ТОП

Screenshot-2025-07-30-at-15.36.22

(Видео) „Мајка ми ми ги чува парите, чичко ми ми е втор татко“ – емотивна исповед на Никола Станишиќ

Никола Станишиќ, победникот во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, зад сценската слава носи приказна која ја објаснува тишината помеѓу аплаузите – приказна за скромност, одговорност и семејна љубов. Роден во скопското населено место Волково, Никола во „Вечер во Охрид со Ландов“, раскажува дека животот не му го подготвил лесниот пат. Растел без присуство на татко, а улогата на столб на семејството ја презел уште тој.„Мене ме гледаа како машкото во семејството, главниот“, вели тој.Најголемата поддршка – неговата мајка.„Секогаш беше тука за мене, и во добро и во лошо. Никогаш не ме караше. Секогаш со добро ми велеше: 'Никола, не треба вака'. Да не беше таа, денар немаше да соберам. Сè уште после свирки, парите ѝ ги давам на неа – таа ми ги чува“, признава со насмевка.Во неговиот круг на доверба се и трите сестри, за кои – вели – му се и другарки и советнички. Знаејќи колку треба да вложува сега, тие му ја понудиле заштедата, за да продолжи по патот на успехот.„Седнаа сите три и ми ги дадоа сите нивни заштедени пари. ‘Никола, вложи ги, ова е за тебе’ – ми рекоа. Тоа не се заборава“, додаде тој.Особено емотивно зборува и за чичко му, кого го нарекува свој „втор татко“.„Не бил татко ми тука во најважните моменти, ама чичко ми беше. Дури и кога ќе одев на одмор, ми ставаше пари во кола. Во финалето на Гранд – дојде, ми остави пари. Тивко, без збор, само рече ‘Еве ти чичин’. Такви работи не се забораваат“, додаде тојНикола Станишиќ денес ја живее својата музичка приказна, но не заборава од каде почнал. Неговата благодарност, скромност и љубов кон семејството – остануваат столбот врз кој ја гради иднината.Целиот разговор со него, изгледајте го тука:?t=3173

Магазин | пред 6 месеци

detska-klinika

Починало бебе, мртво е донесено на Клиника

Едноиполмесечно бебе е донесено без знаци на живот на Клиниката за детски болести во Скопје. Според информациите, бебето било донесено без знаци на живот во раните утрински часови на 29 јули, а дежурен лекар ја констатирал смртта. Настанот бил пријавен во полиција, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.-На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција, информираат од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

apteka-kvoti-lekovi

Лековите анастрозол и летрозол за онколошките пациенти од 4. август ќе се земаат директно од аптека

Таблетарната терапија анастрозол и летрозол, наменета за онколошки пациенти, од понеделник (4 август) ќе биде достапна во аптеките. Пациентите ќе можат да ги подигнат овие лекови со редовен рецепт, откако претходно ќе добијат извештај од онколог и ќе се обратат кај матичниот лекар за издавање на рецепт.Како што информираат од Фондот за здравствено осигурување, денеска ќе биде објавен новиот шифрарник што ќе стапи на сила од 4 август. Партиципацијата за лековите ќе изнесува околу 50 денари.Во однос на хормонската инјекција ресилиго, која исто така ја примаат дел од онколошките пациенти, од Клиниката за радиотерапија и онкологија најавуваат дека во текот на следната недела пациентите ќе добијат известување кога и каде ќе ја примаат терапијата.

Македонија | пред 6 месеци

kamcatka

Како Камчатка преживеа разорен земјотрес без жртви: Најсилен потрес од 1952 година, но со добар крај

И покрај разорниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер кој ја погоди руската Камчатка, засега не се пријавени човечки жртви, а само неколку лица се здобиле со полесни повреди. Според Руската академија на науки, станува збор за најсилен земјотрес во регијата од 1952 година наваму, и еден од десетте најсилни воопшто регистрирани во светот. Настанот предизвика и цунами со бранови високи до четири метри, кои делумно го потопија градот Северо-Курилск.Сепак, разорноста на потресот беше амортизирана од неколку клучни фактори. Епицентарот се наоѓал во Тихиот Океан, околу 125 километри оддалечен од најблискиот голем град, Петропавловск-Камчатски. Иако потресот предизвикал оштетувања на објекти, како детски градинки, клучната инфраструктура, вклучително и меѓународниот аеродром, останала функционална.Една од причините зошто последиците беа минимални е и ретката населетост на Камчатка – целиот полуостров брои околу 340.000 жители. Дополнително, како што објаснуваат експертите, локалните власти и населението имале висок степен на подготвеност. Биле спроведени навремени евакуации, вежби и редовни обуки за постапување при катастрофи. „Најважно е што нема загинати. Нашите жители се искусни, знаат како да постапат. Над 2400 лица се евакуираа навреме на повисоки предели и се безбедни“, изјави гувернерот на регионот, Валериј Лимаренко. Градоначалникот на Северо-Курилск исто така потврди дека „сите се наоѓаат над безбедносната линија за цунами“.Камчатка, како дел од т.н. „Пацифички огнен прстен“, е еден од најсеизмички активните региони на планетата, каде честопати се случуваат силни земјотреси и вулкански ерупции. Според научниците, примерот од Камчатка покажува колку се важни превенцијата, сеизмички безбедната инфраструктура и едукацијата на населението при природни катастрофи од ваков обем.

Свет | пред 6 месеци

jugo

Обвинение за возачот на моторот кој го усмрти Југо на пешачката патека на Вардар: Го прегазил и избегал, го оставил и сопатникот

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за тешки кривични дела во сообраќајот, по сообраќајна несреќа со смртни последици што се случила на 1 јули 2025 година во вечерните часови во центарот на Скопје.Според обвинението, лицето управувало мотор „Кавасаки“ по пешачката патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, и тоа без да поседува возачка дозвола. Иако моторот се движел со брзина од 35 километри на час, надлежните утврдиле дека тоа е небезбедна брзина за условите – пешачка зона на која не смее да се вози моторно возило.Обвинетиот не успеал да го запре моторот навреме и удрил во 67-годишниот пешак Југослав Николовски. При ударот, повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да им помогне, обвинетиот го оставил моторот и избегал од местото на несреќата.Николовски со тешки повреди бил пренесен на Ургентниот центар, каде подоцна починал. Сопатникот на моторот се здобил со полесни повреди.Обвинетиот се товари за две кривични дела:Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, иНеукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.Обвинителството посочува дека во текот на истрагата се обезбедени доволно докази кои го потврдуваат обвинението.

Скопје | пред 6 месеци

avion-t

Драматична сцена на аеродромот во Анталија: Патници евакуирани од авион кој чадел

Патници од авион на Turkish Airlines беа итно евакуирани преку тобогани откако во авионот се појавил чад по слетувањето на аеродромот во Анталија, Турција.Инцидентот се случил кога „Боинг 777“, кој полетал од Истанбул, се движел по пистата во туристичкото летувалиште Анталија. Тимовите за итни интервенции препорачале итна евакуација како мерка на претпазливост, со цел заштита на безбедноста на патниците, потврди портпаролот на авиокомпанијата, Јахја Устун. Според него, сите патници биле навреме евакуирани, без повредени. Точниот број на патници и членови на екипажот не е соопштен.Првичниот технички преглед покажал дека чадот настанал поради дефект на хидраулична цевка. Во тек се дополнителни технички проверки на леталото.

Свет | пред 6 месеци

cunami-japonija

Јапонија евакуира нуклеарна централа поради разорен, имаат страв од повторување на трагедијата од 2011 година

Моќен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала во средата утрината во 11:24 часот по локално време ја погоди Камчатка, полуостров на рускиот Далечен Исток. Земјотресот предизвика серија од четири цунами бранови кои удрија во градот Северо-Курилск, во областа Сахалин.Брановите продолжија кон источниот дел на Пацификот, достигнувајќи ги и западните брегови на САД. Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека првите покачувања на нивото на морето се регистрирани во градот Кресент Сити во северна Калифорнија, блиску до границата со Орегон, каде што е измерен бран со височина над 30 сантиметри.Најавени се и нови бранови во текот на денот.Според Податоците на Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, бран со височина од 1,74 метри е забележан во Кахулуи, на островот Мауи, а бран од 1,5 метар е регистриран во Хилу, на Хаваите.Во Јапонија, како мерка на претпазливост, беше евакуирана нуклеарната централа Фукушима. Засега нема информации за повредени лица.Овој настан ја вознемири јавноста во Јапонија, потсетувајќи на катастрофалниот цунами од 2011 година кој предизвика нуклеарна хаварија во Фукушима Даичи и одзеде над 18.000 човечки животи.Неколку часа подоцна, првите бранови ги зафатија и Хаваите. Пацифичкиот центар за предупредување соопшти дека е намалено нивото на тревога за Хаваите. Иако не се очекува разорен цунами, предупредуваат на можно појавување на посилни бранови, поплави во ниските подрачја и опасни струи.„Граѓаните кои беа евакуирани може безбедно да се вратат во своите домови“, изјави гувернерот на Хаваи, Џош Грин.Граѓаните се повикуваат да внимаваат и да возат внимателно, особено во потенцијално поплавени зони.Меѓународниот аеродром во Хонолулу повторно е отворен, а Хавајскиот оддел за сообраќај соопшти дека и морските пристаништа ќе бидат ставени во функција.фото: Х

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Обвинител без доверба: Дали по „последната будала“, Коцевски ќе биде првиот што не разбира кога е време да се оди?

Откако Собранието со мнозинство гласови изгласа интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, тишината што следеше од неговиот кабинет одекнува погласно од било каква одбрана. Без јавен став, без најави дали ќе си замине или ќе се држи за функцијата како последен бастион на самобендисаност, Коцевски продолжува да молчи.Интерпелацијата е јасен политички и институционален сигнал – на човекот што го избраа преку ноќ, сега не му веруваат. Но дали и самиот ќе разбере што значи тоа?Од Јавното обвинителство – молк. „Скопје1“ побара официјален одговор: дали државниот обвинител ќе си замине по поразот во институцијата која му ја даде функцијата? Одговор нема.На социјалните мрежи, реакциите беа брзи. Адвокати, универзитетски професори и граѓани го критикуваа Коцевски и целокупниот систем што дозволува партиска и нетранспарентна распределба на клучни правосудни функции.Професорот Гордан Калајџиев кратко илустрираше: „Последната будала“ – цитирајќи ја изјавата на покојниот државен обвинител Александар Прчевски, кој уште во 2006 година предвиде што ќе значи оваа функција во држава каде власта го користи обвинителството како продолжена рака.А токму тоа се потврди. Собранието донесе и заклучок дека наводите во интерпелацијата се основани. Истиот ќе биде доставен до Владата и до самиот Коцевски – за кого оставката би била морален, но и логичен чин.Но дали е тоа доволно? И што доколку одлучи да остане, игнорирајќи ја пораката од оние што го донесоа – дека ја загубил довербата?Тогаш Владата може да ја продолжи постапката за разрешување, која ја запре во моментот кога се случи трагедијата во Кочани. До нив, Советот на јавни обвинители достави мислење со кое сметаат дека Коцевски треба да остане на фукцијата, а тие со нивни став можат да го достават до Собранието, каде пратениците можат да гласаат одново за јавниот обвинител да си замине.

Македонија | пред 6 месеци

todora-1

Трагичен крај по шестдневната потрага: Во Вардар пронајдено телото на исчезнатата 16-годишна Теодора

По неколкудневни напори на службите за спасување, денеска напладне е пронајдено телото на тинејџерката која исчезна во реката Вардар на 24 јули годинава.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера околу 12:10 часот, во близина на месноста Старо Градско, во водите на реката било забележано и извлечено телото на малолетната девојка.„Станува збор за 16-годишната девојка која на 24 јули 2025 година потона во реката Вардар на подрачјето на село во општина Градско. Извршен бил увид, а по насока на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, наведуваат од МВР.Несреќата се случи кај селото Уланци, кога двете девојчиња влегле во реката. Едната успеа да биде спасена, додека потрагата по Теодора траеше шест дена.Во деновите по исчезнувањето, семејството на Теодора – нејзиниот брат, мајка и други блиски – преку медиуми и социјални мрежи постојано апелираа за помош и информации за нејзиното пронаоѓање.

Македонија | пред 6 месеци

mirjana-najcevska

Најчевска против мерката на Тошковски: „Ќе се пука на сите веселби, во комшии, во роднини...“

По најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за измените во Законот за оружје со кои се укинува обврската за претходно одобрение при набавка на муниција, на социјалните мрежи реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа остро ја критикува одлуката, оценувајќи дека со неа се зголемува ризикот од злоупотреба на оружје и се олеснува пристапот до муниција, особено за лица кои не би требало да располагаат со неа.-Со ова се олеснува пукањто на свадби, крштевки и други прослави, се зголемува достапот на оружје до малолетници, се обезбедува непречено пукање кон комшии, роднини со кои си се скарал, бизнис конкуренти и секако членови на противнички банди.Оваа власт се труди да го направи животот на луѓето максимално сигурен, пишува Најчевска.

Коментари | пред 6 месеци

ogin-strumica

(Видео) Деца палат оган во двор на струмичката гимназија: „Не се свесни до каква катастрофа може да дојде“

Додека Македонија се соочува со сериозни пожари на повеќе локации, а државата добива помош и од странство за справување со огнената стихија, поединци несвесно си „играат“ со опасноста. Видео објавено од „Струмица денес“ покажува деца како палат оган во дворот на Струмичката гимназија – сцена што предизвика сериозни реакции и загриженост во јавноста.

Македонија | пред 6 месеци

pozarna-5

Фатен на дело: маж од скопско подметнувал оган покрај автопатот Скопје – Тетово

Маж на возраст од 59 години од скопското село Арнакија утрово бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово, веднаш по наплатната станица Глумово. Благодарение на брзата реакција на полицијата и противпожарната служба, пожарот бил локализиран, а лицето е приведено.Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 месеци

cunami-kamcatka

(Видео) Цунами по историски силниот земјотрес на Камчатка, пловат куќи во морето!

Цунами брановите погодија делови од пристанишниот град Северо-Курилск, каде живеат околу 2.000 жители. Според руското Министерство за вонредни состојби, најсилниот од трите бранови предизвикал значителна штета на пристанишната инфраструктура и одвлекол неколку закотвени бродови во теснецот. Властите прогласија вонредна состојба, а населението беше успешно евакуирано на повисоки и безбедни локации. Во Јапонија, цунами бран од 1,3 метри е забележан во пристаништето Куџи, во префектурата Ивате, на североисточниот дел од земјата, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Агенцијата предупреди дека брановите може да продолжат и следниот ден, при што потенцира дека можно е да има повеќе удари на истото подрачје.„Врз основа на набљудувањата од претходни земјотреси со слична јачина, очекуваме дека заканата од цунами ќе трае најмалку еден ден“, изјави портпаролот на агенцијата.Тој додаде дека доколку брановите се совпаднат со висока плима, нивото на океанот дополнително би се зголемило, поради што побара од граѓаните да останат внимателни и да не ги напуштаат засолништата сè додека не биде укинато предупредувањето.Првичните прогнози укажуваа дека бранови високи до три метри може да го погодат источниот брег на Јапонија.

Свет | пред 6 месеци

grcija-pozar

(Видео) Евакуирани 55 деца поради голем пожар во западна Грција, огнот се движи кон планината Вунаса

Шумскиот пожар што избувна во близина на Дескати предизвика итна евакуација на летен камп со 55 деца, откако огнената стихија почна брзо да се шири кон планинскиот предел Вунаса.Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, ситуацијата на теренот е крајно сериозна, а пожарот се движи во насока на Гревена. Превентивната евакуација на децата била спроведена вчера, заради опасноста што ја претставуваше приближувањето на огнот.Градоначалникот на Дескати, Димитрис Котас, потврди дека сите деца се на сигурно, нагласувајќи дека мерката била преземена навреме. Тој додаде дека ситуацијата е комплицирана, бидејќи пожарот е надвор од контрола, но изрази надеж дека наскоро ќе биде локализиран.Во гаснењето се вклучени 45 пожарникари со 11 противпожарни возила, поддржани од три тимови од 8-та специјализирана единица за итни интервенции (Е.М.О.Д.Е.). Воздушна поддршка обезбедуваат два хеликоптери, а ангажирани се и локалните власти и волонтери со цистерни за вода.Иако засега нема непосредна опасност за населени места, жителите во околните региони се предупредени да бидат подготвени за можни евакуации. Пожарот се проширува во густо пошумена област западно од градот Катерини, што дополнително ја отежнува интервенцијата.

Свет | пред 6 месеци

saban-saliu

Левица: Нечовечноста на Владата го остави за министер обвинетиот Шабан Салиу

Односот на Владата на Мицкоски кон трагедијата во Кочани го отсликува отсуството на минимум човечност и одговорност кај вмровските функционери, додека по секоја цена се обидуваат да ја заташкаат темата за дискотеката на смртта. Кулминација на селективна правда и неодговорност кон 62 трагично загинати млади животи е фактот дека еден од обвинетите за трагедијата - Шабан Салиу (коалиционен партнер на Христијан Мицкоски) продолжува да биде дел од владејачката гарнитура како министер без ресор, реагираат денеска од Левица.-Додека родителите од Кочани секоја сабота бараат правда за системскиот колапс кој се случи на 16 март, владата на ДПМНЕ дрско и без никаква морална доблест држи владини прес-конференции со обвинетиот Шабан Салиу, наместо истиот да биде разрешен уште пред три месеци! Потсетуваме дека од 2008 до 2017 година со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) раководеше Шабан Салиу, додека ДПМНЕ кога дојде на власт го именуваше неговиот внук Кашмир Салиу за заменик-директор, посочуваат во партиското соопштение.Наместо демонстрирање минимум морална одговорност, како што потенцира Левица, министерот Шабан Салиу дури оди и на судења за трагедијата користејќи службени возила, додека премиерот Мицкоски молчи заради своите коалициони калкулации.-Ваквиот арогантен и нечовечен однос само ја потврдува суровата вистина - дека коалиционите математики на власта се повредни од 62 прерано изгубени животи. За жал, ниту најголемата трагедија во поновата историја не беше доволна за да пробуди морална одговорност и совест кај гарнитурата на власт, и најверојатно Македонија останува единствената држава во светот каде ниту еден функционер не понесе ниту морална одговорност преку оставка, ниту пак беше разрешен од една влада која единствено се грижи за својот рејтинг, нагласува Левица.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања