„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

сиднеј

media-library0l4m5l65fkof9agvlfX

(Видео) Сиднеј ја дочека 2026 година со спектакуларен огномет и засилени безбедносни мерки

Сиднеј денеска влезе во новата 2026 година со традиционален, величествен огномет, но под строги безбедносни мерки, само две недели по трагичниот вооружен напад на еврејска прослава на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица.Во 23 часот по локално време, организаторите одржаа минута молк во чест на жртвите. Мостот Харбор беше осветлен во бела боја, а на неговите пилони беше проектирана менора – симбол на јудаизмот. Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, изјави дека по трагичниот крај на годината за градот, новогодишниот дочек треба да биде можност граѓаните да се обединат и со надеж да ја дочекаат мирната и среќна 2026 година.Нападот се случи на 14 декември за време на прославата на Ханука, кога вооружени напаѓачи – татко и син – убија 15 луѓе. Станува збор за најтешкото масовно убиство во Австралија во речиси три децении, кое ја шокираше јавноста и ги засили стравувањата од пораст на антисемитизмот во земјата.Поради безбедносни причини, традиционалните празнични прослави на плажата Бонди годинава беа значително поскромни, а неколку новогодишни настани беа откажани. За време на главниот дочек, на кој обично присуствуваат повеќе од еден милион луѓе, во градот беа распоредени околу 3.000 полицајци, дел од нив и со автоматско оружје.Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, порача дека општеството мора да покаже пркос пред ваквите злосторства и да испрати јасна порака дека тероризмот нема да ги заплаши граѓаните, ниту ќе го промени начинот на живот во градот.

Свет | пред 8 часа

media-library9hourqbsgd376YRjIF1

Пацифиикот прв во светот ќе ја пречека 2026 година, Сиднеј ќе испрати порака за мир по нападот на Бонди

Посебно осветлување е подготвено за обележјата во Окленд, најголемиот град на Нов Зеланд и првиот поголем град кој ќе ја дочека новата година. Фотографии од „специјални моменти“ што граѓаните ги испраќаа во текот на 2025 година ќе бидат проектирани на Скај Тауер, највисоката кула на јужната хемисфера. На мостот Окленд Харбор Бриџ ќе започне одбројувањето пред огнометот од кулата на полноќ, односно денес напладне според хрватско време.Главниот град Велингтон исто така организира огномет и музичка програма во центарот.Сиднеј во фокусотДва часа по Нов Зеланд, Сиднеј ќе биде во центарот на вниманието со прославите во прочуеното пристаниште. Повеќе од еден милион луѓе ќе го следат лансирањето на над девет тони огномети.Порака на мир по нападот на БондиНастанот ќе испрати порака на единство и сеќавање по терористичкиот напад на плажата Бонди, во кој беа убиени 15 лица, а десетици повредени кога вооружени напаѓачи отворија оган врз толпа што го славеше почетокот на Ханука на 14 декември.Пилоните на мостот во Сиднеј ќе бидат осветлени со бели гулаби и зборот „Мир“, а ќе биде одржана и минута молк. Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, рече дека овој настан е можност за заедничко собирање, пауза и размисла, како и надеж за побезбедна и помирна 2026 година.„Дочекот на Новата година во Сиднеј е многу повеќе од огномет. Тоа е одраз на она што сме – жив, разнолик и отворен град. Тие вредности никогаш не биле поважни“, истакна таа.Огномети низ АвстралијаОгномети ќе го осветлат небото и над другите големи австралиски градови, меѓу кои Мелбурн, Брисбејн и Аделаида.Киритимати, најголемиот остров на Кирибати со околу 5.000 жители, е првата населена точка на Земјата што влегува во новата година, но таму не се планирани поголеми настани.Американска Самоа ќе биде последна што ќе влезе во 2026 година.

Свет | пред 11 час

media-librarya51htd7auulb4uUxsp7

Апсења во Сиднеј по масакрот во Бонди: полицијата спречила можен нов напад

Австралиската полиција уапси седум лица во југозападниот дел на Сиднеј, откако разузнавачките служби процениле дека постои сериозен ризик од можен насилен инцидент по смртоносниот напад на плажата Бонди, во кој беа убиени 15 луѓе.Според полицијата на Нов Јужен Велс, уапсените мажи имаат идеолошки ставови што делумно се совпаѓаат со оние на напаѓачите во Бонди, но засега не постои директна врска меѓу нив. Сите седуммина им биле познати на безбедносните служби и биле приведени во предградието Ливерпул, откако со две возила пристигнале од соседната држава Викторија.Акцијата се одвивала во фреквентна урбана зона, а видеоснимки објавени на социјалните мрежи покажуваат полицајци во целосна тактичка опрема како ги приведуваат осомничените.Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, изјави дека, иако не постоеле конкретни докази за планиран напад, ризикот бил доволно сериозен за итна интервенција.„Потенцијалот за извршување насилно дело беше таков што не можевме да си дозволиме да го игнорираме ризикот“, изјави Ланион, додавајќи дека Бонди била една од повеќето локации каде што осомничените можеле да се појават, без да е јасна нивната намера.Тој посочи дека, врз основа на досега разгледаните докази, во овој момент не постојат правни основи за нивно понатамошно задржување, но истрагата продолжува.Полицијата потврди дека како можен идеолошки мотив се разгледува и исламистички екстремизам, но нагласи дека не е утврдена директна организациска или оперативна поврзаност меѓу уапсените и напаѓачите од неделата.Претходно, заменик-комесарот Дејвид Хадсон изјави дека безбедносните служби забележале „одредени сличности во начинот на размислување“ меѓу двете групи, што било доволно за зголемено ниво на аларм.Во неделата, татко и син отворија оган врз граѓани кои го одбележуваа еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди. Во нападот загинаа 15 лица, а десетици беа ранети, при што мнозинството жртви беа Евреи. Еден од напаѓачите беше убиен на лице место, додека другиот беше ранет, уапсен и подоцна обвинет за 15 убиства и 40 обиди за убиство.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj0voeh5q65pjfVuHYXd

Обвинет преживеаниот напаѓач од Бонди: 15 убиства и терористички чин

Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање што се случи во неделата на плажата Бонди во Сиднеј, е официјално обвинет за вкупно 59 кривични дела, соопшти локалниот суд на Нов Јужен Велс, пренесува Би-би-си.Според обвинението, Акрам се товари за 15 убиства, како и за едно кривично дело поврзано со извршување терористички чин. Обвиненијата опфаќаат и повеќе тешки кривични дела поврзани со употреба на огнено оружје, загрозување на јавната безбедност и обиди за убиство.Масовното пукање на една од најпознатите плажи во Австралија предизвика шок и тага во целата земја, а австралиските власти го опишаа нападот како еден од најсмртоносните инциденти од ваков вид во поновата историја на државата.Акрам преживеа по престрелката и беше приведен од безбедносните служби, по што беше задржан под строг надзор. Судот во Нов Јужен Велс потврди дека против него е поведена обемна истрага, а обвинителството најави дека ќе бара најстроги можни казни.Истрагата за мотивите и можните врски на напаѓачот со екстремистички групи продолжува, додека австралиските власти најавуваат дополнителни безбедносни мерки и поддршка за семејствата на жртвите.

Свет | пред 2 седмици

media-librarya8a27jfdib6273l8R19

Херојот од Сиднеј може да ја изгуби раката, изгубил многу крв

Ахмед ал Ахмед, минувачот кој херојски успеа да совлада и разоружа еден од напаѓачите за време на крвавиот напад во Бонди, изјави дека и покрај тешките повреди и силната болка, без двоумење повторно би го направил истото. Ова го потврди неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, наведувајќи дека Ахмед не жали за својот чин, иако неговата здравствена состојба останува сериозна.Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара, каде веќе ја поминал првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сè уште е заглавен во пределот на левата лопатка. Лекарите предупредуваат дека поради значителната загуба на крв постои реален ризик тој да ја изгуби раката.Според адвокатот, Ахмед е скромен човек кој не бара медиумско внимание и дејствувал исклучиво од чувство на морална и човечка одговорност. По добивањето на австралиско државјанство во 2022 година, тој се чувствувал должен да ѝ возврати на заедницата која, како што вели, му дала безбедност и нов живот.Неговите родители изјавија дека и покрај тешката состојба, Ахмед е добро расположен. Мајката признала дека плачела од гордост кога дознала дека нејзиниот син спасил животи, додека таткото додал дека Ахмед му се заблагодарил на Бога што имал сила да им помогне на невините луѓе.Херојството на Ахмед ал Ахмед беше јавно пофалено од австралискиот премиер Ентони Албаниз и од премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, а поддршка упати и американскиот претседател Доналд Трамп. Во меѓувреме, преку кампања на платформата GoFundMe, во знак на солидарност и поддршка за неговото лекување и опоравување, се собраа над половина милион долари.Ахмед ал Ахмед (44), со сириско потекло, живее во Австралија од 2006 година. Тој е сопственик на мал бизнис и татко на две мали ќерки. Неговото семејство и блиските сведочат дека станува збор за човек кој без двоумење би го ризикувал сопствениот живот за да ги заштити другите.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryefgsr40572q25AHItJU

Што правеле на Филипините таткото и синот кои го изведоа масакрот на Бонди? Нови детали откриваат можен мотив за нападот

Австралиските и филипинските власти интензивно ги реконструираат последните движења на Саџид и Навид Акрам — татко и син кои го изведоа терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, при што загинаа 16 лица, а околу 40 беа повредени. Испливуваат нови сознанија за нивниот едномесечен престој на Филипините непосредно пред нападот.Истрагата покажува дека двајцата отпатувале од Австралија на 1 ноември и останале на Филипините до 28 ноември, информација што ја потврди имиграциската служба во Манила. Последната точка од нивното патување била градот Давао, на југоистокот од островот Минданао — регион каде што со години се активни исламистички милитантни групи, особено во посиромашните делови на централниот и југозападниот дел од островот.Според австралиските медиуми, кои се повикуваат на безбедносни извори, токму на Филипините таткото и синот наводно поминале „воена обука“. Иако оваа теза доминира во јавните извештаи, ни австралиските ни филипинските власти засега не ја потврдуваат официјално.Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс изјави дека се испитува секој аспект од нивниот престој:„Се разгледуваат причините за патувањето, целите и сите локации на кои престојувале“.И филипинската армија излезе со став дека засега нема докази дека двајцата учествувале во било каков вид воена активност, но потврди дека истрагата продолжува.Пасошките податоци откриваат дека Саџид Акрам, кој има 50 години, патувал со индиски пасош, додека 24-годишниот Навид влегол во земјата како австралиски државјанин. Саџид живеел во Австралија од 1998 година, имал дозвола за огнено оружје поради рекреативен лов и бил член на стрелачки клуб.Би-би-си објави дека двајцата биле поддржувачи на групата „Исламска држава“ во Сиднеј, а симболи и знамиња со идеолошка содржина биле пронајдени во нивниот автомобил по нападот.Австралиската Еј-би-си дополнително открива дека Навид, иако роден во Австралија, уште пред повеќе од пет години бил испрашуван од полицијата поради врски со локална ќелија поврзана со ИД. Во тоа време било проценето дека не претставува закана и дека нема индиции за негово можно учество во насилство.Нападот на Бонди ја потресе цела Австралија, а граѓаните непрекинато му оддаваат почит на 15-те жртви и на претепаниот напаѓач кој загина на местото на инцидентот. Паралелните истраги што ги водат австралиските и филипинските служби имаат цел да утврдат дали нивното патување било дел од поширока мрежа на радикализација.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuhem7k2nilg44vKVpcn

Херојот Ахмед од Сиднеј може да ја загуби раката: „Сѐ би повторил“

Ахмед ал Ахмед, минувачот кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите во Бонди, изјавил дека и покрај тешките повреди и силните болки, повторно би го направил истото. Неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, потврди дека Ахмед не жали за својот чин, иако неговата здравствена состојба се влошила.Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара, каде се опоравува по првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сè уште не е изваден од пределот на левата лопатка. Поради сериозната загуба на крв, лекарите стравуваат дека би можел да ја загуби раката.Според адвокатот, Ахмед е скромен човек кој не бара медиумско внимание и постапил од чувство на човечка и морална должност. По добивањето австралиско државјанство во 2022 година, се чувствувал обврзан да ѝ помогне на заедницата која го прифатила.Неговите родители изјавија дека и покрај повредите, тој е во добро расположение. Мајката признала дека плачела од гордост кога дознала дека нејзиниот син спасил животи, додека таткото истакнал дека Ахмед му благодарел на Бога што им помогнал на невини луѓе.Херојството на Ахмед го пофалија австралискиот премиер Ентони Албаниз и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, а пофални зборови упати и американскиот претседател Доналд Трамп. Во знак на поддршка, преку GoFundMe кампања се собрани над половина милион долари за негово лекување и опоравување.Ахмед ал Ахмед (44), по потекло од Сирија, живее во Австралија од 2006 година, сопственик е на мал бизнис и татко на две мали ќерки. Неговото семејство и блиските велат дека без двоумење би го жртвувал сопствениот живот за да ги спаси другите.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryd7r66ah0fuig9yf5ayz

Апсурдот на австралиската миграциска политика: Синот на Трамп потсети дека Ноле беше депортиран заради невакцинирање против ковид, а терористот слободно се движел низ земјата

По терористичкиот напад во Сиднеј, во кој татко и син убија 16 луѓе за време на еврејскиот празник Ханука, на социјалните мрежи се појавија реакции за безбедносната политика на Австралија. Нападот официјално е класифициран како терористички, а цел била еврејската заедница.Во тој контекст, еден корисник на социјалните мрежи објави споредбена фотографија:– од една страна еден од убијците,– од друга страна Новак Ѓоковиќ,со саркастичен коментар:„На еден од овие двајца му е забранет влез во Австралија.“Целта му била да се укаже на апсурдот во австралиската имиграциска политика:терористот легално поседувал оружје, а Ѓоковиќ беше депортиран поради тоа што не беше вакциниран против ковид.На ова реагираше и Доналд Трамп помладиот, кој го сподели твитот и напиша:„Неверојатен твит. Тажен и вистинит.“Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој е и десеткратен првак на „Австралија Опен“, во 2021 година беше депортиран од земјата поради тоа што не беше вакциниран против ковид-19, иако тоа не беше задолжително во времето на неговото влегување во Австралија.

Свет | пред 2 седмици

media-librarygnhcbjpqjiekdZr21cv

Терористот од Сиднеј бил член на српскиот ловечки клуб „Застава“

Австралиските власти најавија итна реформа на законите за оружје по шокантното откритие дека Саџид Акрам (50), извршителот на нападот на плажата Бонди, бил легален сопственик на дури шест парчиња огнено оружје. Акрам и неговиот син Навид (24) се обвинети за терористички напад врз еврејската заедница која вчера ја славеше Ханука, во кој загинаа 16 лица, а десетици беа повредени.Напаѓачот бил член на ловечки клубКомесарот на полицијата во Нов Јужен Велс, Мал Лејнион, потврди дека напаѓачот поседувал дозвола за оружје од 2015 година. „Таткото поседувал дозвола за оружје од 2015 година“, изјави Лејнион, додавајќи дека Акрам имал шест парчиња легално оружје, кои сега се запленети.„Бил член на ловечки клуб“, изјави Лејнион. Подоцна беше утврдено дека Акрам бил член на ловечкиот клуб „Застава“, чиe седиште се наоѓа во Бонериг, на помалку од два километри од неговиот дом. Ловечкиот клуб „Застава“ во Сиднеј го водат припадници на српската заедница.Истражителите откриле дека таткото и синот вежбале пукање на стрелиштето во Сесил Парк. Балистичката и форензичката истрага треба да утврдат дали запленетото оружје е истото за кое Акрам имал дозвола. Во паричникот на неговиот 24-годишен син била пронајдена членска картичка од клубот, но сè уште не е официјално потврдено дека и тој бил член.Повеќе оружје отколку пред масакрот во Порт АртурВо Нов Јужен Велс се регистрирани повеќе од 1,1 милион парчиња огнено оружје, од кои третина се наоѓаат во предградијата на Сиднеј. Загрижувачки е податокот дека во Австралија денес има повеќе оружје отколку пред масакрот во Порт Артур во 1996 година, кога беа убиени 35 лица.Тој настан ја поттикна тогашната влада да го усвои Националниот договор за огнено оружје и да започне масовна програма за откуп, со која од употреба беа повлечени 650.000 парчиња оружје. Меѓутоа, податоците на Australia Institute од мај годинава покажуваат дека денес во Австралија има над четири милиони регистрирани приватни парчиња оружје — што е 800.000 повеќе отколку пред програмата за откуп.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqilg4nhhmkmp0e2Nlr4

(Видео/Фото) Фудбалерот на македонскиот клуб Рокдејл Илинден е една од жртвите во нападот на плажата Бонди во Сиднеј

Францускиот фудбалер Ден Елкајам, член на македонскиот клуб Рокдејл Илинден - Австралија, е идентификуван како една од жртвите во вчерашниот вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј. Тој беше меѓу 16-те луѓе кои го загубија животот во масакрот што властите го квалификуваат како терористички напад.Австралиските служби соопштија дека нападот го извршиле татко и син; едниот напаѓач бил убиен, а другиот е приведен. Покрај загинатите, 42 лица се хоспитализирани. Настанот се случил за време на еврејски фестивал што се одржувал на плажата.Смртта на Елкајам ја потврди потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски.„Јас сум скршен од болка, мојот син игра во Рокдејл Илинден и двајцата беа одлични пријатели. Ова е трагична загуба и ние сè уште се обидуваме да се справиме со неа“, изјави тој за локалните медиуми.Елкајам, 27-годишен француски државјанин, во клубот настапувал последните 12 месеци и бил високо ценет од соиграчите, тренерите и управата. Живеел во Австралија неколку години и работел како ИТ-аналитичар во NBC Universal. Освен по фудбалскиот талент, бил препознатлив и по љубовта кон плажите во Сиднеј и патувањата низ Австралија.

Свет | пред 2 седмици

netanjahu

„Австралија потфрли, не ги заштити Евреите“, Нетанјаху ги обвинува властите во Канбера за масакрот

Стравот и тагата што ја потресоа австралиската еврејска заедница по вооружениот напад на прославата на Ханука во Сиднеј веднаш добија и силна политичка димензија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро реагираше на трагедијата, обвинувајќи дека политичките ставови на Канбера ја движат Австралија во опасна насока.Австралиските власти соопштија дека две вооружени лица отвориле оган врз учесниците на прославата на плажата Бонди, при што загинале најмалку 16 луѓе, во напад што го квалификуваат како намерно антисемитски. Еден од напаѓачите бил убиен на местото на настанот. Инцидентот се смета за најтежок антисемитски напад во Австралија од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.Во јавната реакција, Нетанјаху наведе дека насилството било „ладнокрвно убиство“ и потсети дека уште во август го предупредил австралискиот премиер Ентони Албанезе дека политиките на неговата влада создаваат средина погодна за раст на антисемитизмот.„Вашиот повик за создавање палестинска држава само додава масло на антисемитскиот оган. Ги наградува терористите на Хамас и ги охрабрува оние кои им се закануваат на австралиските Евреи и ја поттикнува омразата кон Евреите што сега беснее по вашите улици“, се присети Нетанјаху на напишаното во писмото до Албанезе.Во продолжение од говорот, тој ја обвини австралиската влада дека „не презема ништо за да го спречи ширењето на антисемитизмот во Австралија“ и рече дека трагичниот напад е последица на тој пропуст. „Дозволивте болеста да се шири, а резултатот се ужасните напади врз Евреите што ги видовме денес“, додаде тој.Албанезе, пак, веднаш го активираше Советот за национална безбедност и категорично го осуди нападот. Тој го нарече злото што се појавило „надвор од умот“ и нагласи дека се работи за целен напад врз Австралијците Евреи токму на првиот ден од Ханука, кој треба да биде ден исполнет со „радост и прослава на верата“.Премиерот веќе претходно, на 11 август, најави дека Австралија планира да поддржи признавање палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември – чекор што следи слични најави од Франција, Велика Британија и Канада.

Свет | пред 2 седмици

media-library9mnn92dh04fjaxKqF9n

Повредениот Ахмед кој стана симбол на храброст во масакрот во Сиднеј полека заздравува - светот му оддава почит!

Додека Австралија сè уште се соочува со последиците од масакрот на плажата Бонди, јавноста го насочи вниманието кон човекот кој успеа да го спречи напаѓачот да продолжи да убива. Ахмед ал Ахмед, сопственик на продавница за овошје од Сиднеј, моментално закрепнува во болница по сложена операција на раката и надлактицата, потврди неговото семејство.Неговото херојство првпат се виде на видеата што кружат на интернет: човек кој, кришум движeјќи се зад паркираните автомобили, се нафрла врз еден од вооружените напаѓачи одзади, ја зграпчува пушката и го турка на земја. Австралиската полиција веќе соопшти дека напаѓачите – татко на 50 години и неговиот 24-годишен син – намерно го нападнале религиозниот еврејски собир на Бонди, при што беа убиени 16 лица, во најсмртоносниот вооружен напад во земјата во речиси три децении.Братучедот на Ахмед, Мустафа, за 7News Australia изјави дека семејството било уверено дека лекарите успешно ја завршиле операцијата и дека Ахмед е стабилен.„Тој е херој, тој е сто проценти херој. Тој е сè уште во болница и не знаеме точно што се случува внатре, но се надеваме дека ќе биде добро“, рече тој.Признанијата за неговата храброст пристигнуваат од целиот свет. Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша како „многу, многу храбра личност“ која спречила многу поголема трагедија. Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, исто така изрази огромна почит, оценувајќи дека снимката од моментот на разоружувањето е „најневеројатната сцена што ја видел досега“.Паралелно, поддршката за Ахмед пристигнува и финансиски. Кампањата на GoFundMe, отворена за негово закрепнување и помош, собра повеќе од 200.000 австралиски долари за само неколку часа. Најголемата донација ја упати милијардерот Бил Акман – 99.999 австралиски долари, кој дополнително ја сподели акцијата и на својата сметка на платформата Х.

Свет | пред 2 седмици

media-librarynfqvs2s6avvj7RoUY0Q

(Видео) Херојска смрт во Бонди: Алекс Клејтман загина штитејќи ја сопругата за време на прославата

Една од жртвите на неделниот терористички напад за време на прославата на Ханука во Австралија е Алекс Клејтман, преживеан од терористичкиот напад, кој бил убиен додека со своето тело ја штител сопругата од истрелите. Трагедијата ја потврди неговата сопруга Лариса, со која бил во брак 57 години, пренесуваат австралиските медиуми.Алекс и Лариса допатувале на светски познатата плажа Бонди Бич во Сиднеј за да присуствуваат на настанот по повод Ханука, кога двајца терористи отвориле оган кон насобраните граѓани.„Стоевме и одеднаш се слушна ‘бум, бум’, и сите паднаа на земја“, изјави Лариса за австралиските новинари. Таа раскажа дека во моментот на нападот Алекс бил зад неа. Роднини на скршената вдовица објасниле дека Алекс бил погоден и убиен додека лежел врз нејзиното тело, со што ѝ го спасил животот во својот последен, херојски чин.„Неговото тело сè уште е таму, а јас седам и не знам што да правам“, изјавила Лариса при напуштањето на болницата каде што била пренесена по нападот. „Немам сопруг. Не знам… никој не ми дава никакви одговори“, додала таа, сè уште во состојба на шок.Во стравичниот напад на плажата Бонди, каде што околу 2.000 луѓе се собрале за да го одбележат првиот ден од Ханука, според последните информации биле убиени најмалку 15 лица, а околу 40 се повредени. Нападот предизвика шок и осуда во австралиската и меѓународната јавност, а безбедносните служби продолжуваат со истрагата.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryefgsr40572q25AHItJU

(Видео) „Видовме крв и илјадници луѓе како бегаат“: Сведоштва од хоророт во Сиднеј

Очевидци на масовното пукање што се случи во Сиднеј опишуваат сцени на хаос, паника и страв, додека илјадници луѓе во паника бегале од плажата Бонди. Нивните сведоштва откриваат потресни детали за моментите кога нормалната вечер се претворила во хорор.Лаклан Моран, 32-годишник од Мелбурн, изјави дека чекал членови од своето семејство кога ги слушнал првите истрели. Во раката држел пиво за својот брат, кое веднаш го фрлил кога сфатил што се случува. Вели дека по неколкуте истрели целосно се успаничил и почнал да бега, воден од чист инстинкт, трчајќи колку што можел побрзо. Според неговите зборови, пукањето продолжило со прекини околу пет минути.Грејс и нејзиниот партнер Џоел Сарџент, исто така од Мелбурн, во моментот на нападот се наоѓале во хотелска соба. Тие слушнале силни удари, а кога погледнале низ прозорецот виделе луѓе како врескаат, бегаат и се кријат. Грејс изјави дека звукот од истрелите бил неверојатно гласен и речиси непрекинат, додавајќи дека според нејзина проценка биле испукани повеќе од 50 куршуми.Ричард Хастен, кој присуствувал на настанот „Ханука покрај морето“, за австралиската телевизија АБЦ раскажа дека неговиот внук во тој момент си играл во детскиот агол и дека сè на почетокот изгледало сосема нормално. Кога започнало пукањето, легнал на земја, а пред него се наоѓала жена која крварела. Тој ја соблекол маицата за да се обиде да го запре крварењето, верувајќи дека куршумот ѝ ја закачил главата. Според неговите зборови, жената подоцна била стабилна.Зек Бејли за 9 News изјави дека тој и другите најпрво помислиле дека се работи за огномет. Плажата била преполна со луѓе, но како што „огнометите“ се множеле, сфатиле дека нешто не е во ред. Во еден момент виделе илјадници луѓе како трчаат во ист правец, по што тој и неговите пријатели се засолниле во внатрешност на објект и се заклучиле во тоалетите, чекајќи ситуацијата да биде ставена под контрола.Сведоштвата на очевидците ја отсликуваат длабочината на траумата и стравот што го обележаа овој напад, кој ја потресе австралиската јавност и остави силни последици кај оние што се нашле на местото на трагедијата.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrp6pq1fhbfv11I4eg1S

(Видео) Голема храброст среде терор: Херојот од Бонди кој совлада напаѓач е еден од повредените на плажата во Сиднеј

Јавноста во Австралија и пошироко денеска го дозна идентитетот на човекот кој херојски се спротивстави на еден од вооружените напаѓачи за време на терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј. Станува збор за 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, жител на Сиднеј и сопственик на продавница за овошје во населбата Сатерленд, татко на две деца, кој без никакво искуство со оружје одлучил да интервенира и да спаси животи.Според информации објавени од австралиските медиуми, Ахмед бил погоден со два куршума за време на пресметката, а неговиот братучед Мустафа изјави дека тој се наоѓа во болница и дека бил подготвен за хируршка интервенција. „Не знаеме точно каква е внатрешната состојба, но се надеваме дека ќе биде добро. Тој е херој, сто проценти“, изјави Мустафа за телевизијата 7News.Видео-снимки кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога Ахмед, облечен во бела кошула, се крие зад автомобил на паркинг, на само неколку метри од вооружениот напаѓач. Во пауза меѓу истрелите, тој излегува од засолништето, трча меѓу возилата и го фаќа напаѓачот одзади во т.н. „хедлок“. По кратка, но жестока борба која траела неколку секунди, Ахмед успева да му ја одземе пушката, по што напаѓачот паѓа наназад и се повлекува кон блискиот мост, постојано вртејќи се наназад.На нови снимки може да се види Ахмед како седи на земја, додека присутните се обидуваат да му помогнат поради повредата на ногата. И покрај тоа што бил ранет, тој бил свесен и комуницирал со спасувачките екипи, а еден од граѓаните донел пешкир за да го запре крвавењето.Во истото видео се забележува и вториот напаѓач, кој се наоѓал на издигнат мост во близина, како разменува оган со полицијата и со гестикулации му сигнализира на разоружаниот напаѓач да му се придружи. Во хаосот што следел, Ахмед и уште еден маж остануваат приклечени до дрвото, по што неговиот придружник, според снимките, бил погоден. Неколку моменти подоцна, полицаец пристигнува од спротивната страна и го усмртува напаѓачот.Во нападот, загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и еден од напаѓачите, додека 29 лица се хоспитализирани. Нападот се случил во момент кога на плажата се одржувал настанот „Chanukah By The Sea“, во близина на детското игралиште, а истовремено и божиќните пазари во Бонди привлекле голем број посетители.Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека станува збор за пукање на јавно место извршено од двајца мажи, дека истрагата е во тек и дека на локацијата се пронајдени сомнителни предмети кои ги проверуваат специјализирани служби. Воспоставена е широка безбедносна зона, а полицијата апелира до граѓаните кои имаат снимки од мобилни телефони или камери во возилата да ги достават до Crime Stoppers.Од Општината Вејверли соопштија дека се длабоко потресени од настанот и изразија сочувство до сите погодени од нападот, нагласувајќи дека трагедијата се случила за време на прослава на еврејскиот празник Ханука. Во јавноста, Ахмед ал Ахмед веќе се смета за симбол на храброст и човечност во момент кога насилството го потресе срцето на една од најпознатите австралиски заедници.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања