ТОП

bolnica-bitola

Тешко повредена Албанка во сообраќајка кај Меџитлија, уште три се со полесни повреди!

Четири лица од Албанија, меѓу кои и малолетничка, се повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола – Меџитлија, при што 47-годишна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди.На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-3

Голем пожар кај Октиси, во опасност имотот на жителите – побарана итна воздушна интервенција

Голем пожар избувна кај селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, се шири на непристапен терен и претставува закана за имотот на населението. Пожарникарите од Струга и мештани се на терен, но поради тежок релјеф е побарана итна воздушна интервенција.-Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението. На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно. Поради тоа, итно е потребно ангажирање на воздухоплови.По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот, информира ЦУК.

Македонија | пред 5 месеци

ustaven

Уставниот суд ја разгледува иницијативата за оспорување на Протоколот со Бугарија од 2022 година

Уставниот суд соопшти дека е оформен предметот УЗ.44/2025, по иницијатива на Лилјана Поповска, со кој се оспорува Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан на 17 јули 2022 година во Софија. Во тек е претходна постапка за прибирање на потребните податоци и известувања пред донесување на одлука.Од наводите во иницијативата:Подносителката на иницијативата наведува дека со оспорениот Протокол е прекршен член 8 став 1 алинеја 1, 2 и 11 од Уставот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава.Според наведеното во иницијативата Протоколот е во спротивност со Уставот, бидејќи не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Дополнително, се тврди дека е во спротивност со членовите 6-16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори бидејќи не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување.Подносителката бара поништување на Протоколот и наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право(1969) со која е овозможено поништување во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право, што таа го толкува и во овој случај.Во иницијативата е наведено дека Протоколот не е полноправен акт потврден од Параламентот туку останува само записник од состанок на Меѓувладина комисија.Се тврди дека за разлика на процедурата спроведена во Република Северна Македонија која ја оценува како како нетранспарентна и со пропусти, бугарската собраниска Комисија за текстот на Протоколот дискутирала уште на 23.06.2022 година, еден месец пред министрите за надворешни работи на двете земји да го потпишат Протоколот, а потоа на седница на 24.06.2022 година го усвоила целиот пакет од Францускиот предлог за почеток на преговорите со Северна Македонија со имплицитно вградениот Протокол.

Македонија | пред 5 месеци

dksk_0_0

Изборот на нов претседател на ДКСК замрзнат! Ќе биде назначен по локалните избори

Процесот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе биде замрзнат до завршување на локалните избори на 3 ноември. Одлуката е донесена откако ДКСК соопшти дека нема надлежност да се произнесе дали изборот е итен по оставката на Татјана Димитровска и отворањето истрага против неа.Комисијата за прашања на изборите и именувањата денес ја формираше комисијата за селекција на кандидатите, но најави дека таа ќе продолжи со работа дури по изборите. Претседателот на комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, го прочита писмото од ДКСК, испратено и до медиумите, во кое се наведува дека Собранието нема да бара автентично толкување на Изборниот законик, туку процесот ќе биде ставен во мирување.Во составот на селекциската комисија се: Илбер Руфати – заменик народен правобранител, Дарко Аврамовски и Балдри Јашари – членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери-Стафаи од коалицијата „Вреди“, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од ДУИ.

Македонија | пред 5 месеци

132768234

Два инцидента со параглајдеристи во Крушево - еден во безсознание е итно пренесен во Скопје, другиот бил заглавен на дрво

Два одделни инцидента со параглајдеристи денеска кај Мечкин Камен во Крушево го активираа Центарот за управување со кризи и итните медицински служби – едниот спортист заврши заглавен на дрво, а другиот со тешки повреди и бесознание беше итно евакуиран кон Скопје.-Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случија два одделни инцидента со параглајдеристи.Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не може безбедно да биде спуштен на земја. Веднаш е извршена координација со Дирекцијата за заштита и спасување со цел упатување на соодветен специјализиран тим за спасување на локацијата.Во вториот случај, во истата област, друг параглајдерист при лет паднал и здобил тешки телесни повреди, со обилно крварење и состојба на бесознание, потврдено од страна на лекарската екипа која е веќе присутна. Поради сериозноста на повредите, побаран е итен медицински транспорт со воздухоплов до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.Центарот за управување со кризи, во координација со Министерството за внатрешни работи, побара хеликоптерот Бел 412, кој беше ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен, да биде веднаш преусмерен кон Мечкин Камен – Крушево. Хеликоптерот е во движење кон локацијата и се преземаат сите неопходни мерки за брза и безбедна интервенција.ЦУК апелира до сите учесници во спортот на параглајдерство да ги почитуваат безбедносните протоколи и да бидат максимално внимателни при изведување на летови, велат од ЦУК.

Македонија | пред 5 месеци

bujar-osmani

„Бујар Османи е 20 години на функции без проекти за Чаир“ - Вреди порачува, „Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава“

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“.„Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите на општината во изминатите 20 години. Секогаш бил присутен само кога имал личен политички интерес,“ стои во соопштението.Во него се додава дека Османи не придонел ниту за други албански општини. „Фактите се јасни: беше осомничен во предметот ‘Пациент’ и доби амнестија за незаконски набавки. Треба да одговори кому му должи за таа амнестија. Како министер за здравство има повеќе негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за незаконско трошење милионски суми. Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ без соодветна документација, а заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и на српските казина во земјава,“ наведува „Вреди“.Во соопштението се истакнува дека Чаир не заслужува кандидат кој две децении живее од политички функции, без работа за граѓаните. „На 19 октомври Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава, а не политичар кој се појавува само за да си ја пополни биографијата. Османи нека објасни зошто, иако целата своја кариера бил министер, не обезбеди ниту еден проект за албанските општини и не придонесе за изградба на улици, булевари, градинки или училишта во Чаир и западниот дел на државата,“ се вели во реакцијата.

Скопје | пред 5 месеци

pozarnikari-oglas

Изгаснати пожарите во Сарај, екипите остануваат во готовност

Пожарите во општина Сарај, кои зафатија ниска вегетација кај Горно Свилари и од Радуша кон селото Дворце, се целосно изгаснати во раните утрински часови, а на терен останува надзор за спречување повторно разгорување.-Пожарите во општина Сарај, едниот кон Горно Свилари (ниска вегетација) и вториот од Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација), се изгаснати во раните утрински часови од страна на БППЗ на Град Скопје.На терен интервенираа 5 екипи со 5 противпожарни возила, како и 2 специјализирани возила на ДЗС за гаснење на пожар на отворен простор. Во моментот нема активен отворен оган, а се забележуваат само точкасти чадења во внатрешниот согорен дел, кои не претставуваат опасност од ширење на пожарот.Состојбата се следи активно од страна на Главниот штаб, и доколку дојде до ново разгорување, интервенирањето ќе биде правовремено и целосно, информира ЦУК.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Пијан возач со мерцедес прегазил девојче во Македонска Каменица и избегал, приведен е по два часа потрага

Возач во алкохолизирана состојба со „мерцедес“ синоќа прегазил 13-годишно девојче во Македонска Каменица и побегнал од местото на несреќата. Полицијата го лоцирла и привела за помалку од два часа, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 12 август, околу 23 часот, на улицата Каменичка, кога автомобил со италијански регистарски таблички удрил во малолетничката. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип.По кратка потрага, возачот бил пронајден во 2.10 часот на 13 август. Алкотестот покажал присуство од 1,99 промили алкохол во крвта. Тој е приведен и задржан во полициската станица до целосно документирање на случајот.Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.06

Нова наредба на Трамп: Националната гарда распоредена во Вашингтон, ќе го контролира „криминалот“!

По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, во Вашингтон се распоредени припадници на Националната гарда, како дел од неговиот план за справување со, како што оцени, „целосно неконтролираниот“ криминал во главниот град на САД. Војниците се позиционирани кај споменикот на Вашингтон и во областа на Националниот мол, со задача да обезбедуваат логистичка, транспортна и административна поддршка на локалната полиција, потврди портпаролот на американската армија, полковник Дејв Батлер.Федералното распоредување на Националната гарда е дозволено во вонредни околности, но нивните надлежности се ограничени на заштита на федерален персонал и објекти, освен ако претседателот не прогласи бунт – што во овој случај не е направено. Според „Еј-Би-Си Њуз“, присуството на трупи има и симболична улога како потврда на одлуката на Трамп. Вojниците ќе имаат пристап до оружје, но нема да го носат.На прес-конференција, Трамп објави дека ја презема контролата врз полицијата во Вашингтон и ја активира Националната гарда, наведувајќи дека „нешто излегло од контрола“ и додавајќи: „Наскоро ќе го ставиме под контрола, како што направивме на јужната граница. Ова е Ден на ослободувањето за Вашингтон и ќе го вратиме нашиот главен град.“Околу 100 припадници на Гардата веќе ја презедоа должноста, а дополнителни сили се очекуваат во текот на неделата. Мандатот на Трамп за контрола врз полицијата во Вашингтон ќе трае 30 дена, по што Конгресот ќе одлучува за понатамошните чекори.Полковник Батлер додаде дека Гарда сè уште нема конкретна оперативна задача освен поддршката на полицијата, и дека мобилизацијата на преостанатите 800 членови ќе се одвива во текот на следната недела.Националната гарда е воена формација под двојна контрола – федерална, од страна на претседателот, и државна, под надлежност на гувернерот. Во случај на федерализација, како сега, гувернерот нема контрола врз трупите и само претседателот може да одлучи за нивното повлекување или пренасочување.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-7300PM

УЈП со засилени контроли во градежниот сектор – на удар продажбата на станови, фиктивни цени и непријавени вработувања

Управата за јавни приходи најави интензивирање на даночните контроли во градежниот сектор, со цел откривање на „ризични состојби“ во работењето на дел од компаниите.На мета на инспекциите ќе бидат продажбата на станови по истекот на пет години од изградбата, договори со нереално ниски продажни цени, непријавени вработени и ангажмани, големи разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи, издавање фактури без прибелешки во јавните книги, како и неправилна примена на механизмот за пренос на даночната обврска (reverse charge).Како дел од Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор, кој стартуваше во јануари годинава, УЈП веќе испрати 318 персонализирани известувања до компании со повик да извршат корекција на одбивката на влезниот ДДВ во случаи кога продажбата се врши по пет години од изградбата.Законот предвидува дека првиот промет на станови во рок од пет години од изградбата се оданочува со повластена стапка од 5% ДДВ, додека продажбата по тој рок е ослободена од ДДВ, но без право на одбивка на претходно платениот данок.Од УЈП апелираат градежните компании доброволно да се усогласат со законските прописи за да избегнат казнени мерки и дополнителни контроли, со што, како што нагласуваат, ќе се обезбеди фер конкуренција и заштита на буџетските приходи.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-05-28-at-21.19.48

(Видео) Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово. Тој посочи дека засега немаат решение, бидејќи нема ќелиски систем, а затворениците престојуваат во една просторија.Прашан како ќе го реши проблемот, рече: „Како...она што е интересно со тие ликови, тие во најголем дел од нив се исклучително примерни затвореници. Меѓутоа повторно доаѓаме до оној проблем – ти немаш начин како да ги изолираш. Тие се во група со поголем број затвореници. Немаме ние ќелиски систем, каде на крајот од денот, двајца такви радикали, ќе ги сместиш во разни ќелии и тоа е тоа“.Пандов додава: „Жален е податокот што наместо другите да исфрлат од овие радикализмот, напротив, овие го шират и помеѓу останатите затвореници“.Директорот вели дека бројките на приврзаници – растат.

Македонија | пред 5 месеци

tramp-putin

Историски преседан: Путин за првпат во американска воена база, на средба со Трамп

Американските и руските лидери, Доналд Трамп и Владимир Путин, во петок ќе одржат прв билатерален состанок по повеќе од четири години, а местото на средбата е преседан – активна американска воена база на Алјаска.Како што објави CNN, изминатиот викенд американските организатори биле во трка со времето да најдат локација што ги исполнува безбедносните и техничките услови за ваков високоризичен самит. Поради туристичката сезона, изборот бил ограничен, па конечната одлука паднала на базата Joint Base Elmendorf-Richardson во Анкориџ.Ова ќе биде првпат руски претседател да влезе во американска воена база – дури и во периоди на релативно подобри односи по Студената војна, средбите се одржувале на неутрален терен или во цивилни објекти.Алјаска била избрана поради правните пречки за патување на Путин во Европа – налозите за апсење од Меѓународниот кривичен суд го исклучиле континентот од можните дестинации. Москва предложила Обединети Арапски Емирати, но Белата куќа сакала состанокот да се одржи на американско тло.Трамп јавно изјави дека на средбата оди „да ја испита ситуацијата“ без високи очекувања, додека аналитичарите предупредуваат дека самото прифаќање на состанок на вакво место е симболична дипломатска победа за Путин.Планирано е дел од разговорите да се одвиваат без присуство на советници, само со преведувачи – формат што во минатото предизвикувал политички контроверзии во САД. Самитот доаѓа во време на неизвесност околу можен мировен предлог од страна на Москва, а по неговото завршување Трамп ќе ги информира европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски за исходот.

Свет | пред 5 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Ковидот замина од насловите, но не и од секојдневието - има болни! Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus

Иако Ковид-19 веќе одамна исчезна од дневните наслови, вирусот сè уште е присутен и тоа во форма што лесно се потценува. Симптомите често се прикриени или наликуваат на други сезонски заболувања, што го прави препознавањето потешко. Последниот извештај на Институтот за јавно здравје и тоа за првата недела од јуни покажува дека во Македонија се потврдени три нови случаи од 140 тестирани материјали, со просечна стапка на позитивност од 1,3 отсто.Епидемиолошката состојба е оценета како стабилна, но со предупредување дека намаленото тестирање и ограниченото известување го отежнуваат реалното следење на вирусот. Од почетокот на 2025 година во Македонија се евидентирани вкупно 49 заболени, со две починати лица едно во јануари и едно во април. Во истиот период тестирани се 5.631 примерок, а просечната позитивност е 0,9 отсто.Нови доминантни соеви – Stratus и NimbusИако бројките во Македонија се ниски, глобалната епидемиолошка слика покажува дека вирусот продолжува да се прилагодува. Моментално, здравствените власти ги следат двата доминантни соја – Stratus и Nimbus – кои во изминатите месеци брзо го зголемија своето учество меѓу новите случаи.Од мај до август, процентот на инфекции предизвикани од овие варијанти постојано расте, што укажува на висока преносливост. Според д-р Шерон Нахман од Stony Brook Children’s Hospital, и Stratus и Nimbus се „еднакво добри“ во инфицирање на домаќинот, но засега не се поврзани со потешка клиничка слика во споредба со претходните варијанти. Она што е забележливо е промената во симптомите – кај многу заразени се јавуваат интензивно гребење и болка во грлото, засипнатост и чувство дека „не можат да зборуваат или голтаат“. Овие симптоми, иако непријатни, најчесто не доведуваат до хоспитализација.Експертите предупредуваат дека двата соја имаат повеќе точки на мутација во однос на оригиналните варијанти од 2020, 2022 и 2023 година. Поголемиот обем на пренос значи и поголема можност за нови мутации, па есенската и зимската сезона може да донесат нов бран со различни соеви.Ковид во Македонија – сега болеста не предизвикува паника кај пациентитеФармацевтите велат дека статистиката не ја открива целата слика. Од една скопска аптека за Скопје1 велат дека во последните недели имале пациенти со скриени ковид симптоми, кај дел од нив и со сериозни компликации. Меѓу нив бил и лекар кој по инфекцијата развил перикардит – воспаление на срцевата обвивка.„Иако ретко се тестираат во лабораторија, има значителен број луѓе кои купуваат тестови за домашна употреба. Ако тестот е позитивен, некои се одлучуваат и за лекови како ивермектин,“ велат од аптеката.Додаваат дека значителен дел од новите случаи се лица кои се вратиле од одмор, најчесто од Албанија, а освен со ковид, како што велат, има и пациенти со други заразни болести и кожни проблеми.Во изјава за Скопје1, двајца пациенти кои од пред неколку дена се позитивни на ковид-19 раскажуваат како денес ја доживуваат болеста и како се справуваат со симптомите.„Сега веќе не е како во 2020-та, не се плашам воопшто. Искрено, мислев дека имам обичен стомачен вирус, имав дијареја и болки во стомакот, но и температура. Не ми падна на памет дека може да е ковид, сè додека не се појави кашлица“, вели Борче А, од Скопје, кој минатата недела се вратил од одмор.Вториот соговорник пак, кој на 15 август треба да патува, вели дека симптомите биле класични:„Температура, болки во грлото, омалаксаност...Купив тест од аптека и испадна дека сум позитивен. Се надевам дека ќе оздравам до петок за да можам са патувам, а совен тоа ивермектинот добро ми делува. Ковидот за мене е како дел од секојдневието, како што зборуваа многу епидемиолози, тој постојано ќе биде присутен – непријатно е, но не е онаа паника од порано.“Ивермектин – лек што предизвика полемикиИвермектин е антипаразитен лек кој со децении се користи за третман на инфекции предизвикани од различни паразити – како што се цревни нематоди и кожни паразитни заболувања, вклучувајќи шуга – и кај луѓето и кај животните. Развиен во доцните 1970-ти години, овој лек се смета за едно од значајните откритија во медицината, а доби и признание одСветската здравствена организација (СЗО) поради својата ефикасност против одредени тропски заболувања. За време на пандемијата на ковид-19, ивермектинот привлече внимание поради првични лабораториски истражувања кои сугерираа можен антивирусен ефект врз SARS-CoV-2.Ова доведе до широка, но често неконтролирана употреба во некои земји, иако голем број клинички студии и анализи, вклучително и од СЗО, Европската агенција за лекови (EMA) и Американската FDA, утврдија дека нема доволно докази за неговата ефикасност во превенцијата или лекувањето на ковид-19.Здравствените власти предупредуваат дека неправилната употреба на ивермектин, особено во повисоки дози од препорачаните, може да предизвика сериозни несакани ефекти – како оштетување на црниот дроб, невролошки симптоми и интоксикација.

Македонија | пред 5 месеци

stojance-angelov1

Густ чад и силен ветер го отежнуваат гаснењето на пожарот во Јасен! „Пожарите се подметнати“

Густ чад го оневозможува гаснењето од воздух на пожарот во ловиштето „Јасен“, кој четврти ден се обидуваат да го стават под контрола екипи со хеликоптери, ер трактори и припадници на Армијата и МВР. Во текот на ноќта успеаја да изгаснат една од линиите над патот и да спречат огнот да навлезе во боровата шума.Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пламените јазици зафаќаат стрмни и тешко пристапни делови, каде што на одредени места човечкиот пристап е невозможен. Утрово повторно се активира дел од пожарот на сртот, каде што се испратени екипи за да го запрат ширењето.„Од долната страна на патот, од капијата на ‘Јасен’ кон езерото Козјак, состојбата е многу лоша. Има густ чад и видливоста е мала, особено за леталата, па затоа не можеме да дејствуваме од воздух. На терен, покрај екипите на АРМ и МВР, има и тимови од ‘Јасен’ и ‘Национални шуми’, повеќе специјални возила и цистерни, а од вчера помагаат и пожарникари од Кавадарци со две возила,“ изјави Ангелов.Освен во „Јасен“, активен пожар има и во општина Сарај, од селото Радуша кон Дворце, каде што гори ниска вегетација. Во моментот не е закана, но може да се прошири кон планината Жеден. Во атарот на селото Крапа, во Македонски Брод, гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.Во последните 24 часа се регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Ангелов посочува дека дел од пожарите се подметнати, бидејќи бројот од вчера повторно е многу висок, а дополнителен проблем претставува и силниот ветер.

Македонија | пред 5 месеци

ramkoven

Охридскиот рамковен договор – политичкиот документ што ја запечати мирната иднина на Македонија!

Охридскиот рамковен договор, со кој во 2001 година беше прекинат вооружениот конфликт во Македонија, претставува еден од клучните политички документи во поновата историја на државата. Потпишан е точно пред 24 години на денешен ден, во претседателската резиденција на Водно од тогашниот претседател Борис Трајковски, премиерот Љубчо Георгиевски, лидерите Бранко Црвенковски, Имер Имери и Арбен Џафери, како и од специјалните претставници на Европската унија и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Преговорите што му претходеа започнаа во Скопје, а продолжија во Охрид, со вклучување на бројни советници и експерти.Од неговото спроведување досега се донесени повеќе од 130 закони и измени, од кои најголем дел – 59 се поврзани со недискриминација и правична застапеност, а 40 со идентитет, култура, образование и децентрализација. За таа цел беше формиран Секретаријат за спроведување на договорот, кој во 2019 година прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.Во документот меѓу основните принципи стои:„Целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците.“Договорот опфаќа прекин на непријателствата, децентрализација, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и мерки за имплементација, а е дополнет со три анекси: А – уставни амандмани, Б – измени во законодавството и Ц – мерки за градење доверба и завршни одредби.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања