ТОП

Ilija

Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош: Левица алармира на предизборен поткуп

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции!-Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и актуелен раководител на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Пробиштип, кадар на СДСМ, кој сега преку коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повторно е дел од раководството. Само на последниот јавен повик за вработување по основ „Невработени Роми” се вработиле 40 лица регистрирани како Роми, иако според пописот од 2021 година, во Пробиштип живеат вкупно 104 припадници на ромската заедница. Тоа значи дека со еден повик, Џани „вработил“ 40% од целото ромско население во општината - бројка што е очигледно нереална и алармантно сомнителна, наведува Левица!Посочуваат и дека според анализата на имињата и презимињата на добитниците на позициите, не станува збор за припадници на ромската заедница, туку за Македонци кои се лажно регистрирани како Роми за да добијат наводна „социјална помош“.-Ова е само последен во низата случаи што укажуваат на систематско трошење на народни пари за партиски цели. Според нашите информации, во последните 2-3 години преку овие злоупотреби се извлечени над 300.000 евра од буџетот, велат од Левица.фото: ФБ/Илија Петковски Џани

Македонија | пред 6 месеци

unnamed-2

Изборот на нови функционери предизвик за Собранието – се бара наследник на Зибери и Димитровска, изборите ќе се распишат во август

Во пресрет на распишувањето на локалните избори, Собранието се соочува со две клучни задачи – избор на нов Народен правобранител и претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Како што соопшти денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, процедурите за обете позиции се во различни фази, но потребата од институционално пополнување е итна.Процедурата за избор на нов Народен правобранител веќе е започната. По пензионирањето на Насер Зибери на 14 јули, земјата остана без омбудсман, иако Законот предвидува распишување на оглас три месеци пред истекот на мандатот. На објавениот оглас се пријавиле 17 кандидати. Комисијата за избори и именувања денеска требаше да заседава и, доколку постои усогласеност, можно е веднаш да се свика пленарна седница за гласање. За избор на Народен правобранител е потребно и Бадинтерово мнозинство.Меѓу кандидатите е и актуелниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Дритон Небиу, кој денеска потврди дека се пријавил на конкурсот. Тој наведе дека има 18-годишно искуство како правник, 15 години работа во Собранието, меѓународно искуство и магистратура по човекови права, што, според него, го квалификуваат за оваа позиција.Паралелно со ова, Собранието ќе распише оглас за избор на нов претседател на ДКСК, откако досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка поради сомнежи дека давала доверливи информации на обвинето лице во случајот „Адитив“ и дека друг вработен полагал испит во нејзино име за добивање безбедносен сертификат.„Законот предвидува рок од десет дена за распишување оглас по оставка или испразнување на функцијата. Тоа ќе го направиме денеска преку Комисијата за избори и именувања. Правната нејаснотија е дали може да се избере претседател на ДКСК или Народен правобранител за време на изборен процес, па ќе направиме правна анализа“, изјави Гаши.Во таа насока, тој најави дека локалните избори ќе бидат распишани најдоцна до средината на август – токму за да се овозможи простор институциите да ги пополнат вакантните места.Во однос на изгласаната интерпелација за јавниот обвинител Љубомир Коцевски, Гаши потсети дека Собранието веќе се изјаснило, и оти Владата, државниот обвинител, а потенцијално и Советот на јавни обвинители треба да постапат согласно „гласот на народните избраници“.Претседателот на Собранието информираше и дека поради здравствени причини нема да се обрати на Пелинце за Илинден. Тоа ќе го стори еден од потпретседателите. Иако пратениците се на летен одмор од 4 до 22 август, Гаши нагласи дека Собранието е во постојано заседание и може да се свика седница доколку има потреба.

Македонија | пред 6 месеци

unnamed-1-1

Мицкоски: Што не успеа Тодор Живков и плејада бугарски политичари, успеа во време на СДСМ – не се споменува македонскиот идентитет

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент.Премиерот Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес.„Нема да ве вратам во времето на Батембер, во времето на Егзахот Јосиф, како се обидувале да го асимилираат овој дел. Дошле и до вашето Крушево. Но не успеале. Потрошиле два буџети, но не успеале. Но тоа што го правеле, а потоа го продолжил Тодор Живков, вие го прифативте. Вие ли сега најдовте да ми кажувате? Тоа што не им успеало на Батемберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие се прифативте.И да тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се спомене македонски идентитет и јазик во Извештај. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го правиме. Ние тоа ќе го исправиме. Бидете трпеливи.“, одговори премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Две тепачки во раните утрински часови во Охрид: меѓу тепачите и малолетници

Секторот за внатрешни работи Охрид информира за две физички пресметки кои се случиле вчера во раните утрински часови, при што се нарушен јавниот ред и мир, а едно лице се здобило со повреди.Првиот инцидент бил пријавен во 03:50 часот на улицата „Наум Охридски“, каде според полицијата, дошло до тепачка во која учествувале повеќе лица. Со телесни повреди се здобил 21-годишниот А.Ч. од Скопје. По преземени мерки, биле приведени двајца скопјани – К.К. (20) и П.М. (19), а се работи на целосно расветлување на случајот. СВР Охрид најавува соодветни пријави.Вториот случај се случил во 05:15 часот пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, каде бил приведен Е.И. (20) од Охрид, кој, според полицијата, се степал со две малолетни лица од Скопје. И овој настан е документиран и ќе биде проследен со соодветна кривична пријава.Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од насилно однесување, особено во туристичката сезона кога градот е под засилено полициско присуство.

Охрид | пред 6 месеци

gubre

(ВИДЕО) Купишта отпад на влезот од поликлиниката во Шуто Оризари: Срамна слика пред здравствена установа

Граѓаните кои секојдневно бараат здравствена помош во поликлиниката во Шуто Оризари се соочуваат со грозоморна глетка уште на самиот влез. Левата страна од приодот до влезната врата е буквално затрупана со купишта ѓубре – стари картони, пластика, отпадоци, разнесени кесички и остатоци од храна се расфрлани и по патеката по која минуваат пациенти, мајки со деца, стари лица, граѓани на кои им треба лекарска помош.Станува збор за слика која не само што го нарушува достоинството на пациентите, туку и директно го загрозува јавното здравје.Иако поликлиниката е јавно здравствено објект, и треба да претставува простор со највисоки хигиенски стандарди, моменталната состојба на терен го покажува токму спротивното.Погледнете го видеото кое сведочи за срамната слика пред влезот на оваа здравствена установа во главниот град.

Скопје | пред 6 месеци

lence-ristoska

Ленче Ристоска обвинува: Владата врши притисоци и ја крши процедурата за избор на судија во Стразбур

Обвинителката Ленче Ристоска обвини дека Владата врши притисоци и спроведува нетранспарентна постапка при изборот на националниот кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Според неа, одлуката на Владата да не ја прифати листата со тројца кандидати, меѓу кои беше и самата, е очекуван политички потег, но спротивен на препораките на Советот на Европа.„Последниве два месеци имав укажувања дека треба да ја повлечам мојата кандидатура, а во јавноста се водеше и клеветничка кампања против мене. Затоа не ме изненади одлуката на Владата – само начинот на кој ќе ја прекрши процедурата беше неизвесен“, напиша Ристоска.Таа посочи дека Владата одбива да објасни зошто ја отфрла листата и кои критериуми не биле исполнети од кандидатите. Ова, според неа, е спротивно на принципите на транспарентност и отчетност што ги бара Советот на Европа.„Одлуката на Владата е неоснована, нетранспарентна и без образложение. Постапката треба да биде фер, однапред пропишана и јавна – како што тоа го налага Советот на Европа“, нагласува Ристоска.Таа потсетува дека оценката на кандидатите ја вршат Комисијата формирана токму за оваа цел и советодавното тело на Советот на Европа, и оти Владата има обврска да ја почитува нивната селекција или, доколку отстапи, да го образложи тоа со конкретни факти и критериуми.„Сосема е прифатливо да не ја добиете позицијата ако не сте најдобриот кандидат, но тоа мора да биде резултат на фер постапка – а не на политички маневри“, заклучува обвинителката.Како потсетување, Ристоска, која е дел од тимот на Европравда и поранешна членка на Специјалното јавно обвинителство, се најде под лупа поради предметот за бонусите во СЈО, во кој беше покрената постапка за разрешување на републичкиот обвинител.Таа е поврзана и со роднинска врска со сопругата на министерот Тимчо Муцунски, што предизвика сомнежи за можен конфликт на интереси. Министерството за надворешни работи ја оспори поврзаноста како правно релевантна, наведувајќи дека станува збор за далечно сродство. Ристоска е позната и по водењето на големи случаи како „Таргет-тврдина“ и „Талир“

Македонија | пред 6 месеци

saban-saliu

Салиу не чувствува вина за Кочани: „Не бев на одмор, се пријавив“

Министерот без ресор, Шабан Салиу, денеска изјави дека не чувствува вина и дека треба да се почитува презумпцијата на невиност додека не биде донесена судска одлука. Тој одговараше на новинарски прашања поврзани со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која и тој е опфатен.„Сè додека не бидам осуден, не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката“, изјави Салиу пред почетокот на одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст – 2 Август.Запрашан што мислел кога рекол дека новинарите „водат судска постапка“, Салиу рече дека не е фер и не е коректно новинари да сликаат таблички на неговото службено возило додека се движел кон судот.„Не бев на одмор, не бев никаде, напротив – во рамките на моите должности го извршив и тоа, се пријавив“, нагласи тој.Во врска со прашањето зошто со службено возило отишол во судот, Салиу одговори дека од 8 до 17 часот е на работа и дека не излегол од државата, туку бил во судот.

Македонија | пред 6 месеци

bankomat

Добри вести за граѓаните кои летуваат во Грција: Нови и поправични правила за вадење пари од банкомати

Добри вести за граѓаните кои летуваат во Грција: Нови и поправични правила за вадење пари од банкоматиГраѓаните кои летово се на одмор во Грција, омилената летна дестинација, ќе имаат придобивки од новите правила што стапуваат на сила од 11 август и се однесуваат на користењето на банкомати. Со овие измени, значително се намалуваат трошоците за провизии при подигање готовина.Измените, предложени од министерот за национална економија и финансии на Грција, Киријакос Пјеракакис, предвидуваат укинување на одредени надоместоци и поставување горни граници за други, со што ќе се намалат трошоците за граѓаните.Што точно се менува:Без провизија во општини со само еден банкоматВо општините и нивните населени места каде што постои само еден банкомат – без разлика дали е сопственост на банка или приватна фирма – нема да се наплатува провизија при подигање пари. Ова овозможува бесплатно користење на банкомати таму каде што нема други алтернативи.Бесплатно подигање пари помеѓу грчки банкиКорисниците на картички издадени од грчки банки што се дел од меѓубанкарскиот систем „Дијас“ (како Eurobank, Piraeus Bank, National Bank, Credia, Optima) ќе можат да подигаат пари од банкомати на други грчки банки без да плаќаат провизија. Ова не се однесува на картички издадени од странски банки, ниту на картички од системот VIVA.Без провизија кога банката има врска со сопственикот на банкоматотКога банкоматот е во сопственост или управуван од фирма со која банката има деловна или сопственичка поврзаност, нема да се наплатува надоместок за подигање пари. На пример, ако банкоматот е од компанијата Cashflex, а картичката е од Piraeus Bank, поврзаноста меѓу нив овозможува бесплатна услуга.Провизија најмногу до 1,5 евро во други случаиАко корисник на грчка картичка подигнува пари од банкомат на независен оператор (на пример Euronet, Cashflex), а нема деловна врска со издавачот на картичката, највисоката дозволена провизија е 1,5 евро по трансакција. Ова ограничување не важи за странски картички – кај нив важи политиката на домашната банка, без горна граница.Дополнителни олеснувањаНовите правила овозможуваат и бесплатен увид во состојбата на сметката, како и подобра координација меѓу банките и операторите на банкомати при трансфери на средства.

Свет | пред 6 месеци

Dmitry-Medvedev-2016

Медведев го исмејува Трамп: „Нека се сети на мртвата рака – може да биде опасна“

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, одговори на обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп преку објава на социјалната мрежа Телеграм.Трамп претходно го нарече Медведев „пропаднат поранешен претседател“ и му порача „да внимава што зборува“ откако најави нови царини од 25% на индиски производи поради блиските економски и воени односи меѓу Индија и Русија.Медведев, пак, саркастично коментираше дека „Трамп ѝ забранил на својата платформа Truth Social да работи во Русија“, а потоа продолжи со оправдување на руската инвазија врз Украина и прикриено се закани со нуклеарен удар: „Ако зборовите на еден поранешен претседател предизвикуваат толкава нервоза кај, наводно, најмоќниот претседател во светот, тогаш тоа значи дека Русија е во право и ќе продолжи по својот пат“, напиша Медведев.Потоа, осврнувајќи се на Трамповите зборови за „мртвите економии“ на Русија и Индија, Медведев го искористи терминот „мртва рака“ – ознака за автоматизиран руски систем за нуклеарен одмазден удар:„Нека се сети на своите омилени филмови за зомби и колку опасна може да биде измислената ‘мртва рака’“, додаде тој, со емотикон што се смее.„Мртвата рака“ (или „Dead Hand“) е вистински советски систем развиен за да обезбеди автоматски нуклеарен одговор во случај руското воено раководство да биде елиминирано – симбол на крајната закана во услови на глобален конфликт.Претходно, Трамп најави воведување царини за Русија доколку Кремљ не го прекине воениот конфликт во Украина во рок од 10 дена. Медведев одговори и на тоа:„Трамп си игра со ултиматуми. Треба да запамети две работи: Русија не е ниту Израел, ниту Иран. Секој нов ултиматум е закана и чекор поблиску до војна – не со Украина, туку со сопствената држава“, порача Медведев на мрежата X.Конфликтот меѓу двете светски сили сѐ повеќе се префрла и на полето на остри јавни изјави, закани и меѓусебни обвинувања, што дополнително ја заострува меѓународната политичка клима.

Свет | пред 6 месеци

kocevski-1

Коцевски по интерпелацијата – наместо оставка, фотосесија: Ја чека ли изборната тишина за да „купи“ време?

Откако доби интерпелација изгласана од пратениците што го избраа, државниот обвинител Љупчо Коцевски – наместо оставка или барем став – си продолжи по агенда. Нема одговор до јавноста, без прикажано чувство на морална обврска, тој испрати покана до медиумите. За фотографирање.„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола Оливера Нечаковска на 31.07.2025 година (четврток) во 12:00 часот ќе го означат официјалниот старт на работата на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Битола. Ви проследуваме покана за настанот“ – стои во официјалната покана до медиумите.Додека институционалната доверба се распаѓа, Коцевски се фотографира пред нов истражен центар, како ништо да не се случило. Истражниот центар – чија работа можеше да започне и без неговото присуство – стана уште еден пример за квази-свечености во правосудството, каде формата го јаде суштинското.Според неофицијални извори, Коцевски нема намера да поднесе оставка, иако му е изгласана интерпелација. А имал и тактика – да добие на време. Ова останува непотврдено.Скоро е извесно распишување на локалните избори, а со тоа стапува на сила законска забрана да нема разрешувања и нови именувања. Ова му овозможува на државниот обвинител „да се шлепа“ до завршување на изборите, да продолжи со мандатот како ништо да не се случува, и да инкасира плата од државата, додека репутацијата на обвинителството паѓа, а довербата се урива.Во меѓувреме, критики доаѓаат од сите страни – и од владејачкото мнозинство, и од опозицијата. Обвинителството се обвинува за селективна правда, за тивка соработка со моќни политички актери, и за неспособност да одговори на високиот јавен интерес.

Македонија | пред 6 месеци

fzom_8

Ревизорите алармираат: Неконтролирани долгови и судски тужби од странски клиники за ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) повторно е предмет на сериозни забелешки од страна на Државниот завод за ревизија. Во последниот извештај за 2023 година, ревизорите изразија „мислење со резерва“ и нотираа бројни системски недостатоци – од нерешен имотен статус на објекти, преку слабости во информациските системи, до ризици при лекувањето на осигуреници во странство.Голем дел од недвижностите со кои располага ФЗО не се заведени во деловните книги и немаат регулиран правен статус. Дел од објектите потекнуваат од стечајни постапки, но не се проценети, а некои ги користат трети лица без формален договор, при што постои опасност од нивно отуѓување.Ревизијата укажува и на значително зголемени побарувања од странски здравствени установи, кои во 2023 година достигнале износ од 300 милиони денари. Недоволната контрола врз доставените фактури и медицинската документација довела до судски тужби од странски болници.Во извештајот се посочува и дека Фондот функционира без усвоена ИТ стратегија и без соодветен ИТ кадар, што довело до сериозни последици. Во 2023 година, ФЗО бил цел на сајбер напад кој довел до парализа на системот. Исто така, ревизорите предупредуваат дека не се користат сите лиценцирани софтвери, а повеќе модули се нефункционални или се користат само делумно.Од вкупно 12 препораки што биле дадени при претходната ревизија, дел останале неспроведени. Заводот за ревизија сега повторно бара итни чекори – од ажурирање на ИТ стратегијата и пополнување на празните раководни позиции, до воспоставување комплетна контрола врз финансиските и имотните процеси.И покрај досегашните обиди за подобрување, Фондот, според ревизорите, сè уште се соочува со сериозни структурни предизвици. Најавената ИТ ревизија за 2025 година треба да покаже дали институцијата ќе доживее суштинска трансформација или ќе продолжи да работи под зголемени ризици кои можат да ја загрозат здравствената заштита на осигурениците.

Македонија | пред 6 месеци

pratenici-sobranie-levica

Намалување на работното време на 6 часа за млади родители до шесттата година на детето! Левица поднесе пакет закони

Левица поднесе пакет закони за младите и младите брачни паровиПратеничката група на Левица во Собранието поднесе пакет на предлог-закони за млади, како одговор на тоа како државата да ги стимулира младите да останат и формираат семејство во државата. Пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференциja истакна дека овој иницијален пакет од шест предлог-закони произлегува директно од предлози на младите, a целта е да се овозможат подобри услови за формирање на семејство и за стапување во брачна заедница.Пакетот закони на Левица ги опфаќа следниве предлози:1. Воведување горна граница на кириите (моментално има само долна граница);2. Државна поддршка за купување на прв дом за млади, односно државна гаранција за 95% од станбените кредити (наместо сегашното барање за 15% учество за станбен кредит, тој да се намали на најмногу 5% и државата да ја гарантира отплатата на тие кредити за младите);3. Простување на дел од станбените кредити при добивање второ, трето дете итн.4. Ваучер од 6.000 денари за неформална родителска грижа;5. Намалување на работното време на 6 часа за млади родители до шесттата година на детето;6.Бесплатен јавен превоз за родители со деца до 6 години.Како што истакна Мециновиќ, овој пакет закони произлегува после апсурдната понуда на владата за воведување на данок на немажени и неженети. И во ситуација на апсурдни предлози од владата, Левица како опозиција смета дека младите треба да посочат кон какви предизвици треба да се фокусираме како Собрание и која институционална помош е потребна на нашите млади.Левица цени дека државата нема да ги стимулира младите да формираат семејство со дополнителна репресија и нерационални мерки како најавениот данок за немажени/неженети. Единствен стимул, според партијата, е решавање на горливите проблеми и обезбедување на достоинствени услови за живот.

Македонија | пред 6 месеци

goran-markovic

Поддржувачот на српските студенти доби отказ! „Да не ми ја пренесеа веста студентите, немаше ни да знам дека сум отпуштен“

Српскиот режисер, сценарист и писател Горан Марковиќ, кој јавно застана зад повеќемесечните студентски протести, соопшти дека е отпуштен од Академијата за уметности во Нови Сад. Тој вели дека за тоа дознал од приватна комуникација со студенти, а како можно образложение за отказот ја наведува неговата поддршка за движењата против апсењата на студенти и професори, пренесува телевизијата Н1.„Да не ми ја пренесоа оваа вест приватно – немаше ни да знам дека сум отпуштен“, напиша Марковиќ на својот профил на Фејсбук.Според неговото објаснување, станува збор за студенти од докторските студии на Академијата за уметности, кои го информирале дека повеќе не е дел од наставниот кадар по предметот Поетика на големите режисери.„Претпоставувам дека оваа одлука е донесена поради мојата поддршка на студентските протести и изјавата дека нема да држам настава додека факултетот е под блокада, а студентите и професорите се апсени“, напиша Марковиќ.Тој додава дека есента потпишал нов договор за продолжување на соработката, но откако се случила трагедијата на железничката станица во Нови Сад, при што загинале 16 лица, добил информација дека часовите се одложуваат до понатамошно известување. Од тогаш, вели, никој од Академијата не го контактирал, договорот не му бил раскинат, ниту му биле исплатени средствата за одржаната настава.„Ако сега ме поканат да продолжам да предавам – не би се согласил со тоа, ниту директно, ниту преку интернет, сè додека блокадата на факултетот продолжува, додека полицијата апси и безмилосно тепа студенти и бунтовни граѓани во Нови Сад и другите градови во Србија“, изјави Марковиќ.Горан Марковиќ е истакнат автор кој припаѓа на генерацијата на т.н. „прашка школа“, заедно со режисерите Рајко Грлиќ, Лордан Зафрановиќ, Горан Паскаљевиќ и Срѓан Карановиќ. Предавал режија на Факултетот за драмски уметности во Белград, член е на Европската академија за филмска уметност во Брисел и е добитник на повеќе од 30 југословенски, српски и меѓународни награди за филм и театар.фото: Х

Свет | пред 6 месеци

gaza-palestina-zname

Палестина добива нова поддршка: Канада и Малта ќе ја признаат во септември!

Канада и Малта најавија дека во септември ќе ја признаат државата Палестина, приклучувајќи се на напорите за обновување на решението со две држави (Two-state solution), предлог за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, кој предвидува создавање две независни и суверени држави – Израел и Палестина, кои би коегзистирале една до друга во мир. Со ова се предвидува завршување на деценискиот израелско-палестински конфликт. Со тоа, двете земји, односно Канада и Малта се приклучуваат на дипломатските чекори на Франција, како и најавата на Обединетото Кралство, во пресрет на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.Одлуката на Канада беше соопштена по седница на владата, на која премиерот Марк Карни информираше дека признавањето официјално ќе биде објавено на Генералното собрание што започнува на 23 септември. Според него, потегот ќе биде условен со одржување демократски избори во Палестина во 2026 година, без учество на Хамас, како и со целосна демилитаризација на идната палестинска држава. Овие услови, како што посочи, се веќе прифатени од палестинскиот претседател Махмуд Абас во писмо од 10 јуни.Од страна на Малта, постојаниот секретар во Министерството за надворешни работи, Кристофер Кутажар, ја објави одлуката за време на продолжената седница на Генералното собрание на ОН. Тој истакна дека Малта доследно го поддржува правото на самоопределување на палестинскиот народ и дека признанието претставува „конкретен чекор за претворање на тоа решение од концепт во реалност“. Претходно, премиерот Роберт Абела преку социјалните мрежи потврди дека оваа одлука е дел од надворешната политика на земјата за поддршка на траен мир на Блискиот Исток.Со оваа најава, Малта, како членка на Европската унија и поранешна британска колонија, ќе се приклучи на повеќе од 145 земји ширум светот кои веќе ја имаат признато Палестина, вклучувајќи и над десетина европски држави.Во вторникот, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Обединетото Кралство ќе ја признае Палестина пред почетокот на Генералното собрание во септември, освен ако Израел не се согласи на прекин на огнот и воспоставување долгорочен мировен процес во следните осум недели.Франција, Британија и Канада се трите најголеми западни сили членки на Г7 кои најавија ваков чекор. Израел и САД, кои остануваат против решението со две држави, го бојкотираат состанокот во ОН, иако 125 држави ја поддржуваат иницијативата.Израелскиот амбасадор во ОН, Дани Данон, остро ги критикуваше земјите учеснички, обвинувајќи ги дека со поддршката „легитимираат тероризам“ и дека „даваат празни изјави додека нашите заложници се во тунелите на Хамас во Газа“.Во одговор, Кутажар од Малта изјави дека признанието не е симболичен чин, туку „конкретен чекор кон праведен и траен мир“.На седницата, која беше прекината откако зборуваа 128 говорници, високи претставници повикаа на итна акција и изразија „непоколеблива поддршка“ за решението со две држави. Беше усвоена и „Њујоршка декларација“, седумстраничен документ кој предлага патоказ за завршување на конфликтот и формирање на независна, демилитаризирана палестинска држава што ќе коегзистира со Израел и ќе се интегрира во поширокиот регион.Дополнително, 15 западни држави усвоија документ под назив „Њујоршки повик“, со кој се повикуваат сите земји што сè уште не ја признале Палестина, да го сторат тоа. Во документот се наведуваат шест држави што веќе ја признале, девет кои најавиле позитивен став, вклучувајќи ги Малта и Канада, и седум земји кои допрва треба да се изјаснат, меѓу кои Австралија, Финска, Луксембург и Португалија.Постојаниот претставник на Саудиска Арабија во ОН, Абдулазиз Алвасил, соопшти дека финалната верзија на документот е испратена до сите 193 земји-членки и ќе остане отворена за потпишување до почетокот на септември.фото: Unsplash

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

По интерпелацијата – пркос од Коцевски: „Не поднесувам оставка, имаме цврсти докази за најголемите случаи „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“

Случаите „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“ се меѓу приоритетите на обвинителството и, според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за нив веќе има силни и конкретни докази. Иако Собранието вчера му изгласа недоверба преку интерпелација, Коцевски останува на ставот дека нема да се занимава со политика и дека неговиот фокус е насочен исклучиво кон правдата.„Политиката ја оставам на политичарите и ќе употребам еден тежок збор, а тоа е пркос, пркос кон предметите за кои во моментов ве уверувам дека имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд: „Онкологија“ – случај за кој и лично чувствувам обврска да го докажеме, потоа случајот со струмичкиот бизнисмен Крмзов – докажуваме криминал тежок 90 милиони евра, потоа убиствата причинети од криминалните пресметки и секако случајот за кој се обврзав пред семејствата дека ќе има правна завршница, а тоа е пожарот во дискотеката „Пулс“. Ние како обвинителство обезбедивме илјада докази за два ипол месеци срочени во обвинение за сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, сега зависи од судот за колку време случајот ќе има судска разрешница“, изјави Коцевски во интервју за весникот Вечер.Тој додава дека во овој момент не размислува за оставка.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања