ТЕТОВО

Screenshot-2025-03-27-at-16.33.39

(Видео) Потресно: Три години бараат правда за смртно прегазената ќерка, процесот се суди одново и никако да започне

По вторпат се одложи почетокот на повторното судење за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Теодора Ристовска. Семејството е разочарано порачаа дека ќе се борат за правдата.„Срамота за државата, нека размисли државата. Ќерка од 22 години ја изгубив, ја убија. Четврта година на Машински факултет. За правда јас плачам, не плачам за друго“, рече таткото на Теодора Ристовска.Ева Ристовска, сестра на загинатата Теодора, рече дека се сомневаат во манипулација со правниот процес, преку неоправдано одложување на рочиштата.„Длабоко сме згрозени како семејство од фактот дека обвинетиот точно на денот на судењето повторно се води како „болен“. Ова предизвикува сомнеж за манипулација со правниот процес и неоправдано одложување на рочиштата.Не можеме да разбереме како лице обвинето за убиство сè уште се наоѓа на слобода. Од самиот почеток, тој се повикува на здравствени причини како причина за одлагање на судењето. На првото рочиште од претходните судења се водеше како психички нестабилен, а сега, повторно, поради други здравствени причини, се одложува судењето.По смртта на мојата сестра, ова лице продолжи да работи во образовна институција како професор, иако случајот сè уште беше во постапка Основен суд, Апелационен суд и Врховен суд. Додека ние ја бараме правдата, тој го продолжи својот живот како ништо да не се случило. Дополнително, веднаш по нејзината смрт, тој слободно управуваше со автомобил, иако претходно тврдеше дека е психички нестабилен. Ова не само што покажува непочитување кон Теодора и нашето семејство, туку ѝ претставува сериозен ризик за јавната безбедност. Како можеш дома да ги гледаш своите деца, знаејќи дека си одзел нечиј туѓ живот? Како немаш грижа на совест и најмалку сочувство за болката што ја предизвика? Бараме од надлежните институции да преземат соодветни мерки и да спречат понатамошно одложување на правдата. Ова не смее да биде уште еден случај во кој системот дозволува одолговлекување и неказнивост!“, напиша Ристовска.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени

На 22.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-01-at-13.35.48

Две и пол години нема правда за смртно-прегазената Теодора од Тетово: судскиот процес заплеткан, семејството се сомнева во даден поткуп

Ева Ристовска, сестра на Теодора Ристовска која пред две и пол години го загуби животот во сообраќајна несреќа, алармира дека ќе се борат за правдата, за која посочува дека им е одземена. Теодора загина на 22-години. Таа беше прегазена на улицата „Видое Смилески-Бато“ во Тетово.„Според обдукцискиот наод, мојата сестра се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината смрт настанала како резултат на крварење во черепната празнина, што довело до нарушување на витално важен орган и фатален исход. Ова беше признато од страна на судот, а обвинетиот беше осуден на 3 години и 6 месеци затвор од Основниот суд во Тетово. Иако ниедна казна не може да ја надомести загубата на Теодора, барем сметавме дека оваа пресуда беше праведна. По првичната долга пауза помеѓу првото и второто рочиште Судот почна побрзо да ги закажува рочиштата, спротивставувајќи се на обидите на одбраната да ја одолговлекува постапката. Обвинетиот од почеток тврдеше дека не се чувствува виновен, а неговата одбрана најави вештачење за да ја докаже неговата невиност. Но, откако судот ги изведе сите докази, одбраната го повлече барањето за вештачење и се изјасни дека обвинетиот го признава делото“, вели Ристовска, сестра на загинатата Теодора.Таа додава дека од тука започнува неправдата што денес не остава без одговори.„ДАТУМИ НА СУДСКИТЕ РОЧИШТА И НЕОБЈАСНИВОТО ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ• Прво рочиште: 07 јули 2023• Второ рочиште: 08 ноември 2023 (по 4 месеци пауза!)• Трето рочиште: 10 ноември 2023• Четврто рочиште: 27 ноември 2023• Објава на пресудата: 30 ноември 2023Судскиот процес се одвиваше со големи временски празнини, особено помеѓу првото и второто рочиште, што укажува на сериозни одолговлекувања во судската постапка“, додава Ристовска.Обвинетиот се жалел до Апелациониот суд во Гостивар, па така било побарано мислење од Вишото јавно обвинителство.„Вишото јавно обвинителство во почетокот поднесе писмен предлог до Апелациониот суд со кој бараше жалбата на обвинетиот да биде одбиена како неоснована. Но, пред самото судење во Апелациониот суд, обвинителството го смени својот став и наместо да се залага за одржување на првичната казна, предложи делумно уважување на жалбата на обвинетиот и изрекување на поблага казна.Како резултат на ова, Апелациониот суд ја намали казната од 3 години и 6 месеци на 2 години затвор, повикувајќи се на олеснителни околности“, додава сестрата на загинатата Теодора.Тие бараат одговор: „Зошто Вишото јавно обвинителство го смени својот став и наместо да бара потврда на првостепената пресуда, предложи намалување на казната? Зошто ние, како семејство, не бевме известени за судењето во Апелациониот суд? Зошто обвинителството воопшто не поднесе жалба за висината на казната, туку само обвинетиот имаше право на жалба? Дали во текот на процесот имало обид за поткуп?“.Според нив, обвинетиот не отслужил ниту еден ден од казната.„Обвинетиот до ден-денес не отслужил ниту еден ден од казната, иако несреќата се случи пред речиси три години. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење. За оваа одлука ние, како семејство, не бевме известени од ниту една институција – дознавме преку медиумите“, додава Ристовска.Тие бараат правда и транспарентност во процесот.„По речиси три години правна борба, а со тоа и пролонгирање и нанесување на дополнителна болка на нашето семејство, повторно сме вратени на почеток. Се прашуваме – уште колку треба да чекаме? Уште колку треба да се бориме за нешто што е очигледно? Затоа, јавно ги повикувам сите медиуми да присуствуваат на следното рочиште на 4 март 2025 година во 10:00 часот во Основен суд Тетово за да ни помогнат да се избориме со неправдата“, вели Ристовска.Таа испрати и имиња на сите судии и обвинители кои биле вклучени во судскиот процес:Основен суд Тетово
Судија Верка КостоскаОбвинител Ханифе АметиАплеационен суд
Советод судии Шефајет Хајдари – претседател, Даут Рустеми и Емине МуратиВиш Јавен Обвинител – Вјолца ЕлмазиВрховен судЦветанка ПериќЏемали Саити,Африм Фидани,Мирјана Лазарова ТрајковскаНа крајот посочува:„Само со јавен притисок можеме да смениме нешто во оваа неправедна Македонија“.

Македонија | пред 11 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-4930PM

Татко го нашол синот мртов во својот дом - телото е во тетовската болница на обдукција

На 23.01.2025 во 18 часот во СВР Тетово Б.С.(48) од с.Голема Речица, пријавил дека во нивната семејна куќа го затекнал неговиот син Х.С.(20) без знаци на живот.Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги од насилство.Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било пренесено во Клиничка болница Тетово за обдукција.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Две апсења во Тетово

На 06.12.2024 во 10.15 часот полициски службеници од СВР Тетово во кругот на фабрика во Тетово, го лишиле од слобода Ш.С.(24) од с.Требош, тетовско, поради основи на сомнение дека е извршител на кривично дело „кражба“ на околу три тона котури со железо, кривично дело кое било пријавено истиот ден околу 08.55 часот од А.О., вработен во градежна компанија.На 06.12.2024 во 15.30 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Штипска" во Тетово го лишиле од слобода В.Ф.(37) од с. Горно Палчиште, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело „тешка кражба“, извршено во текот на минатата недела во угостителски објект во с.Пирок, каде биле украдени пари.Двајцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

kasami896756

Касами: Човек од Косово го подметна пожарот во подрумските простории на општина Тетово

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами вели пожарот кој избувна во подрумските простории на општина Тетово бил намерно предизвикан и ова го потврдиле и безбедносните камери. Тој рече дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Првите сомнежи се дека тој е државјанин на Косово.Дефинитивно се сомневаме дека намерата овде е дека се работи за фантомско лице, односно без документи, кое подолго време се движело во регионот. Се сомничи дека се работи за лице кое е од Косово и нема никакви документи или македонско државјанство. Се сомневаме дека е соодветен профил да се злоупотреби за вакво дело бидејќи се работи и за палење документи кои се од последните избори кои се оштетени – рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.Касами рече „не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета.“Значи овде не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета да се создаде забуна во јавност туку и да се создадат предуслови за она што опозицијата подолго време предупредува за создавање меѓуетнички тензии во Тетово. Се сомневам, се сомневам, па со оглед на личноста и неговиот профил, овој човек не може да го направи овој чин и да замине без да остави трага и дека воопшто не е пронајден. Секако, тоа е предупредување за општината, но и другите објекти да ја зголемат безбедноста. Апелирам до сите кои мислат дека со ваквите постапки можат политички да имаат корист, ви порачувам дека општината не е само на една партија туку на сите граѓани на Тетово без разлика и уште помалку политички – додаде тој.

Македонија | пред 1 година

nema-voda

Во Гостивар водата од водоводот не е за пиење, а во Тетово количеството вода во водоводот е намалено

ЈКП „Шар“ од Тетово информира до ЦУК дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а дека екипите на ЈКП „Шар“ се на теренот за брзо решавање на проблемот.Истовремено, известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот.Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар велат да не се пие водата од чешма, од водоводот, соопшти ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-203112

(Видео) Пороен дожд во Тетовско: пожарникарите спасија 11 патници од заглавено комбе, вечерва извлечен маж од поплавено возило

Интензивниот дожд што врне повеќе часови во Тетово е причина повторно да има низ Тетовско.ТППЕ Тетово информираат дека имаат повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени куќи и нивните дворови и подруми.Попладнево тетовските пожарникари извлекоа комбе заглавено во насобрана дождовна вода кај подвозникот во Желино и спасија 11 патници.Интервенцијата ја изведоа четворица пожарникари од ТППЕ Тетово.Вечерва пожарникарите повторно извлекуваа човек заглавен во поплавено возило.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Куп прашања неодговорени, 14 загинати лица: две години откако изгореа пациенти сосе болницата во Тетово, ќе има ли одговорност?

Куп прашања неодговорени, 14 загинати лица, десетина повредени. Ова е епилогот од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, која изгоре до темел. Починатите се претежно пациенти, кои беа на болничко лекување поради Ковид -19 во таа модуларна болница, а двајца се членови на семејствата на болните.Кабелот, односно спојот на струјата, го предизвикал пожарот, покажаа истрагите на Обвинителството. Но, истрагата за тоа дали болницата е изградена според сите прописи, но и дали тендерската документација е изготвена за да се изгради безбедна модуларна болница – никогаш не го виде светлото на денот. Обвинителството за организиран криминал и корупција ја собра документацијата, отвори постапка. И толку. Остана на тоа.Имаше еден судски процес, но... ексдиректорот на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор Артан Етеми, не се гона поради причината за пожарот во тетовската модуларна болница, туку бидејќи не ставиле пропишани уреди за гаснење на пожар. На докторот Бобан Вучевски кој беше ослободен од вина, му се судеше бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането.Истражувањето на „ИРЛ“ пак, покажа дека ковид-болниците, вклучвајќи ја и изгорената во Тетово со која изгубивме и човечки животи, биле градени без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, без надзор за изградбата и други пропусти.„По ова, надлежностите за спроведување на тендер му се префрлаат на Министерството за здравство, тогаш водено од Венко Филипче. И во поништената постапка и подоцна во повторената постапка тендерот го добива македонската компанија Брако, една од семејните фирми на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев“, се наведува во истражувањето.Претставници на семејствата на 14 лица кои ги загубија своите животи во пожарот во модуларната болница во Тетово за денеска на двегодишната од пожарот и трагедијата во која ги загубиле своите блиски, најавија јавен протест со цел да побараат да има ново обвинение.Вечерта на 8 септември во тетовската модуларна болница за ковид-пациенти се случи една од најголемите трагедии во историјата на државата. Македонските крим-техничари утврдија дека пожарот во модуларната болница во Тетово настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат. Ова беше единствениот конкретен податок којшто укажуваше која била иницијалната каписла за избувнувањето на пожарот. Неколку месеци подоцна својот извештај го доставија и германските експерти коишто вршеа вештачење во странски лаборатории.

Македонија | пред 1 година

ubistvo

Расправија на петочна молитва завршила со обид за убиство: ново крвопролевање во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот 36-годишник.На 30 август во селото Стримница, пред угостителски објект на патот кон Желино, осомничениот се обидел да лиши од живот едно лице, така што го прободел со нож оштетениот, нанесувајќи му тешка телесна повреда – убодна рана во градниот кош. Присутни лица веднаш го однеле оштетениот во тетовската болница, од каде како итен случај бил препратен на Клиничкиот центар во Скопје.На настанот претходела вербална расправија во дворот на џамијата по петочната молитва. Сега осомничениот за обид за убиство и неговиот татко го забележале нивниот соселанец кој имал расправија со градоначалникот на Желино. Бидејќи знаеле дека нивниот сосед е агресивен, се доближиле да го смират за да не настане поголем проблем. Но, тој не се смирувал и физички ги нападнал, удирајќи го таткото на сега осомничениот во главата.Присутни лица ги раздвоиле, но подоцна пред угостителскиот објект се случил кривично правниот настан во кој сега осомничениот го прободел со нож соседот кој претходно се расправал во дворот на џамијата со градоначалникот и со нив.Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО Тетово и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.Categories

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-4930PM

Крими-Тетово: нападнат вработен во болницата, сопруг се заканувал на сопруга, на пазар нападнат маж со нож

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(44) од с.Копачиндол, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 08.11.2023, пријавениот агресивно се однесувал кон вработен во Клинички центар Тетово и му се заканувал со остар предмет.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Т.(38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.06.2024 во семејниот дом, пријавениот се заканувал на неговата сопруга.СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(30) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 09.04.2024 на Градскиот пазар во Тетово, по претходна расправија, пријавениот со нож се заканил и се обидел да го нападне С.Ф..СВР Тетово поднесе кривична пријава против поднесе кривична пријава против Б.З.(42) од с.Горно Седларце, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.06.2024 во просториите на Полициското одделение Камењане, пријавениот се заканувал на полициски службеник и се обидел да го нападне. Подоцна, при преглед во неговото возило била пронајдена секира.

Македонија | пред 1 година

policija-ubistvo-pishtol

Полицијата стигнува до можниот сторител на убиството во Тетово: објавен е распис за апсење

Во врска со настанот кој вчера (05.07.2024) во 20.35 часот бил пријавен во СВР Тетово, дека на ул.„Штипска“, во близина на угостителски објект, едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, ве известуваме дека веднаш вчеравечер беше одржан работен состанок во просториите на СВР Тетово на кој учествувало раководството на СВР Тетово, на криминалистичка полиција, на економски криминал и на ПС Тетово, на кој се дадени прецизни насоки за понатамошно постапување.Во координација со Основното јавно обвинителство Тетово формирана е увидна екипа, која извршила увид на лице место, подигнати се траги за вештачење, како и возилото во кое бил Р.Т., кое е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.Од страна на инспектори извршени се службени разговори со лица - можни сведоци на настанот, извршени се дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото, издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-4930PM

Убиецот не се знае се уште, земен е видео надзор за да се најде - детали за убиството во Тетово

Тетовското обвинителство работи на расчистување на вчерашното убиство, уверуваат оттаму. Досега не е откриен сторителот.„Извршен увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител“, велат од Обвинителство.Убиството се случило после населбата Мема. Ова е продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница.Причините кои довеле до престрелката се уште не се познати, но според неофицијални информации што ги има Tetova Sot, починало едно лице со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.

Македонија | пред 1 година

IMG_8999

Поплавена и болницата во Тетово, пола град без напон: нови информации по невремето

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека на ден 23.06.2024 година во 16:35 часот попладне имаше локална појава на пороен дожд грмежи силен ветар и град.На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава на настани во врска поплавени куќи,подруми заглевени коли под подвожњакот,поплавени улици,патишта паднати дрва и дурги слично порблеми.На повеќе улици на градот забалежено е поплавување на голем број подрумски простории како на пример Кај касарна има собирано вода но се поминува и нема застој на сообраќајот.Исто така има поплавено улица кај 172,голема речица патот што излегува до ЈИЕФ,улица 146, населба Голема Речица,подвозникот кај авто школа Уно-1,исто времено има заглевено комбе под подвожњакот. Поплавени се сите подрумски простории на клиничката болница тетово.Има поплавени куќи како на пример во село Јегуновце, фалише, село Сиричино,Ул.Благоја тоска,улица 180,улица 172,улица 109,улица 171, улица Илинденска и др. По барање на Комадирот на Тппе Тетово Авни амети да биде исклучена електрична енергија во целиот град Тетово од страна на дежурна служба евн не известија дека само пола Тетово е без напон и не можат да го исклучат целито електрична енергија за целито град,само можат да иклучат електричната енергија каде што има поплавени куќи или подруми, или кај има искри од бандери што е оштетени од невремото.За ова случај изветен е Командирот на Тппе тетово и рак на РЦУК Тетово Арлинда Мухареми. Исто така, во раазговрос со Командирот на Тппе тетово бара помош од другите надлежни информации,не можат да излезат во пресрет кои се поплавени подруми и куќи.Од ЦУК известен е и заманеик Рак на ДЗС тетово и му е пренесоно дека Тппе Тетово бара помош.На терен активно работат екипи од ЈКП Тетово,Тппе Тетово кои со помош на пумпи вршат испумпање на во на водата од поплавените простории.Од страна на раководителот РЦУК Тетово го има извезтено кризниот штаб тетово на настанот што го опфати Тетово.Подетално инфорамции од ЦУК, интегрално::„Невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон и траеше околу 40 минути проследено со силен дожд, град и ветер заврши. Моментално времето е стабилизирано. Како последица на невремето на тел 112 пријавени се огромен број на настани од кои поголем дел се за поплавени подрумски простории, одрони , поплавени подвозници и улици, прекини на ел.енергија паднати дрвја и друго. Моментално екипи на ЈКП Тетово и ТППЕ Тетово интензивно интервенираат во нормализирање на состојбата. Од страна на ЈКП Тетово сме известени дека подвозникот на влезот во Тетово од кај Скопје кој беше поплавен и непрооден сега е прооден и сообраќајот се одвива редовно. Заглавеното возило од ТППЕ Тетово нај истиот подвозник е тргнато. Исто така од страна на ЈКП исчистена е шахтата која го блокираша патот кај касарната во Тетово и истиот патен правец сега е прооден, а исто така и патот од кај спортскиот центар што оди кон касарната од страна на ЈКП е исчистен и прооден. Моментално во Тетово сите патни правци се проодни. Од страна на ЈКП Тетово во најкоро време ќе се интервенира на влезот на општина Желино каде што на подвозникот запушена е шахтата и има насобрано околу два метри вода. Се очекува истиот да биде прооден во наредните часови. Во разговор со шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Желино не извести дека цистерна од ЈКП сеуште не не дојдена и се интервенира со екипа од Комуналното претпријатие од Општина Желино со една пумпа и се очекува на помош да дојде едно возило цистерна од приватна фирма. Засега немаме добиено информации за излевање на вода од реките и потоците во полошкиот регион како што се Доброшка Река, Поројска Река, Пена, Вардар и останатите. Од страна на Раководителот на РЦУК Тетово Арлинда Мухареми сме известени дека раководителот на ДЗС Г-дин Беким Максути формирал екипа за помош на погодените реони во Тетово и околината опремена со пумпи и останата опрема и истите ќе се вклучат во помош во најкраток можен рок. Поради невремето голем дел од Тетово како и околните населени места се без ел.енергија. На сите пријавители на поплавени куќи и подруми од наша страна им е сугерирано да ја исклучат ел.енергија во својот дом за да не дојде до спој и несакани последици се додека не се испумпа водата од полпавените објекти. Во реоните каде што се интервенира од страна на ТППЕ Тетово и ЈКП Тетово во испумпување на водата а каде што има проблеми со ел.енергија ( паднати бандери, искрење и др ) во координација со евн ќе биде исклучена ел.енергија во времетраење на испумпување на водата од објектите. Имаше еден наста од поплавена куќа во Тетово во која слегувајќи по скалите во подрумот сопственичката се лизнала по скалите и се здобила со полесни повреди на главата и крварење на истата. Од наша страна е пријавено на Брза Помош кои интервенираа и на повредената и е укажана медицинска помош. Исто така има пријавено неколку настани за одрони како на патниот правец Скопје Тетово поточно 1 мк до с.Групчин-Општина Желино.Од наша страна известени се Македонија пат и кои рекоа дека ќе пратат екипа за да го исчисти одронот. На патниот правец Гостивар Маврово пријавено е дека има паднато дрво кај Хотел Империјал. Известени за настанот се Македонија Пат кои ќе интервенираат во отклонување на истото. Паднато дрво има и на патниот правец Брвеница Гостивар кај фармата Единство во с.Челопек и искинати се кабли од ел.енергија. Известени се ЕВН како и ПС Жеровјане кои ќе пратат екипа и по пристигнување на местото на настанот ќе не информираат за моменталната состојба. По пристигнување на екипата од ПС Жеровјане добиена е информација дека не се работи за кабел од ел.енергија туку за телефонски кабел кој не претставува опасност по луѓето.Пријава за паднато дрво има и во с.Сараќино-Општина Тетово врз жици на далековод на ел.енергија. Од наша страна известена е дежурната служба на ЕВН на која им е сугерирано да го исклучат целиот извод за да може да се тргне дрвото и санира проблемот со ел.енергија.Од страна на Градоначалникот на Општина Јегуновце Г-дин Димитар Костадиновски сме известени дека во с.Сиричино има поплавено 10 тина куќи подрумски простории и дворови. Истиот бараше помош од ТППЕ Тетово , но поради проблемите настанати во градот ТППЕ Тетово не се во можност да помогнат во реонотна Општина Јегуновце. Моментално ТППЕ Тетово со 15 пумпи и сите расположиви сили интервенира етапно во градот и поради големиот број на пријавени настани не се во можност веднаш да интервенираат на сите места. На пријавителите од наша страна им е сугерирано да имаат трпение.Моментано до сега пријавени поплавени подруми, куќи има од с.Јегуновце, с.Сиричино, с.Желино, ул.Јордан Златаноски, ул. Дервиш Цара, ул.141, ул. Предраг Јанчески, ул.171 ул.146, ул.Мехмет Паша Дерала, ул.151, ул. Фуштанска, ул.Кумановска, ул.Мирче Ацев, ул.Благоја Тоска, Блок 70, ул.118, Населба Тетовчанка и Населба мала Речица сите од Општина Тетово.Во разговор со дежурната служба на ЕВН добиена е информација дека моментално се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред ќе се пушти струја“.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Апсење во Тетово на криминалец од Мала Речица

На 11.05.2024 во 18.30 часот полициски службеници од СВР-Тетово на улица ,,111" во Тетово, врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, за сторено кривично дело ,,измама", го привеле Е.В.(45) од тетовска Мала Речица.Тој бил спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања