СДСМ

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски треба да поднесе оставка после бројните скандали во изминатите месеци, вели Кузеска

„После бројните скандали коишто се случија во изминатите шест месеци Тошковски требаше да поднесе оставка“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ и додава:Серијата скандали и неуспеси во изминатите шест месеци ја потврдуваат неспособноста и опасноста од партизацијата на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Скандалите на аеродромот, бегствата на криминалци преку косовската граница, запалените возила, убиствата и секојдневните пресметки на криминални групи, па се до послендниот скандал со пуштањето на Артан Груби се јасен доказ.Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство на градоначалник во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица.... Дестина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други.Поголемиот дел од овие случаи се уште не се расчитени. Сетоа ова за само шест месеци.Наместо ред и поредок, граѓаните добија хаос и несигурност.Тошковски нема контрола над косовската граница и тоа е серозна опасност за националната безбедност. Две бегства за шест месеци, и за двете Тошковски се се обидува да се амнестира.Последниот случај со бегството на Артан Груби е само потврда дека криминалците и терористите можат да го минуваат граничниот премин без проблеми.Замислете, објаснувањето на Тошковски е дека граничниот службеник се „вознемирил“ од политичката тежина на Груби и од луксузот на возилото.Вакви апсурди и скандалозни изговори за бегање од одговорноста досега се невидени.Нема оправдување за сите овие скандали, ниту за враќањето на ВМРО-МВРО, Тошковски треба да понесе одговорност.

Македонија | пред 1 година

Nikolova-1

(Видео) Јаневска да го повлече спорниот Закон за основно образование, да не се враќаме еден век назад, рече Николова

„Законот за основно образование, ваков каков што е поднесен во моментов врши дискриминација на децата со попреченост, води кон враќање на специјалните училишта и го враќа стресот кај родителите околу достапноста на образовните асистенти“, рече Даниела Николова - пратеничка на СДСМ.„Затоа овој Закон мора да биде повлечен и доработен во насока на вистинска инклузија и развој на децата со попреченост. Козметички интервенции за да се прикаже инклузивност не е исто како и уважување на укажувањата на меѓународните организации и стручните тела.Оспорувањето на инклузијата на учениците со попреченост е неприфатливо. Комисијата за заштита од дискриминација посочи дека предложените измени се спротивни на концептот на инклузивно образование. Наместо унапредување, овие измени значат враќање кон специјалните училишта, со што се ограничуваат можностите за еднаков развој и учество на децата со попреченост.Владата не го прифати нашиот амандман за вработување на образовните асистенти на неопределено време, со што ќе се гарантираше континуитет и ќе се спречеше стресот за децата и родителите секоја година.Децата не смеат да бидат поделени по ниеден основ. Нашето општество не смее да се враќа назад. Сите деца се наши деца. Ниедно дете не смее да биде дискриминирано.Загрижува и одлуката да се избришат термините „род“, „родова еднаквост“ и „родов идентитет“ како дискриминаторски основи. Ова не само што е спротивно на Уставот и меѓународните обврски на државата, туку создава простор за насилство и дискриминација, особено во училиштата, кои треба да бидат најбезбедни за децата.Ја повикуваме министерката Весна Јаневска да го повлече предлог законот за основно образование и заедно со стручната фела да го подобриме текстот и да ги заштитиме сите деца. Ние сме спремни да се вклучиме во таков процес.Ја повикуваме и Претседателката Гордана Силјаноска Давкова како застапничка за еднаквост, родова рамноправност и недискриминација, да се вклучи и да се бори за правата на децата со попреченост и нивното право на образование.Да не се враќаме цел век, наназад. Образованието мора да биде инклузивно, праведно и безбедно за сите деца. Да ги заштитиме и да обезбедиме иднина која ќе биде подобра за сите“, изјави Даниела Николова - пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Borce-C1

Цветков: Со кошничките власта дозволи граѓаните да бидат ограбени

Пратеникот на СДСМ Борче Цветков во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за шест месеци нема ништо направено од ветувањата додека стандардот на граѓаните опаѓа постојано.-Има реализација на програмата од само 1%, со есенска потрошувачка кошничка фактите говорат дека граѓаните “заштедија“ 1 евро, а со предновогодишната се во минус 15 евра поради зголемените цени, нагласи Цветков.Тој истакна дека премиерот сега, 3 дена пред Нова година излегува и кажува дека ќе ги казнува трговците зошто не ги намалиле цените, што е само уште една манипулација, затоа што со амин на власта трговците ги зголемија цените.Наместо правда, гледаме дека процесите се враќаат назад кога партиски се диригираше се а власта се меша во судството, во обвинителството.-Се наоѓаме во ситуација општо да се враќаме наназад, кадија те тужи - кадија те суди. Се носат условно речено пресуди, пред истрагата. Власта треба да остави на органите на прогонот, на судот, на обвинителството да си ја тераат работата. Сегашната власт премногу се меша во судството, во моментот, и му прави притисок, истакна пратеникот на СДСМ Борче Цветков во емисијата „24 Анализа“.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски, велат од СДСМ

„Наместо намалување на цените и поефтини производи граѓаните се буквално ограбени од големите трговци и тоа со амин на Мицкоски, кој им дозволи дебело да профитираат врз грбот на народот“, соопшти СДСМ.„Според проценките на СДСМ неколку милиони евра вреди грабежот врз граѓаните од страна на големите трговци преку т.н. „кошнички“.Неколку милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните во изминатиот период, како резултат на оваа лоша политика на Мицкоски.Штета не може да се надомести, а многу семејства ќе се соочат со економски потешкотии токму во пресрет на новогодишните празници.Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците, за да им дозволи вака безобѕирно да ги пљачкаат граѓаните?За само шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши повеќе отколку за време на најголемите економски кризи. Мицкоски се грижи за елитата и неговите бизнис партнери наместо за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

BKuzeska3

(Видео) Неколку милиони евра е направен грабеж врз граѓаните со „кошничките“ на Мицкоски, рече Кузеска

„Тоа е уште една измама. Нашиот народ вели, после свадба – тапани. Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и ефтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Самата власт кажа дека нема основа да ги казнува трговиците, власта е таа што им дозволи да ги покачат цените“, кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.„Граѓаните многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски. Според нашите проценки, повеќе милиони евра е направен грабеж врз граѓаните во изминатиот период, токму заради оваа лоша политика на Мицкоски. Така да оваа штета веќе не може да се надомести. Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници.За шест месеци се живее полошо отколку во најголемите економски кризи, кога владата на СДСМ се грижеше за граѓаните. Целата оваа политика е апсолутно којашто е во интерес на бизнисот а не во интерес на граѓаните.Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците што ги остави да ги пљачкаат граѓаните?“, рече Кузеска.

Македонија | пред 1 година

BKuzeska2

(Видео) ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита, вели Кузеска

„СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома. Фактите кои што ги објавија медиумите и се достапни за целата јавност се загрижувачки и отвораат низа прашања за основите врз кои е донесена одлуката, дури и за можен конфликт на интерес во самата ДКСК“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.„Ова мора да биде целосно расчистено затоа што е удар не само врз угледот на ДКСК туку е дамка и за нејзината работа.Анонимната претставка во која беше оспорена факултетската диплома на Бојан Христовски, издадена од еден Универзитет во Скопје ДКСК ја отрфли повикувајќи се на анализа на Државниот просветен инспекторат.Оваа диплома, која самиот Христовски ја пријавил, предизвика основани сомнежи поради експресното завршување на студиите за само 1 година. Замислете, наместо 4 за една успеал.Вчера, една национална телевизија објави информација за конфликт на интерес во самата ДКСК. Членка на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и ја реферираше одлуката дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на истиот универзитет од каде што е издадена спорната диплома.Овие информации беа јавно достапни и на интеренет страната на Универзитетот и на страната на Државната комисија за спречување на корупција.Но по објавата на прилозите во медиумите, Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска од наставен на интернет страницата.Оваа ситуација ја загрозува веродостојноста на одлуките на ДКСК и ги поткопува во целост.Во Етичкиот кодекс на Антикорупциската комисија е наведено дека членот треба да се откаже од одлучување во предмети кои се поврзани со судир на интереси. (член 9).Едноставно, е неприфатливо вакви нерегуларности да бидат премолчени или оправдани.СДСМ бара итно:1. Повлекување и преиспитување на одлуката од страна на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ.2. Расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК.3. Преуспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат.Мора да се обезбеди транспарентност и одговорност во процесот, со цел граѓаните да добијат јасни одговори и да имаат доверба“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

MitkoTrajculeski

Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака за нефункционалност на државата

Државата и институциите на системот целосно затаиле или е договорено бегството на Артан Груби. Трета од овие две претпоставки, нема. Но, и во двата случаи, тоа е страшно за самата држава и за нејзиното функционирање, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, во дебатната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма.- За бегството на Артан Груби, имаме ситуација која упатува на два можни заклучоци, односно претпоставки. Првата е дека државата, односно институциите на системот целосно затаиле, бидејќи од она што го дознавме директно од министерот за внатрешни работи, имало пункт поставен кај кружниот тек пред Блаце, имало стоп листа на самиот граничен премин, Блаце, меѓутоа човекот избега. Тоа е една претпоставка. Втората претпоставка е дека имаме договорено бегство, односно врз основа на некаков си договор Артан Груби е пуштен да ја напушти државата. Трето не може да биде. И во двата случаја, тоа е страшно за функционирањето на државата“, рече Трајчулески.Тој се осврна и на партизација во правосудството, велејќи дека политичарите треба искрено и чесно да инвестираат во уставната поделба на власта, на извршна, законодавна и судска, ако сакаме да придонесеме во враќање на довербата во правосудството. Но, актуелната валст сега планира да прави реформи во судството по принципот ’да ги избркаме нивните, а да ги донесеме нашите‘.- Имаме случај каде сопруга на актуелен градоначалник од ДПМНЕ беше ставена за член на судскиот совет. Потоа случај каде што висок партиски активист, на ВЛЕН беше ставен во советот за јавни обвинители и имаме ситуација каде што има најава за разрешување на членови на судскиот совет. Ако е тоа начинот и реформата која власта планира да ја направи, тогаш ниту има реформа ниту пак ќе ја вратиме довербата во судството, рече Трајчулески.Единствен начин да ја вратиме довербата, потенцираше пратеникот на СДСМ, е да успееме да ги задржиме најчесните и најквалификувани луѓе, со највисок личен и професионален интегритет, кој ќе останат да работат во рамките на правосудството, потоа да се ангажираат најдобрите од приватна правна пракса со тоа што ќе ги натераме да служат на државата на начин на кој ќе изградиме систем за градење на кадри во правосудството.

Македонија | пред 1 година

market-pari

СДСМ: Скапи сметки, евтини изговори - Шест месеци економски пад под ДПМНЕ

„Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл, а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и евтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Граѓаните претрпеа голема штета и многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ.„Шест месеци откако ДПМНЕ ја презеде власта, се чуствува голема економска несигурност, намалување на животниот стандард на граѓаните и нивно осиромашување.Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека нешто прави.Реалноста е сосема друга од онаа која сака да ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвараат паричниците во кои имаат се помалку пари. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно.Политиките на Мицкоски јасно покажуваат дека тие се насочени кон заштита на интересите на елитата, додека најголемиот дел од граѓаните трпат.Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември е зголемена за 840 денари и изнесува 62.861 денари. Ниту две минимални плати веќе не се доволни за основните потреби на луѓето.Владата дозволи трговците да ги зголемат цените, што е директна последица на нивната неспособност и недостаток на соодветни мерки. Наместо санкции, слушаме само апели и празни зборови.Во изминатите шест месеци нема раст на минималната плата, просечната плата стагнира, а добро воспоставениот систем за зголемување на платите од времето на СДСМ е целосно напуштен. Ова доведе до полош животен стандард денес, иако кризите од претходните години се зад нас.Дополнително, Владата на ВМРО-ДПМНЕ најавува мерки кои дополнително ќе го влошат животот на граѓаните: укинување на „недела неработен ден“, зголемување на старосната граница за пензионирање и покачување на ДДВ на 19,5%. Овие политики се директен удар врз работниците и граѓаните.ДПМНЕ уште еднаш покажува дека нивниот приоритет не се граѓаните, туку нивните бизнис интереси“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

bitiki

Битиќи: Власта нанесува удар врз системот на транспарентно управување со буџетите

„Имаме тенденција на заобиколување на клучните институции кои треба да обезбедат независност и стручност во управувањето со јавните финансии. Оваа практика е дополнително зајакната со фактот дека предложените измени се носат без официјално мислење од Министерството за финансии – институцијата што е директно одговорна за дизајнирање, спроведување и надзор на фискалната политика“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во однос на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, за кој денес се расправаше на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.Битиќи оцени дека изоставувањето на мислењето на министерството за финансии не е само административен пропуст, туку и отворено игнорирање на неговата стручна улога, што остава простор за импровизации и политички влијанија. Според него, ова го поткопува целиот процес на носење на измени во закон кој има системско значење.„Отсуството на мислење сугерира дека или предложените измени се политички наметнати без консултација со ресорното министерство, или дека министерката за финансии не го користи својот авторитет за да ја одбрани важноста на професионалниот пристап во оваа клучна реформа. Дали премолчувањето на игнорирањето на Министерството е показател дека министерката не се согласува со предложените измени, но е принудена да молчи? Или, пак, ова е сигнал дека овие измени се политички диктирани и не се базираат на стручни анализи?“, запраша пратеникот Битиќи.Осврнувајќи се на бришењето на одредби од Законот буџети, во кои е прецизирано кои јавни субјекти се регистрираат, Битиќи појасни дека регистарот останува, но останува и недефинирана обврската за тоа кој „активно се ажурира“.„Ова претставува чекор наназад во однос на транспарентноста. Овој регистар беше основна алатка за јавноста и институциите да ги следат активностите на буџетските корисници и јавните претпријатија. Се отвора простор за прикривање и недоследности, што директно го удира кредибилитетот на јавните институции“, рече Битиќи.Зборувајќи за укинувањето на одредбите кои ја регулираат формата и содржината на извештаите за извршување на буџетот, како и на полугодишните извештаи за извршување на буџетот на државата и општините, Битиќи истакна дека ова станува збор за удар врз доследноста во известувањето.„Кога ќе се отстрани обврската Министерството за финансии да пропишува унифицирана форма и содржина на извештаите, се отвора простор за непотполни, селективни и неусогласени податоци. Овие извештаи се клучни за јавниот увид во трошењето на средствата и за контролата од страна на институциите и граѓаните. Со ваквите измени, директно се намалува можноста за транспарентна контрола на јавните финансии, што претставува длабоко загрижувачки чекор наназад за демократската отчетност и довербата во јавните институции“, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

spasovski3

(Видео) Спасовски: Сиљановска имаше формално обраќање, изостана нејзина реакција за многу важни теми

„Денешното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е едно формално обраќање пред Собранието, не понуди визија за иднината на државата, во коешто едноставно имаше констатации со извештати за тоа што направила, какви средби имала. Меѓутоа немаше суштински и конкретно во делот на политиките“, рече координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.„Мора да кажам два дела од обраќањето, кога зборуваше за Армија, поддршката на Армијата и на политиките кои значат унапредување на состојбата во Армијата и подобрување на животниот стандард на сите војници е нешто што ќе добие поддршка од нас. Второ, поддршката на еднаквите можност, на жените во политиката декларативно е добро како став на претседател на држава, но очекувам дека таа декларативност, преку влијание, преку јавно искажан збор да биде преточена и во конкретни политики.Постојан многу теми во општеството за коишто требаше да бидат дел од годинашното обраќање на претседателката.Токму заради тоа што и самата во говорот се претстави како човек којшто се бори за демократија, за транспарентност, и на крајот како правник во политиката е не како политичар во правото.Очекувавме да каже став за тоа дека највисокиот законодавен дом, многу ретко разгледува закони по редовна постапка, над 90% се по скратена постапка, нешто што жестоко се спротивставуваше во изминатиот период.На тој начин не се јакне демократскиот капацитет на институциите туку паѓа.Кога зборува за јакнење на транспарентноста, очекував дека јавно ќе го осуди носењето на Законот за јавни набавки со којшто се руши транспаретноста. Очекувам и ја повикувам да не го потпише овој Указ.На тој начин ќе покаже дека демократијата и транспарентноста се постулати на коишто не само декларативно ќе ја врши функцинијата туку врз реални основи.Очекував дека ќе ги осуди сите постапки за промена на законодавството, на правното уредување коешто се рушеше правниот поредок, како промените за регулаторните тела, комисиите, на луѓе кои имаа мандат противзаконски се укинуваа тие мандати.Или двете автентични толкувања на Законот за надворешни работи со коишто се создаваат можности на мала врата за рушење на дипломатската мрежа, што е надлежност на претседателот на државата.Ова се работи за коишто требаше да се прати порака.Што се однесува до единството, националното единство, за важните прашања во државата, исто така, наместо декларација треба конкретни чекори.За да има единство треба да имаме дијалог, за да има дијалог некој ќе треба да повика и да организира. Ние како СДСМ и коалиција сме подготвени да разговараме за сите прашања важни за државата, да има дијалог и да се постигне консензус.Доколку постои предлог за евроинтегративните процеси на државата тој предлог треба да биде споделен и со парламентарната опозиција и заеднички да разговараме и да изградиме заеднички ставови.Секако дека повикувајќи се на граѓаните и сиверенитетот којшто им припаѓа очекував барем неколку реченици да каже и за состојбата на економски план, што се случува и да упати порака или начин за решение на проблемите.Како и да е, сакам да верувам дека ќе најде сили да излезе од сенката на парламентарното мнозинство, на владата и да биде доволно гласна. Таа гласност да се препознае дека е во името на граѓаните на Македонија“, изјави Спасовски.

Македонија | пред 1 година

tripunovski1-1

Трипуновски не знае ништо друго освен манипулации туѓи успеси, реагира СДСМ

„ВМРО-ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, уште еднаш покажаа тотоална безидејност кога е во прашање поддршката на земјоделството и земјоделците. Ноторна лага се информациите на Трипуновски дека оваа година е прва година кога се исплатиле субвенции за тековната програма за директните плаѓања“, реагира СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски.„Срамно е да се фалите со туѓи мерки, а уште посрамно е да лажете дека вие сте вовеле за прв пат ваква исплата.Исто така не е точно дека се работи за исплата на заостанати субвенции, сите се од тековната прпграма за 2023 година и 2024 година.Не ги потценувајте земјоделците, ти знаат кога за прв пат добиле исплата на субвенции од тековна програма во тековната година.Трипуновски, ако не се сеќавате или ако не ве информирале службите, да ве потсетиме. Вчерашната исплата на субвенции е всушност продолжување на започнатиот процес од минатата година. Сакале или не да признаете, тоа е дел од добрите мерки и систем на исплата воспоствен од Владата на СДСМ. Ова не е нов модел како што го презентирате. Исплатата на субвенциите што се реализираше вчера, е направена и минатата година за прв пат и тоа е новиот модел за авансна исплата на субвенции што го воведе СДСМ.Измената на програмата за авансна исплата на субвенциите и зголемувањето на буџетот за субвенции започна пред три години. Минатата година за прв пат земјоделците добија авансна исплата на субвенциите во тековната година, за прв пат од 2005 година од кога се воведени субвенциите.Годишната програма за исплата на субвенциите за 2024 година ја донесе Владата на СДСМ во јануари годинава. Само во сточарството кај млечните крави ја зголемивме субвенцијата за оваа година од 4.000 денари на 12.000 по грло. Ова е вистинска грижа за земјоделците и долгорочна стратегија за развој на земјоделството.Вие Трипуновски, манипулирате, не се потрудивте да понудите ниту нова мерка, ниту зголемени субвенции. Доста им е на земјоделците од лаги и манипулации, потребни им се мерки и политики за да бидат профитабилни и конкурентни“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

VenkoFSDSM-2

(Видео) Филипче со понуда: Да направиме заедничка натпартиска државна стратегија, тоа е реален патриотизам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференцијата по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, упати повик за заедничка, натпартиска стратегија која ќе го гарантира долгорочниот развој на државата и ќе ги обедини политичките партии околу реални и издржани планови.„Во изминатите шест месеци слушнавме понуди за повеќе национални платформи, декларации, некакви повици за обединување. Жално е кога се гледа како партиите од власта терминот обединување го користат всушност за политички поделби,“ истакна Филипче.СДСМ, како конструктивна опозиција, нуди реално решение кое се темели на заедништво и долгорочна визија.„Бидејќи СДСМ никогаш не била и нема да биде неконструктивна опозиција, еве јас ќе им дадам реална понуда, а не таква лажна за поделби. Ги повикувам да создадеме заедно државна стратегија и платформа која ќе биде натпартиска, наднационална и надетничка. Да создадеме заедничка платформа во која сите партии ќе имаат свој придонес и никој нема да ја поседува. Тоа е рецепт за вистинско обединување,“ изјави Филипче.Претседателот на СДСМ предложи конкретни чекори за изработка на таквата платформа.„Од денес им нудам формирање на тимови од сите парламентарни партии кои ќе работат на ваквата платформа, да ги дефинираме стратешките позиции во сите области. Да ги дефинираме клучните проекти и во здравството и во образованието и во надворешната политика. И сите заедно да излеземе пред граѓаните и да кажеме ова планот за државата и ова се проектите кои ниедна влада ниту сега ниту во иднина нема да ги кочи и опструира,“ истакна Филипче.Со овој пристап, според СДСМ, може да се обезбеди долгорочен развој и стабилност во државата.„Само така ќе може да обезбедиме долгорочен развој. Само ако така сакаат да работат и ако се искрени во намерите ова ќе го прифатат. Ова е реален патриотизам,“ заклучи Филипче.СДСМ е подготвена за натпартиска соработка која ќе го стави интересот на граѓаните и државата пред политичките манипулации и поделби, велат од партијата.

Македонија | пред 1 година

VenkoFSDSM-1

(Видео) Филипче најави масовна теренска кампања по празниците: граѓаните на прво место

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави масовна теренска кампања по празниците, како дел од новата платформа на партијата која ги става граѓаните на прво место.„Сакам да најавам масовна теренска кампања после празниците. СДСМ не смее и нема да ги заборави луѓето. Не смееме да ги оставиме на маргините и со чувство дека не може ништо да направат во ситуација кога власта не се грижи за нив и за реалните проблеми,“ истакна Филипче.СДСМ ќе ги врати луѓето во центарот на својата политика, а грешките од минатото ќе бидат исправени.„Ова сака токму ВМРО-ДПМНЕ, да ги убеди дека мора да се помират со политиките пропагирајќи им дека ете тие биле непобедливи сега. Реалноста е сосема различна, животот е многу тежок, проблемите се товарат еден врз друг. СДСМ направи грешка со тоа што се оддалечи на некој начин од граѓаните кога беше на власт и таа грешка ќе ја исправиме,“ рече Филипче.Според планот, до крајот на годината ќе завршат сите внатрешни процеси во партијата, а потоа ќе следува теренската активност и промоција на новата платформа.„До крајот на годината завршуваат сите процеси во партијата, а потоа ќе излеземе на терен и ќе ја промовираме нашата визија и нова платформа со која ќе понудиме реални решенија, нови луѓе и нови политики. Ова ќе биде политика на СДСМ каде граѓаните ќе бидат на прво место,“ заврши Филипче.СДСМ останува доследна на својата мисија да ги врати граѓаните во центарот на политичките одлуки и да понуди реални решенија за подобрување на животниот стандард и развој на државата, велат од партијата.

Македонија | пред 1 година

filipce1

(Видео) Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ја осуди стратегијата на владејачките партии за користење на етничките тензии како средство за одвлекување на вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.„Покрај партизацијата, во изминатите шест месеци јавниот простор е затруен со етнички теми и наративи и поделби. Стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии СДСМ остро ја осудува. Оваа стратегија на ДУИ впрочем најмногу од сѐ му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити во власта,“ истакна Филипче.Според него, овој таканаречен конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е само театар кој им служи на нивните политички агенди.„Наводниот конфликт меѓу нив е всушност љубовната кавга која ни ја сервираат како перманентна дестабилизација. Оваа политика има само една цел, да ги оттргне граѓаните да мислат на реалните проблеми. Ќе им се полнат главите со омраза и поделби додека им се празнат џебовите од страна на власта. Ќе се отвораат стари рани и стари прашања за граѓаните да гледаат назад наместо да гледаме напред,“ рече Филипче.СДСМ е уверена дека оваа стратегија на ширење поделби е осудена на неуспех.„Но, оваа политика секогаш, порано или подоцна, е силно поразувана. Така ќе биде и овој пат, но се надевам дека многу порано граѓаните ќе го разберат тоа,“ додаде Филипче.Претседателот на СДСМ ја отфрли пропагандата која се обидува да ја одржи во живот таканаречената мантра за „СДС-ДУИ“.„Гледам Мицкоски и мегафоните упорно се обидуваат да ја одржат во живот пропагандната мантра СДС-ДУИ. Може слободно да ја прогласат за пропадната,“ заврши Филипче.СДСМ останува цврсто посветена на тоа да ги врати реалните теми во центарот на политичката сцена, а не да дозволи поделбите и тензичните теми да го диктираат јавниот дискурс.

Македонија | пред 1 година

VenkoFSDSM-2

(Видео) Распуштање на Судскиот совет ќе значи целосна контрола врз судството на ВМРО-ДПМНЕ, алармира Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, остро ја осуди партизацијата на државните институции која, како што истакна, добива епидемиски размери.„Во изминатите шест месеци, партизацијата добива епидемиски размери. ВМРО-ДПМНЕ ја заробува државата и клучните институции во судството и безбедноста. АНБ е веќе партиска институција на ВМРО-ДПМНЕ со поставувањето на целосно нелегитимниот директор без никакви квалификации. Сите нови избрани судии откако е Мицкоски на власт се негов личен избор. Судии стануваат братучеди, партнери или сопружници на негови градоначалници. Во граѓанскиот совет на надзор на комуникациите се поставени луѓе кои имаат партиски книшки на ВМРО-ДПМНЕ во задниот џеб“, рече Филипче.Овој систематски обид за целосно партиско заробување на државата се рефлектира и во најавата за распуштање на Судскиот совет, која, според СДСМ, е директен удар врз демократијата.„Јас уште по првите чекори на оваа Влада најавив дека ВМРО-МВРО се враќа. Но вчерашната најава дека Владата планира да го распушти Судскиот совет, односно да разреши пет членови, е чекор кон целосна контрола врз судството. Ова СДСМ нема да го дозволи. Ова ќе значи газење на демократијата и враќање кон мрачните времиња на политички прогон“, истакна Филипче.Дополнително, овој потег на Владата е во целосна спротивност со реформите кои Мицкоски ги потпиша во планот за раст пред само неколку месеци.„Овој потег на Владата е целосно спротивен на сите реформи и на она што Мицкоски го потпиша во планот за раст пред само неколку месеци во Брисел. Реформите со ова ќе бидат фрлени на буниште и на сила ќе стапи целосна контрола и партизација на судството“, рече Филипче.СДСМ ја повикува целата македонска и меѓународна јавност да ја спречи оваа тенденција на узурпирање на судската власт.„Ја алармирам целата македонска и меѓународна јавност дека ова не смее да се дозволи. СДСМ остро ќе се спротивстави на ова и ќе направи сѐ да не дојде до ова узурпирање на судската власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, заврши Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања