Шведска отвори истрага по пријави за сомнителни дронови над Карлскрона
Шведската полиција отвори истрага откако жители пријавиле сомнителни дронови над архипелагот Карлскрона, каде се наоѓа најголемата поморска база и седиштето на крајбрежната стража, јави SVT.Инцидентот се случил во четвртокот навечер, кога повеќе жители на островите Стурко и Тјурко забележале летала над подрачјето Мокклосундсброн. Полицијата која излегла на терен потврдила дека видела еден дрон. Дополнително, еден службеник изјавил дека слични летала се пријавени и на три други локации во земјата
Свет | пред 1 година