СДСМ

kostovski

(Видео) Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев, побара СДСМ

„Денеска јавноста очекуваше дека Панче Тошковски на прес-конференцијата ќе си поднесе оставка и ќе го разреши директорот на БЈБ Александар Јанев, како и началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски од функција. Но ова не се случи. Денеска Тошковски, наместо одговорност, на прес конференцијата рече дека полицијата одговорила соодветно и навремено“, рече Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ.„Ако било така Тошковски треба да одговори:Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се делува превентивно и ова да не се дозволи? Што работат АНБ и БЈБ и како се дозволи да ескалира состојбата до ова ниво? Зошто дозволија ваков понижување на Македонците и македонската држава?Понатаму, зошто не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје? Тој не одговори на ова прашање. Македонското знаме беше запалено, а воедно се пукаше со автоматски оружја, што претставува не само кривично дело, туку и закана за безбедноста на граѓаните.Факт е дека Тошковски и МВР беа целосно во бунило за она што се случи вчера, без воопшто да бидат фактор на стабилност во тие критични моменти. Лесно можеше да се случи да имаме жртви, а тоа можело да се превенира ако МВР имале навремени информации и постапеле превентивно.Понатаму, она што е очигледно е дека МВР под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски, кој да се потсетиме, на функција е од јануари или речиси цела година, немаат контрола над бандите и криминалот во државата.Оваа кулминација на состојбата е резултат на хаосот кој го создаваат додека бандите и криминалците се без контрола. Да се потсетиме дека за помалку од една година имаме преку 20 вооружувани инциденти, убиства и обиди за убиства. Секојдневно се пука по улиците во Скопје и ова што вчера се случи е последен од низата настани кои потврдуваат дека Тошковски нема никаква контрола над безбедносната ситуација.Да потсетиме дека ова е резултат, исто така, и на обидот на Христијан Мицкоски и неговите неспособни инсталации во МВР да го инструментализираат безбедносниот апарат за свои политички интереси, поставувајќи неспособни кадри на клучните позиции во безбедноста. Безбедносниот и превентивниот апарат е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ како одговорна партија, го осудува секој обид за нарушување на меѓуетничките односи, секој обид за нарушување на безбедноста на граѓаните. Апелираме граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокациите“, изјави Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Pance-crven-krst-2

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема

„Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски, очигледно целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата. Граѓаните имаат право да прашаат – зошто полицијата не беше присутна и зошто немаше брза и одлучна интервенција за спречување на овие инциденти? Министерството мора да објасни зошто не ја презеде својата одговорност и дали воопшто имало план за управување со ваквите ситуации. Очигледно МВР воопшто ниту била подготвена да реагира, ниту имала увид во она што се случувало во текот на речиси целиот ден вчера“, вели СДСМ.„СДСМ прашува: каде беа вчера вечер премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски, да се обратат со државнички пораки за смирување на состојбите? Наместо тоа, нивната тишина само ги продлабочи тензиите и создаде чувство дека институциите се парализирани. Наместо лидерство и одговорност, сведочиме на отсуство на реакција од ВМРО-ДПМНЕ, која целосно ја занемари својата должност кон граѓаните.СДСМ бара Мицкоски и Тошковски веднаш да излезат пред граѓаните и да објаснат зошто превенцијата целосно потфрли? Министерството за внатрешни работи мора итно да ги преземе сите потребни мерки за идентификација и казнување на сторителите. Законот мора да важи подеднакво за сите граѓани.Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е клуч за заедничкиот напредок. Секое однесување кое предизвикува поделби и тензии е спротивно на вредностите на едно општество за сите и мора да биде санкционирано.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува неспособност да управува со кризни ситуации. СДСМ останува посветена на заштитата на државните симболи, достоинството на граѓаните и зачувувањето на меѓуетничкиот соживот“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-at-23.35.26

(Видео) СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.„Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците.Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество, и секое однесување кое има за цел да предизвика поделби или тензии е спротивно на овие вредности.СДСМ бара од Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија. Безрезервното спроведување на законите е единствениот пат до зачувување на мирот, безбедноста и довербата меѓу сите граѓани.СДСМ повикува на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации“, велат од партијата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николова: За владата не е приоритет борбата против насилство врз жените

Нивото на свест, во однос на елиминација на насилство кон жените, кај нас е на многу ниско ниво. Не е доволно само да се донесат закони или да се организираат јавни расправи, туку треба да се направи многу повеќе за оваа проблематика, а и да се обезбедат соодветни средства. Ако го разгледате буџетот за 2025 година, во делот за социјални услуги, јасно се гледа дека за 50 проценти е намален буџетот во однос лани. Што значи дека власта го нема овој проблем како приоритет, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на гостувањето во емисијата Анализа, на 24 ТВ.- Со 50 проценти намалени средства за специјални услуги, јасно се гледа каде оди ова власт и дека државата која е должна да се грижи за своите граѓани, сепак има некој други приоритети. Исто така и од даноците од игри на среќа, од кој се одвојуваат средства, има намалување до 25 проценти. И ова само покажува дека на власта, не и се приоритет родово сензитивни прашања, како насилството врз жената, децата, семејното насилство, рече Николова.На дебатата се зборуваше и за тоа што оваа година, во многу демократски земји институциите беа осветлени во портокалова боја, како симболика за одбележување на меѓународниот ден за елиминација на насилството на жените, но кај нас, ниту една инситуција не беше осветлена, во знак на поддршка.- Ваквите симболики, кои не се праќаат, укажуваат дека можеби тој проблем е многу подлабок. Сметам дека институциите имаат многу работа и дека ако немаме добри имплеметација, на законите не можеме да го решиме овој проблем. Иако институциите ги донесоа и подзаконските акти за проблемот со насилството врз жените, тие не соработуваат помеѓу себе, односно нема соработка меѓу министерството за социјалната политика, демографија и млади, министерството за образование, ВМР и министерството за правда и на овој начин не може да се постигнат резултати за проблемот со кој се соочуваме, односно насилството врз жените, рече Николова.

Македонија | пред 1 година

MitkoT

Трајчулески до Мицкоски: Правите партиски упад во независните тела, ова не е мерит систем

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на денешената седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицкоски за уапдот којшто власта го прави во независните регулаторни тела со кои ги прекинува законските мандати и ги партизира исклучиво со партиски кадри.„Почитуван премиере Мицкоски, во текот на претходните месеци во ова собрание беа доставени и донесени закони во скратена постапка со кои се прави директен упад во правниот систем на државата, со кои се прекинуваат мандатите на членови на државните второстепени комисии и на независните регулаторни тела по сила на закон и тоа во скратена постапка.Ова е досега невиден преседан во нашата држава, со единствена цел реализирање на партискиот интерес, односно поставување на партиски луѓе на независните регулаторни тела и второстепени комисии.Се прекинаа мандатите на членовите на државната комисија за решавање во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на државната комисија за решавање по инспекциски надзор, на републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на агенцијата за електронски комуникации, на комисијата за заштита на конкуренцијата, а во собраниска процедура се предлози за разрешување на членовите на агенцијата за супервизија на осигурувањето и на дел од членовите на регулаторната комисија за енергетика“, кажа Митко Трајчулески.„Класичен партиски упад во скоро сите комисии и регулаторни тела во државата кои по својот модел треба да бидат независни од централната власт.Без никаква анализа и без било какви јавна и стручна дебата, а со класична злоупотреба на законодавниот дом се врши брутална партизација на овие самостојни институции и регулаторни тела.Поставувањето на новите функционери, најголем дел од нив истакнати членови на партиите на власт само ја потврди претходно искажаната загриженост на опозицијата за партизацијата на овие институции.Создадовте пракса дека државата започнува со промена на секоја власт, создадовте перцепција дека Државата тоа сум јас, или во македонски услови Државата тоа е партијата.Најеклатантен пример е назначувањето на Орце Симов, претседател на партиската комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги на ВМРО ДПМНЕ и Ангелка Диневска претседател на унијата на жени на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Битола за членови на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. Ова назначување е спротивно на член 18 став 1 од Законот за електронски комуникации.Грубата партизација на сите јавни должности чие именување или избор зависат од волјата на мнозинството продолжија и во Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби. Сите членови на ова тело се партиска испостава на владејачката коалиција, поранешни пратеници или истакнати партиски активисти. Небаре избирате општински комитет, а не граѓанско тело. Ова укажува на најмалку две претпоставки, или планирате повторно да прислушувате како во времето на режимот, или сте почнале да се сомневате во довербата на граѓаните и затоа не ризикувате со автентични граѓански решенија, туку играте на сигурно со “хард кор” партиски именувања. Класичен упад во надзорот на мерките за следење на комуникациите.Премиере Мицковски, едно од вашите стожерни ветувања во предизборната кампања, но и како избран премиер на државата беше воведување на мерит систем, или систем на заслуги во јавната управа. Систем според кој треба да се креираат фер и правични услови и систем кој ќе го цени знаењето и искуството, а не политичката опција на која луѓето припаѓаат.Ќе ве цитирам: “Се залагам за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста“, затворен цитат. Изјава дадена од страна на премиерот Христијан Мицкоски пред еден ден.Народски кажано, не ме гледајте што правам, слушајте што зборувам.Моето прашање почитуван премиере е дали системот на заслуги кој го промовиравте пред изборите, и кој декларативно го промиварате и денес како избран премиер, во реалноста се трансформира во систем на партиски заслуги?“, изјави Митко Трајчулески.

Македонија | пред 1 година

nikolovski-lj3

(Видео) ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, рече Николовски

„СДСМ најостро ја осудува и се спротивставува на скандалозната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите којшто на најбрутален начин го прави ДПМНЕ. Ова тело ја контролира работата на институциите кои ги следат комуникациите, прислушувањата и постапува во претставки доколку некој е прислушуван“, рече Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.„Значи е од витално значење за граѓанскиот надзор врз следењето на комуникациите, човековите права, слободи и демократијата во земјата.И наместо да биде составено од компетентни и непартиски експерти, ДПМНЕ го претвора во инструмент на партиска контрола комуникации и прислушувањето.Предложениот претседател и дел од членовите се долгогодишни партиски активисти на ДПМНЕ, што целосно ја урива довербата во ова тело кое треба да е независно.Принципите на транспарентност, експертиза и независност ДПМНЕ ги погази тотално, избира хард кор партиски кадри со што прави дрска партизација.На пример, Илче Димовски, претседател на УМС Битола, секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Битола. Сега ДПМНЕ во предлага како кандидат од НВО, скандалозно.Мирче Стојков, поранешен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Кочани и актуелен советник во советот од ДПМНЕ. Исто така.Никола Затуровски – организациски секретар на ДПМНЕ.Ова се партиските кадри кои ДПМНЕ сака да ги протне и ова е силен удар за демократијата и човековите права.ДПМНЕ ги загрозува демократските процеси и капацитет на институциите и повторно се обидува да воспостави контролата врз прислушувањето.Со грубо кршење на сите процедури, без соодветна подготовка и материјали, протна партиски кадри за членови на Советот, игнорирајќи ги обврските за избор на лица од невладиниот сектор и експерти.Со ваков чист партиски состав, кој е зависен од една партија, се отвора простор за злоупотреби и загрозување на приватноста на граѓаните.ДПМНЕ покажува дека има намера повторно да го злоупотребува инструментот за прислушувањата, исто како за време на режимот кога беа прислушувани над 20.000 граѓани.СДСМ се бореше да го сруши тој недемократски систем, и заедно со граѓаните успеавме, а по демократските промени спроведовме реформа на целокупниот сегмент.Бараме власта да се повлече и итно да врати процедурата во рамките на законските норми и стандарди.СДСМ остро ќе се спротистави и нема да дозволи оваа партизација да помине. Ќе ја информираме целата меѓународна заедница, амбасадите и релевантните меѓународни институции за овој антидемократски потег на ДПМНЕ.Доколку ДПМНЕ остане глува на овие предупредување ќе преземе и порадикални мерки.Нема да дозволиме враќање на мрачното минато каде граѓаните беа прислушувани, следени, заплашувани, нема да дозволиме партијата ма власт да им го киднапира приватниот живот и да го злоупотреби“, изјави Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

VFCO1

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на партијата внесовме свежина, енергија и позитивни промени кои ги бараа членовите и граѓаните. Под водство на претседателот Венко Филипче, партијата направи значителен исчекор со тим кој претежно се состои од нови лица, докажани професионалци со силен личен интегритет, знаење и искуство, соопштуваат од СДСМ.На првата седница на Централниот одбор, одржана во одлична и позитивна атмосфера, беа избрани членовите на Извршниот одбор, потпретседателите и генералниот секретар Александар Димитријевиќ. Потпретседатели се имињата на Кристина Костова, Менде Илиевски, екс министерката Каја Шукова и професорката Ана Чупевска. Оваа комбинација на млади, мотивирани луѓе и искусни професионалци претставува сигнал за нова насока во работењето на СДСМ, велат од партијата.„СДСМ го започнува процесот на консолидација на сите нивоа, со цел да допре до членовите и симпатизерите, да ги слушне нивните предлози и преку инклузивен процес да ја гради својата нова идеолошка платформа. Работата почнува веднаш со план за посета на сите општински организации“, истакна претседателот Филипче.Новото раководство ја истакна својата решителност и веднаш се зафаќа со спроведување на конкретни активности. Веќе е подготвен план за работа, со посети на локалните организации и иницирање нови форми на комуникација кои ќе го доближат партиското раководство до членовите и симпатизерите. Промените во начинот на делување ќе бидат насочени кон оние кои останале настрана, со цел да се вклучат во широк и инклузивен процес на креирање политики.Со оваа енергија, новиот тим и јасна визија, СДСМ покажува дека е подготвена да ја врати довербата на граѓаните и да биде предводник на позитивните промени во општеството, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-1

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

„Обидите на ДПМНЕ да ги прикаже новите кадри на СДСМ како „стари и потрошени“ се ништо друго освен јалов напад кој го одразува нивниот страв од вистинските промени што се случуваат во СДСМ. Со ваквата реторика, владејачката партија уште еднаш покажува дека е неспособна да понуди решенија за проблемите на граѓаните, па се фокусира на празни и безсодржајни критики кон опозицијата“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Изборот на новото раководство на СДСМ е доказ за освежување, нова енергија и силна визија за иднината. Станува збор за професионалци со интегритет, кои немаат политички багаж и кои ја претставуваат модерната социјалдемократија. Нападите на ДПМНЕ само ја потврдуваат нивната нервоза пред овој силен и решителен чекор на СДСМ да ги постави темелите за ново, посилно политичко делување.Ваквите напади се безуспешен обид да се дискредитира еден демократски и транспарентен процес, со кој СДСМ избра раководство подготвено да ги врати партиските вредности и довербата на граѓаните. Наместо да се занимаваат со сопствените скандали, неуспеси и неспособност за управување со државата, ПМНЕ се обидува да манипулира со јавноста преку излитени и невистинити тврдења.СДСМ ќе продолжи да гради нова и прогресивна партија која ќе биде блиску до своите членови, симпатизери и граѓаните, без разлика на очајните обиди на ДПМНЕ да го наруши овој процес. Граѓаните веќе ја препознаваат разликата: додека СДСМ се менува и работи за иднината, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во старите шаблони на манипулација и деструктивност“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

shilegov

Шилегов со песна го коментираше новото раководство на СДСМ: „Наместо коментар…“

Поранешниот градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил реагираше по повод Централниот конгрес на СДСМ каде што беше избрано новото раководство.Тој ја објави песната „Во бестрага“ од Нокаут и Игор Џамбазов. Покрај објавата Шилегов напиша „Наместо коментар…“

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-3

Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова-потпретседатели на СДСМ, Димитријевиќ-генерален секретар

СДСМ го комплетира партиското раководство.Каја Шукова, екс министерка за животна средина, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член на Централниот одбор ќе бидат нови потпретседатели на СДСМ .Ова дознава „Скопје1“ е одлука на првата седница на Централниот одбор.Избран е и генерален секретар. Тоа е Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба. Новина се двајца организациони секретари-Љупчо Фармаковски од ОО СДСМ Центар и Мартин Костовски.

Македонија | пред 1 година

mitreski

(Видео) Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско

СДСМ предложи амандман со кој бара да се обезбедат средства за завршување на втората етапа на патот во село Долно Косоврасти.- Бараме да се обезбедат средства и за мост на трасата на патот, кај село Долно Косоврасти, како и средства за изградба на локален пат во село Дишане, во општина Дебар. Покрај ова, бараме да се обезбедат средства за изградба на кружен тек во општина Маврово и Ростуше, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на комисијата за финансирање на буџет.Заменик министерот за финансии ги одби сите три амандмани предложени од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

lukarevska23

(Видео) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ продолжува до константно одбивање на амандманите предложени од СДСМ. На денешната комисијата за финансирање на буџет одби да се обезбеда средства за реконструкција на улицата „Ленинова“ во Скопје.- СДСМ поднесе амандман да се обезбедат средства за реконструкција на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата на булевар Илинден до паркот на Франкофонијата. Со помош на реконструкцијата ќе се заврши целото реконструирање на улицата Ленинова, која е една главните оски во рамки на општина Центар. Со ова ќе се растовари сообраќајниот метеж во општина Центар, а целиот простор дополнително ќе се уреди, рече пратеничката на СДСМ, Сања ЛукаревскаЗаменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

thumbnail_27112024_MICKOSKI-5

Апсурд од премиер: Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација, реагира СДСМ

„Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација“, реагира СДСМ на изјава на Христијан Мицкоски.„Денес, администрацијата е претворена акционерско друштво за вработување на партиските кадри. Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ.Досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации. Јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност.Како може Владата, која отворено игнорира закони и критериуми за назначување кадри, да ветува „вреднување на трудот“?Мицкоски треба да престане со манипулациите и партизирањето. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.Граѓаните заслужуваат ефикасна, професионална и независна администрација. Во лагите на Мицкоски не верува никој“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce34

(Видео) Филипче: Не е точно дека унгарскиот кредит е со најниска камата, сме имале и 1,6% камати

За кредитот од Унгарија сè уште има многу отворени прашања и не е точно дека е со историски најниска камата, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање по завршување на средбата со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.Филипче изјави дека Владата на СДСМ има давано кредити кон стопанството со многу пониски каматни стапки.„Ние дававме кредити во стопанството со многу помали каматни стапки од 1,6%. Но има многу отворени прашања. Зошто целокупната сума е повлечена веднаш и веќе сега граѓаните плаќаат камати на пари кои не се поделени, а прашање кога и за кој временски период ќе се поделат до компаниите и кои се критериумите врз основа на кои компаниите ќе ги добијат“, рече Филипче.При тоа, Филипче потенцираше дека спорно е и тоа што сè уште не е објавена компанијата посредничка која ја наплати провизијата.„Никогаш не се објави која е таа компанија посредничка којашто ја наплати провизијата којашто требаше наводно да биде 70.000 евра, меѓутоа ние тоа не го видовме. Многу спорни прашања има во делот на тој кредит, посебно начинот на којшто е договорен, зошто толкава сума одеднаш, да се плаќаат камати непотребно за каматна стапка за којашто нашата Влада дала многу помала камата кон компаниите“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

bitiki1-1

(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет, велат од СДСМ.Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купите 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот што ги најдовте на седница на влада, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра, рече Битиќи.Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања