СДСМ

1-6

Филипче: Несоодветни се измените на Законот за јавни набавки, тоа е чекор назад

Предложените измени на Законот за јавни набавки се несоодветни и се чекор назад бидејќи во кој со нив се елиминира контролата на Бирото за јавни набавки и составот на комисијата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното обраќање како претседател на Националниот совет за европска интеграција на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се држа во Собранието."Зошто да му правиме трик на системот? Ајде да одиме чекор напред во компатибилност со законите во Европската унија. Истовремено апелирам Владата и Министерството за евроинтеграции сериозно да поработат на реформската агенда. Веќе има неколку работи кои што не се на повидок, а се дел од обврските кои што треба да се завршат до декември 2024 година со вкупна сума која што треба да биде поддржана како дел од Планот за раст од 17 милиони евра. Тоа е да се донесе Закон за реформа на јавните финансии, потоа измена на 17 подзаконски акти за Буџетот и негово усогласување со ЕУноменклатура, измени на Закон за трговски друштва за професионализација на Управни и Надзорни одбори на државни претпријатија и пополнување на испразнети места во судство и обвинителство според годишните планови, рече Филипче.Во обраќањето Филипче посочи дека очекува реформската агенда да биде силен приоритет во следниот период, а Националениот Совет да биде поле каде што ќе се спојат експертизите на многу институции и организации во нашата земја, бидејќи само така може да се успее во исполнување на стратешките цели и справување со предизвиците.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Цените на намирниците уриваат рекорди, а Мицкоски не храни со лаги, вели СДСМ

„Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, според Државниот завод за статистика. Оваа бројка не е само статистика, туку директен удар врз секој граѓанин, врз секој семеен буџет. Цените растат, трпезите се празнат пред празниците – дали ова е добрата иднина што ни ја ветуваа?“, вели СДСМ и додава:Секој ден сè потешко се живее, потешко се пазари и граѓаните се се посиромашни. Наместо да работи за граѓаните и нивните интереси, Владата на Мицкоски ги штити трговците. Секој од нас ја плаќа нивната неспособност – дали сме должни да се откажеме од пристоен живот за време на празниците заради нивните тесно партиски интереси и неспособност?Новогодишната „кошничка“, која ја најавуваат, е само уште една манипулација за да го одвлечат вниманието. Исто како „есенската кошничка“, која наместо поевтини производи донесе само разочарување. Владата нè храни со лаги, а цените само растат!Додека цените растат, платите стојат. Животот станува луксуз за обичниот човек. Ова не е грижата што народот ја заслужува.СДСМ уште еднаш повикува на итно преземање на мерки што ќе го олеснат животот на граѓаните. Итно прифаќање на предлозите кои ги даде СДСМ кои докажано функционираат и ќе ги намалат вистински цените. Доста е од лаги и манипулации кои граѓаните сами ги препознаваат во маркетите. Секоја лоша политика на Мицкоски удира директно по џебто на граѓаните.Граѓаните заслужуваат сигурност, стабилност и реални решенија – не празни ветувања и трикови.Време е Владата конечно да работи за граѓаните. Во спротивно, оваа зима ќе остане запаметена како периодот кога народот скапо ја плати туѓата неспособност.

Македонија | пред 1 година

kostadinovski-ustaven-2

СДСМ: Уставен суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува исклучиво согласно уставот

„Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, мора да донесува одлуки кои се правно и конституционално втемелени, транспарентни и во согласност со Уставот на Република Северна Македонија без притисоци и политички влијанија“ вели СДСМ и додава:Остро ја осудуваме политизацијата и манипулациите со чувствителни прашања, кои имаат потенцијал да ја нарушат стабилноста на државата и да го предизвикуваат соживотот.Оваа пракса на поттикнување тензии, како што видовме од некои политички актери, не придонесува за решавање на проблемите, туку напротив, ги продлабочува. Одговорноста за иднината на нашата држава е заедничка, и никој нема право да го злоупотребува Законот за употреба на јазиците за теснопартиски интереси.Затоа сме со став, дека секоја измена во Законот за употреба на јазиците мора да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија. СДСМ, имено, стои на ставот дека сите законски решенија мора да бидат јасни, применливи и во согласност со европските стандарди, но и во духот на мултикултурата во Република Северна Македонија и Охридскиот Рамковен договор.СДСМ ќе продолжи да се залага за мултикултурно, европско и демократско општество, во кое правата на сите граѓани ќе бидат максимално заштитени, а законите ќе се спроведуваат во согласност со највисоките правни и демократски стандарди.Ги повикуваме сите политички партии да бидат конструктивни во овој процес, со цел да се одржи стабилноста и меѓуетничката доверба.

Македонија | пред 1 година

mickoski1

СДСМ: Срамно, oткако Мицкоски си го зголеми платите во Влада, вика нема да се покачуваат, вели СДСМ

„Oткако си ја покачи неговата функционерска плата, заедно со платите на министрите кои после еден месец се пожалија дека не смее да им се намали платата, сега Мицкоски кажува приказни“, вели СДСМ и додава:Нема да се зголемат платите на функционерите откако се зголемија платите на функционерите - вака звучи Мицкоски кој до пред неколку месеци ветуваше нешто друго дека како власт ДПМНЕ ќе ги намали платите на функционерите.Тоа ветување Мицкоски не го исполни.Додека Владата на Мицкоски не прифаќа ниту еден амандман за поголеми плати за работниците, за полицајците, за пожарникарите, одбива да ја зголеми минималната плата, во исто време ги зголемува парите за мебел и нови возила за функционерите.Според Мицкоски сите треба да работат за минимум, но функционерите од власта и министрите да имаат огромни плати, да уживаат во нивните примања и да патуваат со бизнис класи на грбот на граѓаните.Ваков арогантен однос кон граѓаните досега не покажала ниту влада како оваа на Мицкоски и ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

TrencevskaJovana

(Видео) СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ смета дека е исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата со корупцијата, кажа Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.„Сите сомнежи за корупција и злоупотреби на јавни средства мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани. Апел до сите партии да се остават праводусните органи да си ја завршат својата работа.СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество за сите, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата држава“, изјави Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

JovanaTrencevska-2

(Видео) ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ за Буџетот – ова досега се нема случено, кажа Тренчевска

„Власта на ДПМНЕ води политика на инает и не прифаќа ниту еден предлог на опозицијата за подобрување на животот на граѓаните, за поголеми плати, за почист воздух, за проекти низ општините“, рече Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.„Ниту еден амандман на СДСМ во собраниската комисија ДПМНЕ не прифати, што досега се нема никогаш случено во историјата на македонското Собрание.-Одбиени се амандманите за поголема плата за работниците,-Одбиен се амандманите за покачување на платите на полицајците за 20%,-Одбиен е амандманот за зголемување на платите на пожарникарите,-Одбиен е амандманот за поголеми платите во образованието.Се што е предлог за покачување на плати го одбива. Мнозинството враќа моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила.Според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци.Сето ова се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите. Работниците, полицајци, наставниците, пожарникарите, заслужуваат почит, достоинство и фер плати.Од друга страна додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите.За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра. За службени возила и луксуз за дури 75% од парите се зголемени. Тоа се приоритетите на новата власт.Во исто време, владејачкото мнозинство ги одбива и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на автобуси, за реконстукции на улици. Буквлано се одбива секој предлог на опозиција за пректи кои се важни за граѓаните.Само неколку примери:Одбиен е амандманот за пречистителна станица во Валандово и колекторскиот систем во Дојран, одбиени се амандманите за набавка на еколошки автобуси, за улицата Ленинова, за намалување на загадувањето, за локални патишта до Демир Хисар, за клучката кај Брвеница....Пред нас е пленарната седница и апелираме власта да се вразуми, да го прекине овој политички инает и да ги прифати амандманите кои се во интерес на сите наши граѓани.Пратениците на ДПМНЕ треба партиските директиви да ги заменат со ставање на интерсот на граѓаните на прво место, да покажат интегритет и да делувата за граѓаните а не за партијата“, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

fani-karanfilova

Каранфилова Пановска: СДСМ заборави на „нема правда, нема мир“ – таа лекција сега е научена

СДСМ успеа да го победи режимот на Груевски кога успеа да направи широка граѓанска платформа кон која се приклучија огромен број на неопределени гласачи, граѓански активисти, млади независни луѓе чиишто ставови и идеи беа прифатени, но СДСМ заборави на некои клучни ветувања како она носечкото „нема правда, нема мир“, рече заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска во интервју за неделникот Фокус.-СДСМ заборави на некои клучни ветувања како она носечкото „нема правда, нема мир“ од Шарената револуција, на бранот на чиишто надежи и очекувања дојде на власт. СДСМ секогаш победува само кога на принципиелни, вредносни основи ќе успее да го мобилизира поширокото граѓанско движење кое ги надминува партиските граници. При тоа, СДСМ ја нема таа привилегија да очекува и да се надева дека граѓаните ќе ѝ прогледуваат низ прсти. Од овие принципи не смее да има отстапување ниту од позиција на опозиција, најмалку од позиција на власт, тоа сега е научена лекција, рече Каранфилова Пановска.Во интервјуто, Каранфилова Пановска посочува ги најавува политиките на новото раководство на партијата за повторно враќање на довербата кај граѓаните.-СДСМ пред се мора да ги консолидира своите партиски структури и редови кое се срцето на секоја партија, но мора да се отвара и гради стратегии како да ја придобие довербата на пошироката јавност која слободно и независно гласа од насоките на политичките партии.Како ново раководоство на СДСМ, мора да имаме секогаш на ум, дека нашите членови и граѓаните мора пред сѐ внимателно да ги слушаме, така што ќе ги разбереме нивните приоритети, идеи и проблеми. Само така ќе можеме соодветно да ги креираме политиките на партијата и согласно нив и понатаму да постапуваме со максимална доследност, вели Каранфилова Пановска.При тоа, Каранфилова Пановска додаде дека новото раководство на СДСМ ќе ги врати автентичните партнери со искрени политики, групите кои ја поддржуваат партијата и дека нема да се толерира застранување од вредностите на солидарност, грижа за сите, особено за најранливите, реторика на омраза и поделби во партиските редови.-Ценам дека како тим и заедно со сите другите новоизбрани колеги во раководството на партијата, со многу работа, со многу посветеност и многу доследност во политиките ќе направиме пред сѐ разлика и промена, која граѓаните и членовите на СДСМ силно ја бараат. Верувам дека ќе го вратиме СДСМ на вистинскиот колосек, а сето тоа на крајот ќе ги даде посакуваните резултати, порача заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

пред 1 година

filipce-sobranie3

Филипче: Делото на Св.Климент Охридски е аманет и патоказ кон прогрес и заедништво

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, упати честитика до граѓаните по повод денешниот голем државен празник Свети Климент Охридски, кој истовремено е и патронен празник на бројни државни институции и установи во државава, меѓу кои и НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје и Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.„Честит и вековит нека е денешниот празник посветен на Свети Климент Охридски, патрон на македонската култура и меѓу најзначајните личности за македонската писменост.Просветителското дело на Свети Климент Охридски на македонско тло, вербата и истрајноста со коишто тој ја ширел словенската писменост, се наш аманет и патоказ дека сè е можно и дека за сè постои начин, ако се умее и ако се сака. Огромно е значењето на Климент Охридски во создавањето на првото словенско писмо. Во времиња на прогонства и осуди, успева да го основа и првиот своевиден балкански и европски универзитет, Охридската книжевна школа, речиси два века пред првите официјални универзитети во Европа.Токму поради мисијата со којашто духовно и културно ги обединува народите во Европа, завзема посебно место и во европскиот цивилизациски развој.Да се има ваква личност во македонската историја е чест и обврска. Ние ја продолживме светиклиментовата мисија и денес македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН. Но, секое време има потреба од идејност и решителност и правецот за сите се прогресот и заедништвото“, стои во честитиката на Филипче.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче,по повод денешиот празник упати честитка и до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, чиј патрон е Свети Климент Охридски, како прв словенски епископ на просторите на Југоисточна Европа.

Македонија | пред 1 година

filipce-414213

На неспособното ДПМНЕ кое излажа се што вети му преостанаа само лаги и манипулации за Филипче, вели СДСМ

„Во изминатите шест месеци, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека освен празни зборови и измислени напади, нема што друго да понуди на граѓаните“ вели СДСМ и додава:Очигледна е нивната паника од целосно новото раководство на СДСМ, кое со Венко Филипче донесе нова енергија и јасна визија за напредок.За ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот проблем е тоа што во СДСМ има реална промена – нешто што тие очајно се обидуваат да го негираат. Со секојдневни лаги и обвинувања без докази, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го дефокусира народот од сопствената неспособност. Но, граѓаните јасно гледаат дека оваа партија за шест месеци не испорача ништо.Единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ испорача е разочарување. На граѓаните им е јасно – кога нема резултати, ВМРО-ДПМНЕ прибегнува кон лаги и манипулации. Време е да почнат да работат за граѓаните, а не да се занимаваат со измислени напади врз СДСМ.Граѓаните заслужуваат одговорна власт, а не неспособна која се плаши од промени.

Македонија | пред 1 година

fani-sdsm

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во слепа улица

Оваа Влада го изгуби компасот за само шест месеци и ја води државата во слепа улица, она од што лично најмногу стравував се потврди, ВМРО-ДПМНЕ изговори еден куп невистини за време на кампањата и ништо од ветеното нема да може реално да испорача, порача заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска во интервју за неделникот Фокус.-Добивме нарушена безбедност, внатрешни конфликти, економско назадување, брутална партизација на најважните институции во безбедноста, диретктен упад во судството, блокирана европска перспектива и враќање на меѓуетничките односи 20 години наназад.Владата води дестабилизирачка политика која е анти национална по природа која сериозно загрозува сѐ што сме изградиле како дражва и општество.ВМРО-ДПМНЕ очигледно не е отрезнета од изборната победа и забоарава дека има држава за водење. Заборава дека целата одговорност за стабилноста, безбедноста, здравјето, мирот, напредокот е сега кај нив, рече Фани Каранфилова Пановска.Во интервјуто Каранфилова Пановска, посочи дека суштината на преземањето на власта е преземање на одговорност, но ВМРО ДПМНЕ постојано бега и ја префрла одговорноста.„За излегување на состојбата од контрола на прослава на албанско знаме - СДСМ виновен, за неспособноста да се откочи ЕУ интеграција - ЕУ виновна, СДСМ виновен. За слабата економска реализација на проектите и слаба економија – лоша состојба наследиле, итн. Зошто воопшто бараа да бидат на власт тогаш, ако немаат решение на ниеден проблем? Оваа политика е опасна затоа што ваквите политичари секогаш кога ќе се соочат со криза, нема да ја решаваат таа криза туку ќе креираат нова внатрешна криза само да ги покрај своите несупеси“, рече заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ мора силно да се спротивстави на окупација на безбедносниот сектор, вели потпретседателката на СДСМ

Денеска гледаме обиди за нешто многу опасно – партизирање на безбедносните служби од страна на власта и враќање на режимските практики, со силен удар врз професионалците и загрозување на демократските вредности. СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на средба со членовите од општина Центар.-Безбедносниот сектор со сите негови структури мора мора да биде столб на независноста и заштитата на граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со своите постапки и најави јасно покажува дека наместо да ја зајакне безбедноста на државата, се обидува да воспостави контрола врз овие клучни институции. Наместо реформи, сведоци сме на притисоци, замени на стручни лица со партиски лојалисти и отворени тенденции за политичка манипулација со безбедносните структури. Ова не е патот кон силна и безбедна држава. Ова е пат кон режим каде што безбедносните служби служат за заштита на интересите на еден политички врв, а не на граѓаните. Токму ваков пристап видовме во минатото, и токму ваков пристап ја доведе државата во сериозна криза. СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор, рече Чупеска.Граѓаните заслужуваат служби кои ќе работат за нивна заштита, а не за партиските амбиции на ВМРО-ДПМНЕ, додаде потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска вечерва во Центар.

Македонија | пред 1 година

1-3-1

Чупевска: ВМРО-ДПМНЕ го окупира безбедносниот систем и прави упад во судскиот

Ништо што беше ветено во кампањата од ВМРО-ДПМНЕ не е испорачано, а гледаме повторно враќање на старите режимски политики, истакна новата потпртседателка на СДСМ Ана Чупевска, во интервју за телевизија „Клан“.Чупевска како многу опасна ја оцени оворената тенденција да се окупира, на пример прво безбедносниот систем преку флагрантни повреди, дури и на законот при назначување на пример на шефот на АНБ, второ советот којшто е одговорен за службите исто така е профилиран по принцип на сериозен партиски учинок, наместо да се конципира како независно тело, а во врска со идејата за спојување на службите не смее да се заборави што значеше конгрегацијата и масивноста на службите, па тие беа така злоупотребени да 26.000 граѓани беа масовно прислушувани, за што имаше многу сериозна политичка, економска и конечно и безбедносна криза.Прво имаме регионални проблеми, потоа нашето општество спаѓа во ранливите општества од аспект на безбедост проади длабоките разлики е длабоко поделено општество и во нашата ситуација, тој модел што се предлага е неадекватен, од една страна, од друга страна начинот на кој тоа се профилира е многу проблематичен, дури и противзаконски. Се чудам зошто уште ни ДКСК ни ЈО ништо не кажуваат по тој повод, а само излегуваат скандали, рече Чупевска.Таа нагласи дека тоа е многу важна работа, безбедносниот столб на државата спаѓа во т.н. тврд суверенитет, првата и најглавната линија на одбрана на една држава.Ако таа е компромитирана значи немаме држава, можеме да влеземе во многу сериозна криза доколку немаме адекватни, салам, кадри таму. Тоа не е играчка, а поготво во контекст кога сме членка на НАТО и во регионален контекст каде што гледаме секојднвено какви предизвици има на релација на Косово и Србија, може да кажеме и Црна Гора, нагласи Чупевска, додавајќи дека втората тенденција или линија да се воспостави режим е фактот наместо да го реформира судството, оваа влада тргна да прави упад во судството.Без да го почитува уставниот принцип за подлеба на власта, отворено се меша во правосудните работи, таргетира, сатанизира обвинители. Не сакам да повторувам како премиерот се однесуваше кон обвинителките навредувајќи ги како жени и тоа заврши со оставка со оставка на Дамева, што воопшто не е наивна работа, рече Чупевска.Потпретседателката Чупевска нагласи дека веќе има удар во безбедносниот сектор, има удар на судскиот систем и има удар на меѓуетничка основа.Па чекајте малце, што значи тоа, каде одиме ние, нели беше стабилност, нели иднина светла, нели горди ќе бевме. На овој начин ли се прави гордоста? Не разбирам, мислам никој не разбира што прават. Значи мора да се свестат дека не може да делуваат субверзивно и противуставно иако можеби тоа е некоја тенденција што си ја влечат. Едноставно не знаат да функционираат во нормална демократска состојба, истакна потпртседателката на СДСМ Ана Чупевска, во интервју за телевизија „Клан“.

Македонија | пред 1 година

fani-k

Каранфилова – Пановска: Новиот СДСМ е свесен за потфрлањето со прифаќањето на измените на Кривичниот законик

Апсолутно СДСМ е на страната на борбата за правда, ова ново раководство на СДСМ е свесно целосно за потфрлањето на поранешната Влада со прифаќање на измените на Кривичниот законик и во тој контекст бараме час поскоро да се отвори јавна дебата за новите измени со кои ќе се обезбеди правичност и правда за секој што го прекршил законот, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во интревју за Телевизија 24 во емисијата 24 анализа.-Ова ново СДСМ, ново раководство е апсолутно свесно за сериозното потфрлање на претходната влада со прифаќањето на измените на Кривичниот законик. Во неколку наврати повикуваме дека сакаме да го видиме текстот на новиот Кривичен законик, којшто е во изработка подолго време и се работи со поддршка на нашите стратешки партнери и домашни експерти. Во тој контекст сметаме дека треба час поскоро, новиот текст на Кривичниот законик да го види светлото на денот во Собранието. Да се отвори широка јавна расправа, она што недостасуваше минатиот пат и да дојдеме до решенија со коишто во Кривичниот законик ќе се превенираат, односно санкционираат било какви прекршувања и злупотреби на јавните средства и функции. За тоа да бидат подеднакво одговори сите оние коишто е огрешиле пред законот независно дали се власт или опозиција, рече заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Политиките на владата на Мицкоски со договарање цени за т.н. „новогодишна кошничка“ нема да имаат посакуван ефект, вели СДСМ

„Политиките на владата на Мицкоски со договарање цени за т.н. „новогодишна кошничка“ нема да имаат посакуван ефект и нема реално да ги намалат високите цени“, велат од СДСМ.„На дел од производите кои се објавија во оваа кошничка во изминатите донови цените им се зголемија, особено на млечните производи. Таков простор за покачување на цените имаат трговците и наредните денови до 15 декември. Така да ако потоа се намалат на истото ниво тоа не значи повеќе пари за граѓаните, туку класична манипулација а ефектот за џебот на народот е нула.„Понатаму, на граѓаните им се потребни мерки за трајно намалување на трошоците а не само на краток период.Дополнитено, мерката има системски пропуст, власта нема механизам ниту за контрола ниту за казнување доколку не се почитува договореното.Уште една мерка со ефект од 0,1% како претходна не е никакво решение во услови кога цените растат и понатаму, вредноста на месечните трошоци на граѓаните се зголемуваат.На граѓаните им се потребни издржани и добро осмислени мерки кои ќе имаат вистински резултат и ќе доведат до реално намалување на цените.Вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените на производите е решението на СДСМ за укинување на ДДВ на храната.Со укинување на ДДВ на храната најмногу добиваат граѓаните, веднаш и реално ќе се намалат цените на 250 производи.Трговците целосно ќе ја почитуваат мерката а граѓаните реално ќе заштедат над 2.000 денари месечно.Укинувањето на ДДВ на храната е мерка на долг рок, ќе трае и ефектите граѓаните ќе ги чувствуваат цела година што им е реално потребно“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-novo-rakovodsvo

Наместо неефикасни мерки со кошнички, ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати докажаните мерки на СДСМ за цените, вели СДСМ

„Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, предлог што го достави СДСМ“, вели СДСМ и додава:Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до 2.000 денари месечно.Мерките на Владата, како што е замрзнувањето на маржите кои беа дел од т.н. есенска кошничка, се покажаа како неефикасни и немаа никакво влијание врз намалување на цените.Доказ за тоа се цените во маркетите каде што се гледа дека нема никакво намалување, но и официјалните податоци на Државниот завод за статистика, кои покажaa дека цените на мало во октомври кога се спроведуваше мерката се намалиле за само 0,1%.Трошоците за живот продолжуваат да растат, синдикалната кошничка во ноември оваа година е зголемена за нови 772 денари во споредба со октомври. Граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај а власта на Мицкоски и ДПМНЕ со погрешните економски мерки и политики не им помага туку им одмага.Наместо нови мерки кои нема да дадат резултат владата треба да го прифати нашиот предлог за укинување на ДДВ на храната – мерка која директно ќе помогне во намалување на трошоците за живот и ќе даде вистинска поддршка на животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања