ТОП

Нема фотографија

Дим и експлозии близу најголемата нуклеарната централа во Европа – расте ризикот за безбедноста

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) предупредува на сериозен ризик по нуклеарната безбедност откако нејзин тим утрово забележал дим и слушнал експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје – најголемата ваква централа во Европа.Според соопштението на генералниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси, нападот започнал околу 9 часот со употреба на дронови и артилериско гранатирање, при што мета била помошна инфраструктура на околу 1.200 метри од главниот енергетски блок. Во текот на целото претпладне, димот од погодената зона бил јасно видлив.„Секој напад во близина на нуклеарна електрана – без разлика на целта – претставува потенцијална закана по нуклеарната безбедност и мора итно да се избегне“, изјави Гроси, додавајќи: „Повторно повикувам на максимална воена воздржаност околу нуклеарните објекти, за да се спречи ризикот од катастрофална нуклеарна несреќа.“Нападот се случува во услови на продолжена воена ескалација во регионот, а Запорожје останува под контрола на руските сили од 2022 година, што редовно предизвикува загриженост кај меѓународната јавност поради блискоста на воените дејствија до нуклеарната постројка.

Свет | пред 6 месеци

rusija-pozar

Украински дронови предизвикаа пожари и повреди во Русија – нападнати Вороњеш и Сочи

Во најновите прекуноќни напади со дронови, Украина погодила неколку цели на руска територија, при што е повредена најмалку една жена, а предизвикани се пожари во домови и инфраструктурни објекти во Вороњеш и Сочи, јавуваат руските власти.Гувернерот на Вороњешката област, Александар Гусев, соопшти дека руските сили за противвоздушна одбрана уништиле околу 15 украински беспилотни летала над регионот, но кршотини предизвикале запалување на неколку куќи и комунални објекти. Тој додаде дека „опасноста од нови напади сè уште постои“.Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека вкупно 41 дрон бил соборен во саботата до полноќ над неколку региони гранични со Украина, како и над Црното Море. Во градот Сочи, нападот резултирал со голем пожар во нафтено складиште со капацитет од 2.000 кубни метри, потврди гувернерот на Краснодарскиот крај, Венјамин Кондратјев. Повеќе од 120 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот. Според руската авијациска служба „Росавијација“, аеродромот во Сочи привремено ги суспендирал летовите поради безбедносни причини.Овие напади доаѓаат по неколку слични украински операции на руска територија, особено насочени кон објекти кои Киев ги смета за клучни за руските воени напори – како складишта, рафинерии и логистички центри. Украинската страна, засега, не ги коментираше нападите.Иако двете страни негираат дека намерно ги таргетираат цивилите, Москва и Киев постојано разменуваат обвинувања во војната што Русија ја започна во февруари 2022 година со инвазија на Украина.

Свет | пред 6 месеци

vulkan

Прва ерупција по 600 години: Вулканот Крашениников на Камчатка се разбуди по силниот земјотрес

По речиси шест века мирување, вулканот Крашениников на рускиот полуостров Камчатка доживеа ноќна ерупција, прва во историјата што е документирана. Рускиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека ерупцијата може да биде поврзана со силниот земјотрес што минатата недела го погоди рускиот Далечен исток и предизвика предупредувања за цунами сè до Француска Полинезија и Чиле.„Ова е прва историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников во последните 600 години“, изјави Оља Гирина, раководителка на мониторинг тимот за вулканска активност. Таа додаде дека последната ерупција се проценува дека се случила околу 1463 година, со можни отстапувања од 40 години.По ерупцијата, регистриран е облак од вулкански пепел што достигнал височина од 6.000 метри, пренесе руското Министерство за вонредни ситуации. Вулканот, висок 1.856 метри, моментално не претставува закана за населени места – пепелниот облак се движи кон исток, во насока на Тихиот Океан.Инцидентот доби „портокалов“ авијациски код, што укажува на зголемен ризик за воздушниот сообраќај во регионот.Паралелно со Крашениников, еруптираше и најактивниот вулкан на полуостровот – Клучевски, што дополнително ги засили сеизмолошките стравувања на Камчатка. Научниците продолжуваат да ја следат ситуацијата и потенцијалните последици од новата фаза на вулканска активност.

Свет | пред 6 месеци

policacec-ohrid

Нереди, насилство и дрога низ Охрид за Илинден: Четворица приведени во една ноќ

Илинденската ноќ во Охрид помина со серија инциденти – од тепачки во казино до запленета дрога на спортски терени и улици. СВР Охрид информира за четири одвоени случаи во период од само неколку часа, со повеќе приведени лица.Во 00:30 часот, на 2 август, во казино на улицата „Партизанска“, јавниот ред и мир бил нарушен со физички напад. А.Ф. од Охрид физички го нападнал сограѓанинот С.М. (34). Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.Неколку часа претходно, на 1 август во 21:50 часот, на спортски центар во Охрид, бил лишен од слобода Д.Д. (26) од селото Тремник, Неготинско. При преглед, кај него била пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја – сомнеж за дрога. Слична ситуација се случила и во 23:10 часот, кога полицијата го привела И.Ј. (41) од Охрид со иста материја во негово поседување.Утрината, на 2 август во 05:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“, бил приведен и К.Г. (28) од Љубљана, Словенија. И кај него, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја.Сите случаи се документираат и против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

Охрид | пред 6 месеци

deponija-sutka

(Видео) Како Бангладеш: Во Шутка расфрлан отпад околу цело игралиште, кој може да е извор на зарази

Спроти зградата на Општина Шуто Оризари, во непосредна близина на детското игралиште, се создава нова дива депонија. Наместо простор за одмор и игра на најмладите, теренот е претворен во жариште на отпад – расфрлани кеси, стари предмети и останато ѓубре доминираат на секој чекор.Жителите на овој дел од Скопје укажуваат на проблемот, но велат дека надлежните остануваат глуви. Молиме за реакција, никој не доаѓа“, коментира локален жител.Оваа ситуација повторно ја отвора темата за несоодветниот однос на институциите кон заедниците во периферните општини. Но и однесувањето на граѓаните кон околината во која живеат.Граѓаните бараат итна интервенција и чистење на локацијата.

Скопје | пред 6 месеци

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски потврди: ВМРО-ДПМНЕ ќе има свој кандидат за градоначалник на Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, ја потврди намерата на партијата да настапи со сопствен кандидат на локалните избори во Кичево.„Да, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе кандидираат градоначалник на Кичево“, рече Мицкоски, додавајќи дека внимателно ги следи дискусиите околу таа тема и, како што рече, „точно препознавам кој е инспираторот“.Тој посочи дека иницијативата за отворање на ова прашање доаѓа од опозициски кругови:„Тоа доаѓа токму од онаа опозиција која по 22 години не е во Владата. Тие хушкаат хушкачи“, изјави Мицкоски.Изјавата доаѓа во пресрет на изборната трка за една од најетнички чувствителните општини во земјава, каде досега ВМРО-ДПМНЕ ретко настапувала со сопствен кандидат.

пред 6 месеци

medziti

Изет Меџити ќе се кандидира за Чаир – ВЛЕН ги соопшти кандидатите за локалните избори

Вицепремиерот и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити, е официјален кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори. Меџити, ќе се соочи со противкандидатот од „Европскиот фронт“ на ДУИ – поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.Од Централното претседателство на ВЛЕН информираат дека се избрани кандидати за градоначалници во повеќе општини ширум државата. Во Тетово ќе се кандидира актуелниот градоначалник Билал Касами, додека во Струга поддршка ќе добие независниот кандидат Менди Ќира. За Кичево, ВЛЕН ќе го промовира министерот за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимани.Во трката за градоначалник на Скопје, коалицијата ќе настапи со Башким Бакиу, директор на Дирекцијата за општи услуги во УКЦ Скопје. Во другите општини, ВЛЕН ги кандидира следниве личности:Дебар: Фисник Мела, заменик-директор на УЈПСарај: Мухамед Елмази, директор на „Номагас“Липково: Неџмедин Садику, директор на Државните резерви на нафтаАрачиново: Даут БеќириЖелино: Блерим Сејдиу, актуелен градоначалникТеарце: Даут Мемиши, директор на Бирото за регионален развојБрвеница: Хаќим Рамадани, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправаВЛЕН со оваа листа покажува сериозна намера да се наметне како водечки албански политички блок на локално ниво, најавувајќи директна политичка пресметка со ДУИ во повеќе општини.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-02-at-10.35.42

(Видео) Среде ноќ, голем пожар во Лисиче: Изгореа две куќи, зафатена трета, едно лице во болница

Во раните утрински часови на 2 август 2025 година, околу 01:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од пожарот целосно изгореле две куќи, сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), додека била зафатена и третата куќа на С.Г. (57), каде што бил опожарен дел од кровната конструкција.Во инцидентот повреден е С.С., кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Пожарот бил изгаснат од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден, за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

Скопје | пред 6 месеци

policiska-lenta

Заталкани куршуми на различни локации во Скопје: Еден паднал на кров, друг пробил автомобилско стакло

Во два одделни случаи, еден куршум оштетил кров на куќа во Чаир, а друг пробил предно стакло на автомобил паркиран во Гази Баба. Полицијата работи на расветлување на случаите и утврдување на потеклото на куршумите.На 31.07.2025 во 21:45 часот во СВР Скопје, П.Т.(46) од Скопје пријавил дека околу 21 часот во неговиот двор на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило кровот од куќата. Исто така, на 31.07.2025 во 18:24 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Д. пријавила дека на ул.„Катлановска“ во Скопје во нејзиното патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки забележала дека од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено предното стакло на возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштеието на МВР.

Скопје | пред 6 месеци

DSC_0104

Обвинителство обвини шест лица за фалсификување евра – продале лажни банкноти вредни над 114.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица, осомничени дека како дел од злосторничка група фалсификувале евра и ги дистрибуирале на територијата на Македонија и Србија.Според обвинителството, групата била организирана од првообвинетиот, кој во периодот од крајот на 2023 до февруари 2025 година набавил и користел опрема и материјали за изработка на лажни банкноти во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра. Петмина од обвинетите се товарат за кривичното дело „Фалсификување пари“, додека двајца, меѓу кои и организаторот, се обвинети и за „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“.Фалсификуваните пари, кои се произведувале во Македонија, се дистрибуирале главно во Србија, по цена од 25 до 30 отсто од нивната номинална вредност. Вкупно, групата во периодот од јуни 2024 до јануари 2025 година успеала да продаде 114.150 лажни евра за 42.400 евра.Шестообвинетиот, според Обвинителството, изработувал и одржувал машините за печатење на лажните пари.Обвинителството со поднесениот акт бара и продолжување на мерката притвор за осомничените. Паралелно, против шест српски државјани, кои наводно биле вклучени во дистрибуција на фалсификатите, се води постапка во Србија.

Македонија | пред 6 месеци

kocani-puls-protest-2

„Маршот за ангелите“ ќе паузира оваа сабота

Родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани соопштија дека оваа сабота, на 2 август, нема да се одржи редовниот „Марш за ангелите“. Одлуката е донесена поради државниот празник Илинден, ден посветен на борбата за слобода и достоинство.Во обраќањето до јавноста, семејствата наведуваат дека Илинден е ден кој заслужува тишина, почит и потсетување дека вистинската слобода постои само кога постои и правда – особено за невините.„Иако овој викенд нема да бидеме на улиците, нашата болка, љубов и борба не престануваат. Продолжуваме следната сабота – посветени, обединети и гласни – во име на сите што беа неправедно одземени“, се наведува во соопштението потпишано од родителите на загинатите.Маршевите, кои се одржуваат секоја сабота во Кочани, се еден од начините преку кои семејствата бараат одговорност од институциите за смртта на 62 млади луѓе во трагедијата што се случи на 16 март годинава. Случајот сè уште не е целосно расветлен, а јавното обвинителство и натаму е под притисок од јавноста и медиумите да даде конкретни одговори.Следниот „Марш за ангелите“ е најавен за сабота, 9 август.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска се жали на нетранспарентност, но и самата молчи додека „нејзината вистина“ и „вистинската вистина“ не се поклопуваат

Два дена откако објави дека имала „укажувања да ја повлече кандидатурата“ за судија во Стразбур, обвинителката Ленче Ристоска сè уште не одговара на клучните прашања што произлегоа од нејзината изјава. Јавноста остана без одговор – кој ѝ укажал да се повлече и кој стои зад тие пораки. Молк има и за наводите дека таа во изминатите месеци лобирала преку странски амбасади, чекајќи одлука од Владата.Нејзиното одбивање да одговори не е ново. И по текстот за нејзината кандидатура во мај годинава, Ристоска најави дека ќе даде појаснувања за неколку контроверзии поврзани со нејзиниот углед – но тие одговори никогаш не стигнаа.Изјавата на Ристоска не сакаше да ја коментира премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека „тоа е нејзина вистина“, а „вистинската вистина“ е онаа што ја дала Владата.„Јас нема да навлегувам во тоа што го кажуваат кандидатите, тоа е нивна вистина. Вистинската вистина е таа што ја кажа Владата. Се формира нова комисија составена од луѓе што раководат со судско-обвинителски институции. Тие нека одлучат на следниот конкурс кој е најдобар, за да нема изговори. Би се воздржал од каков било коментар за изјавите на кандидатите“, изјави Мицкоски.На новинарско прашање зошто Владата би имала поголема тежина од Комисијата која ја формираше Министерството за надворешни работи – во која членуваат професори, правници и други релевантни експерти – Мицкоски не даде директен одговор. Не објасни ни кои точно критериуми не ги исполниле тројцата избрани кандидати меѓу кои беше и Ристовска.„Констатирано е дека не ги исполнуваат критериумите, има во соопштението на Владата. Обратете се таму, ќе ви објаснат“, кусо одговори премиерот.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Коцевски спасен до ноември: поради изборите, наредните три месеци не можат да го разрешат ако не даде оставка

Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски е лојален на партиите СДСМ и ДУИ кои го донеле на функцијата, па пред новинарите призна дека сега не можат да го продолжат процесот за разрешување бидејќи ќе се распишат избори веќе идната недела. Со ова, Коцевски е сигурен до ноември.„Сега и ние да сакаме да преземеме, влегуваме во процес на избори. Изборите ќе се распишат следната недела. Поради ограничувањата со законот, сите процеси ги оставаме за во ноември, кога ќе продолжат. Ако даде оставка влегуваме во лавиринт, не можеме да бираме. А таму има заменици кои ќе ја преземат работата“, додаде Мицкоски.Тој претпоставува дека Коцевски сака да остане на позицијата, додека не биде отповикан од СДСМ и ДУИ кои го гласале.„Така се случи и со Судскиот совет. Изгласаа недоверба пратениците, Судскиот совет си остана таму, уживаат во привилегиите. Во некои куларски разговори велат „партијата ме поставила, додека не ме отповика не си одам“. А знаете кои партии беа на власт. Факт е дека тие не си заминуваат. Истото е претпоставувам и чувството за јавниот обвинител. Вие се сеќавате од опозицијата мене ме обвинуваа дека сум во коалиција со него, дека сум диктирал обвиненија.. Во рамките на неколку минути се демантираше тоа. Видовте кој го поддржаа, тоа е поранешната Влада – ДУИ и СДСМ. Тој практично е се уште лојален на тие кои претходно му дале поддршка“, посочи Мицкоски.Неколку дена откако му изгласаа недоверба, Коцевски си остана на функцијата без да даде никаков коментар. Нема ни одговор од страна на Обвинителството кои ќе бидат неговите наредни чекори на републичкиот обвинител.„Скопје1“ веќе објави дека сценариото за „преживување“ што е можно подолго е преку спас со распишување на локалните избори, кога не може да се именува и разрешува.

Македонија | пред 6 месеци

orce-i-misko

Орце Ѓорѓиевски објави фотографија со Мишко Ралев: Посакуваниот кандидат за градоначалник на СДСМ му се приклучи во тимот за Скопје

Иако долго време се шпекулираше дека професорот Мишко Ралев ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, партијата пред десетина дена ја избра Каја Шукова како свој официјален кандидат. Ралев, кој важеше за еден од најпосакуваните избори внатре во СДСМ, сега ѝ се приклучи на кампањата на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за престолнината.Со тоа, Ралев направи остар политички пресврт и се позиционира како поддржувач на противкандидатот.„Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас... Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, објавувајќи и фотографија со него.Ралев е декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и поранешен член на Извршниот одбор на СДСМ во времето на Димитар Ковачевски.

Скопје | пред 6 месеци

transparensi-inter

Матните и бистрите настани во јули според Транспаренси: Обвинението за Димитровска, Извештајот на ЕК за Македонија...

Транспаренси Интернешнл – Македонија го објави месечниот извештај за најматни и најбистри настани во земјата за месец јули, во кој највисоко на листата на сомнителни случувања се најде обвинението против претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.Според организацијата, Димитровска се соочува со сериозни обвинувања за злоупотреба на службена положба и оддавање службени тајни. Таа, според Обвинителството, незаконски изнесувала и фотографирала документи поврзани со набавки на адитиви во енергетскиот сектор, меѓу кои и податоци за обвинетиот Небојша Стојановиќ во предметот „Адитив“. Исто така, било откриено дека Димитровска и уште еден државен службеник – ревизор – нелегално пристапиле до системот за класифицирани информации. Ревизорот, користејќи нејзини кодови, присуствувал на обуки и полагал тестови во нејзино име за да се стекне со безбедносен сертификат „државна тајна“.Други „матни“ настани, според извештајот, вклучуваат:Годишниот извештај на Европската комисија за владеење на правото во Македонија, во кој се нотира загриженост за мешање на извршната власт во судството, слабости во антикорупциските реформи, политизирано разрешување на главниот обвинител и нарушување на поделбата на власта.Раскриена криминална мрежа поврзана со злоупотреба на системот за инвалидски пензии и туѓа нега, во која се вмешани лекари, адвокати и службеници. Осомничените, делувајќи преку две криминални групи, овозможувале незаконско стекнување на права за надоместоци, за што наплатувале од 150 до 5.000 евра.Сериозни слабости во работењето на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, како што се отсуство на интегрирани ИТ-системи, недоволни контроли и ризик од неправилно користење на јавни средства, нотирани во извештајот на Државниот завод за ревизија.Финансиски и системски неправилности кај Државното правобранителство, вклучително и нетранспарентни јавни набавки, нерегулирани договори на дело и нејасни процедури за оценка на вработените.ЈП за стопанисување со спортски објекти, кое формално не постои од 2017 година, но сѐ уште функционира, без ажурирани пописи и со изгубена или одземена документација.Недоволен буџет за здравство и застој во изградбата на клинички центри, според ревизорскиот извештај за 2023 година. Дваесет и три програми се реализирале со недоволни средства, што довело до слаба ликвидност на јавните здравствени установи и недостиг од лекови.Ревизија на Основен суд Прилеп, која укажува на несоодветна евиденција, одсуство на внатрешна ревизија и недефинирани платни правила.Случај со заменик директор на Институтот за сточарство и рибарство при УКИМ, за кој ДКСК утврди судир на интереси, поради деловни релации со фирма во која сопственик е неговата сопруга.„Бистри“ настаниВо позитивниот дел од извештајот, Транспаренси Интернешнл издвојува:Апсењето на очна докторка во Клиничката болница во Битола, откако од пациент примила пари за лекарска услуга. Министерството за здравство најави дисциплинска постапка и ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности преку платформата „Пријави неправилност“.Обвинение против директорот на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, кој, според ОЈО за гонење организиран криминал, побарал 20.000 евра за прием на пациент во тешка здравствена состојба.Обвинение за злоупотреба на службена положба против поранешен в.д. претседател на СУНРСМ, кој, според Обвинителството, со пропусти во работењето нанел значителна штета на буџетот на институцијата.Новина на веб-страницата на Министерството за здравство, каде граѓаните отсега ќе можат анонимно да пријавуваат неправилности во здравствениот систем, со можност за контакт доколку е потребна дополнителна информација. Податоците од пријавите ќе се објавуваат месечно.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања