ТЕТОВО

1-3

Храбриот полицаец од Тетово кој спречи самоубиство на млада девојка ќе биде награден

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го прими полицискиот службеник Беким Исмани од СВР Тетово, кој вчера со присебност и храброст спречи млада девојка да изврши самоубиство, ризикувајќи го сопствениот живот при интервенцијата.Настанот се случи вчера во Тетово, кога полициски службеници реагирале навремено на дојава за девојка во психолошка криза, која се обидувала да си го одземе животот. Во моментот на интервенцијата, полицаецот Исмани бил повреден од нож кој девојката го држела во рака, но успеал да ја спречи трагедијата и да ја спаси.„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност. Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот“, изјави министерот Тошковски.Тој најави дека во рамки на законските можности ќе го награди полицаецот Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-at-19.14.32

(Видео) Тетовска полиција спречи самоубиство на млада девојка – приведен маж осомничен за посредување на проституција

Брза и навремена реакција на полициските службеници од СВР Тетово спречи трагедија во мотел во Тетово, каде што млада девојка се обидела да си го одземе животот.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денес околу 14:35 часот, по пријава од лицето Л.К., дека имал недоразбирање со женско лице кое не сакало да го напушти мотелот, полициска екипа пристигнала на терен.На лице место, полицијата затекнала девојка која стоела на работ од прозорецот од собата, заканувајќи се дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба од јавен обвинител, полицијата насилно ја отворила вратата и успеала да ја спречи во намерата.Девојката веднаш била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ е укажана лекарска помош. Во акцијата, еден полициски службеник бил полесно повреден.Истовремено, лицето Л.К. било приведено под сомнение за посредување при вршење на проституција. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а по завршување на истрагата ќе следуваат соодветни кривични поднесоци.

Македонија | пред 6 месеци

viber_image_2025-07-20_16-29-23-777

Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, лишено од слобода едно лице

Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње.При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун. По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 278 б и 279 од КЗ.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Сопственик и пет странски државјанки приведени при акциска контрола во угостителски објект во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 44-годишниот Џ.М. од Тетово, сопственик на угостителски објект во тетовското подрачје, при акциска контрола извршена во раните утрински часови. При контролата, во објектот на улица „Браќа Миладинови“, лоциран покрај автопатот Гостивар–Тетово, биле затекнати 11 женски лица, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки од Албанија, Косово и Србија.-На 17.07.2025 во 03.50 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово. При акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица „Браќа Миладинови“, покрај автопатот Гостивар- Тетово, полициските службеници од СВР Тетово затекнале 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки на Албанија, Косово и Србија, кои работеле во угостителскиот објект, се наведува во сооптението на МВР.Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој, додека сопственикот Џ.М. останал во полициска станица за понатамошна постапка. По завршување на документарната постапка, против него ќе биде поднесена пријава по член 212 од Законот за странци, кој се однесува на „помагање на странец при незаконит престој“.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

pozar-1-1

МВР: Лишен од слобода 74-годишен маж од тетовско поради палење оган во нива

Министерството за внатрешни работи информира дека во четвртокот (10 јули 2025) во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С. (74) од село Мала Речица, тетовско.Според пријавата, околу 20 часот С.С. на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и на три различни места запалил сува трева и отпадоци.Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле на местото на настанот и го привеле лицето, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Тетово.С.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – предизвикување општа опасност.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уапсен тетовец поради уцена на малолетничка – ѝ барал пари за да не објави експлицитни фотографии

На 7 јули 2025 година, околу 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Р.Р. од Тетово, поради основи на сомнение дека извршил кривично дело уцена врз малолетничка од тетовско село.Случајот бил пријавен од мајката на оштетената, која навела дека осомничениот, со кого нејзината ќерка била во љубовна врска изминатите три години, барал пари за да не објави нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи. Во текот на 2025 година, тој неколкупати се заканувал и изнудувал пари од малолетничката, а во два наврати ѝ биле дадени вкупно 800 евра.И покрај тоа, уцените продолжиле, по што случајот бил пријавен во полиција. Р.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од Кривичниот законик – Уцена.

Македонија | пред 6 месеци

pukanje-ubistvo

Пукање во Тетово: Испукани 30 куршуми од автоматска пушка врз куќа полна со луѓе – напаѓачите избегале со скутер

Вечерва околу 21:15 часот на улица 111 во Тетово, непознати лица вооружени со автоматска пушка испукале рафали кон семејна куќа сопственост на М.Т. Напаѓачите, кои пристигнале на скутер, веднаш побегнале од местото.Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство, но за среќа никој не е повреден. На терен се пронајдени околу 30 чаури, а на објектот се забележани значителни оштетувања. Случајот е пријавен во СВР Тетово, известен е јавен обвинител и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите.„Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања. Известен е јавен обвинител и се прземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид на лице место врши екипа при СВР Тетово“, велат од МВР за „Скопје1“.

Македонија | пред 8 месеци

avtopat-nesreka

(Видео) Несреќа на патот Гостивар-Тетово: сообраќајот блокиран, возачите возат во спротивна насока за да излезат од колапсот

Несреќа се случи на патот Гостивар-Тетово, поради што, сообраќајот е блокиран. Долги колони од возила чекаат, а местото го обезбедува полиција кои чекаат механизација за да го подигнат возилото.Дел од возачите почнаа да возат и во обратен правец, бидејќи е невозможно да поминат покрај местото на несреќата.Засега информација за состојбата на возачот на камионот - нема.Повеќе детали подоцна.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-16-at-13.09.12

По година и пол затвор добија ексдиректорите на тетовската болница, по пожарот во модуларниот објект каде загинаа 14 пациенти

Поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорим Бесими и Артан Етеми, кои сега се сега обвинети во процесот по пожарот во модуларната болница, се осудени дека го сториле делото „тешки дела против општата сигурност“. Судот им досуди затвор од по 1 година и 6 месеци. Тетовската болница треба да плати еден милион денари.Предметот се судеше одново, а судот за разлика од минатиот пат, досуди построги казни. За потсетување, претходно, двајцата ексдиректори добија условни казни.Ексдиректорот на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор Артан Етеми, не се гонат поради причината за пожарот во тетовската модуларна болница, туку бидејќи не ставиле пропишани уреди за гаснење на пожар. Докторот Бобан Вучевски, кој беше ослободен од вина, го судеа бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането. Ова е суштината на обвинетието за пожарот кое беше поднесено од тетовското Обвинителство. Во него стои дека пожарот се гаснел со ќебе и вода. За животот на пациентите се бореле двајца доктори, три медицински сестри и болничарка. Сите барале противпожарни апарати, но не успеале да ги најдат.Застапник на обвинението е тетовскиот обвинител Бесир Алиу.Во страотниот пожар што изби вечерта на 8 септември 2021 загинаа 14 пациенти и нивни роднини.

Македонија | пред 8 месеци

brza-pomos-nokje-3

Осум повредени: тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово

На 11.05.2025 во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат“, З.И.(54) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните сопатници Ф.И.(31), Х.Д.(54) и тројца малолетници, сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, велат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 8 месеци

DSC_0718

Две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете: го внеле во автомобил, го удирале со боксови

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете.„На 5 мај утрото двајцата осомничени со умисла извршиле грабнување на лице, на сила влечејќи го за рацете и рамењата, по што го внеле во нивниот автомобил БМВ Х5. Во возилото и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници по главата и лицето и барајќи од него да каже кои се лицата кои зеле пари од ќерката на еден од осомничените.Исплашен од физичкиот напад и ударите, оштетениот посочил две лица и адресите на кои можат да бидат најдени. Кога осомничените се упатиле да го бараат и да прашуваат за првиот од нив, оштетениот успеал да им избега од возилото и да го пријави настанот во полиција.Истиот ден попладне, во близина на зградата на Основниот суд во Тетово, двајцата осомничени извршиле грабнување и на едно од посочените лица – шеснаесетгодишно дете. Малолетникот исто така на сила го внеле во автомобилот, започнале да го удираат со тупаници и да бараат од него да каже зошто ја тепал ќерката на еден од осомничените.На детето му го зеле мобилниот телефон и го натерале да го отвори за да му ги прочитаат пораките, а потоа на паркинг го симнале од возилото и продолжиле да го удираат со тупаници и железна палка. Во еден момент малолетникот успеал да им избега и да го пријави настанот.Постои основано сомнение дека со овие дејствија осомничените сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, од кои едното грабнување е во потежок облик бидејќи е сторено спрема малолетно лице. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-10-at-15.39.13

Судијата не смеел да досуди повеќе од две години за возачот кој ја усмрти Теодора во Тетово, велат од Судскиот совет

Судскиот совет не најде погрешно постапување на ниту еден од трите судови кои постапувале во случајот за смртоносното прегазување на 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово. Тие таксативно наведуваат кој суд како постапил, па на крајот посочува дека судијата Елмедин Ферати не згрешил кога возачот Менсур Пајазити кој го усмрти девојчето, го осудил на 2-години затвор. Оттаму појаснуваат дека на пресудата се жалел само возачот Ферати, па така, според нив тука важи одредбата од Законот за кривична постапка насловена како „забрана за менување во полошо“ во однос на казната.„Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, стои во одредбата од законот на кој се повикуваат.Работите, според образложението на Судски совет би биле поинакви, ако на првостепената пресуда кога возачот Менсур Пајазити бил осуден на три години и шест месеци, се жалело и Обвинителството. Тогаш, при повторување на постапката, судијата ќе можел да одреди и повисока казна. Но, не само што Основното обвинителство-Тетово немало жалба, туку Вишото јавно обвинителство, односно обвинителката Вјолца Елмази, прво барала да му се потврди казната, а потоа се предомислила и барала пониска казна. И така била изречена санкцијата од две години, која е конечна.Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдуваат дека барале да се намали казната, па се правдаат дека не очекувале дека ќе му намалат толку многу. Сепак, пресудата се темели и на предлогот. Но немаат одговор зошто тоа не било направено преку писмениот предлог, туку прво Вишото обвинителство барало да се потврди казната, па се предомислило.

Македонија | пред 9 месеци

72c09a4a-9fdf-45c9-bdc4-d933d837d8cd

Судијата Ељведин Ферати преполагал за да му ги пречкртаат оценките и заменат со нови - Обвинителството нема да го гони

Обвинителството нема да го гони судијата Ељведин Ферати од Тетово, оти обвинителите утврдиле дека оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите. Откако добил повисоки оценки, можел и да се пријави на Академијата за судии и јавни обвинители. Поради ова, Обвинителството констатира дека Ферати не сторил никакво прекршување на закон.„По поднесено известување од Државниот просветен инспекторат, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и ја прибави целокупната документација од досието на наведениот студент од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово и од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во прилог на досието беа доставени и материјални докази - барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за четири предмети со кои Факултетот потврдува дека во 2014 година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители. Ваквата информација на 31.01.2024 година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен Записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023 годинаИмајќи ги предвид доставените документи, јавниот обвинител кој постапуваше во предметот на 10.03.2025 година донесе резолуција со која констатираше дека не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Судијата Ферати дипломирал како дел од шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Тој, се пријавил дека има оценка 8,20, додека во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88. Ова го утврди и соопшти Антикорупциска во декември 2023 година.Тогаш беше посочено дека кога Државниот инспекторат влегол во Тетовскиот универзитет, во матичната книга, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкетување, а истите биле поправени со повисоки.По ова, во септември минатата година беше отворена предистрага. Скопското Обвинителство за „СДК“ тогаш изјави дека постапува и презема дејствија за да ги испита овие тврдења.

Македонија | пред 9 месеци

sudija-tetovo

Со пречкртување му биле поправани оценките на судијата кој досуди две години затвор за возачот кој ја усмрти Теодора, утврдиле Антикорупционерите - отворен бил и предмет

Ељведин Ферати е судијата кој досуди двегодишна затворска казна за возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово. Делото за кое Ферати му судеше на Менсур Пајазити е тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое казната е до пет години затвор, а досуди две години. Името на судијата Ферати не се појавува првпат во јавноста, а за него имаше и предистрага од страна на скопското Обвинителство, откако Антикорупциската комисија утврди дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување.Судијата Ферати дипломирал како дел од шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. Тој, се пријавил дека има оценка 8,20, додека во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88. Ова го утврди и соопшти Антикорупциска во декември 2023 година.Тогаш беше посочено дека кога Државниот инспекторат влегол во Тетовскиот универзитет, во матичната книга, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкетување, а истите биле поправени со повисоки.По ова, во септември минатата година беше отворена предистрага. Скопското Обвинителство за „СДК“ тогаш изјави дека постапува и презема дејствија за да ги испита овие тврдења.„Скопје1“ пред објава на текстот, испрати прашања до Обвинителството, за тоа што е утврдено во предистражната постапка поведена за судијата Ферати. Одговори очекуваме во текот на утрешниот ден.Тетовскиот судија, по вработувањето во 2020 година судел во граѓанска област, а сега суди кривични предмети. Правосуден испит положил во 2012 година.За предметот за 22-годишната Теодора имаше и пресуда која Врховен суд ја укина. Тогаш, возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор. Пред Врховен суд, постапила Апелација ја намали казната на две години, истата која беше изречена и во повторената постсапка по признание на вина.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-27-at-16.33.39

Две години затвор за возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора од Тетово

Возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор. Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина. Семејството е разочарано од казната.[caption id="attachment_323339" align="alignnone" width="881"] Screenshot[/caption]Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.Казната беше обжалена, а Апелација-Гостивар ја намали на две години затвор. Потоа, Врховен суд го уважи барањето и пресудите беа укинати, а процесот се судеше одново. Тој беше гонет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања