ТЕТОВО

DSC_0288

Царува превозот без лиценци во Тетово: полицијата запре три лица кои заработувале „на црно“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 06.12.2023 на регионален пат Тетово – Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.12.2023 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.02.2024 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

Македонија | пред 1 година

51235134

Автомобилот од кој вчера беше пукано бил одземен со закана - нови детали за случувањето во Тетово

На 11.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица „Илинденска“ во Тетово.Повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата. Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на 12.04.2024 на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено.Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло“ било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

434576809_816401563855561_6583113605515316175_n

Пукањето во Тетово е продолжение на судирот кој започна во јануари кога едно лице беше убиено?

Медиумот на албански јазик „Ина“ објави дека вчерашното пукање во Тетово се поврзува со она кое се случи во јануари годинава - односно дека станува збор за продолжение на судирот меѓу две семејства.ИНА пишува: „Синоќа, на 11 април 2024 година во 22 часот и 45 минути во Центарот за управување со кризи Мумин Терзија пријавил дека лице со маска на главата од автомобил ‘Поло’ со непозната регистерска табличка пукало во насока кон неговата куќа на улицата „Илинденска“ во моменти кога целото негово семејство се наоѓало во куќата.  Нема повредени лица. Пронајдени се чаури од испукани куршуми. Полицијата врши истрага.“ – велат во СВР Тетово.ТВ Клан Македонија објави на 12 јануари 2024 година информација во врска со пукањето и повредувањето две лица пред тетовската Клиничка болница, што се случи на 11 јануари, еден ден претходно. Тогаш се случил оружен инцидент и тепачка меѓу членови на семејствата Мусаи и Терзија и постои веројатност дека најновото пукање врз куќата на Мумин Терзија е продолжение на судирот меѓу овие две семејства од јануари годинава.Во својата информација од 12 јануари ТВ Клан Македонија има објавено: Почетниот проблем меѓу семејствата Терзија и Мусаи се случил на 11 јануари 2024 пред Основниот суд во Тетово кога по зборовен судир Реџеп Терзија и Адурим Мусаи се степале. По тепачката Реџеп Терзија бил одведен во полиција, а Адурим Мусаи бил испратен во болница со повреди. Како сведок во полициската станица се пријавил Мумин Терзија. Потоа двете страни се сретнале пред тетовската Клиничка болница. Таму во околности, непознати за полицијата,  во пукотница со огнено оружје биле повредени браќата Адурим и Зејнула Мусаи“.Вчерашниот пукач не е пронајден, а во јануари, едно од повредените лица почина. Лицата кои поминаа 48 часа во притвор беа пуштени на слобода, пиштолот не беше најден, а ниту лицето кое го изврши пукањето.

Македонија | пред 1 година

IMG_4794

Црквата на Тетовско кале нападната од вандали

Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ соопшти дека утрово пријавила во полиција упад на манастирскиот имот „Св Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.Посочуваат дека ова се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава.-Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност, соопшти Тетовско-гостиварската епархија.

Македонија | пред 1 година

toskovksi

(Видео) Несреќен случај е паѓањето на кучето од зграда во Тетово, утврдила истрагата на МВР - нема одговорност со име и презиме

Кучето кое беше снимено како паѓа од седми кат од тетовска зграда бил несреќен случај, посочи техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој кажа дека не може таму да се бара име и презиме, бидејќи станува збор за касус. „Имаше трагичен случај, каде куче во Тетово паѓа од шестти-седми кат, хорор беше сликата која ја видов. Таму се вклучија луѓе, не само од СВР Тетово, туку и од Скопје. Согласно информациите кои ги добив, колку и јавноста да бараше име и презиме на потенцијален сторител на одредено кривично дело - факт е дека кучето било испровоцирано од пожарникари, кои сакале да го извлечат кучето, а истото во позиција на касус, несреќен случај - загинува како што загинува. Сега не можам јас затоа што јавноста очекувала да има име и презиме предметниот настан, кога фактите говорат дека е касус, не можам да излезам од таа фактичка состојба“, кажа Тошковски во „Претрес со Ландов“.https://youtube.com/live/SEe5qCrROFU?feature=shareИстовремено, денеска во 11 часот на булеваорт Благоја Тоска во Тетово ќе се одржи протест.„Само во Македонија може да помине неказнето екстремно насилство врз бездомно животно кое длабоко потресе илјадници граѓани, очевидци и нанесе страотно страдање и болна смрт на несреќно животно . Убивте бездомно мирно куче, убивте човеков најдобар пријател. Само во Македонија може мирно да се преспие и институциите да не превземат ништо! Ова што се случи во нашиот град е непростлива суровост над невино живо битие од страна на инвеститорот на зграда во изградба и службени лица, пожарникари, кои секаде во светот се синоним за хуманост – а тука кај нас во Тетово, Македонија ставиле пред свршен чин преплашено куче да се фрли од зграда за да им избега и да се спаси“, велат организаторите на протестот.

Македонија | пред 1 година

Untitle13513452345d-1

(Видео) Грозоморен чин: Бездомно куче фрлено од седми кат во Тетово среде бел ден

Бездомно куче е фрлено од зграда во Тетово, од седми кат, објави Анима Мунди. Грозоморниот чин се случил сред бел ден, пред очи на граѓани. Чинот бил и сниман.„Безумие и суровост која не знае за граница - во Тетово, бездомно куче фрлено од седми кат од зграда. Среде бел ден, на очи на граѓани, комшии и минувачи кои масовно ни пријавуваат и се во шок; во зграда во изградба во која залутало несреќно бездомно куче, инвеститорот со помош на пожарникари , со стап и покрај сетто плачење на бездомното животно, го присилиле да рипне од 7 кат, зошто немало како и каде да избега. Видете го кучето, слушнете го плачењето негово на ова видео - умира во страотни маки по 20 минути агонија на крвавиот асфалт. Локацијата е карши пицерија Јани во Тетово“, објавија од здружението.Граѓани кои вртеле и пријавувале во полиција, на бројот 112, се потсмевани и им е спуштена слушалка, тврдат тие.„Дали во Македонија владее колективно лудило и безредие, и ова ќе биде само еден во низата фрапантни случаи на насилство кои ќе помине неказнето, или конечно некој ќе се одважи и постапи, изврши истрага и додели казна затвор за екстремна свирепост и мачење и убиство на животно?! Бараме МВР итно да ги лоцира и приведе сите инволвирани во убиството на ова куче, изрече затворска казна и внатрешна контрола - итно да се лоцираат полициските и други службеници на линијата 112 кои ова злодело го изигнорирале и одбиле да постапат. Работи ли и за кого работат службите на оваа држава , прашуваме! До кога ќе се преправаме дека ништо не се случува, до кога ќе се казнуваат граѓани и за фрлен опушок, а насилници и деликвенти се оставаат на мира да сакатат, мачат, убиваат што ќе им дојде на памет?Полиција за животни под итно и затворски казни за мачење и убивање на животните. За оние на кои животните не им важни потребно е да знаат дека насилството врз животните е само вовед , преодна фаза и секако кулминира во насилство врз секоја друга индивидуа, вклучително и човек!“, додаваат тие.

Македонија | пред 1 година

velkovski-2

Велковски: 270 дечиња се на листа на чекање во градинките во Тетово

Над 270 деца во Општина Тетово се на листите за чекање за згрижување во детските градинки, додека пак бројот на деца на територијата на Република Македонија е над 5.000. Ова денеска го изјави техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при посетата на детската градинка „Младост“ во Тетово.„Моментално во Македонија чекаат над 5.000 дечиња на листите за чекање за прием во детските градинки. Ќе треба во наредниот период да работиме и на ова прашање да сите дечиња бидат згрижени и еве во Тетово морам да кажам дека само во детската градинка Младост податокот е дека над 270 деца се на листата за чекање за прием во градинката. Мора да го надминеме овој проблем и со оние објекти коишто се припремаат во рамките на општина Тетово и веќе да нема деца на листите за чекање и истите да бидат згрижени во детските градинки“, вели министерот Велковски.Покрај обезбедувањето на нови просторни услови и зголемување на капацитетите во градинките, клучен проблем којшто мора итно да се реши е и обезбедување на лиценци за лицата коишто со години чекаат да се стекнат со истите.„Морам да потенцирам дека она кое што веќе шеста недела го зборувам како човек и го пренесувам како министер пред се, ми се потврдува и со самото присуство при теренските посети на детските градинки низ државата. Тоа е проблемот со просторните услови, проблемот со персоналот којшто е најголем и е континуирано истакнуван од страна на директорите и луѓето кои што работат во детските градинки, но најважно од се е решавање на проблемот со лиценците со коишто не можат да се стекнат дел луѓето кои што треба да бидат во процесот за вработување во самите детски градинки. Ова се потврди и денеска во Тетово. Грижата за 30 дечиња во една група е сведена на еден или двајца вработени, а знаеме каков е предизвикот за негувателките да можат да се грижат за 30 деца 8 работни часа“, додава Велковски.Техничкиот министер Ѓоко Велковски порача дека заедно со неговиот тим и вработените во министерството за труд и социјална политика веќе работат на изготвување на целосна анализа за општините на територија на Република Македонија како би ги увиделе предизвиците со кои се соочуваат детските градинки и подготовка на програмски активности за по 8 мај кога би започнале со брзи чекори за решавање на истите.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Крвично тепање во Тетово: два сучаи на семејно насилство - син натепал татко, а сопруг нападнал сопруга

За еден ден, во полиција се пријавени на случаи на семејно насилство.СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 07.02.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот 48 – годишен татко и му упатил закани.СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.М.(28) од с.Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 13.11.2023 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга и ѝ нанел повреди.

Македонија | пред 1 година

tetovo

(Видео) „4 несреќи 97 загинати 0 осудени, разрешување“: граѓани побараа одговорност за пожарот во модуларната болница

„Вистина над лагата“, „одговорност сега“, „правдата не е трговија“, 4 несреќи 97 загинати 0 осудени, разрешување“. Ова се барањата на денешниот протест пред Основниот суд Тетово.  Граѓаните и роднини на загинатите изразија револт  и бараат одговорност за пожарот во модуларната болница во која животите ги загубија 14 луѓе при пожар на 8 септември 2021. Протестот доаѓа по документарецот објавен од Истражувачката репортерска лабораторија насловен како „Убиство во Тетово“. Тие споделија откритија, документи и направија реконструкција според искази од сведоци.Посочија дека објектите не се граделе според Законот за градење и немало соодветни материјали за заштита од пожари. Се осврнаа на германското вештачење кое беше изведено и во судница, каде токму несоодветната градба и лошата електрична инсталација се лоцирани како причина за пожарот. 

Македонија | пред 2 години

296fa8ac-8c5d_IMG_3824

Општина Тетово не им дозволува на ФК Тетекс и Љуботен пристап до градските стадиони

Еден од најстарите фудбалски клубови ФК Тетекс денес во свое и во име на ФК Љуботен испрати соопштение до јавноста дека Општина Тетово не им дава дозвола да тренираат и играат ниту на стариот, ниту на поновиот градски стадион. Велат дека имале повеќемесечни безуспешни обиди со општината за да им се овозможи да го користат стадионот, а сега ексклузивно право на тоа има само ФК Шкендија.- Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Ексклузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија! Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања, реагира ФК Тетекс.Додаваат дека во минатото без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони, како и на тоа дека во позадина на ваквата пасивност се крие политика.- Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС (Агенција за млади и спорт), на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во позадина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спортскиот дух кај младите, додаваат од клубот.

Македонија | пред 2 години

20230503092858

Боли молкот на интелектуалците за трагедијата во Тетово, вели д-р Лазаров

Доктор Ненад Лазаров е еден од не многуте кои со реакција се јавија по објавувањето на документарецот на ИРЛ за трагедијата во тетовската модуларна болница.Тој повика секој да ја погледне истражувачката сторија.– Истекуваат и 24 часа како фактографски во документарецот на ИРЛ ви беше прикажано дека заради личен профит живи гореа луѓе во т.н. монтажна болница, конкретно се посочени и виновници. Не очекувам протести по улица, она што ме боли е молкот на сите вас т.н. интелектуалци, а повторно се потврдува и дека медиумите се еден од најголемите непријатели на народот! – порача д-р Лазаров.Видно револтиран констатира:– Како ли ни се смееле додека одевме од болница во болница од крај на крај на земјава, по карантини и ноќи да однесеме се можно што успевавме да обезбедиме со помош на народ или што направивме од заштитна опрема, за колеги медицинари оставени голи и боси да се борат со непознато, со хируршки маски против аерогена болест, додека нив им вртел бројчаникот…

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-08-12-111724

(ВИДЕО) „Видовме сé, освен вистината“: ИРЛ со документарец за пожарот во тетовската модуларна болница

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) утре на МРТВ ќе го објави новиот истражувачки документарен филм за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој изгореа 14 лица, насловен – „Убиство во Тетово”.Репортерите на ИРЛ повеќе од седум месеци работеле во Скопје и во Тетово и ги собирале и анализирале податоците од документите добиени за овој случај.„Чудни околности го следат целиот тек на предметот. Замрсени тендерски постапки, контрадикторни вештачења, педесетина сведоци, завидна документација. До сега видовме сé, освен вистината”, се наведува во најавата за документарниот филм МРТВ. 

Македонија | пред 2 години

20230714165926

Отстранет еколошкиот билборд во Тетово

Еколошкиот билборд од центарот на Тетово е остранет од страна на општинските работници, бидејќи шест години истиот стои без да ја врши својата функција.Како што наведуваат од „Тетово инфо“, билбордот веќе шест години стоел неупотреблив и без да врши функцијата да апсорбира ситна отровна прашина односно ПМ10 и ПМ 2, 5 честички. Од таму велат дека билбордот бил поставен со пари на невладиниот сектор, приватни компании и германската амбасада.- Поради негрижата од претходната локална власт, еко-дрвото со години стои исушено и веќе нема ефект врз подобрување на аерозагадувањето, за што и беше поставено. Поради тоа одлучено е истото да биде отстрането - соопштиле од службата за односно со јавноста при Општина Тетово. Оваа вертикална конструкција која беше поставена во март 2017 година имаше комбинација на мовови и васкуларни растенија односно растителен филтер со улога на прочистувач на воздухот како што би имале 275 дрвја.Неколку месеци по поставувањето голем дел од растенијата се исушија. Еколошкиот билборд потоа со години стоеше без примарната функција, а граѓаните во него оставаа отпадоци.Вакви билборди беа поставени на повеќе локации во земјава, меѓу кои и во главниот град. И тука, билбордите се исушени и повеќе собираат ѓубре и прашина отколку што служат за прочистување на воздухот.Објавата за отстранувањето на билбордот предизвика лавина реакции од граѓаните кои укажаа дека истиот никогаш не функционирал и џабе биле потрошени пари, а имаше и такви кои посочија дека е полесно да се стопи за старо железо отколку да се обнови.

Македонија | пред 2 години

tepacka1

Брат заедно со маќеата ја истепал сестра му и не и дозволил да излезе од дома

Вчера полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.М.(20) од гостиварско село, со престој во Гостивар.Тој се сомничи дека со сопругата на неговиот татко, П.М.(47), физички ја нападнале неговата 23-годишна сестра и не ѝ дозволиле да излезе од домот.Во врска со настанот, во полициска станица бил извршен службен разговор и со П.М..По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Македонија | пред 2 години

bolnica-tetovo

Ќе овозможам да има седум лифта во болницата во Тетово, вели Меџити

Не само еден, туку седум лифта ќе има во болницата во Тетово, истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити.Одговарајќи на новинарски прашања, Меџити денес кажа дека бара да се обезбедат лифтови за да не се носеле пациенти во ќебиња.„Тропам на сите врати во сите надлежни институции во Македонија. Не можам да обезбедам еден лифт набрзина за да не се носат пациентите со ќебиња, но тоа се нашите закони, тоа е нашиот правен систем. Врзани ми се рацете, но јас не само еден, ќе овозможам да има седум лифта во Тетово, ќе има во хематологија, ќе има во интерно, ќе има во хирургија, значи сите лифтови што не работат во државата ќе работат за три месеци. Држете ме за збор за тоа“, рече Меџити.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања