ТЕТОВО

322371337_508453598022097_8137728094467424943_n

Тетовци во понеделник на протест за доктор Бобан, обвинет за страшниот пожар во модуларната болница

Во понеделник – 16.01.2023 година, со почеток од 09.00 часот повторно се организира мирен протест пред Основниот суд во Тетово, а заради (не)правдата кон др. Бобан Вучевски.„Докторот кој е тетовскиот херој од корона-пандемијата е обвинет како одговорен за страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе. Сите, кои сакате да му дадете поддршка на овој хуман човек и да изразите револт за овој судски процес, добредојдени сте.Се гледаме пред суд и остануваме таму до крајот на рочиштето тој ден“, пишува на настанот отганизиран на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

1.00_03_22_05.Still002

Граѓаните на Берово, Гостивар и Тетово да не излегуваат од дома, апелира ИЈЗ

Институтот за јавно здравје денешниот воздух во Берово, Гостивар и Тетово го прогласи за „екстремно лош“ поради зголемени концентрации на PM2.5 честички и ги повика жителите на овие градови да не излегуваат од дома непотребно.Како “многу лош” се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево заради заради зголемените концентрации на PM10 честички, додека во Ѓорче Петров заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Од ИЈЗ предупредуваат дека некои поединци може да доживеат здравствени ефекти, а оние од чувствителните групи, посериозни здравствени ефекти.Како најчувствителни и под најголем ризик се деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик.Штип, град кој во Македонија важи за таков со најчист воздух, вчера беше најзагаден. Мерните станици покажале трипати поголемо загадување, односно измерени се 171 микрограми ПМ честички, додека утринава изнесуваат 108 микрограми ПМ честички. Штип досега имаше најчист воздух во земјава, но веќе една недела го нема ветерот и намалена е и видливоста заради густата магла, која не е карактеристична за овој град.Мерните станици во Скопје од пред некое време повторно се отчитуваат на сајтот на Минисрството и граѓаните можат да видат клку е загадено во нивниот реон. На сајтот уште нема податоци од Кочани, Гевгелија и од Куманово, кое важи за град со многу загаден зимски воздух.

Македонија | пред 3 години

101013308-147590

Србинка со автомобил удрила во 10-годишно девојче од Тетово

Десетгодишно девојче пешак било тешко повредено вечерва, околу 19 часот во Тетово, откако во него удрил автомобил управуван од 27-годишна жена. Повреденото девојче со возило на итната медицинска помош е однесено во тетовската болница.– Околу 18.50 часот, на крстосницата на улиците Илинденска и Видоја Смилевски-Бато во Тетово, патничко моторно возило „фиат пунто” со српски национални регистарски ознаки, управувано од 27- годишната српска државјанка М.Н. со времен престој во Тетовско, удрило во малолетничка (пешак) од Тетово. Во несреќата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информираше Марјан Јосифоски, портпартол на СВР Тетово.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Додека државата го гони, народот го брани докторот кој пуштил роднини во модуларната болница која изгоре сосе пациенти

Вчера во Тетово започна судењето за пожарот во модуларната болница, во кој загинаа 14 лица.На судењето се појави само ексдиректорот на болницата Флорин Бесими кој изјави дека не се чувствува виновен, а тоа ќе го каже во судот со докази. Во случајот обвинети се и дежурниот доктор на смена Бобан Вучевски и тогашнот економски директор во тетовската болница, Артан Етеми, кој отсуствуваше поради работни обврски.Граѓаните денес на социјалните мрежи му дадоа поддршка на д-р Бобан Вучевски. Велат дека тој бил светла точка и надеж во Клиничката болница за време на корона кризата.https://twitter.com/bejbiboy2/status/1567480529020149761?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/Redington_M5/status/1567490270656188422?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/Karpa_1904/status/1567463884306382851?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/Kalabalak_/status/1567470354775347201?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/roze_______/status/1567498307462696960?s=20&t=SYQmvxN7wi4yXEEc0GryMAhttps://twitter.com/Karpa_1904/status/1567491299485286401?s=20&t=yDXnkVOP5M7UNGVUYZDCWA 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-02-at-19.16.48

Невремето ја поплави тетовска Мала Речица

Како последица од денешното невреме кое ја зафати територија на општина Тетово дојде до излевање на речното корито што поминува низ селото Мала Речица.Голема количина на земја и песок се натрупани на коловозот на патот што поминува низ селото. Се интервенира од страна на ЈКП Тетово со 1 багер за расчистување на каналот.Исто така интервенира и ТППЕ Тетово со 1 возило и 3 пожарникари за чистење од кал патниот правец Мала Речица-Тетово.

Македонија | пред 3 години

Capture-1

(ВИДЕО) Тетово и околината без струја

Тетово и околината вечерва останаа без струја.„РЦУК – Тетово известува дека поради пад на 110 кв извод на Тетово од 20:10 часот, без електрична енергија е цел град Тетово и околината. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Во Советот на Тетово влегуваат шест партии

Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) по изборите, во Советот на Тетово влегуваат шест партии.Најмногу гласови освои Беса – 9.620, потоа ДУИ 8.702, ВМРО-ДПМНЕ 3.332, СДСМ 1.953, Алтернатива 1.118 ДПА 1.058. Со тоа, бројот на советници кои ќе ги добие Беса во Советот е 12, ДУИ ќе има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ -4, СДСМ – 2 и Алтернатива и ДПА по еден.Алијанса за Албанците остана без советник во општината, а во претходниот состав имаше тројца советници.Во претходниот совет на Тетово, најголем број советници имаше ДУИ – 10, по што следеше Беса со 8.Беса вчера ја славеше победата на плоштадот во Тетово и повика на предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 3 години

35qgfasdfae

(ВИДЕО) Очевидец тврди дека пожарот во тетовската болница не е од продолжен кабел, јавно кажа што се видел

Мумин Исмаили е сведок на трагедијата во модуларната болница во Тетово. Тој не се согласува со вештачењето дека пожарот бил предизвикан од продолжен кабел и тврди дека избувнал од дефибрилаторот кој бил вклучен во струја во соба број 3. Во моментот на несреќата тој бил со својата мајка, која настрадала во катастрофалниот пожар.Во собата во која избувна пожарот беше мојата мајка и една 21-годишна Македонка, Марија. Таа беше со ментална попреченост и таа ноќ состојбата на Марија се влоши. Потоа, лекарите донесоа дефибрилатор за срце за да ја реанимираат, и кога го поставија апаратот на нејзиното тело, тогаш почна пожарот. Иако излегоа германски експерти и рекоа дека причина за пожарот е продолжен кабел, тоа не е вистина. Јас бев во собата, дефибрилаторот на беше приклучен на продолжен кабел, иако во собата имаше два, а не еден продолжен. Дефибрилаторот беше поставен…. на пример единица беше Марија, вториот кревет беше празен, на третиот беше сместена мајка ми. Дефибрилаторот беше кај креветот број два, директно во штекер, немаше продолжен кабел. Кабли имаше во собата како што открија вештаците, но дефибрилаторот не беше приклучен на продолжен кабел. Пламенот почна кога пукна дефибрилаторот. Пожарот почна од тука“, вели очевидецот Мумин Исмаили за ТВ21.„Кога ја земав мајка ми од креветот за да излезе надвор, бидејќи вратата од соба 3 ми беше на 2 метри од вратата за излез надвор, првиот лекар ми рече да ја внесам во соба бр.2… мајка ми не изгоре во 3-ка, туку во соба 2. Кога влегов во 2-ката, имаше еден слободен кревет, имаше 5 пациенти и ја легнав мајка ми на слободниот кревет, но кај слободниот кревет немаше апарат за кислород, бидејќи обично пациентите ги земаат, и за мајка ми немаше. Му реков на брат ми да донесе еден апарат. Во тој момент, ако видовте, снема струја, стана темно и избувна пожар. Му благодарам на Бога што сум жив, ама знаете ли како останав жив? Со молитвите на мајка ми! Секое парче леб и го ставав во уста, а таа ми велеше – душо моја, се грижиш за мене, Господ да те благослови! Јас во собите видов луѓе како горат, а јас како што гледате жив и здрав сум. Имав повреди, но добар сум“, додава Исмаили.Целиот текст овде.

Македонија | пред 3 години

bolnica-tetovo2

Покренато обвинение: Три лица и болницата се криви за пожарот во тетовската модуларна болница каде 14 лица загинаа

Ексдиректорот на тетовската болница Флорин Бесими, раководно лице на висока полиција и доктор кој се грижел за ковид болните во кобното време се обвинети за пожарот во тетовската модуларна болница, каде 14 лица загинаа. Обвинителствто бара тие да одговараат, па поднесе обвинителен предлог. Заедно со нив е обвинето и правното лице, односно болницата.„Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, третиот обвинет сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик, додека обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по.5 в.в. со ст.4 в.в. со ст.2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно чл.206 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик“, велат од Јавното обвинителство.Досега јавно беа обелоденети само детали од извештајот којшто го изготвија македонските крим-техничари кои на 10 октомври го доставија својот извештај до обвинителите коишто ја водат истрагата. Македонските крим-техничари утврдија дека пожарот во модуларната болница во Тетово настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабелна дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.Ова беше единствениот конкретен податок којшто укажуваше која била иницијалната каписла за избувнувањето на пожарот. Неколку месеци подоцна својот извештај го доставија и германските експерти коишто вршеа вештачење во странски лаборатории. Деталите од документот не беа објавени во јавноста, но делови од него, според обвинителите, се поклопуваат со сознанијата на македонските крим-техничари.Вечерта на 8 септември во тетовската модуларна болница за ковид-пациенти се случи една од најголемите трагедии во историјата на државата. Потврдена беше смртта на 14 лица кои биле директни жртви на огнената стихија. Најмалку 12 лица беа повредени.

Македонија | пред 3 години

HDevgnkNxU-sokriena-plaza-vo-crna-gora-koja-izgleda-kako-da-ste-na-karibite

ТВ Клан: Причина за давењето на младиот тетовец е силна струја

Силната морска струја што често се јавува на црногорското крајбрежје на Јадранското Море е причина за давењето на 21-годишниот тетовецот Енис Халили, објави „Клан Македонија“. Енис заминал да работи за време на летната сезона во туристичкото место Утјеха, на потегот меѓу Улцињ и Бар.Соседот на Енис, Беким Рамадани, се повика на вестите од црногорските портали.– Влегол во вода околу 17 часот и веројатно поради силни струи во водата се удавил. Сопственикот на објектот каде што бил вработен, им се јавил на родителите за да им каже дека изгубиле контакт со момчето. Подоцна спасувачките екипи успеале да го пронајдат и да го извадат мртвото тело околу 19 часот – изјави Рамадани за несреќниот случај од саботата.Родителите на Енис заминале во Црна Гора за да го подигнат посмртните останки.– Тоа е животот. Во потрага по подобра егзистенција, се случи трагедија на еден млад тетовец. Енис велеше дека ќе оди таму, дека ќе работи, дека многу ќе се труди за да си обезбеди подобар живот – вели Рамадани.Како што соопшти македонското МНР по добиените официјални информации од властите на Црна Гора, првичниот увид утврдил дека станува збор за давање, зашто на телото на починатиот немало траги на насилство.

Македонија | пред 3 години

mnr-5-1

Македонецот кој се удави во Црна Гора е од Тетово

Момчето кое се удави во Црна Гора е од Тетово.Maкедонското Министерството за надворешни работи(МНР) ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Македонија починало во Црна Гора.„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин, Е.Х. роден 2000 година во Тетово, му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха“, велат од МНР.Во тек е обдукција за цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.

Македонија | пред 3 години

IMG_4243

Притвор и психијатриско лекување за двајцата напаѓачи на полицајци во Тетово

За двајца жители на тетовско Гајре кои вчера нападнале полицајци определени се мерки притвор и психијатриско лекување, информираат од СВР Тетово откако денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднеле кривична пријава против А.М.(40) и Л.М.(39). Со кривичната пријава двајцата биле изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој на А.М. му определил мерка притвор од осум дена, додека на Л.М. мерка за безбедност- задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.-Двајцата од тетовско Гајре се пријавени поради основи на сомнение дека сториле кривични дела: напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, казниво по член 383 став 2 од Кривичниот законик и противправно лишување од слобода согласно член 140 став 1 од КЗ, а Л.М. и за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 од Кривичен законик, информираат од СВР Тетово.Четириесетгодишникот кој доби притвор ќе биде спроведен во КПУ Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на мерката. Двајцата се приведени вчера откако жители на Гајре и Шипковица ги пријавиле за напад, изнуда и кражба.

Македонија | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово

Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба, информираат владините служби.За ова решение, како што додаваат од таму, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби.Досегашниот претседател на Советот на Општината Бесар Дурмиши претходно имаше побарано што поскоро да се донесе одлука и датум за нови избори за Советот на Општина Тетово.

Македонија | пред 3 години

282275402_1197367297667058_9133125756073213099_n

Сопственикот на „Пофикс“ Тетово ја откри причината за пожарот

Сопственикот на „Пофикс“ Тетово им се заблагодари на сите кои помогнаа во гаснењето на пожарот кој вчера ја зафати фабриката.Како што денеска истакна тој, причината за пожарот е водата, поточно дождот кој ден пред да се случи ова го поплави Тетово.„Материјалните штети се многу големи. Но, ниту еден работник нема да ја изгуби работата, бидејќи тие се нашето семејство“, рече тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-31-at-09.23.38

„И торнадо во Тетово, ајдее“, „Во Тетово деновиве уште четирите јавачи на апокалипсата што не се појавија“, низа реакции по несреќите

По низата несреќи од пожарот во модуларната болница, потоа, поплавите, сега и запалената фабрика - Тетово го поминува најлошиот период. Поради високото ниво на загаденост на воздухот, вчера и денеска тетовци треба да носат маски за да се заштитат - па многумина тоа го прокоменетираа како „обратна пандемија“, бидејќи жителите носат маски надвор, а ги вадат во маркет.Има и низа коментари и шеги, откако пожарот во „Македонија табак“ е изгаснат.https://twitter.com/BaceVol4o/status/1531337006546141189?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/sedo_pero/status/1531276279470862338?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/najdenGermanec/status/1531330409547571200?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/HarbinAmetaj/status/1531323754978107394?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/nebojsa6/status/1531308723670597633?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/Kontakarion/status/1531299750418456577?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/IvoPop_/status/1531294619077689344?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/jepirovski/status/1531293158771916801?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/Torko_Mk/status/1531280160057696256?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/DacoWasHere/status/1531214589433610241?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/Mister__No/status/1531276274689351680?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/KashlicOfficial/status/1531274976208293889?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/KashlicOfficial/status/1531274796473929732?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/Tetoevsky/status/1531263985500180483?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/Igor_rujo/status/1531258929434566656?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/SevernaNikogas/status/1531256729907888128?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Qhttps://twitter.com/batozoki/status/1531253538944335873?s=20&t=gkN5pUH6MU8YcYLgjnoF9Q

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања