ТОП

demir-hisar-pretres

(Видео) Драматична акција во Демир Хисар – претрес на домот и автомобилот на директорка на средно училиште

Вчера во Демир Хисар се одвиваше драматична полициска акција по наредба на Основното јавно обвинителство Битола, при што беше извршен претрес на домот, службените простории и автомобилот на директорката на средното училиште, Маја Лозановска.Според информациите, на претресот присуствувала и екипа на Брза помош, која констатирала дека Лозановска е на боледување и има покачен крвен притисок. Сепак, началникот на полицијата во Демир Хисар инсистирал таа вечерта да биде пренесена на носилки во полициската станица на информативен разговор. Адвокатот на Лозановска изјавил дека поканата за таков разговор има рок од 15 дена и не мора да биде извршен веднаш.Од Обвинителството велат дека претресот бил извршен поради сомнение за кривично дело „Фалсификување и уништување деловни книги“.По барање на ОЈО Битола, Основниот суд во Битола издал наредба за претрес на три локации со цел обезбедување предмети поврзани со делото. „Законската процедура за обезбедување наредба за претрес на дом и други простории е целосно испочитувана. Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит во конкретниот случај“, соопштија од институцијата.За резултатите од претресот, полицијата сè уште нема доставено официјално известување до Обвинителството.

Македонија | пред 5 месеци

DSC_0718

Нападнат полициски началник по обид за апсење -кај напаѓачот пронајдени дрога, оружје и муниција

Полицијата во Виница вчера уапси 27-годишен жител на Кочани со живеалиште во Виница, откако физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи, кој се обидувал да му врачи покана за службен разговор.Според МВР, инцидентот се случил околу 10:10 часот. По нападот, со судска наредба бил извршен претрес во домот на осомничениот, при што биле пронајдени околу 100 семки од растението канабис, две дробилки со остатоци од марихуана, куршуми од различен калибар, три сабји, електрошок и други предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.Напаѓачот е задржан во полициската станица во Виница. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 5 месеци

albanija

Албанија уапсени 14 лица и запленет милионски вреден имот и пари, спроведена голема акција против албанска нарко организација

Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) спроведе една од најголемите операции против дрога во последните години, насочена кон развивање на албанска криминална организација која дејствувала на глобално ниво, стои во соопштението на Обвинителството.„Според СПАК, организацијата била вклучена во трговија со повеќетонски количини кокаин од Латинска Америка до најголемите пристаништа на Европската Унија, како и во перење пари преку софистицирани финансиски мрежи. Истрагите биле спроведени во рамките на кривичната постапка од 2023 година и се засновале на анализа на шифрирани комуникации во апликацијата „Sky ECC“, објавија медиумите.Додаваат, дека истрагите откриле повеќетонски пратки кокаин од Латинска Америка до главните пристаништа на ЕУ, вклучувајќи ги Хамбург и Антверпен, а незаконски стекнатите средства, главно, биле инвестирани во недвижнини во Албанија.Според истрагите, криминалната група го контролирала целиот синџир на трговија со луѓе, од производство во Латинска Америка, преработка и складирање во Парагвај, меѓународен транспорт во контејнери, до дистрибуција и перење пари во Албанија и во странство.Операцијата била спроведена од албанската полиција, во тесна соработка со ЕВРОПОЛ и органите за спроведување на законот од Германија, Белгија, Франција, Холандија и Италија.Специјалниот суд попладнево изрекол 16 безбедносни мерки, при што на 14 лица им е изречена мерка „затворски притвор“, додека на две задолжително јавување во судот.Според Обвинителството, само пратката од Хамбург имала пазарна вредност помеѓу 1,5 и 3,5 милијарди евра, што претставува една од најголемите заплени во историјата на трговијата со кокаин во Европа.Покрај недвижен имот во Албанија, вреден милиони евра, конфискувани се и 111.800 евра во готовина, 4.000 американски долари и 880.000 леки.

Свет | пред 5 месеци

screenshot-2025-08-09-090637

(Видео) Белгиец со гумен чамец по Вардар стана хит на Инстаграм

Белгиски државјанин, кој подолг период живее во Македонија и на своите профили на Инстаграм и Јутјуб редовно објавува видеа за својот престој, како и за секојдневниот живот во Скопје, неодамна објави ново видео што предизвика големо внимание.Во снимката, тој е прикажан како со гумен чамец плови по реката Вардар. Видеото за кратко време стана вирално, а за само неколку дена собра повеќе од 6.000 допаѓања на Инстаграм. Под објавата, бројни корисници од Македонија оставија хумористични коментари, шегувајќи се дека „станал радиоактивен“ или дека можел да закачи некоја бактерија.

Скопје | пред 5 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Денеска Гаши ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од Кабинетот на спикерот.Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври.Со чинот на распишување ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат и завршат на 19 октомври за советниците, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.Веднаш по распишувањето, ќе се состане Државната изборна комисија и ќе го утврди календарот-роковник.Рокот за поднесување на листите, според законот е најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, што значи подносителите имаат рок најдоцна до 15 септември за да ги поднесат листите со советници и градоначалници.Државната изборна комисија ќе има неколку дена да ги провери и најдоцна 27 септември да ги утврди листите.Изборната кампања ќе трае започнува на 30 септември.Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.т

Македонија | пред 5 месеци

20250808_211458

(Видео) Емоции и почит: „Комитите“ со транспарент за Карпалак

На вечерашниот натпревар меѓу Вардар и Пелистер, „Комитите“ ја искористија приликата да испратат силна и емотивна порака. На трибината, навивачката група развеа голем транспарент со натпис:„Прости ми моја најмила, сега јас сум ѕвезда деница. Карпалак, 08.08.2021“Со овој гест, навивачите на Вардар оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, потсетувајќи дека спортот е и место за сеќавање и благодарност.Трибината, во комбинација со црвено-црните знамиња, создаде моќна слика што ги надмина рамките на фудбалот и се претвори во момент на национално сеќавање.

Спорт | пред 5 месеци

IMG_6897

Побаран притвор за пијаниот штипјанец кој со ловечки нож ја убил својата мајка

Основното јавно обвинителство Штип отвори истражна постапка против 54-годишен жител на градот, осомничен за убиство на својата 84-годишна мајка, кривично дело од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Трагедијата се случила рано утрово во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип. Според обвинителството, осомничениот – под дејство на алкохол со концентрација од 2,43 промили во крвта – по вербална расправија земал ловечки нож и и нанел убодна рана во пределот на вратот на својата мајка. Жената починала на лице место од исцрпување на крв.По нападот, тој самиот се јавил на бројот за итни случаи 112 и го пријавил настанот. Полицијата веднаш интервенирала и го привела осомничениот.Јавниот обвинител поднел предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип за определување мерка притвор.

Свет | пред 5 месеци

izet-medziti-1-im

Изет Меџити: Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изрази целосна поддршка за вчерашниот протест во Приштина под името „Правда за ослободителите“, организиран од страна на Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК.Во објава на социјалните мрежи Меџити нагласи дека не сака да ја користи оваа голема кауза за изборни цели, бидејќи според него, борбата за слобода и правда е многу поважна од какво било политичко натпреварување.„Мојот став отсекогаш бил и останува принципиелен и непоколеблив: Војната на ОВК во Косово, во Прешево, како и во Македонија, беше праведна, оправдана и чиста! Тоа беше војна за државноста, за еднаквоста и за одбраната на албанскиот идентитет на териториите на поранешна Југославија. Светот ги призна и ги казни агресорите и насилниците за злосторствата врз Албанците. Секој обид денес да се изедначи насилникот со жртвата е неприфатлив – било според нормите на меѓународното право, било според принципите на обичајното право.“, истакна членот на коалицијата ВЛЕН.Тој оценил дека Косово денес е суверена и функционална држава во секој агол од својата територија, нагласувајќи дека „паралелните структури на северот од Косово се елиминирани, додека институциите на Република Косово се консолидирани“.Меџити, исто така, ги критикувал политиките на иницијативата „Отворен Балкан“ и политичката класа која, според него, направила компромис со територијата, богатството и правдата. Тој оценил дека денес Косово го водат лидери кои не се пазарат со државните и националните интереси.Протестот во Приштина се одржа „против неправдата“ што наводно ја извршил Специјализираниот совет на Косово во Хаг против поранешните водачи на ОВК и УЧК кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Еден од говорниците на протестот беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-05-at-21.29.35

Убиецот од Бардовци, преместен во притвор во Шутка: ќе биде изолиран од останатите притвореници

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство во Психијатриската болница „Скопје“ – Бардовци.„Прифатен е предлогот на ОЈО за определување мерка притвор од 30 дена и е спроведен во КПУ Затвор Скопје, во посебно одделение, изолиран од останатите притвореници“, потврдија од судот за „Скопје1“.Обвинителството отвори постапка за кривично дело – убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик, откако Спасов со стаклено шише смртно го повреди својот цимер, пациент со иницијали И.Т., по наводна кавга за легло. Телото на жртвата е предадено на обдукција.Спасов, кој во 2012 година беше прогласен за непресметлив по убиството на својата мајка, подолго време бил забележуван како слободно се движи низ Ѓорче Петров и седи по кафеани, иако формално бил на задолжително лекување во психијатриската болница каде ја издржувал казната. Полицискиот надзор му бил повлечен по одлука на правосудни органи, а од болницата излегувал и се враќал без контрола.„Скопје1“ објави дека осомничениот имал активни профили на социјалните мрежи, каде споделувал насилни снимки и повикувал на тепачки. Според сведоци, во болницата кон вработените и пациентите упатувал закани, малтретирал, а во објектот имало и алкохол.Случајот предизвика бурни реакции во јавноста и ја отвори дебатата за безбедноста, надзорот и третманот на опасни пациенти во психијатриските установи, како и за одговорноста на институциите кои дозволиле лице со вакво досие повторно да убие.

Македонија | пред 5 месеци

krst-vodno

(ВИДЕО) Скопје од најголемата височина, Орце Симов сними како се симнува од највисоката точка, телекомуникациската кула на Водно во завршна фаза

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Орце Симов, објави видео на својот Фејсбук профил во кое вели дека го почнува симнувањето од највисоката точка на телекомуникациската кула на Водно.Освен тоа, напиша и дека бјектот е во завршна фаза, а остануваат уште неколку ситни работи и приклучокот за електрична енергија со ЕВН. Во објавата, Симов сподели и неколку фотографии и видеа од теренот, нагласувајќи дека за десетина дена проектот треба целосно да биде финализиран.

Скопје | пред 5 месеци

plaza-grcija

Српски турист пронајден мртов на плажата Неа Пори во Грција

Српски државјанин на 44-годишна возраст бил пронајден во бесознание на плажата Неа Пори во областа Пиерија, Грција. Иако спасувачите веднаш интервенирале и се обиделе да му помогнат, мажот подоцна бил прогласен за мртов.Настанот се случил во средата наутро, пренесуваат грчките медиуми.Според информациите од крајбрежната стража, на лицето прво му била укажана прва помош на самото место, по што со возило на Итната медицинска служба (ЕКАБ) бил префрлен во здравствен центар, каде што била констатирана смрт.Четвртата единица на пристанишната полиција од Платамонас, која е дел од Централната пристанишна управа на Солун, ја води прелиминарната истрага за случајот. Наредена е обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.Причините за трагичниот исход сè уште не се утврдени.Ова е уште една од серијата несреќни случаи ова лето на грчките плажи во кои животот го загубија туристи.

Свет | пред 5 месеци

policiska-lenta

Трагедија во Штип: Поранешен угостител во алкохолна криза ја убил својата мајка

Рано утрово, Штип беше потресен од тешко убиство – 54-годишниот С.З., поранешен познат угостител, ѝ го одзеде животот на својата 84-годишна мајка. Локалното население тврди дека угостителот со години се борел со зависност од алкохол, но и дека имал и проблеми со коцка, поради што често се позајмувал пари од најблиските.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека трагедијата се случила ноќеска, околу 02:00 часот. Жената е убиена во семејниот дом. Осомничениот со остар предмет ѝ нанел убодна рана на својата мајка, која починала на лице место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.„Во 04:15 часот, полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода осомничениот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, а на лице место бил извршен увид од страна на екипа на СВР Штип, под раководство на Јавното обвинителство. Острото оружје е пронајдено и одземено за натамошна постапка“, информираат од МВР.Од полицијата потврдија дека против С.З. ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка за убиство на близок роднина, по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Жителите на Штип велат дека С.З. некогаш важел за успешен угостител, но зависноста од алкохол и коцка целосно го оддалечила од бизнисот и од нормалниот семеен живот, што на крај кулминирало со оваа трагедија.

Македонија | пред 5 месеци

nbnjesdf-438757

Пет жртви за два месеци на опасната кривина на патот Прилеп-Градско, граѓани укажуваат за несоодветно обележување

На опасната кривина на експресниот пат Прилеп–Градско, каде дозволената брзина се намалува од 110 на 40 километри на час, за два месеци загинаа пет лица, а едно дете беше тешко повредено. Пред два дена, две лица од Делчево го загубија животот откако со автомобилот излетаа од патот при исклучувањето. Ден претходно, скопјанец кој не успеал да сврти на кривината, веројатно и движејќи се со неприлагодена брзина, удри во заштитната ограда и ја качи над кровот на автомобилот.Според надлежните, веќе е изготвено ново сообраќајно решение за поставување на знаци и предупредувања, кое по одобрување ќе се спроведе на терен. Но, возачите велат – промените мора да бидат итни.Читатели на „Скопје1“ укажуваат дека проблемот не е само во брзината, туку и во лошо поставената сигнализација:„Знакот 40 треба да стои барем на 500 метри пред исклучувањето, па потоа уште еден на 200 метри и непосредно пред кривината. Сега е поставен предоцна и остава премалку време за реакција“, вели Милена М.„Од 110 на 40 одеднаш – ретко кој навреме ја намалува брзината, а кривината е опасна. Треба повеќе предупредувачки знаци – 80, 60, па 40“, предупредува Илчо С.„Толеранцијата за грешка е премногу мала, а наглото вртење веднаш по автопат е изненадување за возачите“, додава Шеро М.Освен критиките за сигнализацијата, возачите посочуваат и други проблеми – лоша осветленост, теснење на коловозот, оштетени пластични столпчиња и нелогично обележување на патот.„Овој пат е промашена работа, мора да се направат измени на оваа кривина“, порача Зоко Ј., додека Стефан С. реагира: „Дваесет пати сум возел и се чудев кој го обележувал патот – логика нема.“До реализацијата на новото сообраќајно решение, овој дел од патот останува „црна точка“ на македонските патишта.

Македонија | пред 5 месеци

albansko-zname

Поради веење на знаме на „Голема Албанија“ германски државјанин доби условна казна и депортирање

Пред почетокот на фудбалскиот натпревар Шкендија-Карабаг, германски државјанин го веел знамето на „Голема Албанија“, заради што се осуден на условна затворска казна и е протеран од земјава.-Основниот кривичен суд во Скопје осуди државјанин на Германија на условна затворска казна од две години, откако беше фатен како вее знаме со мапа на „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“ пред натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Карабаг на 5 август.Полицијата му поднесе кривична пријава, а Обвинителството веднаш отвори постапка по член 319 од Кривичниот законик – за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа.

Македонија | пред 5 месеци

karpalak-antono-stnakovski

(Видео) Кој е виновен за заседата кај Карпалак? Станковски: Веројатно организациски сме ја утнале работата

Денеска се навршуваат 24 години од еден од најтрагичните и најкукавичките настани во поновата историја на Македонија – заседата кај месноста Карпалак, во која животите ги загубија десетмина бранители.Поранешниот командант на Воената полиција и ЕБР, началник на специјалните единици, Антонио Станковски, во поткастот „Претрес“ говореше за трагичниот настан и можните пропусти во неговата организација.?t=2592„Не сум бил на тоа старешинско ниво за да имам информација дали на време стигнале. Мислам дека можеби станува збор за недоволно проверени информации и не системско водење на целата таа колона. Кога се сомневаш дека нешто не е во ред, треба да се промени времето на движење, начинот на кој оди колоната, да се покријат ризични точки, можеби со хеликоптер, за да се обезбеди патот и безбедно да стигне на целта. Веројатно организациски сме ја утнале работата“, рече Станковски.Прашан кој е виновен за Карпалак, тој одговори: „Во војна се случуваат такви работи. Можеби некој е крив за нешто, но војната носи жртви. Организациски секогаш може подобро – ако треба да се појде покасно, ако треба да се употребат сили за обезбедување на патот, тоа треба да се преземе. Ако службите ти дадат информации, а не ги вклучиш во одлуката, тогаш можат да се случат вакви работи.“Во заседата на 8 август 2001 година беа убиени: Сашо Китаноски (39), Марко Деспотоски (27), Нане Наумоски (48), Љубе Грујоски (31), Бранко Секулоски (42), Дарко Вељаноски (27), Горан Миноски (29), Пеце Секулоски (29), Веби Рушидоски (26) и Ердован Шабаноски (20).

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања