ТЕТОВО

281863543_318296100490361_8946015475542446917_n

Аларматно во Тетово, Ангелов тврди дека подобро се справуваме со пожари од Америка

„Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас“, рече Стојанче Анегелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска во Тетово одговарајќи на новинарско прашање зошто порано не била донесена одлука за интервенирање од воздух.Според Ангелов побрзи сме од Американците во справување со пожари.Директорот на ЦУК кажа дека од воздух не се интервенирало поради тоа што објектот имал покрив, а под покривот имало плоча.Се уште на терен состојбата во Тетово е алармантна.

Македонија | пред 3 години

280133953_3366855726973614_4984569225638326256_n

Пожарот во Тетово го загади воздухот, да не се излегува надвор без потреба!

Пожарот во Тетово го загади воздухот, да не се излегува надвор без потреба!“Поради големиот пожар кој избувна претпладнево во фабрика на влезот во градот, квалитетот на воздухот е значително влошен. Апелираме граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови. Најпогодени се оние со белодробни, васкуларни и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот. Оние граѓани, кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски, по можност Н95. Во домовите чувајте ги затворени прозорците и вратите и чувајте го Вашето здравје”- стои во апелот на општина Тетово. Исто така и СВР Тетово апелираше граѓаните денеска да бидат внимателни.

Македонија | пред 3 години

281782748_131589019493693_6382950386297203524_n

По поплавите, Тетово донесе заклучок да формираат и Вибер група за координација

Денес во општина Тетово се одржа седница на кризниот штаб во врска со состојбата настаната од поројните дождови што го зафатија регионот на Република Македонија, што предизвика значителна штета и во општина Тетово.„Во дискусијата, градоначалникот на Тетово, Билал Касами, заедно со останатите членови на кризниот штаб на општина Тетово ги донесоа следните заклучоци:1. Барање помош од Владата во однос на справувањето со ситуацијата и надоместување на штетите,2. Барање помош и од град Скопје за чистење на улиците,3. Воспоставување контакт број за пријавување на штетите од страна на граѓаните,4. Воспоставување континуирана комуникација со Центарот за управување со кризи, полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување во врска со преземањето на мерки на претпазливост за избегнување на поголеми штети.5. Барање до Владата за интервенција, односно чистење на речните корита.6. Да се формира вибер – група во која ќе се координира кризниот штаб во однос на превентивните мерки кои треба да се преземат во случај на кризи,7. Да се интервенира во делот на атмосферската канализација (долгорочно)8. Да се провери исправноста на водата за пиење.“, се вели во соопштението.

Актуелно | пред 3 години

gondola

„Белград на вода, Тетово под вода“, „Фалеа уште гондоли“, реакции по поплавите во Тетово

Улиците, подвозници и пониските дворови во Тетово се речиси целосно поплавени, а и подрумите и приземјата на повеќе куќи.Ова предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а ова се дел од нив.https://twitter.com/mancesterovec7/status/1530902438504439810?s=20&t=0LMOAg-TvjR90mFshVv3VAhttps://twitter.com/rmcfmk/status/1530916344962629638?s=20&t=ofdpA8kqqALr0wEpYyEqaQhttps://twitter.com/AntoskiNinoslav/status/1530886076675592192?s=20&t=lfO_qjUWeVmgAlMCm2zz5ghttps://twitter.com/malerott/status/1530918028539486209?s=20&t=5niGdniJCZvfbvzsolhHMAhttps://twitter.com/Shpendi_kasapot/status/1530906540085071873?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicAhttps://twitter.com/SolarNik/status/1530966033464545280?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicAhttps://twitter.com/Beliotpesjak/status/1530964389800583169?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicAhttps://twitter.com/stoniranoezhe/status/1530929140672626693?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicA 

Коментари | пред 3 години

284167537_5725307234164699_4264253803802262567_n

(ФОТО) Поплавена Уметничката Галерија во Тетово

Денешните врнежи од дожд како и град предизвикаа поплава и во Уметничката Галерија во Тетово. Поплавени беа и внатрешноста како и дворот. Од таму информираа дека вработените ја отстрануваа надојдената вода во просториите на галеријата.„Денешните врнежи придружени со град , предизвикаа значителни штети во просториите на Уметничката Галерија во Тетово.Директорот на Галеријата, г-дин Илир Куртиши, заедно со техничкиот персонал се упатија кон Галеријата за да ги санираат штетите предизвикани од дождот. Не изостана и присуството на државниот секретар г-дин Валмир Азири.Се надеваме дека денешниот ден нема да се повтори и Галеријата наскоро ќе започне со работа“, информираа од установата.

Македонија | пред 3 години

282146900_388969849942098_9046653043501499526_n

(ВИДЕО) Тетово се претвори во Венеција, фрапирачки снимки од градот

Секој нов дожд ги потсетува тетовчани на поплави, велат од Левица.„Стари улици, нови улици, збиени згради каде нема место за паркирање, нема место за пешаци, нема приод за амбулантни возила ниту за пожарни а камоли за луѓе на колички.Буквално целата инфраструктура на Тетово е неплански катастрофално направена.Тротоарите се пропаднати. А за време на дожд се поплавуваат улиците.Граѓаните на Тетово и покрај тоа што уредно си платиле комуналиите, уште многу ќе почекаат да го добијат соодветно за платеното.После секој дожд, ова е сликата на Тетово“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

Zemjotres34

Земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2,4 степени  е регистриран денеска во 20 часот и 17 минути, на 25 километри југозападно од Тетово во пограничното епицентрално подрачје Тетово-Гостивар.Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.На земјотресот му претходеле уште два со јачина од 2.6 и 2.2 степени според Рихтер.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-28-184854

(ВИДЕО) По дождот Тетово доби езеро, жителите прашуваат каде се пастрмките

Дожд доцна попладнево го зафати Тетово.Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците во градот, што направи проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.На социјалните мрежи граѓаните објавија видеа од поплавените улици.Ситуацијата во Тетово тамошните жители ја опишуваат како во градот да има „Тетовско езеро“, а други пак веќе прашуваат каде се пастрмките.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања