СДСМ

dui-

ВЛЕН: И СДСМ почна да бега од ДУИ – каде што допира ДУИ, ни трева не никнува

„СДСМ конечно ја прифати она што граѓаните одамна го знаат, Унијата за девалвација на институциите (ДУИ) е тежок товар за секое партнерство и машина која произведува само кризи и корупција. По години сервилност и обиди да ја заштити оваа трула партија, СДСМ сега прави задоцнет чекор кон оградување од ДУИ, јавно извинувајќи се за неуспесите“, соопштуваат од ВЛЕН.„ДУИ не е само изолирана од граѓаните и гласачите, туку и од нејзините доскорешни партнери. Оваа партија, која 22 години ги нарушува сите норми на доверба создавајќи систем во кој доминираат криминалот и корупцијата, повеќе нема место во политиката. Не може да има соработка со партија која ја уништи секоја институција до која имаше пристап, оставајќи ја државата заглавена во ќорсокак, а граѓаните разочарани. ДУИ докажа дека каде што ќе допре, ни трева не никнува!ДУИ, која две децении ги разочаруваше граѓаните и изгради систем на корупција и злоупотреби, денес остана само со еден партнер во криминалот: Никола Груевски. Со нивните оркестрирани обиди за дестабилизација за време на ноемвриските празници, оваа исцрпена клика уште еднаш покажа дека е подготвена да го жртвува стабилноста и интересот на граѓаните само за да ги заштити сопствените гревови.Времето на ДУИ заврши! Време е оваа разбиена и изолирана клика, која го држеше развојот во заложништво и предизвика стагнација, конечно да биде минато. Ние, како коалиција ВЛЕН, сме посветени на праведна иднина и политика која е во служба на граѓаните, а не на тесните интереси на политичките клики“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-2

СДСМ нема да ги поддржи интерпелациите од ДУИ за Меџити, Тошкоски, Исени и Стоиљковиќ

СДСМ денеска на првата седница на новиот состав на Извршниот одбор донесе одлука да не ги поддржат интерпелациите поднесени од страна на ДУИ за Тошковски, Меџити, Исени и Стоиљковиќ.„Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации. Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент и може да значат нови поделби по етничка основа.Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби”, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Талески: Се остварува сомнежот дека на ДПМНЕ и одговараат тензиите за да ги избегнат клучните теми за кои ги лажеа граѓаните

СДСМ ги осудува настаните кои се случија на денот на албанското знаме, но она што го одбележа овој настан е жалниот привид што го видовме од премиерот Христијан Мицковски и министерот Панче Тошковски додека ја избегнуваа одговорноста. Гледавме како бараат начин да ги обвинат сите, но очигледно е дека им одговараат тензиите заради политички бенефит. Сè поголем е сомнежот дека на власта и одговара ова, затоа што се прави дефокус од вистинските проблеми на граѓаните и од клучните теми за кои ги лажеа граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на гостувањето на емисијата „Анализа“ на ТВ24.-Лажеа, пред сè Мицковски, дека ќе го вратат старото име на државата, за сега да бидат најголемите северџани. Цела кампања зборуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор, па сега ништо не гледаме од тоа. Велеа дека ќе ја сменат преговарачката рамка, за сега да го слушаме премиерот како вели дека никогаш не рекол дека ќе ја менува. Е, тоа е лицемерието на ДПМНЕ. Тоа се лагите кои сега сакаат да ги прекријат со дефокус. Нека кажат: лажевме сè што ветивме пред изборите, истакна Талевски.Вакви меѓуетнички тензии се случуваат само кога е ДПМНЕ е на власт. СДСМ 7 години беше на власт и немавме ниту една меѓуетничка тензијата. Затоа и побаравме како партија, а и претседателот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека треба да има лидерска средба од која сите ќе излеземе со заеднички став пред граѓаните и ќе се повика на стабилност, додаде Талески.Во дебатната емисија тој се осврна и на реформите во судство и правосудството кои на голема врата ги најавуваа Мицковски и ДПМНЕ, но она што сега го гледаме се сведува на партизација и закани кон судии и обвинители наместо реформи.- Ова е алармантно и го потенциравме како партија дека не смее да има политизацијата во клучните сектори на општественото живеење. АНБ е класичен пример за тоа како се врши директна партизација на највисоката безбедносна институција во државата. Но, и она што се случуваше порано, со преслушувањето на 20 илјади граѓани, и за кое после потрошивме цели 4 години, советот за следење комуникации да профункционира, за сега, да гледаме од ВМРО-ДПМНЕ како предложи состев за следење на комунакциите кој е класично партиски, рече Талевски.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

СДСМ: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат лидерска, Социјалдемократскиот сојуз е фактор на стабилност на меѓуетничките односи

„Изненадени сме од ставот на ДУИ дека Филипче и СДСМ шират албанофобија кога единствената партија која повикува на единство и стабилизација на меѓуетничките односи е токму СДСМ и претседателот Филипче“, велат од СДСМ.„СДСМ е фактор на стабилност во Македонија од нејзиното осамостојување и гарант на стабилните меѓуетнички односи. Сите историски немили настани на тој план биле надминати заради државничкото политичко однесување на СДСМ.Очекувавме дека ДУИ први ќе ја прифатат лидерската средба за стабилност која ја понуди претседателот Филипче. За жал, тоа не се случи и ДУИ пропушти можност исто како и ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека вистински се залага за мирот и стабилноста во државата. СДСМ продолжува да делува конструктивно на ова поле и да биде заштитник и промотор на правата на сите граѓани на Македонија, без разлика од која етничка заедница потекнуваат. Сржта на новата платформа на СДСМ е еднаквоста, правдата и меѓусебното почитување и ниеден напад на овој темел на социјалдемократијата нема да вроди со плод.Ја користиме оваа прилика уште да ги повикаме ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и сите останати парламентарни партии да го прифатат повикот за лидерска средба од каде заеднички ќе испратиме порака за стабилност. Доколку ова не го прифатат, со жалење ќе мора да констатираме дека некоја од овие партии има интерес од постајно подгревање на тензиите што е многу опасно за државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kristina-kostova

Костова: СДСМ цврсто против зголемување на старосната граница за пензионирање, популизмот на ДПМНЕ нема да го плаќаат работниците

Заговарањето за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е уште еден во низата удари кои во изминативе шест месеци беа нанесени на грбот на работниците. За СДСМ, идејата за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.-Овие најави совршено се надоврзуваат на основните принципи на функционирање на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски: експлоатирањето на трудот на работниците без никакво најави за зголемување плати, накалемувањето нови долгови и камати за унгарскиот заем, кои граѓаните се приморани да ги плаќаат од свој џеб, давањето приоритет на интересите само на неколкутемина големци блиски со ДПМНЕ, сега се надополнети и со најавата за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 67 години, вели Костова.Потпретседателката на СДСМ го потенцира фактот што барањето од Фискалниот Совет го образложуваат поради воведувањето линеарно зголемување на пензиите.-Тоа значи дека повторно за лошиот популизам на ДПМНЕ е предвидено да платат граѓаните, овој пат со зголемување на прагот за пензионирање. Политичките одлуки на ДПМНЕ имаат висока цена, за која која се заговара да ја платат граѓаните. Тие ќе мора да работат подолго за да се финансираат зголемените трошоци за пензии, наведува таа.Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата.-Но, кога размислувам за зголемувањето на прагот за пензионирање, најмногу мислам колку тоа би било нефер кон генерациите кои наскоро треба да се пензионираат. Мислам на мајка ми, која за неколку месеци треба конечно да се пензионира, а после повеќе од 40 години стаж во штипските текстилни фабрики, со незнаени прекувремени неплатени, со ниски плати, во нестабилни времиња. Како, впрочем, и сите нејзини колешки, и сите луѓе од тие генерации, кои сиот свој работен век го поминаа работејќи во тешки услови, жртвувајќи се за подобро утре. Овие луѓе се и повеќе од изработени. После толку децении макотрпна работа, заслужуваат да имаат мирна старост со достоинствени пензии. Тој мир не смее никој да им го одложи или скрати, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Македонија | пред 1 година

sdsm-novo-rakovodsvo

СДСМ излегува на терен за да се обедини

Процесот на возобновување на СДСМ интензивно тече, се избра ново раководство, во тек е избор на локални раководства и тој процес ќе финишира до крајот на годината, а новото раководство на терен и посветено ќе работи за тоа, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска во интервју за емисијата „Клил плус“ на ТВ21.-Во моментов во СДСМ по Конгресот на којшто беше избран новиот Централен одбор, бев избрана јас како заменик претседателка, новиот генерален секретар, четири потпртседатели, членовите на Извршниот одбор, претстои процес во којшто треба да бидат избрани раководставата на Општинските организации низ целата држава, вклучително сите нивни органи, значи претседателите, нивните ИО, комисии итн. Тој процес треба да финишира до крајот на оваа година, тогаш ќе можеме да кажеме дека и на централно ниво и на локално ниво партијата е комплетно консолидирана, и процесот на целосно возобновување на партијата е завршен, нагласи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска.СДСМ започнува интензивни теренски активности, со посети на сите општински организации, најави Каранфиловска.-Ќе бидеме присутни на терен, ќе ги слушнеме сите наши членови во наредните неколку месеци, рече таа .Во врска со нејзиниот избор на функцијата заменик претседателка на СДСМ Каранфилова Пановска, истакна дека процесите, работите, со коишто се занимава граѓанското општество се слични на она со што се занимаваат политичките партии, кои се исто така една форма на граѓанско здружување и работат за интересот на граѓаните.-Сметав имам обврска пред самата себе, пред граѓаните и државата на се ангажирам и да бидам дел од процесите ако сакам нешто да се промени. Секогаш е полесно да стоите настрана и да коментирате отколку да ја преземете одговорноста и да се обидете да направите нешто, нагласи Каранфилова Пановска, додавајќи дека со нејзиниот избор можеби дури и граѓанското општество, граѓанските организации, граѓаните генерално ќе почувствуваат дека во партијата имаат некаков поголем сојузник и партнер за прашањата за коишто на вредносна и на принципиелна основа се согласуваат.-Мојата главна амбиција и зошто се нафаќам на оваа работа е затоа што сметам дека СДСМ треба да се возобнови и да прерасне во една вистински граѓанска опција и знаењето и искуството, вклучително и мрежите што ги носам и дома и надвор од границите на државата, мислам дека можат да бидат една голема предност во оваа ситуација, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, за емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Македонија | пред 1 година

fani-sdsm

Каранфилова Пановска: Меѓуетничките тензии се опасни, одбивањето на лидерска средба од Мицкоски е неодоговрно

Играњето на каратата на меѓуетничките тензии за да се креира криза сакајќи да ги избегнете или да дефокусирате од она што се во моментот актуелни проблеми или за кои што можеби немате одговор е многу опасна работа. Тоа е играње со оган и во тој контекст сакам да кажам дека СДСМ бара сериозен дијалог и заедништво, низ којшто процес сите актери без исклучок ќе излезат и ќе кажат, ние сме за мир и стабилност. Одбивањето на Мицкоски да прифати лидерка средба е неодоговрно кон државата и кон ситуацијата, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во интервју за „Клик плус“, на Телевизија 21.Каранфилова Пановска нагласи дека случувањата во изминатите неколку денови, со изблици на насилство, дивеење и сквернавење на нашето државно знаме, практично значи пдгревање на етнички тензии и воопшто не треба да се третираат на еден банален начин и со една површност, туку бараат сериозна анагажираност од сите политички актери.-Повикот на лидерот Филипче за средба на лидерите на политичките партии беше во насока на тоа дека ситуацијата е серизона и дека може да ескалира. Се уште сметаме дека е многу важно, сите лидери на политичките партии да седнат на маса и да видат со што реално се соочуваме, кои се ризиците, да повикаме да се смират страстите. Важно е лидерите на сите политички партии да излезат пред граѓаните и да ги уверат дека треба да бидат спокојни и дека треба да живееме безбедно, истакна Каранфилова Пановска.Заменик претседателката на СДСМ Каранфилова Пановска нагласи дека суштината треба да биде поважна од формата за одржување на лидерска средба.Каранфилова Пановска најави дека денеска ќе биде соопштен ставот на СДСМ во врска со поднесената интерпелација на Министерот за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

Pretsedatel-filipce-komisijam2

СДСМ: Шокантно е што Митева и Владата сметаат дека безбедноста и мирот во државата не заслужуваат лидерска средба

„Шокантно е што Владата и Митева излегуваат со став дека прашањата за безбедноста, мирот и иднината на нашата држава не се доволно важни за лидерска средба, особено во услови кога секојдневно има нови вооружени инциденти на улиците и растечки тензии со подгревање на меѓуетничките односи“, вели СДСМ и додава:Вчера повторно се пукаше во Чаир, има и повредени, пред само еден ден запалени беа возила и дуќан во Куманово а претохдно се пукаше среде Скопје. Над 25 инциденти со огнено оружје се случија во изминатите неколку месеци.Од друга страна се случија сериозни инциденти со палења на македонското државно знаме, деца во униформи во училишта, повици за реваншизам и дополнителни тензии. Сериозно се подгреваат страстите кои влијаат на влошување на меѓуетничките односи, а кои се темел на стабилноста на земјата.Затоа неопходно е сите релевантни политички чинители да преземат одговорност за смирување на растечките тензии и обезбедување стабилност.Дали Владата смета дека е нормално премиерот да не гледа потреба за лидерска средба во ваква сериозна состојба?Потребен е итен политички дијалог за да се надмине тековната криза, да се смири наелектризираната атмосфера и да се испрати јасна порака до јавноста за смирување и стабилност.Одбивањето на иницијативата за лидерска средба го засилува сомнежот за политичка калкулација и испраќа опасна порака – дека некои политички фактори во власта имаат интерес од продолжување на тензиите.

Македонија | пред 1 година

filipce34

Тешко дека лидерите ќе седнат на маса, иако Филипче инсистира

Како Влада не ја гледаме објективноста на барањето за лидерска средба испратено преку медиумите. Сепак, нека го испратат барањето како што треба па ќе размислиме и ќе одлучиме, порача денеска портпаролката на Владата Марија Митева.Оваа Влада не работи за желбите на политичарите, туку исклучиво за интересите на граѓаните. Сосема е чудно зошто ова барање за лидерска средба доаѓа преку медиумите, се надеваме дека знаат како се испраќаат официјални барања за лидерска средба. Нека ги испратат, па ќе размислиме и ќе одлучиме, рече Митева во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Македонија | пред 1 година

filipce-sobranie3

Филипче: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ се враќа – судството, како може Зајкова да поддржи?

Филипче: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ се враќа – судството, безбедноста, институциите под партиска контролаПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „360 степени“ ја критикуваше растечката партизација која, според него, ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ преку своето влијание во институциите. Тој предупреди дека се случува процес кој е поопасен и побрутален од времето на режимот на Никола Груевски, со што се загрозува демократскиот поредок на земјата.Тој посочи дека промените во законите се искористуваат за партиски цели, при што се спојуваат комисии и се менува нивниот состав за да се обезбеди целосна контрола од страна на власта.„Се менуваат закони за да се спојат комисии. Второстепените комисии се сега споени – тоа е комисија којашто ја бира Собранието и чиишто членовите порано имаа мандат, а ВМРО-ДПМНЕ не знаеше како освен да смени закон и тие да се укинат и да се формира ново тело“, додаде тој.Филипче го истакна и примерот со АНБ, каде, како што рече, именувањето на новиот директор Бојан Христовски е контроверзно и можеби дури и незаконско.„Брутална партизација се случува во структурите на безбедноста. Се бркаат луѓе од работа, се поставуваат партиски луѓе на клучни институции. Во АНБ видете што се случува – излезе некоја информација дека дури и факултетската диплома на новоназначениот директор Христовски не е соодветна, значи можно е тој да не ги исполнува условите да биде на таа позиција“, истакна претседателот на СДСМ.Дополнително, тој го критикуваше и составот на граѓанската комисија за надзор на следењето на комуникациите, опишувајќи ја како уште еден пример на партиска контрола.„Невладината, граѓанска комисија за граѓански надзор на следење на комуникациите во Собранието сега како предлог ја сочинуваат луѓе со партиски книшки на ВМРО-ДПМНЕ. Замислете до кој степен оди таа партизација“, предупреди Филипче.На крајот, тој го упати својот критички осврт кон премиерот и неговото однесување, кое го оцени како несоодветно и заканувачко.„Гледајте каков е ставот на премиерот кон судството. Единствен премиер во демократска држава којшто се заканува и мавта со лисици од собраниска говорница е Христијан Мицкоски. Тоа го нема во ниту една развиена земја“, рече Филипче.СДСМ апелира дека оваа ситуација е сериозен удар врз демократијата во Македонија и предупредува на ризикот од враќање кон режимски практики. На прашањето како го коментира фактот што лидерката на ЛДП, Моника Зајкова рекла дека ќе ги поддржи новите членови на АВМУ, Филипче ги повика сите прогресивни сили, вклучувајќи ја и пратеничката Зајкова, да не поддржуваат вакви процеси кои ја уништуваат независноста на институциите.„Како Моника Зајкова може да поддржи ваква една брутална партизација? Во којашто членовите на АВМУ ќе бидат блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нема никаква логика, освен ако не станува збор за некој личен или тесно партиски интерес“, заклучи претседателот на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce-51234

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политички интерес од тензиите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на итен политички дијалог за да се надмине тековната криза и да се спречи нејзина ескалација.„Повторно ќе кажам, не гледам причина зошто некој не би учествувал на таква лидерска средба. Сериозна е ситуацијата, а се остава сомнеж дека некој има интерес од вакво влошување. Ако некој ја одбие таа средба, ќе сметам дека апсолутно има причина да се надева дека тензиите можат да донесат некаков политички бенефит“, истакна претседателот на СДСМ.Филипче објасни дека во вакви критични моменти лидерите на најголемите политички партии мора да покажат зрелост и да ја стават добросостојбата на граѓаните и на државата пред сите други интереси. Тој ја истакна важноста на лидерската средба како единствено решение кое може да ја смири наелектризираната атмосфера и да испрати јасна порака до јавноста.„Само од еден таков медиум, како лидерска средба, граѓаните може да сфатат и разберат и вистински да ја примат пораката дека навистина ситуацијата треба да се смири. Инаку, ризикуваме таа сериозно да ескалира“, истакна претседателот на СДСМ.Филипче го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и другите политички лидери да ја поддржат оваа иницијатива, подвлекувајќи дека одбивањето на учеството само ќе го засили сомнежот за политичка калкулација.За СДСМ, стабилноста и мирот се највисок приоритет, потенцира Филипче и повика на заедничка одговорност за зачувување на соживотот и иднината на земјата. Секое одбивање на оваа иницијатива би било чин на неодговорност и индиректна потврда на интерес од продолжување на кризата, смета претседателот на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

mende-ilievski

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

„Нашето општество се соочува со исклучително тензични моменти кои бараат од сите нас политичктеи партии, институциите и лидерите – да покажеме максимална одговорност и зрелост. Настаните од изминатите денови ги вознемирија граѓаните, ги ставија на тест нашите меѓусебни односи и удрија по темелите на соживотот кој толку внимателно го градиме од осамостојувањето“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна.Цврсто веруваме дека дијалогот, разбирањето и заедничката акција се единствениот пат напред. Лидерската средба е можност да ги обединиме сите политички субјекти околу една јасна и едноставна порака: Македонија останува стабилна и посветена на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.Ова е време кога политиката треба да го покаже своето најдобро лице – лице кое обединува, кое создава доверба и кое промовира единство. Граѓаните од нас, политичарите, очекуваат да бидеме пример за смиреност, мудрост и посветеност кон заедничкото добро. Да го направиме токму тоа.На оваа средба, сите заедно треба да испратиме порака дека Македонија е и ќе остане држава на сите нејзини граѓани. Држава која ги почитува различностите и која ги штити државните симболи, редот и мирот. Држава која не дозволува поделби, конфликти и провокации.Истовремено, ова е можност да покажеме дека сме обединети во заложбата за стабилност и безбедност. Нашите граѓани треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици. Само така ќе ја зацврстиме довербата на граѓаните и ќе испратиме порака дека сме способни да ги зачуваме мирот и стабилноста.Сите сме свесни за значењето на меѓуетничките односи во нашата држава. Затоа, од тука апелирам до сите граѓани да останат смирени и воздржани. Почитувањето на различностите и дијалогот се темелите на нашето заедничко општество. Ова се вредности кои нè обединуваат, а не раздвојуваат. Вредности кои треба да ги негуваме и да ги чуваме како најголемо богатство.Во овој дух, го упатуваме нашиот повик до сите лидери на политичките партии да одговорат позитивно и да се приклучат на оваа иницијатива. Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме. Ова не е време за поделби. Заедно сме посилни и само така можеме да се справиме со сите предизвици кои ни стојат на патот.

Македонија | пред 1 година

filipce34

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

„Лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ стои зад вчерашниот настан се срамен и кукавички обид за префрлање на вината за сопствените неуспеси. За жал овие обиди имаат јасна и подмолна цел – да ја покријат неспособноста на Владата и Министерството за внатрешни работи да го заштитат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните“, велат од СДСМ и додаваат:Страшно неодговорно и поразително е во ситуација на подигнати тензии наместо пораки на смирување и обединување, Мицкоски да прави политички поделби. Опасно е да се потпалуваат граѓаните кога е потребно лидерство и храброст да се смират страстите.Наместо да се соочат со фактот дека институциите потфрлија во превенција на хаосот и да преземат одговорност, Мицкоски и неговата партија одбраа да шират паника и да манипулираат со јавноста со своето познато сценарио за дестабилзизација.Ова е уште еден доказ за нивната неспособност да се справат со кризни ситуации, но и за опасните намери да го поларизираат општеството за политички поени. Тоа што Мицкоски го прави е оркестрирање страв за избегнување одговорностВо изминатите месеци, Мицкоски постојано пласира сценарија за „дестабилизација“, создавајќи атмосфера на страв и несигурност. Тој сега се обидува на вчерашните настани да ја надоврзе својата приказна за хаос, обвинувајќи ги сите, освен оние кои навистина треба да понесат одговорност – него и неговата неспособна влада.СДСМ не дозволува поларизација и манипулации. СДСМ отсекогаш работела за заштита на државните интереси, граѓаните и државноста. Нашата партија никогаш нема да дозволи да биде вовлечена во сценарија на поделби и дестабилизација.Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината врз СДСМ се навреда за интелигенцијата на граѓаните. Ваквите обвинувања нема да ги сокријат нивните пропусти, туку само ќе го зацврстат сомнежот дека дестабилизацијата не е сценарио, туку политички инструмент на власта.СДСМ е посветена на зачувување на мирот, безбедноста, меѓуетничките односи и соживотот во земјата. Ги повикуваме граѓаните да не потпаѓаат на провокациите и манипулациите на власта. Ги повикуваме сите граѓаните да останат смирени и да не долеваат масло на огнот ниту да посегнуваат по било каква форма на провокации.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ итно да престанат со опасната реторика на поделби и страв, и конечно да ја преземе одговорноста што ја носи неговата функција.

Македонија | пред 1 година

dimitrijevic

Димитријевиќ: Тошковски и МВР потфрлија, граѓаните се небезбедни

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, во изјава за Слободен печат, најостро ги осуди вчерашните инциденти предизвикани од одредени поединци, кои со своите постапки ги нарушија државните симболи.„Тоа што се случи вчера, СДСМ најостро го осудува. Таков чин на сквернавење на македонското знаме и пукање со калашникови, понижувања низ улиците на Скопје и низ цела држава е апсолутно недозволиво за една држава. Она што СДСМ во континуитет претходните шест месеци го збореше и на коешто ставаше акцент а тоа небезбедноста на улиците, имавме над 20 вооружени обиди за убиство и немили сцени на улиците, вчера кулминираше. Вчера видовме едно тотално задоцнување на институциите“, рече Димитријевиќ, во изјава за Слободен печат.При тоа, Димитријевиќ, потенцираше дека граѓаните со право се загрижени и вознемирени за безбедноста во градот.„Граѓаните се со право вознемирени, денеска на скопските улици и на улиците низ цела држава граѓаните не се чувствуваат безбедно, затоа што ако тие што треба да не штитат и тие што треба да го воспостават редот на одредени настани и да ја направат целата организација, вчера видовме како го направија тоа. Вчера имаше еден тотален хаос нешто што е незамисливо за една нормална европска држава“, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ.

Македонија | пред 1 година

kostovski-3

(Видео) СДСМ кон ДПМНЕ: Лажните обвинувања кон нас не може да ја сокријат вашата неспособност

Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ, на денешната прес-конференција кажа дека е згрозен од обидите на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите блиски до нив, да го обвинат СДСМ за вчерашниот настан„Сакам да изразам згрозеност од обидите на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите блиски до нив да го обвинат СДСМ за овој настан. Сакам да им порачам, да престанат да глумат опозиција тие се сега власт. Да престанат да се однесуваат како кукавици за сето она што се случува во државата туку е крајно време да преземат одговорност и да бидат професионални за безбедноста и мирот на граѓаните“, одговори Костовски на новинарското прашање.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања