ТОП

minister-srbija

(ВИДЕО) Српскиот министер Дарко Глишиќ доживеал тежок мозочен удар во емисија во живо

Гостувањето на српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, во утринската програма на телевизијата Пинк заврши со нагло прекинување на емисијата, откако му се слоши додека беше во живо вклучување.Во еден момент, Глишиќ започнал нејасно да зборува, не успевајќи да состави реченица, што предизвикало загриженост кај водителите, кои неколку пати го прашале дали се чувствува добро. Откако не добиле јасен одговор, програмата веднаш била прекината, а министерот бил итно префрлен во болница.Според неофицијални информации, постои сомневање дека Глишиќ доживеал тежок мозочен удар. Набргу по хоспитализацијата, во болницата пристигнал и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого министерот важи за еден од најблиските соработници.Дарко Глишиќ е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година ја води Извршната комисија на СНС. Министерската функција ја извршува од мај 2024 година.Во продолжение – видеото од драматичниот момент во студиото.

Свет | пред 5 месеци

gamper

Случајот „Секјуриком“ застарува за помалку од месец – Доневски и Гампер на чекор до конечна слобода, Апелација решила да не им ги конфискува милионите

Ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски и сопственикот на „Секјуритиком“, Волфганг Гампер, против кои се водеа постапки за злоупотреби, за 26 дена, односно од септември, ќе бидат слободни граѓани. На судовите не им беа доволни седум години за да донесат правосилна судска одлука, па додека предметот се шеташе на релација Кривичен-Апелација, делата им застаруваат. Доневски и Гампер беа гонети за местење на тендер, односно злоупотреба на службена положба и овластување. Обвинението им беше поднесено во март 2018 година, а сега, предметот е пред Врховен суд, кој има нецел месец да одлучи, пред истиот да застари. Предметот две години седел во фиоките на Апелација, без да биде одлучен. Кога судиите решиле да одлучат по предметот, донеле одлука со која ги ослободиле осомничените, а решиле и да не се конфискува ниту имотот.„Во повторената судска постапка на  8.2.2023 година  е донесена пресуда  со која двајцата ги добиваат прво изречените казни, но сега  со пресудата се конфискува имот и парични средства во вредност од 480.487.402 денари од двајцата обвинети, како и од правното лице Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком Мултисервис Интернационал“ ДОО Скопје. Против оваа пресуда осудените вложиле жалби и во јуни 2023 година предметот е доставен до Апелациониот суд Скопје да решава по истите. Постапувајќи по жалбите, Апелациониот суд Скопје повторно ја укина пресудата и одлучи да закаже главна расправа.  Главната расправа во Апелациониот суд беше закажана на 10.7.2025 година и по изведување на доказите и извршено советување и гласање, на 14.7.2025 година е донесена пресуда со која двајцата осудени се ослободени од обвинение и не е досудена ниту конфискацијата што беше утврдена со пресудата на првостепениот суд“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Побаравме одговори и од Апелација, зошто предметот две години седел во фиока и не бил одлучен, а сега, судиите од Врховен се во трка со времето, пред тој да застари. Оттаму не добивме никакво објаснување, туку одговор кој гласи: „Согласно евиденцијата на Судот, бил заведен предмет, во кој како обвинети се јавуваат гореименуваните лица. Жалбената постапка во целост е завршена и предметот со сите списи е доставен до првостепениот суд на ден 21.07.2025 година“.Доневски и Гампер беа гонети дека свесно ги пречекориле границите на службеното овластување со цел да прибават имотна корист за газдата на фирмата и самата фирма. Па според обвинителот, договориле спроведување на постапка за јавна набавка за одржување на хигиена, дактилографија, противпожарна опрема. Без спроведување на технички дијалог изготвиле записник, а ексдиректорот на СОЗР не ја поништил постапката, туку ја фаворизирал фирмата. Обвинителството тврди дека буџетот е оштетен за над 10 милиони евра.Ако се следи целата постапка, може да се види дека првостепената судска одлука на Кривичен суд била донесена во јануари 2021 година, а Васе Доневски е осуден на затвор од три години, додека Гампер во отсуство е осуден на пет години затвор.Апелација веќе во септември истата година ја укинува пресудата и предметот го враќа на повторно одлучување. Кривичен суд го суди случајот нови две години и во февруари 2023 година одлучува да ги одреди истите казни за обвинетите, но овојпат, одредува и конфискување на имотот и парите од двајцата обвинети, како и од „Секјуриком“.Предметот е пак во рацете на судиите во Апелација од јуни 2023 година. Во октомври истата година, Апелација ја укинува пресудата и закажува јавна расправа, која се одржува две години подоцна во јули 2025 година. Судиите носат одлука да ги ослободат обвинетите, како и да не им се конфискува имотот. Сега предметот е во рацете на Врховниот суд, чија одлука се очекува.Предметот требало да се води по скратена постапка, а со оглед дека од септември 2023 година се донесени измени на Кривичниот законик со кои е изменето и кривичното дело за кое се гонат двајцата обвинети, а пропишаната казна е до пет години затвор.

Македонија | пред 5 месеци

bekim-sali-3199

Ако Меџити стане градоначалник на Чаир, Сали ќе го замени како вицепремиер

Во рамките на коалицијата Вреди постигнат е договор – доколку Изет Меџити победи на локалните избори и ја преземе функцијата градоначалник на Општина Чаир, неговото место како прв вицепремиер ќе го заземе Беким Сали.Како што изјави Меџити за медиумите, партнерите во коалицијата се усогласиле дека Сали, кој претходно беше министер за здравство, е најсоодветен кадар за таа позиција – со искуство, подготвеност и стручност потребна за функцијата.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека и покрај најавената кандидатура на Меџити за градоначалник, тој ќе продолжи со извршување на своите актуелни обврски.

Македонија | пред 5 месеци

podneseni-prijavi-protiv-licata-koi-diveeja-so-avtomobil-po-skopskite-bulevari-image

(Видео) Најдени се лицата кои возеа лудо низ Ѓорче: 19-години има лицето качено на хауба, поднесени пријави

По појавувањето на видео запис на социјалните мрежи на кој се гледа како лице стои на хауба од движечко возило без регистарски таблици, Министерството за внатрешни работи веднаш презело мерки за идентификација и санкционирање на вклучените.Како што информираат од МВР, по преземените активности, лицата се идентификувани и со нив е извршен службен разговор. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.Возачот С.З. (20) од Скопје се товари за: превезување лице на надворешен дел од возило (член 167 став 2), управување возило без возачка дозвола (член 225 став 9), управување нерегистрирано возило (член 26 став 10 од Законот за возила).Р.Ѓ. (19), лицето што стоеше на хаубата, ќе одговара за: дозволување управување возило на лице без дозвола (член 317 став 14), загрозување на сопствената безбедност (член 165 став 2).Од СВР Скопје најавуваат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, апелирајќи до граѓаните за одговорно однесување во сообраќајот и почитување на законските прописи.

Македонија | пред 5 месеци

mercedes

Заплена на луксузни возила во Струга по гласна бучава – одземени се пет автомобили, интервенција на полицијата

Струшката полиција синоќа интервенирала по дојава за нарушен јавен ред и мир предизвикан од голема бучава на паркинг во градот. Според информациите објавени од Министерството за внатрешни работи, на терен биле затекнати повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила. Присутните не постапиле по наредбите на полицијата, па биле повикани засилувања, а ситуацијата била ставена под контрола.Одземени пет возила во Струга поради преголема бучава, преземени и други мерки по ЗБСПДенеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај.Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле ангажирани дополнителни служби и состојбата била ставена под контрола.Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а биле констатирани и осум други прекршоци од ЗБСП. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-Veles

Гром удрил во погонот на BioCosmos и предизвикал пожар – компанијата се огласи со официјално соопштение

По синоќешниот пожар во фабриката BioCosmos, компанијата се огласи со објава на својата официјална Фејсбук страница. Според соопштението, пожарот избувнал како резултат на удар од гром, а иако дел од просториите се оштетени, среќна околност, како што велат, е што нема повредени. Производствениот процес во соседната фабрика Mirana продолжува непречено, а компанијата најавува редовно информирање и апелира против ширење на шпекулации.Во продолжение го пренесуваме целосното соопштение:Почитувани пријатели, партнери и потрошувачи,Ве информираме дека денес избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали.Со почит,Тимот на BioCosmos & Mirana

Македонија | пред 5 месеци

Davkova

„Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени

По неодамнешните случаи на навивачка омраза – најпрво за време на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и ТНС, а потоа и на кошаркарскиот меч во Куманово – претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, се огласи со став на својот Фејсбук профил.Во подолг пост насловен „(Не)научена лекција“, таа упатува апел за искоренување на говорот на омраза на спортските терени и повикува на воспоставување култура на почит, фер-плеј и воспитано навивање. Како што наведува, срамот од ваквите настани не паѓа само на поединци, туку на сите нас.Во продолжение, постот во целост:(Не)научена лекцијаВо средината на јули, на мечот меѓу Шкендија и велшкиот шампион ТНС, со расистичките навреди на фудбалерот Арманд Оте, го шокиравме сиот спортски, но и поширок свет којшто со право запраша: Како е можно да се случи недоветен навивач емоционално да скрши врвен фудбалер до солзи, посегајќи по говор на омраза врз расна основа?Срамот падна на сите: на домаќинот, на клубот, на присутните, на градот, на државата, на спортот! Логичниот заклучок беше: „Не смее да се толерира ваквото однесување на ниту еден стадион, во ниту еден спорт, никогаш и никаде“.И... заради нашата, по кој знае кој пат, спортска неписменост, со право не стивнуваат реакциите на ужасниот инцидент на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на којшто, неколкумина недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси и, пак, сме засрамени.Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили!По толку изгубени човечки битки на спортските терени, мора да кажаме јасно и гласно: Никогаш повеќе, каде и да сме, со кого и да се натпреваруваме, нема да дозволиме спортскиот терен да прерасне во гладијаторска навивачка арена.Се разбира, првата лекција „како се навива“ се учи дома, а по неа се нижат други: во градинка, во основно, во средно, на факултет, во клубот, на натпреварот, во публиката.Можеби за почеток, пред секој натпревар, треба да се упати предупредувачка порака до гледачите да ги исклучат лошите мисли и пораки, како што тоа го прават со мобилните телефони, оти натпреварот не е битка до смрт, туку витешка борба до заслужена победа, дека од публиката се очекува бодрење, поддршка и охрабрување, а не навредување и повредување, дека треба да победи подобриот, но и да се почитува другиот, дека навивањето е награда, а не казна.Да потсетам дека срамот не е само на оние чии зборови повредуваат, зашто ги погодуваат не само оние во салата или на теренот, туку и оние што ги гледаат и слушаат заради нивниот неограничен домет.Мора да ѝ се спротивставиме на навивачката омраза, да го култивираме и да го облагородиме навивањето, да учиме и да научиме како се навива, односно како не се навива, да ја засилиме битката против предрасудите и судири меѓу „ различните“, мора да се запознаеме и познаваме, мора да спречиме излив на омраза, да реагираме навреме, да лечиме дела од омраза, да ја санкционираме!Страсното навивање никогаш не е навредливо и агресивно. Ни треба азбука на навивањето како спортско уживање, навивачко описменување, оти Пирова е спортската победа ако е проследена со физичка или говорна агресија!

Македонија | пред 5 месеци

droga-apsenje-2

Искинал судска наредба за претрес – осомничен за трговија со кокаин во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага против едно лице под сомнение дека извршило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за оштетување на службен спис.При претрес извршен на 1 август во неговиот дом во Гевгелија, полицијата пронашла 26,42 грама кокаин, за кој постои сомневање дека бил наменет за продажба. Дрогата била откриена во јакна закачена во ходникот од семејната куќа, заедно со други предмети со траги од кокаин.Според Обвинителството, за време на претресот, осомничениот ја зел судската наредба – издадена од судија на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија и примена во МВР со службен печат – и ја искинал пред службените лица. Со тоа, како што се наведува, го оштетил списот кој припаѓа на државен орган.Јавниот обвинител, врз основа на сите околности, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 5 месеци

ivo-sanader

Иво Санадер излезе од затвор по 11 години – доби условна слобода под строги мерки

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е условно пуштен на слобода, откако Окружниот суд во Сисак го прифати неговото барање. Одлуката била донесена во четвртокот, а утрово е доставена до затворот во Липовица, каде што Санадер ја издржуваше казната.Со оваа мерка, Санадер добива можност да биде надвор од затвор, но под строго утврдени услови. Доколку ги прекрши, следува повторно враќање зад решетки.Тој беше осуден на вкупна казна од 18 години затвор во врска со три случаи – „Фими медиа“, „Планинска“ и „ИНА-МОЛ“. Од вкупната казна, досега има отслужено приближно 11 години.Според важечките прописи во Хрватска, затвореник може да поднесе барање за условен отпуст по издржани 50 отсто од казната – што во случајот на Санадер е исполнето.Судот во Сисак во образложението наведува дека казната досега ја извршувал уредно, а дури бил оценет и како особено успешен во одредени области.

Свет | пред 5 месеци

pozar-Veles

Изгореа магацин и канцеларии во фабриката „Мирана“ во Велес – пожарот го гаснеле шест часа

Голем пожар избувна синоќа околу 22 часот во велешката фабрика за прехранбени производи „Мирана“, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово.Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема, како и административниот дел со документација и други материјали, биле целосно зафатени од пламените јазици.Иако пожарот е ставен под контрола, на одредени локации во објектот сѐ уште има појава на чад, поради што екипите остануваат на терен за да се спречи евентуално повторно разгорување.Во гаснењето учествуваа:три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Велес,едно возило на ЈКП „Дервен“,две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување,како и шест полициски службеници од СВР Велес.Надлежните служби ќе вршат дополнителна истрага за причините за избувнувањето на пожарот.

Македонија | пред 5 месеци

Dusko-Cifliganec-zaginat

Се завршуваат постапките за пренесување на посмртните останки на Душко Чифлиганец

Министерството за надворешни работи соопшти дека презема активности за пренесување на посмртните останки на Душко Чифлиганец, кој вечерта на 3 август им подлегна на повредите здобиени во тешка мотоциклистичка несреќа во Чешка. Несреќата се случи на 2 август, кога Чифлиганец, управувајќи мотор, паднал, по што бил пренесен во болница во критична и тешка здравствена состојба.„Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Република Северна Македонија“, велат од МНР.Чешката полиција пак работи на расчистување на случајот, како и околноста, како Чифлиганец паднал од моторот, но и кога и како реагирала Брзата помош распоредена на професионалната патека Брно. Детали не се споделуваат, освен со Амбасадата на Македонија и семејството.Починатиот Душко Чифлиганец беше заменик-претседател на групацијата „Адора“, син на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, активен хуманитарец и мото-ентузијаст кој редовно учествуваше на мото трки. Веста за неговата смрт ја потресе деловната заедница, мото-клубовите и пошироката јавност.

Македонија | пред 5 месеци

opozareno-bmw

Изгорен „Рено Меган“ пронајден во Тризла – возилото било украдено истиот ден

Целосно опожарено патничко возило е пронајдено на 3 август во прилепската населба Тризла, откако претходно истиот ден било пријавено како украдено. Станува збор за автомобил марка „Рено Меган“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот С.П. од Прилеп.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Прилеп во 19:20 часот. Возилото било целосно изгорено при пронаоѓањето, а засега не е познато под кои околности било запалено.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. Се работи на утврдување дали станува за тешка кражба, уништување на туѓ имот или обид за прикривање на траги поврзани со друго кривично дело.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 5 месеци

igor-dzambazov

Џамбазов со остра порака до хејтер: „Им посакуваш смрт на луѓе? Жалам, твој проблем – и на адвокатот“

Игор Џамбазов, актер, шоумен и долгогодишен естраден уметник, познат по тоа што ретко премолчува навреди на своја сметка, повторно возврати јавно на злобен коментар – овојпат сериозен, со отворена закана за тужба.На својот Инстаграм профил, Џамбазов се обрати до личност која му посакала смрт во коментар, предупредувајќи го дека делото што го сторил не е наивно и дека може да има правни последици.– Што човек си ти штом им посакуваш смрт на луѓето, и тоа вака јавно? – пишува Џамбазов, нарекувајќи го лицето по прекарот „Цане“, за кого тврди дека направил говор на омраза, дело што, како што наведува, е казниво по закон.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Жена нападната по сообраќаен конфликт во Шуто Оризари

Физички напад врз жена е пријавен во полициското одделение Шуто Оризари, по расправија во сообраќајот. Настанот се случил на 3 август околу пладне, а според пријавата, напаѓачот бил маж со кого жената претходно имала недоразбирање на патот.-На 03.08.2025 во 20.15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.В.(55) од с.Мирковци, скопско, пријавила дека околу 12:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

soobrakajka-5001

Четири возила во сообраќајка кај Тајмиште – тешко повреден мотоциклист

Вчера (3 август) околу 13:00 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Тајмиште, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила, а еден мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди.Како што информираат од СВР Охрид, во несреќата учествувале: мотоцикл со битолски регистарски ознаки управуван од 45-годишниот Д.Б. од селото Љубојно, ресенско, товарно возило „Фолксваген“ со тетовски таблици управувано од В.Ј. (38) од село Раковец, Боговиње, патничко возило „Опел“ со германски национални ознаки управувано од Љ.С. (40) од село Пршовце, Теарце, патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски таблици управувано од Д.С. (39) од село Црешево, скопско.Во незгодата, тешко повреден бил мотоциклистот Д.Б., чии повреди биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, која работи на утврдување на причините за судирот.фото: Архива/Скопје1

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања