СДСМ

grubi-41

Косовската граница е решето, отворена за бегство на криминалци, вели СДСМ и сметаат дека бројните пропусти се доказ

„Власта го пушти Груби слободно да ја премине границата, за што постојат основани сомнежи дека станува збор за договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ“, вели СДСМ и додава:Бројните пропусти се само потврда за ова. Од дојавата дека е поднесена кривична пријава, преку поставување на мобилна патрола без никаква информација па се до поминувањето преку греничниот премин Блаце без проверка, дозволено од страна на лицето БЈ назначен од Тошковски.Фатена во овој голем скандал власта прво се обиде кај батериите на камерите да ја префрли вината а сега лицитира каде се наоѓа Груби, дали е во Косово или Албанија.Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци.Владините функционери наместо да лицитираат треба да понесат одговорност. За бегството на Груби, односно пуштањето надвор од границите на државата Тошковски веќе требаше да си поднесе оставка.

Македонија | пред 1 година

zagadeno-skopje-5

Додека скопјани се гушат ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ против загадувањето, вели СДСМ

„Светската банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат како последица на загадениот воздух а најпогоден се граѓаните на Скопје и Тетово“, вели СДСМ и додавa:Додека Скопје овие денови повторно е меѓу најзагадените градови во Европа и скопјани се гушат власта на Мицкоски и ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето.Дополнително, ДПМНЕ во Собранието не прифати ниту еден амандман на СДСМ и ги одби амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето.Власта ги одби и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на нови автобуси, за зелена транзиција, ги одби и амандманите за пречиститителни станици.Буквлано секој предлог на опозиција за еколошки пректи и почист воздух кои се важни за граѓаните ДПМНЕ ги одби.Ова покажува дека Мицкоски ДПМНЕ немаат намера ништо да преземат во борбата против загадениот воздух и граѓаните ќе ги остават сами.

Македонија | пред 1 година

toskovski34

Човекот кој го има пропуштено Груби е личен избор на Тошковски, вели СДСМ

„Она што вчера СДСМ го објави во јавноста за случајот со бегството на Груби, се потврди како целосна вистина за неполни три часа по нашата прес конференција. Факт е дека полицијата не си ја завршила работата и Тошковски не е никаков херој туку неспособен министер. Но, она што денес ќе го откриеме ќе отвори сериозен сомнеж дека не станува тоа збор за пропуст, туку координирана акција за пуштање на Груби. Ова е скандал од епски размери за кој Тошковки мора итно да излезе и да ја каже вистината, а потота да си поднесе оставка“, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ и додава:Имено, прва вистина за која молчи Тошковски е дека целосно потфрлила контролата на Блаце поставена на кружниот тек, три дена пред бегството. Зошто Тошковски молчи дека тие полицајци немале насока и не знаеле кого треба да чекаат и проверуваат? Дали се намерно оставени без никаква насока и со тоа не знаеле каква контрола треба да направат? Дали ќе се одважи Тошковски денес да одговори на ова прашање?Но она што денес ќе го кажеме е директно поврзано со најавите за суспензијата на двајцата полицајци на Блаце за кои вчера МВР имаше официјално соопштение. Едното од лицата, лицето Б.Ј. чиј идентитет засега нема да го откриеме, е внимавајте, службеник кој е поставен на таа позиција откако Тошковски станува министер. Значи по налог Тошковски, Б.Ј е прераспределен на позиција контрола на граничен премин иако претходно извршувал друга работна задача неповрзано со контролата на граничните премини.Ова значи дека човекот кој го има пропуштено Груби е негов личен избор за таа позиција. Го прашуваме Тошковски, дали е вистина дека токму од причини за да може да врши вакви дејствија Б.Ј е поставен на оваа позиција?Да се потсетиме, по истата шема при бегството на терористот Блерим Рамадани, Тошковски ги обвини лицата кои го пропуштиле кои тој самиот ги назначил. За да е појасно, ако тогаш стануваше збор за избор на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, сега станува збор за лице кое е избор на Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ.Понатаму,МВР вчера соопшти дека се изречени суспензии за двајцата полицајаци. Но, внимавајте што се случува, полицаецот Б.Ј истиот ден откако го пропуштил Груби земал боледување. Со тоа, де факто не може да биде суспендиран се додека му трае боледувањето. Зошто Тошковски лаже дека се суспендирани кога тоа не е направено? Дали сака да го заштити, или пак чека да се забоошоти целата ситуација?И зошто не е поднесена кривична пријава против полицајците туку наводна суспензија кога станува збор за дело за кое може да се поднесе кривична пријава?Понатаму, до кога ќе удира Тошковски по самарот во услови кога тој лично и целата акција која ја предовдел затаила, или како што се соменваме, е намерно изведена така за да се пропушти Груби. Кога тој ќе поднесе одговорност за сите скандали кои му се случуваат?Јавноста чека одговори и чесност министре, ако сте доблесен ќе си поднесете оставка.Линк до видео:

Македонија | пред 1 година

toskovski34

Министре, батериите ли се криви за бегството на Груби, праша СДСМ

„Дали министерот за внатрешни работи Тошковски конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби“, прашува СДСМ.„Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите“ на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од граѓаните. До кога министерот ќе ја замајува јавноста и кога планира да признае дека ова е договорено бегство?Како што објави Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од граничниот премин „Блаце“ не ги почитувале процедурите, иако за Груби постоело јасно известување „задржи и веднаш извести“. Наместо тоа, тие не го провериле системот, дозволиле возилото да помине без соодветна контрола и не ги регистрирале патниците како што налага законот. Притоа, во критичниот момент камерите „случајно“ не функционирале.СДСМ денес ќе објави сериозни индиции за вмешаност на МВР и Тошковски во целото бегство и нови „случајности“ кои ќе отоворат сомнеж за вмешаноста на МВР во целата работа.СДСМ ќе продолжи да инсистира на транспарентност, одговорност и функционални институции кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

grubi-auddi

Шукова: За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР

За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.-Ова не е прв случај и летото имаше случај на бегство преку границата. Затоа тука е МВР да подигне кривична пријава, судската власт, извршната власт. За бегството одговорноста треба да си ја сноси МВР‘, рече Шукова.Таа се осврна и на партизацијата во институциите, велејќи дека секој би бил среќен ако новата влада работи на принципи кои ги очекуваа сите граѓани, да се бори за правда, за намалување на корупцијата и криминалот, меѓутоа, деновиве јавноста на големо бруи за партизацијата која ја спроведува оваа власт во ситеинституции.-Еве да го земеме предвид сè уште нерасчистениот пример за директорот на АНБ, Бојан Христовски. Потоа имаме членови на судски совети кои доаѓаат од редовите на ДПМНЕ. Еден случај ја бранува јавноста неколку недели, и на јавноста не и се дава одговор зошто некој кој ги нема документите, а на таква висока позиција. Граѓаните не го добиваат она што се надеваа а гледаме силна партизација во клучните сектори, рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Македонија | пред 1 година

Stefanija-SDMM

СДММ: Власта во режимски стил им го одзема гласот на средношколците

„ВМРО-ДПМНЕ, во свој режимски и познат стил повторно се обидува да ги стави под контрола средношколците“, вели Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ и додава:Без јавна расправа, власта ги турка измените на Законот за средно образование, со кои директно се кршат правата на средношколците да се организираат и претставуваат како единствена сила.Во законските измени, во делот на ученичко организирање, избришан е Сојузот на студенти - единственото тело кое ги обединува средношколците на национално ниво и се залага за нивните интереси. Со тоа буквално ја затвораат секоја можност средношколците да се борат за себеси.Им се одзема гласот. Им се одзема правото да одлучуваат. Кому сметаат здружени и силни?Овие законски измени го нарушуваат основното право да бидеме дел од демократските процеси во нашето општество. А, тоа многу нè потсетува на едно друго време, на еден режим и контрола врз образованието, кога бевме принудени да се организираме преку пленуми за да си ги одбраниме правата.Отстранувањето на Сојузот на средношколци е само дел од пакетот штетни измени на законите за образование, кои оваа власт ги турка по брза постапка.Овие измени се спротивни и на препораките на УНИЦЕФ, кои бараат системски и континуирани решенија за надминување на бариерите и создавање функционална поддршка за децата со попреченост.Зошто вакви суштински важни законски измени се туркаат на „брза лента“, без јавна дебата? На одржување јавна дебата апелира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Образованието мора да биде натпартиска и надетничка тема.Затоа, Социјалдемократската младина на Македонија, апелира да се прекине со носење инстант решенија, кои се на штета на учениците.Образованието е тема за која е потребен консензус, јавна дебата и широки консултации. Се работи за нашата иднина, не сакаме да се враќаме назад!Ние бараме квалитетен и модерен образовен систем, каде секој има право на глас, каде секој е заштитен и каде образованието е ослободено од дискриминација и политички притисоци.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митрески до Кочоска: Цените растат, зошто не го прифатите предлогот за укинување на ДДВ на храна?

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска поврзано со егзистенцијата на граѓаните, зголемувањето на трошоците за живот, како и зошто не сака да го прифати предлогот за укинување на ДДВ на храна.Во продолжение интегрален текст на прашањето:Зголемувањето на трошоците за живот е предизвик за сè поголем број семејства.Обезбедувањето на потрошувачката кошница со основните прехранбени производи, од во ден во ден станува луксуз.Од друга страна, наместо мерки за реално пониски цени на прехранбените производи, Владата донесе мерки за мачкање очи, тотално неефикасни мерки, чист популизам.Се донесоа две потрошувачки кошнички, есенска и сега новогодишна. Помпезно ги најавивте и двете … со ПР кампањи во маркетите.Ама цените не се намалија.И да потенцирам, и двете мерки ги донесовте на ист начин. Прво им оставивте простор на трговците да ги зголемат цените, па потоа мерките стапија во сила.Се прашувам, дали Вие министерке и вашиот премиер Мицковски, сте свесни дека на овој начин им овозможивте на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Вие си поигрувате со егзистенцијата на граѓаните!Многу е проста проверката на ефектите на терен и многу е јасно за кого биле мерките. За граѓаните, сигурно не.После првата есенската кошничка, голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија. И статистиката го регистрираше тоа, раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, и раст на цените на мало од 4%.Впрочем, Вие министерките и самата знаете дека оваа мерка не е ефикасна, тоа и го изјавивте на 1-ви октомври годинава кажавте цитирам: „Никогаш не можам да се согласам со таква мерка“.Но тоа што не се согласувате со мерките на Вашата влада не значи дека ве иззема од одговорност.Со втората, новогодишната кошничка, направивте нова класична измама за граѓаните.Дозволивте трговците да ги покачат цените па сега наводно да ги намалуваат. Без притоа да има механизам за контрола и казна.Вие класично манипулирате и ги потценувате граѓаните, за да го прикрете вистинскиот проблем за кој оигледно немате решение, а тоа е покачувањето на цените на производите.Министерке дали сте биле да пазарите во продавница или маркет деновиве? Знаете дека повторно имаме иста ситуација како со есенската кошничка. Дел од производите се намалени по денар, или по два, три денара, дел воопшто не се намалени, а цените на некои производи дури и се зголемени.Еве јас синоќа бев во еден маркет.Цената на зејтинот, од различни компании, за 1 литар се движи од 92 до дури 98 денари. А на први октомври цената била 83 денари. Каква мерка, какво намалување, зголемување има.Мешано сирење 459 денари, иста цена, непроменета.Кај кравјото сирење, има намалување од замислете само 5 денари и сега се продава по цена од 398 денари за килограм.Јогуртот со 3,2% масленост се покачи цената минатиот месец сега се намали и дојде исто и во овој маркет се продаваше за 69 денари а во некои маркети и над 72 денари се продава.Значи, тоа е реалноста за измамата којашто граѓаните ја гледаат секој ден во продавниците.Едно е јасно, дека со овие цени, кошничките на граѓаните за новогодишните празници ќе останат празни!За ова не ве избраа граѓаните. Не ве избраа за вие да им продавате лажна гордост, а тие со наведнати глави да влегуваат по продавниците и во домовите, затоа што не се во можност да ги обезбедат основните прехранбени производи за своите деца и внуци.И за овој проблем ви понудивме решение, но и тоа не го прифативте. Не прифативте укинување на ДДВ за прехранбените производи, иако и самите знаете дека со оваа мерка реално ќе се намалат цените и граѓаните тоа ќе го почувствуваат.Од друга страна, оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците, како што тоа се случи со мерките на Владата.И клучно, со намалување на ДДВ на храната долгорочно им се помага на граѓаните во тек на цела година. Месечно, едно семејство може да заштеди 2.000 денари а годишно тоа се 24 илјади денари.Ако навистина сакате да им помогнете на граѓаните тоа е решението.Моето прашање до Вас министерке, зошто не сакате да го прифатите предлогот за укинување на ДДВ на храна?

Македонија | пред 1 година

kristina-kostova-1

(Видео) Законите за образованието се на штета на децата што се жртви на врсничко насилство, рече Костова

„Во изминативе денови, гледаме како ДПМНЕ и коалицијата на власт повторно ги става во функција некогашните режимски механизми на носење закони на брзи ленти, преку кршење на Деловникот на Собранието, исклучување на јавноста и стручната фела при носењето на едни од најважните закони - пакетот закони од областа на образованието“, рече Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.„Со голем дел од предложените промени сериозно се уназадени концептите за одржување социјална правда во задолжителниот образовен процес.Со предложените промени се нарушува концептот за инклузија на деца со попреченост.При отстранувањето на заштитните основи за дискриминација по род и сексуална ориентација, како и со кратењето на буџетот за 50% за специјализирани услуги на жртвите од насилство, се дава јасен сигнал кон агресорите за тоа кого институциите ќе штитат, а кого ќе го остават на маргините. Овие предлог-закони се на штета на децата со попреченост, на штета на децата кои се жртви на врсничко насилство, на штета на средношколците кои ќе го изгубат правото на средношколско организирање.На овој начин, ДПМНЕ нѐ уназадуваат и ја озаконуваат дискриминацијата во образованието. Предложените решенија се спротивни на Законот за спречување и заштита од дискриминација и Уставот на Република Северна Македонија.Во целост се игнорирани препораките на Комисијата за заштита од дискриминација. Законите се туркаат на брза лента, без претходна јавна расправа, со игнорирање и исклучување на граѓанскиот сектор.Овие деструктивни тактики на исклучување на јавноста и стручната фела, загрижувачки потсетуваат на старите денови на режимот на Груевски.Предлог-закони влезени во собраниска процедура оваа година, со минат филтер на Комисија и консензус меѓу пратениците постоеја, а оваа Влада ги повлече заради наводно подобрување на текстот. Наместо подобрување, без ниту дијалог ниту консензус наметнуваат еднострани решенија за најважната тема за иднината на државата.Образованието е натпартиска и надетничка тема. Сите деца се наши деца и во нивното образование не смее да има поделби, а најмалку не на заштитени и деца оставени на маргините.Апелираме образовните закони да се донесат со консензус, да се послушаат Комисијата за заштита од дискриминација и стручната фела. Законите не смеат да се косат со другите закони и Уставот. Вака не се гради здраво демократско општество.Повикуваме на отворена јавна расправа и дијалог во Собранието и да дојдеме до заеднички добри решенија, бидејќи нашиот демократски капацитет го сака она што е државнички и добро за децата“, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Кошничките се измама, Мицкоски дозволи трговите да се богатат на грбот на граѓаните, обвини потпретседателката на СДСМ

„Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е сериозно загрозен, власта предлага целосно неефикасни мерки, води погрешни економски политики, а на крајот цехот го плаќаат граѓаните“, вели Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ:ДПМНЕ не прифати ниту еден еден предлог на СДСМ за подобрување на животниот стандард на гаѓаните. Не се прифати ниту предлог Законот на СДСМ за покачување на минималната плата, ниту амандманот за повисоки плати со Буџетот за 2025 година, ниту предлог Законот за укинување на ДДВ за храна.Но затоа, наместо реални мерки за подобар живот за граѓаните, Мицкоски им овозможи на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Од помпезно најавуваната есенска кошничка добивме само раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%.На едно четиричлено семејство му се потребни 62.021 денари за да може да го помине месецот. Не само што растат цените на прехранбените производи, туку и за една третина во однос на лани се зголемени сметките за струја.Дали во математиката на Мицкоски постои формула како со минимална плата од 22.567 денари, дури и двајца членови од семејството да ја земаат, можат да преживеат во месецот?Мицкоски најави и новогодишна кошничка со наводно пониски цени на прехранбените производи, но по истиот модел, откако ја најави, тој им остави време на трговците да ги зголемат цените.Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците.Почитувани,Не смееме да дозволиме работниците да бидат оставени на маргините на општеството. Повеќе од кога било е потребно зголемување на минималната плата. Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку и морална одговорност на секоја влада.Со ова темпо на раст на трошоците за живот, веќе е созреана потребата од 500 евра минимална плата, за да можат граѓаните да имаат пристоен живот и да ги покријат основните месечни потреби за храна и услуги.Ако Владата и Мицкоски навистина се грижат за граѓаните како што кажуваат, тогаш во 2025 година ќе ја зголемат минималната плата на 500 евра, за да се заштити стандардот на работниците и нивните семејства.СДСМ, како одговорна партија нема да отстапи од грижата и посветеноста за обезбедување на посигурен и квалитетен живот на граѓаните и на стопанството. Повторно повикуваме, да се прифатат нашите предлози за повисока минимална плата и за укинување на ДДВ за храна. Ова се решенија кои се во интерес на сите граѓани. Сите ние носиме одговорност да им помогнеме на граѓаните да имаат пристоен живот.Доста е веќе од лаги и лажна грижа, граѓаните заслужуваат и очекуваат Влада која се грижи и работи за нив.

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-1

Скандал, сопруга на градоначалник од ДПМНЕ е избрана за член на Судски совет, обвини СДСМ

„Наместо реформи гледаме бртална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, вели СДСМ и додава:Скандалозен е изборот на Данка Ристова за нов член на судскиот совет, избарана е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов.Ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот. Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега.Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси.ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело.Линк до видео:

Македонија | пред 1 година

market-pari

СДСМ: Цените растат - „кошничките“ на власта се лага која граѓаните ја препознаваат

„Цените на производите во продавниците и понатаму растат, граѓаните живеат сè потешко и потешко, народот станува се посиромашен“, вели Лолита Ристова, членка на Извршниот одбор на СДСМ и додава:Тоа го потврдуваат и официјалните податоци. Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во месец ноември оваа година достигна 4,3% .Оваа бројка не е само статистика, туку покажува колкав е ударот врз џебот на секој наш граѓанин, врз секој семеен буџет.Владата води целосно погрешна економска политика, дека мерките со така наречените „кошнички“ немаат никаков ефект, напротив, цените растат инфлацијата ги јаде платите, а стандардот на граѓаните опаѓа.Споредбено октомври во 2023 година со октомври оваа 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5 проценти, а цените на мало се зголемиле за 3,9 проценти за овој период.Ова е потврда дека „есенската кошничка„ не даде никаков, буквално никаков резултат.На едно четиричлено семејство, му требаат 62.021 денари за да може да го помине месецот.Новогодишната „кошничка“, која ја сега повторно се најавува исто така нема да има никаков ефект затоа што власта им остави време на трговците кои веќе ги зголемија цените.Кошничките се лага и измама, додека Владата го храни народот со лаги цените само растат а платите стојат.Животот во Македонија со власта на ДПМНЕ станува луксуз за обичниот човек.Ова не е грижата што народот ја заслужува.СДСМ уште еднаш бара итно прифаќање на предлозите кои ги даде СДСМ кои докажано функционираат и ќе ги намалат цените вистински и на долг рок. Прво со укинување на ДДВ за храна а потоа и со покачување на платите.Доста е од лаги и манипулации кои граѓаните сами ги препознаваат во маркетите. Секоја лоша политика на Мицкоски удира директно по џебот на граѓаните.Крајно време е Владата нешто да почне да работи за да го заштити стандардот на граѓаните. Во спротивно, оваа зима ќе остане запаметена како периодот кога народот скапо ја платил нивната неспособност.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-1

Став на СДСМ за случајот РЕК, каде осомничен е нивни директор: Никој не смее да е над законот

Став на СДСМ за случајот РЕК ("Адитив"):СДСМ го поддржува секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби на јавните ресурси и потенцијалната корупција. Одговорноста и транспарентноста се темелите врз кои ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Никој не смее да биде над законот.Бараме од институциите брза, транспарентна и темелна истрага која ќе ја утврди вистината.Доколку постои вина, истата треба да се санкционира во согласност со законите.Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и сите релевантни институции да постапуваат професионално и без селективност.СДСМ останува доследен на принципите на транспарентно и одговорно владеење, поттикнување на борбата против корупцијата и градење институции кои работат во интерес на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

MIleTaleskiSDSM

(Видео) Власта одби 100 денари линерана субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите, вели Талески

„Власта на Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите и ги оставија на цедило. Иако ветуваа повисоки откупни цени, тутунот сега се откупува по делеку помали цени.Откупните цени на тутунот оваа година се пониски од ланските. Прва класа се откупува за 375 денари, втора класа за 300 денари, трета класа – 240 денари, и дополнителна класа – 115 денари. Овие цени се многу пониски од лани и не ги покриваат зголемените производствени трошоци на тутунарите“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.„Токму затоа пратеничката група на СДСМ достави законско решение за 100 денари линеарна субвенција за тутунарите за сите класи.Без око да им трепне, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието го одбија ова Законско решение и застанаа протиав тутунарите.Во време на владата на СДСМ, тутунарите добиваа многу повеќе.Благодарение на линеарната субвенција од 100 денари по килограм, без одбитоци, цените лани достигнуваа и над 500 денари за килограм тутун – историски највисоки откупни цени на тутунот.Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги излажаа и ги изневерија тутунарите.Иако кога беа во опозиција, ветуваа дека откупната цена на тутунот по килограм кога ДПМНЕ ќе биде власт ќе биде 600 денари.Ниту има 600 денари откупна цена, ниту пак прифатија предлог да им се даде уште 100 денари по килограм.Оваа година тутунарите имаат помала откупна цена како резултат на погрешните политики на ДПМНЕ.Откупните цени на тутунот паѓаат, повеќе од 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун оваа година ќе имаат помалку пари во семејниот буџет.СДСМ останува на страната на тутунарите и ќе продолжиме и понатаму да се бориме за нив и да се спротивставуваме на погрешните политики на ДПМНЕ“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

1-4

(Видео) Филипче: Најавувам интензивна работа на Националниот совет за реформската агенда

Главна функција на Националниот совет за евроинтеграции е да биде и контрола на Владата за сите европски процеси, но и да нуди конструктивна соработка. Во таа насока, најавувам дека Советот ќе одржува многу чести седници, а неговата работа ќе биде инклузивна, транспарентна и отворена за секој кој има волја и желба ќе може да се приклучи и да даде свој придонес за стратешките прашања.Ова го истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој е претседател на собранискиот Национален совет за евроинтеграции. Филипче денеска имаше свое обраќање на Седмата пленарна Конференција на националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија.„Европската агенда ќе биде приоритет за моето претседавање со Националниот совет за евроинтеграции. Совет е вистинското место за консултации и редовна комуникација на реформската агенда, посебно за обезбедување на демократската контрола на спроведувањето на овие процеси“, потенцира Филипче.Филипче се осврна и на комплексните геополитички случувања во Европската Унија – изборите во Германија, најавата за нови избори во Франција,понатаму војната во Украина, како и изборите во САД и кризата на Блискиот Исток што можат на влијаат на севкупните процеси во ЕУ, но истакна дека и во минатото, во кое исто така постоеле кризи, земјава успеала да се задржи на нејзиниот евроинтегративен пат.„Истовремено, убеден сум дека и други политички фактори гледаат на Западен Балкан како целосно интегриран во Европа во иднина. Планот за раст за Западен Балкан е точно димензиониран со реформската агенда и што точно треба да направат земјите во Западниот Балкан за да ги приближат своите карактеристики со земјите членки на Европската Унија“, смета Филипче.Според претседателот на СДСМ, за поздравување е одлуката за вклучување на Северна Македонија во механизмот на ЕУ за владеење на правото кој ќе обезбеди јасна патека за следење и оценување на постигнатиот напредок во усогласување со стандардите на ЕУ, а сето тоа во насока на исполнување на демократскиот одредници за владеењето на правото неопходни за членството во ЕУ.Во таа насока, СДСМ како најголема опозициска партија ќе ја даде целата поддршка на владината коалиција за спроведување на реформите во правосудниот систем коишто се темелат на препораките на оценската мисија и на реформската агенда.„Јасен е патот како треба да продолжиме напред, да се отвори најсложениот кластер од преговорите. За тоа да се случи потребна е одлука на политичките фактори за да се направат Уставните измени поради тоа што сметам дека сето друго е непотребно трошење на време“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

1-6

Филипче: Несоодветни се измените на Законот за јавни набавки, тоа е чекор назад

Предложените измени на Законот за јавни набавки се несоодветни и се чекор назад бидејќи во кој со нив се елиминира контролата на Бирото за јавни набавки и составот на комисијата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното обраќање како претседател на Националниот совет за европска интеграција на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се држа во Собранието."Зошто да му правиме трик на системот? Ајде да одиме чекор напред во компатибилност со законите во Европската унија. Истовремено апелирам Владата и Министерството за евроинтеграции сериозно да поработат на реформската агенда. Веќе има неколку работи кои што не се на повидок, а се дел од обврските кои што треба да се завршат до декември 2024 година со вкупна сума која што треба да биде поддржана како дел од Планот за раст од 17 милиони евра. Тоа е да се донесе Закон за реформа на јавните финансии, потоа измена на 17 подзаконски акти за Буџетот и негово усогласување со ЕУноменклатура, измени на Закон за трговски друштва за професионализација на Управни и Надзорни одбори на државни претпријатија и пополнување на испразнети места во судство и обвинителство според годишните планови, рече Филипче.Во обраќањето Филипче посочи дека очекува реформската агенда да биде силен приоритет во следниот период, а Националениот Совет да биде поле каде што ќе се спојат експертизите на многу институции и организации во нашата земја, бидејќи само така може да се успее во исполнување на стратешките цели и справување со предизвиците.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања