ТОП

policija-policaec

Со 99% слепило, возел товарно возило и усмртил жена во Неготино – обвинителството отвори истрага за лажни документи

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена во сообраќајна несреќа. Обвинетиот, кој бил корисник на инвалидска пензија и додаток за попреченост поради слепило, сепак управувал „Ситроен Џампер“ со велешки таблички без важечка возачка дозвола.Несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат Пепелиште–Неготино, на место викано „Лаки“, кога обвинетиот не забележал пешак и со ретровизорот ја удрил 67-годишната Ангелина Ангелова по главата. Жената била отфрлена надвор од коловозот и починала од тешките повреди – скршен череп, пршлени и повеќе коски.Истрагата утврдила дека, иако имало одреден пропуст кај жртвата, тој е оценет како секундарен во споредба со грубото прекршување на правилата од страна на возачот.Најшокантниот дел од случајот – обвинетиот, иако со документирано слепило од 99%, не само што управувал со возило, туку и успеал да ја обнови својата возачка дозвола во текот на истражната постапка.Обвинителството побарало од ОВР Неготино да спроведе дополнителни проверки за тоа како обвинетиот воопшто се стекнал со возачка дозвола и инвалидска пензија, односно дали е можно да се работи за злоупотреба или лажна медицинска документација.

Македонија | пред 6 месеци

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Потера на автопат, удари, пукање и апсење – косовски криумчари превезувале осум кинески мигранти

Во филмска полициска акција, двајца косовски државјани се лишени од слобода откако не застанале на полициски знак и се обиделе да избегаат со возило во кое биле пронајдени осум мигранти од Кина.Како што соопшти МВР, акцијата се случила вечерта на 31 јули околу 21:40 часот, кога возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било забележано на автопатот Градско – Скопје, но наместо да застане на знак од полицијата, возачот дал гас и пробал да избегал.Следела потера со висока брзина и сериозни последици – возачот, 24-годишниот Г.Л., додека бегал, оштетил наплатни станици во Градско и Петровец, удрил во возило „Опел Инсигниа“ со странски ознаки, како и мотоцикл со македонски регистарски таблички.Кога возилото конечно излетало од патот кај клучката Приштина на скопската обиколница, возачот физички нападнал полициски службеник во обид да избегне апсење, но бил совладан. Во акцијата полицијата испукала и предупредувачки куршуми – среќно, без повредени.Во возилото биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Тие се сместени во транзитен центар, додека двајцата косовски криумчари – Г.Л. (24) и Б.Л. (18), се приведени.По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни кривични пријави од Одделението за прекуграничен криминал и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Македонија | пред 6 месеци

siljanovska-davkova-2

Илинденски помилувања: Претседателката Сиљановска Давкова ослободи четворица осуденици, на уште четворица им ја намали казната

По повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица.Со актот на помилување, четворица затвореници се целосно ослободени од понатамошно издржување на казната затвор. Станува збор за:Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, општина НеготиноАлберт Тарзан Алиевски од КавадарциНиколче Љубе Костадиновски од КумановоЗејадин Сали Мифтари од село ЧеркезеПокрај нив, делумно помилување – односно намалување на изречената казна – добија уште четворица осуденици:Емир Надир Јонузи од село Слатино, Тетово – казната му е намалена за 3 месециКоле Петре Талевски од Битола – намалување за 3 месециЧушков Јордан Сашо од Велес – помалена казна за 3 месециИсмаили Џелал Јетмире од Гостивар – намалување на затворската казна за 6 месециОваа одлука е донесена во согласност со член 84 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за помилување. Таа веднаш стапува во сила и ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Македонија | пред 6 месеци

bugarski-pasos

Бугарски пасоши вадат и Србите: Околу 8.000 граѓани со бугарско државјанство, а трендот расте!

Сè повеќе граѓани од јужниот дел на Србија добиваат бугарско државјанство, по примерот на илјадниците Македонци што тоа веќе го сториле во изминатите години. Според „Нишке вести“, на чија анализа се повикува агенцијата БГНЕС, бројката на српски државјани со бугарски пасоши се движи меѓу 5.000 и 8.000, а само во последните две години повеќе од 2.000 лица од Србија станале бугарски државјани.Во текстот се наведува дека, иако бројките сè уште не се масовни, трендот е во постојан пораст, а Бугарија веќе не ги пресметува овие лица како Срби во своите статистики. „И, најважно: Бугарија повеќе не ги смета во статистиката како Срби“, стои во коментарот на порталот.Како причина за загриженост, авторот посочува дека бугарската држава може еден ден официјално да го прогласи југот на Србија за „бугарски културен простор“ и да тврди дека таму живеат десетици илјади Бугари, што ќе го оправда со постоењето на документирани државјанства и идентитетски изјави.„Истото веќе се случи – во Северна Македонија. Таму, над 120.000 граѓани добија бугарски пасоши. Нема медиумска возбуда. Нема скандали. Само редици пред конзулатот. Ова не е политичка завера, туку политичка расправија“, се вели во текстот.БГНЕС потсетува дека Белград го користи терминот „Јужна Србија“ и кога се однесува на територијата на денешна Северна Македонија, алудирајќи на историските и политички претензии.Авторот на анализата предупредува: „На прв поглед – легитимно право на секој граѓанин е да бара подобра можност. На втор поглед тоа е – аларм. Секоја земја треба да се запраша: што значи кога нејзините граѓани масовно добиваат државјанство на друга земја, но продолжуваат да живеат, работат и гласаат тука? Пасошот не е само средство за патување. Тој е основа на меѓународното право, идентитетот и потенцијалните територијални и културни претензии“.„И најважно – тоа се информации што се внесуваат во официјалните регистри. Кога се случува криза, кога се дискутира за малцинствата во Советот на Европа, кога се подготвува нов буџет за прекугранична соработка – бројките стануваат алатки. Алатки на политиката. А, ние? Ние молчиме. Затоа што 'станува збор за работа'. Затоа што 'ништо нема да се случи'. Затоа што 'важно е да се оди некаде'. Забораваме дека историјата честопати не прашува како нешто започнало – туку кaде одвело“, пишува „Нишке вести“.Во Србија, сè погласни се повиците за отворање јавна дебата за тоа што значи колективна промена на идентитетот без јавна расправа. Авторот заклучува:„Ако го игнорираме ова, за 10, 20 или 30 години некој навистина може да каже: Таму живеат 50.000 Бугари. Ова е наша територија. Наш интерес. Наша историска одговорност. И нема да биде важно што биле Срби. Дека зборувале српски, живееле во Ниш. Она што ќе биде важно е што е напишано во пасошот. И колкумина од нас молчеле“.Во текстот се додава и дека, иако Бугарија се радува на овие бројки и на уплатите поврзани со постапката за добивање државјанство, никој не зборува за можниот „бумеранг“ ефект – сценарио во кое овие новоосознаени Бугари би можеле да се самоорганизираат, да формираат политичка партија и да влијаат врз одлуките во Србија.

Свет | пред 6 месеци

sveka

„Почивај во мир, ангелу“ – училиштето СОУ „Крсте Петков Мисирков“ се прости со 16-годишната Теодора

Училиштето СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар се прости од својата ученичка Теодора Бабарчиќ, која трагично се удави во реката Вардар. Шеснаесетгодишната Теодора исчезна на 23 јули, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено по шест дена интензивна потрага. Тимовите за спасување и бројни волонтери денови наназад ја пребаруваа реката, надевајќи се на чудо што за жал не се случи. По оваа трагедија, училиштето ѝ оддаде последна почит преку емотивен пост на Фејсбук:

Македонија | пред 6 месеци

solun-poplava

(Видео) Невреме го потопи северот на Грција: Солун поплавен, улиците во Халкидики непроодни

Солун е поплавен по силното невреме што го зафати регионот во четвртокот наутро, оставајќи драматични сцени во центарот на градот. За само еден час наврнале врнежи во количина што одговара на целокупната просечна месечна сума за јули – дури 37 литри на квадратен метар, објавија експертите од „Weather Analysis“.Голем дел од улиците во централното градско подрачје беа под вода, што доведе до хаос во сообраќајот и интервенции на службите за итна помош. На авенијата Цимиски, едно од најпрометните места во градот, мотоциклист паднал поради лизгавиот асфалт и се здобил со повреди. Неговата здравствена состојба сè уште не е целосно позната.Според информациите на локалниот медиум „ToVima“, под притисокот на надојдената вода попуштиле шахтите, што дополнително го влошило поплавувањето на главните улици. Дел од сообраќајот бил привремено прекинат, а улиците се претворија во порои. Временските неприлики не зафатија само Солун – силни врнежи беа регистрирани и во делови од Халкидики, како и во региони како Кукуш, Епир, Тесалија, Спорадите и Тракија.Во Неа Флогита, на Халкидики, улиците беа поплавени, што го отежна движењето низ туристичкото место. Посетители кои таму летуваат споделуваат фотографии на социјалните мрежи од водата што надоаѓа, а според „grtimes.gr“, цивилната заштита останува во состојба на готовност поради најавите за натамошна нестабилност на времето.

Свет | пред 6 месеци

MixCollage-01-Aug-2025-09-12-AM-4982

Словенија со ембарго за оружје за Израел и повик до светот: Признајте ја Палестина!

Словенија го прекинува секој вид трговија со оружје со Израел – воведе забрана за извоз, увоз и транзит на оружје, станувајќи првата земја во Европската Унија што презела ваков чекор. Одлуката беше донесена на владина седница, а ја соопшти премиерот Роберт Голоб, истакнувајќи дека станува збор за принципиелен став во насока на мир и почитување на меѓународното хуманитарно право.Овој потег следи по претходната одлука на словенечките власти да прогласат двајца министри од израелската влада за непожелни лица (persona non grata). Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за финансии Безалел Смотрич, чие делување, според Словенија, придонело за создавање на „неподнослива состојба“ во Појасот Газа.Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на Генералното собрание на Обединетите нации ги повика сите земји-членки да ја признаат државата Палестина, оценувајќи дека единствениот одржлив пат кон мир на Блискиот Исток е решението со две држави. Таа додаде дека „начинот на кој бараме мир денес ќе ја одреди историјата и иднината на генерациите што доаѓаат“.„Историјата не се пишува со големи зборови, туку со дела. А Словенија одлучи да дејствува – ја призна државата Палестина“, рече Фајон, најавувајќи и потпишување на меморандум за соработка со палестинските власти.Словенечката министерка посочи и дека врз некои држави се врши притисок да не ја поддржат Палестина, споменувајќи дека има слободни места во Генералното собрание на ОН, меѓу кои и држави-соседи на Словенија. Таа изрази несогласување со ставовите што го попречуваат прекинот на огнот во Газа и постигнувањето на траен и праведен мир.Словенија ја призна независноста на Палестина во јуни оваа година, по што и Холандија го следеше примерот. Вкупно 147 од 193 држави-членки на Обединетите нации досега официјално ја признале државата Палестина.фото: Unsplash/FB

Свет | пред 6 месеци

unnamed-1-1

Ви ја знам стратегијата „каурите да не бираат градоначалник“, знам што правите, му рече Мицкоски на Снопче порачувајќи дека имаат синдром на тоалетна хартија

Премиерот Христијан Мицкоски, жестоко ја нападна стратегијата на Арбен Таравари и неговото движење, обвинувајќи ги дека на терен работат за интересите на ДУИ и практикуваат поделби од минатото.„Знам која ви е стратегијата во Гостивар и Тетово – ‘да не дозволиме каурите да бираат градоначалник’. Знам што правите. Тоа е стратегија од 19 век“, изјави Мицкоски.Тој го повика пратеникот Халил Снопче, дел од таборот на Таравари, да се откаже од таквиот пристап и му порача дека државата ѝ припаѓа на сите граѓани, без разлика на етничка или верска припадност.„Ако сум јас Македонец, секогаш се обраќам на сите. Влегувате во замката на коалициониот партнер – ДУИ“, рече Мицкоски.Според него, Таравари се одлучил да верува безусловно на ДУИ.„Таравари не ми рекол ‘Ако сакате да останеме во Владата, треба Влен да излезе’, но ми рече ‘А зошто да не влезе ДУИ?’. И јас го гледам во очи и реков ‘Ако влезе ДУИ, што ќе си ми ти?’. И ме гледа... јас го гледам... и така траеше тоа можеби минута до две. ‘Епа добро’ рече и си замина“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Таравари свесно прифатил политичка математика во која, како што вели, ДУИ ќе го поддржува тивко, таму каде што тие нема да имаат кандидати.„Синдромот на тоалетна партија веќе сте го почувствувале, не е добро пак да го почувствувате“, предупреди Мицкоски, изразувајќи разочараност што, според него, наместо вистинска реформа, Влен избрал да биде алатка во рацете на стариот политички естаблишмент.

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-01-Aug-2025-08-46-AM-3107

Димитровска се враќа на висока функција, во ревизија, Најчевска се изнасмеа: „Нема веќе крадци, измамници, злоупотреби... сè ќе биде по закон“!

Татјана Димитровска повторно ќе извршува висока функција во јавната администрација. По оставката од претседателското место во Државната комисија за спречување на корупцијата, се враќа во Државниот завод за ревизија. Димитровска ќе ја преземе функцијата помошник на главниот државен ревизор, позиција која ѝ беше во мирување за време на нејзиниот ангажман во антикорупциската комисија.Во однос на ова, професорката Мирјана Најчевска цени дека ситуацијата очигледно ја надмина и границата на апсурдот-Ахахахахахах. Криминалци од сите вери и невери, од сите етницитети, од сите краишта на државата, обединети под партиските знамиња.Ахахаха.Од сега па понатаму ниту еден државен службеник нема да работи спротивно на законот.Се ќе биде по закон.Затоа што законите го штитат крадењето, и мамењето, и насилството, и криминалот од сите видови и подвидови, и ...Нема веќе дивоградби, нема ни крадци, нема ни измамници, нема злоупотреба на службена должност.Крадењето е озаконето и измамата и самоволието и убиството и ...“, напиша таа.

Македонија | пред 6 месеци

soobrakajka-tetovo

(Видео) Снимка од несреќата на автопатот-Тетово-Скопје, каде загинаа три лица, а дете заврши во болница

Надзорна камера ја снимила несреќата на автопатот Тетово-Скопје каде загинаа три лица, а од која се гледа како автомобилот, со нагло свртување на лево, влегувајќи во спротивна насока на движење, се судира со автобус.Најпрво, автомобилот се движи споро на првата сообраќајна летна. По десетина метри, свртува лево, а во втората летна веќе се движи цистерна. За среќа, цистерната избегнува сообраќајна несреќа, но веќе во последната летна, има автобус, кој иако се обидува со свртување, не успева да спречи директен судир. Автомобилот кој движи зад автобусот, свртува и избегнува да удри во автомобилот „опел“.Неофицијалните информации и сомнежите се дека возачот имал здравствени проблеми, во моментот кога свртува на лево. Издадена е наредба за обдукција. Се проверува и исправноста на возилото „опел“, а повикан е и сообраќаен вештак за да се испитаат сите околности.За возачот на автобусот е наложено испитување за евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции. Во несреќата, тешко повредено е дете, кое е во болница.Претходно:

Македонија | пред 6 месеци

noname

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје: Три лица загинаа, едно повредено

Три лица го загубија животот, а едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 15:45 часот на автопатот Тетово–Скопје, кај клучката „Север“. Во несреќата учествувале патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки и автобус „Ман“ со скопски таблици.„Несреќата се случила кога патничкото возило, управувано од Т.И. (59) од Тетово, се судрило со автобусот управуван од Ш.Д. (62), исто така од Тетово. Во судирот починале возачот Т.И. и двете сопатнички И.И. (55) и З.М. (71), сите од Тетово. Четвртиот сопатник, Р.И. од Тетово, се здобил со телесни повреди и е задржан на опсервација во Клиничката болница во Тетово“, информираат од СВР Тетово за „Скопје1“.Увид на лице место вршат дежурен јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат.

Македонија | пред 6 месеци

ohrid-mladi

(Видео) Патриотски дух на охридскиот кеј: Млади пеат „Македонијо, ти си бисер балкански“!

Навечер, на охридскиот кеј, група млади се собраа и на сиот глас ја пеат познатата патриотска песна „Македонијо, ти си бисер балкански“.„Ова е Охрид, навечер, среде кеј… македонска младина“!

Охрид | пред 6 месеци

faton

Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител

Комисијата за прашања на избори и именувања на денешната седница го утврди Фатон Сељами како предлог за нов народен правобранител.Сељами е раководител на Подрачното одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем. Неговата кандидатура ја поднесе пратеникот Беким Ќоку од партијата Вреди.Тој е дипломиран правник и магистер по правни науки на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Има положено и правосуден и нотарски испит.За негов избор е потребно да гласаат најмалку 61 пратеник во Собранието, како и да се обезбеди бадинтерово мнозинство – односно најмалку 20 гласа „за“ од вкупно 39 пратеници што припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

lefkada-brza-pomos

Тешка сообраќајна несреќа кај Богданци – возач загина откако излетал од патот!

Возач на патничко возило го загубил животот на обиколницата кај Богданци, откако излетал од коловозот. Според информациите од МВР, лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на местото на несреќата.-На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, стои во соопштението на МВР.

Македонија | пред 6 месеци

velosiped

Велосипедист заврши во ГОБ „8 Септември“ со тешки повреди - удрил во градежен шут на кејот на Вардар!!

На велосипедската патека на кејот на Вардар, на подрачјето на Карпош, велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако удрил во градежен шут на неосветлен дел од патеката. Настанот бил пријавен во СВР Скопје, а повредениот лекарска помош побарал во Градската општа болница „8 Септември“.-На 30.07.2025 во 15.35 часотво СВР Скопје, Б.Ј.(35) од Скопје пријавил дека на 28.07.2025 околу 21.00 часот додека управувал велосипед на велосипедска патека на кејот на река Вардар на подрачјето на Карпош на неосветлен дел од патеката, удрил во градежен шут и паднал. Притоа, тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, се наведува во соопштението на МВР.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања