ТЕТОВО

media-librarykrrcr4p7a0qa7vZnqlD

(Видео) Скандалозни пароли во Тетово по мечот Албанија–Србија: „умри Србија“, „каурски пи**и....“

Скандалозни пароли се извикуваа во Тетово по фудбалскиот натпревар Албанија-Србија, каде победи Албанија. Поединци, се снимени како скандираат „каурски пи**и“, „умри Србија“. Меѓу останатите пароли, се скандираше и „УЧК“.За да се спречат вакви инциденти во Скопје, вчеравечер, полицијата го забрани движењето во центарот на градот. Прослава имаше и во главниот град.Во соседството, односно Косово, имаше и пукање со пиштол за време на прославата.„Скопје1“ испрати прашања и чека одговори, дали е поведена постапка за овој случај.

Македонија | пред 3 месеци

ali-ahmeti

Ахмети од Тетово до Мицкоски: „Ќе има поделби, едни со Албанија, едни со Бугарија“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Тетово му упати остро предупредување на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека секое скршнување од европскиот пат може да ја подели државата.„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, изјави Ахмети, а изјавата ја пренесе албанскиот портал „Тетова сот“.Во своето обраќање тој зборуваше и за отворањето на изборниот штаб во Тетово, што, според него, претставува значаен чекор во „историскиот плебисцит“ кој следува.– Денес во Тетово беше нашиот изборен штаб, означувајќи важен чекор во историскиот плебисцит, што нè очекува. Оваа извонредна мобилизација е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата. Обединувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците, кои ги сервираат ‘задоцнетите патриоти’. Знаеме дека не е лесен нашиот пат, но нашето единство е гаранција оти никој не може да нè запре. Овој плебисцит не е за една партија, ниту за еден поединец, туку за сите Албанци и за нашата земја – рече Ахмети.

Македонија | пред 4 месеци

media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Обвинителството повторно побара обдукција на телото на починатото девојче во тетовската болница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово повторно издаде наредба за извршување на судско-медицинска обдукција на телото на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое на 20 септември почина за време на лекување во Клиничката болница во Тетово, а за кое родителите не дозволуваат да се изврши обдукција.Според обвинителството, обдукцијата е неопходна за целосно да се расветлат околностите околу смртта на детето.Од Клиничката болница Тетово претходно информираа дека веднаш по приемот на пациентката биле преземени сите неопходни медицински мерки, но и покрај напорите на лекарите девојчето починало.

Македонија | пред 4 месеци

media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Почина седумгодишно девојче од Челопек за време на лекување во тетовската болница

Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина за време на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат од установата.Од болницата соопштија дека пациентката била примена на Одделението за педијатрија во саботата, на 20 септември, во 20:40 часот.„Веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки“, наведуваат од болницата.Во текот на третманот била побарана интервенција од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ). „Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина“, стои во соопштението.Клиничката болница информира дека побарала да биде извршена судско-медицинска обдукција за целосно расветлување на случајот. „Сепак, до овој момент, семејството на пациентката го изрази своето противење за спроведување на обдукцијата. Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти“, додаваат од установата.Од болницата нагласуваат дека се подготвени целосно да соработуваат со надлежните институции за секое дополнително појаснување во врска со овој случај.

Македонија | пред 4 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Ветувања за „туѓа нега“ завршија со измама – тетовчанка останала без пари и без помош

Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен случај на измама извршена врз 59-годишна жена од тетовско село.Според информациите од МВР, на 16 септември 2025 година, околу 15:15 часот, жената пријавила дека била доведена во заблуда од лице со иницијали Х.Н. од тетовско и уште едно машко лице. Тие ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат да добие социјална помош – туѓа нега, но за тоа побарале 500 евра.Жената ги подготвила потребните документи и на крајот на 2024 година добила решение со кое нејзиното барање било одбиено. Таа ги известила осомничените, но тие продолжиле да ја убедуваат дека парите ќе ѝ бидат исплатени набргу. По извесно време го прекинале контактот со неа, по што сфатила дека е измамена.Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 месеци

teodora

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“

Ева Ристовска, сестрата на трагично загинатата Теодора од Тетово, остро реагираше по денешната судска пресуда, каде што лицето кое ја нападна скопската градоначалничка Данела Арсовска, доби идентична казна – две години затвор, исто како и Менсур Пајазити, возачот кој ја усмрти Теодора на пешачки премин.„Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор? Каде е правдата? Судство, правда или корупција – срам да ви е! Со вакви судии немаме ни суд, ни правда“, напиша Ристовска.Теодора беше усмртена на пешачки премин во Тетово, а нејзиното семејство веќе подолго време апелира дека правдата е недостижна и дека казната за возачот е понижувачка и неправедна.

Коментари | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Приведен 75-годишник од тетовско, пријавен е дека полово вознемирувал малолетничка

На 28 август 2025 година, околу 17 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.Б. (75) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.Случајот бил пријавен на 11 август годинава од страна на 42-годишна жена од тетовско, која пријавила дека осомничениот полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка.По добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории на З.Б., при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон, лаптоп компјутер, ресивер и други предмети.Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

mecka

(Видео) Се повеќе мечки во подножјето на Шара: една се симна и во куќа по храна

Мечките сè почесто се појавуваат во подножјето на Шар Планина, а последните два случаи предизвикаа и вознемиреност кај жителите на Тетовскиот регион.Во тетовското село Беловиште е забележана мечка заедно со своите мечиња. Станува збор за редок, но истовремено и ризичен случај, бидејќи мајките-мечки знаат да бидат особено заштитнички настроени кога се со своите младенчиња.Во друг случај, мечка навлегла во една од куќите во селото Отунје, во Општина Тетово. Настанот дополнително ги вознемири локалните жители, кои апелираат на поголема заштита и превенција.Проблеми со симнувањето на мечките од планините во потрага по храна имаше и изминатите години.

Македонија | пред 5 месеци

viber_image_2025-08-10_13-39-47-293

Малолетници од 15 и 17 години дел од групата уапсена за убиството во Тетово

Двајца малолетници се меѓу четворицата уапсени за убиството кое се случи Тетово, а при кое има уште тројца повредени. Од МВР псоочуваат дека тие се на возраст од 15 и 17 години. Попладнево, тие се изведени и пред судија на претходна постапка при тетовскиот суд.На 11.08.2025 во периодот од 12:50 до 15:00 часот во с.Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка која се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с.Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката”, велат од МВР за “Скопје1”

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-33-8670PM

Тетовскиот ГУП ќе го изработи косовска компанија, но со пари од домашни фирми

ГУП-от за Тетово ќе го изработува фирма од Косово, а за тоа ќе платат приватни компании кои документот ќе ѝ го донираат на општината – ова, според граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“, било соопштено на јавната презентација на планот. Процесот, велат од иницијативата, ќе го спроведуваат општински службеници со контроверзно минато.Оттаму детално во објава на ФБ ги појаснија сите детали:Општина Тетово на ден 01.08.2025 година организираше јавна презентација на процесот за изработка на нов Генерален урбанистички план на Тетово. Презентацијата се одржа во пикот на сезоната на летни одмори и во очи на најголемиот државен празник Илинден, а Општината ја информираше јавноста за одржување на таков настан само два дена претходно. Нашиот повик за одложување се разбира дека не вроди со плод.Бидејќи никаде не е објавена официјална информација, од нашите претставници присутни на настанот дознаваме дека ГУП-от ќе го изработува фирма од Косово. На средбата била споделена ваква информација, како и тоа дека изработката ќе биде финансирана од приватни фирми. Одговорни за спроведување на процесот од страна на Општина Тетово се претседателката на комисијата за урбанизам Ревиде Рамани-Мурсели и раководителот на секторот за урбанизам Рилинд Селмани.Рамани-Мурсели е позната по скандалот во кој со злоупотреба на својата службена положба му дозволила на сопругот да изгради и легализира викендичка на Попова Шапка на туѓо земјиште.Селмани е познат по изјавата дека не е спорно тоа што никнуваат згради и со по четири дивоизградени катови и не е спорно што тоа е кривично дело за кое се лежи затвор - важно е што Општината отпосле ќе го сменела ДУП-от и дополнително ќе им издала соодветно одобрение на таквите дивоградби. Потсетуваме дека плановите се подзаконски акти кои немаат и не можат да имаат ретроактивно дејство.Прашуваме зошто се незаменливи непознатата фирма од Косово, Ревиде Рамани-Мурсели и Рилинд Селмани? Како е избрана косовската фирма и зошто не е објавен склучениот договор? Колку за тоа и кому сѐ ќе биде платено? Кои форми донираат изработка на ГУП и кој е нивниот интерес? Зошто ГУП не го изработува државната Агенција за планирање на просторот, имајќи предвид дека тоа беше неколку години во нејзината работна програма?Потсетуваме и на јавното соопштение на Општина Тетово од 31 јули, во кое Општината тврди дека фирмата на која за смешни пари градоначалникот Касами го продаде јавниот паркинг кај Градскиот пазар донирала 200 000 евра за изработката на ГУП. Правдајќи го продавањето, признаваат корупција!

Македонија | пред 5 месеци

policija

Тројца уапсени по престрелката во Тетово, пронајдени предмети од интерес за истрагата

По вчерашната вооружена престрелка во Тетово, МВР соопшти дека се лишени од слобода три лица. При претрес на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, биле пронајдени предмети од интерес за истрагата.„Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката“, велат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Двајца се погодени во граден кош, детето во натколеницата, а минувач скршил нога - детали за состојбата на повредените по пукањето во Тетово

По вооружениот инцидент денеска во Тетово, на хируршките клиники во Скопје се примени четири лица со тешки телесни повреди, информира Министерството за здравство.• КАРИЛ – 32-годишен маж со прострелна рана во пределот на граден кош.• Детска хирургија – 12-годишно дете со прострелна рана во десната натколеница.• Торакална хирургија – 37-годишен маж со прострелна рана во пределот на граден кош.• Трауматологија – 60-годишен маж со скршеница на десната потколеница.Сите повредени се згрижени и им се укажува соодветна медицинска помош.

Македонија | пред 5 месеци

viber_image_2025-08-10_15-21-01-256

Детали за престрелката во центарот на Тетово: едно лице убиено, четворица повредени меѓу кои и дете

Во 12:30 часот денеска, на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, се случила вооружена пресметка меѓу лица од две возила, по што настанала и сообраќајна несреќа.Двете возила веднаш го напуштиле местото – едното, „Форд Фиеста“ со одјавени тетовски таблички, се упатило кон улица „113“, а другото во непознат правец. На друга локација, на крстосница меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „107“, полицијата пронашла „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички, во кој имало едно починато лице со прострелни рани.Во престрелката повредени се уште четири лица – малолетно девојче, двајца мажи (34 и 46 години) и 60-годишен пешак кој бил случаен минувач. Детето е задржано во тетовската болница на опсервација, а тројцата повредени со сериозни рани се префрлени во скопските клиники.На терен е увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител. Случајот се истражува.

Македонија | пред 5 месеци

policija

(Фото) Убиство во Тетово – жртва застрелана со автоматска пушка

Попладнево во Тетово се случи убиство, потврдуваат полициски извори. Според првичните информации, има една жртва.Неофицијално, убиството е извршено со автоматска пушка. Засега не се открива идентитетот на убиениот, ниту мотивите за нападот. Полицијата е на лице место и врши увид, а дел од областа е блокиран за сообраќај.

Македонија | пред 5 месеци

MixCollage-25-Jul-2025-11-05-AM-4757

Љупчо Георгиевски до Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град“, ВМРО НП самостојно оди на локални избори

ВМРО-Народна партија, предводена од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, најави самостоен настап на локалните избори во Општина Тетово што ќе се одржат во октомври. Од партијата информираат дека ќе учествуваат со своја советничка листа и ќе настапат со кандидат за градоначалник.Во официјалното соопштение се наведува дека ВМРО-НП ќе промовира кандидат со „обединувачки капацитет и визија за модерно Тетово“.„Им порачуваме на сите Македонци и останатите граѓани на Тетово дека во ВМРО-НП секогаш ќе имаат партнер од доверба кој нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во овој дел од Македонија,“ стои во соопштението на партијата.Дополнително, беше испратена директна порака до актуелниот градоначалник Билал Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град.“Партијата најави дека по официјалното распишување на изборите ќе организира свечена промоција на својот кандидат за градоначалник и советничката листа за Советот на Општината.Од друга страна, актуелниот градоначалник Билал Касами, воедно и лидер на партијата Движење Беса, која е дел од владејачката коалиција ВЛЕН, веќе ја потврди својата кандидатура за втор мандат.Одлуката на најголемите македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – да не излезат со сопствени кандидати за градоначалник на Тетово предизвика реакции во јавноста. Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Тетово ја изразија својата длабока загриженост, оценувајќи дека станува збор за сериозно занемарување на интересите на македонскиот народ во овој дел од државата.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања