ТОП

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

Прегазена жена на патот Кичево-Македонски брод, со тешки повреди однесена во болница

Во петокот вечерта, околу 21:20 часот, на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, во близина на влезот за селото Лисичани, општина Пласница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која 30-годишна жена била сериозно повредена.Според информациите од СВР Охрид, патничко возило марка „Мерцедес“ со кичевски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот Н.Н. од селото Челопеци, удрило во пешакот А.В. од Лисичани. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде биле констатирани нејзините повреди.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а полицијата работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

Македонија | пред 6 месеци

ohrid-carsija-policija

Полицијата со две интервенции во Охрид: Приведено лице со дрога и угостител кој послужувал алкохол на малолетници

СВР Охрид регистрираше две нарушувања на јавниот ред и закон во текот на вчерашниот ден (3 август), при што беа преземени конкретни мерки против сторителите.Во вечерните часови, во 23:15, полициски службеници од криминалистичката полиција го приведоа 33-годишниот охриѓанец А.Е., кај кого била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, за која се сомнева дека е дрога. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Претходно, околу 16:30 часот, при контроли на плажите во автокампот „Градиште“, полицијата затекнала вработени од еден угостителски објект како послужуваат алкохол на малолетници. По налог на јавен обвинител се преземаат мерки за документирање на инцидентот, а против правниот субјект и одговорното лице ќе следуваат пријави.

Охрид | пред 6 месеци

ohrid-gubree

Охридските комуналци со 24-часовен ангажман за чист град во екот на сезоната

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информира дека нивните оперативни екипи работеа без прекин во деновите пред и по Илинден, со цел да се одржи јавната хигиена на највисоко ниво во текот на најфреквентниот туристички период. Со постојано присуство на терен, особено во утринските часови, екипите расчистуваа големи количини отпад од јавните површини, обезбедувајќи чист и уреден изглед на градот.

Охрид | пред 6 месеци

hugel

(Видео) „Dame un grrr“: Хугел ја запали охридската ноќ – финале на летната еуфорија

Францускиот диџеј и продуцент Хугел синоќа приреди вистински спектакл во Охрид, со сет полн со енергија, хитовски ритми и експлозивна атмосфера. Илјадници фанови танцуваа под отворено небо, создавајќи заедно со Hugel ноќ за паметење на стадионот „Билјанини извори“.Познат по своите ремикси и енергични перформанси, Hugel докажа зошто е едно од најбараните имиња на светската хаус-сцена. Сцената беше преплавена со светлосни ефекти, фанови и беспрекорна продукција, додека басовите вибрираа низ цел град.Настапот на Хугел дојде веднаш по спектаклот на Jason Derulo, и беше логично продолжение на врвната продукција што Прагма продукција ја обезбеди ова лето. Охрид, се позиционира како сериозна музичка дестинација на мапата на европските фестивали.

Магазин | пред 6 месеци

izet-medziti

Кампања од кабинет – Меџити ќе биде и министер и кандидат за градоначалник на Чаир

Изет Меџити ќе продолжи со министерување, иако е кандидат за градоначалник на Чаир. Тој и другите кои ќе влезат во трката за локалните избори, нема да ги напуштат функциите. За премиерот Христијан Мицкоски, тоа не е ништо ново.„Секој министер има и заменик министер. Тие не поднесоа оставка, нормално е дека ќе ги извршуваат обврските во рамките на министерствата и истовремено ќе бидат кандидати. Тоа не е првпат да се случува, се случувало и во минатото“, рече Мицкоски.Прашан дали е етички и коректно, Меџити да води кампања, а да биде министер, премиерот Мицкоски рече дека политичарите не се тука да даваат морален суд.„Дали сметам дали е етички и коректно, не би дал коментар, односно ќе кажам дека не гледам зошто не би било. Се случувало и порано. Не е спротивно на закон“, рече Мицкоски.Мнозинство за измени на Изборниот законик засега нема. Според премиерот Христијан Мицкоски, измените се заглавени во Собрание.Изборите треба да се распишат оваа недела, а да се одржат во октомври.

Скопје | пред 6 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Владата ќе спречува ценовен шок пред учебната година

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека пред септември, ќе се воведат мерки за да се спречи ценовен шок на училишните прибори. Според него, ќе се бара и начин да се санкционираат тие кои планираат да ги зголемат цените на училишните материјали во пресрет на новата училишна година.„Сигурно ќе има мерки за училишната кошница. За да нема нагли зголемувања пред почеток на учебната година. Тоа однесување не само што ќе има жестока реакција од Владата, туку бараме законски можности како да санкционираме. Поврзано со цените во маркетите, апсолутно ги следиме овие два месеци, по двата месеци со мерки. И правиме анализа, за колку, одредени правни субјекти-маркети ги зголемиле цените“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

kosarka-kumanovoo

Од спорт до скандал – антиалбански скандирања предизвикаа лавина реакции

Бројни реакции и критики беа упатени по кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија-Романија кој се одржа во реновираната спортска сала во Куманово. Поради критиките дека навивачите скандирале навредливи и националистички пораки, Обвинителството отвори постапка. Министерот за спорт, Борко Ристовски, рече дека не реагирале оти скандирањата доаѓале од навивачи, а не клубови.„Немаме никаква ингеренција да реагираме кога доаѓа од навивачи. Во Македонија нема потреба за такви скандирања ниту од една, втора, трета страна. Секој нека си ја поддржува својата екипа, ама нема потреба од вакви скандирања. Ние може да работиме на едукација“, рече министерот за спорт Борко Ристовски.Премиерот Христијан Мицкоски, го осуди скандирањето, кое рече дека, дошло од „неколкумина“.„Во текот на вчерашниот ден, домаќинот, Кошаркарската федерација и Општина Куманово, го осудија скандирањето. Додека бев таму, не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група луѓе. Еве ќе ја искористам приликата за испадот на национализмот и ксенофобијата, како и да упатам порака до сите групи да навиваат спортски“, рече премиерот Мицкоски.На социјалната мрежа „Фејсбук“ се огласи поранешниот министер за здравство Арбен Таравари кој упати остри критики кон премиерот, претставниците на ВРЕДИ, министерот Тошковски и други функционери.„Ние, Албанците, бевме проколнати за нашата мајка, семејство, потекло, племе и семе во хор од македонските навивачи! Премиерот молчеше и молчеше… се чинеше како да добива одговор на она што го поттикна пред неколку дена со палење оган меѓу етникумите и користење опасни изрази како „каур“. П.С. Викаа за Чиста Македонија (без Албанци)… Што да кажам?! Ќе изберам молчење како и секогаш, но овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот на Србија, па и подалеку, мора да биде осуден и изгаснат!“ напиша тој во објавата на „Фејсбук“.Вицепремиерот и министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити исто така ги осуди скандирањата за време на кошаркарскиот натпревар. Тој посочи дека Северна Македонија е заедничка земја за сите и дека спортот треба сите да ги обедини, а не да ги дели.„Најостро ги осудувам расистичките и антиалбанските скандирања што се слушнаа за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово. Навредливите зборови и песни што поттикнуваат омраза немаат место во нашата држава и општество. Тие претставуваат напад врз соживотот и еднаквоста што ја прават Северна Македонија единствена. Северна Македонија е заедничка држава за сите: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и други. Сите ние придонесуваме за оваа земја. Сите заслужуваме почит. Спортот треба да нè обединува, а не да нè дели. Фашистичките скандирања не претставуваат никого од нас и не смеат да се повторуваат повторно“ напиша Меџити на неговиот „Фејсбук“ профил.

Македонија | пред 6 месеци

zaloznici-izrael-gaza-hamas

Хамас подготвен да дозволи пристап за хуманитарна помош до израелските заложници, но имаат свои услови

По објавувањето на видео снимка на која е прикажан израелски заложник во сериозно влошена здравствена состојба, Хамас соопшти дека ќе овозможи пристап на Меѓународниот комитет на Црвениот крст до заложниците што ги држи во Појасот Газа – но само доколку се исполнат одредени услови.Палестинската милитантна организација бара Израел целосно да ја дозволи хуманитарната помош за палестинското цивилно население во Газа и да ги прекине воздушните извидувачки летови во периодот кога се распределува помошта. Изјавата беше објавена преку Телеграм од страна на портпарол на Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас.Истовремено, од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека тој остварил контакт со регионалниот директор на МКЦК и побарал итна интервенција за обезбедување храна и медицинска помош за заложниците.Израелските власти велат дека Хамас држи околу дваесет израелски заложници, киднапирани на 7 октомври 2023 година, во мрежа на подземни тунели под Газа. Според истите извори, заложниците се наоѓаат во крајно нехумани услови и без соодветна нега.Во последните денови, Хамас објави неколку видеа на кои се гледаат заложници во состојба на видлива неухранетост и психофизички замор, што предизвика остри реакции во Израел и пошироко во меѓународната јавност.Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон остро ја осудија објавата на снимките, опишувајќи ги како „шокантни и вознемирувачки“, и упатија повик за итен пристап до заложниците.Израелски разузнавачки извори проценуваат дека Хамас ја користи тешката состојба на заложниците како средство за политички и дипломатски притисок врз израелската влада, во обид да обезбеди отстапки во областа на хуманитарната помош и преговорите за прекин на огнот.фото: Х

Свет | пред 6 месеци

policija-1313

ОЈО Струга отвори истрага за обид за убиство и насилство – предложен притвор за двајца осомничени

Две лица се опфатени со истражна постапка што ја отвори Основното јавно обвинителство Струга по насилен инцидент што се случил на 2 август во Струга. Едниот од осомничените се товари за обид за убиство и насилство, а вториот за помагање при извршувањето на делото.-На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото, информираат од обвинителството.Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Македонија | пред 6 месеци

526323883_18380527114193710_8494147044000928277_n

(Видео) Џејсон Деруло приреди музички спектакл во Охрид: Илјадници фанови, светска продукција и незаборавна вечер под отворено небо

Стадионот „Билјанини извори“ пулсираше со светски ритам – американската мегазвезда Џејсон Деруло одржа концерт каков што ретко се гледа на овие простори.Илјадници фанови од цела Македонија и регионот беа сведоци на шоу полно со харизма, врвна продукција, и незаборавни хитови како „Wiggle“, „Talk Dirty“, „Trumpets“, „Swalla“ и „Savage Love“.Сцената беше спектакл сама по себе – со моќна светлосна и звучна поддршка, танчари, енергични кореографии и Деруло во врвна форма. Настапот не беше само концерт, туку целосно музичко и визуелно доживување што го трансформираше Охрид во епицентар на светската забава.Организаторот Прагма продукција по концертот порача: „Охрид синоќа блесна како една од најжешките музички дестинации во Европа, благодарение на неверојатната енергија што заеднички ја создадовме на спектакуларниот концерт на Џејсон Деруло! Од срце ви благодариме што бевте дел од ова незаборавно музичко доживување. Вашата поддршка, позитивна енергија и безрезервен ентузијазам го направија овој настан вистински спектакл!“.

Магазин | пред 6 месеци

Dusko-Cifliganec-zaginat

„Каде се брзаше другарче мое“, пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец

Тажната вест за смртта на бизнисменот Душко Чифлиганец силно ги погоди неговите пријатели и јавни личности кои преку социјалните мрежи се простуваат од него со емотивни пораки. Душко (32) загина во Чешка, каде се случи тешка несреќа за време на мото-трка во Брно.И покрај напорите на лекарите, повредите на главата биле фатални.Неговиот најдобар другар и бизнис партнер Иван Ивановски напиша:Душко, прерано не напушти, пријателе. Не верував дека ќе дојде денот кога вака ќе ти се обраќам...Секој што те познаваше знае дека беше човек со големо срце, но и визионер каков што ретко се среќава. Јас ја имав честа да те имам не само како пријател, туку и како бизнис партнер.Имавме јасна визија, големи цели и уште поголема мотивација. Не правевме само планови, ги живеевме тие идеи, ги сонувавме со отворени очи и работевме посветено на нивно остварување.Твојата посветеност, твојот оптимизам, начинот на кој ги гледаше работите од поинаков агол, сето тоа ќе ми недостига секој ден. Не само во работата, туку и во животот.Во овие тешки мигови, моите мисли се со твоето семејство, со најблиските, со сите што те сакаа и почитуваа.Ќе продолжам, исто онака како што заедно замисливме. 
Во секоја одлука. Во секој нов чекор.Фала ти што беше тука, твојот дух ќе остане во се што правиме понатаму. Секој нареден успех ќе биде наш заеднички успех. Ветувам.Игор Дурловски:Жалосно е што понекогаш дури и во моменти на загуба, се заборава човечноста и се истакнуваат разликите. Нека неговото заминување биде потсетник да ја цениме секоја човечка душа и да покажуваме сочувство и почит.Нека почива во мир Душко и да му даде Господ царство небесно.Луција ЈаковлевскаЗа каде се брзаше бе другарче мое...Пасија ти беа трките со коли и со мотори...Беше прекрасен човек, голем другар и одличен бизнисмен...Понекогаш животот не е фер, Бог ги зема најдобрите луѓе кај себе.Почивај во мир Душко Чифлиганец, нека Бог ти ги отвори портите небесни.Сочувство до семејството.Во знак на почит, и многу јавни личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Миро Кацаров, Иџе и Миа Костова, споделија спомени и изразија сочувство до неговото семејство. Во продолжение дел од нивните објави.

Македонија | пред 6 месеци

bujar-osmani

Османи: „Молкот на Владата за говорот на омраза е порака за нормализација на антиалбанската реторика“

Бујар Османи, остро реагираше на скандирањата со говор на омраза за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово, посочувајќи дека молкот од премиерот Мицкоски и Владата е уште позагрижувачки. Во својот пост на ФБ, тој оценува дека се нормализира антиалбанската реторика.-Скандирањата за „смрт на Шиптари“, за „гасни комори“, за „чиста Македонија“ пред бројна Владина делегација предводена од Премиерот претставува скандал сам по себе на кој треба сите да реагираат. Отсуството на реакција, пак, од самиот Премиер, и од Владата, испраќа позагрижувачка порака за нормализација на овие трендови.Мицковски ја пропушти шансата да покаже дека е Премиер на сите граѓани, и дека барем симболично е загрижен за навредите и заканите испратени кон Албанците во земјава.Тој требаше веднаш да ја напушти салата, или во најмала рака, преку реакција на социјалните мрежи, да ги осуди овие скандирања; пропушти и Владината служба формално да испрати реакција од страна на Владата, за која, пак, сме виделе дека има капацитет да произведува и серија соопштенија за најмали потреби.Овој скандал на трибините во Куманово не преставува изолиран случај, туку уште еден во низата преку кој Власта ја поттикнува, или во најмала рака, ја нормализира антиалбанската реторика во општеството. Да се потсетиме само на случајот со Богевски, коалицискиот партнер кој исто така се прослави со навреди и понижувања на Албанците, а беше награден и подоцна заштитен од самиот Премиер.Ова се опасни и загрижувачки тенденции, и оние кои ѝ мислат добро на земјата не треба да ги толерираат овие испади, туку треба јасно и недвосмислено да ги осудат“, напиша Османи.

Македонија | пред 6 месеци

kosarka-kumanovo

Обвинителството поведе постапка за говор на омраза на кошаркарскиот меч во Куманово

Основното обвинителство-Куманово започна предистражна постапка и му наложи на Секторот за внатрешни работи да испита можни елементи на кривично дело поврзано со говор на омраза, откако за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија биле забележани скандирања со навредлива и омаловажувачка содржина од засега непознати лица.-Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, велат оттаму.Како што информираат од обвинителството, издадена е наредба да се прибават видеоснимки од надзорните камери за полесно идентификување на инволвираните лица.Настанот се одиграл на 2 август во спортската сала во Куманово, кога двете репрезентации одиграа натпревар од квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027.Натпреварот, во кој македонската селекција беше поразена со 72:80, воедно го означи и повторното отворање на реконструираната спортска сала во Куманово. Меѓу присутните на трибините беа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот Максим Димитриевски.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-03-at-19.56.27

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од 24 часа борба за неговиот живот во чешка болница, тој не успеа да преживее. Лекарите се обидуваа да го спасат откако тој падна од морот во Чешка, од што се здобил со сериозни оштетувања на мозокот. Несреќата се случила вчера околу 16 часот.Семејството веднаш по несреќата заминало за Чешка, каде со докторите ги разгледувале сите опции за лекување. Душко, по падот, бил во кома и приклучен на апарати.Душко е познат како љубител на мотори и автомобили. Има добивано престижни признанија за брзински мотоциклизам.Душко Чифлиганец е генерален менаџер на фирмата „Адора”. Долги години живее во Дубаи, каде заврши и дел од високото образование.

Македонија | пред 6 месеци

476D2DF5-BAE8-4083-9BE1-2431B9B4FB9E_1_102_a

(Видео) Спектакл за паметење: Лепа Брена го „запали“ Охрид со концерт каков што не се памети

Под отворено небо, со илјадници светла, моќен звук и публика што не престануваше да пее, Лепа Брена приреди вистински спектакл на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Брена, со сценска енергија каква што ретко се гледа и по четири децении на сцена, излезе пред публиката облечена во блескаво сребрено сценско издание, придружена од својот бенд.Сцената беше спектакл сам по себе – со огромни LED екрани, танчери, специјални ефекти и динамично осветлување. Секој детаљ беше испланиран – од визуелизациите зад неа до кореографиите што ја следеа секоја песна.Концертот го организираше „Балкан медиа“, а Брена најави дека до крајот на годината, доаѓа со концерт во Скопје.

Магазин | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања