Во скопско Козле ноќеска гореле три куќи и помошна просторија!
Министерството за внатрешни работи го потврди пожарот за кој утринава информираше Скопје1. Пожарот избувнал ноќеска на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле при што биле зафатени три куќи и една помошна просторија, сопственост на тројца скопјани. Во инцидентот нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипите на Противпожарната бригада на Скопје.На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи
Скопје | пред 1 година