ТОП

gaza

Трагедија во Газа: Камион со хуманитарна помош се преврте, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 лица го загубија животот кога камион натоварен со храна се преврте врз група цивили кои чекале ред за помош во централниот дел на Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана на палестинските власти.Несреќата се случила во областа Нусеират во текот на ноќта, кога стотици лица биле собрани во очекување на хуманитарна распределба. Портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал, изјави дека возилото се превртело поради движење по оштетени и претходно бомбардирани патишта.Според Басал, израелската армија го насочила камионот да се движи по нестабилна рута, што резултирало со трагичниот инцидент.

Свет | пред 5 месеци

527666873_1319549786201207_4222669433503759988_n

(Видео) Скандалозни скандирања на натпреварот Шкендија – Карабах: собранискиот спикер наместо да осуди, им честиташе на навивачите

Фудбалерите на Шкендија вечерва беа поразени со 1:0 од Карабах во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Но, покрај спортскиот резултат, вниманието го привлекоа и инцидентите од трибините.Дел од навивачите на Шкендија игнорираа повиците за фер и спортско навивање и скандираа политички и територијално провокативни пароли како „Голема Албанија“, „Илирида“ и „Чамерија“.Очекувањата се дека Министерството за внатрешни работи ќе реагира по примерот со натпреварот во Куманово, кога беа санкционирани слични појави за време на кошаркарскиот меч со Романија.Натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевески“ го следеа влдини фунционери и вице премиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за eкономија Дурмиши, но и опозиционерите Ахмети и Таравари.Наместо осуда, Гаши на „Фејсбук“ им честиташе на навивачите: „Особено им честитам на навивачите, кои беа подеднакво достоинствен пример за нашите национални вредности, внатре и надвор од стадионот“:

Спорт | пред 5 месеци

IMG_5244

Обвинителството бара притвор за дилерот од Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.-Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила претрес во неговиот дом и други простории. Во мопедот паркиран пред домот и во објект во непосредна близина кој не се користи полициските службеници пронашле вкупно 16,21 грама марихуана и 10,44 грама амфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба и скриена во различни предмети. Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во сооштението.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Коцевски: „Обвинителот е дискредитиран и без легитимитет“

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски да поднесе оставка, оценувајќи дека е целосно делегитимиран и дискредитиран како личност што треба да ја брани правдата.Во партиското соопштение се наведува дека Коцевски ја изгубил довербата од јавноста, бидејќи, како што се посочува, не отвора предмети, не гони криминал и држи истраги „во фиока“. Оттаму додаваат дека довербата на граѓаните во правосудството е падната под 2 проценти, токму поради неговото однесување.„Коцевски е делегитимиран и од Собранието. Со негласањето на интерпелацијата од страна на СДС се докажа меѓусебната заштита помеѓу тие што го поставија – од Струмица и Мала Речица – и потребата од негово останување на функцијата за да ги заштити од одговорност функционерите на СДС и ДУИ“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата прашуваат „со што се задолжил Коцевски кај СДС и ДУИ“ за да останува на функцијата и покрај делегитимирањето, како и „дали му значат повеќе личните интереси од правдата и владеењето на правото“.„Импресивно е како Коцевски балансира помеѓу улогата обвинител и верен потрчко на Заев и Филипче. Очигледно правдата е на одмор, а срамот кај Коцевски е отсутен“, се наведува во соопштението.Според ВМРО-ДПМНЕ, државниот јавен обвинител не постапува ниту по предмети со јавни докази за криминал и корупција, поради што, велат, треба да ја прими пораката од народот и од парламентот и да се повлече.„На Македонија ѝ се потребни реформи и целосна трансформација на правосудниот систем“, порачуваат од партијата.

Македонија | пред 5 месеци

Pozarnikari-DZS

Стартуваше обуката за идните пожарникари – интересот послаб од очекувањата

Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, започна обуката за кандидатите кои се пријавија на јавниот повик на Владата за ангажирање пожарникари, со цел јакнење на капацитетите за превенција и справување со пожари.Како што информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, сите кандидати кои го поминале процесот на селекција ги исполнувале бараните услови, а по завршување на обуката ќе бидат распределени таму каде што има најголема потреба.Претседателот на Противпожарниот сојуз посочи дека обуките, покрај во Скопје, се одржуваат и во уште 12 други градови низ земјава, каде се обучуваат вкупно 364 лица, кои по завршување на процесот ќе бидат испратени во општините од каде што доаѓаат.Оваа обука следува по владиниот оглас за нови 400 пожарникари, но интересот беше под очекувањата, во Скопје, каде беа потребни 80 пожарникари, пристигнале само 50 апликации. Ниската плата, која изнесува околу 24.000 денари, се смета за една од причините за слабиот интерес.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5168

Мистериозна смрт во Кавадарци: 42-годишен маж пронајден мртов, се сомнева на убиство

Тело на 42-годишен маж било пронајдено во помошни простории од куќа во Кавадарци, при што првичните наоди упатуваат на можноста за насилна смрт. Телото било прекриено со земја и разни предмети, што ја зголемува сомнителноста околу причините за смртта.На терен излегол дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, кој заедно со полициски екипи извршил увид и издал наредба за обдукција на починатиот.Според информациите, мажот живеел сам, а неговото семејство неколку дена безуспешно се обидувало да воспостави контакт со него.Од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат подложени на вештачење, а надлежните органи преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расветлување на случајот и откривање на можниот сторител.

Македонија | пред 5 месеци

minister-srbija

Се разбудил по операцијата, но има проблеми со говорот: Српскиот министер Дарко Глишиќ во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по сложената операција што ја претрпе по мозочниот удар, но и натаму се наоѓа во критична состојба, соопштија српските здравствени власти. Тој е свесен, но има сериозни проблеми со говорот.Глишиќ доживеа мозочен удар во текот на вчерашното утринско гостување во живо на ТВ Пинк. По итна интервенција во Клиничкиот центар на Србија, министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека првите 24 часа се клучни за неговото закрепнување.„Интервенцијата траеше подолго од планираното, но успешно го решивме најголемиот проблем – блокадата на крвниот сад што води кон мозокот, поточно до говорниот центар. Истовремено имаше тромб и крварење, што дополнително ја усложни состојбата. Сега е на респиратор, на одделението за интензивна нега, каде што продолжува борбата за неговиот живот“, изјави Лончар.Тој нагласи дека се работело за исклучително комплексна процедура во која биле вклучени неколку медицински тимови. Дополнително, кај пациентот биле забележани и други проширени крвни садови со присуство на тромбна маса која исто така предизвикала крварење.„Причината за мозочниот удар е елиминирана, но телото сега треба да се избори со последиците. Не даваме прогнози – секој час е борба“, додаде Лончар.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-05-at-21.29.35

(Видео) Кој е убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал, пиел по кафеани, снимал насилство

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За морбидниот чин искористил стаклено шише, а до инцидентот, според информации на „Скопје1“ дошло по кавга за легло. Во кругот на болницата, убиецот е познат како проблематичен пациент, со кој тешко се справувале и вработените.Но и покрај ова, подолго време, Спасов бил гледан и низ Ѓорче Петров, што укажува дека тој слободно и без надзор ја напуштал установата. Иако бил чуван од полиција, истата била повлечена од правосудните органи, па тој слободно излегувал и се враќал во болницата. Низ скопските улици бил забележан со уште еден хоспитализиран пациент во Бардовци, кој исто така извршил убиство на член на неговото семејство.За насилното однесување, сведочат и снимките кои сам ги споделувал, каде повикува друго лице на физичка пресметка, за да му покажел, како што вели, како тој мава боксови.Друга снимка пак сведочи како на друг цимер му дава насоки да претепа хоспитализиран пациент. Се слуша „не го тепај, отепај го, по славина, по ребра, во глава“.Во установата пак, слободно консумирале и алкохол, што значи дека не им бил забранет. Според извори на „Скопје1“, имало и поплаки од него и неговото однесување. Вработени се жалеле дека добивале закани по нив, но и по нивните семејства, дека ќе им наштети доколку не му ги исполнат желбите.Дека функционирал слободно, сведочат и неговите профили на социјалните мрежи. Дури, седел и по кафеани, со ракија и салата пред него. Нема еден, туку два профили на „Фејсбук“.Овие објави и негови дејствија го отвораат прашањето за тоа дали неговиот третман требало и треба да продолжи во психијатриската болница, но и дали околината е безбедна доколку тој по првото убиство шета слободно, споделува насилни содржини, има пристап до социјални мрежи, а од неговото однесување има поплаки.За потсетување, Спасов ја уби сопствената мајка на 23 годишна возраст, која работела како хигиеничка. По убиството се огласи на „Фејсбук“ каде напиша „Фала ви на сите, г...а, еве ви ја, ја заклав, ја угушив“.Во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци, Спасов е сместен уште од 2012 година. Првата одлука за ваков третман ја донесе велешкиот суд, откако психијатри од Клиничкиот центар во Скопје го прогласија за непресметлив. Според вештите лица, Спасов во моментот на убиството на мајка му, бил во параноична халуцинирачка состојба.По убиството на пациентот, тој и натаму е во болницата, затворен во собата каде го изврши злочинот. Жртвата на Спасов, е лице со иницијали И.Т., чие тело е предадено на обдукција.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Продавал билети за концерт што не постоел, кривична пријава за Скопјанец

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 25-годишен скопјанец, кој преку веб страница продавал билети за концерт што никогаш не бил планиран ниту договорен. Според МВР, осомничениот не им ги вратил парите на оштетените граѓани, а се товари за кривично дело „компјутерска измама“.-Денеска (05.08.2025) Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по чл.251-б од Кривичниот законик. А.Х. во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите, соопѓти МВР.Секторот за компјутерски криминал во рамки на утврдениот делокруг на надлежности, продолжува активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и целокупниот интернет простор, со цел превенција на повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност.

Скопје | пред 5 месеци

seizmograf

Македонија може да остане без 13 сеизмолошки станици, МОН најавува можно решение преку научен проект

Ако не се обезбедат средства и нова опрема, државата од почетокот на 2026 година ризикува да остане без телеметриската мрежа од 13 сеизмолошки станици што ја покриваат територијата на цела Македонија и пограничниот регион. Причината – истекувањето на меѓународниот проект AdriaArray, по чие завршување германската влада ќе ги повлече инструментите со кои во моментов се врши мониторингот на сеизмичката активност.Со ова, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе остане без функционална опрема, а мрежата за следење земјотреси во реално време ќе биде практично нефункционална. Институцијата веќе алармираше за тешка состојба, поради недостиг на опрема, кадар, софтвери и сеизмометри.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека постои надеж оти преку тековен конкурс за научно-истражувачки проекти може да се обезбедат барем дел од неопходните средства.– „Ова прашање е актуелно и е многу значајно бидејќи ние сме трусно подрачје. Германската влада ќе си ги повлече инструментите затоа што завршува проектот“ – изјави министерката на денешната прес-конференција.Таа додаде дека веќе неколку пати имала средби со директорката на Сеизмолошката опсерваторија и разговарале за можностите за решавање на проблемот.– „Односно да се обезбедиме, тоа не е помош, тоа е сигурност на сите граѓани на оваа земја. Јас сум многу среќна што кога ги разгледував апликациите на научно-истражувачките проекти, видов дека Сеизмолошката опсерваторија конкурирала на овој конкурс и, според информациите кои ги добивам од комисијата, многу се големи изгледите тие и да го добијат овој проект, со што ќе се обезбедат дел од средствата за да се набават одреден број инструменти. Ако тоа биде така, не можам да прејудицирам, но се надевам дека ќе биде така, малку од малку нешто ќе покриеме, а потоа продолжуваме да го решаваме проблемот за кој сметам дека ургентен и многу значаен“ – рече Јаневска.Организацијата ORFEUS, која стои зад проектот AdriaArray, од 2023 година инсталираше 13 привремени сеизмолошки станици во земјава. Мисијата е насочена кон подобро разбирање на движењата на Јадранската микроплоча и следење на сеизмичноста во регионот и глобално. Но, веќе во март 2026 година тие ја напуштаат Македонија и продолжуваат во други земји.Опсерваторијата предупредува дека за минимално ниво на сеизмички мониторинг во реално време потребни се барем десет нови станици, лиценциран софтвер и модерна компјутерска опрема. Во моментов, дополнителен сеизмички надзор се врши и на стратешки точки – браните Козјак и Св. Петка, како и на локацијата Белица кај Кнежево.

Македонија | пред 5 месеци

Dusko-Cifliganec-zaginat

Погребна церемонија за Душко Чифлиганец во среда – останките изложени во храмот во Аеродром

Семејството Чифлиганец соопшти дека посмртните останки на починатиот Душко Чифлиганец ќе бидат изложени на 6 август (среда) во 14 часот во храмот „Св. Јован Крстител“ во општина Аеродром.Опелото ќе го водат свештени лица предводени од Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.Душко Чифлиганец, познат македонски бизнисмен и заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, загина на 3 август 2025 година по сериозна повреда од пад со мотор на трка во Брно, Чешка.Со хеликоптер е веднаш пренесен во медицинскиот центар во Брно во критична состојба и им подлегнал на повредите наредниот ден.

пред 5 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Крвава тепачка во Бардовци, осуденик со стаклено шише усмртил друг осуденик!

Ноќеска се случила тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, по што едно од нив починало во болница заради повреди здобиени од убоди од стаклено шише, соопшти Министерството за внатрешни.„На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.T. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.

Скопје | пред 5 месеци

hauba

Tошковски: Опасното возење за слава на мрежите ќе биде санкционирано

„Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание“ – со оваа порака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски реагираше по објавувањето на видео на кое се гледаат млади лица како се возат на хауба од автомобил што се движи со голема брзина низ скопските улици.Случајот предизвика силна реакција во јавноста, а МВР веднаш презеде мерки и ги идентификуваше лицата вклучени во опасното возење.-Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи.Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, напиша министерот.

Македонија | пред 5 месеци

kosarka-kumanovoo

Инцидентот во Куманово стигна до ФИБА – стартува истрага против МКФ

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) поведе истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања што се случија за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија, кој се одигра во саботата во Куманово.Како што соопштија од ФИБА, во моментот се прибираат сите релевантни извештаи поврзани со инцидентот, а федерацијата е во постојана комуникација со националните кошаркарски тела, локалните институции и органите за спроведување на законот.Неприфатливото однесување на дел од публиката беше остро осудено од страна на Македонската кошаркарска федерација, Министерството за спорт, како и од политичките претставници во земјата. Министерството за внатрешни работи, пак, веќе презема мерки за идентификација и санкционирање на сторителите.

Македонија | пред 5 месеци

elen

Трагедија во Алјаска: Загина млад Бугарин, тешко повредена Македонка по судир со елен

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во близина на влезот на Националниот парк и резерват Денали во Алјаска.Несреќата се случила во петокот, на 1 август, околу 1 часот по локално време, на патот Денали Парк, во близина на 235-та милја од автопатот Џорџ Паркс (познат и како автопат Паркс), јужно од влезот на паркот.Според информациите на Националната служба за паркови, 24-годишен државјанин на Бугарија управувал со возилото кога удрило во елен. Тој починал на самото место.Во возилото се наоѓала и 24-годишна девојка од Македонија, која со тешки повреди била пренесена во болница во Фербанкс, на околу 190 километри оддалеченост.Од Националната служба за паркови изјавија дека овој трагичен случај е „тежок потсетник на опасностите што ги носи присуството на диви животни на патиштата во Алјаска“, особено во раните и доцните часови кога лосовите, карибуите и други крупни животни се најактивни и често тешко видливи.Службата додаде дека е во координација со бугарската амбасада за да ги извести најблиските роднини на починатиот, по што ќе биде објавен неговиот идентитет.фото: Unsplash

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања