ТОП

529170784_1172920548188874_4036139121080581647_n

24 години од масакрот кај Карпалак – сеќавање на загинатите бранители

На денешен ден, пред 24 години, кај месноста Карпалак се случи еден од најтрагичните настани во поновата историја на Македонија – кукавички масакр врз вооружените сили на Републиката, извршен од страна на терористички формации.Во нападот животите ги загубија десетмина бранители:⚫️ Сашо Китаноски (39) од Прилеп⚫️ Марко Деспотоски (27) од Новоселани, прилепско⚫️ Нане Наумоски (48) од Прилеп⚫️ Љубе Грујоски (31) од Пашино Рувци, прилепско⚫️ Бранко Секулоски (42) од Прилеп⚫️ Дарко Вељаноски (27) од Ропотово, прилепско⚫️ Горан Миноски (29) од Прилеп⚫️ Пеце Секулоски (29) од Бело Поле, прилепско⚫️ Веби Рушидоски (26) од Прилеп⚫️ Ердован Шабаноски (20) од ПрилепНастанот останува длабока рана во колективната меморија, а жртвите – симбол на храброст и пожртвуваност во одбрана на татковината.

Македонија | пред 5 месеци

lesko-tufke

„Во Грција газда во притвор по експлозија и повредени туристи, кај нас – смрт во „див“ локал без одговорност“, вели Туфегџиќ

Во Грција, по експлозија на плинска боца во изнајмен апартман во која беа повредени пет туристи, полицијата веднаш го приведе 86-годишниот сопственик на објектот.Адвокатот Владимир Туфегџиќ, застапник на семејството на трагично починатиот Љупчо Лешко, ја спореди оваа реакција со односот на институциите во Македонија, каде што, по смртта на младиот Лешко во „див“ угостителски објект, никој не е приведен и нема преземена одговорност.„Некој ќе рече – каква врска има газдата, плинска боца може да експлодира било каде. Еве зошто има врска: кај нас загина млад човек во објект со шанк, маси, столици, озвучување и јавна промоција на адресата за издавање на Инстаграм. Наместо истрага, се прават надчовечки напори случајот да се прикаже како несреќен случај,“ вели Туфегџиќ.Тој додава дека единствено вишиот јавен обвинител, во жалбена постапка, наложил повторно постапување, бидејќи го видел она што, според него, „понискиот“ обвинител и дел од полициските службеници и вештаци „не можеле“ да го видат.„Наместо непристрасна истрага, си формираа телефонско мислење и ‘ненамерно’ ги контаминираа доказите,“ вели адвокатот, нагласувајќи дека станува збор за прашање на одговорност.

Коментари | пред 5 месеци

ChatGPT

OpenAI го претстави GPT-5: „Паметен, побрз и многу покорисен“

OpenAI го претстави GPT-5, најновата и најмоќна верзија на својот голем јазичен модел, кој од денес им е достапен на сите корисници – вклучително и на бесплатните. Компанијата вели дека моделот е „паметен, побрз и многу покорисен“, особено во области како пишување, програмирање и здравство.„Пробав да се вратам на GPT-4 и искуството беше прилично мизерно,“ изјави извршниот директор Сем Алтман.Според OpenAI, GPT-5 има значително пониска стапка на т.н. „халуцинации“ (измислени одговори) и поминува низ 5.000 часа тестирање на безбедност. Наместо целосно одбивање да одговори на потенцијално ризични прашања, моделот сега користи „безбедни завршетоци“ – дава одговори во рамки кои не можат да предизвикаат штета.Клучни подобрувања: Подобро препознавање кога задача не може да се заврши. Намалување на шпекулациите и појасно објаснување на ограничувањата. Поголема способност за логичко резонирање и обработка на големи количини информации.OpenAI демонстрираше и т.н. vibe coding – креирање апликации од едноставен текстуален опис. GPT-5 за неколку секунди изработи две различни веб-апликации за учење француски, со флеш-картички, квизови и следење на напредок.GPT-5 денеска се пушта за Free, Plus, Pro и Team корисници, а за првпат и бесплатните корисници ќе имаат пристап до reasoning модел. Pro корисниците имаат неограничен пристап, а ChatGPT Edu и Enterprise ќе го добијат следната недела.Microsoft веднаш го интегрира моделот во Microsoft 365 Copilot, Copilot за корисници и Azure AI Foundry, додека компании како Box веќе го тестираат за анализа на комплексни податоци.За девелопери, GPT-5 доаѓа во три варијанти преку API: gpt-5, gpt-5-mini и gpt-5-nano, прилагодени на различни цени и брзина на одговор.„GPT-5 е како да имате тим од експерти со докторат на располагање во секое време,“ вели Алтман.

Магазин | пред 5 месеци

ursula

Трамп планира средба со Путин и Зеленски, ЕУ: „Нас никој не нè повикал“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги информирал дел од европските лидери за планот да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и за можен трилатерален состанок со него и украинскиот лидер Володимир Зеленски.Од Европската комисија потврдија дека претседателката Урсула фон дер Лајен не била во директен контакт со Трамп и не учествувала во координација со западните лидери. Неколку лидери на земји-членки ја информирале за иницијативата, но официјална покана од Вашингтон нема.„Го поддржуваме праведниот и траен мир за Украина. Што се однесува до самитот, допрва треба да се види дали ќе се одржи – прерано е за детали“, изјави портпаролката на ЕК Ариана Подеста, одбивајќи да потврди дали ЕУ ќе биде поканета.Брисел повтори дека не постои решение за Украина без согласност на Киев, и дека за улогата на ЕУ во поствоената реконструкција мора да има консултации.„Никој не сака мир повеќе од Украина и Европската унија. Русија во моментов не е заинтересирана за мир. Поддржуваме секој чекор кон примирје, но во меѓувреме ѝ помагаме на Украина да биде силна – и на бојното поле и на преговарачката маса“, порачаа од ЕК.Иако ЕУ не е вклучена во актуелните американски дипломатски напори, европските држави ќе го понесат најголемиот товар по завршувањето на војната – и финансиски, и со евентуално присуство на теренот. Трамп веќе порача дека САД нема да имаат активна улога, освен во инвестиции за експлоатација на стратешки минерали, а трошоците ќе паднат на ЕУ. Киев, пак, се надева на брзо отворање на првите поглавја во пристапните преговори за членство.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.23

Високи израелски функционери предупредуваат: „Ќе ни се случи истото што и на Американците во Виетнам“

Израелската влада издаде нови наредби за присилно раселување на делови од градот Газа и Кан Јунис, како вовед во одлуката за целосна окупација на енклавата. Според информации на Times of Israel, првиот чекор е евакуација на околу еден милион жители на Газа – половина од вкупното население – кон т.н. „хуманитарна зона“ Ал-Маваси на југот на појасот, каде што ОН проценува дека веќе се сместени 425.000 лица на површина од само 20 км².По ова, следува втората фаза – воена офанзива, за време на која се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да најави забрзана хуманитарна помош во координација со Израел, со четирикратно зголемување на пунктовите за дистрибуција на храна. Финансирањето би дошло од милијарда долари донации од САД и други држави.Началникот на Генералштабот на Цахал, генерал Ејал Замир, отворено се спротивстави на премиерот Бенјамин Нетанјаху, предупредувајќи дека целосната окупација би ја загрозила безбедноста на 50-те заложници што ги држи Хамас (за 20 се верува дека се живи), би ја исцрпила армијата и би претставувала „замка за Цахал“.„Ова ќе нè вовлече во црна дупка – преземање одговорност за два милиони Палестинци, години чистење, герилска војна и, најопасно, загрозување на заложниците“, изјавил Замир, добивајќи поддршка и од министерот за одбрана Израел Кац – дотогаш близок сојузник на Нетанјаху.Високи функционери предупредуваат на „виетнамски сценарио“ – скапа, долготрајна и со ограничени резултати воена кампања. Алтернативниот план на армијата бил Газа да се опколи, да се блокира помошта и да се водат прецизни напади со цел исцрпување на Хамас, но владиниот компромис сега предвидува мешавина од двете стратегии.

Свет | пред 5 месеци

maduro-696x418-1

САД ја удвоија наградата, сега за информации за апсење на Мадуро даваат 50 милиони долари

Соединетите Американски Држави ја удвоија наградата за информации што ќе доведат до апсење на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, достигнувајќи износ од 50 милиони долари. Американскиот државен обвинител Пам Бонди ја соопшти оваа одлука, наведувајќи дека Мадуро е обвинет за трговија со дрога и соработка со криминални организации.Во видео објавено на социјалната мрежа X, Бонди тврдеше дека Мадуро има врски со познати криминални структури, меѓу кои се венецуелската банда „Трен де Арагва“ и мексиканскиот наркокартел „Синалоа“.На ваквите обвинувања реагираше министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, кој преку Телеграм ја нарече објавата „најсмешната димна завеса што некогаш е видена“. Тој обвини дека станува збор за „медиумски циркус“ со цел да ѝ се удоволи на, како што рече, поразената венецуелска крајна десница. „Достоинството на нашата татковина не е на продажба. Ја осудуваме оваа груба политичко-пропагандна операција“, додаде Гил.Првично, во 2020 година, САД понудија 15 милиони долари за информации поврзани со апсењето на Мадуро, кога беше обвинет за трговија со наркотици. Во јануари 2025 година, износот беше зголемен на 25 милиони, по положувањето заклетва за неговиот трет мандат, проследено со нови санкции против високи официјални лица од Венецуела.Во меѓувреме, американските власти продолжија со класифицирање на венецуелски и мексикански криминални групи како терористички организации. Во февруари, Стејт департментот ја прогласи „Трен де Арагва“ за странска терористичка организација, заедно со МС-13 и неколку мексикански картели. Во јули, истата ознака беше доделена и на „Картел де лос Солес“.Американскиот државен секретар Марко Рубио во својата изјава рече дека Николас Мадуро е водач на „Картел де лос Солес“, мрежа која, според него, повеќе од една деценија е одговорна за шверц на дрога во САД.

Свет | пред 5 месеци

screenshot_8

Конечно решение за паркингот на Клинички – „паметен“ систем и 24-часовен мониторинг

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека до утре ќе се потпише договор со „Градски паркинг“ за изградба на ново, целосно дигитализирано паркиралиште во Клиничкиот центар во Скопје.„Ова ќе биде паркинг каков што нема на државно ниво – целосно дигитализиран, ‘паметен’ паркинг којшто од моментот кога ќе влезете, па сè до излезот, автоматски, дигитално ќе ве следи и ќе комуницира со возилото. Ќе има посебни влезови, особено за одделот за кардиологија, бидејќи знаеме дека времето е клучен фактор за тие пациенти. Излезите ќе бидат исти. Капацитетот на паркирање ќе се зголеми двојно поради просторната оптимизација на паркинг-местата.“, вели Азир Алиу.Паркингот ќе има 300 места, 24-часовен надзор и посебни влезови за итни случаи.Паркирањето ќе биде поделено во четири ценовни категории – онколошките пациенти ќе паркираат бесплатно, а различни цени ќе важат за пациенти, вработени и посетители.

Скопје | пред 5 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-07-at-15.54.20_60788882

Истрага за убиството во Бардовци: Спасов се гони за убиство, а се бара и притвор - се проверува и како се спроведувало лекувањето во психијатриската болница од каде излегувал, а и објавувал насилни сн...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка за убиството што се случи во Психијатриската болница „Скопје“ – Бардовци, каде што 36-годишниот Димитар Спасов, хоспитализиран поради претходно убиство, со стаклено шише усмртил друг пациент. Настанот, што се случи по наводна кавга за легло, ја вознемири јавноста и ги отвори прашањата за (не)функционалноста на системот за задолжително психијатриско лекување.Како што соопштија од Обвинителството, против Спасов се води постапка за кривично дело – Убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик. Поради опасност од повторување на делото или сторување ново кривично дело, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор. Дополнително, ќе се бара и целосна документација за досегашниот третман на осомничениот, вклучително и како се спроведувала мерката на задолжително лекување.„Скопје1“ објави дека Спасов – кој во 2012 година беше прогласен за непресметлив откако ја уби својата мајка – подолго време бил гледан како слободно се движи низ Ѓорче Петров, па дури и седи по кафеани. Полицискиот надзор му бил повлечен по одлука на правосудни органи, по што се враќал и излегувал без контрола од болницата.На социјалните мрежи имал активни профили и споделувал насилни снимки – на една од нив, повикува друго лице на тепачка, а на друга дава насоки како да се претепа пациент. Сведочења од вработени наведуваат и закани, малтретирање, алкохол во установата и поплаки кои, очигледно, не довеле до заострување на надзорот.Жртвата, пациент со иницијали И.Т., беше пронајдена мртва во собата на Спасов, каде напаѓачот и по настанот останува сместен. Телото е дадено на обдукција.Овој случај ја отвори јавната дебата за третманот на опасни пациенти во психијатриските установи, прашањето на надзор, пристап до алкохол, интернет и социјални мрежи, но и одговорноста на институциите кои дозволиле лице со такво досие да се движи меѓу граѓани – сè додека не уби повторно.

Скопје | пред 5 месеци

MixCollage-06-Aug-2025-02-51-PM-6290

Германски државјанин осуден за веење знаме на „Голема Албанија“ пред натпреварот Шкендија–Карабаг

Основниот кривичен суд во Скопје осуди државјанин на Германија на условна затворска казна од две години, откако беше фатен како вее знаме со мапа на „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“ пред натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Карабаг на 5 август.Против него беше поднесена кривична пријава од страна на СВР Скопје, а Обвинителството веднаш отвори постапка по член 319 од Кривичниот законик – за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа.Според институциите, сторителот со своите дејствија поттикнал етничка омраза непосредно пред фудбалскиот натпревар, а бил идентификуван и лишен од слобода од страна на полицијата.На основа на обезбедените докази, судот му изрече условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години не стори ново кривично дело. Дополнително, поради неговиот статус како странски државјанин, му е изречена и мерка протерување од државата и забрана за влез во траење од пет години.МВР и Јавното обвинителство најавија дека ќе продолжат со засилени активности за санкционирање на секој обид за ширење омраза и нетрпеливост на спортски настани. Веднаш по идентификација на сторителите, тие ќе бидат процесуирани согласно законските процедури.

Спорт | пред 5 месеци

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Нова трагедија: Две лица од Делчево загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско

Две лица од Делчево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнево, на експресниот пат Прилеп–Градско.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, трагедијата се случила на вчера (6 август 2025) година, околу 14:35 часот, кога патничко возило „Ауди“ со делчевски регистарски таблички, управувано од 60-годишниот Ќ.С., излетало од коловозот.На местото на несреќата, од здобиените повреди починале и возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С., исто така од Делчево. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.Причините за несреќата сè уште се испитуваат.

Македонија | пред 5 месеци

MixCollage-07-Aug-2025-12-18-PM-5664

(ВИДЕО) Во Франција беснеат најразорните пожари во последниве 80 години, огнот уште е надвор од контрола

Во јужниот дел на Франција беснее најобемниот шумски пожар во изминатите осум децении. Огнената стихија, што започна оваа недела во областа Од, досега зафати над 16.000 хектари шума, однесе еден живот, а неколку лица се водат како исчезнати.Пожарот сè уште не е ставен под контрола, а високите температури, ниската влажност и силниот ветер придонесуваат за неговото брзо ширење.„Ситуацијата на теренот и понатаму е критична, пожарот не е ставен под контрола“, изјави Кристоф Магни, кој ја координира теренската акција за гаснење, за француската телевизија BFM TV. Огнот се движи кон границата со Шпанија и веќе уништи површина што надминува големина на целиот Париз.Според француските власти, ова е најголемиот шумски пожар од 1949 година. Временските услови значително ја усложнуваат работата на противпожарните екипи, кои се борат со силен ветар, екстремна жештина и слаба видливост.На терен се ангажирани и воздушни сили, вклучувајќи хеликоптери и канадери, но пламенот продолжува да се шири и покрај сите напори.

Свет | пред 5 месеци

MixCollage-07-Aug-2025-11-52-AM-109

Царината спречи обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи, против три лица поднесени кривични пријави

Златен накит вреден 1,3 милиони денари е запленет од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. Во случајот се осомничени две патнички кои патувале на релација Турција – Македонија, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за криумчарење.При контрола на багажот и личен претрес, кај патничките било пронајдено злато од 22 и 14 карати, во вкупна тежина од 304 грама како и сертификати за гаранција на златото. За овој накит, требало да бидат платени 481 илјада денари давачки кон државата. Двете лица се македонски државјанки со живеалиште во Холандија.Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое по спроведување на предистражни дејствија ќе поднесе кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за криумчарење 210 вијали со ботулински токсин за инјектирање – супстанца која се користи во медицината и е под строг режим на увоз.Инјекциите биле откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Призрен. Во патната торба на осомничениот патник биле пронајдени 170 вијали DYSPORT 500 и 40 вијали MASPORT 500, и двете со ботулински токсин тип А.Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за криумчарење против лицето до надлежното Основно јавно обвинителство, а производите се запленети.44 пакувања со вкупно 2.580 капсули суплементи „Afye“ се запленети на Меѓународен Аеродром Скопје, откако биле пронајдени во куферот на холандски државјанин, кој, пристигнувајќи со лет од Измир, се упатил кон зелениот канал со намера да ја избегне царинската контрола.Вкупно 144 делови за земјоделски машини се откриени при контрола на камион на влез во државата, спроведена од страна на Службата за мобилни скенери на граничниот премин Табановце. Деловите за земјоделски машини биле скриени во торби, сместени во кабината на камионот.Запленети 21 штека цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката на празен камион-кипер со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.На граничниот премин Дојран, мобилен царински тим заплени 128 пара обувки со потпис на заштитени трговски марки, поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.Случајот е откриен при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово.При контрола на пратка со потекло од Дубаи, пријавена за увозно царинење, царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје открија 74 ремчиња за смарт часовници, кои не биле опфатени со царинските документи. Стоката наменета за увозник од Скопје е запленета, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна постапка.фото: Царинска управа

Македонија | пред 5 месеци

Akva-park

Аква паркот кај „Борис Трајковски“ не работи со години, има големи загуби, стара опрема и затворени врати

Една од најголемите инвестиции во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“ – скопскиот Аква парк – годинава не е во функција. Според извештајот од Државниот завод за ревизија, објектот во 2023 година остварил приходи што биле за 41 отсто пониски од предвиденото, а во 2024 целосно е затворен.Проблемите се бројни и сериозни – од слаб интерес на посетители, преку нерешени технички и инфраструктурни дефекти, до фактот дека на целата вградена опрема и реквизити веќе им е истечен гарантниот рок. Тоа значи дека изведувачите не одговараат повеќе за евентуални дефекти или оштетувања, поради што објектот не може да биде отворен без ризик и дополнителни трошоци.Во 2023 година, Аква паркот инкасирал само 4,29 милиони денари. За разлика од него, базенот, лизгалиштето и кугланата при „Борис Трајковски“ бележат континуиран раст на приходите.Ревизорите констатираат дека Аква паркот, од некаогашна атракција, прераснал во сериозен финансиски товар, а целиот проект се посочува како пример за слабо планирање и неадекватно одржување.Долг стар една деценија подмирен од државниот буџетСпортскиот центар „Борис Трајковски“ бил изграден во 2011 година преку заем од Град Скопје во износ од 260 милиони денари, со договорена исплата во три рати уште истата година. Но, поради финансиски потешкотии, објектот не започнал со отплата сè до 2019 година.Во периодот од 2019 до 2022 година, управителот не успеал да обезбеди средства за самостојно сервисирање на обврските, па долговите биле покриени преку државниот Буџет. Министерството за финансии го зголемило основниот влог на државата во друштвото, со што биле покриени сите три рати. Последната била исплатена во 2023 година.Ревизијата укажува дека оваа ситуација отвора сериозни прашања за одржливоста на јавните инвестиции и транспарентноста во финансирањето на вакви капитални објекти. И покрај тоа што „Борис Трајковски“ е клучна спортска и конгресна локација, неговото управување покажува дека и национално важни проекти можат да западнат во финансиски проблеми и да зависат од државна интервенција.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Стапија на сила новите царини на Трамп: САД со агресивна трговска офанзива

Соединетите Американски Држави официјално ги активираа новите трговски царини наметнати од администрацијата на Доналд Трамп, со кои увозот од неколку десетици држави ќе биде дополнително оданочен со стапки од 10 до дури 50 отсто. Мерките, кои стапија на сила ноќеска по полноќ по американскa временска зона, претставуваат клучен дел од стратегијата на поранешниот американски претседател за намалување на трговскиот дефицит и заштита на американската индустрија.Американската царинска и гранична служба (CBP) соопшти дека од 12:01 часот започнало наплатувањето на повисоките царини. Притоа, производите кои биле веќе натоварени на бродови или во транзит пред полноќ, ќе може да влезат во земјата под старите услови сè до 5 октомври.Претходно, САД воведоа основна стапка од 10% на увозот од повеќе држави, но Трамп подоцна најави повисоки тарифи за одредени земји, вклучувајќи:Бразил – 50%Швајцарија – 39%Канада – 35%Индија – 25%, со дополнителни 25% најавени поради увозот на руски енергенси, што ќе стапи на сила за 20 денаТрамп, кој ги промовираше царините како пат кон економска самостојност и национална величина, изјави: „Милијарди долари ќе се влеат назад во Америка – од земји кои со години нè искористуваа“.На својата платформа Truth Social, тој остро ги нападна правосудните институции, тврдејќи дека:„Единственото што може да ја сопре големината на Америка е судот на радикалната левица кој сака нашата земја да не успее.“Во меѓувреме, САД постигнаа рамковни договори со осум главни трговски партнери, кои учествуваат со 40% во американската трговија. ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја договорија основна стапка од 15%, Велика Британија 10%, додека Виетнам, Индонезија и Филипините се договорија за тарифи помеѓу 19% и 20%.Овие потези доаѓаат во време кога глобалната трговија се соочува со предизвици, а администрацијата на Трамп повторно го истакнува слоганот „Америка на прво место“ – овојпат преку царински чекан.

Свет | пред 5 месеци

gradonacalnik-dui

И Скендер Реџепи ќе се „трка“ за градоначалник на Скопје!

Во трката за прв човек на Скопје влегува и Скендер Реџепи од Народното движење. Веста ја објави Али Ахмети на Фејсбук каде напиша дека Реџепи претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.-„Реџепи дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Сега е пратеник во Собранието, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети.Противкандидатите на Скендер Реџепи веќе се познати, ВМРО оди со Орце Ѓорѓиевски, додека опозициската СДСМ се одлучи за Каја Шукова.За градоначалници гласаме на 19. октомври.фото: ФБ

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања