ТОП

pistol-kursumi-zaplena

Пукале на свадба во Рашче, две лица се приведени

На 06.08.2025 во с. Рашче, скопско, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од с. Рашче.Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба, соопшти МВР.Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 5 месеци

detska-pornografija-1

„Одмазничка порнографија“ станува кривично дело во Србија – малолетниците најчесто жртви, но и сторители!

Во рамките на најавените измени на Кривичниот законик што ќе се разгледуваат во есен, српското Министерство за правда ќе воведе ново кривично дело – одмазничка порнографија, сè почесто присутна форма на дигитално насилство.Министерот за правда Ненад Вујиќ посочи дека измените имаат цел дополнително да ги заштитат малолетниците, кои, според досегашните сознанија, најчесто се појавуваат и како жртви и како сторители на вакви случаи.Оваа законска измена е дел од поширок пакет реформи што ќе бидат разгледани на есенската сесија на Народното собрание.„Законите мора да се менуваат. Тие треба да го следат животот и новите форми на загрозување на правата“, изјави Вујиќ за агенцијата Танјуг, истакнувајќи дека правната рамка мора да се прилагоди на современите закани.Паралелно, се најавуваат и измени во регулативата што се однесува на малолетниците, особено во контекст на врсничко насилство.Според Вујиќ, се планираат измени на законите кои ја регулираат поведението на деца со нарушувања во однесувањето, како и мерки за зајакнување на родителската одговорност.Меѓу најавените реформи се и измени на Законот за кривична постапка, Законот за малолетни престапници, како и закони поврзани со спроведувањето и безбедноста, борбата против семејното насилство и корупцијата.Министерот нагласи дека дел од промените произлегуваат од обврските во рамките на пристапниот процес кон Европската унија, како и од препораките на меѓународни тела како ГРЕКО и МАНИВАЛ.Дел од законските предлози ќе бидат отворени за јавна расправа, додека другите ќе бидат дополнително презентирани пред граѓаните пред да бидат усвоени.

Свет | пред 5 месеци

sicilija

Сицилија добива мост до копното, Италија стартува мега-градба од соништата вредна над 13 милијарди евра

Италија конечно го одобри мега-проектот вреден 13,5 милијарди евра, со кој по децении планирање и одложувања ќе се изгради мост што ќе ја поврзе Сицилија со копното. Станува збор за конструкција долга 3,7 километри, која се најавува како најдолгиот мост со еден распон во светот.Идејата за изградба на мостот над Месинскиот теснец, кој ја разделува Сицилија од копнена Италија, датира уште од крајот на 60-тите години, со цел да се поттикне економскиот развој на југот на земјата.Проектот доби приоритет од актуелната десничарска влада на премиерката Џорџа Мелони, која планира средствата од 13,5 милијарди евра да се инвестираат во наредната деценија за изградба на мостот и придружната инфраструктура. Според компанијата Messina Strait Company, мостот се очекува да биде завршен до 2032 година.Сепак, изградбата наидува на силни противења од стручната јавност, поради сеизмичкиот ризик на регионот. Освен тоа, се посочуваат и можните пречекорувања на буџетот, штетното влијание врз животната средина, како и ризиците од вмешаност на мафијата во градежните договори. Противниците на проектот го сметаат за непотребен, додека еколошки организации веќе поднесоа претставка до Европската Унија, предупредувајќи на потенцијални еколошки последици.И покрај ваквите реакции, поддржувачите на проектот веруваат дека модерната железничка и патна врска ќе претставува значителна предност за Сицилија и сиромашните региони на југот, заменувајќи го постојниот фериботски транспорт.Изградбата ѝ е доделена на меѓународна групација предводена од италијанската компанија „Вебилд“ (Webuild), во која се вклучени и „Сасир груп“ од Шпанија и јапонската компанија „ИХИ“.Од Messina Strait Company посочија дека со ова одобрение ќе започнат подготовките за реализација, меѓу кои се предвидени археолошки и геолошки истражувања, како и постапки за експропријација на земјиште.Според проценките на Webuild, изградбата на мостот би можела да отвори над 100.000 нови работни места.фото: Unsplash

Свет | пред 5 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Одбројувањето почнува: Рокови, листи и речиси 10 милиони евра за локалните избори

Собранието најдоцна до сабота треба да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври. Вториот круг, каде што ќе биде потребен, е закажан за 2 ноември. Граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во 80 општини, како и во Градот Скопје.Станува збор за најмасовниот изборен процес во државата, со оглед на бројот на учесници и обемот на изборната администрација.За разлика од претходните изборни циклуси, дијаспората овојпат нема да учествува во гласањето. Единствена можност за нашите државјани кои живеат надвор од земјата е да допатуваат и да го искористат правото на глас тука.Државната изборна комисија веќе неколку месеци се подготвува за изборниот процес. Веднаш по распишувањето, ќе се одржи јавна седница на која ќе биде објавен календарот со сите рокови и изборни дејствија, како и правата и обврските за учесниците во изборите, медиумите и избирачките органи.До крајот на август ќе биде спроведен случајниот избор на 21.000 административци кои ќе бидат ангажирани во избирачките одбори на околу 3.500 гласачки места. Во текот на септември, тие ќе поминат обука, а ќе добијат и прирачници за работа.Во исто време, партиите што добија најмногу гласови на последните избори – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Вреди – треба да предложат уште 14.000 членови за избирачките одбори. Причината за новиот состав е истечениот мандат на досегашните членови.Општинските изборни комисии остануваат во сегашниот состав, бидејќи нивниот мандат трае уште една година. Тие имаат клучна улога – од прием и потврдување на кандидатските листи, до одлучување по жалби и приговори поврзани со правото на глас.Еден од најважните рокови е увидот во Избирачкиот список, кој започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае 20 дена. За тоа време, граѓаните кои имаат право на глас ќе можат да ги проверат податоците и да поднесат барања за корекции – електронски или преку подрачните канцеларии. И сега е можно тоа да се направи, но конечниот ажуриран список ќе биде подготвен веднаш по распишувањето.Буџетот за локалните избори 2025 изнесува 9,76 милиони евра. Најголемиот дел од овие средства – околу две третини – се наменети за платено политичко рекламирање во медиумите. Дел од средствата ќе се користат и за надоместоци на членовите на избирачките одбори, како и за транспортот и логистиката поврзана со гласачкиот материјал. Дел од трошоците ги покриваат и општините, а изборната комисија најавува дека се преземаат мерки за рационализација и намалување на трошоците каде што е можно.

Македонија | пред 5 месеци

sofija

„Карикатурата нека биде комплетна“ – Софија Куновска остро за плановите за довршување на споменикот на Мајка Тереза

Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, Софија Куновска, со остра критика за најавата дека ќе се довршува споменикот на Мајка Тереза на Плоштад Македонија. Таа смета дека не станува збор за културна политика, туку за евтин популизам и обид за лична кампања на сметка на јавните пари.Во објава на ФБ, Куновска пишува дека „културата не е бетон и бронза, туку инвестиција во ум, визија и идеи“, и предупредува дека Скопје нема да стане метропола со доградба на, како што вели, „заборавените скелети“.Споменикот на Мајка Тереза ќе се довршувалПосле години молк и занемарување, институциите одеднаш се сетија да го довршуваат споменикот на Мајка Тереза на Плоштад Македонија. Зошто? Затоа што, како што велат, „веќе биле потрошени пари“. Тоа е сè што имаат да кажат – не културна визија, не вредносна позиција, туку проста бирократска сметка.Ова не е културна политика. Ова е евтин популизам. Празно глумење грижа, зад кое се крие хроничен недостаток на идеи, интегритет и вистинска посветеност на културата.Културата не е споменик. Културата не е бетон, бронза и малтер.Културата не е трошок, културата е инвестиција.Во ум, во талент, во визија, во идеи со кои ќе се натпреваруваме со светот. Во нешто што ќе не препорачува за најдобри на светот.Скопје нема да стане метропола со доградба на заборавените скелети. Ќе остане завиткан во лепливата прашина, кич и урбана смрдеа ако и понатаму го водат луѓе без визија, без слух и без срам.Не е ова споменик за Мајка Тереза. Ова е споменик за нечија неспособност. За нечија лична кампања.Ако веќе решивте да доградувате, обновете ги и бродовите – нека биде карикатурата комплетнa, порача Куновска.фото: ФБ

Скопје | пред 5 месеци

slika-ubistva

Братоубиство во Кавадарци: го убил, закопал и покрил со шперплоча

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека е сторител на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 43-годишник, на 27 јули во вечерните часови, го лишил од живот својот една година помлад брат, удирајќи го неколку пати со метален предмет по главата. Делото го извршил по вербална расправија во дневната соба во домот на оштетениот.Потоа во период од неколку дена презел повеќе дејствија за да го прикрие делото и да уништи трагите – ја избришал крвта од подот и предметите, а телото го пренел во помошна просторија во дворот на куќата, каде го закопал и го покрил со шперплоча и други предмети.Поради опасноста да се даде во бегство, но и да преземе и дополнителни дејствија за уништување на трагите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 5 месеци

policiska-lenta

Си го убил братот! Расчистена мистериозната смрт во Кавадарци, сестрата го пријавила делото

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистено тешко убиство во Кавадарци, при што 43-годишен маж е пријавен за убиство на својот брат. Телото на жртвата било пронајдено закопано во помошен објект во дворот од заедничкиот семеен дом, по пријава од нивната сестра. Осомничениот го признал делото во службен разговор со надлежните.Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 27.07.2025 во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот брат И.И.(42) од Кавадарци, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа.Имено, вчера (05.08.2025), нивната сестра В.О.(44) во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И.. Додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре.Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И.. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И., по што го спровеле во јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото.

Македонија | пред 5 месеци

MixCollage-06-Aug-2025-02-51-PM-6290

МВР најавува казни за навивачи поради говор на омраза на натпреварите во Куманово и Скопје

Министерството за внатрешни работи испрати јасна порака дека нема да толерира говор на омраза на спортските трибини и најави ригорозни санкции за сите прекршувања на јавниот ред и мир. Во соопштението се посочува дека се веќе преземени конкретни мерки за инциденти регистрирани на спортски настани во Куманово и Скопје.Во продолжение соопштението од МВР во целост:МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибинитеМинистерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски клубови, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, како во минатото така и сега и во иднина, полицијата ќе биде крајно ригорозно по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања и друг начин на ширење на говор на омраза.За потсетување, во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки а едно лице е лишено од слобода и против него ќе следи соодветен поднесок.Што се однесува за фудбалскиот натпревар кој се одржа на арената Тодор Проески во Скопје на 05.08.2025, СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител. Имено, доставено е писмено известување до Обвинителството врз основа на веќе утврдениот материјал, по што МВР ќе постапува согласно своите надлежности во координација со ОЈО и за било какви утврдени законски прекршувања ќе следуваат соодветни поднесоци, за што јавноста благовремено ќе биде информирана.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Млад возач со ауди прегазил 11-годишно девојче во Скопје, со тешки повреди е пренесоно на клиниките

Сериозна сообраќајна несреќа се случила синоќа на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, при што 11-годишно девојче било прегазено од патничко возило. Малолетнoто девојче се здобил со тешки телесни повреди и било пренесена на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Министерството за внатрешни работи информира дека увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.На 05.08.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

policija-1313

Тројца браќа и нивниот татко од Чаир нападнале полицајци по обид за пукање врз скопјанец

Насилен инцидент и обид за вооружен напад завршил со апсење на четири лица, меѓу кои и малолетник, на подрачјето на скопската општина Чаир. Министерството за внатрешни работи информира дека по претходна физичка пресметка, приведените се спротивставиле и на полициски службеници, напаѓајќи ги при интервенцијата.На 05.08.2025 околу 23:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Р.(54), Бе.Р.(24), Б.Р.(24) и 14-годишник, сите од Скопје. Според пријавеното, околу 22.50 часот на подрачјето на Чаир, Бе.Р. и Б.Р. физички го нападнале Б.С. од Скопје, при што Бе.Р. извадил пиштол со намера да пука по што заминале од лице место. Откако биле пронајдени, двајцата со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полициските службеници, по што сите биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 5 месеци

bit-pazar-1

Застрелан 25-годишен скопјанец пред својот дом на Бит Пазар по расправија за сообраќај

Нерасчистени сообраќајни недоразбирања прераснале во вооружен инцидент во скопската населба Бит Пазар, при што 25-годишен маж бил застрелан пред својот дом. Министерството за внатрешни работи информира дека инцидентот се случил по полноќ, а повредениот бил пренесен во Ургентниот центар со прострелни рани во градниот кош и раката.-На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал. Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката. Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 месеци

527666873_1319549786201207_4222669433503759988_n

Хелсиншки: Повиците за „Голема Албанија“ и „Илирида“ поттикнуваат омраза и раздор

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира поради националистичките пораки што одекнуваа од трибините на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах, одигран на 5 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Комитетот ја осуди содржината на навивачките повици, оценувајќи дека тие не одразуваат спортски дух и дека поттикнуваат меѓуетнички тензии.„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Дополнително загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.Во соопштението се посочува дека на трибините присуствувале високи функционери, меѓу кои претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија Валон Дурмиши, како и лидерите Али Ахмети и Арбен Таравари. Комитетот забележува дека никој од нив не реагирал на спорните скандирања.„Посебно дискутабилна е изјавата на претседателот на Собранието, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците додека бил присутен на натпреварот, а од друга страна јавно им честитал на навивачите нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“. Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говорот на омраза и политичко навивање на спортски терени. Осудата на говорот на омраза од страна на политичарите е еден од клучните фактори против ширењето на оваа појава бидејќи говорот на омраза произведува уште повеќе говор на омраза, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, стои во реакцијата.Хелсиншкиот комитет упати апел до Министерството за внатрешни работи и до надлежните институции итно да постапат по најавените мерки за санкционирање на овие инциденти.„Селективната примена на законите, во зависност од етничката или политичката припадност на сторителите е неприфатлива и дополнително ја нарушува довербата на граѓаните во институциите. Спортските натпревари мора да бидат место на взаемно почитување, фер игра и градење на соживот. За говорот на омраза и националистичките пораки нема место ниту на трибините, ниту во јавниот дискурс“, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Македонија | пред 5 месеци

Tasko

(Видео) Таско со лична исповед: „Осум месеци сум трезен, а се будев со треперливи раце“

Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско отворено проговори за својата борба со алкохолизмот, откривајќи дека веќе осум месеци не консумира алкохол. Во искрената објава споделена на неговиот инстаграм-профил, тој ги опишува најтешките моменти, внатрешната борба, поддршката што ја добил од сопругата и патот до трезвен живот. Со својата порака охрабрува и други кои се соочуваат со истиот проблем: „Ако можев јас, можеш и ти.“

Македонија | пред 5 месеци

stajkovci

Девет години од катастрофалното невреме во Стајковци – ќе се постави спомен-плоча во чест на загинатите

Денес се навршуваат девет години од едно од најтешките невремиња што го зафати Скопје и неговата околина, кога поројните дождови и поплави однесоа 22 човечки животи. Најпогодени беа скопските населби Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и делови од Гази Баба.По тој повод, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави дека ќе започне постапка за поставување на спомен-плоча, како траен симбол на сеќавање и почит за настраданите.„Во 2026 година ќе одбележиме 50 години од постоењето на општината и 10 години од трагичната поплава. Во таа чест, ќе покренам иницијатива за поставување спомен-плоча, како потсетник на загубените животи, но и на храброста, солидарноста и човечноста што граѓаните ја покажаа во тие тешки моменти“, изјави Стефковски, повикувајќи ги граѓаните, институциите и организациите да се приклучат.Во катастрофата животот го загубија 22 лица, меѓу кои и двегодишно дете. Многумина беа повредени, а бројни домови беа целосно уништени. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, на тој ден врнежите достигнале 93 литри на метар квадратен, а во само два часа биле регистрирани над 800 молњи.Владата тогаш прогласи кризна состојба, а Црвениот крст заедно со граѓаните организираше бројни хуманитарни акции за помош на погодените семејства.

Скопје | пред 5 месеци

detska-klinika

Настава и за децата на Детската клиника – од септември почнува образовна поддршка за тешко болни ученици

Од септември, учениците кои се на долг болнички третман на Клиниката за детски болести во Скопје, вклучително и децата со малигни заболувања, ќе добијат можност да следат формално основно образование. Министерството за образование и наука веќе започна со обуки на наставници за работа со овие деца, а наставата ќе се организира и за оние кои се лекуваат дома.„Децата со канцер, покрај лекување во болница, се рехабилитираат во домашни услови. Наставникот определен за детето може да го посети во домот, доколку има услови и доколку дозволи здравствената состојба на детето, или онлајн да го совладуваат потребниот материјал. Покрај тоа што тие нема да ја изгубат годината, тие ќе бидат и мотивирани. Дали во клиника, дали во домашни услови или во центар за рехабилитација, наставата ќе се одвива, а со тоа и социјализацијата на овие деца“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.Истовремено, ќе се направи анализа дали и колку ученици повредени во пожарот во Кочани ќе имаат потреба од ваков вид настава во домашни услови.Со измените во законската и подзаконската регулатива, училиштата каде што се запишани болните деца се должни да ги вклучат во наставата – преку директно онлајн предавање, индивидуална или асинхрона настава, со користење на дигитални алатки. Целта е децата да немаат прекин во образованието и полесно да се вратат во училиштата по завршување на лекувањето.Во моментот на Клиниката за детски болести се лекуваат околу 20 деца, а нивното лекување трае до две години, од кои најмалку шест месеци во болнички услови.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања