СДСМ

VenkoFSDSM-1

(Видео) Филипче: Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, одржа прес-конференција на која алармираше за, како што вели, катастрофалните економски политики кои резултираа со огромна економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните.„По шест месеци, едно е сигурно, се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните. Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага. Реалноста е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвораат паричниците. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно“, истакна Филипче.Владата на Мицкоски наместо да се грижи за граѓаните, се води од интересите на економската елита, истакна претседателот на СДСМ.„Економските политики на Мицкоски се политики за елитата. 99% од граѓаните плаќаат за 1% од елитата на Мицкоски. Оваа потчинетост и слугување на своите бизнис партнери и на трговците е поразителна“, рече Филипче.Дополнително, начинот на кој Владата се справува со покачувањето на цените и профитерството на трговците е доказ за неспособност и целосна незаинтересираност за благосостојбата на народот, наведе тој.„Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето. Го слушам вчера вели срамота било тоа што го правеле трговците. Тој го договори токму ова со нив, тој им дозволи со недели да ги качуваат цените и молчеше додека сите ние алармиравме. Мицкоски лично рече дека со апели, а без казни ќе убедуваат трговците да го почитуваат договореното. Касно е. Мицкоски ја префрла вината за овој дебакл и грабеж на трговците и да глуми загрижен политичар. На оваа тема веќе никој не му верува“, истакна Филипче.СДСМ останува на страната на граѓаните, борејќи се против политиките кои носат само пад на стандардот и зголемување на економската несигурност. Ги повикуваме граѓаните да ја препознаат вистината и да се спротивстават на погубните политики на оваа Влада, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тренчевска: Која е фактурата што ДПМНЕ ја испорачува на ДУИ со пропуштањето на Груби преку граница?

Која е фактурата што ДПМНЕ и ДУИ си ја испорачуваат со пропуштањето на Артан Груби преку граница? Оваа цела ситуација личи исто како летото што избега Блерим Рамадани, така сега и Груби, и сите оние кои треба да одговараат пред законот, се во некаков договор со ДПМНЕ, ја напуштаат границата и бегаат, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.- Не може коалицискиот партнер на ДПМНЕ да знае каде е Груби, а Тошковски да нема информации каде е. Многу прашања кој ги постави СДСМ на прес конференциите не беа одговорени од страна на власта, токму за пуштањето на Артан Груби преку граница. Ама имаше неколку кажувања, прво дека во еден момент не работеле камерите, па дека пешки ја поминал границата, па бил со дипломатско возило. И да не работат камерите, видеонадзорот не е на батерии. Многу е сомнително, а токму човек на Тошковски тој ден бил на работно место и го пропушта Груби да помине на граница. Сето ова укажува дека станува збор за некаков договор, рече Тренчевска.Тренчевска се осврна и на шесте месеци откако ДПМНЕ е на власт, велејќи дека за ова време од сè што ветија ништо не направија, освен што во судството ги местат своите, се разрешуваат комисии и регулаторни тела, а се поставуваат членови на ДПМНЕ.- Со ДПМНЕ нема светла точка во државата? Што постигнаа од она што ветија? Ништо. Ниту e подобар животниот стандард ниту има зголемување на платите. Дали кошничките дадоа резултат за подобрување на животниот стандард? Не. Новогодишната кошничка, ги разочара граѓаните, цените не се намалени, туку се поскапени. Премиерот излезе и рече дека кошничката дава резултати, за денес да слушнеме дека имало покачување на цените. СДСМ уште пред да започне оваа мерка новогодишна кошничка укажуваше дека трговците ги зголемија цените со амин на власта. Со политиките на ДПМНЕ граѓаните само осиромашуваат, рече претеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче за католички Божиќ: Да ги негуваме вистинските вредности за солидарност, единство и почит како основа за заеднички успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!“, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

VFBT2-2

Филипче од Битола: СДСМ веќе е крената на нозе

Задоволен сум што преку еден инклузивен и отворен процес заедно со членството успеавме да ја издигнеме партијата, СДСМ е веќе крената на нозе, ги брани интересите на граѓаните и силно се противи на погрешните политики на власта, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Битола, каде заедно со заменик претседтелката Фани Каранфилова Пановска и потпретседателот Методија Илиевски присуствуваа на изборна конференција на општинската организација на СДСМ од овој град.СДСМ не е веќе истата партија од пред изборите, интензивно сме на терен, помеѓу членовите, да го слушнеме нивниот глас и заедно да ги дефинираме следните чекори, додаде Филипче.-Преку отворени дискусии и размена на идеи, продолжуваме да ја зајакнуваме партијата и да ги дефинираме следните активности. Како што ветив, членовите имаат активна улога во креирањето на политиките кои ќе ја обликуваат иднината на партијата. Отворена врата за секого и заедничко делување. Комуникацијата со членството, со базата е веќе на многу повисоко ниво, достапноста и присутноста на раководството е значително зголемена. Тоа ќе биде дел од новиот начин на функционирање на СДСМ и во иднина, рече Филипче.Филипче му честиташе на новоизбраниот претседател на ОО СДСМ Битола, другарот Методија Куновски и му посака успешна работа, потенцирајќи дека процесот за избор на претседатели на општинските оганизации на СДСМ привршува успешно.-Во завршна фаза е целиот процес за избор на претседатели на општинските организации на СДСМ, овој месец привршуваат изборните конференции и во останатите општини. Изборот на луѓето е со широк консензус во рамки на самата партија и во рамки на општинските организации и тоа наша вредност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вчера во Битола.

Македонија | пред 1 година

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

ДПМНЕ го пушти Груби за избега и целосната одговорност е кај нив, вели Кузеска

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање, а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:ВМРО-ДПМНЕ треба да каже кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар.Линк до видео:

Македонија | пред 1 година

crn-ponedelnik123

После 12 години од „црниот понеделник“ на 24 декември, се најавува враќање на режимските методи, вели СДСМ

„24 декември 2012 година е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија. Пред точно 12 години режимот на ДПМНЕ насилно исфрли пратеници и новинари од Собранието“, вели СДСМ и додава:Со сила, инсталираниот режим на ДПМНЕ ја задуши демократијата во македонското Собрание само затоа што опозицијата се противеше на носењето на најрасипничкиот, криминал буџет во историјата на државата.Новинарите беа исфрлени за да се сокрие вистината од народот, да не известуваат од тепањето пратеници.Тогаш, целата јавност ја виде суровоста на еден еден насилнички режим, а токму настаните од тој црн понеделник и неказнивоста на одговорните доведе до уште поцрн датум, до 27 април 2017 година кога режимот тргна да убива пратеници и вработени во Собранието.Прашањето е како се чуствуваат денеска исфрлените пратеници од Собранието кои се дел од ЗНАМ и во коалиција со истите тие што ги исфрлија? Дали политичкото лицемерие или лукративните причини за власт по секоја цена вредат толку за да се изневерат вредностите, сопартијците, слободата, демократијата?24 декември е потсетник дека никогаш да смее да се заборават режимските методи на ДПМНЕ.Но после 12 години актуелната власт на ДПМНЕ со своите режимски практики најавува враќање на тие режимски методи.Тенденциите на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат не можат да функционираат поинаку. Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите, на безбедносните служби, агенциите, се инсталираат судии и обивнители, режимот дефинитивно се враќа.СДСМ ја повикува целата демократска јавност, сите прогресивни сили, заедно да се спротивставиме на масовната партизацијата и ударот врз демократијата во земјата.

Македонија | пред 1 година

grubi-5123

Џабе се препелкате, Груби го пуштивте да избега и за тоа сте сами вие одговорни, им велат СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ

„Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање,а тоа е - зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, им велат СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Артан Груби и сите за кои во моментот има постапки мора да одговараат пред законот. Но за жал, тоа очигледно нема да се случи откако мистериозно Груби исчезна. Го прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Прво избега Блерим Рамадани, па се шеташе Гаши со сватовите на свадба без проверка, сега се прошета и Груби. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар.

Македонија | пред 1 година

bebe-inkubator

СДСМ: 20 дечиња починале на Клиника, Мицкоски и ДПМНЕ мува не ги лази

“Трагичните податоци за смртноста на деца во изминатите шест месеци ја шокираа јавноста а Мицкоски и ДПМНЕ мува не ги лази. Во втората половина на 2024 година, животот го загубиле 19 бебиња и едно петгодишно девојче”, вели СДСМ и додава:Овие бројки се застрашувачки и отвораат прашања кои бараат итни одговори: каде затајува системот, како се направени пропустите и дали постои прикривање на лекарски грешки?Последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести е алармантен. Бебето било одбиено за хоспитализација без никакво образложение – втор ваков трагичен случај во само два и пол месеци. Овие трагедии не смеат да се игнорираат!Министре Таравари, директоре Мемеди, време е да преземете одговорност. СДСМ инсистира на темелна истрага, целосна транспарентност и итно преземање мерки за спречување на ваквите трагедии.Во време на СДСМ, преку конкретни мерки и инвестиции, смртноста кај новороденчињата беше значително намалена. Неонаталната смртност беше намалена петкратно, а перинаталната за повеќе од двојно. Инвестирано беше во модерна опрема и стручен кадар.Сега, под актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, здравствениот систем се враќа во состојбата од времето на нивното претходно владеење. Животот на децата и здравјето на граѓаните не смеат да бидат колатерална штета на неспособноста и неодговорноста на оваа власт.Го повикуваме Министерството за здравство и сите надлежни институции да преземат итни мерки за заштита на здравјето на децата а министерот Таравари да си поднесе оставка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски, вели СДСМ

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија“, велат од СДСМ и додаваат:Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект.Изматата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени. Фактите зборуваат сами за себе:Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари.Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување.Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм.Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните.Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето.Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

sdsm-novo-rakovodsvo

СДСМ: Груби да се соочи со законот, Тошковски со одговорноста

„Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се оправда за бегството на Артан Груби кое е сработено по истото сценарио како и она летото на Блерим Рамадани. Повеќе од јасно е дека границата со Косово не е под контрола на МВР и Тошковски“, вели СДСМ и додава:Уште почудно е што токму полицајци поставени од Тошковски решиле да го пуштат Груби непречено да си оди. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски сами си ги креираат сценаријата за сомнеж дека тие го пропуштиле Груби да си оди од државата наместо да се соочи со одговорност. Груби мора да биде итно спроведен пред лицето на правдата.Но, денес е нејасно како Тошковски може да биде толку неинформиран и МВР толку слаба институција под негово водство, кога Изет Меџити коалицискиот партнер на Мицкоски знае дека Груби е во Албанија, а Тошковски не? Го праша ли Тошковски Меџити од каде му се информациите? Тошковски веќе одамна е зрел за оставка, премногу скандали се случија без никаква политичка одговорност.

Македонија | пред 1 година

grubi-ahmeti-1

Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби, велат од СДСМ

„Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби“ вели СДСМ и додава:Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка.На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија.

Македонија | пред 1 година

grubi-153125

Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?, прашува СДСМ

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да изигрува ниту судија, ниту обвинител, ако има некакви сознанија за злоупотреби од било кого, постојат надлежни институции и органи кои во законска процедура треба да постапуваат“, вели СДСМ и додава:Но, клучното прашање е зошто ако знаеле го пуштија Груби слободно да помине граница?Толку ли вреди договорот на ДУИ со ДПМНЕ којашто допрва треба да испорачува фактури.Вакви или слични дилови со ДУИ, ДПМНЕ прави цело време. Хашките случаи, т.е. толкувањето на законот којшто заедно го усвоија ДПМНЕ и ДУИ дозволи амнестирање на дела кои се подведуваат под квалитатив Злосторства против човештвото.Со тој дил ДПМНЕ ги предаде жртвите на тортура и нехуман третман кои доминантно беа Македонци.Ништо не го пере ДПМНЕ за тоа што му озоможија на Груби слободно да ја напушти земјата преку граничниот премин Блаце.Границата кон Косово ДПМНЕ ја сведе на решето за слободно поминување на криминалци и терористи.Наместо смешни прес конференции ДПМНЕ да го повика Тошковски да понесе одговорност и да поднесе оставка.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче е најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија со низа скандали и афери како Онкологија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС треба да се срами бидејќи здравството беше во кома кога нивниот претседател Венко Филипче беше министер за здравство“, вели ВМРО-ДПМНЕ во ееакција на прес-конференција на СДСМ и додава:„Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.СДС треба да знае дека нивниот претседател Венко Филипче додека беше владин функционер и министер за здравство остави девастирана област.Последиците од СДС и ДУИ во здравството се огромни, катастрофални и штетни.Деструктивните политики на СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија.Во време кога Филипче беше министер за здравство, неговото катастрофално менаџирање во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.Mандатот на Филипче беше преполн со големи афери, сомнителни тендери, корупција, и скандали со пациенти.Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.Филипче имаше низа на афери и скандали во здравството особено во време на пандемијата како скандалот со набавката на кинеските вакцини.Филипче како министер за здравство за време на корона пандемијата ја стави Македонија на 5-то место на светската листа со најголем број на жртви.На Филипче кој е прв човек на СДС кога беше министер му се случија модуларна болница во Тетово, Дурмо турс, корона пандемија, Онкологија, скандалот со набавката на кинеските вакцини и ова се случаи кои Филипче дозволи да резултираат со 14 мртви во Тетово, а во несреќата Дурмо Турс 15 мртви.СДС со Филипче е само продолжена рака на Заев кои освен тендери и ставање пари во џеб ништо друго не ги интересираше.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на граѓаните#.

Македонија | пред 1 година

bebe-inkubator

Страшно, починале 20 бебиња за 6 месеци, ова се трагични бројки кои отвораат прашања, вели Младеновска од СДСМ

„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци“ вели Рената Младеновска, членка на ИО на СДСМ и додава:Во втората половина на 2024 година, починале 19 доенчиња и едно петгодишно девојче. Овие трагични бројки отвораат многу прашања за кои јавноста заслужува одговори.Зошто и како се направени пропустите, каде затајува системот, дали се штитат лекарски грешки?Особено алармантен е последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините. Ова е втор ваков случај за само два и пол месеци на Клиниката за детски болести, по трагичната смрт на 14-месечно бебе, кое исто така беше одбиено за болничко лекување. Понатаму, бебе старо само 8 дена донесено од Струмица во многу лоша здравствена состојба, почина од сепса и уште други трагични случаи…Овие бројки и случаи во здравствениот систем, особено случувањата на Клиниката за детски болести, не смеат да се игнорираат.Во јавност видовме дека надлежниот инспекторатот во одредени случаи покренал постапки и изрекол казни, но реакциите се задоцнети, тоа не е доволно.Ниту една казна не може да го врати животот на едно дете! Паричната казна за Клиниката за детски болести и за директорот на клиниката не доволно за тоа што се случува на оваа клиника.Министре за здравство Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.СДСМ инсистира на темелна истрага, целосна транспарентност и превземање на сериозна одговорност. Потребни се подлабоки анализи и превентивни мерки. Не можеме да чекаме да умираат деца за потоа да реагираме!Ги повикуваме Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да преземат мерки за превенција на ваквите трагедии. Здравјето и животот на најмалите мора да биде врвен приоритет во секој здравствен систем.Почитувани,Со години, преку вистинска грижа и конкретни мерки, СДСМ успеа значително да ја намали смртноста кај новороденчињата.Во 2016 година, смртноста изнесуваше 25%, а во 2023 година се намали на 5%.Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8% а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%.СДСМ вложуваше во модерна опрема, инкубатори, респираторни машини, во стручен кадар и друго.Сега е крајно загрижувачки да гледаме како повторно расте ризикот за новороденчињата и децата. Ја повикуваме власта да не дозволи враќање на старите практики и бројки. Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој функционира превентивно, одговорно и во интерес на здравјето на граѓаните и нивните деца. Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив!

Македонија | пред 1 година

grubi-41

Косовската граница е решето, отворена за бегство на криминалци, вели СДСМ и сметаат дека бројните пропусти се доказ

„Власта го пушти Груби слободно да ја премине границата, за што постојат основани сомнежи дека станува збор за договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ“, вели СДСМ и додава:Бројните пропусти се само потврда за ова. Од дојавата дека е поднесена кривична пријава, преку поставување на мобилна патрола без никаква информација па се до поминувањето преку греничниот премин Блаце без проверка, дозволено од страна на лицето БЈ назначен од Тошковски.Фатена во овој голем скандал власта прво се обиде кај батериите на камерите да ја префрли вината а сега лицитира каде се наоѓа Груби, дали е во Косово или Албанија.Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци.Владините функционери наместо да лицитираат треба да понесат одговорност. За бегството на Груби, односно пуштањето надвор од границите на државата Тошковски веќе требаше да си поднесе оставка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања