СУДЕЊЕ

Screenshot-2024-11-28-at-21.38.06

Новo супервештачење ќе утврдува што се случувало во домот на Илијевска која ги усмрти сопругот и свекоротво

Основниот суд во Куманово одобри барање за дополнително супервештачење од Клиниката за психијатрија во случајот против Вангелица Илијевска – жената обвинета дека минатата година ги усмрти сопругот и свекорот во нивниот дом во Кратово.Одлуката следува по иницијатива на обвинителството, кое смета дека новото стручно мислење треба да ги расчисти сите нејаснотии и разлики што произлегоа од претходните психијатриски вештачења изработени на барање и на обвинителството и на одбраната.Обвинителот Газменд Мехмеди укажа дека досегашните експертизи содржат пропусти и неусогласени заклучоци, поради што е потребно ново, заокружено мислење за психичката состојба на обвинетата во моментот на делото.Одбраната, преку адвокатот Кристијан Георгиевски, истакнува дека и двата досегашни извештаи посочуваат на исто – дека Илијевска живеела во долгогодишен семеен конфликт и чувство на загрозеност, што довело до афективна реакција и уверување дека се брани од опасност по живот.Судијата оцени дека во деталите околу самото извршување на делото постојат противречности, па затоа е потребно дополнително супервештачење со цел да се избегнат различни правни толкувања и евентуални пропусти.Обвинителството ја терети Илијевска за убиство по член 123 од Кривичниот законик, додека одбраната тврди дека таа дејствувала во нужна одбрана.Следното рочиште ќе се одржи во февруари следната година.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

„Ми даде лек што не постоеше во евиденција“: потресно сведочење на пациентка на судењето за „Онкологија 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, а сведочеше пациентка која примала комбинирана хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи ситуација која, како што рече, ѝ оставила длабока дилема. Ѝ била дадена терапија надвор од редовните протоколи и без да биде внесена во регистарот на клиниката.Пациентката сведочеше дека при нејзината деветта посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија, лекарот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во дефицит и дека останале само три шишенца. Според нејзиниот исказ, Васев ѝ рекол дека поради нејзината возраст лекот имал „повисока ефективност“ и дека ќе ѝ даде едно шишенце, но без тоа да биде запишано во службената документација.Таа објасни дека лекот бил аплициран во дневната амбуланта во присуство на медицинските сестри, но отсуството на запис за терапијата ја натерало подоцна, кога разговарала со семејството, да се прашува зошто постапката не била спроведена како при сите претходни циклуси.„Сè беше направено неформално, без вообичаениот упат, без потписите што ги дава и матичниот онколог и директорот. Не ми побараа пари, не ми беше сугерирано ништо. Но тоа што не беше запишано – тоа ми остана прашање до денес“, рече таа.Пациентката истакна дека сама се пријавила да сведочи кога дознала за случајот, бидејќи сметала дека има граѓанска должност да го каже она што го доживеала.Одбраната на Васев реагираше дека ваков настан не се случил и побара обвинителството да се држи до „финансиските аспекти“ на обвинението, а не да навлегува во медицински процедури.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryndeu8iq22ien2lP65ya

(Видео) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно.„Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче.Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има.„Ова им го додолжиме на родителите, ова им го додолжиме на сите граѓани, ова го должиме на целото општество. Ова е еден голем тест за зрелоста во нашето општество“, рече Филипче.На прес-конференцијата Филипче посочи дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми да се истражи секој детал од оваа трагедија, и тоа е причината поради која што пратеничката група на СДСМ побара Анкетна комисија во Собранието.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Родителите на загинатите во Пулс гневни и со болка: Со која совест адвкатите ќе земат крвави пари, се плашиме дека ќе бидеме изманипулирани

На првото судско рочиште за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица владее мачна атмосфера. Родителите и роднини на починатите млади луѓе, со болка и солзи го следат рочиштето.Во нивните души има и многу гнев кон сите, но особено кон газда Деко. Тие бараат правда за да се смират и нивните чеда во вечните почивалишта, а нивната болка велат, е ненадоместлива.За нив доколку се досудат 20 години затворска казна за дел од обвинетите правдата нема да биде задоволена, затоа што ги нема нивните 63 млади деца.Својот гнев и болка ја истурија и врз бранителите и ги прашаа со кое лице и совест ќе се ситат и ќе земаат крвави пари.Кога ги видоа адвокатите прокоментираа дека обвинетите избрале познати адвокати кои имаат свои математики за да ги уништат до крај оштетените.Се гледа стравот кај нив дека повторно ќе бидат изманипулирани, а целиот случај ќе се забошоти, како што се случи со други некои трагедии.Апелираат Министерството за здравство и сите надлежни да преземат мерки и да им помогнат на оние кои преживеаја а се повредени и се опоравуваат.Мајка чие дете го загуби во пожарот на медиумските екипи им понуди подготвено кафе во спомен на нивниот син кој многу сакал кафе.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysfmkgf2j6o6q27o89zt

Монструм и парољубец: родителите на загинатите во,, Пулс” со тешки обвинувања за газда Деко

Во судницата во Идризово каде денеска почна судењето за пожарот во дискотеката,,Пулс” на 16 март, кога загинаа 63 лица и повеќе од 200 беа повредени и чие лекување ќе биде макотрпно, присутни се повеќе од 50 родители на загинатите.Родители, роднини и блиски на загинатите од рано утрово дојдоа пред судницата во најголемиот затвор, нетрпеливо чекајќи да почне судењето и барајќи правда за смртта на нивните чеда.Прстот за вина го вперија кон сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, познат како газда Деко и кон неговиот син.Родителите кои го чекаа носењето на Јованов од притвор од Куманово, револтирано и со огромна болка го нарекоа монструм и парољубец.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Судијката Груевска: Правдата за ,,Пулс”ќе дојде можеби за 5 месеци, можеби за 5 години

Судијката Диана Груевска Илиевска на почетокот на судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, на почетокот на судењето нема претстава колку може да трае судскиот процес.Убедена е дека правда ќе има. Бидејќи се работи за сложен судски процес, со многу странки и голем интерес во јавноста, побара дисциплина од вети дека сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана.,,Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сѐ, процесот да се одвива непречено. Не знаеме колку ќе трае, можеби 5 месеци или можеби 5 години, рече судијката Диана Груевска Илиевска.Судењето со внимание, но и со огромна болка во судницата го следат 50 на родители на загинатите во пожарот и голем број домашни и странски медиуми.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2bhr9llnj04heZYiCmq

Судијката Диана Груевска-Илиевска: Нулта толеранција за недисциплина на рочиштата за „Пулс“

Судијката Диана Груевска-Илиевска уште на самиот старт на првото рочиште за случајот „Пулс“ стави јасно до знаење дека процесот ќе се води строго, дисциплинирано и без простор за одложувања. Пред полната судница во КП Идризово таа го претстави составот на судечкиот совет – нејзиниот колега Ахмед Идризи како втор судија и четворица поротници, од кои еден резервен – со цел да нема прекини во постапката.Груевска-Илиевска од почеток предупреди дека ќе има нулта толеранција за нарушување на редот на рочиштата и дека сите учесници мора да се придржуваат до правилата.„Прво што ќе бараме е дисциплина. Прво ќе дадеме опомена, а потоа ќе има отстранување од судница, па и парична казна“, порача судијката, најавувајќи дека секое непотребно одлагање ќе биде санкционирано, а лекарските уверенија ќе се проверуваат детално.Таа истакна дека судот ја разбира болката на семејствата, но постапката мора да се води професионално и без притисок. „Со секоја почит кон болката и тагата на родителите и роднините ќе имаме респект за тоа, но ние сме професионалци и ќе дадеме можност на сите да си ја кажат својата теорија и да понудат докази“, рече Груевска-Илиевска, додавајќи дека судот ќе биде транспарентен.Поради ограничениот простор, судијката упати апел семејствата да се организираат така што по еден нивни претставник да присуствува на рочиштата, за да се овозможат елементарни услови за работа на сите учесници.Таа потенцираше дека никој не може да предвиди колку ќе трае постапката, бидејќи, како што нагласи, „секое брзање може да доведе до грешка и пропаѓање на процесот“.По воведните насоки, почна евидентирањето на присутните. Во судницата се присутни десет обвинители, а трае пописот на обвинетите и нивните адвокати.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори... Нема место во судницата во Идризово, почна судењето за „Пулс“

Полициски комбиња едно по друго пристигнаа во кругот на „Идризово“ додека силно полициско обезбедување ги спроведуваше обвинетите до импровизираната судница. Надвор, на дождливото утро, новинари и фоторепортери стоеја подготвени да го документираат моментот кога почнува најмасовното судење во поновата историја на Македонија.Во судницата – преполна до последно место – беа сместени обвинетите, нивните адвокати, претставници на јавноста и медиумите. Салата е целосно исполнета, со редови до крајот на просторијата, а атмосферата е тензична и внимателна. Се гледаат поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори и одговорни лица од фирмите поврзани со ноќниот клуб „Пулс“, сите обвинети за тешки дела против општата сигурност.Вкупно 35 лица и три правни субјекти се товарат за трагедијата што ја потресе земјата – пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. Ако бидат прогласени за виновни, максималната предвидена казна е до 20 години затвор.Паралелно со овој судски процес, во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција продолжува посебна истрага за дваесетина полициски службеници за кои се сомнева дека имале улога во пропустите кои довеле до трагичниот исход. Оваа постапка дополнително го засилува интересот на јавноста, која го следи случајот со невидено внимание.Денеска, во КП Идризово, почна процесот што треба да даде одговори – кој, како и зошто дозволил ноќен клуб да работи спротивно на сите безбедносни протоколи и што точно довело до најтешката трагедија во поновата македонска историја.

Македонија | пред 2 месеци

puls-roditeli

Најголемото судење во историјата на Македонија: пред правдата излегуваат 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

Точно во 9.30 денеска почнува најголемото судење во поновата историја на Македонија – процесот за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица. Судницата е под засилени безбедносни протоколи, семејствата на жртвите пристигнуваат за да ја слушнат вистината која ја чекаат скоро девет месеци, а правосудниот систем е исправен пред најтешкиот тест досега.Обвинителството ќе треба да докаже вина на вкупно 38 обвинети – од институции до поединци – за низа тешки дела против општата сигурност. Според обвинението, трагедијата не била несреќен сплет на околности, туку последица на години игнорирање на законите, погрешни одлуки и системски пропусти. „Пулс“ работел незаконски уште од 2012 година: без минимално-технички услови, со нерегистрирани реконструкции, без соодветна противпожарна заштита и со крајно небезбедни услови за посетителите.Во документите што ќе ги презентира Обвинителството стои дека повеќе институции издавале лиценци спротивно на законот, не вршеле потребен инспекциски надзор, дозволувале преполнетост на капацитетот и влез на малолетници. Најкритичниот момент настанал кога, за време на настапот на групата „ДНК“, биле активирани пиротехнички средства без дозвола – искра што ја запалила целата трагедија.Јавниот обвинител Љупчо Коцевски уште на прес-конференцијата одржана на 16 јуни јасно порача дека секоја институција имала можност да спречи дел од ризиците, но пропустите се таложеле, создавајќи „ланец што неминовно водел кон катастрофа“.Додека судот го завршува последното техничко тестирање на системите, во зградата се поставени полициски филтри кои ќе контролираат кој влегува и излегува од судницата, а екипи на итната помош се во готовност за медицински интервенции.Со процесот ќе раководи судијката Диана Груевска-Илиевска – со 19 години искуство и долга листа на високо профилирани предмети, меѓу кои и судењата за поранешните премиери Владо Бучковски и Зоран Заев, како и случајот за тешката несреќа кај Ласкарци.Повеќе детали ќе се разјаснуваат во наредните месеци, но едно е јасно уште денес: ова судење ќе биде пресвртна точка за начинот на кој државата се справува со одговорноста, институционалните пропусти и јавната безбедност.

Македонија | пред 2 месеци

kocani-puls-protest-4

Ќе има ли надзорна расправа за трагедијата во „Пулс“? Утре почнува големото судење за жртвите во кочанската дискотека

Утре во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки и со дежурна медицинска екипа, започнува судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На обвинителна позиција ќе се најдат 35 лица и три правни субјекти, меѓу кои се поранешни функционери, инспектори, сопственици на објекти, лица од обезбедување и административци.Обвинението опфаќа тешки кривични дела поврзани со создавање општа опасност и сериозни организациски пропусти кои, според истрагата, директно придонеле до трагичниот исход. Рочиштата ќе се одржуваат двапати неделно, а предметот ќе го суди Диана Груевска – Илиевска.Паралелно со стартот на судењето, во Собранието расте притисокот за политички надзор врз институциите по трагедијата во која на 16 март загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. По маршот на семејствата на жртвите во саботата, кои побараа одговорност и целосно политичко разгледување на случајот, се отворија две иницијативи за надзор.Првата иницијатива доаѓа од Левица. Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, најави дека следната недела ќе свика посебна седница на Комисијата, посветена на претставката на Здружението „16-ти Март“, во која родителите од Кочани наведуваат низа пропусти во институционалното постапување.Апасиев најави дека на седницата ќе присуствуваат и претставници на родителите. Тој истакна дека Комисијата треба да утврди дали институциите реагирале соодветно пред, за време и по трагедијата.Втора иницијатива ја подготвува СДСМ, кој денеска треба да вложи предлог за надзорна расправа и формирање анкетна комисија во Собранието. Лидерот на партијата, Венко Филипче, вчера ја потврди поддршката за барањата на семејствата на загинатите и ги повика сите пратеници да ја поддржат иницијативата.Со овие најави, случајот „Пулс“ добива и правна и политичка димензија: додека судот го започнува еден од најголемите процеси од ваков вид, во Собранието се бара целосен парламентарен надзор над постапувањето на институциите поврзани со трагедијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Мојсоска: „Власта веќе нема изговори - надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има“

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, денеска, на нејзиниот Фејсбук профил, порача дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе ниту еден аргумент да го одлага одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец:„Власта е на потег... Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а тоа го ветуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите нивни изјави и медиумски настапи пред неколку месеци, пратениците од власта тврдеа дека надзорна расправа ќе има штом се поднесе обвинителниот акт (наводно за да не се попречува истрагата).Кога ВМРО-ДПМНЕ во Собрание ја саботираше иницијативата за надзорна расправа поднесена од Левица, пратеничката Дафина изјавуваше дека ,,истрагата се уште не е завршена, да почекаме да биде формиран тој обвинителен акт, па потоа како пратеници да расправаме на тема трагедијата во Кочани." И пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ - Драгана Бојковска (во изјава за ИРЛ) тврдеше дека сами ќе иницираат расправа за Кочани штом заврши истрагата. Поминаа повеќе од месец дена од поднесувањето на обвинителниот акт, а пратениците од власта молчат.Власта веќе нема изговор да не поддржи надзорна расправа и формирање анкетна комисија за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Сега вие сте на потег” - напиша Мојсоска од Левица.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0d0s4fhds6olcvhYAf2

Црни мајки, бели споменици: „Нема вода што ќе ви ја измие вината“ - повик преку пораки за Кочани

Неколку дена пред најавениот марш за правда што ќе се одржи во сабота, на 15 ноември, во Скопје, иницијативата „Кој е следен“ спроведе герила акција со моќни пораки насочени кон јавноста и институциите.На повеќе локации низ центарот на градот, меѓу кои и кај спомениците во близина на „Ибни Пајко“, утринава беа поставени транспаренти и пораки:„Нема вода што ќе ви ја измие вината“,„Правда за Кочани“,„Кога мајките се завиени во црно, совеста нема избор“,„Мајките завиени во црно се огледало на нашата тишина“.Со оваа симболична акција, иницијативата уште еднаш повика на масовна поддршка за родителите на 63-та млади животи изгубени во трагедијата во дискотеката „Пулс“.„Плачат мајки в црно преврзани,бели градој лежат ограбени,чадат села в оган запалени...“— цитираше иницијативата стихови од поетот Ванчо Николески во својата објава, додавајќи дека молкот е најголем соучесник во неправдата.Маршот, кој ќе започне во 12:05 часот од Плоштад Македонија, ќе продолжи покрај Собранието до Основниот кривичен суд, четири дена пред почетокот на судскиот процес за пожарот во Кочани.Родителите на загинатите деца повторно ќе побараат одговорност, транспарентност и правда, а граѓаните преку иницијативата „Кој е следен“ се повикуваат да им се придружат во борбата „за совеста на целата држава“.

Скопје | пред 2 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Судењето за кочанската трагедија ќе се одржува двапати неделно, првото рочиште на 19 ноември

Судењето за трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени над 200, ќе почне следната недела на 19. ноември и ќе се одвива во судницата во Казнено-поправната установа Идризово.Како што соопштија од Основниот кривичен суд во Скопје и Јавното обвинителство, процесот ќе има по две рочишта неделно, со засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим. Првите три рочишта се закажани за 19, 25 и 26 ноември.Оштетените сведоци ќе можат да присуствуваат дури по нивното сослушување.Случајот го застапуваат 15 јавни обвинители, а обвинети се 35 физички и три правни лица. Трагедијата се случи на 16 март оваа година.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Обвинителството подготвено за почеток на судењето за „Пулс“ – 15 обвинители ќе го застапуваат случајот со пожарот во Кочани

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, ќе започне на 19 ноември во Скопје. Државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека обвинителството е целосно подготвено за почетокот на процесот и дека ќе бидат ангажирани доволен број обвинители за ефикасно водење на предметот.„Обвинението во судница ќе го застапуваат обвинителите кои работеа на случајот од самиот почеток. Сепак, на вчерашниот состанок договоривме да се вклучат уште неколку обвинители за да не се оптоварат оние што веќе имаат други предмети. Можеби нема секогаш сите да бидат присутни, но секогаш ќе има обвинител кој ќе го застапува случајот, за постапката да не се пролонгира или одложува по вина на обвинителството,“ изјави Коцевски, додавајќи дека вкупно би можеле да бидат ангажирани и до 15 обвинители.Во однос на предистражната постапка поврзана со службеници на Управата за јавни приходи, Коцевски појасни дека истата се спроведува во Основното јавно обвинителство Кочани. Надлежниот обвинител веќе издал конкретни наредби и насоки до институциите за преземање на неопходните дејствија.Со почетокот на судењето за случајот „Пулс“, се очекува јавноста конечно да добие увид во сите околности што доведоа до една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Македонија | пред 2 месеци

nino-vasev

„Молевме по луѓе за терапија“, искази на денешното рочиште за „Онкологија 2“

На денешното рочиште за „Онкологија 2“ беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на управниот одбор Биљана Гроздановска и Гоце Кузев, чиј татко се лекувал на Клиниката за Онкологија.Тој изјави изјави дека терапијата за неговиот татко никогаш не била навремено достапна.-Бидејќи никогаш ја немаше добиено навремено, бевме загрижени и молевме по луѓе, тие наши пријатели се јавуваа кај тогашниот директор и потоа ни беше давана. Мислам дека сестрата се викаше Цаци и ја даваше на вториот спрат каде што беше неговиот кабинет. Ја даваше некогаш од клиничка аптека, а некогаш ја повикуваше сестрата и ѝ ја даваше тој од неговата канцеларија, па се симнувавме долу да ја аплицираме, рече сведокот.Доктор Митревски, онколог на Клиниката, сведочеше за пациент кој примал хемотерапија во комбинација со биолошка терапија. Тој нагласи дека стандардната доза на лекот бевацизумаб за таа индикација е 400 мг на три недели. Кога му беше предочен документ со препишана доза од 1600 мг, тој одговори дека тоа е превисока доза за таа индикација.Митревски негираше дека ја препишал таа доза, ниту дека бил известен за прешкртан препис во извештајот. Иако рече дека повисоки дози се индицирани за други случаи, за конкретниот пациент изјави дека не требало да ја прими таа количина.По увид во материјалниот доказ, одбраната  констатираше дека дополнението во извештајот се однесува на препорака, а не дека е дадена таква доза.Биљана Гроздановска, членка на Управниот одбор на Клиниката, на денешното рочиште појасни за начинот на носење одлуки во Управниот одбор. Како што рече, одлуките за набавка биле условени со претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.-Управниот одбор за различните прашања кои беа од областа на сметководството и финансиите, задолжително повикуваше економист на седниците, правник беше присутен, на секоја седница на управниот одбор, а беа повикувани и директорите во зависност од дневниот ред да дадат образложение, образложи Гроздановска.Кривичниот суд во јуни годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања