ТЕТОВО

media-librarykt7mfr6be2jn9shRSTK

Протест пред УЈП во Куманово, се приклучија и граѓани од Тетово

Група граѓани од Куманово, кои работеле во американски компании во базите во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред Управата за јавни приходи (УЈП), барајќи институциите да обезбедат проверка на доказите за платените даноци. На протестот им се приклучија и граѓани од Тетово.Учесниците нагласија дека нивната иницијатива нема политичка заднина и не е насочена против ниту една институција или личност, туку претставува борба за правична и законска постапка. Тие апелираат за поддршка од сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или друга припадност.„Упатуваме благодарност до градоначалникот на Куманово, кој јавно се обрати пред Советот на Општината и договори средба со директорката на УЈП. Планираме уште една јавна средба во големата сала на Комитетот со присуство на сите засегнати граѓани, како и на медиумите, за директорката транспарентно да ги образложи ставовите на институцијата“, рече Зоран Наковски во име на присутните.Граѓаните истакнаа дека доставиле и допис за средба до Управата за јавни приходи и изразија благодарност до Советот за отворената расправа. Сепак, нагласија дека биле разочарани од дел од советниците кои не го поддржале ставањето на точката на дневен ред.Протестантите појаснија дека не се против плаќање даноци, туку се спротивставуваат на присилна наплата, селективно толкување на законите и неприфаќање на доставените докази. Главното барање е еднаков и фер третман за сите граѓани.„Бараме правична законска регулатива, не смее да има двојно оданочување. Бараме еднаков третман за сите“, рече Фариз Бајрами од Тетово, најавувајќи дека и во Тетово ќе се одржат протести пред УЈП во вторник со почеток во 14 часот. Во Куманово, протестот продолжува пред општинската зграда во понеделник, исто така со почеток во 14 часот.

Македонија | пред 1 седмица

policija-4

Тетовец пијан возел во спротивна насока

На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 седмица

magla

Тетово под магла, видливост до 40 м

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните институции, додавајќи дека екипите на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и интервенираат согласно зимските услови. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат мерки за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.Одговорните служби апелираат на внимателно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема и прилагодување на брзината според состојбата на патиштата, како и редовно информирање за условите на патната мрежа.Воедно, се предупредува на појава на густа магла со значително намалена видливост во околината на Смојмирово, Буково и Делчево до 50 метри, Ѓавато до 80 метри, Струмица до 100 метри, Тетово до 40 метри и Петровец до 150 метри, што бара зголемена претпазливост од возачите.

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Изготвиле фактури за наводен превоз на ученици и се обиделе да наплатат над два милиони денари од училиште во Тетово

СВР Тетово поднесе кривични пријави против Ќ.Ф. (60) од селото Шемшово, тетовско, како и против едно правно лице, поради основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“.Според полицијата, пријавените во текот на октомври, ноември и декември 2024 година, без правен основ изготвиле фактури за наводно извршен превоз на ученици, во вкупен износ од 2.152.447 денари, кои ги доставиле до средно училиште во Тетово.Подоцна, во два наврати, пријавените дале лажен исказ во нотарска канцеларија, со цел нотарот да изготви предлог-решение за нотарски платен налог. Полицијата наведува дека со ваквите дејствија пријавените се обиделе противправно да прибават имотна корист, по што случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6600bh3ls8h49ZUYDdE

По три години затвор за ексдиректорите Бесими и Етеми за трагедијата во модуларната болница во Тетово

Апелациониот суд во Гостивар донесе одлука со која двојно ги зголеми затворските казни за Флорим Бесими и Артан Етеми, обвинети за пожарот што на 8 септември 2021 година избувна во модуларната ковид-болница во Тетово, при што животот го загубија 14 пациенти и членови на нивните семејства. Наместо првостепените казни од една и пол година затвор, судот им изрече по три години ефективна затворска казна.Флорим Бесими, како тогашен директор на Клиничката болница во Тетово, и Артан Етеми, како економски директор, беа прогласени за виновни за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, за кое Кривичниот законик предвидува максимална казна затвор до пет години. Апелацискиот суд одлучуваше по жалбите и на Јавното обвинителство од Тетово и на бранителите на обвинетите, а јавната седница беше одржана на 25 ноември, додека одлуката беше јавно објавена вчера.Со истата одлука, правното лице Клиничка болница Тетово, кое се товареше за кривично дело предизвикување општа опасност, е казнето со парична казна од 1.300.000 денари, што претставува зголемување во однос на првостепената казна од еден милион денари.Во претходната судска постапка, директорите првично беа осудени на условни казни од една и пол година затвор, а болницата на парична казна. Таа пресуда, по жалба на Обвинителството, беше укината од Апелациониот суд во Гостивар и предметот беше вратен на повторно судење, по што сега следуваше и построга санкција.Обвинението против Бесими и Етеми не се однесува на директната причина за настанување на пожарот, туку на нивното непостапување, односно непоставување пропишани уреди за заштита од пожар. Според обвинението, тие не ги спровеле мерките кои произлегувале од договорот за заем меѓу државата и Светската банка, со кој било предвидено модуларните болници да бидат опремени со соодветни противпожарни апарати и инсталации. Иако биле должни, од денот на пуштањето во употреба на модуларната болница во Тетово, па сѐ до денот на трагедијата, такви уреди не биле обезбедени.Како последица на кус спој во приклучниот кабел на дефибрилатор, за време на реанимација на пациент, дошло до палење на продолжниот кабел и синтетичките материјали, по што пожарот за кратко време се проширил низ целиот објект. Пожарот се обиделе да го изгаснат со ќебиња и вода двајца лекари, три медицински сестри и една болничарка, кои безуспешно барале противпожарни апарати што не биле достапни.Во истиот предмет, докторот Бобан Вучевски се товареше за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, бидејќи дозволил влез на членови на семејствата на пациентите во модуларната болница, иако тоа било изрично забрането. За него обвинението не се однесува на причините за пожарот, туку исклучиво на прекршување на мерките за време на епидемијата. Тој беше ослободен од вина.Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител од Тетово, Бесир Алиу.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Со остар предмет се обидел да нападне четири малолетници - пријава за младо лице од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д. (25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 11 декември 2025 година, во Тетово, пријавениот со употреба на остар предмет се обидел да нападне четири малолетни лица, при што предизвикал чувство на страв и загрозување на нивната безбедност.Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeeo8u0deb12m4rlXRms

Почина познатиот пејач од Тетово Шпат Касапи од срцев удар, имаше 40 години

Познатиот тетовски пејач, Шпат Касапи починал рано утрово како последица на срцев удар, потврдија семејни извори.Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово, во семејство длабоко поврзано со музиката. Оваа средина силно влијаела врз неговото формирање како уметник, што подоцна се одрази и на неговата кариера.Во јавноста се појави на почетокот на 2000-тите години и брзо стана едно од најпопуларните имиња меѓу младите. Со својот специфичен стил и карактеристичен сценски настап, Шпат остана еден од најистакнатите претставници на албанската поп-музика и во следните две децении.Во текот на својата богата музичка кариера создаде бројни хитови што станаа дел од музичката култура во Албанија, Косово и Македонија. Песни како „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“ и „Aroma e saj“ остануваат меѓу најслушаните и денес. Настапуваше на престижни музички фестивали и соработуваше со реномирани артисти, оставајќи зад себе репертоар кој ја обележа една цела генерација.Пејачот зад себе остави сопруга и едно дете.Покрај музичката кариера, Касапи имаше и краток ангажман во институциите – работеше како советник за култура и општествени прашања на првиот вицепремиер Артан Груби во претходниот состав на Владата.Шпат Касапи е син на поранешната пратеничка од СДСМ, Ѓилумсер Касапи.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryqt2ogpa7o1v10BLCizP

Обвинителството отвори истрага за мистериозната смрт на тетовецот пронајден со прострена рана во главата

По пронаоѓањето на телото на 42-годишен жител на Тетово, кој претходно бил пријавен за исчезнат, надлежните институции отворија истрага за утврдување на околностите околу случајот.Од Јавното обвинителство соопштија дека на местото на настанот бил извршен увид и дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот и идентификација на можна сторителска одговорност.„Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази,“ соопштија од Обвинителството.Оттаму додаваат дека по наредбите веќе се постапува, а истрагата продолжува во насока на утврдување на мотивите и можните сторители.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqt2ogpa7o1v10BLCizP

Драма во Тетово: исчезнат маж пронајден мртов со прострелна рана во глава

Тетовската полиција попладнево пронајде тело на 42-годишен маж од Тетово, кој синоќа бил пријавен за исчезнат. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, мажот бил пронајден застрелан во својот џип „Ауди Q5“ во атарот на селото Нераште.Случајот бил пријавен утринава во 2 часот, кога 33-годишната сопруга Б.Б. информирала дека нејзиниот сопруг А.Б. излегол од дома вчера околу 18 часот и не се јавувал на телефон. По неколкучасовна потрага, околу 16:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце забележале паркирано возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблички во ниви кај Нераште.Во внатрешноста на возилото било забележано машко лице кое не давало знаци на живот. На предното стакло имало видлив отвор од проектил, а жртвата била облеана во крв во пределот на главата, со што, според МВР, постои основано сомневање дека била застрелана со огнено оружје.Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт на лице место. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и било потврдено дека станува збор за исчезнатиот А.Б.Полицијата и обвинителството работат на расветлување на случајот, а засега не се соопштуваат детали за можен мотив или осомничени.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybt7f04erflmtbUggKZJ

(Видео) Тетовчанка остана без дневна светлина – сосед изградил зграда до самиот прозорец, Општина Тетово тврди: „Документацијата е во ред“

Жителката на Тетово, Живка Велјановска, веќе месеци живее во просторија каде дневната светлина практично не постои. Причината – новоизграден објект подигнат буквално до прозорците на нејзината куќа, со што целосно е блокирана природната светлина.Велјановска за Телма вели дека институциите со години носат контрадикторни решенија. Иако општинската служба еднаш го одбила барањето за градба, подоцна донела спротивна одлука и издала дозвола. Новата градба сега е толку блиску што минималните законски растојанија меѓу објектите, според тврдењата на семејството, воопшто не се почитувани.„Во мојата соба нема ниту еден зрак природна светлина. Прозорците се целосно блокирани. Повикувавме инспекции, полиција, но никој не реагира. Ова е неправда и постојана борба со соседот“, вели Велјановска.Случајот е на разгледување во Управниот и Вишиот управен суд, но веќе шест месеци семејството нема одговор.Од Општина Тетово и Министерството за транспорт и врски велат дека документацијата е уредна и дека сите постапки се водат согласно Законот за општа управна постапка. Истрагата е сѐ уште во тек.Мештаните предупредуваат дека ова не е единствен пример и дека неконтролираното урбанистичко планирање веќе сериозно го нарушува стандардот на живеење во градот.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynnshbt96p51b6MiXHZU

Обилните дождови донесоа поплави во Тетово

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, информира ЦУК.Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Македонија | пред 2 месеци

policiska-lenta

Мистериозна смрт во Тетово - безживотно тело на млада жена пронајдено меѓу згради, истрагата во тек

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините, соопшти обвинителството.Безживотно тело на младо женско лице е најдено синоќа помеѓу зградите спроти Центарот за социјални работи во Тетово. По пријавата до СВР Тетово, беше почнат е увидот од страна на полицијата, а на местото беше и јавен обвинител.Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово.

Македонија | пред 2 месеци

bolnica-tetovo

Прегазено 7-годишно дете на пешачки премин на булеварот во Тетово, возачот избегал

Седумгодишно дете било прегазено на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, а возачот избегал од местото на несреќата.На 02.11.2025 во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР

Македонија | пред 3 месеци

20180506_040611-1

9-годишно дете оставено само во Тетово – таткото го донел за питачење

Полицијата утврдила дека 9-годишното дете, пронајдено само пред угостителски објект во Тетово, е дел од организирана група која присилува малолетници да питачат.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 октомври 2025 година во 01:30 часот, жител на Тетово пријавил дека пред локал на улицата „Маршал Тито“ пронашол дете кое било изгубено и не комуницирало.„Веднаш било постапено по пријавата и било утврдено дека станува збор за малолетник од населбата Шуто Оризари – Скопје. Неговиот татко, Е.М., заедно со други деца со комбе бил донесен во Тетово за питачење. Околу 22 часот, комбето со останатите деца се вратило во Скопје, а него го заборавиле“, информираа од МВР.На местото интервенирале претставници од Центарот за социјални работи – Тетово, кои по документирањето на случајот го предале детето на колегите од ЦСР – Скопје.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, со фокус на идентификација на организаторите на мрежата која експлоатира деца за питачење.

Македонија | пред 3 месеци

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Жител на Челопек истепал лекар во Клиничката болница во Тетово, полицијата го привела

Полициски службеници го лишија од слобода М.М.(28) од с.Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово.Оттаму пријавиле дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А.(31) од с.Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи лекарска помош.-Исто така, по пристигнување на полициските службеници, М.М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања