СДСМ

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Националниот совет за евроинтеграции е добра основа за единство

„Националниот совет за евроинтеграции, што во Собранието го предводи опозицијата, а во којшто членуваат и претставници на власта, граѓански организации и експерти претставува широка платформа којашто доколку функционира како што е предвидено, е добра основа за постигнување на национално единство по однос на клучните прашања поврзани со евроинтеграциските процеси“.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање по вчерашната средба со претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова за тоа колку Владата ја вклучува опозицијата во процесите за деблокада на евроинтеграцискиот пат.„Ако Националниот совет за евроинтеграции функционира на начин на кој Владата ќе го информира за сè што се случува, како се исполнуваат реформите од реформската агенда, од Планот за раст, ние ќе имаме заедничка работа“, истакна Филипче, кој како пратеник е претседател на Националниот совет за евроинтеграции.Претседателот на СДСМ уште еднаш потсети дека целокупната реформска агенда и Планот за раст е изготвен од Владата на СДСМ и дека од страна на актуелната Влада се направени многу мали измени пред сегашниот премиер, Христијан Мицкоски да го стави својот потпис на овие документи.Филипче потенцираше дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција, којашто Владата, согласно ветувањата ќе ја обезбеди. Во однос на обидите за поддршка за уставни измени со одложено дејство, Филипче рече:„Ја информирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа не било прифатено од бугарската страна под раководство на тогашниот премиер Кирил Петков. Така што било која подобрена позиција ние ќе ја поддржиме“.Претседателот на СДСМ смета дека пред да се разговара за какво било решение, вклучително и за уставни измени со одложено дејство, треба да се добие потврда дека такво решение е возможно.„Многу опции и варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав многу состаноци на кои и тогашниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот главен преговарач Бојан Маричиќ ми укажаа кои обиди биле направени и што било возможно, што не било возможно. Ние го направивме тоа. Сите други обиди, меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не ги прифатила“, изјави Филипче и додаде дека што и да направи сегашната Влада што ќе ги подобри нашите позиции, опозицијата ќе поддржи таквото решение.Филипче потсети дека СДСМ иницираше собраниска седница за премиерот да ги соопшти позициите на Владата и кои земји ја поддржуваат во нејзините напори за подобрување на положбата на земјава во однос на преговорите со ЕУ. Тоа и понатаму останува како барање од опозицијата, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

zagaduvanje

„Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот“, велат од СДСМ

„СДСМ остро реагира на неодговорната и штетна одлука на Владата на Мицкоски да ги намали парите наменети за борба против загадувањето и обезбедување чист воздух. Во време кога Скопје но и други наши градови повторно се меѓу најзагадените градови во светот, оваа одлука е негрижа и игнорирање на основните потреби на граѓаните, ова е удар врз здравјето на народот“, велат од СДСМ.„Според последните мерења во Скопје воздухот има зголемена концентрација на ПМ 2,5 честичките за 16 пати а ПМ10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми.Воздухот е означен како „нездрав“, што може да предизвика сериозна закана за здравјето на граѓаните.Во вакви услови крајно штетна за здравјето на народот е одлуката власта да ги намали парите во Буџетот 2025 година за чист воздух за 51% и да ги намали а за животна средина да ги намали за 25%.Има помалку пари и за енергетиката, парите за гасификација се преполовени а власта во Собранието не прифати досега ниту еден амандман на СДСМ за обезбедување повеќе средства.Граѓаните се оставени да се гушат, власта на Мицкоски покажува дека нема намера ништо да преземе против загадувањето“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

mitko-t

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Разочараноста на Мицкоски, по однос на она што се случуваше на Конгресот на СДСМ, може да биде само добра вест за СДСМ, рече пратеникот Митко Трајчулески во 24 анализа на ТВ 24.-Имавме Конгрес, баш како што личи на СДСМ, со многу позитивна енергија, со присуство на 86% од вкупниот број на делегати, што е една добра слика за партијата и што покжаува дека партијата има силен капацитет и силна кондиција за брза консолидација. СДСМ никогаш не треба да се потцени, истакна Трајчулески.Тој додаде дека партијата избра нов ЦО, нов НО и нова заменик претседателка на СДСМ, а тоа е г-ѓа Фани Каранфилова Пановска, чиј избор е додадена вредност на партијата, со што СДСМ може да го прошири делокругот на дејствување во однос на други поединци, други субјекти, невладини организации, со сите со кои споделува исти или слични вредности.Тој нагласи дека СДСМ е голема партија и кога губи и кога добива и не постои политичка сила што може да го победи консолидиран и обединет СДСМ и тоа се докажало.Следи состанок на Ценралниот одбор на кој треба да се избере раководството. Тоа се потпретседателите, генералниот секретар, двајца организациски секретари, секртар за меѓународна соработка и нов ИО.Кадрвоската понуда, која ќе биде дадена од СДСМ ќе содржи и нови лица и сериозен капацитет и ќе биде стожерна основа за она што следи понатаму, заедно со главниот концепт, а тоа е платформата со основите на социјалдемократијата, да се консолидираме, многу брзо и да се вратиме на победничките патеки, порача пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Македонија | пред 1 година

lukarevska2

(Видео) Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е доста актуелен во изминатите неколку години, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска, при образложение на амандманот, со кој треба да се обезбедат 9,2 милиони денари за физибилити студија за развивање изградба на мрежа на станици за полнење на електрични возила на патиштата во Северна Македонија.Лукаревска нагласи дека само со клучни и добро обмислени чекори ќе може да има борба против загадениот воздух.Со развиена мрежа на станици за полнење ќе се поттикнат граѓаните и компаниите да преминат на електрични возила, нешто што е пракса во сите високо развиените земји. Физибилити студијата е за современ ефикасен систем за полнење, што ќе придонесе и за енергетска ефикасност и подобрувањена квалитетот на воздухот, како и унапредување на туристичкиот потенцијал на државата, истакна Лукаревска.Се надевам дека за прв пат ќе направите отстапка и ќе кажете дека овој амандман се прифаќа, бидејќи досега само еден амандман е прифатен и тоа е амандман од власта, нагласи пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

Bocvarski-25.11.2024

(Видео) Бочварски: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за субвенции на чисти извори на енергија

СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на сите компании што ќе имплементираат капацитети за производство на чист водород од обновливи извори на енергија. Оваа поддршка има за цел да поттикне, развој на иновативните технологии и решенија, кој ќе придонесат за енергетска независност и зелена транзиција на земјата, особено во период на глобалната борбата против климатските промени, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на комисијата за финансирање на буџет.- Субвенициите ќе им овозможат на компаниите да ги намалат почетните трошоци за имплементација на водородни капацитети, со што се поттикнува потребата на чисти извори на енергија во производството и индустријата. Производството на водород од обновливи извори како што се соларната и ветерната енергија ќе го намали влијанието врз животната средина и ќе обезбеди стабилно и одржливо снабдување со енергија што е клучно за долгорочната економската и еколошка стабилност на земјата, рече Бочварски.Ова инцијатива ќе го позиционира енергетскиот сектор на Македонија, на мапата на одржливи и иновативни решенија, потенцираше Бочварски, и со тоа ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании и ќе придонесе за одржлив економски развој.Заменик министерот за финансии ги одби амандманот предложен од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Trajchuleski

(Видео) Трајчулески: ДПМНЕ одби амандмани на СДСМ за субвенции на фотоволтаични електрани за граѓаните

СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на фотоволтаичните електрани на покриви на домаќинствата. Со ова, покрај зелената транзиција, ќе им овозможи на граѓаните помали сметки за електрична енергија како и активно да придонесат во создавањето на одржлива енергетска иднина, раче пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на комисијата за финансирање на буџет.- Субвенционирањето на фотоволтаичните системи, не само што ќе ја намали зависноста на домаќинствата од фосилни горива, туку и ќе ги поттикне граѓаните да користат обновливи извори на енергија, со што ќе се намали оптоварувањето на традиционалните енергетски капацитети. Оваа мерка е во согласност со националните и европските цели за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и зголемување на енергетската ефикасност, рече Трајчулески.Тој потенцираше дека со субвенционирањето на фотоволтаичните електрани не само што ќе се поттикне локалното производство на чиста енергија, туку и ќе се намалат сметките за електрична енергија на домаќинствата.СДСМ поднесе и амандман за обезбедување средства од 6 милиони денари за субвенционирање на транспортни компании кои ќе ги го заменат користењето на возила на фосилни горива со електрични возила. Ова поддршка е во насока на засилена зелена транзиција и има за цел да ја намали емисијата на штетни гасови и да го подобри квалитетот на воздухот.Ова субвенционирање е поттик за цела транспортна индустрија да се ориентира кон одржливи решенија и енергетска ефикасниот со долгорочни ефекти кон животна средина и економијата во земјата.Заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги одбија и двата амандмани предложени од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

karanfilova-panovska-4

Новата сила и енергијата на Конгресот на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ, реагира опозициската партија

„Новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот Конгрес на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ. СДСМ покажа дека се издигнува после пораз а Конгрес е пресвртница во опозициското дејствување на партијата“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков.„Внесовме нова енергија во нашите редови. Ги отворивме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократски идеи и вредности.Новиот Централен одбор на СДСМ го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.Изборот на нова заменик претседателка на СДСМ Фани Каранфилова Пановска е додадена вредност на партијата каква што ДПМНЕ никогаш немала.Партијата со белиот дворец не може да го смисли прогресивното граѓанско општество, затоа и невладините организации и неистимислениците отсекогаш биле таргет на ДПМНЕ.Ја разбираме нервозата од владејчката ДПМНЕ која не успеа да испорача ниту едно ветување и која има катастрофални резултати од работењето за само 5 месеци од мандатот“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce-1

Филипче: Насилството врз жените остава последица врз општеството да се бориме за нивна безбедност и достоинство

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.„Денес, на Меѓународниот ден против насилство врз жените се потсетуваме на еден од најголемите предизвици на секое општество–насилството врз жените и девојчињата. Запрепастува фактот што ова е едно од најраспространетите прекршувања на човековите права. Насилството врз жените не остава сериозна последица на поединецот туку на општеството во целост. Промената почнува од секој од нас – со зборови, со дела, со колективна одговорност. Да се бориме против ова зло со подигање на свеста, со вложување во образованието, здравството, со поголеми права на жените. Да изградиме свет каде што слободата, достоинството и безбедноста ќе бидат неприкосновени права на секоја жена и девојка“, вели претседателот на СДСМ, Филипче.

Македонија | пред 1 година

karanfilova-panovska-3

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија - нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата Заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ.Во обраќањето пред делегатите, Каранфилова-Пановска посочи дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е враќањето на довербата на слободоумните граѓаните.„Моето нафаќање и ангажман ќе биде особено значајно и се надевам ќе биде од голема помош, во оваа фаза на темелни внатрешни промени и реформи, дефинирање на новиот курс и позиционирањето на партијата, имајќи ги предвид сите предивизици, а особено, оној, за мене клучен и суштински, а тоа е враќањето на довербата кон СДСМ од страна на слободоумните граѓани на кои вредносната оска на социјалдемократијата им е блиска, а кои во изминатиот период се разочараа од СДСМ и се чувствуваат изневерено. Нив мора да ги вратиме! И во ова лежи суштината на мојот инстинкт, порив и подготвеност да се нафатам на оваа сериозно одговорна функција“, рече Каранфилова-Пановска.При тоа, потенцираше дека мора да се случи консолидација на знаењето кое го поседува СДСМ во најширока смисла од раководство, општински организации, членови, симпатизери, поддржувачи, природните сојузници меѓу граѓанството, и тоа да се преточи и во консолидирано делување на сите нивоа.„СДСМ мора интензивно и бескомпромисно да зрачи и да делува согласно својот автентичен вредносен систем идеологија и наратив, кои ќе бидат главната окосница што ќе ја одржува и зајакнува внатрешната кохезија и заедништвото во партијата. Со многу работа, посветеност, конзистентност, искреност во пристапот и намерите, со дијалог, солидарност, емпатија и уважување на различните ставови и позиции, како и со вреднување на различностите како привилегија и богатство на една демократска партија, убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија - нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија“, порача новата Заменичка-претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.

Македонија | пред 1 година

karanfilova-panovska-1

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи огромна одговорноста пред членовите на партијата и пред граѓаните.„Одговорноста е огромна пред сѐ заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот понатамошен развој и ќе го отелотворат нејзиниот правец на делување, процеси кои треба и мора да ја вратат партијата на вистинскиот колосек“, рече Каранфилова-Пановска.Во своето обраќање пред делегатите, Каранфилова-Пановска подочи дека верува во професионалноста и амбициозноста на претеседателот на СДСМ, Венко Филипче и ќе го стави во функција сето нејзино искуство, знаење и вештини стекнати во професионалната кариера.„Длабоко сум убедена во професионалноста, амбициозноста, трудољубивоста, страста, посветеноста, упорноста и емпатијата кои ги носи Венко, и тие беа едни од клучните причини зошто ја прифатив номинацијата. Јас, од моја страна, ќе му дадам целосна поддршка и ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики на СДСМ, кои ве уверувам ќе бидат политики за промени. Јас со себе тврдоглаво ги носам принципите, ставовите и наративот кои му прилегаат на прогресивното граѓанско општество, кои во својата срж ја имаат потребата и борбата за слобода, демократија, човекови права, социјална правда, правичност, различност, рамноправност и интегритет – вредности за кои не сум правела и никогаш нема да направам компромис“, порача Заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.

Македонија | пред 1 година

centralen-odbor

Ова е новиот Централен одбор на СДСМ: ексдиректори, ексминистерка, ексградоначалник меѓу имињата

На денешниот конгрес, избран е новиот Централен одбор на СДСМ. Вкупно 113 имиња се списокот избрани функционери од СДСМ, дознава „Скопје1“.Меѓу нив, ексдиректори како Филип Андов-Сокол кој раководеше со затворот „Скопје“ во Шутка, Горан Трајковски-Штраус кој раководеше со „Пазарна инспенција“, Викторија Мадиќ-Аврамовска која е поранешна заменик-министерка за правда, Љупчо Фармаковски кој беше член на УО на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Кети Штерјова која е дел од Општина Центар и поранешен потпретседател на СДММ, Велимир Смилески кој е ексградоначалник на Бутел, Мартин Костовски кој беше пратеник, Гордан Шутаров кој е дел од Советот на Град Скопје.По изборот на Централниот одбор ќе се избира новиот извршен одбор, потпретседателите на партијата и генерален, односно можеби и двајца секретари на партијата.Ова се останатите избрани имиња:

Македонија | пред 1 година

Oliver-Spasovski

Спасовски со порака до новото раководство на СДСМ

„Честитки за изборот на новото раководство на СДСМ!“, вели ексминистерот за внатрешни работи од оваа партија, Оливер Спасовски ид одаде:„Нека социјалдемократијата продолжи да биде вашата водилка, инспирација и основа за севкупен напредок.Ви посакувам многу успех на патот што го чекорите пред вас — секогаш да бидете достапни, искрени и посветени на членството и на сите граѓани.Верувам дека со вашата посветеност ќе донесете нови победи и значајни промени што ќе придонесат за подобра иднина за сите“.

Македонија | пред 1 година

fani-karanfilova

Фани Каранфилова Пановска на местото на Сања Лукаревска во СДСМ

Фани Каранфилова Пановска е новата заменик претседателка на СДСМ.Таа ја замени досегашната заменик претседателка, актуелната пратеничка Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз на СДСМ во месец мај.Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество.Откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев во 2013 година, беше воведена функција заменик-претседател, која ја вршеше Радмила Шекеринска, а потоа на нејзино место дојде Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

filipce-414213

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на 30-от Конгрес на партијата.Денеска партијата го одржува својот 29 и 30 конгрес на кој одбира новото раководство односно новите членови на Централниот и Надзорниот одбор кои ќе се спротивстават на партизацијата на институциите, режимското владеење, селективната правда, заробеништвото на медиумскиот простор и кочењето на евроинтеграцискиот напредок кој СДСМ го направи изминатите години.„ВМРО-ДПМНЕ не само што ги изневери очекувањата на граѓаните, туку и ја турка Македонија во нова ера на режимско владеење. Добиваме режим во ново руво. Во моментов се случува партизацијата на институциите која е без преседан. Секојдневно сме сведоци на брутална чистка во која се заменуваат професионалци со партиски послушници. Ова се прави дури во клучните сектори како безбедноста и полицијата, но и секаде во администрацијата. ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби“, порача Филипче.Претседателот Филипче на Конгресот на СДСМ исто така истакна дека при секој катастрофален потег на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски исфрла медиумски бомби за да го одвлече вниманието преку создавање вештачки кризи, до пласирање стравови за „надворешни и домашни непријатели“ по што власта игра на картата на поделби и заплашувања. Истото сценарио потсети Филипче се случувало и кога беснееја шумски пожари и која се влошуваше економската состојба во државата. Притоа во конгресното излагање тој напомена дека со ВМРО-ДПМНЕ улиците повторно се претворени во бојно поле за пресметки на бандите и убиства но наспроти реалноста дома Мицковски упорно глуми национално единство.„Мицкоски продолжува дома да проповеда „горд отпор“ и „национално достоинство“, додека пред европските политичари ветува дека ќе ги исполни сите услови. Ваквиот двоен аршин не само што го подрива кредибилитетот на Македонија, туку ја прави земјата заложник на неговиот политички калкулус. ВМРО-ДПМНЕ историски секогаш бил кочничар на напредокот, а оваа гарнитура не е различна. Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени“, порача Филипче.Претседателот Филипче повика да не се заборави дека сегашната власт во опозиција ги блокираа договорите со Грција и Бугарија, договори кои ја отворија вратата за НАТО и ЕУ. Притоа тој истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во многу нешта потсетува на периодот 1998-2002.„Претставниците на власта упорно се трудат и сакаат да го минимизираат оствареното во евроатлантските интеграции. Не обвинуваат дека сме ги предале националните интереси. Служејќи се со гол популизам и евтин национализам лажно ветуваа дека можат да издејствуваат нова преговарачка рамка со ЕУ. Да се потсетиме. Со истата жестина како што во опозиција го напаѓаа Преспанскиот Договор, ја напаѓаа и Времената спогодба од 1995, за во 2009 да им стане врвна дипломатска придобивка и главен аргумент во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Исто како што сега на Христијан Мицкоски Преспанскиот Договор му стана ремек дело на европската дипломатија. ВМРО-ДПМНЕ тогаш во опозиција тврдеше дека ќе ги врати Струга и Кичево во старите општински граници, а потоа во периодот 2006-2016 заборавија што ветувале. На НАТО Самитот во Букурешт во 2008 прифатија ново име на државата, а нас не обвинуваат дека сме го предале името. Ги слушавме и по телефонските разговори. Не случајно нашиот народ вели: Волкот влакното го менува, но ќудот не!“, истакна Филипче на конгресот.Тој исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се истите лицемери кои себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немале храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Тоа се истите кои секогаш бегале од одговорност криејќи се во комфорните зони. Затоа ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици.„Граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами“, порача Филипче од 30 Конгрес на кој партијата го избра новото раководство.

Македонија | пред 1 година

filipce-51

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани. Тој ќе биде одраз на новата енергија што ќе ја внесеме во партија.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање пред присутните на 30-от Конгрес на партијата што се одржува денеска. Филипче потенцираше дека Централниот одбор е одраз на гласот на членовите, месните одбори и општинските организации.„Моја цел е да создадеме систем во кој кадровскиот потенцијал со кој располагаме, биде распореден исклучиво по својата стручност и компетентност, а не заради блискоста и личните релации со партиското раководство. Принципот е секој да биде искористен таму каде може максимално да придонесе за исполнување на целите на СДСМ“, истакна Филипче.Според претседателот на СДСМ, само на овој начин, со реформирана партија може да се работи на реформа и во државата, бидејќи довербата се гради со дела, а не со празни зборови.„Обновата започнува од нас“, потенцираше Филипче и додаде дека новото раководство на СДСМ мора да биде пример за посветеност и почитување и секојдневно да се потсетува дека постои за граѓаните, а не обратно.Филипче во својот говор истакна дека пратениците, како најистурената борбена единица на СДСМ, ќе бидат по функција дел од Централниот одбор и нивното непроценливо политичко искуство ќе биде од максимална полза во сите процеси.Претседателот на СДСМ се осврна и на критиките за бавниот избор на новото раководство и истакна дека состојбата во која се наоѓа партијата налагала внимателно бирање на вистинските луѓе.„Ова се луѓе кои имаат поддршка од членовите и кои може да ги обединат сите од локално ниво па нагоре. Процес кој јас го сметав за инклузивен, со многу разговори, со многу дипломатија и почитување на мислењето на секој. Само низ ваков процес верувам дека можевме да избереме луѓе од доверба на членовите кои ќе ги претставуваат нивните интереси“, рече Филипче.Партијата, додаде Филипче, ќе биде отворена за сите кои се блиски до социјалдемократската идеологија, што била подзаборавена. Солидарноста, како една од клучните социјалдемократски вредности, мора повторно да биде главната водилка на партијата, рече Филипче и порача:„Со моето доаѓање на чело на партијата сакам едно јасно да порачам. Секој кој ќе биде дел од партијата и од раководните структури е поставен на таа позиција да им служи на граѓаните и на членовите на СДСМ. Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја. Додека сум јас претседател, тоа нема да го дозволам затоа што тоа ја уништува сржта на нашето постоење“.Во таа насока, Филипче потенцираше дека со посветена работа, новото раководство ќе покаже дека лошите навики можат да бидат искоренети, суетите и предрасудите надминати и дека колективното добро ќе биде секогаш над личните интереси.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања