СУДЕЊЕ

kocani-puls-protest-4

Блокадите ќе бидат во мирување: Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ очекуваат фер судење

Родителите на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани решија да ги стават во мирување најавените секојдневни блокади на сообраќајот, откако конечно беше закажан датумот за почеток на судскиот процес.Од здружението на родителите велат дека одлуката да се прекинат блокадите не значи дека ќе престанат со борбата – напротив, тие најавуваат дека ќе продолжат со симболичниот „Марш за ангелите“ секоја сабота, како потсетник на општеството дека трагедијата не смее да се заборави и дека одговорност мора да има.„Ќе го следиме судскиот процес внимателно, ќе бараме тој да биде фер, транспарентен и непристрасен. Секој кој има вина мора да одговара“, велат од здружението.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во март годинава однесе 62 животи, претежно млади луѓе, и остави трајни последици врз локалната заедница и јавноста. Од тогаш па наваму, родителите неколку пати организираа протести, блокади и јавни повици до институциите, обвинувајќи ги за бавност и незаинтересираност.Иако одлуката за мирување на протестите доаѓа како резултат на конкретен чекор од правосудниот систем, семејствата јасно ставија до знаење дека ќе останат будни и ќе реагираат ако процесот почне да се одложува или да се одвива со недозволиво темпо.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Закажано првото судење за трагедијата во Кочани, познат датумот на одржување

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е закажана за 19 ноември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во судницата на КПУ „Идризово“.Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека обвинителниот акт, кој првично беше поднесен од ОЈО Кочани, а потоа по одлука на Јавниот обвинител на Република Македонија пренесен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, е одобрен во целост.Според судот, предметот согласно АКМИС-системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска.Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Сведок пронајден мртов во тоалетот во скопскиот Граѓански суд

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.-Според информациите на Скопје 1, З. Д. бил пронајден мртов во тоалетот во судот. Требало да го повикаат да сведочи на закажаното рочиште.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

(Видео) Штекли не се чувствува виновен: „Не го разбирам делото“, рече во судницата

На денешното судско рочиште, првообвинетиот за случајот за недозволена трговија со дрога Раде Трајковски Штекли, наводно не го разбира обвинението што му се става на товар.Сите останати обвинети пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар.Прашан дали се чувствува виновен за делото што му се става на товар, Трајковски, пред Судот рече дека не го разбира.– Не го разбирам, рече Трајковски.Останатите обвинети Петар Златановски, Стефан Китанов, Александар Вучевски, Стојан Иванов и Филип Таневски пред Судот рекоа дека го разбираат делото и дека не се чувствуваат за виновни.Јавната обвинителка Верица Бержетска Крстевска, во воведен збор рече дека групата била добро организирана и вршела набавка, транспорт и продажба преку синџир на посредници, контролиран од Штекли.Раде Трајковски Штекли се јавува како организатор и координатор на криминалната група, кој бил во контакт со лица од странство и домашни посредници, кои ја договара првичната набавка на кокаин, комуницира со неколку обвинети и осомничени и на истите им дава насока и упатство за проширување на мрежа. При претрес на домот и возилото, и комуникацијата од мобилниот уред се пронајдени бројни докази кои го потврдуваат неговото раководно и централно однесување во набавката на дрога. Со сите предложени докази Обвинителството ќе докаже дека обвинетите се виновни за кривичните дела, односно дека сториле неовластено производство и пуштање во промет на недозволено дроги, рече Крстевска.Одбраната на Штекли, адвокат Сашко Дуковски, во воведен збор рече дека ќе докаже дека Раде Трајковски не формирал, ниту се здружил со група за недозволена трговија со дрога.Трајковски ниту организирал група, ниту се здружил со некого, ниту давал некакви наредби. Обвинителството се повикува на некакви докази обезбедени со ПИ мерки, но во нив нема ниту еден за тоа дека Штекли давал било какви инструкции за овие лица. Прашање е дали некој постапувал по наредба на првообвинетиот или тоа се склоп на дејствија. Тука се поставува и прашањето за надлежноста на ОЈО ГОКК по предметот, изјави Дуковски.Следното рочиште е на 15 октомври и продолжува со изведување докази предложени од Обвинителството.Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

Македонија | пред 3 месеци

nino

Ново рочиште за „Онкологија“, ќе бидат сослушани сведоци предложени од Обвинителството

Судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, денеска треба да продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје.На минатото рочиште, одбраната на Васев поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе случајот или да го делегира на друго обвинителство. Поради потребата јавниот обвинител да донесе одлука, судот ја одложи расправата. Предметот го води судијката Снежана Марковска, додека јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска го застапува обвинението.Предметот се наоѓа во доказна постапка и денеска треба да продолжи со сослушување на сведоци предложени од страна на Обвинителството.Васев, заедно со онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, се обвинети за несовесно лекување, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со неправилно дозирање и без соодветна здравствена проценка.Претходно, друг онколог, Мери Пешевска, призна вина и беше осудена на две години условна казна затвор.

Македонија | пред 3 месеци

pistol-vperen

Пукање во судница во Тирана – убиен судија, две лица повредени

Во Апелациониот суд во Тирана денеска се случи вооружен инцидент со трагичен исход, кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан за време на судење. Иако веднаш бил пренесен во Клиниката за трауматологија, лекарите не успеале да му го спасат животот.Напаѓачот, Ѓан Шкемби, отворил оган кон судијата во моментот кога тој започнал да ја чита пресудата во неговиот предмет. Во пукањето биле повредени и две лица – татко и син – кои, според првичните информации, се надвор од животна опасност.Случајот што го водел Калаја се однесувал на спор за сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар, каде што живееле 31 семејство. Според обвиненијата, Шкемби со фалсификувани документи се обидел да стане сопственик и да ги исели станарите.Се спроведува истрага за тоа како сторителот успеал да внесе пиштол во судот, иако објектот е под високи безбедносни мерки и има метал детектори на влезот.

Балкан | пред 3 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

И рочиштето на Штекли одложено, добил еден вид епилептичен напад во судницата

Рочиштето за случајот „Штекли“, во кој повеќе обвинети се товарат за организирана трговија со дрога, денеска беше прекинато и одложено за 9 октомври, откако првообвинетиот Раде Трајковски – Штекли пред почетокот на расправата доби напад налик на епилептичен и падна во судницата.Екипата на Брза помош изврши лекарски преглед, при што обвинетиот бил контактибилен, но изјавил дека „не знае каде се наоѓа“. Лекарката нагласи дека тој одбил да ја прими понудената терапија, бидејќи претходно во затвор примал друг вид на лекови, а одбил и да потпише изјава за тоа.Адвокатот Сашко Дуковски пред Судот потенцираше дека не може напад кај лице со потврдена епилепсија да се смета како нарушување на редот. „Обвинетиот вчера беше прегледан од психијатар и доби терапија поради суицидални идеи. Ако денеска не ја примил, ваков напад е очекуван исход,“ изјави Дуковски. Тој додаде дека одбраната нема никаков интерес да го одолговлекува процесот и дека по вакви услови не може да се продолжи со испрашување и вкрстени прашања.Судијата Илија Трпков објасни дека приоритет на Судот е процесот да биде ефикасен и правичен, но и здравјето на обвинетите да биде заштитено. „Во предметот има повеќе обвинети, не само Раде. Но, имајќи предвид дека веќе е крај на денот и има уште многу прашања, главната расправа се одложува за 9 октомври. Секој обид за одолговлекување ќе биде санкциониран,“ изјави судијата.

Македонија | пред 4 месеци

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ за обвинителката Наташа Поп Трајков: „Недозволив однос и директно заплашување на обвинетата Татјана Димитровска“

Одбраната на обвинетата Татјана Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ, реагира по повод денешната изјава на јавната обвинителка на ОЈО за ГОКК, Наташа Поп Трајкова, по завршувањето на денешното судење, а во кое се известува јавноста дека обвинителството постапува поради постоење индиции и се спроведува постапка во која се сослушуваат сведоци од други институции против обвинетата.-Ваквиот однос е недозволен и претставува директно заплашување на обвинетата и повреда на принципот на презумција на невиност кое начело е гаранција против произволност и злоупотреба на државната власт, односно спротивно на ЕУ директивата која забранува јавни изјави од државни органи што можат да сугерираат вина и воедно претставува обид однапред да се наметне осуда на обвинетата во јавноста.После се што ни се случува повеќе од очигледно е дека се потребни темелни реформи во јавното обвинителство, вели тој во неговата реакција.

Македонија | пред 4 месеци

nino

Одложено судењето за Онкологија – одбраната на Васев бара предметот да го преземе обвинителот Коцевски

Судењето за случајот со Клиниката за онкологија, во кој првообвинет е поранешниот директо Нино Васев, е одложено за 8 октомври. Причината е барањето на неговата одбрана државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство.Судијката Снежана Марковска информираше дека поради поднесениот предлог за преземање на кривичното гонење, за кој треба да одлучи јавниот обвинител на РСМ, не се исполнети услови за водење на постапката, па главната расправа е одложена.Адвокатот Боби Спиркоски, кој сега е нов бранител на Васев заедно со адвокатот Дељо Кадиев, достави до судот официјално барање за делегирање на надлежноста од ОЈО Скопје кон државниот јавен обвинител. Претходно, адвокатите Мартин Митровски и Никола Ставрев го повлекоа полномошното.Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска побара одложување на рочиштето, истакнувајќи дека не може да се произнесе по барањето на одбраната и дека тоа мора да се проследи на надлежна адреса.Денешното рочиште требаше да продолжи со сослушување на сведоци предложени од обвинителството, кои беа повикани во Основниот кривичен суд во Скопје.Обвинетите се поранешниот директор на Онкологија Никола Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Тие се товарат за „несовесно лекување“ и продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“, бидејќи кај 29 пациенти биле администрирани неподобни терапии со неправилни дози и без соодветна здравствена проценка.Во постапката учествуваше и онкологот Мери Пешевска, која призна вина и доби две години условна казна затвор.Покрај ова обвинение, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката се води уште една постапка за злоупотреба на службената положба и проневера, со која, според обвинението, на државниот буџет му е нанесена штета од над 2,2 милијарди денари.

Македонија | пред 4 месеци

lidija-dimova

Лидија Димова осудена на две години затвор за злоупотреба на службена положба

Основниот кривичен суд во Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Таа е осудена на казна затвор од две години.Пресудата предвидува и парична обврска – Димова треба да плати судски паушал од 10 илјади денари, како и да ги покрие судските трошоци. Во рок од шест месеци таа е задолжена да ја врати и штетата настаната врз Националната агенција, во износ од 22,7 милиони денари.Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ја ослободи Димова од обвинението за измама, а третата обвинета, Ана Павлиду, одговорна за „несовесно работење во службата“.Во образложението беше наведено дека со несовесно и нестручно постапување Димова овозможила противправна корист за трети лица, што резултирало со штета од 2,818 илјади денари на европските фондови. „Кога станува збор за делото измама, недостига опис за тоа како конкретно е извршено и со кои лажни податоци е предизвикана штетата. Без вакви елементи нема основа за обвинение за измама, поради што судот мораше да донесе ослободителна одлука,“ појасни судијката.Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска го застапуваше обвинението, поднесено во јуни 2022 година.Според Обвинителството, во периодот од 2018 до 2020 година, како директорка на Агенцијата, Димова ја злоупотребила функцијата и овозможила значителна имотна корист за други лица. Таа постапувала спротивно на Законот за јавни набавки и на Законот за основање на Агенцијата, кршејќи ги принципите на законитост, еднаквост и јавност. Без да објави јавен конкурс, склучувала договори со надворешни лица кои ги ангажирала како експерти, обучувачи и соработници, при што ги дискриминирала потенцијалните кандидати.

Македонија | пред 4 месеци

jlldiz-veaposka-750x430-1

Три години одлагања во процесот за Веапоска – делото застарува идната година!

И денешното рочиште во Основниот суд во Струга за случајот со Јилдиз Веапоска од Дебар не се одржа. Наместо разгледување на извештајот од супервештачењето, постапката повторно беше стопирана поради барањето на одбраната за изземање на судијата кој го води процесот.Родилката, која по породување со царски рез во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, видно потресена излезе од судницата. Таа изјави дека повеќе нема ни здравје ни сила да се носи со постојаните одложувања и дека, како што рече, во државата нема ни суд ни правдина.„Срамно е, докторите дојдоа од Скопје за вештачењето, а наместо завршни зборови, повторно се пролонгира процесот без рок,“ додаде Веапоска.Нејзиниот застапник, адвокатот Сашо Јанев, смета дека ваквите барања се дел од стратегија на одбраната за одолговлекување и застарување на предметот. „Сепак верувам дека судот ќе реагира ефикасно и дека ќе добиеме осудителна пресуда која одамна ја очекуваме,“ истакна Јанев.Судењето против тројцата лекари – гинекологот Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и докторката Лилјана Јованоска – трае речиси три години. Делото може да застари на почетокот од идната година, а предметот веќе трипати се враќаше на почеток поради промени на судиски состав.

Македонија | пред 4 месеци

nino-vasev-sud

Почна судењето „Онкологија“: Не станува збор за пропусти, туку за криминално несовесно лекување, рече обвинителката

На отворањето на постапката за случајот Онкологија, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска изјави дека Нино Васев и тројца онколози не направиле само грешки, туку „криминално несовесно лекувале“. Таа посочи дека пациентите и нивните семејства имале доверба во обвинетите, очекувале соодветна грижа и терапија, а „не ни помислувале“ дека нивното здравје ќе биде нарушено.Според обвинителството, доказите ќе покажат дека Васев – како лекар, онколог и физотерапевт – свесно и систематски постапувал спротивно на основните етички начела и на онколошките правила, со што предизвикал сериозни нарушувања на здравјето на пациенти. Во посочениот период, велат од ОЈО, преземал низа временски и содржински дејствија искористувајќи ја својата позиција и пропустите во системот, при што грубо ги нарушил европските и светските стандарди и препораки за онколошко лекување. Без конзилијарни одлуки и без потребна медицинска документација одобрувал и спроведувал неподобни терапии – надвор од индикација, со недозволени дози, со несоодветно темпирање и без процена на перформанс-статус и биохемиски параметри. Дел од терапиите, според обвинението, се давале и кога било очигледно дека се бесцелни, па дури и штетни, вклучително и случаи на употреба на имунотерапија кај пациенти без можност.Во однос на Мери Пешевска, обвинителката наведе дека несовесното постапување било овозможено и преку нејзина директна соработка со Васев: му ставила на располагање свој факсимил, лични акредитации и корисничко име и лозинка за болничкиот систем за онколошки терапии, со што обезбедила административен пристап без соодветна контрола. За седум пациенти, рече таа, Пешевска дозволила финализирање на терапија од страна на Васев. Судот, додаде, ќе биде запознаен со детални медицински белешки и вештачења за секој поединечен случај.ОЈО најави дека ќе презентира докази оти Васев, Црвенкова и Јакимовски во критичниот период сториле кривично дело несовесно лекување болни: преку низа поврзани дејствија, спротивно на стручните онколошки упатства и без документација, давале неподобни терапии, често и со неточни дози, кај пациенти кај кои тие биле не само неефективни туку и штетни. Биле користени и лекови од нови генерации кај болни во крајна состојба, кога поради кратко време за дејство и лоша општа состојба не можел да се очекува ефект, со што дополнително се влошувала нивната здравствена состојба. „Ќе бараме правдата да биде задоволена во име на пациентите, на лекувањето и на хуманоста,“ го заврши воведниот збор обвинителката.Претходно, Кривичниот суд не го прифати спојувањето на двата предмета за Онкологија – првиот за несовесно лекување на пациенти и предметот за финансиски злоупотреби на клиниката. Во двата постапки првообвинет е Нино Васев – поранешен директор, а во еден од предметите е обвинет и организацискиот Нехат Нухи. Судот ги одби и приговорите на одбраната дека словенечкиот вештак немал соодветна лиценца, констатирајќи дека согласно договорите се е законски, па вештачењата можат да се ценат како докази.Обвинетите се товарат за кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Според наводите, кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на состојбата.Паралелно, против Васев и поранешниот економски директор е поднесено уште едно обвинение – за злоупотреба на службена положба и проневера, со наводно причинета штета на државниот буџет од над 2,2 милијарди денари.

Македонија | пред 4 месеци

nino

Докторката Пешевска призна вина во „Онкологија“, ексдиректорот Васев не се чувствува виновен

Специјалист докторката Мери Пешевска од одделението за малигни тумори на дојка призна вина во случајот „Онкологија“, додека поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.„Слушам да, за што сум обвинет. Не се чувствувам за кривичните дела кои ми се ставаат на товар од страна на обвинителството“, изјави Васев.Неговиот адвокат, Никола Ставров, оцени дека постапката се водела со пропусти и со, како што рече, „емотивен пристап на обвинителката“, оставајќи впечаток на, според него, еден вид заговор против обвинетиот. „Ние како одбрана ќе се фокусираме на побивање на наводите и доказите на обвинителството преку основани и законити докази, како и преку вештачењето кое го обезбедивме“, изјави Ставров.Бидејќи судот го одби барањето за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната на Васев побара вештаците да бидат директно сослушани, а како сведоци ќе бидат повикани и лекари онколози од Клиниката.Докторката Пешевска, пак, со изјава пред судот ја прифати одговорноста. „Да се извинам според обвинението доколку сум постапила небрежно или невнимателно. И доколку за овие седум пациенти не сум сигурна дека јас сум ја продолжувала, иако бил користен мој печат и факсимил. Тој беше оставен на шалтер за побрзо да минуваат пациентите. Ја прифаќам вината, затоа што моето корисничко име и лозинка сум ги оставила за да има пристап за давање терапија“, рече Пешевска.

Македонија | пред 4 месеци

filip-andov

Му судат на ексдиректорот на затворот во Шутка, тој вика: Не сум прекршил закон, полицајците правилно си работеле

Се одложи судењето за случајот против поранешниот директор на Затворот „Скопје“ Филип Андов и против повеќе полициски службеници, обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување.Обвинителството ги товари дека во 2024 година дозволувале осуденици да бидат спроведувани до нивните домови и други локации за приватни потреби.Рочиштето беше одложено по барање на одбраната, за да изврши увид во доказите. На следното судење обвинетите ќе треба да се изјаснат дали се чувствуваат виновни.Андов пред новинарите изјави:„Во моето работење, во три и пол години како директор на затвор ‘Скопје’, во ниту еден случај не сум го прекршил Законот за извршување на санкции, ниту сум ја повредил безбедноста на затворот. За затворската полиција можам да кажам дека целосно правилно си ја имаат извршено задачата и безпотребно се обвинети.“

Скопје | пред 5 месеци

rade-stekli

Штекли во болница – неконтактибилен и дезориентиран, судењето беше одложено

Судењето против Раде Трајковски – Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска беше одложено поради неговата здравствена состојба. Тој бил неконтактибилен и дезориентиран, по што итно бил префрлен со Брза помош на Клиниката за неврологија.Како што изјави судијата Илија Трпков, уште вчера Трајковски се пожалил на здравствени проблеми, поради што во затворот било повикано медицинско лице.Според информации на Скопје1 добиени од извори во затворот, обвинетиот имал слични напади и претходниот ден.Судењето првично беше презакажано за 11:30 часот, под услов да биде завршен прегледот и обвинетиот да биде донесен во судот.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања