на земјоделството“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-49-9040PM

(Видео) Не може да има 6 милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците, вели СДСМ

„Покрај тоа што власта има рекорден Буџет од 6 милијарди евра за оваа година, вели дека нема пари за зголемување на платите на работниците“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:„Уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и најраспинички буџет во историјата во кој ќе нема пари за работниците и поголеми плати за граѓаните. И тоа се покажа како точно.Ова е недопустливо и покажува целосно непочитување на трудот македонските работници и неспособност на власта да одговори на економските потреби на граѓаните.Дополнително, власта товари нови долгови на грбот на граѓаните и граба пари за себе воопшто не водејќи сметка за потребите на граѓаните и на работниците.Покрај задолжувањето од 500 милиони евра од Унгарија, власта во изминатите 3 месеци се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници, и 73,7 милиони евра кај домашните кредитори. Тоа се нови, над 200 милиони евра долгови врз грбот на граѓаните кои ќе ги плаќаат идните генерации.А платите стагнираат, животниот стандард и куповната моќ на народот опаѓа. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат зголемени трошоци за живот за 4,4% и зголемени цените на основните производи за 4,3%.Со власта на Мицкоски и ДПМНЕ граѓаните имаат помалку пари во џебовите а работниците живеат се потешко. Мицкоски потфрли на најважаната тема, животниот стандард на граѓаните.Власта целосно го напушти системот за зголемување на платите воспоставен од СДСМ што резултира со влошување на животниот стандард на работниците.Упорно го игнорира и нашиот предлог за минимална плата од 500 евра, која е неопходна за да се одговори на растот на трошоците за животНе може власта да има 6 милијарди евра Буџет, да се задолжува со нови 200 милиони евра а да нема пари за поголеми плати за работниците.Очигледно за власта најважна е удобноста на функционерите, нивните високи плати, скапи коли, луксузен мебел, а работниците се оставени сами на себе.СДСМ нема да отстапи од борбата за правата на работниците и подобрување на нивниот животен стандард. Граѓаните заслужуваат подобро, заслужуваат поголеми плати и достоинствен живот“.

Македонија | пред 1 година

Lazen-Profil-Venko

Креиран е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат, предупреди СДСМ

СДСМ извести дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на партијата, д.р Венко Филипче.„Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале.Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

market-pari

„Кошничките“ на власта се целосно промашување, донесоа поголема скапотија за граѓаните, вели СДСМ

„Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со така наречени кошнички се покажаа како целосно промашување. Цените не се намалија, туку за одредени производи и се зголемија“, вели СДСМ и додава:„Кошничките“ донесоа поголема скапотија за граѓаните. Зејтинот, јајцата, шекерот, млечните производи, грашакот, гравот, леќата, сѐ е поскапено.Оваа сурова реалност која граѓаните ја гледат во маркетите и продавниците секој ден е најголем показател за фарсата којашто ја приреди власта.Од „кошничките“ се збогатија големите трговци, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на Мицкоски и ДПМНЕ.Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат тоа –цените растат, граѓаните имаат се поголеми трошоци за живот а се помалку пари во цебовите.Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, основните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%.Политиките на Мицкоски се јасно насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата. Додека 99% од граѓаните сè повеќе се борат со зголемените трошоци за живот, 1% – оние блиски до власта – профитираат на нивна сметка.Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност и во поголема сиромаштија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања