ТОП

kokain-solun

Грчката полиција „улови“ вредна пратка: Запленет кокаин вреден над 5,5 милиони евра во Солун, уапсени тројца

Грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнал на пристаништето во Солун, при што биле уапсени тројца членови на меѓународна криминална мрежа.Според информациите од полицијата, како што цитираат грчките медиуми, акцијата била резултат на податоци добиени од Националната агенција за борба со криминал на Обединетото Кралство, кои се однесувале на транспорт и морски увоз на контејнер со голема количина кокаин во Солун.Во средата бил лоциран контејнерот, а дрогата била пронајдена во специјално изработен скриен дел.Богатиот товар со интересен потпис „Дизел“ е откриен во пристаништето на 6 август:„Единицата за борба против организиран криминал разби меѓународна криминална организација чии членови транспортирале големи количини кокаин преку контејнери од Латинска Америка. Операцијата е спроведена врз основа на информации од Националната агенција за борба против криминал (NCA) на Велика Британија за испорака на контејнери со голема количина кокаин со брод од Латинска Америка до пристаништето во Солун.Во попладневните часови во среда, 6 август 2025 година, беше спроведена голема операција во соработка со Единицата за борба против организиран криминал на Северна Грција, Единицата за борба против шверц на царина и Единицата за информации и специјални операции. Во таа прилика, беше пронајден контејнер со специјално направено скривалиште, во кој имаше 271 килограм и 150 грама кокаин. Дрогата е запленета“, се вели во соопштението.Апсењата на осомничените биле извршени во саботата во едно атинско предградие.Тројцата приведени, на возраст од 32 до 47 години, имале различни улоги во процесот на увоз и трговија со дрогата. Нелегалната заработка од продажбата на запленетата количина се проценува на над 5,5 милиони евра, соопштија од грчката полиција.Фото: Greek police

Свет | пред 5 месеци

bugar1

(ФОТО): Идентификуван исчезнатиот во Охридското Езеро – 52-годишниот Илија Танчев од Пловдив

52-годишниот Илија Танчев од Пловдив е лицето што исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Во петок тргнал кон Охрид, а на својот профил на „Фејсбук“ претходно објавил фотографија на која се гледа дел од неговата опрема.Во саботата нуркал во Македонија со пријател, локален жител. Кога Танчев не излегол на површина, пријателот го пријавил случајот кај надлежните служби.Во потрагата се вклучени Црвениот крст, Езерската полиција и локалниот нуркачки клуб „Амфора“. Засега нема трага од исчезнатиот.Според информациите на bTV, неговите траги се губат на длабочина од 89 метри.фото: ФБ

Охрид | пред 5 месеци

novinar

Познатиот репортер Анас ал-Шариф загина во израелски напад заедно со други колеги од „Ал Џезира“

Пет новинари на „Ал Џезира“, меѓу нив и познатиот репортер Анас ал-Шариф, загинаа во израелски воздушен напад во неделата вечерта врз новинарски шатор поставен пред главниот влез на болницата „Ал Шифа“ во градот Газа.Меѓу убиените се и дописникот Мухамед Креикех, како и снимателите Ибрахим Захер, Мухамед Нуфал и Моамен Алива. Вкупниот број на загинати во нападот е седум лица, соопшти „Ал Џезира“.Само неколку часа пред смртта, 28-годишниот ал-Шариф на платформата X предупреди дека Израел врши интензивно и насочено бомбардирање, т.н. „појаси од оган“, кон источните и јужните делови на Газа. Во неговото последно објавено видео се слушаат силни детонации, а небото е осветлено од огнени блесоци.Во порака напишана на 6 април, во случај да загине, ал-Шариф запишал: „Ја живеам болката во сите нејзини детали“ и „повторно и повторно ја вкусувам тагата и загубата“. Тој додал: „И покрај тоа, никогаш не се двоумев да ја пренесам вистината како што е, без извртување или искривување, надевајќи се дека Бог ќе биде сведок на оние кои молчеа, кои го прифатија нашето убиство и кои го задушија нашиот здив“. Во истата порака изразил жалење што ја оставил сопругата Бајан и нема да го гледа растењето на својот син Салах и ќерката Шам.„Ал Џезира“ го нарече нападот „уште еден очигледен и однапред планиран напад врз слободата на медиумите“ и „обид да се замолчат гласовите кои ја разоткриваат претстојната окупација на Газа“. Телевизијата ја повика меѓународната заедница и надлежните организации да преземат „решителни мерки за запирање на ова тековно геноцидно дејствување и на намерното таргетирање на новинарите“.Новинарот Хани Махмуд, кој се наоѓал само еден блок од местото на ударот, изјави дека ова било „најтешкото известување во изминатите 22 месеци војна“ и дека колегите биле убиени „поради нивното упорно известување за гладта, неухранетоста и страдањата на Палестинците“.Израелската војска го обвини ал-Шариф дека раководел ќелија на Хамас и организирал ракетни напади врз израелски цели, тврдејќи дека поседува „недвосмислени докази“ за неговата поврзаност со групата.Мухамед Шехада од организацијата Euro-Med Human Rights Monitor, пак, изјави дека нема докази за такво учество и дека неговата работа се состоела исклучиво од репортажи „од утро до вечер“.Минатиот месец, по видео-изјавата на портпаролот на израелската армија Авихај Адраеи со обвинувања кон ал-Шариф, специјалната известувачка на ОН за слобода на изразување Ирена Кан изрази „длабока загриженост“ поради постојаните закани и обвинувања, предупредувајќи дека се зголемува бројот на докази дека новинарите во Газа се ликвидирани врз основа на непоткрепени тврдења.„Ал Џезира“ обвини дека израелските власти фабрикуваат докази за да ги поврзат нивните репортери со Хамас и ја осуди „кампањата на поттикнување“ против нивните новинари.Комитетот за заштита на новинари (CPJ) исто така, минатиот месец, предупреди на „кампањата на оцрнување“ што, според нив, ја спроведува израелската армија, изразувајќи „длабока загриженост“ за безбедноста на ал-Шариф.Од почетокот на израелската офанзива во октомври 2023 година, израелските сили, според новинарските организации, убиле повеќе од 200 новинари и медиумски работници во Газа, меѓу кои и неколкумина од „Ал Џезира“ и нивни членови на семејствата.фото: Ал Џезира/ПринтСкрин

Свет | пред 5 месеци

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Почина пациентка во тетовската болница, МЗ бара инспекција на случајот

Министерството за здравство соопшти дека побарало Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе инспекциски надзор во врска со случајот на починатата пациентка во Инфективното одделение на Општата болница во Тетово.Од Министерството наведуваат дека јавноста ќе биде информирана по завршување на постапката за утврдување на фактичката состојба и нагласуваат дека остануваат посветени на транспарентност, одговорност и обезбедување квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.Претходно, Министерството за внатрешни работи објави дека во 03:20 часот во СВР Тетово, Ј.С. од село Копанце пријавил дека неговата роднина, С.С. (30) од истото село, која била хоспитализирана на Инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово, починала.Според пријавата, пациентката била примена претходниот ден во 19:00 часот, а, според кажувањето на пријавителот, не ѝ била укажана соодветна лекарска помош, по што настапила смртта. Полицијата извршила увид на местото, а формиран е тим кој, под раководство на дежурен јавен обвинител и во соработка со екипа од СВР Тетово, ќе го испитува случајот.

Македонија | пред 5 месеци

Sasa-SDSM

Свадба во СДСМ: Се ожени генералниот секретар Саша Димитријевиќ, и лидерот Венко Филипче меѓу гостите

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, стапи во брак со својата избраничка Александра на свечена церемонија во скопскиот ресторан „Риас“.Димитријевиќ на „Фејсбук“ сподели фотографии од радосниот момент со пораката:„Од сега па натаму… двајца против светот.“На церемонијата присуствуваа бројни гости, меѓу кои и претседателот на СДСМ Венко Филипче, заменик-претседателката Фани Каранфиловa Пановска и потпретседателите Ана Чупевска, Методија Илиевски, Каја Шукова и Мартин Костовски. И Каранфилова Пановска објави фотографија!

Скопје | пред 5 месеци

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес од 6,1 степен ја погоди Турција – една жена загина, 29 лица се повредени

Една жена го загуби животот, а најмалку 29 лица се здобиле со повреди откако во неделата навечер силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, соопштија официјални извори.Според Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјавил дека 81-годишна жителка починала кратко по извлекувањето од урнатините во градот Синдрги.Земјотресот, кој срушил 16 објекти, бил регистриран во 19:53 часот по локално време и бил почувствуван и во Истанбул, информира Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција.Претседателот Реџеп Таип Ердоган, преку објава на X, изрази желби за брзо закрепнување на повредените и нагласи дека спасувачките операции се внимателно следени.„Нека Господ ја заштити нашата земја од сите несреќи“, напиша тој.Министерот Јерликаја соопшти дека активностите за пребарување и спасување се завршени и дека нема дополнителни пријави за жртви или поголеми штети.Фотографиите од Синдрги прикажуваат целосно разрушени згради, купови шут и извиткани метални конструкции, осветлени од силни рефлектори во ноќните часови.Поради тоа што се наоѓа на спој на три големи тектонски плочи, Турција често е погодена од силни земјотреси.Во февруари 2023 година, катастрофален потрес со јачина од 7,8 степени го разурна југоистокот на земјата, одземајќи над 50.000 животи во Турција и околу 5.000 во Сирија. Повеќе од две години подоцна, стотици илјади луѓе сè уште живеат без свој дом.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Двајца се погодени во граден кош, детето во натколеницата, а минувач скршил нога - детали за состојбата на повредените по пукањето во Тетово

По вооружениот инцидент денеска во Тетово, на хируршките клиники во Скопје се примени четири лица со тешки телесни повреди, информира Министерството за здравство.• КАРИЛ – 32-годишен маж со прострелна рана во пределот на граден кош.• Детска хирургија – 12-годишно дете со прострелна рана во десната натколеница.• Торакална хирургија – 37-годишен маж со прострелна рана во пределот на граден кош.• Трауматологија – 60-годишен маж со скршеница на десната потколеница.Сите повредени се згрижени и им се укажува соодветна медицинска помош.

Македонија | пред 5 месеци

trpejca-ohridsko-1

И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин кој нуркал длабоко во Охридското Езеро, не е точно дека вчера бил најден

Исчезнатиот 52-годишен бугарски државјанин се уште не е пронајден, вели портаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за „Скопје1“. Тој посочи дека не се точни информациите кои биле пласирани во јавноста дека уште вчера било пронајдено безживотно тело. Тој посочи дека и во текот на денешниот ден, ќе се трага по исчезнатото лице.„Се уште се води како исчезнат. Во текот на денешниот ден ќе бидат преземени одредени активности со цел на пронаоѓање“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.По бугарскиот државјанин се трага втор ден, откако вчера околу 13 часот, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на езерото. Во потрагата се вклучени Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Охрид | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-31-6410PM

Од октомври нови правила за патување во ЕУ – дигитална регистрација, биометриски податоци, нова давачка

Ако досега при патување во странство главната грижа ви беа пасошот, парите и авионскиот билет, од октомври 2025 ќе имате и нова обврска. Повеќето земји-членки на Европската Унија и уште четири европски држави од 12 октомври ќе почнат постепено да го применуваат новиот Систем за влез/излез (Entry/Exit System – EES) за патници од земји надвор од ЕУ, соопшти Европската комисија.Со новите правила, наместо рачно печатење пасоши, ќе се воведе дигитална регистрација за сите патници кои влегуваат во Шенген зоната за краток престој до 90 дена. При првото влегување, патниците ќе мора да достават биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија – до граничните службеници.Воведувањето на EES е подготвителен чекор за стартот на Европскиот систем за патнички информации и одобрување (ETIAS), кој според најновите информации ќе започне да важи во последниот квартал од 2026 година. Тогаш, државјаните на трети земји кои се ослободени од виза за ЕУ ќе мора да поднесат онлајн апликација и да платат такса од 20 евра – повисока од претходно најавените 7 евра. Одобрението ќе важи три години.Што е потребно за ETIAS апликацијата?За да аплицирате ќе ви треба:важечки пасош (не постар од 10 години, со важност најмалку уште три месеци),платежна картичка,лични податоци.Пасош кој не ги исполнува меѓународните стандарди може да биде одбиен.Како ќе се спроведува EES?Системот ќе се воведува постепено на надворешните граници на 29 европски земји во рок од шест месеци. Ќе се собираат биометриски податоци (фотографии и отпечатоци од прсти), а патник кој одбива да ги даде нема да може да влезе во земјите што го користат EES.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Независните во локалната трка без собирање потписи

На претстојните локални избори, кои спикерот Гаши ги закажа за 19 октомври и втор круг за градоначалници за 2 ноември, ќе може да учествуваат и независни кандидати.Ова произлегува од изјавата на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.Тој го цитираше членот 60 од Изборниот законик, според кој ДИК нема право никому да му го ускрати уставно загарантираното право да учествува на избори, да бира и да биде биран.Според првиот човек на ДИК, членот 60 од Изборниот законик јасно гарантира право на учество на изборите како за политички партии и коалиции, така и за групи избирачи, односно и за независни кандидати.На седницата на ДИК, веднаш по распишување на изборите, беше укинат Правилникот на ДИК за регулирање на постапката за собирање потписи.Како што објасни Кондарко, укинувањето е во согласност со одлуката на Уставниот суд, кој ги укина членовите 61 и 62 од Изборниот законик што се однесуваа на зголемување на квотите за потребните граѓански потписи што независните кандидати за градоначалници и за листи за советници требаа да ги соберат за да се пријават на избори.Кондарко нагласи дека ова не претставува одлука на ДИК, туку директна примена на законската регулатива, која ја следи одлуката на Уставниот суд за укинување на овие членови од Изборниот законик поврзани со бројот и процентот на потребни потписи за кандидатура.

Македонија | пред 5 месеци

kocani-puls

Родителите на жртвите од „Пулс“ повторно на улица: Престанете со тортура на нашите семејства

По една недела пауза, родителите, роднините и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на улиците за да укажат дека и натаму чекаат правда, како и да испратат пораки до системот. Тие преку транспаренти го искажаа својот револт, гнев и тага уште од самиот старт.„Престанете со тортура на нашите семејства“, „Ние изгубивме, вие уште имате за што да се борите“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „62 животи, 62 иднини, 62 семејства со вечна болка. Правда и одговорност – нема мир без тоа“, „Крив е системот, не беше несреќа, беше неодговорност! Правда за нашите деца“ – пишуваше на нив.Маршот на ангелите се одржува секоја сабота, во 18:05, како симбол на доцната реакција на институциите.

Македонија | пред 5 месеци

brza-pomos-nokje-3

Пијан возач од Трубарево предизвика сообраќајка – повредени и две бебиња

Скопското Обвинителство отвори постапка против 57-годишен жител на селото Трубарево за кривично дело „Загрозување на безбедноста во сообраќајот“ според член 297 став 1 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 8 август на локалниот пат меѓу селата Петровец и Долно Коњари. Осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со истечена сообраќајна дозвола и под дејство на алкохол. Брзината не ја приспособил на условите на патот, поради што изгубил контрола, преминал во спротивната лента и со предниот лев дел од возилото удрил во „Шкода“.Од ударот полесни повреди добиле возачот и четворица патници во „Шкода“, меѓу кои и две 8-месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.Јавниот обвинител предложи мерки на претпазливост за возачот – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија.

Македонија | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

На 19 октомври и 2 ноември ќе се гласа за нови градоначалници и совети на општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска (9 август) ги распиша локалните избори во Македонија, на кои ќе се избираат градоначалници и членови на советите во сите 80 општини и во Градот Скопје.Денот на гласање во првиот круг е закажан за 19 октомври 2025 година, а вториот круг ќе се одржи на 2 ноември. Кампањата официјално ќе започне 20 дена пред првиот круг.Според Изборниот законик, за градоначалник е избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови, под услов да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи. Доколку ниту еден кандидат не го исполни овој услов, ќе се одржи втор круг меѓу двајцата кандидати со најмногу гласови. Во првиот круг ќе се избираат и новите состави на општинските совети.„Изборите не се прост технички процес, туку суштината на нашата демократија. Тие претставуваат реална можност граѓаните да изберат водачи кои одразуваат одговорност, визија и посветеност кон јавниот интерес“, изјави Гаши по распишувањето на изборите.Тој повика сите политички партии и кандидати да покажат висок степен на политичка култура, да избегнуваат притисоци, говор на поделби и злоупотреба на институциите и јавните ресурси за партиски цели.За организацијата на изборите, државата издвојува 9,7 милиони евра, од кои околу две третини се предвидени за медиумите и платеното политичко рекламирање.Ова се осми по ред локални избори во државата од независноста во 1991 година. Претходните се одржаа во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Македонија | пред 5 месеци

demir-hisar

Под истрага полицаецот кој бараше распит на итен распит на директорката дури и со носилка - јавноста: Сте поблесавиле веќе

По острите критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР. Истовремено, правната фела, но и граѓани реагираат на односот на полицаецот кој и покрај укажувањата на медицинскиот тим дека здравствената состојба на директорката Маја Лозановска не дозволува таа да биде спроведена на сослушување, тој вели „ако треба ќе оди со Амбулантно возило и на носилка во полициска станица“. Од МВР велат дека кога ќе завршат проверките, ќе известат дали го санкционирале полицаецот.„Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.„Криминалците, насилниците, убијците, измамниците, корумпираните политичари премачкани со сите масти се шетаат слободно низ државата. Трговци со дрога и оружје се сликаат со високи функционери во власта, терористи слават родендени со главешините на мафијата. И мува не ги лази. Ама за печат од училиште се ангажира специјална единица од полиција? Па уште и на носилка во полиција ќе ја спроведувале жената. И тоа за незаконско разрешување од страна на градоначалникот. Ма луѓе сосема сте поблесавеле веќе“, напиша Најчевска.И инфлуенсерката Ина Многуфина го искоментира случувањето: „ Таа драмолетка во Демир Хисар е ништо друго освен манифестација на моќ. Лопови така не ваделе на носилки да апсат ко што и се силеле на жената, во сред ноќ. Покажување сила на послаби и немоќни е знак за слабост. А и драмава е околу некое решение за вработување нешто што се дешава реално секој ден. Абе идете таму криминалцине ви избегаа, а некои и се шетаат и тендери добиваат, тие дошле ноќе кај жена што не може да се движи, демек шо, ќе стане ќе избега со печатите негде. Немаме правни алатки да се решава ова, мора вака со драми и скандали?“.Од снимката се слуша како полицаецот инсистира директорката да биде веднаш сослушана, иако нејзиниот адвокат, посочува дека во наредбата од судот стои дека претресот може да се спроведе во рок од 15 дена, а тој додава дека тоа се прави кога тој ќе одреди. Полицијата постапува по напатствија од Обвинителството, а оттаму, посочија дека тие не дале наредба за итен распит.„Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај“, велат од Обвинителството.МВР пак посочува дека претресот кај директорката бил за фалсификување или уништување на деловни книги.„ ОВР Демир Хисар од Основното јавно обвинителство Битола побара издавање Наредба за претреси на три локации - службени простории на училиштето, дом и автомобил на пријавено лице. Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да се издаде наредбата со цел обезбедување предмети од кривично дело. Судот ја ценеше основаноста и го прифати барањето за претрес, по што ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршило претрес на трите локации, а за претресите и евентуално пронајдени и одземени предмети се уште нема доставено официјално писмено известување до обвинителството“, велат од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

obvineti-vanja

Дел од осудените за убиствата на Вања и Панче „пропеале“ за пиштолот и осомничениот Зоран Д., два месеци се собираат докази

Дел од осудените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, „пропеале“ во Обвинителство, каде биле повикани да кажат што се случило со оружјето со кое се извршени злосторствата. Распитите се случуваат по два месеци по покренувањето на истрага, а откако осудениот Велибор Манев посочи дека извесен Зоран Д., вработен во Народна банка, го земал ранецот со оружјето и „моторолите“ за разговор.Според информации на „Скопје1“, на распитите, имало појаснувања кое е лицето, но и која улога ја имал во партијата „Десна“. Се раскажале и детали во однос на тоа за што бил надлежен сега осомничениот.„Скопје1“, побара став од Обвинителството дали против Зоран Д. и натаму опстојуваат одредените мерки за обезбедување присуство, на што не добивме конкретен одговор. Тие потврдија само дека се вршат распити.„Постапката е во тек, се вршат и распити на повеќе лица, но во моментов не сме во можност да споделуваме детали“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Зоран Д. беше приведен откако Велибор Манев, на рочиште, кажа дека тој е лицето кое го споменуваше во повеќе наврати, како задолжен да го уништи ранецот со пиштолот. Претходно, на три рочишта во судскиот процес, Манев изјавуваше дека знае кој добил задача да го крие оружјето со кое е извршен двојниот масакр. И покрај овие тврдења, Обвинителството со месеци не нареди спровод на Манев за да направи распит, што отвори сериозни дилеми за начинот на водење на истрагата.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања