ТОП

Pozarnikari-DZS

Огнена стихија го блокира патот од Брезница кон Македонски Брод

Поради пожар, целосно е затворен за сообраќај патниот правец од селото Брезница, преку Националниот парк „Јасен“, до Македонски Брод, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се упатуваат да користат алтернативни патишта и да ги следат насоките на надлежните служби.Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во Општина Теарце е целосно изгаснат во доцните вечерни часови. Локализиран е и пожарот над селото Челопеци во Општина Кичево, каде што во моментот има внатрешно согорување и чадење кон шумскиот појас. Екипи на ТППЕ Тетово и припадници на Армијата на РСМ остануваат на терен за да спречат евентуално реактивирање.Во гаснењето на пожарите вчера биле вклучени три специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување, два хеликоптери на МВР, еден хеликоптер на Армијата на РСМ и два авиона „Ер трактор“ на ДЗС.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5572

Судот сè уште не го одобри обвинението за пожарот со 62 жртви во Кочани

Обвинението за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а 203 беа повредени, иако поднесено на 13 јуни, сè уште не е одобрено од Основниот кривичен суд Скопје.Според неофицијални информации, 39 адвокати на 34 обвинети поднеле приговори, а Судот чека да истече рокот од осум дена за можни приговори испратени по пошта.Од Кривичниот суд Скопје потврдуваат дека роковите за жалби сè уште траат. За трагедијата во Кочани обвинети се 34 лица и три правни лица.

Македонија | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

ДКСК потсетува: Забрани и ограничувања за време на локалните избори 2025

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги потсети институциите, политичките партии и јавноста на забраните и ограничувањата кои важат од денот на распишување на локалните избори 2025, па до нивното завршување.Меѓу клучните мерки се:• Забрана за нови инвестиции и вонредни исплати – нема почнување нови инфраструктурни проекти со буџетски средства, ниту еднократни исплати, потпишување колективни договори или нови вработувања (освен во итни случаи).• Забрана за користење државни ресурси за кампања – државен имот, буџетски средства или опрема не смеат да се користат за политички цели.• Забрана за поткуп – строго се забранува давање пари, подароци или други бенефиции за влијание врз гласачи.• Ограничувања пред и за време на кампања – 20 дена пред почетокот на кампањата до крајот на изборите нема јавни настани за отворање објекти финансирани од државата; Министерството за финансии мора јавно да ги објавува сите исплати; забрането е користење службени возила и канцеларии за партиски цели; забранет е притисок врз гласачи.ДКСК ќе го следи целиот процес, ќе пријавува прекршувања и ќе бара постапување од надлежните органи. Граѓаните и медиумите се повикани да пријавуваат сомнителни активности за време на изборниот период.

Македонија | пред 5 месеци

sela-2

Алијанса за Албанците – крилото на Зијадин Села: Мицкоски со изјавата за УЧК ги провоцира Албанците

Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Националноослободителната армија се скандалозни и претставуваат отворена провокација кон националните чувства на Албанците“, соопшти Алијансата за Албанците – крилото на Зијадин Села.Од партијата обвинуваат дека Мицкоски се обидува да негира и забрани „славен дел од историјата“, и додаваат дека досега премиерот „поништил многу права и достигнувања“.„Она што нè загрижува уште повеќе е молчењето на Албанците во Владата, кои очигледно сакаат да го поминат ова со релативизации, па можеби дури и со напади врз Албанците како што правеа досега“, велат од Алијансата.Тие предупредуваат дека ваквите изјави се опасни за стабилноста, меѓуетничките односи и европската перспектива на земјата.

Македонија | пред 5 месеци

policija

Тројца уапсени по престрелката во Тетово, пронајдени предмети од интерес за истрагата

По вчерашната вооружена престрелка во Тетово, МВР соопшти дека се лишени од слобода три лица. При претрес на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, биле пронајдени предмети од интерес за истрагата.„Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката“, велат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.

Македонија | пред 5 месеци

divogradbi-urivanje

(ВИДЕО) Еди Рама објави како ги уриваат дивоградбите во Албанија!

Албанскиот премиер Еди Рама, споделувајќи видео од акцијата за уривање на дивоградби, на „Фејсбук“ напиша дека со овие сцени ја продолжуваат битката против бесправната градба која ги загрозува и нагрдува заедничките простори. Тој порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи и им посака на граѓаните успешна недела.-Со овие сцени од соочувањето со незаконитостите што ги повредуваат и нагрдуваат просторите во кои заедно живееме како синови и ќерки на оваа земја, а каде што, по секоја цена, ќе го напишеме последното поглавје од битката против градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи, ви посакувам успешна недела, напиша Рама.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Независните кандидати не веруваат на збор, бараат писмена потврда од ДИК дека не им требаат потписи

Независните граѓански здруженија не веруваат во изјавата од Државната изборна комисија и ставање вон сила на Упатството за учество на изборите, со што според ДИК, нема потреба од собирање потписи како поддршка за кандидирање за градоначалници и советници. Тие бараат писмен документ од ДИК како потврда на кажаното.Недовербата оди до таму што ,,Шанса за Центар“, на својата Фејсбук страница објави дека продолжува со собирањето потписи за регистрирање политичка платформа за да ја избегне евентуалната правна замка.Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ставањето надвор од сила на упатството на Државната изборна комисија за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик не го нарушува изборниот процес за локалните избори. Тој вели дека ДИК има законска обврска да донесе ново Упатство.Мицкоски вели дека комплетно новиот Изборен законик е веќе подготвен и со месеци чека во Собранието, но е блокиран од нереалните барања на, како што вели, една опозициска партија.Блокадата била поради нереално барање кое никаде во светот не се применува, а тоа е членот во ДИК кој е од редовите на таа партија да става вето на одлуката на Комисијата и на Општинските избирачки одбори.Инаку на последните локални избори во 2021 година учествуваа 57 независни листи со кандидати за советници во 40 општини и освоија 56.000 гласови.

Македонија | пред 5 месеци

42528638_2159192220965800_8350112581788106752_n

Скопјанец со тешки повреди примен во Клиниката „Св. Наум Охридски“ по напад во сопствениот двор

Маж од Скопје со тешки телесни повреди бил примен во старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ по напад од две лица во дворот на неговиот дом. Напаѓачите му се заканувале со пиштол, а потоа физички го нападнале. Полицијата работи на расчистување на случајот.-На 10.08.2025 во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје. Според пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Granica-ungarija

Албанец уапсен на ГП Блато по потерница на Интерпол Германија

Полицијата на Граничниот премин Блато уапси 35-годишен државјанин на Албанија, баран со мерка „апси“ по наредба на Интерпол Германија. Лицето е предадено за понатамошна постапка.-На 10.08.2025 во 11:25 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Ш.(35) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка, информира МВР.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Малолетници со метални предмети нападнале 14-годишно момче во Кисела Вода

Четиринаесетгодишно момче било физички нападнато од група малолетници на трим патека во Кисела Вода, при што напаѓачите носеле и метални предмети. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.-На 10.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Д.Х.(54) од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

Скопје | пред 5 месеци

pestani

Пештанец отстранил службена лента и табла, продолжил со градба без документи

Педесет и едногодишен жител на охридското село Пештани се соочува со кривична пријава, откако по наложено запирање на градежни работи и поставена службена лента и знак, самоволно ги отстранил и продолжил со градбата без потребна документација.-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(51) од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по член 389 од Кривичниот законик.Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, изведувал градежни работи без да поседува соодветна документација, што било констатирано од извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој на пријавениот му доставил решение за отстранување на градбата, на градилиштето поставил службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за негово затварање.При дополнително извршена контрола било констатирано дека пријавениот самоволно ги отстранил службената лента и табла и на почетокот на годинава, продолжил со градба, се наведува во соопштението.

Охрид | пред 5 месеци

298814022_626565902523205_7704864537932449217_n

Рестораните и транспортот поскапи за 25 отсто споредено со лани – Владата најавува „внимателни мерки“

Ресторанските услуги се за 25 отсто зголемени во споредба со минатата година, покажала анализата на Владата. Истото важи и за транспортните услуги, а двоцифрено зголемување има и кај овошјето.„Нашата пракса покажала дека ако ја ограничиме маржата кај одредени производи, во следните месеци таа се прелева и на крајот се нивелира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.Тој рече дека во јули инфлацијата е меѓу 4 и 5 отсто, а тоа е поради услугите.„Тоа значи дека зголемените плати и пензиите кои номинално се зголемија, прават притисок врз побарувачката. Затоа сме внимателни во делот на носење на мерки“, додаде Мицкоски.Тој рече дека анализата скоро ќе биде готова и ќе бидат внимателни.„Се анализираат групи на производи, услуги, за да дојдеме до трајно решение“, посочи тој.

Македонија | пред 5 месеци

izet-medziti

Премиерот му порача на Меџити: Убиствата од заседа не можат да бидат праведна и чесна војна

„Не може некој кој од заседа и кукавички одземал животи, да биде праведна и чесна војна, бар во Македонија“ – ова е ставот на премиерот Христијан Мицкоски како одговор на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити кој рече „Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста“.„Ја слушнав таа изјава и тука имаме различни гледишта на работите. Не може да биде 2001 година разумна и праведна, а од заседа да се убиваат припадници на МВР и Министерството за одбрана. Тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот.Јас апелирам до сите политичари да не играат на картата на ДУИ и оние кои сакаат да нѐ вратат 25 години назад“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-za-dui

Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

Премиерот Христијан Мицкоски, им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови со лажен патриотизам. Мицкоски рече дека ДУИ имаат за цел да испровоцираат предвремени парламентарни избори, па порача да не се надеваат.„Тие играат на картата – кратко помнење. Тоа така не оди. Јас ги повикувам сите граѓани, дека тука бираат помеѓу концептот кој 20 години ја опустошувале Македонија, а немаат никаква врска со права, и оние кои сакаат заеднички да градиме иднина“, рече Мицкоски.Тој посочи дека оваа Влада освоила над 600.000 гласови и ќе биде победник на локалните избори.

Македонија | пред 5 месеци

valona

Албанија се подготвува за влез во ЕУ, почна уривањето на дивоградбите!

Владата на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, ја започна кампањата „Урбана ренесанса 2.0“, насочена кон уривање на нелегални градби и ослободување на узурпираните јавни површини низ целата држава. Иницијативата е претставена како значаен чекор во подготовките за влез во Европската Унија до 2030 година.Целта на акцијата е создавање почисти и уредени, „поевропски“ градови, како дел од пошироката стратегија за територијално уредување и контрола. Уривања веќе се изведуваат во Тирана, Скадар, Валона и други урбани, крајбрежни и заштитени подрачја. Отстранети се разни нелегални објекти – настрешници, киосци, огради и доградби кои го попречуваат пристапот до јавни простори.Само во Тирана, според планот, до крајот на јули 2025 година требаше да се ослободат околу 20.000 квадратни метри јавна површина.Владата воспостави и онлајн платформа „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат да пријавуваат незаконско градење, узурпација на јавен простор или загадување. Премиерот Рама редовно објавува видеа од акциите на социјалните мрежи, повикувајќи на заедничко делување меѓу граѓаните, општините и бизнис заедницата.Кампањата е дел од пошироки реформи во областа на инфраструктурата, управувањето со отпад и водоснабдувањето. Посебно внимание привлече уривањето на околу 40 објекти во заштитеното подрачје Тет, кое предизвика реакции во јавноста поради начинот на изведба.Властите најавуваат дека „Урбана ренесанса 2.0“ ќе продолжи како долгорочна програма со построги мерки, меѓу кои конфискација на незаконски изградени објекти и формирање „црна листа“ на инвеститори што ги прекршуваат прописите. Ослободените површини ќе бидат преуредени според проекти на домашни и странски архитекти.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања