Промени тема
Контакт

СДСМ

Нема фотографија

Николова: За владата не е приоритет борбата против насилство врз жените

Нивото на свест, во однос на елиминација на насилство кон жените, кај нас е на многу ниско ниво. Не е доволно само да се донесат закони или да се организираат јавни расправи, туку треба да се направи многу повеќе за оваа проблематика, а и да се обезбедат соодветни средства. Ако го разгледате буџетот за 2025 година, во делот за социјални услуги, јасно се гледа дека за 50 проценти е намален буџетот во однос лани. Што значи дека власта го нема овој проблем како приоритет, рече пратеничката на СДСМ,

Македонија | пред 1 година

MitkoT

Трајчулески до Мицкоски: Правите партиски упад во независните тела, ова не е мерит систем

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на денешената седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицкоски за уапдот којшто власта го прави во независните регулаторни тела со кои ги прекинува законските мандати и ги партизира исклучиво со партиски кадри.„Почитуван премиере Мицкоски, во текот на претходните месеци во ова собрание беа доставени и донесени закони во скратена постапка со кои се прави директен упад во правниот систем на државата, со кои се прекинуваат мандатите на членови

Македонија | пред 1 година

nikolovski-lj3

(Видео) ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, рече Николовски

„СДСМ најостро ја осудува и се спротивставува на скандалозната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите којшто на најбрутален начин го прави ДПМНЕ. Ова тело ја контролира работата на институциите кои ги следат комуникациите, прислушувањата и постапува во претставки доколку некој е прислушуван“, рече Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.„Значи е од витално значење за граѓанскиот надзор врз следењето на комуникациите, човековите права, слободи и демократијата во земјата.И наместо

Македонија | пред 1 година

VFCO1

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на партијата внесовме свежина, енергија и позитивни промени кои ги бараа членовите и граѓаните. Под водство на претседателот Венко Филипче, партијата направи значителен исчекор со тим кој претежно се состои од нови лица, докажани професионалци со силен личен интегритет, знаење и искуство, соопштуваат од СДСМ.На првата седница на Централниот одбор, одржана во

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-1

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

„Обидите на ДПМНЕ да ги прикаже новите кадри на СДСМ како „стари и потрошени“ се ништо друго освен јалов напад кој го одразува нивниот страв од вистинските промени што се случуваат во СДСМ. Со ваквата реторика, владејачката партија уште еднаш покажува дека е неспособна да понуди решенија за проблемите на граѓаните, па се фокусира на празни и безсодржајни критики кон опозицијата“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Изборот на новото раководство на СДСМ е доказ за освежување, нова енергиј

Македонија | пред 1 година

shilegov

Шилегов со песна го коментираше новото раководство на СДСМ: „Наместо коментар…“

Поранешниот градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил реагираше по повод Централниот конгрес на СДСМ каде што беше избрано новото раководство.Тој ја објави песната „Во бестрага“ од Нокаут и Игор Џамбазов. Покрај објавата Шилегов напиша „Наместо коментар…“

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-3

Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова-потпретседатели на СДСМ, Димитријевиќ-генерален секретар

СДСМ го комплетира партиското раководство.Каја Шукова, екс министерка за животна средина, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член на Централниот одбор ќе бидат нови потпретседатели на СДСМ .Ова дознава „Скопје1“ е одлука на првата седница на Централниот одбор.Избран е и генерален секретар. Тоа е Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба. Новина се двајца организациони секре

Македонија | пред 1 година

mitreski

(Видео) Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско

СДСМ предложи амандман со кој бара да се обезбедат средства за завршување на втората етапа на патот во село Долно Косоврасти.- Бараме да се обезбедат средства и за мост на трасата на патот, кај село Долно Косоврасти, како и средства за изградба на локален пат во село Дишане, во општина Дебар. Покрај ова, бараме да се обезбедат средства за изградба на кружен тек во општина Маврово и Ростуше, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на комисијата за финансирање на буџет.Заменик министерот за финан

Македонија | пред 1 година

lukarevska23

(Видео) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ продолжува до константно одбивање на амандманите предложени од СДСМ. На денешната комисијата за финансирање на буџет одби да се обезбеда средства за реконструкција на улицата „Ленинова“ во Скопје.- СДСМ поднесе амандман да се обезбедат средства за реконструкција на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата на булевар Илинден до паркот на Франкофонијата. Со помош на реконструкцијата ќе се заврши целото реконструирање на улицата Ленинова, која е една главните оски во рамки на општи

Македонија | пред 1 година

thumbnail_27112024_MICKOSKI-5

Апсурд од премиер: Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација, реагира СДСМ

„Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација“, реагира СДСМ на изјава на Христијан Мицкоски.„Денес, администрацијата е претворена акционерско друштво за вработување на партиските кадри. Наместо компетентни и професионални

Македонија | пред 1 година

filipce34

(Видео) Филипче: Не е точно дека унгарскиот кредит е со најниска камата, сме имале и 1,6% камати

За кредитот од Унгарија сè уште има многу отворени прашања и не е точно дека е со историски најниска камата, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање по завршување на средбата со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.Филипче изјави дека Владата на СДСМ има давано кредити кон стопанството со многу пониски каматни стапки.„Ние дававме кредити во стопанството со многу помали каматни стапки

Македонија | пред 1 година

bitiki1-1

(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет, велат од СДСМ.Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што б

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Националниот совет за евроинтеграции е добра основа за единство

„Националниот совет за евроинтеграции, што во Собранието го предводи опозицијата, а во којшто членуваат и претставници на власта, граѓански организации и експерти претставува широка платформа којашто доколку функционира како што е предвидено, е добра основа за постигнување на национално единство по однос на клучните прашања поврзани со евроинтеграциските процеси“.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање по вчерашната средба со претседателката на држава

Македонија | пред 1 година

zagaduvanje

„Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот“, велат од СДСМ

„СДСМ остро реагира на неодговорната и штетна одлука на Владата на Мицкоски да ги намали парите наменети за борба против загадувањето и обезбедување чист воздух. Во време кога Скопје но и други наши градови повторно се меѓу најзагадените градови во светот, оваа одлука е негрижа и игнорирање на основните потреби на граѓаните, ова е удар врз здравјето на народот“, велат од СДСМ.„Според последните мерења во Скопје воздухот има зголемена концентрација на ПМ 2,5 честичките за 16 пати а ПМ10 честичкит

Македонија | пред 1 година

mitko-t

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Разочараноста на Мицкоски, по однос на она што се случуваше на Конгресот на СДСМ, може да биде само добра вест за СДСМ, рече пратеникот Митко Трајчулески во 24 анализа на ТВ 24.-Имавме Конгрес, баш како што личи на СДСМ, со многу позитивна енергија, со присуство на 86% од вкупниот број на делегати, што е една добра слика за партијата и што покжаува дека партијата има силен капацитет и силна кондиција за брза консолидација. СДСМ никогаш не треба да се потцени, истакна Трајчулески.Тој додаде дека

Македонија | пред 1 година

lukarevska2

(Видео) Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е доста актуелен во изминатите неколку години, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска, при образложение на амандманот, со кој треба да се обезбедат 9,2 милиони денари за физибилити студија за развивање изградба на мрежа на станици за полнење на електрични возила на патиштата во Северна Ма

Македонија | пред 1 година

Bocvarski-25.11.2024

(Видео) Бочварски: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за субвенции на чисти извори на енергија

СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на сите компании што ќе имплементираат капацитети за производство на чист водород од обновливи извори на енергија. Оваа поддршка има за цел да поттикне, развој на иновативните технологии и решенија, кој ќе придонесат за енергетска независност и зелена транзиција на земјата, особено во период на глобалната борбата против климатските промени, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на комисијата за финансирање на буџе

Македонија | пред 1 година

Trajchuleski

(Видео) Трајчулески: ДПМНЕ одби амандмани на СДСМ за субвенции на фотоволтаични електрани за граѓаните

СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на фотоволтаичните електрани на покриви на домаќинствата. Со ова, покрај зелената транзиција, ќе им овозможи на граѓаните помали сметки за електрична енергија како и активно да придонесат во создавањето на одржлива енергетска иднина, раче пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на комисијата за финансирање на буџет.- Субвенционирањето на фотоволтаичните системи, не само што ќе ја намали зависноста на домаќинствата од фос

Македонија | пред 1 година

karanfilova-panovska-4

Новата сила и енергијата на Конгресот на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ, реагира опозициската партија

„Новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот Конгрес на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ. СДСМ покажа дека се издигнува после пораз а Конгрес е пресвртница во опозициското дејствување на партијата“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков.„Внесовме нова енергија во нашите редови. Ги отворивме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократски идеи и вредности.Новиот Централен одбор на СДСМ го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат

Македонија | пред 1 година

filipce-1

Филипче: Насилството врз жените остава последица врз општеството да се бориме за нивна безбедност и достоинство

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.„Денес, на Меѓународниот ден против насилство врз жените се потсетуваме на еден од најголемите предизвици на секое општество–насилството врз жените и девојчињата. Запрепастува фактот што ова е едно од најраспространетите прекршувања на човековите права. Насилството врз жените не остава сериозна последица на поединецот туку на општеството во целост. Промената почнува од секој од нас – со

Македонија | пред 1 година

karanfilova-panovska-3

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија - нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата Заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ.Во обраќањето пред делегатите, Каранфилова-Пановска посочи дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е враќањето на довербата на слободоумните граѓаните.„Мое

Македонија | пред 1 година

karanfilova-panovska-1

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи огромна одговорноста пред членовите на партијата и пред граѓаните.„Одговорноста е огромна пред сѐ заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот понатамошен развој и

Македонија | пред 1 година

centralen-odbor

Ова е новиот Централен одбор на СДСМ: ексдиректори, ексминистерка, ексградоначалник меѓу имињата

На денешниот конгрес, избран е новиот Централен одбор на СДСМ. Вкупно 113 имиња се списокот избрани функционери од СДСМ, дознава „Скопје1“.Меѓу нив, ексдиректори како Филип Андов-Сокол кој раководеше со затворот „Скопје“ во Шутка, Горан Трајковски-Штраус кој раководеше со „Пазарна инспенција“, Викторија Мадиќ-Аврамовска која е поранешна заменик-министерка за правда, Љупчо Фармаковски кој беше член на УО на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Кети Штерјова која е дел од Општина Центар и по

Македонија | пред 1 година

Oliver-Spasovski

Спасовски со порака до новото раководство на СДСМ

„Честитки за изборот на новото раководство на СДСМ!“, вели ексминистерот за внатрешни работи од оваа партија, Оливер Спасовски ид одаде:„Нека социјалдемократијата продолжи да биде вашата водилка, инспирација и основа за севкупен напредок.Ви посакувам многу успех на патот што го чекорите пред вас — секогаш да бидете достапни, искрени и посветени на членството и на сите граѓани.Верувам дека со вашата посветеност ќе донесете нови победи и значајни промени што ќе придонесат за подобра иднина за сите

Македонија | пред 1 година

fani-karanfilova

Фани Каранфилова Пановска на местото на Сања Лукаревска во СДСМ

Фани Каранфилова Пановска е новата заменик претседателка на СДСМ.Таа ја замени досегашната заменик претседателка, актуелната пратеничка Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз на СДСМ во месец мај.Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество.Откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев во 2013 година, беше воведена функција заменик-претседател, која ја вршеше Радмила Шекеринска, а потоа на нејзино место дојде Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања