СДСМ

Screenshot-2025-01-14-174051

Бочварски: Експресниот пат Градско-Дреново е дел од визијата на СДСМ за патишта наместо барокни фасади

Ова е визијата на СДСМ за изградба на патна инфраструктура кој го промовираше во 2017 година, наместо барокните фасади или фонтани. Без разлика дали една или друга влада ќе реализира неколку проценти од било кој важен инфраструктурен проект, важно е добрите проекти да продолжат, не поради партиите туку поради граѓаните, вели пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски и поранешен министер за транспорт и врски.Експресниот пат Градско - Дреново 15,5 километри, до месец мај 2024 година беше започнат од владата на СДСМ и завршен со над 92% од работите за што говорат фотографиите. Денес истиот пат се пушта во сообраќај. Честитки за граѓаните на Прилеп, Битола Крушево, Ресен и сите останати општини во Пелагонискиот регион, потенцира пратеникот на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce-spasovski

Филипче е синоним за смрт, во тетовската болница живи му изгореа 14 луѓе, од корона скоро 10.000, а на Онкологија место лек му давале раствор, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДС не бира средства за собирање политички поени, искористувајќи и немили настани за загуба на најмлади животи, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ако во државата има некој кој што е симбол за смрт во здравството, тоа е токму лидерот на СДС, Венко Филипче.СДС не треба да заборави дека нивниот лидер долги години беше министер за здравство и ако некој е виновен за состојбите во здравството, тогаш тој е лично Венко Филипче.Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери, од лековите за Онкологија кои ги продаваа на црниот пазар а на пациентите им даваа физиолошки раствор, од вакцините за корона вирусот и така натаму.За време на министерувањето на Филипче со здравство, Македонија беше на врвот на европските и светски листи по смртност. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.Филипче е министер на кого во државна болница, под негова надлежност, во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, а одговорност за тоа како и за сите останати трагични настани, немаше.Наместо да одговара за сите погоре споменати случаеви, Филипче сега се устоличи во претседател на СДС и продава приказни за морал, играјќи на картата на кратка меморија.Граѓаните паметат и многу добро знаат кој е најодговорен за состојбите во здравството.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi

СДСМ: Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, вели СДСМ и додава:За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена стратегија на партијата. ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетничкиу односи. Кога ДУИ го обвинува СДСМ за албанофобија да не заборава дека во Извршниот одбор на СДСМ има Албанци и значителен број на Албанци гласаат за нашата партија. Тоа е така заради тоа што СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и добри односи меѓу етничките заедници. СДСМ докажала и покажала дека е единствена партија која ги бранела правата на помалите етнички заедници помали заедници секогаш кога биле загрозени. СДСМ има фобија од националисти и популисти и на таквите секогаш ќе реагираме. Со своето делување Ахмети и ДУИ му овозможуваат на ВМРО-ДПМНЕ да дополнително да ја подгрева меѓуетничката ситуација во земјата и политички да профитира. Индиректно, ДУИ е таа која со своето однесување креира албанофобија. Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ јавно се осудуваат меѓу себе, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Граѓаните видоа заеднички гласања во Собранието, а врв беше скандалозно пуштање на Артан Груби надвор од земјата, слободно преку границата.

Македонија | пред 1 година

Venko-NG-SDSM-1

За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие, вели СДСМ

„Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните“, вели СДСМ и додава:Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња.Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините.Зошто бебето не било примено? Зошто немало специјалист кога го донеле бебето во болница? Кој е одговорен за ова?Клучното прашање е кого штити Таравари? Себе си? Неговиот кадар Мемеди? Ова е недозволиво.Министре за здравство Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите во здравството.Катастрофата во здравството не може да се крие. Одговорност мора да има!

Македонија | пред 1 година

filipce34

Филипче: ДУИ е симбол на корупција и поделби – СДСМ јасно се дистанцира

Во интервју за „Независен“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговори на прашањето за можната соработка со партиите од албанскиот блок, со посебен акцент на ставот кон ДУИ. Новинарот праша дали СДСМ би ја разгледала можноста за соработка со ДУИ или со други партии од албанскиот политички спектар, особено во контекст на коруптивната стигма и етничките тензии што ги носи политиката на ДУИ.Филипче јасно ја отфрли можноста за поврзување со ДУИ и ја нагласи потребата од политики кои обединуваат, а не делат. „СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество,“ изјави Филипче.Тој ја обвини ДУИ за политички практики кои го спречуваат напредокот на Македонија. „ДУИ продолжува со овие практики, а ВМРО-ДПМНЕ само профитира и ја подгрева ситуацијата. Иако јавно ги осудуваат и тврдат дека се во конфликт, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Претходните заеднички гласања во Собранието, како и мистериозното бегство на Артан Груби, за кое добивме смешни објаснувања од МВР, само ги потврдуваат сомнежите дека имаат задкулисни договори,“ рече тој.Филипче истакна дека оваа соработка создава политичка нестабилност и ги нарушува меѓуетничките односи. „Последните настани, како инцидентите на Денот на албанското знаме, се директен резултат на ваквата политика на поделби и провокации. Ова не е патот што Македонија треба да го оди. Наместо да зборуваме за економски напредок, интеграција во ЕУ и подобар живот за граѓаните, постојано се враќаме на теми кои создаваат тензии и конфликт,“ додаде тој.Во однос на идната соработка со албанските партии, Филипче подвлече дека ќе се базира на заеднички вредности и транспарентност. „СДСМ ќе работи со партии кои ги споделуваат нашите заложби за транспарентност, реформи и градење политики кои ги обединуваат граѓаните, а не ги делат. Нема да дозволиме етничките прашања да се користат како алатка за прикривање на корупцијата или неспособноста,“ заклучи тој.

Македонија | пред 1 година

filipce-mickoski

(Видео) Филипче за Божиќ: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, генералниот секретар Александар Димитријевиќ и потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, денеска присуствуваа на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на СДСМ упати честитка за Божиќ до сите православни верници кои го празнуваат Христовото раѓање – Божиќ како и до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан.„Со традиционалната честитка, Мир Божји, Христос се роди! Ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото раѓање на сите граѓанки и граѓани кои денеска празникот го слават.Посакувам мир во овие празнични денови, на начин како што налага традицијата во кругот на семејството, пријателите и блиските.Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка на демократијата. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

fani

Каранфилова-Пановска: СДСМ ќе понуди соодветен концепт и вистински човек за рехабилитација на Скопје

На Скопје во изминатите години му се случи цунами, целосен крах на основните функции на градот и скопјани таа тешка реалност ја живеат секој ден, посочи заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во интервју за Локално. Во интревјуото таа посочува дека СДСМ на локалните избори ќе има соодветна програмска и концепциска понуда, како кандидат што ќе може да го рехабилитира главниот град.Каранфилова Пановска, во интервјуто вели дека најголемата вина за овој крах на главниот град ја имаат Мицкоски, ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска.„Колабиран е јавниот превоз, хигиената во градот е катастрофална, улиците се преполни со смет, јавните претпријатија не функционираат, нема реализација на крупни капитални проекти, нема развој на градот.Грубо звучи, но реално скопјани се жртви на нивните меѓусебни пресметки, интереси и калкулации Тие го доведоа главниот град на дното, не само во јавниот транспорт, туку и во сите други области. Заедно ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси па дури и бесплатен јавен превоз. А што донесоа? Заглавен и задушен град, целосен распад, не само во јавниот превоз, на сите полиња. И тој крах е на ВМРО-ДПМНЕ, иако сакаат скопјани да го заборават тоа“, вели Каранфилова Пановска.Во интервјуто таа потсети дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Градот намерно ја блокираа и ја кочеа работата, не гласаа важни одлуки за граѓаните, ниту пак предложија и донесоа некакви мерки за помош на скопјани.Поларизацијата која се случува помеѓу централната власт и градот, како што кажа Каранфилова Пановска е само дополнително изживување со скопјани и покажување огромна некадарност, болна суетност, немање сенс за јавен интерес.Каранфилова Пановска во интервјуто порача дека СДСМ ќе даде соодветен одговор, концепциски, програмски и кадровски и ќе излезе пред граѓаните со своја понуда за целосна рехабилитација, за обнова на Скопје.„Програмата ќе понуди модерен јавен превоз, намален сообраќаен метеж, ослободување на јавните простори, на нови зелени појаси, сообраќајно поврзување на градот внатре и со периферните населби. Ќе понудиме програмски концепт на модерното и ефикасно домување, каде скопјани ќе се чувствуваат убаво и задоволно, со квалитетни услови за образование на децата и најмалите. Концепт за справување со загаденоста, отпадот, нечистотијата, културни и спортски содржини на градот, пристојни дигитализирани и современи начини на сервисирање на потребите на граѓаните“, порача Каранфилова Пановска.При тоа заменичката претседателка на СДСМ, рече дека профилот на кандидатот на СДСМ за Град Скопје, ќе биде човек од градот за градот, човек од граѓаните за граѓаните, човек што ќе може да го рехабилитира Скопје, да го издигне од пепелот и да го крене на едно ново, подобро ниво, какво што заслужуваат граѓаните на нашето Скопје.

Македонија | пред 1 година

KiroGligorovPocit

Филипче: Да ја продолжиме визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, оддаде почит на одбележувањето на годишнината од смртта на првиот претседател на државата, Киро Глигоров.„Денеска се сеќаваме и оддаваме почит на првиот претседател, Киро Глигоров. Неговите вредности и државничките одлуки оставија траен белег во нашето општество и претставуваат патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата.Претседателот Глигоров е симбол на мудрост и визионерство, и неслучајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочуваше со предизвиците на независноста, тој направи историски чекори кои беа важни за иднината на државата. Глигоров веруваше во силата на дијалогот и помирувањето – вредности кои се подеднакво важни и денес, кога треба да продолжиме да работиме на заедничката иднина на државата.Ние, како генерација, сме должни да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Вечна му слава“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

kirogligorov-2025-4

Делегација на СДСМ оддаде почит за ликот и делото на Киро Глигоров првиот претседател на независна Македонија

Делегација на СДСМ, претставена од потпретседателката Каја Шукова, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ и пратеникот Митко Трајчулески, денеска положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Македонија.„Денеска се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство постави темели на модерната македонска држава. Неговите вредности, историските одлуки и државничкиот пристап оставија трајни белези во нашето општество и се патоказ за нашата борба за напредок и просперитет.Киро Глигоров е симбол на дијалог, помирување и обединување. Во најтешките моменти за нашата држава, тој покажа лидерство и визија кои овозможија стабилност и напредок. Неговата верба во заедништвото, демократските вредности и европските перспективи остануваат наша инспирација за иднината.СДСМ ги следи патеките на визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија.Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Venko-NG-SDSM-1

(Видео) Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишното обраќање посочи дека годината што измина донесе изневерени надежи и очекувања за многумина. Филипче потенцираше дека новата Владата заборави на интересите на граѓаните за сметка на интересите на елитата.„Наместо економски раст, стабилност и европска перспектива, од новата Влада видовме стагнација и блокади. Владата ги изневери граѓаните уште во првите шест месеци. Не успеа да донесе реформи, го срози стандардот на граѓаните и ги замрзна платите. По шест месеци се живее полошо дури од времето на економските кризи кои се сега далеку зад нас. Ова е последица на негрижата за граѓаните, за жал, добивме Влада која се грижи за интересите на малкумина од елитата а ги заборава оние кои и ја дадоа довербата“, порача Филипе.При тоа, Филипе нагласи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и ќе се бори за подобрување на животот на граѓаните.„Нашата задача е јасна, да бидеме силен глас на граѓаните, глас кој ќе се бори за правда, за економска стабилност и за подобар живот за сите нас. СДСМ никогаш нема да го изгуби својот фокус – секој човек е важен, секој проблем е наш заеднички предизвик. Ќе се бориме за зголемување на платите и пензиите, за нови работни места и за реална борба против сиромаштијата. Ќе бараме вистинска правда, институции кои работат за граѓаните, а не за партиски интереси“, вели во новогодишното обраќање претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-09-13-at-12.05.15

Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК, вели СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со своите постапки треба да биде пример за одговорно и независно постапување и одлучување а не да остава сомнежи за својата работа“, вели СДСМ.„Последната скандалозна одлука за директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и сомнежите за судир на интереси во самата ДКСК фрлаат црна дамка на работата на комисијата и ја поткопува довербата во оваа важна институции.Сомнежите за судир на интереси кај членката на ДКСК, Цвета Ристовска, која истовремено била предавач на истиот Универзитет од каде што е спорната диплома на Христовски, како и фактите објавени во медиумите дека дипломата е стекната за само 1 година ја компромитира објективноста и независноста на одлуката.Од овие причини Цвета Ристовска треба да си поднесе оставка а Државната комисија за спречување корупција да ја повлече и да ја преиспита одлуката за директорот на АНБ.Дополнително, потребно е целосно расчистување на евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.Носители на функции во ДКСК мора да бидат пример за одговорност, интегритет и транспарентност. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани без исклучок. Само така може граѓаните да имаат доверба во оваа важна институција“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

grubi5123

Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, реагира СДСМ и убедува дека ВМРО-ДПМНЕ го пуштиле намерно

„Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ“, вели СДСМ и додава:Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи.Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби.Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците. Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Скандалозно, ДПМНЕ смени закон за ВЛЕН да вдомат партиски кадар во Државниот инспекторат, рече Ангеловска

„Со кршење на Деловникот и собраниските процедури ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата сервилност кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Најпрво со повлекување на Законот за средно образованиеа овој пат преку итната промена на Законот за просветна инспекција, спротивно на Деловник, овозможувајќи му на својот коалиционен партнер да назначи свој кадар кој ќе ги спроведува наредбите на Јанеска штитејќи ги партиски подобните на ДПМНЕ“, рече Розалија Ангеловска - комисија за образование на СДСМ.„Ова е партизација на штета на образованието. Видно од биографијата на ВД директорот на Државен просветен инспекторат Шабан Алајбегу објавена на официјалната страница на просветниот инспекторат не случајно е избегнат фактот дека Алајбегу нема педагошко искуство во воспитание и образование туку работел како секретар во училиште, работно место кое спаѓа во категорија административен кадар.Со измената на Законот за просветна инспекција очигледно е дека кандидатот за директор на Државен просветен инспекторат на ДПМНЕ и ВРЕДИ нема познавање на англискиот јазик и не може да се стекне со соодветен меѓународно признат сертификат, па му се овозможува на сила, да се стекне со потврда на полесен и поедноставен начин во институции каде владеачката коалиција може да влијае.ДПМНЕ со овие измени повторно го урнисува образованието, брутално го партизира и овозможува вдомување партиски кадри за битни раководни позиции на ВРЕДИ а во иднина и на свои накомпетентни кадри.ДПМНЕ наместо да стави акцент за целосна примена и функционалност на законите продолжува кон неусогласеност со единствена цел создавање можности за необјективност , манипулација и поделба на партиски подобни и неподобни.Наместо да го усогласат Законот за просветна инспекција со Законот за инспекциски надзор, Законот за прекршоци и Законот за административни службеници дадоа приоритет во содавање услови за неспособни директори алатки на Весна Јанеска и ДПМНЕ“, изјави Розалија Ангеловска - комисија за образование на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kaja-shukova

(Видео) Граѓаните се гушат, власта мора да преземе мерки против загадувањето на воздухот, вели Шукова

„Борбата против загадениот воздух е долг процес кој бара континуирана посветеност, стратешки и конкретни мерки од власта и институциите за намалување на загадувањето. Шест месеци како власта на ДПМНЕ ја презеде одговорноста за жал гледаме дека нешто сериозно не се презема. Граѓаните се оставени сами на себе“, рече Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.„Скопје, главниот град на нашата држава, повторно е на листата на најзагадени градови во светот. Според извештаите на УНИЦЕФ, граѓаните на Скопје, Тетово, Куманово и Велес дишат загаден воздух повеќе од 3 месеци. Светската банка, пак, алармира дека загадувањето годишно убива 2.800 наши сограѓани.Овие податоци се алармантни и бараат нужна институционална акција која досега изостанува.Каде се ветувањата на Мицкоски и ВМОР-ДПМНЕ? Кога беа во опозиција, најавуваа 1 милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50%. Тие ветувања денеска се покажаа како една голема лага.Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не презема сериозни мерки, туку дополнително ги намалува средствата за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно.Тоа е неодговорно и мора да се промени.Владата мора веднаш да ги ревидира своите политики и да преземе сериозни чекори за справување со загадувањето. Секој ден одложување значи уште повеќе загрозени животи на нашите сограѓани.За споредба, Владата на СДСМ преземаше низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот. Почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму.Овие мерки и политики дадоа резултат и затоа требаше да бидат продолжени и надградени.Фактите говорат дека просечните годишни концентрации на најкритичната загадувачка честичка PM10 и PM 2.5 во последните пет години (2020-2024) се намалија како резултат на успешно преземените мерки и инвестиции, и тоа е евидентно од податоците на државниот мониторинг-систем. )Овие резултати го потврдуваат успехот на нашите мерки и посветеноста кон решавањето на овој проблем, истите се јавно објавени и достапни за секој граѓанин.Но, тоа не е доволно. Борбата со загадувањето мора да биде постојана.Преку буџетот на МЖСПП и во соработка со нашите стратешки партнери, Владата на СДСМ инвестираше околу 3 мил евра во модернизација и подобрување на функционалноста на на државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на воздухот, кој овозможува достапност на податоците во реално време до секој граѓанин.Во целост се реализираше Оперативната програма за одржување на овој систем, која вклучуваше набавка на нови мониторинг станици и резервни делови за одржување на системот, кој сегашната Влада го наследи како комплетен и функционален. Но не гледаме дека нешто сега се прави.Некои мерки што сега се презентираат како „нови“ од сегашната Влада се всушност продолжение на нашите успешно спроведени политики. На пример:● Мерката за „квалитетно огревно дрво“ беше воведена од СДСМ и поддржана со интензивни медиумски кампањи со наслов „Топли препораки“● Субвенциите за замена на нееколошките системи за греење со инвертер клими и други еколошки опции се доделуваат веќе години наназад● Градот Скопје уште во 2020 година воведе бесплатна услуга за отстранување на остатоци од бербата за да се спречи палењето стрништа.Дополнително, за реализација на програмата за воздух, во буџетите од 2019 до 2021 година беа издвоени и успешно реализирани повеќе од 300 милиони денари. Парите се реализираа во општините низ државата за замена на нееколошките системи за затоплување и енергетска ефикасност во јавни објекти.За жал, ваква финансиска програма не е предвидена со буџетот за 2025 година, предвидени се 0,00 денари, ниту пак слични активности финансиски поддржани од буџетот кои ќе допринесат за намалување на загадувањето на воздухот.Ова е разликата помеѓу вистинската посветеност и добро осмислените политики кои носат резултати, што не е случај со ДПМНЕ кои покажуваат голема неспособноста да се справат со проблемите во животната средина.СДСМ останува посветена на подобрувањето на животната средина и здравјето на граѓаните, силно ќе се бориме против погрешните политики на власта, но и со одржливи предлог решенија.Сепак, одговорноста е во власта и мора да покаже волја да ги промени политиките и да почне да работи за намалување на загадениот воздух преку продолжување на процесот кој го ззапочна и успешно го реализираше СДСМ“, изјави Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Daniela-Nikolova-pres-1

Николова: Владата ги става на маргините педагозите и децата со попреченост

Одбивањето на јавната расправа по предложените закони за основно образование, покажува недостиг на транспарентност и отвореност на власта. Одлуките не смеат да се носат зад затворени врати, а оваа Владата не е заинтересирана за критики од страна на јавноста, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната собраниска седница.Таа се осврна на амандманот предложен од СДСМ по реакциите на Институтот по педагогија при УКИМ и измените на законот за основно образование, каде е оспорена компетентноста на педагозите за реализација на наставниот процес во одделенската настава и продолжениот престој на учениците во основното училиште.- Досега, во јавноста и во стручната фела не е презентирана ниту една причина зошто педагогот како профил не е соодветен за негова вклученост во наставниот процес и продолжениот престој во основното училиште.Со ова се оспорува и статусот на педагозите кои веќе се вработени и реализираат настава и продолжен престој во основните училишта. Со овие предложени измени се проблематизираат и одлуките на голем број студенти што се определиле да студираат педагогија. Ваквиот потег со измените и дополнувањето на законот за основно образование значат дискриминација за сите нив, рече Николова.Таа посочи и на амандманите на СДСМ, со кои се реагираше на законските измени кои се на штета на инклузијата на децата со попреченост во образованието.- Начинот на организирање на инклузијата кој е предвиден во законските решенија, значи враќање назад речиси една деценија. Сето она што е вложено во напредокот на овој процес, само со една интервенција во Законот за основно образование ќе предизвика штета која долгорочно ќе ја чувствуваат децата со попреченост. Овие измени може да значат повторно враќање во специјализираните училишта и оставање на децата со попреченост на маргините на општеството.Наместо подигање на свест за овие сензитивни прашања, Владата одлучува да постапи со непопуларни мерки кои го уназадуваат целиот процес, потенцираше пратеничката на СДСМ.Николова се осврна и на амандманите кои ги предложи СДСМ, а Владата и мнозинството во комисијата го одбија, а се однесуваа на вработувањето на образовните асистенти на неопределено време.Во амандманската расправа се реагираше и на законските измени со кои се бришат термините род, родова еднаквост, родовиот идентитет како дискриминаторски основи.- Тоа не е во согласност со одредбите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, а исто така претставува и повреда на одредби од Уставот, како и на меѓународните конвенции кои ги имаме ратификувано. Таму каде децата треба да се чувствуваат најбезбедно, таму каде треба да им е понудена заштита од насилство и дискриминација, таму со овие измени се праќа јасна порака дека институциите нема да препознаваат, а со тоа и да санкционираат одредено насилство, рече Николова.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања