ТОП

IMG_7454

Скопјанец фрлал камења кон полициски хеликоптер што гаснел пожар

Полицијата приведе 55-годишен скопјанец, осомничен за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според МВР, на 6 јули годинава, додека полициски хеликоптер полнел вода од Вардар за гаснење пожар кај Блаце, осомничениот И.А. влегол во плиткиот дел на реката и почнал да мавта, а потоа и да фрла камења кон леталото.Пилотите биле принудени да ја прекинат операцијата и да сменат место на полнење, бидејќи биле „ставени во крајно безбедносно загрозување“. По спроведената истрага, И.А. е пронајден и уапсен, а против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 5 месеци

viber_image_2025-08-10_13-39-47-293

И детето пукало од автоматска пушка во Тетово - се бараат притвори, Обвинителството соопшти детали

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – за бруталното пукање на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, при кое загина едно лице, а тројца беа тешко повредени, меѓу кои и дете.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кои е осомничено дека сторило кривично дело - Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.За истите дела со него како соизвршител е осомничено и едно дете за кое е поведена постапка согласно Законот за правда за децата.Наредба за спроведување истражна постапка е донесена и против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело - Убиство (во обид) по член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето во судир со законот, родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил ’Голф’ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој се здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето во судир со законот се оддалечиле од лице-место.Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, јавниот обвинител предложи определување мерка притвор”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 5 месеци

531055537_1206338458189701_4068242601308930040_n

Вработените на урологија се откажале од службени телефони, а парите ги искористиле за купување на 18 клима уреди и две машини за перење

Вработените на Клиниката за урологија се откажале од субвенциите за службени мобилни телефони во вредност од 500.000 денари, а средствата биле искористени за купување две машини за перење алишта и 18 клима уреди за болничките соби.„За нас, овој проект не е само реновирање на болнички ѕидови – ова е реновирање на системот, на вредностите, на односот кон пациентите и професионалноста во здравството. Посветени сме да создадеме Клиника која нуди достоинствен престој, современо лекување и човечка грижа. Благодарен сум на целиот тим што застанавме зад овие промени, со заедничка посветеност. За помалку од една година, Клиниката за урологија стана пример, како со тимска работа и со вистински вредности, може да се создаде модерен и ефикасен здравствен систем, достапен тука, дома – изјави директорот д-р Башким Шабани.Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура.

Македонија | пред 5 месеци

Aleksandra-Joanidu

Грчката професорка Јоаниду: Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како Македонец

Професорката на Одделот за балкански, славистички и ориентални студии при солунскиот Универзитет „Македонија“, Александра Јоаниду, во интервју за „Дојче веле“ на македонски јазик вели дека реакциите во Грција околу македонскиот јазик „попуштиле“ и дека табуата околу „македонското прашање“ полека се разградуваат.„Можеби поради Преспанскиот договор, а можеби и затоа што на луѓето им е преку глава од темата. Сѐ уште има поединци кои реагираат жестоко, но тие се сѐ повеќе на маргините на општеството“, изјави Јоаниду, која со години ги проучува македонските говори во северозападна Грција.Таа потсети дека на ланската конференција за македонскиот јазик во Солун, нејзиниот тим истакнал дека името на јазикот и идентитетот се потврдени и од Грција и од меѓународната заедница преку Преспанскиот договор.„Смешно е и апсурдно да се бара да не се споменува македонскиот јазик. Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како Македонец, ниту пак постои грчки јазик кој се нарекува ‘македонски’“, нагласи таа.Во однос на Македонците во Грција, Јоаниду оцени дека Преспанскиот договор е „амбивалентен“ затоа што го избегнува признавањето на етнички и јазично различното население во земјата.„Правото на самоопределување е основно човеково право. На грчките државјани со македонска етничка свест и јазик не смее да им се забрани да се нарекуваат Македонци и да го зборуваат македонскиот јазик“, изјави професорката.

Свет | пред 5 месеци

brza-pomos-partizanska

Повреден работник во Визбегово, итно бил пренесен во болница

Педесет и седумгодишен скопјанец е повреден додека извршувал работни задачи во приватна фирма во селото Визбегово, скопско. Настанот бил пријавен од приватна болница во Скопје, а на местото излегле полиција и трудов инспектор, соопшти МВР.-На 11.08.2025 околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.М.(57) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во с.Визбегово, скопско. Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.

Скопје | пред 5 месеци

Mitko-Jancev-16.06.2023

Уапсени две лица од Росоман поради закани кон градоначалникот Митко Јанчев

Двајца жители на Росоман се уапсени откако, според пријавата, упатиле закани кон градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство. При претрес во нивните домови биле одземени мобилни телефони. Случајот го истражува полицијата во координација со јавен обвинител, соопшти МВР.-На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство.Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони. Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 месеци

Нема фотографија

Повредено тримесечно бебе во сообраќајка кај Куманово, се судриле „фиат“ и „ауди“ со бугарски таблички

Тримесечно бебе и уште тројца возрасни лица се повредени, а еден возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Куманово–Свети Николе. Во судирот учествувале „фиат“ и „ауди“ со бугарски ознаки, а полицијата извршила увид на местото на настанот, соопшти МВР.-На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., две негови сопатнички М.П.(25), К.П.(22) и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, наведува МВР.

Македонија | пред 5 месеци

ohrid-divogradba

(ФОТО) Дивоградба во заштитената охридска чаршија доби фасада и покрај забраната!

Објект изграден без дозвола во заштитеното градско јадро на Старата охридска чаршија, кој претходно беше предмет на вонредна контрола од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, во меѓувреме добил нова фасада, реагираат од граѓанската иницијатива СОС Охрид.Инспекцискиот надзор утврдил дека објектот се наоѓа во заштитена зона и дека инвеститорот изведувал градежни активности без одобрение, со што се прекршени одредби од Законот за градење. Министерството за транспорт тогаш информираше дека ќе бидат поднесени пријави согласно законските прописи.Од институцијата потсетија дека заштитата на старото градско јадро е со цел да се спречат оштетувања, неповратни измени, уништување или деградација на споменичната целина.Сепак, и покрај поставените жолти ленти на локацијата – како и кај старата градска куќа на улицата „Димитар Влахов“ – градежните работи продолжиле. „Постојат субјекти кои очигледно се над законот, а институциите не реагираат. Зошто тогаш постојат, ако не преземаат ништо за да запрат вакви постапки? Како граѓаните да имаат доверба во системот кога секојдневно гледаат вакви примери?“, прашуваат од СОС Охрид.

Охрид | пред 5 месеци

viber_image_2025-08-10_13-39-47-293

Малолетници од 15 и 17 години дел од групата уапсена за убиството во Тетово

Двајца малолетници се меѓу четворицата уапсени за убиството кое се случи Тетово, а при кое има уште тројца повредени. Од МВР псоочуваат дека тие се на возраст од 15 и 17 години. Попладнево, тие се изведени и пред судија на претходна постапка при тетовскиот суд.На 11.08.2025 во периодот од 12:50 до 15:00 часот во с.Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка која се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с.Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката”, велат од МВР за “Скопје1”

Македонија | пред 5 месеци

mvr-525123

МВР: Сузбиени 14 криминални групи и спречени 6.000 обиди за илегален влез

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година се сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лице и 18 правни лица. Во истиот период откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, а разоткриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција, недозволена трговија со дрога и криумчарење во соработка со меѓународни криминални мрежи.Соопштението од МВР ви го пренесуваме во целост:Сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лица во период од една година, продолжуваме со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминалСправувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година.Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи.Министерството за внатрешни работи, како што посочуваат, продолжува со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок. Преку силната меѓународна соработка и решителните домашни акции МВР испраќа јасна порака дека за криминалот нема простор во нашето општество!

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Стоматолозите и МЗ во судир околу лиценците, апликациите сега одат директно во Министерството

Стоматолозите и Министерството за здравство влегоа во жесток спор околу лиценците за работа. Министерот Азир Алиу вели дека од денес апликациите одат директно во Министерството поради неправилности во Комората, додека од таму тврдат дека контроли немале утврдено никакви пропусти.Од денеска стоматолозите ќе можат да поднесуваат барања за лиценци директно во Министерството за здравство, соопшти министерот Азир Алиу. Тој увери дека постапката ќе се одвива со ист рок како досега, а можно е и побрзо завршување.Алиу потсети дека на 8 август, по препорака на стручна комисија, Министерството ѝ ги одзеде надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора поради утврдени неправилности во нејзината работа. Според него, доколку ваквиот чекор не бил преземен, во септември или октомври половина од стоматолозите во државата ќе останеле без лиценци.„Од денеска сите барања ќе се примаат кај нас. Потпишав решение со кое Секторот за стоматологија, заедно со вработените од Комората, ќе ги процесира сите апликации. Нема да има застој, ќе се работи по ред и закон. Сè е потпишано врз основа на документи и факти“, изјави Алиу по промоцијата на реновираната инфраструктура на Клиниката за урологија.За задолжителните обуки кои стоматолозите мора да ги поминат за да добијат лиценца, министерот информира дека се водат разговори со стоматолошките факултети во Скопје и Тетово, кои наскоро ќе подготват програма и материјал. Обуките ќе бидат хибридни – со физичко присуство во факултетските простории и онлајн за оние што не можат да присуствуваат.„Пристапот ќе остане ист, но во согласност со законот. Стоматолозите може да бидат спокојни – од денес имаме јасна методологија и алгоритам за работа“, додаде Алиу.Од друга страна, претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, Маријан Денковски, вчера ги демантираше тврдењата за неправилности. Тој наведе дека во изминатиот период Комората била предмет на повеќе надзори и контроли од Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Управата за јавни приходи и други институции, при што, според записниците, не биле утврдени неправилности, ниту во делот на јавните овластувања.„Доколку е направена грешка, подготвени сме да ги прифатиме последиците, но ако се потврди дека нема финансиски или други криминали, очекуваме јавно извинување до членовите на Комората и до јавноста“, изјави Денковски.Комората најави вонредни седници на Извршниот одбор и Собранието, по кои ќе излезе со официјален став.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-33-8670PM

Тетовскиот ГУП ќе го изработи косовска компанија, но со пари од домашни фирми

ГУП-от за Тетово ќе го изработува фирма од Косово, а за тоа ќе платат приватни компании кои документот ќе ѝ го донираат на општината – ова, според граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“, било соопштено на јавната презентација на планот. Процесот, велат од иницијативата, ќе го спроведуваат општински службеници со контроверзно минато.Оттаму детално во објава на ФБ ги појаснија сите детали:Општина Тетово на ден 01.08.2025 година организираше јавна презентација на процесот за изработка на нов Генерален урбанистички план на Тетово. Презентацијата се одржа во пикот на сезоната на летни одмори и во очи на најголемиот државен празник Илинден, а Општината ја информираше јавноста за одржување на таков настан само два дена претходно. Нашиот повик за одложување се разбира дека не вроди со плод.Бидејќи никаде не е објавена официјална информација, од нашите претставници присутни на настанот дознаваме дека ГУП-от ќе го изработува фирма од Косово. На средбата била споделена ваква информација, како и тоа дека изработката ќе биде финансирана од приватни фирми. Одговорни за спроведување на процесот од страна на Општина Тетово се претседателката на комисијата за урбанизам Ревиде Рамани-Мурсели и раководителот на секторот за урбанизам Рилинд Селмани.Рамани-Мурсели е позната по скандалот во кој со злоупотреба на својата службена положба му дозволила на сопругот да изгради и легализира викендичка на Попова Шапка на туѓо земјиште.Селмани е познат по изјавата дека не е спорно тоа што никнуваат згради и со по четири дивоизградени катови и не е спорно што тоа е кривично дело за кое се лежи затвор - важно е што Општината отпосле ќе го сменела ДУП-от и дополнително ќе им издала соодветно одобрение на таквите дивоградби. Потсетуваме дека плановите се подзаконски акти кои немаат и не можат да имаат ретроактивно дејство.Прашуваме зошто се незаменливи непознатата фирма од Косово, Ревиде Рамани-Мурсели и Рилинд Селмани? Како е избрана косовската фирма и зошто не е објавен склучениот договор? Колку за тоа и кому сѐ ќе биде платено? Кои форми донираат изработка на ГУП и кој е нивниот интерес? Зошто ГУП не го изработува државната Агенција за планирање на просторот, имајќи предвид дека тоа беше неколку години во нејзината работна програма?Потсетуваме и на јавното соопштение на Општина Тетово од 31 јули, во кое Општината тврди дека фирмата на која за смешни пари градоначалникот Касами го продаде јавниот паркинг кај Градскиот пазар донирала 200 000 евра за изработката на ГУП. Правдајќи го продавањето, признаваат корупција!

Македонија | пред 5 месеци

policija-1313

Разрешената директорка на демирхисарската гимназија на информативен разговор во полиција

Разрешената директорка на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се појави на информативен разговор во демирхисарската полициска станица. Таа беше разрешена на 4 август по одлука на градоначалникот, и по налог на Просветниот инспекторат, поради утврдени неправилности во работењето.Од МВР соопштија дека против Лозановска имало пријава и постоеле основи за сомневање за кривично дело „одземање печат и службени документи“. На 8 август, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом во потрага по печатот на училиштето, во период кога таа била на боледување. Поради изјавата на полицискиот началник дека и на носилки ќе ја донесе на разговор, иако имало налог само за претрес, МВР покрена дисциплинска постапка против него.Постојат и информации дека пред претресот било извршено обивање на училишните простории, за што Лозановска побарала да се изврши увид со полициска придружба.

Македонија | пред 5 месеци

policiska-lenta

Уапсен виничанец кој се обидел да убие сограѓанин пред кафеана, му нанел четири убодни рани со нож

Во Кочани е уапсен 32-годишен жител на Виница, осомничен за обид за убиство на 7 август пред угостителски објект во Виница.-Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчера вечер (11.08.2025) во 21:15 часот во Кочани го лишија од слобода Н.В. (32) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ на 07.08.2025 пред угостителски објект во Виница.Имено, Н.В. по претходна вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство.Известен е надлежен ЈО и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

Crna-gora-pozar

(ВИДЕО) Црна Гора немоќна во борбата со пожарите, бара странска помош-загрозени се и плажите!

Шумските пожари кои беснеат на повеќе локации во Црна Гора, меѓу кои и во близина на Подгорица, ја натераа владата да побара помош однадвор. Активирани се меѓународните механизми за поддршка, вклучувајќи го Евроатлантскиот центар за координација на одговор на катастрофи при НАТО, како и Механизмот на Европската унија за цивилна заштита. Паралелно се бара и билатерална помош од други земји.Пожарите веќе зафатија големи површини и предизвикаа оштетувања на објекти и домови. Неколку пожарникари се повредени, а властите признаваат дека расположливите ресурси не се доволни за справување со кризата. Огнот се шири на тешко достапни места, при високи температури, силен ветер и суша, поради што е побарана и воздушна поддршка. Загрозени се дури и плажите преполни со туристиВо моментов активни жаришта има во општините Подгорица, Будва, Бар, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље. Најсериозна е состојбата кај местото Пипери, каде што пламенот се приближува до куќи, а неколку домаќинства веќе се евакуирани. Главниот патен правец Подгорица–Никшиќ е затворен за сообраќај.„Воздушните капацитети на Црна Гора работат со полн интензитет, но поради обемот на пожарите и техничките ограничувања не можат да одговорат на сите потреби“, соопшти владата, додавајќи дека временската прогноза предвидува продолжување на неповолните услови.Премиерот Милојко Спајиќ вети поддршка за граѓаните кои претрпеа штета, со цел надминување на последиците и надомест на загубите. Тој се заблагодари на Хрватска, Србија, Словенија, Европската унија и НАТО за нивната помош.Во акцијата за гаснење учествуваат и канадер од Хрватска и хеликоптер од Србија.фото. Инстаграм

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања